Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИСТРАГИТЕ НА СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБИНИТЕЛСТВО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Јанева му испратила обвинители на Владимир Талески


[Image: taleski1-1.jpg&h=auto&w=620&zc=1]

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева деновиве испратила обвинители од својот тим лично да ја истржуваат „бомбата“ поврзана со бесплатниот школски превоз во општина Битола.

Фокус 30 дек 2015, 21:39

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева деновиве испратила обвинители од својот тим лично да ја истржуваат „бомбата“ поврзана со бесплатниот школски превоз во општина Битола, дознава Мета.
Според изворите на Мета, обвинителите на Јанева од неколку училишта во Битола побарале документи, списоци и фактури колку ученици користеле бесплатен школски превоз во учебните 2009-2010 и 2010-2011 година. Нив ги интересирале бројот на ученици, километражата и цените на услугите.
Ова го потврдил и директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“, Драган Стојановиќ, кој рекол дека неколку обвинители од Специјалното обвинителство вчера го посетиле училиштето и  собирале докази за бесплатниот школски превоз.
30-12-2015, 11:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Заев бил прислушуван 311 пати од 2011 до 2014 година


објавено: 13.01.2016 11:00:00
[Image: tn1_20160110_144454_%20%D0%BF%D1%80%D0%B...%D0%9E.jpg]


Двата телефони што ги користел Зоран Заедв во периодот од 2011 до 2014 година биле прислушувани во 311 случаи. Барем така стои во материјалите, толку прислушувани разговори  му дале вработени во УБК на Заев. Специјалното јавно обвинителство треба да ги испита наводите за прислушуваните телефони на Заев, како еден од случаите за кои кривичната пријава до скопското обвинителство беше поднесена во февруари 2015 година.


Quote:Преку вештачење за прислушување на неколку телефони ќе се расчисти целата операција, во која според информациите на СДСМ изнесени во рамки на нивната „Вистината за Македонија“ биле опфатени 20 илјади граѓани.


[Image: %D1%81%D0%B4%D1%81%D0%BC%20%D0%BC%D0%B0%...D0%BE5.jpg]


Зоран Заев тврди дека Верушевски, според материјалите кои се доставени до обвинителството, требало само да ја потврди автентичноста на разговорите, како екс директор на ДБК да каже дали се сечени и лепени и кој може да има таква опрема за прислушување.
Заев, во првата пријава што беше доставена до обвинителството  за прислушувањето, посочува дека не може да го открие идентитетот на вработените во УБК кои ги доставиле материјалите, но доколку се создадат услови за тоа (тогаш не беше донесен законот за „свиркачи“) ќе може да го каже и тоа.  
Во август 2014 година, според информациите на „Сведок“, на Зоран Заев му биле предадени материјали од непознати лица вработени во УБК на МВР кои, според нивните тврдења, потекнувале од неовластено прислушување и тонско снимање.
Откако Заев ги преслушал материјалите, утврдил дека се работи за негови телефонски разговори кои биле неовластено следени и снимани.

Quote:Во пријавата по која треба да постапува обвинителството се тврди дека лицата му кажале на Заев дека бил сниман и прислушуван по наредба и со знаење на Сашо Мијалков, тогашен директор на УБК и на Горан Груевски, началник на Петтата управа на УБК. Следењето и снимањето било од мај 2011 до 2014 година.

Интересен детаљ во оваа приказна е што Зоран Заев кој се јавува како оштетен, го предлага за сведок Зоран Верушевски, екс директор на ДБК, за да потврди дека Заев од него барал стручно мислење за да се утврди автентичноста на материјалите и кој можел да го прислушува.

[Image: %D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2%20%D0%BF%D1%83%...%D0%B5.jpg]

Зоран Заев за да ја провери автентичноста и веродостојноста на материјалите, го контактирал Зоран Верушевски.
Откако Верушевски ги чул материјалите го известил Заев дека според неговото стручно знаење материјалот е веродостоен и автентичен и не е можно прислушување и тонско снимање на телефонски разговори преку мобилни телефони во тој обем без учество на МВР и УБК во таквата операција, откриваат за „Сведок“ извори од истрагата.
Со оваа пријава за кривично дело „Неовластено прислушување и тонско снимање“ се  опфатени Сашо Мијалков, Горан Груевски и НН лица од УБК кои учествувале во прислушувањето.
Од обвинителот се бара да ангажира странска институција која ќе подготви вештачење за тоа и као прислушувал, да ја утврди одговорноста на телекомуникациските оператори за да се види дали тие ги презеле сите мерки за заштита на корисниците, како што е предвидено во законот за следење на електронските комуникации.
Quote:Се бара вештачењето да утврди дали во УБК-МВР се регистрира секој влез во системот на прислушување, дали трета страна од надвор може да упадне во системот, дали некој се обидел да упадне во телекомуникациските системи на операторите и ако имало таков случај дали тоа е сторено од македонска служба или од трети лица и од каде.

[Image: puc%281%29%281%29.png]

За овие детали Заев и Верушевски беа повикувани на сослушување во Основното обвинителство во Скопје, но сега, по преземање на предметите во Специјалното обвинителство тие се очекува повторно да бидат повикани и распрашани.    


SVEDOK
13-01-2016, 10:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ПУЧ одложен, судот не му ги дава доказите на специјалното обвинителство



14.01.2016 10:59:00
Судењето против лидерот на СДСМ Зоран Заев, екс директорот на ДБК Зоран Верушевски и другите обвинети во „Пуч“ е одложено за почеток на март на барање на Специјалното јавно обвинителство
На денешното судење се појавија јавните обвинители Катица Јанева и Ленче Ристевска и побараа одлагање на судењето, бидејќи не успеале да извршат увид во доказите на предметот.
 
Quote:[Image: katica%20vo%20sudnica.jpg]-Бараме од судот да ни овозможи услови, посебна просторија и пет работни дена, за да може комплетниот тим на Специјалното јавно обвинителство да изврши увид во доказите или да ни ги достави комплетните списи од судскиот предметот- рече Јанева пред судот.

Според судијката Љубинка Башевска, судот нема законско право да му ги даде материјалите на располагање на обвинителството бидејќи е странка, но ќе им овозможи да дојдат и да направат увид во предметот.
-Обвинителката Ленче Ристовска на 29 декември дојде во судот и направи увид во предметот и ме извести дека има многу докази кои не може да се разгледаат за кратко време. Затоа побаравме 5 работни дена, од 25 до 29 јануари да извршиме увид. Според новиот ЗКП доказите треба да бидат кај обвинителот, не ни е јасно зошто судот не ни ги дава, но ние ќе постапуваме по напатствијата на судот – изјави Јанева.

Quote:Во судница се појавија сите обвинети и не се противеа на барањето на Специјалното обвинителство за одлагање на судењето. Следното судење е закажано за 2 март.


[Image: katica%20i%20zaev%20pred%20sud.jpg]

Ова е прво појавување на специјалните обвинители на судење за „Пуч“ по преземање на предметите кои се поврзни со нелегалното прислушување. Двете обвинители денеска дојдоа половина час пред почетокот на судењето во судот.




14-01-2016, 05:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Јанева утре на „тапет“ во Советот на јавните обвинители

 
[Image: goran.jpg]
Горан Наумовски

13:49 20 јануари 2016
Советот на јавните обвинители утре во 11 часот ќе ја започне седницата на која тема на дневен ред е стручноста и постапката на специјалната обвинителка Kатица Јанева, за која како што дознаваме ќе треба самата, а потоа и Советот да одлучи дали постапила според правилата при примањето на материјалите од „бомбите“ кои пред повеќе од една недела и ги предаде лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Претседателот на Советот денеска за Плусинфо потврди дека утре ќе разговараат на таа тема. Јанева ќе треба да донесе документ за примопредавање и како постапило СЈО во однос на административното водење на предметот, односно дали има записници за се. По одговорот и известувањето на Јанева, Советот ќе треба да се изјасни дали таа постапила законски или не.





