Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЈАВНИОТ ДОЛГ НА МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Растот на јавниот долг во Македонија


[Image: nikola-popovski.jpg]
проф. д-р Никола Поповски

17 Декември 2015
Јавниот долг на Македонија постојано расте. Расте вкупниот долг, расте надворешниот долг, расте внатрешниот долг, расте неговото учество во бруто домашниот производ (БДП). Таа појава е особено загрижувачка за економијата, но и за општеството.
Јавниот долг по дефиниција претставува акумулиран буџетски дефицит, односно состојба кога јавните раходи на државата се повисоки од јавните приходи. Сведоци сме дека буџетските дефицити во Македонија постојано се високи и сè уште растат. Во последниве седум години (2009-2015), на пример, тие кумулативно изнесуваат околу 23 отсто од БДП или просечно околу 3,3 отсто од БДП годишно. Според моите пресметки, кумулираниот апсолутен износ на дефицитот во овој период е околу 1,8 милијарди евра и затоа не треба да сме изненадени што и јавниот долг постојано се зголемува.

Контрола врз јавниот долг е нужна

Економистите тврдат дека креирањето на јавниот долг може да биде корисна алатка во рацете на државата, ако тој правилно се користи и ако служи за поттикнување на долгорочниот или на краткорочниот економски раст, за водење на макроекономска политика која во време на рецесија ќе ја врати економијата во состојба на раст (антициклична политика). Или дури и ако понекогаш едноставно се употреби за решавање на некои сериозни неекономски проблеми, какви што се на пример, природните катастрофи, влошена безбедносна состојба, терористички закани и слично, што со вообичаените мерки на јавните финансии не би можеле ефикасно и навремено да се решат.
Но економистите укажуваат и на тоа дека со јавниот долг мора да се управува многу внимателно, бидејќи неговата прекумерна употреба може да доведе до проблеми со ликвидноста на јавните финансии, особено на централните или на локалните буџети на државите. Тој може да ја поттикне инфлацијата, а со тоа да ги зголеми и каматите во економијата, па и да ги наруши и финансиските пазари преку феноменот на т.н. „истиснување на приватниот сектор“ од полето на инвестирање. При постоење на последниов феномен, приватните инвеститори ги пренасочуваат своите пари кон финансирање на, често, непродуктивните државни трошоци.
Понатаму, јавниот долг го намалува штедењето во економијата, бидејќи тоа претставува еден вид на тековно негативно штедење на државата, односно државата е нето позајмувач, па враќањето на тој долг ќе предизвика намалени заштеди во економијата во иднина.
Конечно, надворешниот јавен долг може да доведе до многу сериозно нарушување на односите во платниот биланс на земјата и нејзина надворешна неликвидност до степен на прогласување на формален банкрот (Аргентина, Грција).
Од наведените проблеми Македонија веќе е соочена со делумно истиснување на приватниот сектор од сферата на инвестирањето, но и со проблемот на ликвидноста на централниот буџет, а можеби допрва ќе се соочи со нужно намалување и на штедењето бидејќи државата ќе стане голем нето должник. Но колку изнесува македонскиот јавен долг и дали неговата висина веќе е вознемирувачка?

Знаеме ли колку е македонскиот јавен долг?

Според последните официјални податоци, јавниот долг на Македонија на 30 септември 2015 година изнесува 3,94 милијарди евра и тоа претставува 43,9 отсто од БДП (Табела 1). Од тоа, 2,65 милијарди евра се странски јавен долг (29,6 отсто од БДП) и 1,29 милијарди евра домашен јавен долг (14,3 отсто од БДП).
[Image: tabela.jpg]
Извор: Министерство за финансии на РМ

