Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПИТЕР ВАНХАУТЕ, ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ВОДЕШЕ НАШАТА БИТКА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Питер Ванхауте со 14 правила до политичарите


[Image: -156d4.jpg]

[Image: Vanhaute14fa76.jpg]


Никогаш не заборавајте: граѓаните имаат право да знаат сѐ

[url=http://fokus.mk/author/vladimir/][/url] 26 фев 2016, 11:00
Белгискиот посредник Питер Ванхауте, утрово на Фејбук објави 14 „златни“ за политичарите:

1. Земете си време да ги научете овие правила напамет
2. Кажувајте ја вистината – секогаш и секаде
3. Никогаш не заборавајте: граѓаните имаат право да знаат сѐ.
4. Исто и медиумите.
5. Не ги земајте парите за дома: тие им припаѓаат на граѓаните!
6. Не ветувајте нешто ако не можете да го исполнете!
7. Научете да губите во дискусиите и на изборите!
8. Прифатете дека НВО секторот знаe 100 пати повеќе од тоа што вие некогаш ќе занете, затоа потрпете се на нив како на прв извор на знаење.
9. Служете им на луѓето, не дозволувајте тие да ви служат вам!
10. Преземете одговорност за вашите грешки.
11. Возете се со велосипед секој ден и слушајте ги луѓето.
12. Критикувајте ги аргументите, никогаш луѓето!
13. Запомнете за што е политиката: да прави разлика во животот на граѓаните, не за вас!
14. Не заборавајте: има живот и после политиката!
(This post was last modified: 26-02-2016, 04:12 PM by ЈорданПетровски.)
26-02-2016, 03:41 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#2

Вашата битка Јордане? ВАШАТА битка?
Нуланд многу те обича, бај д веј...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
27-02-2016, 09:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: Vanhaute143723.jpg]



Темна соба .... Јас можам да видам црно и бело








[Image: Vanhaute14bf1a.jpg]



Колку владини проекти се потребни за да јас ги добијам изборите
(This post was last modified: 28-02-2016, 05:51 PM by ЈорданПетровски.)
28-02-2016, 05:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

[Image: Vanhaute14aca3.jpg]



[Image: Vanhaute14a0f6.jpg]
(This post was last modified: 02-03-2016, 07:48 PM by ЈорданПетровски.)
02-03-2016, 07:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

[Image: Vanhaute14d26d.jpg]


[Image: Vanhaute14603c.jpg]
(This post was last modified: 02-03-2016, 07:50 PM by ЈорданПетровски.)
02-03-2016, 07:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

[Image: Vanhaute14e926.jpg]


Quote:Само независно судство е во состојба да донесе правда непристрасно врз основа на закон, а со тоа, исто така, заштита на човековите права и темелните слободи на поединецот. За оваа суштинска задача да се исполни ефикасно, јавноста мора да има целосна доверба во способноста на судството да ги извршува своите функции независно и на непристрасен начин. Кога и оваа доверба почнува да еродира, ниту на судството како институција, ниту поединечните судии ќе бидат во можност целосно да ја извршат оваа важна задача, или барем нема да се види дека лесно ќе се стори тоа.

Како резултат на тоа, принципот на независност на судиите не е измислен за лична корист на самите судии, туку е создаден за заштита на луѓето против злоупотребите на власта. Од тоа произлегува дека судиите не можат да дејствуваат произволно на било кој начин со донесување на одлуки во согласност со нивните лични желби, но дека нивната должност е и останува да се применува законот. Во областа на заштитата на поединецот, тоа исто така значи дека судиите имаат обврска да ги применуваат, кога е соодветно, домашните и меѓународните закони за човекови права.

Важно четиво за судиите, јавните обвинители, политичари и граѓани:

Chapter 4 INDEPENDENCE AND IMPARTIALITY OF JUDGES, PROSECUTORS AND LAWYERS

Преводов е мој и можеби не е најдобар.
(This post was last modified: 03-03-2016, 01:15 AM by ЈорданПетровски.)
02-03-2016, 08:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

[Image: Vanhaute149d36.jpg]


Ме има три пати на Избирачкиот список. Дали е доволно да се изберам себеси



[Image: Vanhaute14ee9e.jpg]


 Обожавам избори, можам да гласам 5 пати во ист ден!
04-03-2016, 01:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

[Image: Vanhaute140879.jpg]



Турист ја истражува најновата карта на земјава

Наеднаш гледам две земји на картата – вистинската земја и фантомска земја“.


[Image: Vanhaute1441b7.jpg]

Турист се обидува да изнајми стан за краток престој. Невозможно: сите станови се веќе преполни со луѓе“

Shok Shok Shok
(This post was last modified: 05-03-2016, 12:57 AM by ЈорданПетровски.)
04-03-2016, 11:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

[Image: Vanhaute14175c.jpg]




[Image: Vanhaute14ba8c.jpg]

Привилегии за поранешниот премиер?

