Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Тајната мрежа на СДСМ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Пишува  Јадранка КОСТОВА

Тајната мрежа на СДСМ е жилава. Таа одлично функционира сиве 16 години. Иако во 1990 г. на првите повеќепартиски избори реформираните комунисти загубија, сепак на волшебен начин се смисли експертската влада, за после две години ВМРО ДПМНЕ и целосно да замине во опозиција. Ресорот внатрешни работи со се тајната полиција и нејзините инсталации, си остана како што си беше и во претходниот режим. Кога во 1998 г. 'превапцаните' комунисти беа целосно поразени од коалицијата предводена од ДПМНЕ, оваа структура само се прилагоди на новите услови. И како и во 90-тата, така и овој пат, повторно стана дел од  власта. Но сега не како експертска, туку се направи широка коалиција. А за да се направи 'широката' повод или претходница беше војната, за која пак СДСМ не дозволи да се прогласи воена состојба. Каква е улогата на СДСМ-овската братија во овие воени случувања? Беа ли во некаква координација со учките на Ахмети? Иако со својата 'алкаеда' мрежа првично успејаа да ја раструбат верзијата 'Љубчо и Џафери ја смислија војната', сепак се повеќе и се почесто добиваат гласност контратезите за соработката меѓу Црвенковски и Ахмети уште во пролетта 2001-та. За ова 'ствар' особено самоуверено делуваат одредени изјави на Мендух Тачи и 'белата книга' што ДПА ја најавува, ама не ја објавува. А да биде штосот поголем после секоја негова ваква реплика во дуел со некој од СДСМ и ДУИ, наеднаш или прекинува полемиката или барем се тера на друг колосек. Со оглед на тоа што за 2001-та сеуште немаме заедничка дефиниција, ниту пак се расчистени чудните трансформации на терористите во борци за човекови права, останува само да ги анализираме изјавите и да ги преџвакуваме настаните, кои од оваа временска дистанца добиваат и поинаква боја.
 