Почна да функционира правната држава.  Lazgo  Ама по се само кога нешто не е по волја на бандата на власт. Јас поздравувам овој потрег ама зошто советот досега молчеше  и не покрена седница на која ке ја разгледа стручноста на Зврлевски?
(This post was last modified: 20-01-2016, 02:25 PM by ЈорданПетровски.)
20-01-2016, 02:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Јанкулоска пријавена за: „човечиња, палење кафани, тепачки на избори, одземање лични карти“




[Image: tn1_20160202_125613_%201.jpg]


02.02.2016

Против Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи беа поднесени десетина кривични пријави по кои сега постапува Специјалното јавно обвинителство, а се однесуваат на злоупотреби за време на изборните процеси, за незаконско издавање на лични карти и за злоупотреба на функцијата.
Јанкулоска и Ставрески беа и најмногу експонирани во снимените разговори кои беа објавувани од страна на опозицијата.
„Сведок“ ви нуди преглед на кривичните пријави што се поднесени против Јанкулоска поединечно или заедно со други министри, вклучувајќи го и екс премиерот Никола Груевски.

Quote:Гордана Јанкуловска заедно со Миле Јанакиески и Никола Груевски во едната пријава е осомничена за фалсификување на исправа и повреда на избирачко право.

[Image: %D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%...%D0%B5.jpg]

На крајот на 2012 и почетокот на 2013 година, Јанкулоска, Јанакиески и Груевски со луѓе од МВР, на лица кои не живеат во Македонија им определиле фиктивни адреси на живеење во непостоечки објекти, во приватни објекти или во објекти кои биле сопственост на Република Македонија но не се за живеење и спротивно на Законот за лична карта, на повеќе локации во Република Македонија дозволиле лица вработени во МВР да испечатат лични карти и да им овозможат на тие лица да гласаат.
Гордана Јанкуловска како министер за внатрешни работи пак, ваквите податоци ги доставила до Државната изборна комисија која ги внела во единствениот избирачки список и тие лице гласале на локалните избори во 2013 и на претседателските и парламентарни избори во 2014 година.
Со оваа пријава се бара одговорност на Груевски, Јанкулоска, Јанакиески и на вработени во МВР кои ги печателе личните карти со лажни податоци. Кон оваа пријава се приложени имотни листови дека не станува збор за приватен имот на кој се издени адресите и личните карти туку деловен простор. Кон оваа пријава дополнителен доказ се и пресудите на Управниот суд кој ги одбил приговорите во текот на изборниот процес наведувајќи дека тие лица можеле да гласаат бидејќи имале адреси (престојувалиште, живеалиште) и биометриски лични документи.

Quote:При издавање на личните карти, биле впишувани од 10 до 50 луѓе на една адреса.

Со друга пријава се опфатени Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ и Мирослав Јовановиќ вработен во секторот за информатика на Македонски Телеком. Во таа пријава се тврди дека Кирил Божиновски ја поттикнал Јанкуловска во 2013 година да ја злоупотреби својата положба како министер за внатрешни работи и да му даде адреси на голем број на луѓе од системот на МВР,  на кои потоа службени лица од МВР им наложувале да гласаат за ВМРО ДПМНЕ.
Кирил Божиновски и Гордана јанкуловска во првиот квартал од 2013 година побарале од вработениот во Телеком да им обезбеди адреси на живеење за луѓето кои биле нивен интерес, и откако од базата на Телеком ги добиле овие податоци, вработени во МВР ги наоѓале лицата и им кажувале дека треба да гласаат за ВМРО ДПМНЕ. За овие дејствија се бара одговорност за Јанкуловска и Божиновски за злоупотреба на службената положба и за злоупотреба на лични податоци.

[Image: jankuloska_g11.JPG]

Гордана Јанкуловска заедно со Трајко Вељаноски се осомничени дека ја злоупотребиле службената положба, со тоа што на барање на Вељаноски влијаела да се ослободат лица кои биле приведени во Полициската станица Ѓорче Петров во текот на локалните избори во 2013 година.

Quote:Екс министерката Јанкулоска заедно со Мартин Протуѓер е пријавена и за злоупотреба на службената положба со тоа што дозволила вработени во МВР, СВР Скопје неовластено, со злоупотреба на полициските овластувања да учествуваат на локалните избори 2013 година во Охрид.

Отсуството на полицајците било спротивно на закон, без никаква наредба, а по барање на Мартин Протуѓер Јанкулоска одобрила нивно заминување.  Полицајците спротивно на закон работеле по налог на Протуѓер, предизвикале инциденти во кои лица се здобиле и со телесни повреди.
За овој настан е поднесена уште една кривична пријава против Гордана Јанкулоска и Анета Станчевска помошник министер за внатрешна контрола, на која Јанкулоска и наредила а Станчевска спровела постапка во која полицајците кои предизвикале инциденти за време на изборите во Охрид биле прогласни за „чисти“, а тие кои биле претепани заработиле пријави дека ги нападнале полицајците.

Quote:[Image: %D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%87%D0%B5%D0%...%D0%B0.jpg]

За прикривање на настанот Јанкулоска и Анета Станчевска се осомничени за злоупотреба на службената положба.

Мартин Протуѓер и Гордана Јанкулоска се осомничени и за кривично дело „повреда на рамноправноста на граѓаните“ со тоа што по завршување на изборите двајцата се договориле да бидат отпуштени од работа повеќе луѓе, од полиција и од други органи, само затоа што имале политичка определба различна од нивната.
Јанкулоска е осомничена во друг случај и за Повреда на слободата на определување на избирачите, со тоа што наредила поголем број вработени во МВР на денот на изборите во 2013 година да бидат распоредени на работа надвор од нивното место на живеење за да ги спречи да гласаат.


[Image: %D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%...%D1%80.jpg]

Во периодот на изборите во 2013 година, Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски генерален секретар на Владата се осомничени и за Предизвикување на општа опасност и злоупотреба на службената положба, бидејќи на Ивица Тошевски, вработен во МВР дале наредба да се премести на пониско работно место од тоа на кое работел во МВР, па да го избркаат од работа. Потоа истражувале каде работи неговата сопруга, а се договарале да му ја запалат и кафаната, да го остават без ништо.
Во серијата пријави против Јанкулоска е и таа во која е осомничена дека заедно со Миле Јанакиески и Љупчо Димовски екс министер за земјоделие во 2013 година , присилувале луѓе да гласаат заканувајќи им се со недоделување субвенции, со давање пари за нега на трето лице, а вршеле притисоци врз Струмица табак за исплата на тутун.
Поттикнувале други лица да одат кај луѓе кои примале социјална помош и да прават списоци за исплата доколку гласаат за ВМРО ДПМНЕ, или пак им ги одземале личните карти за да не гласаат на изборите. Со ваквите дејства според пријавата Јанкулоска, Димовски и Јанакиески сториле кривични дела „повреда на слободата на определување на избирачите“.

[Image: %D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D1%83%D0%BB%D0%...%D0%B8.jpg]

Сите овие пријави се преземени и се во работа кај Специјалното јавно обвинителство, кое како што најави наскоро и ќе ги соопшти и одлуките.