Дајте му на премиерот велосипед. На крајот на мандатот: евтино и без загадување. Bravo
(This post was last modified: 07-03-2016, 10:51 PM by ЈорданПетровски.)
06-03-2016, 11:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

[Image: Vanhaute1417f0.jpg]

[Image: Vanhaute14d1d4.jpg]
(This post was last modified: 11-03-2016, 12:25 AM by ЈорданПетровски.)
11-03-2016, 12:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

[Image: Vanhaute145027.jpg]
11-03-2016, 12:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

[Image: Vanhaute142331.jpg]


[Image: Vanhaute14d9d2.jpg]
11-03-2016, 12:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Шега е да се оди на избори со нула реформи


[Image: zborot.jpg]


Питер Ванхауте
March 14, 2016   интервју  




Република Македонија – авторитарен режим со клима на страв


Слободна Македонија: Имајќи го предвид вашето десетгодишно искуство како експерт на Балканот, која е најупадливата разлика помеѓу Република Македонија и другите земји во кои имате работено – Косово, Србија и Црна Гора?
Питер Ванхауте: Највидлива разлика што сум ја забележал во оваа земја е климата на стравот. Со кого и да разговараш, каде и да отидеш, луѓето се уплашени. Не сум видел такво нешто претходно во ниту една од другите земји од регионот. Причината за ова, очевидно, е тоа што една партија успеала да ја зароби државата, претпочитајќи авторитарен начин на владеење. Тие контролираат се – секој ќош во општеството е контролиран од нив. Тоа е она што го нарекуваме авторитарен режим. Тоа, според мене, е најголемата разлика во споредба со која и да е друга земја од регионот. И тоа е многу, многу лошо.

[Image: haute2.jpg]

Шокантната политичка корупција води кон црна дупка


Слободна Македонија: Како на медијатор кој работи на спроведувањето на „Договорот од Пржино“ секако дека ви е познат „Извештајот на Прибе“ во кој е наведено дека борбата против политичката корупција (демонстрирана во објавените снимки) треба дефинитивно да биде врвен приоритет. Дали според ваше мислење борбата против политичката корупција беше врвен приоритет за Република Македонија во изминатата година?
Питер Ванхауте: Не, секако не. Тие одбија да се занимаваат со препораките од Извештајот на Прибе. На пример, за нив не беше проблем дури ни ако прислушкувањето продолжува, иако требаше веднаш да го стопираат. Во однос на политичката корупција, со кого и да зборував, увидував дека тоа е главен проблем насекаде во земјата. Каде и да одиш, забележуваш многу проблеми кои имаат врска со корупцијата. Има многу голема, огромна финансиска корупција. Но, исто така, дел од политичката корупција е тоа што се повеќе некомпетентни луѓе добиваат работни места, каде што не би требало да бидат. И тоа прави голема штета за иднината на државата. На тој начин не се управува со државата. Тоа е надолна спирала која што на крајот ве води во црна дупка. Тоа не е демократски.

[Image: haute3.jpg]

Слободна Македонија: Експертите во „Извештајот на Прибе“ укажаа дека проблемот на корупцијата заслужува посебен извештај. Во моментов, нема ниту една кривична пресуда против министри од владата. Дали има потреба од некоја дополнителна експертска група која би подготвила посебен извештај со препораки како да се бориме против корупцијата во Република Македонија?
Питер Ванхауте: Да, секако дека има потреба. Борбата против корупцијата е можна. Прво нешто што треба да го направите е да ги анализирате и да ги изнесете на видело начините на корупција. На пример, неодамна беше обелоденет избирачкиот список. Сега секој од јавноста може да види во колку лоша состојба е избирачкиот список. Истото треба да го направите и со корупцијата. И затоа мислам дека е потребно да имате добри, компетентни и независни ревизори кои ќе ги проверат сите сметки, сите финансиски приходи и трошоци, од секоја владина институција но, исто така, и од сите јавни претпријатија и општини. Целиот систем треба да биде транспарентен, и сите информации треба да бидат обелоденети. Тогаш ќе се види состојбата. Ве уверувам, според она што го дознав низ годините кога бев тука, корупцијата е запрепастувачка, и е многу, многу шокантна.

[Image: haute1.jpg]

Парламентот не функционира: пратениците само удираат печат на она што им е наложено