Дека СДСМ не е шала, односно дека има поткрепа во некакви тајни структури, најдобро се покажа во нивното опозиционерство. Но тогаш немаше барање оставка од лидерот, туку целата енергија се насочИ на проектот 'предвремени избори'. После сомнителниот избор на Трајковски з апретседател, Црвенкосвки со дружината започнаа митингување низ републиката за рушење на владата. Се случи и палењето на американската амбасада, за што веќе опширно пишувавме. Но Георгиевски комотно владееше, уживајќи ја  подршка и на меѓународните фактори. И откако добро с еконсолидираа 'мрежата' се разработи. Во август 2000 г, тогаш во улога на портпарол на СДСМ, Бучковски драматично ќе најави: Или предвремени избори или ќе го активираме планот Б. Само два месеци подоцна ќе стане јасно што содржел планот Б. Бевме сведоци на обидот за рушење на коалицијата одвнатре, преку таканареченото 'ново парламентарно мнозинство'НПМ, каде главните борци ќе бидат алтернативците на Циле и група пратеници што од ДПМНЕ ќе ги отцепи потпретседателот Борис Стојменов. Деталите И сценариото за планот Б се разработувани на тајни средбите што се одржувани во една приватна куќа на Водно. Планот не успеа. Се виде дека и Љубчо не седел со скрстени раце. Но тогаш се покажа дека владата се уште ја има подршката однадвор.  
Не знам како им бил наречен, ама сега е јасно дека 'големото уво' што во јануари 2001г. го обелодени Црвенковски би трбал да биде своевиден 'панот Ц'. Во тој дух, пак, нивната контроверзна соработка со учк-ите на Ахмети во војната би дошле нешто како 'Планот Д'. Тогаш успејаа да влезат во власта, па да излезат, за на '15 септември' ни ја исцедат судбината во нивни раце. Сите овие 'планови' не ќе беа остварливи беа логистика на некаква тајна подземна мрежа. Или како што оцени Стојан
Андов токму во овој период на наводно опозиционерство најдобро се виде дека некаква тајна служба работи во функција на СДСМ и Црвенковски. Во таа смисла, додоколку се формира комисија за вистината, ќе биде особено инспиративно да се разјасни овој период од поновата македонска историја. За сега, ни останува само да ги систематизираме специфичните изјави, да трагаме по можната вистина или да се соочиме со минатото наместо 'да гледаме напред, не назад'. Веќе има поединци, инсјадери кои на свој начин даваат придонес да се состави мозаикот. Но повеќето инсистираат на анонимност. Единствено преку Шпиц во серијалот за тајната улога на ДБК, а потоа и во Фокус неодамна проговори ексразузнавачот Јанко Бачев, сега веќе претседател на народното движење за Македонија. Но како ексклузивност е тоа што за прв пат се јави човек кој признава дека бил кодош на службата, токму во тој период. Станува збор за Борче Трајковски, кој после книгата 'Од Осака до Дижонска' објавена минатата година, наскоро ќе ги сподели со јавноста И своите искуства кога под псевдонимот 'БОЈ бил 'лице за трансфер на податоци и информации'.
Интересно е дека постои целосно совпаѓање меѓу искуствата на Бачев, во тоа време вработен во ДБК, и она што Трајковски ни го пренесува преку неговата книга. Бачев тврди дека И после 'промените': Во делот на функционирањето на СДБ, континуитетот си остана совршено недопрен и за периодот на т.н. владеење на ВМРО ДПМНЕ. 'Државотворците' од СДСМ благовремено, уште пред номиналното предавање на власта во 1998 година, го разработија системот на инсталирање и вметнување на нивните проверени кадри, така што и после 1998 година, СДСМ преку своите истурени инсталации со невидена леснотија целосно ќе ја освои и раководи СДБ'.
Трајковски пак опишува како е врбуван за соработник (види рамка). Заслужува внимание каде високиот функционер што го контактира му посочува дека 'неколку одбрани луѓе од ДБК', меѓу кои е и тој, работат на рушење на владата, на подготовка на скандали, кои за воља на вистината ги имаше колку сакаш. Но, проблемот во нашава приказна е што излегува дека ДБК работела за интереси на една Партија. Уште повеќе, на партија во опозиција. Трајковски или БОЈ, на пример, ја опишува задачата кога требал да пренесе 'доверлива информација' на одредени новинари дека  'владата под 'строго доверливо подготвува акција против неколку познати фирми, а со помош и на  експерт за финансиски малверзации од Еуропол.
