Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПЕРЕЊЕ ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Преку лажни фактури испрани речиси 6 милијади долари од 2001 до 2013

од Сашка Цветковска, НОВА  14-12-2015 

[Image: 26129golema.png]
Адресата во Белизе, Централна Америка каде што се регистрирани неколку компании од Македонија поврзани со видни политичари од власта и бизнисмени

Повеќе од 5 милијарди американски долари се нелегално изнесени од Македонија во периодот од 2004 до 2013, се вели во извештајот “Нелегални финансиски одливи од земјите во развој“ подготвен од американскиот тинк-тенк „Глобал Фајненшл Интегрити“.

Ако на оваа бројка се додадат и одлеаните пари од 2001, 2002 и 2003 година (од претходните извештаи на „Глобал Фајненшл Интегрити“) од Македонија се одлеале 5,7 милијарди американски долари.

[Image: pp1d5a.jpg]

Во годинешниот извештај Македонија е рангирана на 88 место, додека мината година беше на 79 место. Најмногу нелегални пари се изнесени во 2008 година, односно 928 милиони долари и во 2011 година 852 милиони долари.

Според методологијата која ја користи оваа организација, сите овие пари се пари кои се нелегално заработени, односно нелегално изнесени од земјите во развој како што е Македонија. Речиси 97 проценти од овие пари од Македонија излегле преку лажни фактури со кои се зголемувала вредноста на стоки и услуги при извоз.

Според организацијата, овие пари најчесто завршуваат на сметки во земјите коишто важат за даночни прибежишта, како што е Белизе, Сејшели, Лугано, Ст. Винсент и Гренадини, Маурициус, Панама и други.

„Глобал Фајненшл Интегрити“ објаснува дека овие пари најчесто се пари од поткуп и корупција на државни функционери, даночно затајување, трговија со дрога, оружје и луѓе, финансирање на тероризам и други илегални активности.

Во Македонија во последните години се отворија многу сомнежи околу мотивите на одредени политичари, бизнисмени и луѓе блиски до центрите на моќ за коишто новинарите успеаја да најдат поврзаност со фирми во посочените даночни прибежишта.

Извештаите на меѓународните организации покажуваат дека земјите во развој, каква што е и Македонија, заедно годишно губат 160 милијарди долари како резултат на даночно затајување од страна на компаниите.

Тие се користат со лажни фактури и преку матни трансфери парите наместо во даноци завршуваат во земјите кои важат за даночни прибежишта. Според анализата на „КристианАид“, ако овие пари им беа дадени на земјите во развој и на неразвиените земји, ќе беа доволни да спасуваат 1.000 деца дневно секој ден. Ова ја надминува потребата од 62 милијарди долари кои недостасуваат за да се постигнат „Милениумските развојни цели“ дизајнирани од страна на Обединетите нации со намера да ја намалат екстремната сиромаштија и гладот на земјата до 2015 година.

И според меѓународната „Мрежа за даночна правда“, земјите во развој губат помеѓу 120 и 160 милиони долари годишно од потенцијалното собирање даноци поради скриените богатства на нивните граѓани во офшор-државите.
14-12-2015, 02:20 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#2

Ova so Belize kako magnet e povrzano so Belgrad i naselba Dedinje ulica Kosta Racina.Nekogasni ziteli na Dedinje od Makedonija i segasni stranci od BJRM so regulirano Serpskojo drzavjanstvo.Iako vo Belgrad si postoi i ulica Goce Delceva kade ziteli se mnogu novi demokrati od Srbija i vlastodrsci koi se menuvaat po izbori i se sekogas vo vladejacki partii.
Edno e cudno kako nema interes od golemi novinarski pera u Makedonija po prasanje koj nekogas od RM ziveel na Dedinje, kade bil vo togasna hierarhija i sto e denes so toj imot.
Kako tesko se doaga do informacija za Dedinje i zitelite nekogasni i segasni pa toa e drzavana tajna.
Edna informacija e vredna deka na Dedinje imale imot site golemi faci od site segasni drzavicki i seuste se si e podredeno kako nekogas.
Dedinje go naseluvaat samo ziteli so dadeno zeleno svetlo od ekipa na KGB koja vrsi bezbednosna provera.posle direktna provera na licnost koja treba da se doseli na Dedinje a e vrsel nekoja funkcija u novi drzavicki i e bil na linija spasimo ranjenike,ubijmo demokrate.
Togas se doaga do OZNA,UDBA i KOS, plus ona za Inostrane poslove.
Nov stanar na Dedinje e D.D.
Vo naredni 5 do 10 godini ocekuva poveke drugari da mu se pridruzat od MK.
Parite od Belize mora da si dojdat na vistinska adresa i na cuvanje kade i im e mesto.
130 ha e imot na KaramGorgija reseno e da se prodade na Spanskiot kral i Francuski plemici sem Engleska lordova buljumenta.
Ako pari nekogas dal Geneh preku RadoBank vreme e i godini sto idat da se vratat oplodeni.
15-12-2015, 10:34 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,387
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#3

