Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВАЛУТЕН БОРД
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Хари Костов: Да се формира валутен борд во кој ќе седат и странски експерти и широка влада под постојан мониторинг на ЕУ


4.01.16 

Во изјава за Нова Македонија поранешниот премиер и актуелен главен извршен директор на Комерцијална банка А.Д. Скопје, предлага, како што ги нарекува, „радикални“ решенија за излез од политичката криза.
[Image: hari-kostov.jpg]
– Дали постои и каде е излезот од актуелната политичка криза? Како и во многу потешки кризи што се јавуваат насекаде во светот, теоретски секогаш постои излез. Но практично, во наши услови, нема ниту малку политичка волја, ниту лидерство, ниту демократски капацитет таа да се реши. Дејствувањето на главните политички партии доведе до такви поделби, не само меѓу партиите, туку и кај обичните луѓе и борби за лични интереси, што веќе не постои демократска дискусија или борба на различни идеи и концепти. Напротив, секој обид за аргументирана дискусија веднаш се етикетира како да е од некој сдсмовец или вмровец, од патриот или предавник, јазикот на омразата е доминантен, нема доволна критична маса кај граѓаните, притисокот на јавноста е недоволен, се истоштуваме во секојдневни тривијални прашања и подметнувања, никој не работи на остварување на стратегиските цели.
Во услови на такви поделби и поради сплет на различни околности, не очекувам дека денешните политички партии и елити, кои се и основни носители на корупцијата, можат да нѐ извлечат од актуелната криза. Само крупни промени во свеста на политичките елити, но и на мнозинството граѓани, можат да ја придвижат Македонија во правилна насока. Затоа и моите размислувања за излезот од кризата се мошне радикални и, знам, неприфатливи за политичките партии и ќе бидат предмет на различни напади.
Мора да се создадат инструменти, нови институции што ќе го одземат „суверенитетот“ врз јавните финансии од власта и ќе функционираат со консензус (за задолжувањето и извршувањето на буџетот), нешто како домашен валутен борд или фискален совет, во кој ќе седат и експерти од меѓународни финансиски институции, со право на одлучувачки глас. Да се формира влада на широка коалиција, без учество на компромитирани личности, чија политика ќе биде под постојан мониторинг на ЕУ во процесот на создавање европско законодавство и практики, со силни контролни механизми.
За да се неутрализира внатрешниот непродуктивен судир, неопходен е авторитетот на меѓународните партнери за обезбедување јасна патека на политичките и финансиските текови. Впечатокот дека се заговара протекторат е помало зло од „суверенитетот“ на неодговорните политички елити, кои ја поткопаа иднината на државата. Тоа е пораз за сите нас, но, за жал, јас така размислувам. Во спротивно, ќе продолжат политичките поделби и омрази, а Македонија незапирливо ќе оди кон сценарио на економски и финансиски колапс – вели Костов во изјава за Нова Македонија.