Quote:Предметите поврзани со повреда на избирачкото право и изборите се први во работа на специјалните обвинители, а деновиве излегоа информации дека се повикувани сведоци кои треба да ги потврдат индициите содржани во прислушуваните материјали.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека има изјави од управните служби во МВР кои објасниле како ги издавалае личните карти без потребните законски услови, со наредба на претпоставени, кои побарале печатење на документите пред избори, а наводно подоцна ќе биле доставени и доказите за место на живеење, но тоа не се случило.
02-02-2016, 02:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Се отвораат истраги против актуелни судии за носење пресуди по „нарачка“



[Image: tn1_20160204_034847_vrhoven%20spomenik.jpg]


04.02.2016
Најмалку десетина актуелни судии и неколку поранешни или кои сега се на други функции се очекува да бидат опфатени со истрагата која треба да ја отвори наскоро Специјлното јавно обвинителство, по преслушување на разговорите од кои се слуша дека голем број пресуди биле донесени по „нарачка“.
Судски извори за „Сведок“ потврдуваат дека на големо се врти темата за новата истрага која не само што се очекува да го раздрма од корен судството, туку ќе биде и силен знак за тоа како ќе се водат постапките што ќе ги иницира Специјалното јавно обвинителство.

Quote:На „жица“ биле уловени повеќе скопски судии, но не заостанувале и тие низ цела Република, почнувајќи од поголемите судови, завршувајќи до Врховниот суд.


[Image: sk%202%20so%20spomenik.jpg]

За најмалку тројца судии на Врховниот суд се истражувале „нарачките“ добиени по телефон во неколку предмети, откриваат за „Сведок“ извори од истрагата. Во прв план станува збор за кривични предмети, од познати корупциски предмети, но во Апелационите, Управните судови и во Врховниот суд, „жешката“ линија работела и за стопански или граѓански спорови каде што се вртеле милионски суми.
Истрагите кои се очекува да бидат обелоденети наскоро за судиите, по дифолт треба да значат и повторување на тие постапки, бидејќи на снимките јасно се слушале наредбодавците кои по телефон диктирале висина на казни.

Quote:Во акцијата за расчистување со нарачаните пресуди биле фатени и членови па и први луѓе на Судскиот совет, кои од Скопје до Охрид на телефон, комотно наредувале каква пресуда да се донесе.

Во објавените „бомби“ кои сега се во рацете на специјалните обвинители, јавноста можеше да го чуе разговорот на Сашо Мијалков со судијката на Вишиот Управен суд Светлана Костова како се договара провизија за опремата набавена од Израел, ветувањата на екс претседателката на скопска Апелација Филимена Маневска дадени кон Влатко Мијалков и Драган Павловиќ Латас за решавање на предмети, изборот и местенките во Основниот суд Скопје 1, со судиите Софија Лаличиќ, Лидија Тупенческа Петреска, Виолета Арнаудовска, како и отчетот на Александра Зафироска од Судскиот совет кај секретарката на премиерот за тоа каде се распишува оглас и кој треба да стане судија.

[Image: sudsalteri.jpg]

Но, овие разговори биле само вовед во тоа што можело да се слушне дополнително на снимките. Во целосната слика се и разговорите на Јово Вангелоски екс претседтелот на Врховен кој бараше од екс министерот Миле Јанакиески да достави доказ за да го вметне во предметот бидејќи некој од судиите не сакал да гласа на докази во копија.

Quote:Снимките лоцирале и разговор во кој се тврди дека наводно судија на Врховниот суд физички се пресметал (му удрил шамар) на судија од понизок суд за донесена одлука.

Врз основа на тие снимки, на кои, како што посочува нашиот извор има и многу „гадни“ работа па доколку се докажат се очекува да се преотворат случаите „Ровер“, „Кампања“, „Ликвидација“, „Шпион“, „Монструм“ и неколку предмети со помалку обвинети, но сепак доста звучни и интересни за јавноста и за начинот на делење на правдата.

[Image: prisluskuvanje%202.jpg]

Дел од судиите биле повикани и им биле предочени доказите, што не било ни малку пријатно –посочува извор од истрагата.
Токму оваа акција за откривање на изречени пресуди по нарачка, повторно ја отвори медиумската лавина на напади кон специјалното обвинителство. Во текот на вчерашниот ден тие тврдеа дека судија кој бил викнат на разговор од специјалното обвинителство се жалел на третманот и поднел кривична пријава, но информацијата беше дементирана и од јавното обвинителство и од Судскиот совет, дека некој судија се жалел или поднел пријава.

Quote:Сепак, ваквите пишувања во целост ја потврдуваат информација за веќе почната постапка против судиите, како и фактот дека дел од нив биле веќе викнати на распит.

Доколку се бара притвор за судија одлука за симнување на неговиот имунитет носи Судскиот совет, а доколку судијата не се повика на имунитетот може да се води постапка и без вакво барање.
04-02-2016, 09:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Убиецот на Мартин Нешковски донесен на распит кај Катица Јанева



[Image: sjo-spasov-670x347.jpg]



Feb 04, 2016
Поранешниот полицаец Игор Спасов, кој до смрт го претепа Мартин Нешковски доцна попладнево беше изнесен од зградата на Специјалното јавно обвинителство, објавиАлсат-М.
Репортерите на телевизијата на терен забележаа и бројни полициски сили и возила кои барем еден час беа паркирани пред влезот во зградата каде работи Катица Јанева.
Од специјалното обвинителство немаат никаков коментар повикувајќи се на тајноста на предистражната постапка. За присуството на полициските сили, само кусо кажаа дека на распит е лице кое е на казна одлежување затвор.
Мартин Нешковски беше убиен во 2011-тата година на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ. За делото подоцна беше осуден Игор Спасов како единствен извршител. Но минатата година, во т.н. „бомби“, СДСМ обвини дека редица функционери на чело со Премиерот Груевски се обиделе да го прикријат случајот.
Според опозицијата, Спасов службено требал да биде на друго место, но надвор од сите процедури бил повикан да обезбедува во Скопје. Објавувањето на оваа бомба предизвика и големи протести, кои полицијата ги прекина насилно.
04-02-2016, 10:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:„МОНСТРУМ“ пред Специјалното обвинителство и пред Врховниот суд


[Image: tn1_20160206_200747_monstrum514.jpg]

06.02.2016 19:48:00
Специјалното јавно обвинителство почнало предистражна постапка за случајот „Монструм“, повикувајќи ги адвокатите и семејствата на обвинетите во случајов, дознава „Сведок“ од извори во обвинителството.
Предметот му бил даден во работа на обвинителот Трајче Пеливанов, кој како што брифираат изворите на „Сведок“ имал средби со роднини на обвинетите и со адвокатите на кои средби ги исслушал нивните тврдења „дека обвинетите во случајот Монструм не се тие кои го извршија убиството во близина на Смиљковското езеро“.

[Image: smiljkovsko-ezero--1-.jpg]

На адвокатите и на семејствата засега не им биле презентирани аудио разговори или докази кои произлегуваат од прислушуваните разговори, но според изворите на „Сведок“, обвинителот располага со дополнителни информации кои сакал да ги провери и преку семејствата и адвокатите и затоа ги повикал.

Quote:Истиот извор посочува дека семејствата и адвокатите биле изненадени од тоа колку информации имал обвинителот за случајот, што им дало надеж дека логистиката на обвинителот може да значи и пресвртница во предметот.

А, додека се очекува официјална одлука дали Специјалното обвинителство ќе се вклучи во „Монструм“ и во која фаза, адвокатите ја добиле пресудата на скопскиот апелационен суд со кој беше потврдена првостепената пресуда, доживотен затвор за обвинетите и поднеле жалба до Врховниот суд.
Во сите случаи, кога со пресуда е изречена казна доживотен затвор, осудените имаат право на редовна жалба до Врховниот суд, кој одлучува во трет и конечен степен.


Quote:[Image: monstrum514.jpg]

Адвокатите во жалбите  испратени до Врховниот суд ги наведуваат сите пропусти во пресудата кои ги изнеле и пред Апелациониот суд.

