Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МУЛТИКУЛТУРИЗМОТ, ГОЛЕМА ЗАБЛУДА И ВОДИ ДО ПАРАЛАЛНИ ОПШТЕСТВА!!??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote: Меркел: Мултикултурализмот е голема заблуда, тој води до паралелни општества

[Image: angela%20merkel.jpg&w=590&h=360]
Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот во своето обраќање пред Христијанско демократската унија (CDU) порача дека Германија има намера да го намали бегалскиот бран кој доаѓа во земјата, откако оваа бројка надмина милион бегалци. Истовремено, Меркел се осврна и на состојбата со пристигнатите бегалци, порачувајќи дека „тие треба да направат поголеми напори за интеграција во германското општество“, пренесуваат германските медиуми.

Меркел истакнала дека како водечка економска и политичка сила, Германија има „хуманитарен императив" да прифаќа луѓе бегаат од немирите во Сирија, но дека откако веќе прифатила околу милион лица, земјата сега треба „значително да го намали" бројот на оние кои пристигнуваат.

Според Меркел, станува јасно дека од страна на бегалците мора биде вложен поголем напор за тие да бидат асимилирани во германското општество. Германската канцеларка, исто така, целосно ја отфрлила идејата за мултикултурност, која во некои делови на Европа е поврзана со политика на стимулирање на различните културни групи да живеат во одделни заедници.

„Оние кои бараат азил кај нас исто така, мора да ги почитуваат нашите закони и традиции, како и да научат да зборуваат германски. Мултикултурализмот води до паралелни општества и затоа таа останува голема заблуда“, порача Меркел


MAKFAX
(This post was last modified: 15-12-2015, 01:50 PM by ЈорданПетровски.)
15-12-2015, 01:49 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,387
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#2

Ајде сега го укинуваме Рамковниот, нема веќе квоти за малцинства, ниту гласање по Бадинтер. Штом фрау Меркел вика дека за една Германија не функционира мултикултурализмот а летоска им пожела добредојде на сите бегалци од Блискиот Исток.
Цурик.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
16-12-2015, 04:36 AM
Reply