Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИМБЕЦИЛИ СО ФАКУЛТЕТСКИ ДИПЛОМИ - КОЛКУ СЕ НЕПИСМЕНИ МАКЕДОНЦИТЕ?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Оваа колумна е прочитана досега преку 49 илјади пати, па затоа решив да ја пренесам и тука:



Quote:ИМБЕЦИЛИ СО ФАКУЛТЕТСКИ ДИПЛОМИ - КОЛКУ СЕ НЕПИСМЕНИ МАКЕДОНЦИТЕ?




[Image: 4effff5398b13b476604d4d8450bedfd_L.jpg]

Една девојка на фејсбук, пред еден месец, на својот статус објави дека зела диплома од втор факултет. И ко што е ред, следеше канонада од честитки од нејзините пријатели. Откако го лајкнав статусот, малку иронично искоментирав во мој стил: Сега на кој факултет ќе се запишеш за трета диплома? Немав ниту еден лајк на коментарот и претпоставувам дека мојата упадица никој не ја сфатил добронамерно и никој не се насмеал, иако беше таква. И добронамерна и смешна.
Не знам дали нашиов народ сфаќа колку е манипулиран преку фамата за знаењето како моќ и кампањите за високото образование? Колку човек треба свесно да се самозаслепува за да не ја види двомислата во слоганот ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ, зашто никогаш порано знаењето не било толку обезвреднето и понижено како денес. Никогаш порано одливот на мозоци не бил толку голем како денес. Никогаш порано, факултетските дипломи не се добивале толку лесно како што е тоа денес. Никогаш порано не се докторирало на 22 години освен ако не си Ајнштајн или Хегел. И додека нови универзитети никнуваат на секое средсело, а по телевизиите пичат рекламите за предностите на одредени факултети сѐ повеќе ми се потврдува мојата претпоставка дека целокупното образование во Македонија, а особено високото е една вулгарна манипулација и измама.
Технократите кои владеат со Македонија постојано во јавноста ги истакнуваат своите дипломи и своето образование. Сакаат да се претставуваат како светли примери пред новите генерации и својот партиски подмладок. Има дури и еден познат презентер на вести, близок до власта, кој дури и кога води тв-дневник не пропушта да ги потсети гледачите дека е новопечен професор и доктор на науки. И знам дека повеќето од овој напатен македонски народ се фасцинираат од тие саморекламерства и фалби. Па како е можно никој да не стави прст на чело и да се праша: Ако се тие толку добри, со толку јаки титули и дипломи, зошто тогаш не ја направат земјава пријатно и безбедно место за живеење. Зошто никој не ги праша Грујо, Ставре, Антонио, Илија и останатите преродбенички технократи, какви се тоа стручњаци за економија финансии и надворешна политика кога постојано ја задолжуваат земјава во странство и ја туркаат во сѐ поголема изолација?
Дали било кој од нив направил нешто добро да ја одбрани честа на својата диплома и факултетот на која ја стекнал? Напротив. Она што го гледаме од нив е крајна бескрупулозност во владеењето и дилетантизам од кој страда нивниот сопствен народ. Да имавме моќно образование кое вади квалитетен кадар, убеден сум дека тоа ќе се покажеше на дело кога-тогаш и немаше да станеме вакви шупаци какви што сме денес. Ако од нашите факултети излегуваа јаки експерти со дипломи врачени од јаки професори, зарем ќе станевме најсиромашната европска држава со најефтина работна сила? ОБРАЗОВАНИЕТО НА ЕДЕН НАРОД ПО ДЕЛАТА СЕ ПОЗНАВА! А ние такви големи дела и постигнувања во последните дваесет години - немаме. И да сме имале понекогаш по некој проблесок некаде, од фиљан поединец, сепак крајниот резултат е катастрофален и трагичен за целата држава. Затоа велам, нашето образование е голема измама која генерира само олош и дилетантизам погубен за општото добро на заедницата.