Ох па види кој се најде да си ја ишка мувата од капата, пералната за пари наречена “Отворено Општество Македонија“.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
16-12-2015, 04:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Од Македонија годишно исчезнуваат 461 милион долари


Организацијата ја смести Македонија на 76-то место меѓу 143 земји што се најдоа на листата на земји за нелегално извлечени пари

 
[Image: pari---janevska-ilieva.jpg]
 
[Image: transparent.gif]
 четврток 21.3.2013
„Глобал фајненшл интегрити“
Дури 461 милион долари во просек секоја година нелегално исчезнувале од Македонија во периодот од 2001 до 2010 година, покажува извештајот на американската организација „Глобал фајненшл интегрити“ (ГФИ). Организацијата ја смести Македонија на 76-то место меѓу 143 земји што се најдоа на листата на земји за нелегално извлечени пари. Од балканските земји, Србија е најлошо рангирана, со дури пет милијарди долари, пари што секоја година во периодот од 2001 до 2010 година нелегално исчезнале од земјата. Србија на листата на ГФИ го зазеде 16-то место.

Се изнесува и готовина

Просечните суми извлечени пари се добиени преку споредба на различни податоци во увозот и извозот на секоја земја посебно, кои покажале дека компаниите пријавиле помал извоз и заработка од реалната, или дека увезле и платиле значително повеќе од вистинската вредност. Организацијата исто така ја следела и трагата на незаконски добиени средства што подоцна беа префрлени надвор од земјата.

Српскиот економист Драгован Миличевиќ вели дека големината на нелегални финансиски текови во Србија е веројатно уште поголема од податоците.
- Извештаите на ГФИ ги следат само парите што одат преку банкарските сметки, но нема процена колку пари биле испратени надвор од земјата во готово - вели Миличевиќ.

Додека Србија беше најлошо рангирана од балканските земји, Бугарија се најде на 38-то место на листата, потоа Хрватска на 39-то, Црна Гора на 50-то, Романија на 55-то, Босна на 57-то, додека Албанија е рангирана на 106-то место.

Кина и Мексико први на листата

Според „Глобал фајненшл интегрити“, околу 1,5 милијарда долари годишно се излеваат од Бугарија и Хрватска преку незаконски финансиски текови, додека околу милијарда долари излегуваат од Црна Гора.
Просечната сума пари што годишно незаконски биле изнесени од Романија изнесува околу 880 милиони долари, од Босна околу 830 милиони, а околу 136 милиони долари од Албанија. Првите места од листата за недозволени финансиски одливи им припаднаа на Кина и на Мексико, од каде што се излеале 2.740 милијарди долари, односно 476 милијарди долари. Извештајот покажа дека 143 земји во развој загубиле 5.860 милијарди долари во незаконски финансиски текови во периодот од 2001 до 2010 година.                
 
 
 
Автор: М.Т. 
Фотографија: Маја Јаневска-Илиева
 
 
26-12-2015, 02:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote: Зад „крадените“ пари стојат луѓе

Од Македонија од 2004 до 2013 година незаконски се изнесени повеќе од 5 милијарди долари, објави Глобал фајненс интегрити од Вашингтон. Испраните пари во даночните раеви подоцна се враќаат во земјата како наводни странски инвестиции.



[Image: 8C7505E8-9871-4A67-ADAA-2BBAAFCC7021_w64...y4_cw0.jpg]

Системот за откривање и спречување на перење на пари, финансиските институции, Народната банка која се грижи за сите трансфери во и од државата, даночните инспекции, ревизиите, целиот систем треба да функционира за да се оневозможи изнесување на пари од државата.

