Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАЕВ: ПУКОВНИК ИЛИ ПОКОЈНИК
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,251
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Nedelnik Start

ЗАЕВ: ПУКОВНИК ИЛИ ПОКОЈНИК


Бидејќи доаѓа време и сезона за производство на котли за централно греење и подготовка за слледната, која ќе биде камен ладна, ова е мојата последна лекција на младиот и исплашен бизнисмен од Струмица.
на почетокот ведаш сакам да му изразам на Зоран Заев почит или респект по модерно за исклучителната храброст и упорност со која влезе во проектот Вистината за Македонија подготвен, стокмен од Современата Римска империја. Црвенковски го одби тој проект, му беше понуден веднаш после тепањето на ратениците во парламентот во декември месец 2012 година. Она што остана не одговорено е следното- Тогаш надвор од парламентот Црвенковски, Заев и Стевче Јакимовски беа подготвени да се тепаат со специјалци додека се случуваше драмолетка режирана во парламентот, а Црвенковски подоцна замина во заборав, ќути како пичка под кошула, Стевче го оформи ГРОМ и нормално го победи политичкото дрво Андреј Петров во Карпош, а токму тогаш младиот бизнисмен од Струмица се нафати на најголемиот политички проект во поновата историја на оваа држава со име ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА. Од денешна дистанца е многу лесно да се пишува ова, но тогаш, Зоран Заев ризикуваше се, се нафати и машки ја истера работа до крај. Заради објективност треба да се напише дека современата Римска империја во целост му даде огромна логистика, од безбедност, информации, бомби, ПР, советници и стратези да го изоди патот кој претстоеше, сам против сите, со еден куп недефинирани и профилирани остатоци од некогашната СДММ на победничкиот Социјал демократски сојуз.
Е сега, Зоран Заев покажа храброст, упорност, не спорно и затоа освои огромни симпатии и респект од обичните од чесните граѓани. Но дали е тоа доволно, дали е тоа лекот и оружјето со кое ќе се спаси државата од едноумие, од хаос и тоталитаризам на ДПМНЕ, одговорот е не, не е доволно, воопшто не е доволно.
Повторно целата одговорност и вина за килавоста, лошата состојба на терен, разочараноста на неинформираниот граѓанин од СДСМ паѓа на Заев. Приметив, во малкуте директни контакти со малдиот нуклеарно изамбициран за власт опозиционер дека освен што вешто ви кажува она што сакате да го чуете, што е една од најлошите финти на Црвенковски што ги има ископирано, многу често ја користи втората одвратна и лоша навика на Црвенковски да се вади со изговори во кои ги пљука и користи најблиските соработници. Конкретно, се плаши од авторитети околу себе, тоа е карактерна црта на БЦ, одлага, плимпа, калкулира, сосема различна личност кога е во прашање партијата, сосема спротивно од неговата желба да ја сруши оваа власт, а мора да се признае дека му е голема.
Двојството, различноста, кога е во прашање СДСМ и ВЛАСТА е толку многу радикално спротвна, што делува одбивно, делува разочарувачки, делува како генератор за апатија која деновиве масовно се шири низ државата.
Конкретно, просечниот граѓанин е свесен дека Бејли и Орав се вистинската опозиција, обичниот човек е свесен дека СДСМ на собирот во Кочани каде традиционално СДСМ добро проаѓа се собираат едвам 500 граѓани.
Обичниот граѓанин е свесен дека е против ДПМНЕ, јас сум против ДПМНЕ, но нема никој, ниту во комшии, ниту во месна, ниту некој кажал ало постоиме, овде е СДСМ, нема ништо.
Да напраам мала пауза: тука се уфрла некој запален новокомпониран социјалдемократ со кандило во едната а свеќа во другата рака и ми пишува коментар, со кој ме навредува и до небеса се дере: ЗАЕВ ЗА ПРЕМИЕР или пак НАПРЕД НАШИ.
Продолжувам, вулгарната поделба помеѓу лидерот Заев кој ги контролира сите делегати на конгресите на СДСМ и сите општински претседатели кои ги контролира Рада бела Рада ствара непродуктивен дуализам во партијата кој ја успорува, ја прави трома и неадекватна за состојбава во која ДПМНЕ и тендерашите околу имаат доволно време да се консолидираат од сериозните удари кои ги доби од УСА и ЕУ.