Пресудата за „Монструм“ се уште не била стигната до Вишото обвинителство во Скопје. По комплетирање и на евентуалниот одговор на жалба од обвинителството, скопскиот суд треба да го прати предметот во Врховниот суд.
Во „Монструм“ на доживотен затвор беа осудени Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сами Љута, за кривично дело „тероризам“ како соизвршители, а Хаки Азири како помагач во кривично дело „тероризам“.
Првостепениот суд пресудата за „Монструм“ ја донесе на 30 јуни 2014 година, а апелациониот на 14 декември 2015 година.

[Image: Protesti-monstrum-15-Custom.jpg]

Масакрот кај Смилковското езеро каде што бие убиени млади момчиња и рибар беше во април 2012 година. Родителите на момчињата кои беа убиени кај Смилковското Езеро останаа незадоволни и од одлуката на Апелациониот суд  за обвинетите во случајот „Монструм“. Тие сметаа дека сè уште не се кажани сите работи околу ова монструозно убиство.  Родителите на убиените момчиња се сомневаа дека високи фукнционери се вмешани во убиството на нивните деца.
Одлуката на Специјалното обвинителство ќе биде донесена во многу чувствителна фаза од постапката, бидејќи, правно не е јасно како ќе може да се вклучи ова обвинителство во постапката: дали по жалба пред Врховниот суд, или пак би донело одлука за повторување на постапката и што со веќе правосилната пресуда која постои?


[Image: geskoska.jpg][Image: Protesti-monstrum-7-Custom.jpg]
 
Лидерот на СДСМ Зоран Заев, десетици пати повтори дека има снимки и за „Монструм“, но тие не беа објавени ниту доставени до адвокатите или до судот во текот на постапката, што предизвика големо незадоволство кај сите кои на било кој начин имаа врска со предметот, но и кај сите кои очекуваат вистината да излезе на виделина, доколку има друга вистина, различна од таа која ја туркаше јавната обвинителка Гордана Гешкоска заедно со врвот на МВР.

Quote:Незадоволни поради судењето во „Монструм“ низ скопските улици имаше повеќедневни протести  од страна на претежно млади групи Албанци кои завршуваа со насилство кон судот и попатни објекти во градот, оштетување на возила, автобуси, стакла на судот, за што беа иницирани и кривични и прекршочни постапки против учесниците на протестите.
07-02-2016, 12:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:СЈО: Побаравме притвор за осомничени лица за изборен криминал!


Поранешни министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, заедно со други лица, го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група, за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите, како и да интервенираат во избирачкиот список во корист на апртијата од која доаѓаат, истакнаа од Специјалното јавно обвинителство.

[Image: katica.jpg&h=auto&w=620&zc=1]

Фокус 12 фев 2016, 12:14

Специјалното јавно обвинителство отворило истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори, уништување на изборни материјали и злоупотреба на средства за изборна кампања, информираа од СЈО на денешната прес-конференција.
Обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека постои основано сомнение оти поранешни министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, заедно со други лица, го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група, за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите, како и да интервенираат во избирачкиот список во корист на партијата од која доаѓаат.

- Луѓе влегувале во избирачкиот список на незаконски начин. Прво биле фотографирани на едно место, а добивале лична карта на друго место. Добивале матични броеви, а не станува збор за новороденчиња. Дури отпосле обезбедувале живеалиште или престојувалиште, а нотари заверувале договори за закуп надвор од процедурата – објасни Фетаи.

Обвинителката Ленче Ристова, пак, истакна дека во рамки на оваа акција под кодно име „Титаник“, барања за притвор како мерка на обезбедување на одредени лица биле доставени во текот на денешниот ден, но таа додаде дека не може да ги открие идентитетите на овие лица во оваа фаза на постапката.

- Досега од слобода беше лишено само едно лице со двојно државјанство – рече таа без да го открие неговиот идентитет, иако некои медиуми објавија оти се работи за градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко.

Шефицата на СЈО Катица Јанева рече дека имаат поддршка вос војата работа не само од правната струка, од судии, адвокати и обвинители, туку и од целата меѓународна заедница и демократски свет.
12-02-2016, 12:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Јанева: Прва акција на СЈО „Титаник“, нема да ме замолчат 





 13:28, 12/02/2016

Специјалното јавно обвинителство отвара постапки за десетина кривични дела од областа на изборите и гласањето, слободите и правата на човекот и граѓанинот, општата сигурност и имот, како и кривични дела против службената должност и државата.
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева кажа дека доминираат кривичните дела против изборите и гласањето, бидејќи СЈО смета дека значајно е да се согледаат сите начини на кои се делувало врз изборите, а со цел во иднина да се спречат злоупотреби и нови кривични дела.

Quote:– За да може СЈО поуспешно и на време да ги изврши поставените задачи, неопходни се следниве мерки, по итна постапка да се дополни Законот за заштитен сведок од гледиште на потребите на СЈО, судските процеси пред редовните судови од надлежност на СЈО да се предадат на СЈО без отпор и одоговлекување. Секој вид отпор ќе биде нотиран во Изввештајот на СЈО што се изготвува на шест месеци и што се доставува на увид на Собранието на Република Македонија и Советот на Јавните обвинители на Република Македонија да се придржува стриктно за важечката законска регулатива и целосно да ја почитува автономијата на СЈО. Опструкцијата ќе продолжи, но ја уверувам јавноста дека истата нема да има негативен ефект врз работата на СЈО, рече Јанева најавувајќи ја првата акција на СЈО, „Титаник“.

Јанева кажа дека СЈО нема да подлегне под притисокот од одредени политички партии и конструираните кривични пријави против неа и соработниците од обвинителството, како и дека се чувствува слободна бидејќи на нејзина страна се Уставот, законите и поддршката од граѓаните.

Quote:– Макар сите да молчат, јас нема да молчам. Сите ме охрабруваат и јас да бидам храбра и исправено да стојам пред бурите и ветриштата што му се спротивставуваат на Специјалното јавно обвинителство уште од самиот почеток на неговата работа. Ме охрабрува и подршката на меѓународната заедница. Поддршката е доказ дека нашата борба не е само наша, туку е и борба на целиот демократски свет, вели Јанева.

Таа кажа дека има поддршка и од правната струка, од истакнати судии, обвинители и адвокати, како и дека тимот на СЈО е отворен за соработка со познати авторитети од областа на судското право и уставното право. Според неа, и правната наука има што да научи од СЈО, особено кога е во прашање границата помеѓу приватноста и јавниот интерес и нивните меѓусебни односи.

Quote:– Зарем некој може да биде рамнодушен кога го чита ,,Извештајот на Прибе“ од мај 2015 година, особено делот во кој се зборува за притисокот и недовербата во јавното обвинителство и судството, вели Јанева.
Bravo Bravo Se_klanjam Se_klanjam
(This post was last modified: 12-02-2016, 01:37 PM by ЈорданПетровски.)
12-02-2016, 01:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Фатиме Фетаи: Никој нема да биде поштеден што правел криминали 


12/02/2016 
[Image: %D0%A4%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%B5-%D0...85x320.jpg]

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи образложувајќи го предметот за изборен фалсификат кажа дека никој нема да биде поштеден, а цел на предистражни дејствија се и гласањето во дијаспората и конзуларните претставништва.
Во овој предмет после огромен број на предистражни дејствија, врз основа на огромен број на индиции и се разбира докази, произлезе основано сомнение дека одредена група на луѓе, на кои нема да ги откријам идентитетите, искористувајќи го своето реално влијание и службена положба, а заради понатамошно опстојување на власт на партијата, и на локално и на државно ниво и особено заради нивни непосредни привилегии од практикување на власта, создале група, која имала за цел вршење на кривични дела против изборите и гласањето или во превод преку целокупното криминализирање на изборниот процес, освојување на власт, рече Фетаи.