Quote:На Македонија не ѝ треба Валутен борд, туку расчистување со криминалот

јануари 8, 2016
Валутниот борд не може да ги решава економските проблеми, а притоа да не бидат санкционирани сите оние кои   од државата по тајни канали испумпаа  5 милијарди евра. Нема спасоносни макроекономски политики кои можат да ги имплементираат   економските умови ако во државата е нормално „без страм и перде“ да узурпираш пари на народот и притоа да не сносиш никаква одговорност. Се‘ додека не се одземе нелегално стекнатиот имот од оние кои тоа го направиле и не се создаде клима дека таквата практика нема да се толерира, нема експерти кои ќе помогнат да се надминат неповолните  економски состојби. Ништо нема да има од економското опоравување на земјата се‘ додека директно инвлвираните во овие криминали со државни пари, кои и да се, се на слобода, и се‘ дотогаш, не Кругман, не Рубини, па и двајцата заедно,  нема ништо да помрднат кон подобро во поглед на подобрување на економската состојба во која се наоѓа државата. Нашата економија веќе десетина години е нападната од криминална структура која како што обзнани американски институт од државата изнесе скоро два годишни буџети на РМ. И после едно вакво сознание кое не е правено од соросоиден институт, станува јасно дека нема нови институции кои можат да ни помогнат да се извлечеме од калта освен да се воспостават институциите на правната држава. Тоа е приоритет. А за тоа треба да се изврши „узурпација на узурпаторите“.
Мислам дека, во овој момент, предлогот да се воведе Валутен борд исклучително им одговара на „кабаетлиите“, затоа што со тоа главниот проблем се лоцира во макроекономското управување со парите во земјата. А во земјата, според Гувернерот на НБРМ, тоа не е проблем. Македонија 18 години има стабилен девизен курс на денарот и релативно стабилни цени во земјата. Тоа значи дека горе-долу на Македонија не и‘ треба Валутен борд, иако тоа не значи оти се согласуам дека и НБРМ нема никаква одговорност за  расулото во економијата. Но, за тоа друг пат. Во овој контекст, евентуално, за во иднина, би можело да помогне формирањето и функционирањето на некаков фискален совет со цел  за да се упристојат буџетските трошења и буџетската потрошувачка  да биде во функција на развојот.
Валутниот борд никако не може, односно нема начин да се справи со досегашните проблеми на корупцијата и другите криминали, со партизацијата на институциите и бројните нерегуларности во вршењето на власта. А, пред се‘, поради  нив  македонската економија и животниот стандард на македонскиот народ се најдоа на  ова дереџе.  Тој може и да се формира, но, ако ништо друго не се промени, негативните појави и однесувања можат непречено да продолжат.
Оттука, прво, тие, „кабаетлиите“   би сакале критиката да се насочи во правец дека  лошо ја воделе економијата, отколку дека ја краделе економијата. Второ, со евентуалното воведување на валутен борд веднаш се врши дефокусирање од главниот проблем, значи силите се насочуваат кон изнаоѓање на правилни економски политики кои ќе ја извадат земјата од економските проблеми, а не се детектира и не се отвора „војна“ со вистинскиот виновник за урнисување на државата. И трето, со самиот факт што ќе се фокусираме во изнаоѓање на независни експерти кои ќе треба да ја оправат ситуацијата под капата на меѓународнот фактор, им се остава време на криминалците да се евакуираат, што персонално што материјално.
Со нудењето други решенија се бега од суштинскиот проблем. Се отупува острицата за трајно решавање на проблемите во насока  никому во иднина да не му текне да го будали народот дека посветуваат невидена грижа за него, а во суштина го осиромашуваат и го водат во амбис. Не смее да се заборави дека во државата никогаш нема да се подобри економската состојба, доколку претходно не се смогнат сили да се отстрани метастазираното криминално ткиво. Отткако тоа ќе се отстрани, дури потоа може да се зборува за Валутни бородови и Фискални совети, независни експерти надгледувани или не од надворешниот фактор и дали и колку таквата позиција е протекторска. А можеби тие и нема да ни требаат доколку законодавните и правосудните институции совесно, независно и одговорно почнат да си ја вршат својата уставна улога. Да не забораваме дека мафии има во секоја држава, меѓутоа, кај нас треба да се симнат сомневањата дека мафијата си има држава. Без тоа со ништо не може да се направи ниту чекор напред.
Во оваа насока само слепците и глувите не можат да видат дека вината за таквата состојба е директно кај  политичките елити кои во изминатите години немилосрдно бараа начини како во името на народот да ги остварат своите лични цели и целите на врхушките на партиите на власт. Да не се лажеме, проблемот на Македонија е многу поголем од само економски, и затоа се‘ додека не заигра „затворот“, што подразбира санкционирање на сите оние кои се огрешиле во името на народот, се‘ дотогаш е второстепено да се бара „лек“ во Валутен борд или Фискален совет. Барем додека не се расчисти теренот за нормално функционирање на уставните институции.
Д-р Крсте Шајноски

FAKTOR
08-01-2016, 01:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote: Гошев: Фискален совет не може да и по могне на апашка економија



10 јануари 2016
„Домашен“ фискален совет не би функционирал. Тие што би го избрале не би избрале личности со интегритет и не би им дале  овластувања со кои би си го суспендирале своето политичко влијание и моќ, вели поранешниот гувернер Петар Гошев во анализата во „Слободен печат“.
„Така е до сега, зошто би правеле нешто друго? Затоа идејата на Костов е фискален совет доминиран од странски резиденти - експерти. Преку вториов случај би можело да се составуваат буџети кои ќе водат сметка за ненарушување на финансиската стабилност преку каналот на јавните финансии, под претпоставка таквиот совет да го има крајниот збор за обемот на расходите и приходите, што значи и за големината на буџетските дефицити, односно домашното и странско задолжување, a не Парламентот на РМ.