Препуштањето на републичкиот изборен штаб на Дамјан Манчевски за изборите кои биле најважни во историјата на оваа држава така барем деновиве кажува Заев, во најмала рака е хипокризија и заебанција. Немањето на синергија внатре во партијата на многуте групи по генерации, интереси, региони и роднини ја покажува неспособноста на РАДА и Заев да направат победничка и силна СДСМ.
Прво, Заев и Рада меѓусебно немаат никаква синергија, туку вулгарна поделба на делегати и општински, па токму тоа е причината што единството е евидентно во блокирање, затварање внатре во Бихачка за да не бидат загрозени нивните идни функции во некаква си идна влада.
На СДСМ му треба само 30 дена и ноќи непреспиени, на СДСМ му треба многу малку за да ја прегази ДПМНЕ со или без прочистени списоци, но претходно, е потребно обичниот граѓанин да ни верува.
Токму затоа, наместо да напишам мочко еден како минатиот пат, еве ќе ти покажам како се респектира лидер и тоа нема да го направам, но, ноооо гопсодине Заев, не ми се доволни твоите намсевки, не ми е доволно твоето калкулирање и чекање наместо СДСМ , Бејли и Орав да Ви ја завршат работата, па Вие зелени и недоквакани детишта власт да делите, а не сте деца, далеку сте од деца, што значи дека сте лоши, катастрофално лоши и лицемерни.
Дечко од Струмица, полуписмени твои функционери тероризираат цели два градоначалници што ги има СДСМ, цртаат маркици по канцаларии, продаваат чоколади Милка по 95 денари, дечко дечко Скопје не ти е Струмица уште помалку комерцијална банка и село Велмеј. Дури и мојот душман Црвенковски се сложува со ова, доста ти беше, не се инати или ќе се смениш или ќе се заебеш, трето нема.
Сто пати ти е кажано да не се исповедаш на Наум владиката фанариотот и руската државна позиција во РМ, неможе твоите муабети со Бејли, Вице по струмица да ги раскажува,.
ЗАКЛУЧОК- Се што си научил од БЦ е лошото, а гледам дека многу малку си научил од она другото. Поточно, Љубчо Георгиевски СДСМ на ланче го држеше и со смоки и ајвар по студентски домови го хранеше, ама гледам БЦ не ти раскажал не те извежбал. Недозволиво е ГРУЕБ 10 години да владее а ти да ми се фемкаш и заради РАДА бела РАДА, и идната рапсределена власт и Јуни месец да не ти е доволен. Престани селски финти да продаваш, спреми се и во Јуни згази го ДПМНЕ, не туку распродавај по пазари и душа и срце.
Доста беше лигавење, гази го ДПМНЕ или тргни се.

Ljupco Palevski FB статус
(This post was last modified: 03-03-2016, 12:28 AM by ЈорданПетровски.)
01-03-2016, 01:54 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,251
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ПОКОЈНИК ИЛИ ПОКОЈНИК



[Image: 12803141_1597148953873862_87842500774687...e=5755FEDF]

Самиот наслов кажува дека се е завршено, дека ГРУЕБ нема алтернатива, дека заминува од политиката. Како ќе замине, е тоа зависи од СДСМ, но едно е сигурно, за ГРУЕБ политика веќе нема, АШШШШШШ се потроши.
Во сите можи сценарија, ГРУЕВСКИ нема излез нема комбинација, едноставно , човек кој се фали дека контролира се, дека работи 24/7, дека народот го сака, дека знае , умее, неможе да му се случи ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА се покака. Неможе да се убиеш од прислушкување на најкриминален начин и некој или некои да ти ги украдата (според неговата теорија) и дополнително да ти направат дилит енд вајп на системот, на дисковите во 5 татат управа. Што значи тоа, значи дека треба да се прави сериозна дистинкција помеѓу ДПМНЕ и системот на ГРУЕБ, кој веќе 15 години ја суспендира секоја идеологија во партијата и на конкурс си бира менаџери и послушници на позиции претседател на Општински комитет. Тие пак Општинските војводи со струкирани оделца, машничка, не повисоки од Мартин, Мартин мора да биде најубав највисок нели, љубовта лидерска, по наредба делегираат делегати за конгрес а тие пак си бираат Централен Комитет заедно со Извршниот тоа е машинеријата на ГРУЕБ, тоа е војската и нацизмот на ГРУЕБ.
Секој нормален човек, минимум писмен, не смее да ја потцени оваа војска, несмее да се надева дека со навивање на фејсбук, лигавење во Бихачка, дека ќе се освои слободата во Македонија, која ја нема цели 10 годин, а газиме веќе во 11 тата.