На Борче или БОЈ му била јасна задачата, но не му е јасна смислата на целава операција. За овие свои дилеми, тој запишал:
Ми стана јасна намерата на 'Михајло' или на ДБК, или на СДСМ-овската 'тајна служба', сеедно, можеби и лично на Црвенковски? Имено 'ТИЕ' сакаат да објават некаква операција за наводна ВОЈНА на владата на Георгиевски, против бизнис олигархијата создадена во времето на Црвенковски. 'ТИЕ' (мислам на врхушката на СДСМ) добро знаеа дека нивната бизнис 'ЕЛИТА" плати дебели пари за да си обезбеди спокој, по поразот на нивниот пулен Црвенковски, кај новиот Премиер. Е сега, ако евентуално, успешно се растури информацијата, (сеедно ако е и дезинформација), за некаква тајна војна од страна на Георгиевски, против Фамилијата, тоа би можело да предизвика сериозни турбуленции во Владата на Љубчо, заради неизбежната опасност од соочување на Премиерот со 'плаќачите'. Таквите средби никогаш не се пријатни, особено ако веќе сте го дале газот под кирија.
   Се разбира, БОЈ си ја завршил работата. Информацијата или дезинформацијата, сеедно, ќе биде објавена, но Латас ќе го провали идентитеот на 'Михајло', па тој ќе биде сменет од Доста Димовска.  Останува енигма какви 'емоции' предизвикала 'веста' кај бизнисмените или како што ќе рече во една пригода Георгиевски 'истите им спонзори'. Бачев тврди дека уште во септември 1998 г била укината оперативната акција 'Трансформација-96'. По поразот на парламентарните избори, целата документација со обемни оперативни сознанија за криминалните аспекти на приватизацијата  за околу 100-тина поинтересни фирми, експресно била изнесена од СДБ.
Но подготвувајќи се за евентуално опозициско дејствување, според Бачев, СДСМ ќе дојде на идеја да формира паралелна разузнавачка служба под негова контрола. Во таа насока, пред изборите во 1998 година дојде до привидното 'збогување' со СДБ на лицето Живко Ѓеоргиевски, тогашен началник на моќната втора оперативна управа во тајната полиција. Тој заминува кај Минчо Јорданов во 'Макстил', до неодамна вицепремиер во владата на Бучковски. Во Макстил 'старите пријатели' од времето на УДБА ја реализираат идејата за формирање паралелна разузнавачка служба. Јадрото на оваа паралелна структура ќе биде всушност СДБ, и во неа ќе се дислоцираат добар дел од најискусните и најспособни кадри на тајната полиција. Истовремено, ќе биде засилена и со пензионирани агенти на СДБ, кои со своето искуство даваат голем приоднес во реализирањето на дефинираните задачи и цели. Оваа паралелна разузнавачка служба денеска брои дваесетина припадници.
За сега Бачев одбива да ги обелодени нивните имиња, освен спомнатиот Живко Ѓеоргиевски.
Борче Трајковски пак ја опишува задачата што ќе ја добие дента кога е обелоденет скандалот 'Големото уво'. Неговата задача како нели 'лице за трансфер на податоци и информации' била да ги намами ВМРО-овците кон бизнисменот Тоше Пикон. Задачата успешно ќе си ја сработи. Впрочем, експресно од ВМРО-овциве и медиумите што тогаш ги контролираа ќе почне да се вергла опцијата или одбраната од скандалот дека фирмата блиска до СДСМ, 'Пикон' има опрема за прислушување. Сепак, и на Бој не му е јасно дали 'информацијата' што треба да ја размножи е вистинита. Има уште еден занимлив детал. БОЈ  ќе дотурка дури до Љубе Бошкоски, во тоа време државен секретар во МВР. Бошкоски сепак ќе побарал да ги поткрепи тврдењата за Пикон со некакви документи. И она што е многу симптоматично е што откако на неговата врска од ДБК, 'Михајло' му пренел што бара Љубе од него, овој го смирил дека тоа не е никаков проблем.
... За само осум дена на мојата домашна адреса, ќе пристигне пратка од ФЕДЕКС, во која ќе ги добијам документите за наводната набавка. Испраќачот на пратката беше фирмата од Сингапур, И сето тоа ме збунуваше. Се прашував како ли само успеаја да го направат тоа? Јас вистински добив документи од Сингапур, за наводната набавка на таква опрема од познатата скопска фирма! Останав зачуден-пишува Трајковски во својата книга Што ќе излезе кон крајот на годинава.
Овој детал покажува дека 'Михајло' не работел на своја рака. Ваква една работа навистина може само Служба да ја обави.
И без да ви ја прераскажувам книгата, ниту од него веќе за скандлаот не е барано нешто, затоа што веќе војната се разгоре.