Слободна Македонија: Уште еднаш ќе посочам на „Извештајот на Прибе“, каде што причините за скандалот со прислушкувањето се лоцирани во концентрацијата на моќ во УБК и нефункционирањето на надзорниот механизам врз УБК. Како експерт за зајакнување на праламентот, со искуство во областа парламентарен надзор врз полицијата и разузнавачките служби, кое е вашето мислење за капацитетот на македонскиот парламент како надзорен механизам врз УБК?
Питер Ванхауте: Како прво, парламентот е целосно контролиран од владата и тоа е една од клучните карактеристики на авторитарните режими. Во 2014 година 50% од законодавството беше донесено во итна постапка. Во 2015 година 70%, повеќе од две третини од законодавството, беше донесено во итна постапка. Итното постапување, во основа е карактеристика на она што ние го нарекуваме „владино преземање“ на општеството, односно на парламентот, каде пратениците веќе не ја играат сопствената улога, туку едноставно само удираат печат на она што им е наложено. Ова е многу лошо за демократијата.
Што се однесува до надзорот, нема такво нешто како правилен надзор во вашиот парламент. Се работи за дисфункционална институција, во таа смисла, и ние треба да најдеме начин како да ја вратиме на прав пат. Надворешен надзор врз парламентот е многу потребен бидејќи, на крајот, пратениците се очите и ушите на граѓаните. Тие имаат добиено мандат од граѓаните за да го прават тоа, и затоа треба да го прават тоа. Но, ние треба да создадеме соодветни механизми за да им овозможиме да го прават тоа.
На пример, познатата собраниска комисија за снимките од прислушкувањето беше само обична шега што егзактно докажува дека парламентот е во потполност дисфункционален. Не можам да си замислам дека во која и да е европска земја, некој би можел да се измолкне, дека владата би можела да се измолкне, за такво нешто какво што се случи во вашата земја. Тогашниот премиер да не одговара на ниту едно од прашањата? Вие сте одговорни како министер, и како премиер, мора да се појавите во парламентот, и мора да дадете одговор на сите прашања што ќе ви ги постават. Ако не го направите тоа, не сте ни достојни да бидете премиер. Треба да си заминете и веднаш да ја оставите земјата.

[Image: haute4.jpg]

Одењето на избори со нула реформи е шега


Слободна Македонија: Директната политичка вмешаност во изборните манипулации од 2014 година не е адресирана ниту на судско, ниту на политичко ниво. Бројните обелоденети нерегуларности од претходните избори сеуште не се адресирани од новиот состав на Државната изборна комисија. Дали сме спремни за предвремени избори, без да ги надминеме сериозните манипулации и нерегуларности од претходните избори?
Питер Ванхауте: Секако дека не сте спремни за никакви избори во овој момент. Поради конфликтната ситуација што ја перципираме денес, согледувајќи ја огромната измама од претходните неколку години до денешен ден, како и неверојатниот притисок со кој се соочуваат луѓето кои работат во јавната администрација, неверојатниот притисок што го гледаме врз луѓето што работат во образовниот систем. Ова е неприфатливо. Такво нешто не сум видел во ниту една земја од регионот претходно, ниту на било кое друго место. Нема таков преседан. Како резултат на ова, мојот заклучок е дека оваа земја не е подготвена за избори. Нормално е, во една конфликтна ситуација, прво да ги решите проблемите, реалните проблеми, а потоа да се договарате за тоа кога да се организираат избори. Овде се прави сосем обратното. Од сите препораки во Ургентните реформски приоритети и извештајот на Прибе, досега не е постигнато ништо. Има нула постигнувања! И да се оди така на избори е шега. Не треба да го правите тоа.

[Image: haute5.jpg]

Не може да имате слободни и фер избори без независно судство

Слободна Македонија: Повеќе од очигледно е дека истите политичари кои биле вмешани во претходните изборни криминали, прават се што е во нивна моќ за да ја попречат правдата, и повторно да добијат политички легитимитет на предвремени избори. Зошто предвремените избори се сугерираат од страна на ЕУ како решение на „политичката“ криза во Македонија, наместо ефикасните кривични постапки против корумпираните политичари?
Питер Ванхауте: Во тек се одредени постапки, како што се истрагите од страна на специјалното обвинителство. Првото нешто што се поставува како прашање е ефикасноста на судовите, кои во основа се уништени по налозите од страна на една, или можеби две партии. За да направите напредок во вистинска насока, во еден момент мора да се справите со овој проблем. Луѓето мора да увидат дека судството не е независно, па затоа можеби мора да се востанови специјален посебен суд исто така, кој треба да се занимава со овие проблеми. Можам само да ви кажам дека бев многу јасен кон меѓународната заедница: Не можете да имате слободни и фер избори во овој стадиум, без да ги решите основните проблеми. Би било шега. Изборите не се појдовната точка на демократска реформа, тие се крајната цреша на тортата, како што се вели. Да не испадне да завршите само со црешата, без тортата под неа.

[Image: haute6.jpg]

Медиумите не треба да бидат под партиска контрола

Слободна Македонија: Кои се вашите впечатоци како мета на говор на омраза од страна на провладините медиуми, поради твитовите-мемиња со мачки? Дали има лек за корумпираните новинари кои сеуште примаат директни наредби од корумпираните политичари и кои користат говор на омраза како инструмент за замолчување на критичарите?
Питер Ванхауте: Тоа е многу добро прашање. Се разбира, гледам што се случува. За мене, интересно е да се види дека има одреден вид динамика во моментот кога некој ќе направи нешто што ним не им се допаѓа. Тие веднаш реагираат на некој начин. Тоа е начинот на кој се однесуваат. Како прво, тоа е непочитувачки. Исто така, тоа не е начин на кој медиумите треба да реагираат и да функционираат. Затоа мислам дека треба да има соодветен механизам на располагање. Медиумската агенција која е главна контролна компонента за надзорот на аудиовизуелните медиуми е сосем нефункционална. Таа агенција треба да ги казнува сите прекршувања и непочитувања на законот и на основните принципи на доброто, објективното и неутралното критичко новинарство, но не го прави тоа, бидејќи е повторно под контрола на извесна политичка партија. Прво треба да го исправиме ова и да се осигураме дека медиумите не се повеќе под контрола на некоја партија, туку дека има надворешно критичко, регулаторно тело – независно тело – кое во основа ќе го прави сето она што треба да се направи. Сеуште е рано за тоа, но се надевам дека во блиска иднина ќе се случи и тоа.