Дејствијата кои денеска ќе ви ги презентирам за кои постои основано сомнение дека се сторени од овие лица во целост се поистоветуваат со дејствија предвидени во кривичниот законик како кривични дела за кои законодавецот предвидел затворски казни.
Поради ова отворена е истражна постапка против повеќе лица за кривични дела: Злосторничко здружување од чл.394 од КЗ, Повреда на избирачкото право од чл.159 од КЗ, Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 од КЗ, Поткуп при избори и гласање од чл.162 од КЗ, Уништување на изборен материјал од чл.164 од КЗ и Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања од чл.165-а од КЗ
Со цел да бидам прецизна ќе прочитам дел од дејствијата на злосторничкото здружување.
Имено, во 2012 година, осомничените кои имале својства на министер за внатрешни работи, министер за транспорт и врски и секретар на Владата на Р.Македонија, сите членови на извршен комитет на партија, заедно со други, засега непознати лица, искористувајќи го своето реално влијание и службена положба, а заради понатамошно опстојување на власт на партијата, и на локално и на државно ниво и особено заради нивни непосредни привилегии од практикување на власта, создале група, која имала за цел вршење на кривични дела против изборите и гласањето, а за кои кривични дела може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна. На истата група по создавањето припадници станале другите осомничени лица, сведоци и други засега непознати лица, на начин што дел од осомничените и други засега за истрагата, непознати лица, заради победи на изборите на политичката партија, сочиниле план, да на противзаконит начин им овозможат на повеќе лица да користат избирачко право, кои дејствија според планот би се реализирале преку службените лица, вработени во Министерството за внатрешни работи на РМ и лица кои директно ќе врбуваат и носат лица од странство со реализација преку одделот за информатика и телекомуникации на МВР, потоа преку насилство и други противправни дејствија во текот на изборната кампања и самите изборни денови да влијаат на начинот како да се врши избирачкото право и да спречуваат вршење на избирачко право, во изборниот процес на лица со избирачко право да нудат, дават и ветуваат подарок или друга корист со намера да ги придобијат како да го вршат избирачкото право и да користат незаконски средства за финансирање на кампањата, кој план го прифатиле останатите осомничени, сведоците и други засега непознати лица, при што во рамките на групата и создавачите и припадниците имале конкретна улога, кои улоги се детално опишани во наредбата а спроведување истражна постапка.
Од ова произлегува дека се работи за целосна криминализација на изборниот процес, со незаконско издавање лични карти и вметнување во избирачкиот список на лица кои по никој основ несмеат да бидат. Имено, некои лица се фотографирани во еден град, а лична карта добиле во друг град, односно во општина Центар, се разбира и во избирачкиот список се таму, и гласале, потоа определени се 15000 нови матични броеви, тука да не стане забуна, не се работи за новороденчиња, изготвени се 35000 лични карти кои не се подигнати од барателите, и никој незнае зошто стојат во МВР, имаме и 60000 нови македонски државјани, а што се однесува до дијаспората и улогата на конзуларните претставништва, за неа ќе се отвори посебен предмет, што би рекол почитуваниот г-дин Прибе.
Меѓутоа, ова не е единствениот начин на кој е влијаено врз изборниот процес. Применувани се и други методи како насилства, поткупи, злоупотреба на државни капацитети за партиски цели, злоупотреба на медиумите, злоупотреба на јавните фондови и незаконско финансирање на изборната кампања. Сите овие дејствија како што наведов законодавецот ги третирал како кривични дела против изборите и гласањето и за сите постои основано сомнение дека се сторени од конкретни лица.
Најпрвин ќе почнам од Министерството за внатрешни работи, и неговата улога во целокупната криминализација на процесот.
Министерот за внатрешни работи ја впрегнал целокупната, и човечка и техничка инфраструктура за да го состави избирачкиот список по волја на интересите на партијата од која доаѓа. Избирачкиот список да не стане забуна, по закон го води ДИК, меѓутоа податоците во истиот, речиси во 90% се податоци кои потекнуваат од службите во МВР. Се разбира дека тука се вклучило и Министерството за правда преку матичните одделенија, меѓутоа кај нив дејствијата сеуште се во фаза на основи на сомнение.
Конкретно, кога се јавила потребата за нови сигурни гласачи Министерот за внатрешни работи ангажирал голем дел од капацитетите и подредените ги погазиле сите закони, правилници, упатства за работа за постигнување на таа цел.
Одеднаш системот на МВР почнал да работи во обратна насока, прво фотографирање за лични карти и со тоа влегување во системот на лични карти, па системот на информатика си ја завршил работата и со тоа имаме нови гласачи во избирачкиот список, а отпосле живеалиште за тие лица. После вметнувањето во системот на МВР за лични карти, а со тоа и во избирачкиот список, апсолутно е небитно што на дел потоа им изготвиле лични карти, на дел не, а некои си носеле на гласање и си гласале и со патни исправи, на кои живеалиштето им е на друго место, но бидејќи во избирачкиот список се запишани со новото живеалиште, изборните органи им дозволувале да гласаат.
Дополнителен товар имале полициските службеници и командирите на полициските станици како да покријат живеалиште на тие лица, кои ниту живееле, ниту живеат, ниту има можност да живеат на тие адреси.
Голема улога во целиот процес имале и одредени нотари, кои заверувале договори за закуп без никаков правен основ.
Сепак, има многу од полициските службеници и управните служби и кои одбиле да ги реализираат овие незаконити дејствија, затоа и добиваме силна верба во можностите на оваа држава.
На крај огромен дел од финансиската поддршка за сето ова е обезбедена преку незаконити и непријавени извори.
Да напоменам дека против определени лица е предложена мерка притвор како најстрога мерка за обезбедување присуство, акцентот на мерката е поради основан страв дека ќе се врши влијание на сведоците и соучесниците, за што поднесовме и докази дека веќе се вршело такво влијание, а за некои од лицата и по другите основи, особено заради сериозна можност за повторување на кривичните дела и против едно лице со двојно државјанство поради опасност од бегство.
Воедно Ве известувам дека од страна на ова обвинителство денеска отворена е истрага и против членови на општинската изборна комисија во Чаир, затоа што постои основано сомнение дека сториле кривично дело Изборна измама, со оглед дека во записниците од извршеното гласање за градоначалник на општина Чаир во 2013 година извршиле преправање на резултатите и против едно лице од комисијата исто така е поднесен предлог за определување на мерка притвор поради опасност од влијание врз сведоците и соучесниците.
Исто така отворена е истрага и против пет судии на Управниот суд во Скопје и четири членови на Државна изборна комисија од 2013 година за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ.
Извесно е дека истрагите ќе се прошируваат и нема да биде поштеден никој кој дејствувал на криминален начин, рече Фетаи.



Bravo Bravo
12-02-2016, 01:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Прес на Специјално jавно обвинителство на 12 02 2016






Quote:Vladimir Petreski
54 mins ·

Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Скопје се повикува да ја проследи прес конференцијата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за да го научи значењето на терминот „ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА“.
Како што ќе можат да забележат надлежните во ОЈО, после изјавите на обвинителите, се случува нешто што се вика „конферирање“ (од каде што и доаѓа зборот „конференција“), односно се развива дискусија со присутните новинари (зборот „прес“ во терминот „прес конференција“).
Ова го кажувам зашто е очигледно дека во ОЈО не ја познаваат разликата меѓу термините „телевизиска изјава“ (каква што дадоа надлежните од ОЈО) и „прес конференција“, каква што одржа СЈО. Имено, последната „телевизиска изјава“ од страна на ОЈО беше наречена „прес конференција“.
Многу битно е надлежните во ОЈО да ја научат дистинкцијата меѓу „телевизиска изјава“ и „прес конференција“, зашто неразликувањето на овие термини доведува до сомневање дека надлежните во ОЈО можеби не го разликуваат значењето и на термини какви што се „кривична пријава“ и „обвинителен акт“
12-02-2016, 01:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:СЈО ЗАПОЧНУВА ИСТРАГА ЗА МАЃАР ТЕЛЕКОМ И ЗА “НАДЕЖ”


Специјалната обвинителка Ленче Ристовска на денешната прес-конференциј истакна дека започнати се предистражни постапки за предметот Маѓар Телеком, кој е побаран од обвинителството за организиран криминал, како и за аферата во јавноста позната како „Надеж“ за кој предмет е изготвено писмо со барање за достава. Таа рече дека соработката со институциите оди навистина тешко, поради што се одолговлекуваат предистражни постапки.