Ако на ова се додадат трансакциите и задолжувањата на државата во последниов квартал од годинава, како што се тековни повлекувања од одобрените кредити за инфраструктурни проекти во земјава што се финансираат со странски кредити (НР Кина, ЕБОР, ЕИБ, СБ), новото задолжување со еврообврзница од 270 милиони евра и исплатата на доспеаната еврообврзница од 150 милиони евра, новото тековно задолжување на домашниот финансиски пазар и тн., јавниот долг веројатно веќе достигнал 45 отсто од БДП. Ако, пак, се земе предвид дека и висината на проектираниот БДП, врз основа на што се пресметува учеството на јавниот долг, е преценета и изнесува нереални 8,98 милијарди евра (НБРМ, на пример, во ноември соопшти официјална проценка дека растот на БДП ќе биде понизок од проектираниот за околу 1 процентен поен) тогаш нивото на јавниот долг е уште повисоко.
Според класификацијата на Светската банка и економската наука, државите со јавен долг до 40 отсто од БДП се сметаат за ниско задолжени, оние со долг од 40 отсто до 60 отсто за умерено и оние со долг над 60 отсто од БДП за високо задолжени земји. Според ова Македонија веќе е во категоријата на умерено задолжени земји. А само пред 10 години, на крајот од 2006 година нивото на јавниот долг беше 1,82 милијарди евра или 33,2 отсто од БДП. Ако пак се има предвид дека Владата во текот на 2007 и 2008 година ги искористи девизните депозити од над 200 милиони евра што беа формирани со продажбата на дистрибутивната мрежа на некогашното ЕСМ за предвремена отплата на странските кредити кон институционалните кредитори (МБОР, ЕБОР, ЕИБ) тогаш ќе се соочиме со фактот дека јавниот долг на крајот од 2008 година се сведе на само 23 отсто од БДП. Од тогаш до денес, за само 7 години тој е практично дуплиран.
Проценката на јавниот долг произлегува и од некои методолошки проблеми. Во светот најзастапени системи на искажување на буџетските трансакции се оние што се на пресметковна и готовинска основа. Македонското буџетско сметководство се базира на готовинска основа (кеш-база), односно ги прикажува само готовински извршените приходи и расходи. Во таков случај долговите што ги има државата, а што произлегуваат од неисплатените, а доспеани обврски на буџетот не се прикажуваат. Но, тие обврски се реални и ако државата не ги сервисира на време, објективно можат да се сметаат како даден кредит од приватните добавувачи, односно долг на државата. Тие настануваат при големи доцнења во плаќањата за извршени градежни работи, неисплатени субвенции или трошоци на државата и сл.
Ваквите податоци владата во Македонија ги има, но не ги објавува. Ако доспеаните, а неплатени обврски на државата се пресметаат како јавен долг, тој може значително да се зголеми. Меѓународните стандарди за подготовка на таквите пресметки од страна на владите се одамна објавени. Во еден документ на ММФ од ноември 2015 година, на пример, се истакнува дека „22 влади од ЕУ користат соодветна форма на пресметковно буџетско сметководство, понекогаш и заедно со готовинските податоци, како и владите во Австралија, Северна Америка, Скандинавија“. ММФ истото го препорачува уште од 2001, ОЕЦД од 2002, а ООН од 2012 година. Македонија тоа уште не го прифатила.
Македонија има проблем и со дефинирањето на јавниот долг од што произлегува и неговата висина. Со Законот за јавен долг (чл. 2, став 1, точка 2) во јавниот долг на Македонија не е опфатен, на пример, долгот на НБРМ. Ако се пресмета и долгот на централната банка како јавен долг, тогаш неговата висина може да биде уште поголема.
Но проблемот воопшто не завршува тука. Самата структура на јавниот долг е влошена. Таа е поместена кон повисоко странско задолжување, што е посебен проблем за земја како Македонија што има постојан и висок дефицит на својот трговски биланс (повисок увоз на стоки одошто нивен извоз) и тоа за околу 20-25 отсто од БДП и на тековната сметка (околу 2-7 отсто од БДП). Затоа, ако пред 10 години домашниот долг изнесувал над половина од висината на надворешниот долг, што е негова поповолна структура, тогаш денес тој е веќе под половина од надворешниот долг, што е понеповолна структура. Но проблемите веројатно се и многу поголеми.

Како понатаму


Несомнено е дека јавниот долг во Македонија во законот е релативно рестриктивно дефиниран, а буџетските пресметки сè уште се прават на готовинска основа што дополнително го намалува реалното прикажување на ниво на јавниот долг. Но и покрај тоа нивото на јавниот долг од 2009 до 2015 година и апсолутно и релативно се зголемува на динамична основа. Ако ништо не се промени Македонија ризикува во рок од неколку години да влезе во категоријата на високо задолжени земји со многу поголеми економски последици.
За да не се случи тоа мора да се воспостави многу поригидна контрола врз дефицитите на буџетите во идните години со што тие би биле околу 1/3 до 1/2 пониски од стапките на раст на економијата. Едновремено дефицитот треба сè повеќе да се финансира од домашни, наместо од странски извори на задолжување и со тоа јавниот долг да се стави под долгорочна контрола. Секако, стапката на економски раст треба да се подигне на нивото над 4-5 отсто годишно за и по тој основ да се намали учеството на јавниот долг во БДП на земјата.


RESPUBLICA
(This post was last modified: 17-12-2015, 07:06 PM by ЈорданПетровски.)
17-12-2015, 07:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(This post was last modified: 18-03-2016, 12:17 AM by ЈорданПетровски.)
15-03-2016, 12:37 AM
Reply