[Image: haute7-1.jpg]

Слободна Македонија: Ви благодариме за интервјуто.

(Интервјуто е графички опремено со меме-твитови на Питер Ванхауте)
14-03-2016, 03:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Ван Хауте: „За 1000 денари и сендвич“ ја продадовте слободата


По повод Светскиот ден на поезијата, во знак на поддршка за сите оние кои веруваат во слободата и се борат за неа, олеснувачот Питер Ван Хауте во стихови им се обрати на македонските граѓани
Фокус 21 мар 2016, 10:11

Превод на верзијата на англиски која е објавена на фејсбук профилот на Ван Хауте:

За 1000 денари и сендвич
Минатата недела,
ја продаде твојата слобода
пред Уставниот суд
за 1000 денари и сендвич.
Бидејќи ти се заканија.
Ти ја украдоа приватноста
и те уценија:
„нема работа за тебе ако не ни се придружиш
за 1000 денари и сендвич“.
И гледам твоите уморни чекори
Зад себе оставаат
Бескрајна трага на длабок очај.
И низ отворени прозорци
ги слушам децата -
како учат на памет
дека во оваа земја
луѓето не се повеќе еднакви,
и слушаат мрачен глас како ги учи
лажна историја
За 1000 денари и сендвич.
Скриен во градот,
Загревајќи се со сонцето
Ја мирисам раната пролет
И гледам во твоите очи
И сфаќам
Промената е во воздухот.
Питер Ванхауте
21 март 2016
 
Верзијата на англиски, објавена на фејсбук профилот на Ван Хауте:
On the occasion of World Poetry Day, in support of all those who believe in freedom and stand up for it.
For 1000 denar and a sandwich
Last week,
you sold our freedom
at the Constitutional Court
for 1000 Denar and a sandwich.
Because they threatened you,
They stole your privacy
and blackmailed you:
“no job if you don’t join
for 1000 Denar and a sandwich”.
I see your tired steps,
they leave behind
an endless trace of deep despair.
And through the open windows,
I listen to the kids -
memorizing,
that in this country
people are no longer equal,
and hear a dark voice teaching
forged history,
for 1000 Denar and a sandwich.
Hidden in the city,
warming up with the sun,
I smell an early spring,
I look into your eyes
and realize:
change is in the air.
Peter Vanhoutte
21 March 2016



Несреќата е што подршката која Ванхауте ја има од симпатизерите на СДСМ и останатите од опозицијата е исклучиво затоа што тие го доживуваат Ванхауте како нивни соборец во битката протви Грујо. Ванхауте не е е против Грујо и ДПМНЕ, Ванхауте е против Тоталитарниот Едноумен Комунистички СИСТЕМ, системот во овој момент е чуван од власта па затоа се и критиките на Ванхауте вперни против Грујо и ДПМНЕ!! Убеден сум дека Ванхауте би го пишувал истото 1991-1998 или 2002-2006 кога СДСМ  бил на власт.  
Моето убедување призлегува од следната изјава на Ванхауте:

-"Проблемот не е една партија да се замени со друга, односно да се тргне ВМРО-ДПМНЕ и да дојде СДСМ."
(This post was last modified: 21-03-2016, 12:17 PM by ЈорданПетровски.)
21-03-2016, 11:30 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:ЗА УКРАДЕНИ ПАРИ ОД ЕУ МАКЕДОНСКИТЕ СВИРКАЧИ ЌЕ СВЕДОЧАТ ВО БРИСЕЛ


“Во прашање е многу голема корупција и дојавувачите на информации имаат волја да дојдат во Брисел и да сведочат за злоупотреба на европските фондови. Нема да се откажеме. Имаме свиркачи и ќе дејствуваме”, изјави посредникот во меѓупартиските преговори Питер Ванхауте, чиј мандат истекува на крајот од овој месец



Скопје, 23 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Укажувачите на криминал или таканаречените свиркачи ќе пријавуваат злоупотреби на пари од европски фондови во Брисел. Посредникот во меѓупартиските преговори Питер Ванхауте, чиј мандат истекува на крајот од овој месец, во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека постојат сведоци што се подготвени да кажат и оти до 40 отсто од парите во ИПА фондовите треба да се враќаат во кеш поради незаконско користење.

“Во прашање е многу голема корупција и можам да кажам дека дојавувачите на информации имаат волја да дојдат во Брисел и да сведочат за злоупотреба на европските фондови. Нема да се откажеме. Имаме свиркачи и ќе дејствуваме”, изјави Ванхауте.