Quote:Аферата „Надеж“ која ја истражува специјалното обвинителство води до Црвенковски



Специјалното јавно обвинителство на чело со Катица Јанева на денешната прес-конференција соопшти дека е отворен предмет за случајот „Надеж“ што укажува дека во „бомбите“ кои Зоран Заев, лидерот на СДСМ ги предал имало материјали и за оваа афера.
„На­деж“ е име­то на стра­те­ги­ја­та плате­на со 340.000 евра, со ко­ја ме­сто со из­бор­на про­гра­ма, пар­ти­ја­та тре­ба со прити­сок и на­си­ла да ја за­зе­ме вла­ста. Екс-лидерот на СДСМ донел одлука за ангажирање на словенечки експерти. ВМРО-ДПМНЕ тогаш реагираше дека Борут Пахор го советувал Црвенковски да ги земе експертите кои го советуваа како да ги руши легитимно избраните институции во Македонија.
Според аферата „Надеж 1“, кабинетот на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, летото во 2007 година ги ангажирале Словенците Дејан Верчиќ, Дијана Гутеша и Пеѓа Ашанин-Голе, од кои првите двајца се од словенечката ПР-агенција „Пристоп“, за стратешки совети и консултански услуги. Цената е 340.000 евра за две години советување, кое завршило во април 2009 година. Согласно извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) од 2008 година, немало ништо спорно во оваа финансиска егзибиција, бидејќи кабинетот на претседателот има дискрециско право да ангажира лица „со договор на дело“. Но, оваа постапка се коси со законот за јавни набавки, според кој за инвестиција со сума над 5.000 евра, потребен е тендер.
Како што тогаш пишуваше „Дневник“, надежните словенечки советници му предложиле на Црвенковски да се направи сопствена медиумска алтернатива.
Втората афера од кабинетот на Бранко Црвенковски беше наречена „Надеж 2“. Кабинетот на поранешниот претседател, исплатил сума од над 530.000 евра на приватната фирма за комуникациски менаџмент „Пристоп МК“, за организација на Охридскиот самит на претседатели, кој траеше само ден и пол, на почетокот на мај, 2008 година.
Посочените 32.729.673,48 денари, на кабинетот на претседателот Црвенковски му ги доделила Владата, а наместо целата организација да му ја додели на министерството за надворешни работи, кое има искуство од организација на вакви настани, кабинетот прави тендер на кој победува „Пристоп МК“. Македонското претставништво на словенечката компанија на тендерот победува извесна бугарска фирма „Love Wing“, која имала идентична понуда во многу сегменти со македонските Словенци, но другите ја намалиле сумата за ПР-услуги и маркетинг.
12-02-2016, 06:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Oбјавено на 12.02.2016 од ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение до јавноста  
[Image: vmro-dpmne15-280x210.png]

ВМРО ДПМНЕ ја добива довербата од граѓаните во изминативе 10 години врз база на проекти и мерливи резултати. Таа доверба не може да биде оспорена со никакви конструкции и фабрикувани афери. Напротив таа доверба уште посилно ќе биде потврдена на претстојните избори.
ВМРО ДПМНЕ гласаше и го поддржа изборот на Специјалното јавно обвинителство. За жал, изминатиов период бевме сведоци на непримерни изјави од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обвинет во повеќе кривично-правни случаи, во кои тој ги најавуваше чекорите на Специјалното јавно обвинителство. Уште потрагично е тоа што ваквите изјави не само што не беа демантирани, туку со многу чекори беа потврдени. Со тоа беше драстично нарушен кредибилитетот на институцијата и се фрли сенка на нејзината професионалност и непристрасност.
Јавноста беше сведок дека сопругата на Зоран Верушевски, јавно му се заблагодаруваше на Зоран Заев, затоа што Катица Јанева побарала да не биде продолжен притворот на првоосомничениот во случајот „Пуч“. Јавноста беше сведок на десетици пријави од страна на лица кои се жалеа на непрофесионалниот и незаконскиот однос на СЈО. Сите овие дамки останаа без одговор на денешната прес конференција.
ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи незаконско и неуставно работење. Секој орган и секоја институција мора да делува во рамки на своите надлежности бидејќи никој не е над Уставот и законите. Нападите врз Советот на јавни обвинители, орган кој е задолжен за контрола на работењето на СЈО, секако не оди во прилог на градењето на кредибилитетот на СЈО, туку уште повеќе го подрива.
Денес бевме сведоци на политички настап во кој беа прозвани голем број лица. Функционерите на партијата кои индиректно беа осудени на прес конференцијата на СЈО немаат сторено никакво кривично дело и тоа ќе го докажат во натамошната постапка.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

vmro dpmne
12-02-2016, 06:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Јанкуловска на распит, а и на Миле му текна да дојде


[Image: jankulovska%281%29.jpg]




  18:26 12 февруари 2016
Плусинфо неофицијално дознава дека поранешната министеркја за внатрепни работи Гордана Јанкуловска во моментов е на распот во Специјалното јавно обвинителство, во врска со аферата „Титаник“.

Неофицијално дознаваме дека за половина час и поранешниот министер за транспрот Миле Јанакиески ќе се појави во СЈО на распит.

Сите осомничени биле посоветувани да не прават инциденти и да не помислуваат на бегство, бидејќи така предвреме ќе ја докажат сопствената вина.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со реда
12-02-2016, 07:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

12-02-2016, 07:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Се чека одлуката за притвор на Јанкулоска, Јанакиески, Божиновски, Темелко



[Image: tn1_20160213_000145_mile%20u%20sud.jpg]


12.02.2016 23:51:00
Во Кривичниот суд во Скопје заврши распитот на градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, за кого обвинителството бара притвор поради опасност за бегство, а при крај се и распрашувањата на екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска како и генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски.
Тројцата заедно се осомничени за формирање на злосторничко здружение за добивање избори на криминален начин и останување на власт на ВМРО ДПМНЕ.
Јанкулоска и Јанакиески даваа исказ пред судијакта Славица Андреевска која ја води истрагата.
За 8 лица Специјалното јавно обвинителство побара притвор.
Во групата има началници на полициски станици, судии на Управен суд, членови на ДИК.
Телевизијата Ал-Џезаира Балканс успеала да го сними екс министерот Миле Јанакиески како чека во ходникот на Кривичниот суд пред да биде повикан да даде исказ.
Судот до утре изутрина се очекува да ја донесе одлуката за притвор, а за судиите доколку се повикаат на имунитет треба да заседава Судскиот совет и да одобри симнување на имунитетот.
 
13-02-2016, 01:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Американска амбасада: Власта да обезбеди стандарди за независно судење за случаите на Јанева


Ги повикуваме властите да ги исполнат највисоките стандарди на владеењето на правото, транспарентноста, праведноста, заштитата на слободата на говор и независноста на судството како што се движат напред овие случаи, апелираат денеска од амбасадата на САД.