Странските разузнавачки служби си работеле. Ниваната улога во 2001-та, ја оставаме настрана. Овој пат само кога , како И ЗОШТО се контактите меѓу СДСМ И ОНА. Според повеќе искази особено од ДПА  што тие ги ветуваа во 'белата книга' е дека коалиционерите СДСМ И ДУИ се 'стари пријатели'. За карактерот на 'партнерот' им само д апотсетиме дека  заклетвата на борците на ОНА завршувала со зборовите:
Ќе се борам до последна капка крв за обединување на албанските територии. Нашите извори тврдат дека Бранко и Али се сретнале во март во 2001 (види рамка). Од 22 март 2001 на новинарот на 'Њузвик' Ахмети ќе изјави: Наша единствена цел е да ги истераме славјанските сили од територија што историски е албанска'. Занчи само кој е кој според официјалните ставови. Ахмети уште не е борец за права.
Особено е занимлив написот на бачев објавен во Шпиц во текот на јуни оваа година. Тој тврди дека 'додека на теренот се води војна, на неколку наврати во Гостивар во станот во сопственост на контраразузнавачкиот центар на Министерството за одбрана, кое тогаш го раководи Владо Бучковски, се одржуваат тајни средби, одбрани оперативни тимови на СДСМ и ОНА'.  Клучевите од овој стан, според Бачев ексклузивно по налог на Бучковски ги имал еден познат во јавноста армиски полковник-разузнавач Д.С.-М. Да, лесно се распознава дека под овие иницијали се крие Драган Стојменовски Млекце. И за оперативни тимови составени од личности од највисока доверба на Црвенковски и Ахмети, Бачев користи иницијали, но И опис на актуелните функции, па оттаму се лесни се идентификација. Затоа И во оваа пригода ќе ги дадеме целосно.
"Оперативниот тим на СДСМ е составен од Лазар Китановски, Зоран верушевски И Миле Зечевиќ, а тимот на ОНА го раководи Гзим Острени И Телал Џафери. Бучковски, пак, како тогашен министер за одбрана, ќе биде на врска со ОНА преку неговата тогашна и сегашна верна сенка Марјан Ѓуровски, кој одржува врска со веќе спомнатиот Острени. Подоцна се дозна дека алчноста на СДСМ одела дотаму што дозволиле дури телефонските апарати за комуникација и телефонските сметки на Зечевиќ и Ѓуровски од штабот на СДСМ да ги плаќа ОНА.
И Латас како доброинформиран за стварта, во предизборната канонада против Бучковски, а преку Вечер поставувајќИ му прашања ќе сугерира дека Бучковски се сретнал во 1999 г. со Дарко Ашанин, извршител и ликвидатор на српската државна безбедност, пријател со Аркан, а потоа И организатор на неговата егзекуција. До средбата дошло со посредство на тогашниот шеф на скопската организација на СДСМ, Љупчо Палевски- Упа.  Латас уште прашувајќИ го Бучковски 'дали му е познато, и кој го запознал со документите на Сојузната ДБК', експлицитно наведува дека Фазли Велиу во 80-сетите соработувал со ДБК, и од нивни пари снимил пропаганден филм против Македонија, за да му обезбедат авторитет меѓу албанските емигранти. Дека контактите меѓу СДСМ-овци И ОНА се интензивни за време на војната потврдува И прашањто: Дали како министер за одбрана во 2001 г. имал цело времелични контакти И соработка со командантите на ОВК во Тетовски?
Според Бачев неколку податоци одат во прилог на тезата дека војната е конструирана. Имено, со почнувањето на војната, тајниот центар на СДСМ во СДБ ќе обезбеди преку неговите раководни инсталации во тајната полиција да се бришат одредени безбедносно-интересни лица од евиденциите на СДБ. Ова особено ќе биде зачестена појава на неколку месеци пред војната, кога речиси секојдневно се доставуваат телеграми за информирање до агентурата во СДБ, дека спомнатите лица се бришат од евиденциите на СДБ. Што значи дека т.н.бришани лица повеќе не се интересни за службата и агентите на тајната полиција во иднина не треба да преземаат какви било оперативни активности спрема нив.
Колку ова било длабоко смислен и оправдан план во тоа време, може да се види од увидот во овие списоци за бришење од евиденциите на СДБ, каде се доаѓа до фрапирачко сознание според кое т.н. бришани лица како неинтересни за агентите за СДБ, всушност биле најекспонираните команданти на ОНА за време на војната како Фазли Велиу, Џеват Адеми и Муса Џафери.
Комисијата за вистината да ја утврди вистината за НПМ, за големото уво И војанта во 2001. период кога опозиција а делува со свој таен центар.
Бачев во секој случај останува на изјавата дека 'во најскоро време кога ќе се созадат правните претпоставки ќе го објавиме списокот од 30-тина крупни кодошИ'. Но овој заинтригурачки Ќе додаде - јавноста ќе биде најизненадена кога ќе ја водо најкрупната соработничка ѕвезда во Македонија, човек кому службата му помогнала да се устоличи на највисоките функции. Но за тоа во наредниот Фокус.