Ванхауте вели дека меѓународната истрага е неопходна да се расветлат и расчистат случаите, за што веќе се почнати и одредени активности.

“Истрагата не е важна само за оваа држава, туку и за меѓународната заедница. Ние имаме право да знаеме каде и како се трошат нашите пари во оваа држава. Јасни се случаите на перење пари и на корупција”, смета Ванахуте.

Според него, одлуката на Уставниот суд за измена на Законот за помилување е всушност обид да се избрише Специјалното обвинителство, кое треба да ги спроведе овие истраги за криминални активности.

Ја гледаме играта зад одлуката на Уставниот суд, но таа нема да ги избрише криминалите. Тие се тука, нема да исчезнат и да не постојат утре. Меѓународната заедница нема да заборави и да се прави дека работите се нормални. Ова е скандалозно и треба да и се даде поддршка на специјалната обвинителка за да ги спроведе истрагите соодветно, не само во земјата, туку и надвор од неа”, вели Ванхауте.

Тој најави дека од наредниот месец ќе продолжи да работи како независен експерт во земјава, заедно со група експерти и претставници од невладиниот сектор. Фокусот нема да бидат изборите, туку спроведување на итните реформи во судството, образованието и во јавната администрација.
23-03-2016, 09:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16



23-03-2016, 11:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Ванхауте за „Мета“: Велосипедот нема да им го дадам во Музејот на ВМРО

[/url]  [Image: 12801581_1060792297327826_4907456389893930862_n.jpg]

Скопје, 24 март, 2016 - 15:54 [url=http://meta.mk/](META) 

Белгискиот експерт, Питер Ванхауте, кој ги олеснуваше преговорите за Договорот од Пржино и тие во работните групи, денеска си замина за Брисел. Договорот како независен експерт му завршува на 27 март, но тој најавува дека во Македонија се враќа на 4 април и вели дека ќе продолжи да работи и да ѝ помага на државата да оди напред.
За постигнатото на преговорите на работните групи вели дека е делумно задоволен и дека сè уште останува многу работа.
Ванхауте во вторникот доби одликување од амбасадорката на Кралството Белгија „Офицер во кралскиот ред“. За одликувањето вели дека му причинува огромно задоволство затоа што малкумина го добиваат.
Освен како преговарач, Ванхауте беше познат и по тоа што секаде одеше со својот велосипед за кој вели дека откако ќе заврши со работата во Македонија, сигурно нема да го донира во Музејот на ВМРО.
Изминатите неколку месеци стана редовен корисник на социјалната мрежа „Твитер“. Тој на фотографии од мачиња ги испраќаше своите сатирични пораки за состојбите во државата.

Quote:Договорот како независен преговарач Ви завршува, но сепак се враќате во Македонија. Доаѓате на посета или службено?

– Можам да кажам дека е комбинација од двете. Ќе продолжам да работам како независен експерт и ќе продолжам да барам решенија за проблемите со кои се соочувате затоа што верувам дека треба да се развие план за да се врати демократијата и затоа што има недостатоци во многу области како што се судството, јавната администрација, образованието, медиумите, финансиите… Сметам дека пред да се оди на избори, треба да се спроведат реформите. На пример, ајде прво да го поправиме парламентот, кој е целосно дисфункционален, а потоа да организираме избори. Убаво е што ДИК се согласи дека има гласачи што треба да се проверат, но проблемот се 500.000 сомнителни гласачи и треба да се најде начин да се реши тоа. Најпрво треба да се врати довербата на граѓаните во системот, а тоа не можете да го направите со тоа што ќе направите парцијална проверка на избирачкиот список. Мора да се справите со секоја поединечна жалба. Тоа што ќе се преправаме дека не постојат, не е добар почеток за да се реши проблемот.

[Image: piter-zborot.jpg]

Quote:Што го расипа Вашиот однос со ВМРО-ДПМНЕ?

– Дента кога Никола Груевски предложи да ме прогласат за персона нон грата, јас имав состанок со државниот ревизор и разговаравме за линкот меѓу политичкото финансирање и финансирањето на политичките кампањи. Во моментот кога се почнува политичка кампања, секоја партија отвора сметка и може да префрла пари од партијата на нивната сметка за кампањи. Прашањето е од каде доаѓаат парите, дали се тоа навистина пари на партијата или приватно или владино финансирање? Се загрижив кога ги видов сметките на ВМРО-ДПМНЕ за 2014 година. Она што го забележав е дека тие не се баш веродостојни. Да Ви дадам еден пример, вкупната сума платена за персонален данок е 197.000 денари. Според моите пресметки, со овие пари можеш да вработиш само една личност. Значи најголемата партија во државата формално има вработено само една личност? Тоа е проблем и може да имплицира дека во партијата работат луѓе платени од Владата. Јас им реков дека тоа е проблем и дека ако тие не го истражат, јас ќе го направам тоа. За оваа тема мора да се крене црвено знаме. Исто беше и со Агенцијата за електронски комуникации. Знаеме дека дадоа пари за панорамското тркало во Вардар и за кулата на Водно, но кога го читам законот, јас не гледам дека тоа е дел од нивната работа. Дали е ова злоупотреба на државни пари? Очигледно, тоа не му се допадна на ревизорот и се јавил во партијата. Истата вечер Груевски во интервју кажа дека јас треба да бидам прогласен за персона нон грата.