[Image: amba-1-.jpg&h=auto&w=620&zc=1]

Фокус 12 фев 2016, 20:47

Ги повикуваме властите да ги исполнат највисоките стандарди на владеењето на правото, транспарентноста, праведноста, заштитата на слободата на говор и независноста на судството како што се движат напред овие случаи, апелираат денеска од амбасадата на САД.
-Соединетите Американски Држави цеосно го поддржуваат Кабинетот на Специјалната обвинителка и нејзината улога во истражувањето и гонењето на криминалните дејствија кои произлегуваат од содржините од нелегално прислушкуваните разговори. Нејзиното назначување е суштински елемент од Договорот од Пржино и беше одобрено од сите четири политички партии, се вели во соопштението од американската амбасада.
Амбасадата упати повик до сите страни да дозволат Кабинетот на специјалната обвинителка да ги изврши своите должности, независно и слободно без никаква форма на политички притисок. Потсети дека сите обвинети имаат право на целосна заштита од законот и ги повика сите граѓани да дозволат фактите да произлезат низ судски процес.
13-02-2016, 01:38 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Кои се петте судии од Управниот суд за кои е отворена истрага од Специјалното обвинителство?
 објавено: 12.02.2016 17:53:00

[Image: tn1_20160212_182832_upraven_sud_1.jpg]

Петте судии кои ги донеле одлуките за прегласување во Центар, според „тефтерчето“ на „Сведок“ се Ана Герасимовска, Даниела Антовска,  Ѓоко Живковски, Нада Иванова и Рахилка Стојковска. дали за нив отвори Специјалното обвинителство истрага?
[b]Текстот е пишуван во 2013 година, сега со мали корекции за временките рокови Ви го претставуваме за да се види, кој и како одлучувал во Управниот суд откако Специјалното јавно обвинителство отвори истраги за 5 судии.[/b]
Може ли Управниот суд да ја занемарува волјата на гласачите и на „зелен терен“ на маса, да го одредува победникот на изборите во Македонија? И, кои се всушност судиите на Управниот суд, кои донесоа неколку одлуки со кои ги кренаа на нозе политичките партии, јавноста, граѓаните во засегнатите општини ?- беа начесто поставуваните прашања во изборната 2013, откако судиите ги преиначија одлуките на Државната изборна комисија и наложија ново гласање во општините Центар и Ѓорче Петров во Скопје и Струга.
[b]Ана Герасимовска, судија на Управен суд[/b]

[Image: upraven%20ana.jpg]

Управниот суд е формиран во 2007 година, но по неговите одлуки стана познат по локалните избори 2013 во Македонија, носејќи одлуки да се повтори гласањето во општините Центар и Струга, каде што владејачката ВМРО ДПМНЕ изгуби на изборите, па судот ги прифати нивните жалби што беа одбиени претходно од Државната изборна комисија и наложи трет изборен круг во местата каде што владејачката партија ги изгуби изборите.
Разликата од илјада гласови што ја имаше опозицискиот кандидат  Андреј Жерновски, кој го победи кандидатот на владејачката ВМРО ДПМНЕ Владимир Тодоровиќ и досегашен градоначалник, беше засенета од одлуките на судот, каде што беа прифатени аргументите дека бил нарушен изборниот процес со тоа што се барало одговор каде живеат околу 500 гласачи по потекло од Република Македонија, на кои пред изборите им биле издадени лични карти и биле запишани како гласачи во општина Центар, во Скопје.
Управните судии во нивните одлуки тврдат дека дел од луѓето од Пустец и Мала Преспа кои требало да гласаат во Скопје, кога виделе дека набљудувачите од опозициските партии бараат од нив одговори каде живеат во Скопје, на која адреса, се вратиле назад и  не гласале.
Токму одлуките на судот ги содржат клучните аргументи дека биле “увезени“ гласачи од Албанија, но тоа не бил основ за повторување на гласањето, туку начинот на кој набљудувачите се труделе да ја разоткријат шемата на увезени гласачи.

[b]Даниела Антовска, судија на Управен суд[/b]

[Image: upraven%20daniela.jpg]

Но, кои се судиите, кои одлучија во Центар да има трет круг и кои, според образложението дадено во пресудите и изјавата на претседателот на Судот кој се повлече од функцијата, не постапувале според закон?
Претседател на Советот од петмина судии кои одлучувале за повторување на гласањето во Центар е Ана Герасимовска, избрана 2011 во Управниот суд, тогаш со стаж од неполни две години, претходно стручен соработник во Кривичниот суд во Скопје. Судијката Герасимовска има завршено Академија за судии и јавни обвинители, но три години само таа од целата генерација не беше избрана за судија. Судиско место доби откако нејзината мајка, Павлина Христова, судија во Кривичниот суд донесе осудителна пресуда за обвинетите од случајот „Пајажина“, сопственикот на А1 Телевизија, Велија Рамковски и неговите соработници.
-Судскиот совет им дава предност на надворешните кандидати за избор на судии наместо да избере 50 проценти од новите судии кои доаѓаат од Академијата за судии, како што налага законот, во декември Судскиот совет избра 27 нови судии од кои пет доаѓаа од Академија за судии. На 30 ноември 2011 година Судскиот совет ја избра Ана Герасимовска за судија во Управен суд. Таа е ќерка на главниот судија (Павлина Христова) во случајот против сопственикот и менаџерите на опозициски ориентираната А1 Телевизја- пишува во извештајот за човекови права од Стејт Департментот од 2011 година, во делот каде што е констатиран политички притисок врз работата на Судскиот совет:

[Image: upraven%20gjoko.jpg][b]
Ѓоко Живковски, судија на Управниот суд
[/b]

Во советот била и судијката Даниела Антовска, до 2012 година стручен соработник во тој суд. М-р Ѓоко Живковски, бил најмладиот судија во судот, избран на 2 јануари 2013 година, со претходно работно искуство во секторот земјоделство. Правосудниот испит, како услов без кој не може да се стане судија го положил во 2011 година, дипломирал во 2003 година. Тој е син на Родна Живковска, професорка на Правниот факултет во Скопје и поранешна судијка на Врховниот суд, која си поднесе оставка веднаш по изборот за судија на Врховниот суд, затоа што не ја избрале и за претседател на Судот.
Нада Иванова, според информациите од судот е во роднински врски со сега веќе екс министерка во Владата на РМ и осомничена во „Титаник“, а судијката Рахилка Стојковска беше близок соработник на екс министерот за правда Михајло Маневски, сега Советник во Градот Скопје од редовите на владејачката ВМРО ДПМНЕ.

[Image: upraven%20nada.jpg][b]
Нада Иванова, судија на управен суд
[/b]

Само мал дел од судиите во управниот суд имаат работено во судството претходно, додека другите биле државни службеници, а на овие позиции се дојдени поради блиски роднински врски со функционери од владејачката партија.
Токму ова, според извори од правосудството, ја доведува во прашање непристрасноста на судот кој одлучуваше по жалбите за локалните избори 2013 година.
Новинарот Саше Димовски кој ја следи работата на судството повеќе од 15 години, па како што вели, ги знае судиите уште пред да биде формиран судот и често ја критикува нивната работа. На почетокот на изборната кампања, уште кога одлучуваа судиите кој може да се кандидира, новинарот Димовски во неделникот „Фокус“ објави текст со наслов: „Тешко на партиите кои немаат свои судии во Управниот суд“. Тврдеше, дека токму судот има голема моќ на поинаков начин, преку одлуки да влијае на изборните резултати.