Дека вредноста на нашето образование е обезвредена, особено на високото, се гледа во бесмислената трка по факултетски дипломи и тоа во ситуација, кога секоја будала може да ги стекне. Стандардите се опасно девалвирани. Порано, на цел универзитет, се броеле на прсти од една рака оние кои имале просек 10 и тоа значело многу, а денес такви со просек 10 ги има десетици само на еден факултет. Доволно е да бидеш малку помалку ретардиран од останатите колеги и гарантирано ќе го имаш тој просек, што е апсурдно до имбецилност. Повеќе не постои никаков предизвик во стекнувањето факултетска диплома, кога секој може да ја има.
И тогаш што се случува кога осумдесет проценти од матурантите ќе се запишат на факултет зашто тоа е тренд промовиран од државата? Имате плејада дипломирани експерти од разни области кои работат како конобарки или шанкери по ноќни клубови и кафани. Нивните факултетски дипломи се дипломи за апсолвирана бескорисност. Е сега тука има една квака. Некои од нив го работат тоа зашто реално, толку им фаќа црпката, а останатите (кои се поретки) затоа што немаат партиска книшка и не можат да најдат работа по струката која добро ја изучиле. Како и да е... И едните и другите се изгубени го стари пари, со таа разлика што овие вторите се потрагични и од трагедиите на Софокле и Еврипид.
Кој само го смисли тој посран закон за задолжително средно образование? Некои просто не можат да направат разлика помеѓу книга и кавал, а ги гледаш матурираат на екстерно со оценка пет! Во стариот систем барем се знаеше. Имаше точно одреден критериум за оној кој може да стекнува знаења и академски титули и оние останатите. Па имаше тотално неписмени поединци, па такви со четврто одделение, луѓе со завршено основно училиште, вечерно или редовно, па следеа оние со гимназија, а по нив, оние факултетлиите и само ретко кој од овие последниве ќе станеше доктор на науки, ама тоа, дури по четириесетата година од животот, после десетина одбиени предлози за докторска дисертација. И не е за чудење кога еден некогашен средниста во стариот систем има далеку поголеми познавања од одредена област во однос на некој новопечен дипломец во истата област.
Пред неколку дена, во летниковецот пред зградата во која живеам, седев со неколку соседи, кога до нас седнаа две девојки, ги отворија тетратките и почнаа нешто да препишуваат во нив, од мобилните телефони. Не ми додржа срцето па ја прашав едната што препишува. Одговори дека препишува обработка на лектирата Чичко Горио, зашто немала време да ја прочита. Аха, реков, а тоа е некоја страна на интернет на којашто качуваат обработени лектири. Неееее, препишувам од блогот на една наша професорка која сама ги обработува лектирите и ги качува на својот блог. Од таму сите препишуваме, кога немаме време да прочитаме некоја лектира, па после професорката бара на час да ги прочитаме оние делови кои ни оставиле најсилен впечаток. Ете така рече средношколката од трета година во она училиште кое порано го викавме ГУЦ. Мене и на соседиве од зграда уши ни клапнаа кога слушнавме што зборува. Е после пола саат ја завршија домашната задача во летниковецот и отидоа на час. Лесно, лесно, интересно. А да, другата девојка патем се пофали дека планира да се запиша на архитектура штом матурира. Сега ми е совршено јасно дека изворот на ова архитектонско псеудобарокно лудило кое мојот роден град го направи објект на потсмев ширум светот, најверојатно доаѓа од оние кои немале прочитано ниту една лектира од Балзак, Молиер, Достоевски или Ремарк кога биле гиманзијалци.
Да резимирам. Големата опседнатост на власта со образованието и знаењето нема никаква друга цел, освен комерцијална и идеолошка. Знаењето за неа е тотално неважно. Затоа, ако веќе излегувате осакатени со диплома од некој наш селски или државен универзитет, немојте веднаш да трчате по нова, зашто со тоа само учествувате во измамата на системот и ѝ давате лесно оправдување на власта за нејзиниот економски дебакл и армијата невработени млади луѓе. Толку од мене. Поздрав, благодарам и довидување.        
Сашо Тасевски
10-02-2016, 01:54 PM
Reply