Quote:Дали за време на преговорите имавте притисок од Брисел, од политичките партии или од Владата?

– Притисок во заднината секогаш има. Мојата позиција е многу јасна. Јас сум независен експерт и преговарав со сите страни што беа вклучени: политичките партии, владата, медиумите, НВО и Брисел. Морам да признаам дека понекогаш луѓето не беа среќни со резултатите. На пример, беше навистина тешко да се постигне некаков напредок и за секој мал чекор имаше голем притисок. Јас, искрено, бев изненаден и не очекував дека вакви луѓе ќе преговараат во име на Владата. Ако некогаш се обидете да го решите проблемот со името, би рекол дека не би требало да се прави со оваа Влада, ви треба компетентна добра влада.

Quote:При последната посета на еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје добивме сосема различни изјави и ставови од двајцата. На што се должи тоа?

– Политичарите секогаш сакаат да одат на брзо решение за проблемот, а потоа проблемите ќе се решаваат попатно, како што ќе се појавуваат. Според мое мислење, во Брисел и денеска има многу слабо разбирање за концептот со кој вие се соочувате. Јас никогаш не сум бил толку шокиран од стравот што луѓето го чувствуваат. Не сум го видел ова во ниту една земја претходно. Застрашувачки е фактот дека повеќето институции се комплетно дисфункционални и не го прават тоа што би се очекувало да го прават, а има и екстремно високо ниво на корупција, па дури и во ИПА-фондовите. Тоа што јас им го кажав во јануари по посетата на комесарот е дека влегуваме во друга фаза на конфликтот и дека тој ќе станува само подлабок, а ситуацијата само полоша бидејќи не се обидуваме да го решиме конфликтот, туку само да одиме на избори. И што потоа? Што ќе се случи еден ден по изборите? Проблемот ќе биде решен? Не мислам така. Сите проблеми мора да бидат решени пред избори, затоа не се согласувам со мислењето на Брисел и мислам дека како независен експерт имам право на тоа.

[Image: Macki.png]

Quote:На почетокот на преговорите не комунициравте многу со медиумите за потоа да почнете да се отворате, да праќате писмени изјави, покани за брифинзи и да користите социјални мрежи. На што се должи ова?

– На почетокот се обидувате да ја стекнете довербата на политичките партии и да бидете навистина дискретен. Се обидував да видам како ќе соработуваат заедно, тоа е прв чекор во процесот на преговори. Мојата улога беше да комуницирам со сите, политичките партии, граѓанското општество и медиумите. Главната причина беше тоа што секогаш мора да одржувате баланс. Во сите преговори има една страна која е помоќна и една која е послаба. Тоа што требаше да го направиме е секогаш да има баланс. Ако нема баланс, нема да може да има успешни преговори. Во еден момент забележавме дека доминантната страна на преговорите секогаш го окупираше и просторот во медиумите. Моравме малку да ја ослабиме посилната страна и да воведеме баланс. Ова се обидувавме да го направиме со тоа што праќавме и дававме изјави во медиумите за тоа што се случуваше на преговорите кои беа пообјективни од изјавите на која било политичка партија. Од оваа причина се приклучив и на социјалните мрежи.

Quote:Што ќе правите со велосипедот откако ќе си заминете?

– Јас не си заминувам засекогаш. Ќе се вратам и ќе продолжам да го возам, а ако некогаш престанам да работам тука, ќе го донирам некому, веќе имам неколку кандидати. Нема да оди во Музејот на ВМРО, тоа е сигурно.

Quote:Како ги доживеавте бомбашките напади во Брисел?

– Многу сум тажен за тоа што се случи во Белгија, но тоа е ефект од нешто и сите знаевме дека ќе се случи порано или подоцна. Oвие таканаречени терористи се луѓе од Белгија, од регионот, и знам дека интеграцијата на мигрантите и во мојата земја не е како што би требало да биде. Многу од нив живеат заедно во сиромашни соседства без никаква перспектива за пристојна работа и за соодветно образование. Тоа го гледам како еден од проблемите во заднина. Друг проблем е тоа што Белгија учествува во бомбардирањето во Сирија и во Ирак со што е вклученa во конфликтот. Исто така, малку сум скептичен за иднината, затоа што не можеш да решиш некој конфликт со тоа што едноставно ги бомбардираш или ги убиваш луѓето. Мора да се разговара  и да се најдат други решенија.
 