[Image: upraven%20rahilka.jpg][b]
Рахилка Стојковска, судија на Управен суд
[/b]

- Управниот суд беше “дефектен“ уште од самото негово формирање во 2007 година, кога, намерно или не, на граѓаните им беше ускратено правото на жалба против одлуките на овој суд. По интервенција на Уставниот суд, укинат е дел од законот и се дозволи право на жалба, а подоцна се формираше и Виш управен суд. Гледано од денешен аспект, преку последниве одлуки, некој смислено го заборавил правото на двостепеност во постапката, за одлуките на овој суд да бидат конечни-вели новинарот Саше Димовски.
Тој вели дека јавноста, овој суд го запозна сега поради одлуките за изборите, но малкумина знаат дека истите судии одлучуваат за многу важни прашања за граѓаните, почнувајќи од прашањата за денационализација, царина, даноци, градежно земјиште, катастар, пензии, и една новина каде што овие судии утврдуваат дали некој функционер е законски разрешени или не.
Сепак, според мислењето на новинарот Димовски, Управниот суд е важен за власта, и затоа не може да се зборува за независност на овој суд, а тоа се гледа преку податокот кој се избира за судија, во овој и во Вишиот суд кој одлучува по жалби.
-Првиот состав на Управниот суд, по нецели три години, пред изборите во 2011 година, експресно беше префрлен во вишиот управен суд, кој сега одлучува по жалби. Во него судат бабата на Ивица Коневски, градоначалник на Аеродром, сестрата на екс директорот на Катастарот Љупчо Георгиевски, сопругата на досегашниот Уставен судија и член на Советот на обвинители, Зоран Сулејманов.
Владејачките партии, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, во овој суд внесоа исклучиво проверени партиски кадри или роднини на функционери, бидејќи јасно е дека овој суд има многу голема моќ. Речиси нема судија кој нема близок роднина на позиција во власта- потенцира Димовски.

[Image: %D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5%201...%D0%BB.JPG]

Најмногу реакции предизвика оставката на претседателот на судот Исамедин Лимани и неговото образложение дека судиите донеле одлуки спротивни на законот. Судскиот совет ја прифати неговата оставка и ја назначи досегашната заменичка Виолета Богојевска , да го води судот.
-Судскиот совет не расправаше за мотивите за оставката на судијата Лимани. Ние мислевме дека ја поднел од лични и здравствени причини –рече Крсте Сиваков, член на Судскиот совет.
-Оставката на претседателот на судот, секако е потег за поздравување, бидејќи ги делегитимираше одлуките на овој суд, но она што малкумина го знаат, тој е судија на Вишиот управен суд, од која позиција го раководеше Управниот суд така што, тој понатаму продолжува да суди во Вишиот суд, а дојде за судија од позиција на државен службеник во министерството за правда-вели Димовски.
Како што нагласува Димовски, во двата управни судови, судат само 7-8 судии (од речиси 40) кои биле судии и ја познаваат постапката. Сите други, се млади кадри дојдени од министерства и институции, кои имаат метеорска кариера, а претходно ретко кој имал допир со управното судство. А, тоа ги прави подложни на секакви влијанија, но најмногу политички, што се покажа со оставката на претседателот на судот.
Одлуката на управниот суд за прегласување во Центар, Струга и Ѓорче Петров го изненади и потпретседателот на Државната изборна комисија Субхи Јакупи.
-Изненаден сум од одлуката на Управниот суд за прегласување во Центар и Струга. Одлуката со која ДИК ги отфрли приговорите на ВМРО - ДПМНЕ во овие општини е донесена законски- вели Јакупи.
Поради одлуките на Управниот суд реагираше и градоначалникот на Струмица Зоран Заев, а кандидатот на опозициониот блок во Ѓорче Петров Александар Наумоски одби да учествува на третиот, препуштајќи му на неговиот против кандидат од редовите на власта да ја води општината не поред волјата на гласачите, туку според тоа како судиите гледаат на изборите.
Љупчо Поповски уредник во весникот „Утрински весник“ напиша дека : по одлуките на Управниот суд, станува нерелевантна работата на Државната изборна комисија; обичниот граѓанин ги загуби сите илузии за правна битка против некои одлуки на државата, а судството влезе во гангренозна фаза“.
-Во натамошните расправи, по приговорите на партиите членовите на ДИК едноставно треба да се прогласат за ненадлежни и целото одлучување да им го препуштат на судиите од Управен суд – тие ќе знаат како опортуно политички да одлучат. ДИК треба да се трансформира само во дистрибутер на избирачкиот материјал-вели Поповски.
„Најкритичниот проблем од областа на човековите права е неуспехот на Владата целосно да го почитува владеењето на правото што се гледа во неуспехот да се почитуваат парламентарните процедури, мешањето во судството и медиумите, селективното гонење на политичките противници и значителното ниво на владина корупција и полициска неказнивост. Покрај политичкото мешање во судството, фаворизирањето, мешањето и корупцијата ја забавуваат правдата“-констатира американскиот Стејд департмент во последниот извештај за состојбата во Македонија.
Судиите на Управниот суд, со чии одлуки се подгреаја и тензиите помеѓу Македонците и Албанците во Струга и Кичево, се избираат од страна на Судскиот совет, со неограничен мандат. Услов е да имаат претходно работно искуство од 3 години во некој административен орган.

[Image: upraven_sud_1.jpg]

Б[b]ИОГРАФИИ НА СУДИИТЕ ОД УПРАВЕН[/b]

Најмладиот член на Управен суд е Ѓоко Живковски кој откако во 2003 година дипломирал на Правниот факултет за судија е избран во декември 2012  година, а заклетва дал на 2-ри јануари 2013 година. Тој во Управен доаѓа од функцијата раководител на сектор за општи и правни работи во Агенција за финансиска  поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Ана Герасимовска, во Управен дошла во 2011 од функцијата виш стручен соработник во Основен Суд Скопје 1.
Даниела Антовска, до 2011 до изборот за судија била виш судски советник за решавање управни спорови во Управен суд.
Судијката Рахилка Стојковска, која му беше соработник на поранешниот министер за правда, Михајло Маневски, во Управниот суд е од 2007-ма година. Судијката Нада Иванова е во Управниот суд од 2007 година и е во роднински врски со екс министер во Владата на РМ.
Судот од 2007 до 2011 работел со релативно мал број судии, кои се зголемиле за 14 во 2011 година.
 Меѓу управните судијки има и две досегашни обвинителки, вработени во општини, во катастар, адвокати, во затвори, како и поранешна пратеничка на ВМРО ДПМНЕ, Весна Јовановска, која сега е судија на Управниот суд. Анета Џигерова била соработник за постапување по претставки и предлози во Вишиот управен суд. Потоа м-р Тања Терзиева, која доаѓа од Одделение за првостепена управна постапка во Струмица. Во 2008-мата во Управиот суд биле иззбрани Снежана Трповска и Лулзим Салиу, кој Правен факултет завршил во Приштина, а доаѓа од служба во СВР Тетово.
Во 2009 адвокатката Исмета Амет е избрана на нов член на Управен суд во Скопје, како и Марта Телегравчиска, сестра на оперскиот пејач Борис Трајанов, која се префрла од функцијата државен Советник во Агенција за катастар на недвижности. М-р Едита Насковска од член на Државна комисија за жалби по јавни набавки во 2010 станува судија во Управен. Истата година, по 14 години како граѓански судија во управниот суд избрана е и Лидија Ивановска.
Кога се носеле одлуките за изборите во Центар в.д. претседател на Управниот суд станала Виолета Богојеска, која е судија во Управниот од 2010 година. Таа од 1991 до 2005 работела како стручен соработник во Стопанскиот и во Основниот суд Скопје 1. После што четири години била Регистратор на Централен регистар на РМ. Во моментов е член на Судскиот совет
Тогашниот претседтел Исамедин Лимани кој си даде оставка поради одлуките за кои сега ќе одговараат судиите, сега е судија на Врховниот суд на Република Македонија.
13-02-2016, 01:44 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:СПЕЦИЈАЛНОТО ЈАВНО ОБИНИТЕЛСТВО ВОДИ ИСТРАГА ЗА ЛАТАС


[Image: krivichnal0c9e.jpg]
13-02-2016, 12:20 PM
Reply