Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Героски
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Пиши куќи за oдело

Бранко Героски 27 декември 2015

Со оглед на фактот што после мојата колумна за мирисот на промените квалитетот на услугата во „Букет“ се подобри и се приближи до квалитетот на врвната чкембе-чорба (во новата 2016 година ќе поработиме на отстранување на преостанатите недостатоци), нашата верна дружина донесе историска одлука на 22 декември таму да го одбележи Денот на ЈНА и да ја разгледа политичката ситуација во земјата и странство. На помладите, кои никогаш не биле во ЈНА, за полесно следење на овој извештај од настанот, им препорачувам да го консултираат приложениот речник со термини (види рамка).

Локација стандардна. Непријателска жива сила и тастери не се евидентирани. Единицата во полн борбен состав: двајца Титови гардисти, стара џомба прве класе задужен за ем-пе-ве, снајперист и јас, ќато и записничар. Вооружување стандардно: ракија жолта комада један, чорба по избор, две експлозивни направи од оцет и лук (појачана доза), леб, вода.

Политичката ситуација, во основа, се развива според планот. Капларот Грујо го гледаме секој ден како плаче по куртон телевизии и сфаќаме дека на човекот му станало јасно дека ќе наебе. Вели, ние се бориме против криминал, не ни е лесно, ова го нема никаде! Замисли човече, они се бореле против криминал! Што ви кажува тоа? Дека веќе не тече низ ногавици. Нема што да тече. Што имало да тече, истекло. Па се засушило по панталоните. Можеби затоа човекот ми изгледа некако бледо и исушено, ко дехидриран.
Со еден збор, капларов нема шанса. Он се скида ванредно, јануарска класа. По Нова година од Брисел доаѓа ГИНА, на чело со оберштумбанфирер Јоханес Хан. Со задача да му очита буквица и да му ја соопшти тажната вест - још петнајс дана па цивилна храна! Ќе го викнеме после на чкембе-чорба. Да не јаде бурек.

Инаку, капларот знае за заебот. Официјално, никој не му кажува дека му се спрема ќебовање, ама он знае што го чека. Знае дека ако се скине на 15 јануари, никој не му гарантира дека изборите ќе бидат на 24 април. Како што е по пе-ес. Односно по Договорот од Пржино (само тој дел од договорот го интересира). Е сега, се сеќавате ли кое е најважното правило во пе-ес? Важи пе-ес, ако се друкчије не нареди!

А ќе се нареди. Овие НАТО зликовци имаат еден заебан план. Прво ќе чекаат капларот да облече цивилка на 15 јануари, а потоа ќе се објави дека нема услови во април да се одржат фер и демократски избори и дека ВМРО се скида со јунска, а можеби со септемвриска класа. Партијата дотогаш ќе ја води гуштер во улога на заменски премиер. Шансата да се избегне ова сценарио е капларов да бара Заев да потпише, а Хан да тури мур, дека изборите мора бидат на 24 април.

Ако Заев потпише такво нешто, а и ако во иднина му се случат гафови како со ова со личниве карти, да си знае дека и он може да добие наредба – пиши куќи за одело!

Најинтересно е кој ќе биде гуштер заменски премиер. Нашите информации, од два независни извора, две кујни, од која ниту една не е онаа во „Букет“, е дека тоа ќе биде министерот за смрт Никола Тодоров. Груевски ќе биде ражалован во чин разводник и ќе се пресели во партијата. Во онаа зграда со терасата што ќе ја руши кметот на Центар. На Свети Никад.

Ние сметаме дека Тодоров не е ебиветер, како што се мисли во дел од популацијата, туку може да се трансформира во еден опасен гуштер со многу сериозни амбиции. И Љубчо своевремено си мислеше дека Грујо ќе му го грее премиерското столче додека да се врати, ама видовме што се случи. Кога е човек на таква позиција, се буди наутро и гледа чуда - жена му направила нова фризура, во дневната соба нова гарнитура, надвор го чека мерцедес наместо пинцгауер или кампањола... И одеднаш, откровение – па јас сум премиер, бе!

Запомнете што ви велам. Со Тодоров работава ќе биде - са прозора гуштер виче, пуши к…ц разводниче!

Делот од состанокот што се однесува на СДСМ е строго дов. Снимката и транскриптот од овој дел се чуваат на сигурно место. На тајна локација, во Чаир, на Пластичарската улица. Ако паднат во рацете на делот од полицијата што го контролира МВРО-ВМРО, ќе преговараме за откуп во вид на субвенции за чкембе-чорба во „Букет“.

Ова е мојата последна саботна колумна за оваа година, народе. Следната очекувајте ја во средината на јануари. По празниците малку ќе ме снема, ама ве молам, аман, не сакам да чујам вест – Геро, пиши пропало!

Во догледно време, ако нема некоја непланирана тревога на нашата борбена единица, ќе апстинирам од чкембе-чорба. Ќе пијам дрнч. Знаете веќе, сокови од јаболко, цвекло и слични гадости. После ќе зависи од развојот на политичката ситуација.
Ај сега – вољно!
Рамка


Quote:РЕЧНИК НА ТЕРМИНИ

Пиши куќи за одело – кога на војникот во ЈНА му се приближува крајот на воениот рок, добива наредба да напише писмо дома, во кое ќе побара да му пратат цивилна облека (одело) во кое ќе ја напушти касарната.
Се скида – излегува од војска (ја симнува војничката униформа).
Класа, јануарска, априлска... - контингент на војници
Џомба – стар војник
Гуштер – млад војник
Ќато – писар, евидентичар во четата
Каплар – низок чин, десетар (Хитлер бил каплар во Првата светска војна)
Разводник – чин понизок од каплар
Ражалован - со намален чин
Пе-ес – правило на служба, документ што ги уредува правилата во ЈНА
Ем-пе-ве – морално политичко воспитување, политичка настава во ЈНА
Дрнч – средство за одмастување оружје конзервирано во масло
Пинцгауер и кампањола – војнички возила
Ќебовање – практика кога војниците фрлаат ќебе врз тастерот и потоа го удираат, а тој не може да види кој го тепа
ГИНА – Генерална инспекција народне одбране, инспекциска служба во ЈНА, страв и трепет за сите старешини и војници 
 
(Објавено во „Слободен печат“)
 
27-12-2015, 10:18 PM
Reply