Ваквата машинерија, која не е партиска, туку лично негова, на ГРУЕБ, нема ништо со идеалите на ВМРО, нема ниту со УДБАШКАТА ДПМНЕ, оваа структура избрана на конкурси има директна врска со ПУТИН, директна врска со Дерипаска Олег, читај Штрабаг.
Проектот Руски, кој јас го нарекувам ГРУЕБ, е внимателно развиван и имплементиран 15-20 години, со се срдна помош на некои анахрони политичари од СДСМ, кои за наша среќа Заев ги елиминира од СДСМ, не сите нели, тука е Рада бела Рада и неколку рестлови на БЦ.
На почетокот ГРУЕБ беше послушниот кадар на Пендев банкарот Блгарски, (руска позиција во бугарија) кој заедно со Доста направија темел брокерски за младиот послушник и го промовираа заедно со Ден Дончев во малдите технократи (квази бизнисмени), нова елитна сила на ДПМНЕ во далечната 1997-98 година.
Првата функција на ГРУЕБ министер за трговија или економија сеедно и неговиот проект купувајте Македонски производи, пројде без критика од тогашната Макдонска опозиција на чело со Црвенковски. Потоа стана и Министер за финансии, овторно СДСМ тогаш како опозиција и промакна младото изамбицирано детиште, кое шетатше од ресор во ресор но секогаш кариерата му беше во нагорна линија.
Врвот на Рускиот менаџмент во Македонија беше имплементирањето на ДДВ/то кое исто така го направи ГРУЕБ. Нормално веднаш по воведувањето, се пристапи кон огромни злоупотреби со фиктивен поврат на ДДВ, во кој учествуваа тогаш а и денес неговите луѓе, се црпеа огромни количини на буџетски средства со само неколку фалс фактури или извозни декларации. Сето ова уште тогаш, тогашниот неделник СТАРТ далечната 2001 и 2002 година го пишуваше но ГРУЕБ остана не пипнат, не санкциониран.
Потоа во опозиција одкако стана лидер на ДПМНЕ со се срдна помош на тогашните Анахрони политичари од СДСМ, Рускиот проект замина за белград каде добиваше 5.000 долари плата за да го советува негиовиот Српски пријател а тогашен Министер Џелиќ кој го имплементираше Српското ДДВ.
Накратко ГРУЕБ една деценија се подготвуваше од страна на Белград и Москва да застане на чело на Македонија и да го нарави ова што го направи.
А што е тоа, што толку им беше важно на Русите да инвестираат толку многу логистика, цела една деценија, за ГРУЕБ да стане Премиер.
ПРВО - Веднаш на почетоко се демонстрираше активитет, брзина и жестокост во работењето, а од денешна дистанца тоа да ти било чистење на државната администрација од нормалните и искусни административци и поставување на малоумници со оделца и по правило фалс дипломи, за настаните што следеа. Работливоста 24/7 да ти биде плетење криминална мрежа на сред држава у сред држава у ВЛАДА НА РМ.
ВТОРО - Проектот со Антиквизацијата на самиот почеток а и денес поголемиот дел од нашава промискуитетна елита го критикуваше како забеганост, а не е така, туку сосема спротивно, Антиквизацијата имаше неколку кратна функција и последици. Првенствено проектот со забегување по Филип , Александар и компанија кој го работеа беломорци (за помладиве да разберат егејци) даде силен аргумент на Грција за нашите културолошки амбиции и претензии, даде силен аргумент за комшиска кавга која пак е услов за прием во НАТО. Ветото на Грција си доби и аргументација од ГРУЕБ, најголемиот РУС и Фанариот воедно.
Но Антиквизацијата силно удри и на нашиот идентитет, силно удри на нешто за кое нема право ниту еден политички субјект а најмалку поединец или криминална банда во случајот на ДПМНЕ. Нашиот идентитет кој е не доизграден, напаѓан од внатре и од многу комшии доби и политичка верификација бидејќи беше нападнат и од државата од нејзиниот премиер. Во кривичниот законик глупаците Јустинијански не предвиделе санкција за уривање на идентитет на Македонскиот народ, нашиот СЛОВЕНСКИ идентитет граден со векови. Никој ама баш никој не праша во државава кога ВМРО во својата историја се колнела на Грчка библија и кама и иштол. Никогаш нормално, но сепак ние станавме Хелени, изгубени во историјата фалсификувата стока у комплет.
