Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЛАТАС И ТАКАНАРЕЧЕНОТО ИНТЕРВЈУ СО ЗАЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1







Quote:Агенцијата за медиуми го осуди настапот на Латас



од НОВА  11-02-2016
[Image: 27206golema.jpg]
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува непочитувањето на професионалните новинарски принципи и стандарди од страна на одговорниот уредник на ТВ Сител Драган Павловиќ Латас при гостувањето на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев во вчерашниот Дневник на Сител, се вели во денешното соопштение од Агенцијата.

- Наместо интервју во кое различните гледишта и мислења ќе добијат еднаков третман со што публиката ќе може слободно да оформи сопствено мислење за актуелните општествено - политички теми - гледачите видоа непримерен начин на комуникација, кавга и навреди.

Без каква било професионална дистанца, без почитување на достоинството на соговорникот и на низа други личности споменати во разговорот, наместо интервју реализирано според правилата за овој новинарски жанр, гледачите беа сведоци на комплетно отсуство на култура на говорот и неетичност.

Имајќи предвид дека почитувањето на новинарските стандарди е предмет на саморегулација, Агенцијата ги повикува Советот за етика во медиумите на Македонија и новинарските здруженија да ги преземат мерките што им стојат на располагање, се вели во соопштението од Агенцијата.



Quote:МАН: Во Европа нема политичар кој гостува во медиумот а се заканува и навредува



од НОВА  11-02-2016
[Image: 27208golema.jpg]
Македонската асоцијација на новинари (МАН), за вчерашното гостување на лидерот на опозицијата, Зоран Заев и начинот на водење на интервјуто, реагира дека „не постои интервју во Европа каде во слични ситуации се практикува истото“.

Имено од МАН потенцираат дека во Европа немало политичар кој гостува во медиуми а притоа истите ги навредувал и им се заканувал.

>> Твитер реакции за гостувањето на Заев во Сител: ТВ дуел или интервју?

>> Реакции на амбасадорите на САД и ЕУ на Твитер: Фер и балансирано?

- Зоран Заев на гостувањето во Сител изјави дека медиуми му се најголеми непријатели, се закани со Специјалното јавно обвинителство, прераскажуваше прислушкувани разговори иако со закон се обврза дека не смее да го прави тоа, одобрувше напади и тепања на новинари. Не одговори за своите односи со криминалци од аферата Фабрика за фалисификати. Не одговори за заработките на своите семејни фирми и особено нивните заработки од тендери на општина Струмица. Не одговори за статутарните измени во партијата што му обезбедува апсолутна власт, се вели во соопштението на МАН.

Според МАН, Зоран Заев им се заканувал со апсења на новинари и уредници.

>> Амбасада на Р. Турција: На ТВ Сител израз полн со омраза и злоба

>> Агенцијата за медиуми го осуди настапот на Латас

Во Асоцијацијата, претседател е Слаѓана Димишкова, а генерален секретар и претседател на Извршниот одбор е уредникот на ТВ Сител, кој вчера го водеше интервјуто со Заев, Драган Павловиќ-Латас.


Quote:Гарет:Интервјуто на Сител покажа колку се важни принципите на медиумски слободи

од НОВА  11-02-2016
[Image: 27211golema.jpg]
Британскиот амбасадор во земјавата Чарлс Гарет по повод вчерашното гостување на опозицискиот лидер Зоран Заев на Сител на својот фејсбук профил напиша дека ова покажува колку многу на луѓето им е важно и колку се битни принципите на медиумските слободи во демократиите.

„Го гледав Дневникот на Сител вчеравечер. Реакциите се значајни, не само затоа што е многу редок настан опозициски лидер да има настап на националните најгледани канали. Ова исто така покажува колку многу на луѓето им е важно и колку се битни принципите на медиумските слободи во демократиите, вклучително Македонија. Не сум експерт за медиуми и не би можел во детали да коментирам за синоќешната програма. Т

оа е одговорност на медиумските тела, вклучително и Агенцијата за медиуми како регулатор, чиј одговор го нотирав денес. Овие тела треба во целост да одговорат на ваквите појави за да се зајакне довербата на јавноста во медиумскиот сектор. Балансираноста и непристрасноста и почитувањето на законите се клучните принципи за одговорно и веродостојно покривање на политичките настани.", напиша Гарет на Фејсбук.