Bravo Bravo
25-03-2016, 12:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Ванхауте: Промена на режимот преку избори повеќе не е опција
Посредникот на ЕУ во Македонија денеска го има последниот работен ден. Вели дека е шокиран од атмосферата на страв во земјата и смета дека изборите нема ништо да променат. Македонија не е подготвена за избори, вели тој.
[Image: 0,,18767749_303,00.jpg]
Питер Ванхауте си заминува од функцијата, но не ја напушта Македонија. Во недела на 27 март и формално завршува мандатот на медијаторот на Европската Унија во Македонија, а денеска е практично неговиот последен работен ден. Во разговор за Дојче Веле, Ванхауте признава дека во изминатите месеци не успеал како медијатор да ги реализира поголемиот дел од реформите кои беа потенцирани во Извештајот на Прибе. Во Македонија, вели тој, владее клима на страв, а владејачките партии не дозволуваат појава на никаква критичка мисла. „Шокиран“- тоа е еден од најчесто употребуваните зборови на Ванхауте во разговорот, а го користи кога говори за состојбите кои ги воочил во редица сфери во државата и општеството.
Како признание за неговата борба за европски вредности пред заминувањето, посредникот доби орден „офицер во кралскиот ред“ од амбасадорката на кралството Белгија во Македонија, Аник Ван Калстер.
Последната недела ја одбележа и со песна. „За 1.000 денари и сендвич“ ја продадовте слободата, порача тој на Светскиот Ден на поезијата. Мемињата со мачки станаа заштитен знак на неговата комуникација со јавноста, особено преку социјалните мрежи. За многумина стана симбол на борбата против злоупотребите и криминалот, други остро го критикуваат и напаѓаат. Од тој аспект, и едните и другите ќе ја толкуваат и веста дека Ванхауте ја напушта функцијата, но не и Македонија. По кусиот одмор, во април Ванхауте се враќа во Македонија, но овојпат како приватно лице. Вели дека сепак, нема да биде „турист“ како што веќе го прогласија некои, туку ќе продолжи да го дава својот придонес, на своја рака, фокусиран на граѓанскиот сектор во Македонија.

ДВ: Г-дине Ванхауте, бевте инволиран како посредник на ЕУ во македонската политичка криза од летото 2015. Некаде во исто време беше објавен и Извештајот на Прибе кој нотираше сериозни недостатоци во земјата, вклучително и различни форми на корупција во власта, изборни измами, уцени, напади, илегално прислушкување, политичко влијание врз судството итн.
Успеа ли Вашата медијација да се справи со овие проблеми?

Ванхауте: Мојата медијација резултираше во создавањето на Специјалното јавно обвинителство кое е одговорно за истрага на содржината на прислушкуваните материјали. Дополнително, беше направен одреден напредок и во однос на изборниот процес, преку измена во Изборниот законик и со именувањето на тројца независни експерти во Државната изборна комисија. Сепак, во сите други споменати области, не беше направен никаков напредок, затоа што санирањето на сите недостатоци се одбива од владејачките партии. Системот на контрола етаблиран, во најголем дел, од ВМРО-ДПМНЕ стига до сите сите делови на општеството и не дозволува никакво слободно и критичко мислење, а не пак сугестии за промена на курсот во подемократски. Како резултат на тоа има клима на генерален страв. Луѓето се плашат дека ќе бидат отпуштени (од работа, н.з.) или ќе завршат во затвор, принудувани се да присуствуваат на партиски митинзи и на владини „контра-протести“ против секоја легитимна форма на протест, најчесто во замена за мала сума пари и малку сендвичи. Платите на учителите и јавните службеници намерно се држат ниски за да ги направат луѓето уште позависни од партијата.

[Image: 0,,18457988_404,00.jpg]
„Шокиран сум од актуелната ситуација, атмосферата на страв, потиснувањето на слободата“. фото: Никола Груевски

ДВ: Подготвена ли е Македонија за избори на 5 јуни?

Македонија повеќе од јасно не е подготвена за избори. Од аспект на резолуција на конфликти, најпрво мора да се решат сите клучни проблеми и да се врати земјата назад во нормална функционална демократија. Дури тогаш може да се размислува за организирање избори. Невозможно е во оваа временска рамка да се решат големиот број проблеми или проблемите со избирачките списоци. Со вештачко намалување на бројот на проблемите, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да избега од својата одговорност по обвинувањата за организирана изборна измама на претходните избори и отфрла секаква одговорност за злоупотребите на изборните листи. Дополнително, повеќе медиуми се под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Преговорите за медиумските реформи пропаднаа затоа што партијата одбива да предаде било каква контрола врз медиумите и врз Агенцијата за регулација на медиумите. Недостатокот на медиумски слободи и на балансирано политичко известување е една од главните причини зошто изборите сега не се баш добра идеја. Дополнително, поради отсуството на сепарација на партијата и државата невозможно е да се организираат слободни и фер избори со еднакви услови за сите партии.

[Image: Vanhaute14a5df.jpg]


ДВ: Со оглед на тоа дека Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, бевте ли изненадени од состојбата, особено со она што беше откриено преку прислушкуваните разговори, кога првпат дојдовте во државата?