ТРЕТО - Паралелно од 2010 година па навака одкако првата фаза со криминализирање на државната администрација во целост, тука мислам и на правосудниот систем, почнаа големите набавки, почна задолжувањето, почна наплатата на ГРУЕБ, ДПМНЕ стана Тендерска партија. Оваа фаза забега до толку што буџетот од тогаш до денес скоро се триплира, а паралелно со тоа и надворешниот долг се зголеми за само 8 години за 300%, па така денес изнесува неверојатни 6 милијарди евра. Тоа е фазата во која ГРУЕБ се наплаќаше за се што направи за неговиот ментор и идол ПУТИН, тоа е фазата што ќе влезе во историјата на оваа држава, времето пред и после ГРУЕБ, така ќе учат децава за најголемата трагедија на овој народ. Во оваа трета фаза, сите деца на премиерот се здебелија, оделцата и краватите од 2006 им станаа тесни се најадоа и станаа силни, брутални и почнаа затварањата, почнаа процеси што Никола Тесла денес ги опиша во неговото јавување во Револуционер.мк. Врвот на владеењето на ГРУЕБ, врвот на насилието и криминалот се случи 2012 и 13 година кога и се најодвратните снимени материјали кои Заев во проектот ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ги објави, го осветли лоповот го видовме ГРУЕБ.
ЧЕТВРТО - Вистината за Македонија како проект е преседан во Европската политичка историја во која сите афери во светската историја и искуство се смешка, бурлеска, епп, во однос на она што се случи минатата година историската 2015 година за Република Македонија.Груеб првите неколку дена ќутеше и се билдаше со негативна енергија, ја враќаше самодовербата неопходна неговите лопови да ја видат кај лидерот и веднаш на почетокот без срам и перде почна да тропа глупости. Прво беше комбе со антени, лепен и сечен материјал, па странски служби што го рушат него, големиот ГРУЕБ, па потоа се сруши на едно семејство Верушевски, за денес неговите АНАЛНИ АНАЛИТИЧАРИ од калиброт на МИЛЕНКО БЕЗВРАТНИОТ, ни соопштиваат светски заговори овдека во Македонија за да се сруши ГРУЕБ за да падне Миленко и Мирка. Мора да ја спомнам Мирка и да и се заблагодарам за анализата на моето вчерашно писание бидејќи во таа буљумента на малоумници единствено таа има знаење и моќ тоа да го анализира.
ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА е светолото кое го ослободи народов на Македонија да престане да се плаши од бруталноста на ГРУЕБ, од неговата семоќна контрола. БРУТАЛНОСТА НА ГРУЕБ исчезна и настапи неговото неснаоѓање, настапи побелување, настапи ЗБУНКА на ГРУЕБ и клептоманите.
ПЕТО - Е сега најважното, петата работа е сместана во блиската иднина, петата работа е финалето, петатат работа е на ЗАЕВ, кој треба да ја заврши, треба да го сруши ГРУЕБ.
Тоа треба да се направи со огромен ангажман, со огромна мобилизација, тоа треба да се направи со уште еден голем митинг затоа што помина скоро една година, одкако народот не покажал дека е свесен, дека е силен, дека знае и може да покажат граѓаните дека се против ГРУЕБ. Проблемот на ЗАЕВ е килавиот СДСМ кој предолго го толерира, проблемот е стравот за политичката иднина. Крајно глупаво е да не собереш 100-150 илјади граѓани пред владата на мирен протест, на мирно искажување на несогласувањето со опструкциите околу реализација на ПРЖИНСКИОТ ДОГОВОР.
НЕ МИ Е ЈАСНО ЗОШТО НЕ СЕ ОРГАНИЗИРА МИТИН ГОЛЕМ КАКО МИНАТИОТ ЗА ДА И СЕ ДАДЕ ПОДРШКА НА КАТИЦА И СЈО, ЗОШТО ГРАЃАНИТЕ НА КАЖАТ ШТО МИСЛАТ ЗА ГРУЕБ.
Одговорот за петава точка ќе стигне многу брзо, затоа што ГРУЕБ е готов, ГРУЕБ се препелка и се обидува да се мобилизира, но џабе му е NEW ROMA му зема мерка, а Миленко никако да погоди кој е NEW ROMA.

Ljupco Palevski FB статус
(This post was last modified: 03-03-2016, 12:27 AM by ЈорданПетровски.)
03-03-2016, 12:23 AM
Reply