Но, вториов случај (фискален совет доминиран од странци) не значи само суспендирање на дел од најважните функции на  Парламентот, туку и пренесување на дел од посредуваниот граѓански суверенитет на странски државјани - де јуре и де факто,  што и самиот Костов го нагласува. Имено, идејата поаѓа од фактот дека домашните политички гарнитури не можат сами да решат ниту едно битно прашање за функционирање на државата, па така зошто и за ова прашање, едно од клучните за финансиската  стабилност, да не одлучуваат странците?

Сепак мислам дека работата е посложена. Ако фискалниот совет (доминиран од странци, со по некој наш домашен фикус заради  уметнички впечаток) се формира и добие одлучувачки збор за, на пример, обемот на приходите и расходите, со тоа и за потенцијалните дефицити, односно домашно и странско задолжување, остануваат бројни други, не помалку важни прашања за функционирање на јавните финансии, во рацете на политичката власт добиена на парламентарни избори, без чие успешно совладување и третирање нема да ги совладаме денешните будалаштини и арамилаци на товар на јавните пари.

Имено, фискалниот совет нема да одлучува за тендерите преку кои се крадат јавните пари и добар дел од нив се изнесуваат надвор од државата. Фискалниот совет нема да одлучува дали да се градат споменици, да се садат врби, да се градат тркала во фекалиите на Вардар, дали субвенциите ќе завршат кај Миленко, Пиленко, Багабундо и слични; Фискалниот совет нема да одлучува какви видови даноци ќе плаќаат граѓаните и фирмите - номинално еднакви за сите, преку што, покрај останатото, се произведува денешнава огромна социјална нееднаквост и се стимулира иселувањето од земјата, или пак прогресивни, во зависност од економската моќ со кои се обезбедува поголема социјална правичност; Фискалниот совет нема да усвојува закони а со нив, како што знаеме може, односно се дерогира и најдобро смислена фискална политика, итн. Фискалниот совет нема да одлучува колку даночната полиција ќе им земе пари на фирмите пред изборите и колку од нив ќе затвори само затоа што „не биле нивни“, не биле со власта; Фискалниот совет нема да одлучува дали со тајни договори и колкави износи ’државна помош’ ќе им се даде на странските компании од парите на домашните фирми и домашните резиденти; итн, итн...

Секако, ако некој сака да одлучи, може фискалниот совет да се овласти и за некои од спомнатите и бројни други не спомнати прашања, но тогаш треба да се напише целосно нов устав, кој нема да биде устав на Република Македонија, но ќе важи за наводната Република Македонија.

Со сето ова не велам дека некој вид фискален совет не може да биде од помош, барем во даденава ситуација. Но каков и да е, и тоа прашање зависи од политичката волја на сегашните политички сили во Македонија, поконкретно, од оваа збирштина на бандити што ја растураат државата по сите линии. Ако пак и оваа идеја зависи од волјата на странците, а ништо од нас самите, тогаш јас останувам на моето повторувано решение и главно барање упатено до странците: одлучувачки да помогнат апашите да одат во зандана, да бидат исклучени од изборниот процес, бидејќи и краделе безмилосно и лажирале избори колку им требало.

Така ќе го добиеме најуспешниот фискален совет. Со нив (со арамииве) ниту Господ, одново да не создава, нема да ни биде ништо од помош!“, анализира Гошев.
10-01-2016, 02:22 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,387
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#3

Од апашот Гошев и неговите чисти раце- коментар! Како за Грција да коментира а не за Македонија... у овија ли се крстите Јордане?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
16-01-2016, 02:24 AM
Reply