[Image: carls.jpg]
(This post was last modified: 11-02-2016, 03:20 PM by ЈорданПетровски.)
11-02-2016, 03:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,506
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2







Quote:Демонстранти пред Сител: „Излези началниче да видиме кој лаже






„Излези да се извиниш“, „Телевизија е или обложувалница“, „Срам да ви е“, „Ајде да се кладиме“, „Симни се началниче да видиме кој лаже“, со овие извици Турците кои живеат во Македонија, со поддршка од граѓани од различна националност, во моментов се на мирен протест пред телевизијата „Сител“ каде го искажуваат револтот од вчерашното интервју на уредникот на Сител, Драган Павловиќ-Латас со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, известува репортерката на НОВА, Славица Филиповска.

Демонстрантите кои се со сирени и турски знамиња реагираат дека со вчерашното интервју, допрено е дното на новинарството во Македонија.

Во моментов ТВ Сител е под полициско обезбедување, а демонстрантите, знамињата ги оставија врз паркиран џип за кој сметаат дека е во сопственост на уредникот Латас.

[Image: dzip.jpg]

Протестот започна пред Владата на Република Македонија бидејќи според демонстрантите токму таа е главниот финансиер на ваквото медиумско однесување.



Quote:Амбасада на Р. Турција: На ТВ Сител израз полн со омраза и злоба







од НОВА  11-02-2016
[Image: 27204golema.jpg]
Турската дипломатија ќе интервенира пред органите на Р. Македонија за вчерашниот инцидент на ТВ Сител. Амбасадата на Р. Турција во врска со овој настан го објави соопштението кое ви го пренесуваме во целост.

Синоќешниот недоличен израз на главниот и одговорен уредник на Сител Телевизија Драган Павловиќ Латас кон великиот турски народ на најсилен начин го осудуваме.

Овој израз полн со омраза и злоба, во иста мера го возвраќаме кон именованото лице кое во основа и порано покажало смелост да во своите разни емисии и изјави користи навредливи изрази кон високите раководители на Република Турција и турците.

Со жалење го примивме овој недоличен израз упатен кон Република Турција и турската заедница која што прва ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име и ја поддржува оваа братска и пријателска земја на секое поле.

Именуваното лице, по интензивните и праведни реакции на претставниците на нашите сонародници во Македонија, и покрај тоа што се извинил пред турскиот народ и држава, далеку е од состојбата да ја надомести штетата од ваквиот недоличен став.

Ја покануваме Сител Телевизија која што му дала висока раководна функција на ова лице да постапи согласно со објективното новинарсто и во рамките на правичноста и кон именованото лице ги превземе соодветните мерки.

Во врска со овој неприфатлив став во тек се и интервенциите пред органите на Македонија, се вели во реакцијата на Амбасадата на Турција.


Quote:Енес Ибрахим поднесе тужба против Латас и ТВ Сител 



11/02/2016
[Image: DSC_0732-685x320.jpg]

Јас како пратеник од редовите на ПДТ, немаше да бидам овде пред вас и немаше да го држам овој прес, доколку во предвечерието на овој голем историски ден, не се случеше еден немил настан, рече Енес Ибрахим.
На 11 февруари 1992 година, Република Турција и турскиот народ, ја признаа Република Македонија под нејзиното уставно име. За жал, овој ден е засенет со вчерашната изјава на уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ – Латас, со директно го навреди целиот турски народ. Но,ова не е прв пат! Ова се повторува неколку пати!
Никакви изнудени извинувања не можат да ја покријат дамката која ја извалка честа на сите Турци, посебно на нас кои живееме во Република Македонија. Затоа, од овде, јавно соопштувам дека денес поднесувам тужба против Латас и ТВ Сител, за говоро на омраза и навреда на трускиот народ.
Воедно, ја повикувам комисијата за заштита од дискриминација, да излезе со осуда и реакција на оваа фашистичка изјава на гласноговорникот на оваа власт.
Вести од истата категорија
11-02-2016, 04:16 PM
Reply