Не бев изненаден од актуелните проблеми, но изненаден сум од апсолутниот недостаток на одговорност, како никој од јавните функционери да не е одговорен за ништо. Последниве месеци имав можност да се сретнам со стотици луѓе од целата земја и признавам, шокиран сум од актуелната ситуација, атмосферата на страв, потиснувањето на слободата, од големиот број луѓе кои се во притвор само поради тоа што и се спротивставиле на владата или одбиле да ги прифатат нејзините правила. Шокиран сум од големиот број луѓе, вклучително и судии, кои беа отпуштени последниве години. Шокиран сум од високото ниво на корупција, каде купувањето диплома и универзитетски звања е прифатена пракса, додека низ целата земја се вработуваат некомпетентни луѓе, пракса што ќе резултира во целосен крах на нормалното функционирање на земјата. И шокиран сум од слабиот квалитет на образованието, каде децата се учат дека некои луѓе, како банкари или политичари се подобри од луѓето од ‘пониските слоеви,' и притоа мораат да учат фалсификувана историја.
ДВ : Политичката криза во Македонија трае повеќе од една година и нема решение на повидок. Што е според Вас најголемата пречка?
Најголемата пречка за позитивен исход е недостатокот на одлучност на меѓународната заедница. Речиси е невозможно за локалните граѓани да го вратат општеството во нормала. Промена на режимот преку избори повеќе не е опција. Меѓународната поддршка е единствена алтернатива, а итно е потребно дејствување. Тоа дејствување треба да резултира во создавање на ад хок техничка влада за најмалку 2-3 години, време кое е неопходно за решавање на бројните проблеми, во финансискиот менаџмент, судството, образованието и медиумите, со кои се соочува земјата.

[Image: 0,,18983886_404,00.jpg]
Најголемата пречка за излез од кризата е неодлучноста на меѓународната заедница, вели Ванхауте.

ДВ: Во октомври минатата година предупредивте дека „Македонија може да стане изолирана како Белорусија“ доколку не се имплементираат реформите. Шест месеци подоцна реформскиот процес е далеку од имплементиран. Дали ова сценарио е сега уште поизгледно?

Според развојот во последните месеци и одбивањето на актуелната коалиција да ја прифати одговорноста за било кој од заклучоците во Извештајот на Прибе, можам само да заклучам дека сме еден чекор поблиску до ова сценарио. Во оваа фаза, изборите не решаваат ништо, туку само ќе ја продлабочат актуелната криза.

ДВ: Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за „Билд“ неодамна ја обвини ЕУ дека „25 години ја лаже и манипулира Македонија“. Го делите ли неговиот впечаток?

Се согласувам дека ЕУ можеше да биде повеќе проактивна во поддршката на решение за спорот за името со Грција. Главниот проблем сепак е дека ЕУ не успеа да ја избегне актуелната ситуација. Премногу беше фокусирана на законодавството, а не на она што навистина се случуваше на теренот. Главниот неуспех во оваа земја и на други места е што ЕУ верува дека доколку се имаат избори, парламент, влада и помалку или повеќе независно судство , тоа е доволно да се смета земјата за ‘демократска'. Сепак, без партии кои навистина функционираат демократски, демократијата е само далечен сон.

ДВ: Директно учествувавте во преговорите за медиумските реформи. Повеќе меѓународни организации даваат многу ниски оценки за медиумската слобода во Македонија. Кој е вашиот предлог за решение на овој проблем?

Важно е да се пресечат сите врски меѓу политиката и медиумите. Тоа вклучува и прекин на владиното рекламирање во медиумите, соодветен независен надзор над медиумите, силен и независен јавен сервис, немешање во програмата на телевизиите и радијата, исклучување на медиумите од директното влијание на сопствениците на медиумите и силен меѓународен мониторинг.

[Image: Vanhaute1477a8.jpg]

ДВ: Вашите мемиња со мачки на Твитер испровоцираа бројни, различни реакции во македонската јавност. Зошто одлучивте на овој начин да комуницирате, и кој е Вашиот одговор на критиките дека мемињата се навредливи и понижувачки за владејачката партија и за државата?

Важно е да се врати рамнотежата во тековната дебата меѓу моќната владина коалиција и релативно слабите опозициски партии. Хуморот и иронијата досега се покажаа како ефективни средства за спротивставување на авторитарни тенденции. Тврдењата дека мачките се навредливи и понижувачки беа само спин. Таквите тврдења беа лансирани на денот кога имав разговори со Државниот ревизор за злоупотребата на државни средства од страна на Агенцијата за електронски комуникации и сериозните нерегуларности во официјалните сметки на владејачката партија.




Желба за смена на системот нема ни кај Партиите ниту кај Невладините Организации, причината зошто нема желба за смена на системот лежи во тоа што сите се створени за да го чуваат системот.

Прво што треба да стори ЕУ и САД е да престане да ги финсира лажните НВО и Граѓански Здруженија.
25-03-2016, 12:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,237
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19







Quote:Според поранешниот преговарач Питер Ванхауте, нема услови ниту за фер избори, а ниту за отпочнување преговори по „славните“ помилувања на претседателот:

„Мора прво да бидат исполнети условите за фер избори. Тука е и проблемот со „славните“ помилувања на претседателот. Без да се реши ова, не гледам никаква можност за отпочнување на некакви нови преговори или дискусии“.
05-05-2016, 01:19 AM
Reply