Борче ТРАЈКОВСКИ
Досие 'БОЈ'
КАКО ДБК ЈА УРИВАЛА ВЛАДАТА НА ГЕОРГИЕВСКИ

После книгата 'Од Осака до Дижонска' во која преку сопственото  искуство ни ја пренесе криминална транзиција, авторот екс бизнисменот Борче Трајковски наскоро ќе го издаде продолжението, насловено како 'Досие БОЈ- врвна тајна'. Првичната верзија Фокус имаше можност да ја прочита уште минатата година. Во ова возбудливо четиво, Трајковски го опфаќа периодот 2000 и 2001-ва година, кога за да избегне издржување на едногодишната казна затвор станува соработник на службата.
Ви го пренесуваме делот кога агентот од ДБК, што тој го именува како 'Михајло', во 2000-тата му дава налог на Борче односно БОЈ да му даде наводна 'сигурна' информација на Латас од ТВ Сител дека 'Љубчо подготвува акција против дваесетина видни бизнисмени'. Задачата 'Михајло' му ја објаснил со следниве инструкции:
- Слушај ме внимателно. Оваа Влада мора да падне! Веќе со сигурност знаеме дека 'Дебелиот' ќе ја напушти коалицијата со Георгиевски и ќе излезе од Владата. Тој со себе ќе повлече доволно пратеници што ќе значи дека Владата ќе го загуби мнозинството ... Како и да е, неколку одбрани луѓе од ДБК, меѓу кои сум и јас, подготвуваме повеќе скандали и афери кои треба дополнително да го разнишаат Георгиевски и морам да признам дека имаме сериозен проблем со подготовките. Не знаеме што да одбереме. Пливаат во афери и скандали! Реакциите што ги добиваме од Интерпол, Еуропол и другите разузнавачки служби од надвор, се многу сериозни. Бараат да интервенираме, а не знаат дека ни се врзани и рацете и нозете, и ушите и очите.


ексклузивно
ЦРВЕНКОВСКИ И АХМЕТИ СЕ СРЕТНАЛЕ УШТЕ ВО МАРТ 2001?!

Првата средба меѓу Бранко Црвенковски и Али Ахмети била во првата половина на март 2001 г. во македонската амбасада во Словенија- тврдат извори за Фокус  кој сакаат да останат анонимни.  Сепак истиот извор наведува дека за ова постои аудио и видео снимка која ја поседува една странска разузнавачка служба. Останува енигма дали снимките што во неколку наврати ги споменува Мендух Тачи се за овој состанок или пак ДПА има нешто друго. Во секој случај, останува да ја сочекаме нивната 'бела книга' за војната 2001. Исто така, беа споменувани и контактите за време на војната меѓу високи функционери на СДСМ со функционери на ОНА во Брисел, каде да потестиме тогаш дејствуваа Муса Џафери и Агрон Буџаку.

 
Јанко БАЧЕВ:
МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ БЕШЕ КУРИР НА ЦРВЕНКОВСКИ

Екс разузнавачот Јанко Бачев тврди дека за цело време на војната, Црвенковски и Ахмети биле на постојана врска.
-Лице за контакт-курир на Црвенковски- ќе биде Миле Зечевиќ. Во тоа време тој му ги пренесува на Али Ахмети строго чуваните тајни од Министерството за одбрана на Бучковски, се разбира со негово знаење. Се сеќаваат граѓаните дека за време на војната борците на ОНА речиси секогаш однапред ги знаеја и ги избегнуваа заседите на македонската армија. Во оваа насока, борците на ОНА добро го знаеја и движењето на македонските бранители за што благовремено поставуваа мински заседи од кои загинаа најголем дел од македонските бранители.
26-12-2015, 11:16 PM
Reply