„Ние системот го имаме, имаме сè што треба, имаме закони, имаме институции, проблемот е што тие институции не си ја работат работата како што треба“, вели професор Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси интернејшнал – Македонија.
Од Македонија за девет години(од 2004 до 2013) незаконски се изнесени повеќе од 5 милијарди долари, објави организацијата Глобал фајненс интегрити од Вашингтон во својот извештај. Речиси 97 проценти од овие пари од Македонија излегле преку лажни фактури. Според Организацијата, просечно од државата се одлевале по 516 милиони долари годишно, а најголем одлив на пари имало во 2008-та кога од државата се изнесени 928 милиони долари и во 2011 кога се изнесени 834 милиони долари. Овие години се и изборни години.
„Ако вие ги имате 2008 и 2011 како години во кои се изнесени најголемите суми, а еве последната година се 200 милиони долари, значи нешто се случило, некакви реакции се случиле или контролата се можеби разбудила. Но, што ни се случуваше во тие години, во тие години ни се случуваше Скопје 2014 на пример, огромни фактури, начини и можности на изнесување на пари и други состојби коишто може да се поврзуваат меѓусебно, да се создаваат хипотези и тие понатаму да се анализираат и да се истражуваат“, вели професор Слаѓана Тасева.
Разговор со Слаѓана Тасева за одливот на пари од државата


Дел од експертите посочуваат дека испраните пари во даночните раеви подоцна се враќаат во земјава како наводни странски инвестиции. Имено, освен големите западноевропски земји, едни од најголемите инвеститори во Македонија се токму ваквите држави - Британски Девствени Острови и Свети Винцент и Гренадини. Тоа се и земји кои немаат обврска да кажат кој е сопственик на сметката или на фирмата. Но, меѓународните правила се менуваат, вели Тасева.
„Веќе се бара од државите да донесат акти со кои ќе биде задолжително да се знае кој е вистинскиот сопственик на компанијата која е регистрирана или на сметката во една банка, да не постојат прикривачки компании. Ние тоа што го видовме во Панама дека постојат имиња и на наши луѓе или тоа што гледаме на сајтот на Народна банка дека има луѓе кои инвеститраат од тие офшор зони, тоа се под претпоставка наши пари, тоа сега понатаму нема да биде претпоставка, туку тие податоци мора да бидат објавени во јавен регистер“, вели таа“, вели Тасева.
Овој извештај го опфаќа периодот до 2013, а во меѓувреме во државата имаме политичка криза. Тасева вели дека кризата може да влијае на забрзување на процесите на извлекување на средствата кои не успеале да се изнесат и да се направи нешто што ќе го оневозможи понатаму откривањето.
Специјалниот обвинител Катица Јанева по стапувањето на функцијата најави дека ќе се обиде да ги врти во државата парите за кои постои сомневање дека се украдени.
„Мислам дека има многу добри основи од каде да почне со тие активности, да ги следи трагите на парите и мислам дека постои желба тоа може да се направи и тоа нема да наиде на проблем во олеснување на меѓународната соработка во овој тип на истраги и олеснување на враќањето на средствата од државите во кои биле изнесени“, вели Тасева.
Глобал фајненс интегрити својот извештај го базира на анализа на податоци од Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка, како и податоци од институции кои се борат против корупцијата и криминалот.
26-12-2015, 02:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote: АНАЛИЗА Шака бескрупулозни арамии ја разграбуваат Македонија

26 декември 2015

Деновиве, организацијата „Глобал фајненшл интегрити“ (ГФИ) го објави својот годишен извештај, насловен: „Незаконски финансиски текови од земјите во развој: 2004 – 2013“. Некои медиуми само ја проследија веста, други направија пошироки осврти (24 Вести и „Утрински весник“, на пример). Мнозинството од нив го објави податокот дека од Македонија, во последните десет години (2004-2013), незаконски се одлеале, кумулативно, 5,162 милиони долари, или просечно годишно по 516 милиони долари. Поврзано со тоа, некои традиционални бранители на власта ја нападнаа компетентноста на организацијата Глобален финансиски интегритет, напаѓајќи ја, пред сè, употребената методологија за проценување на износите на незаконски одливи/приливи од/во сиромашните и земјите во развој. Не кажаа зошто таа методологија е неупотреблива. Од едно место стигна анатемата - не била меѓународно верифицирана.
Го прочитав извештајот внимателно. Не само поради наведените реакции! Не само поради спомнувањето на високите износи незаконски одлеани пари, туку и поради фактот дека таквиот извештај ќе мора да го читаме, очигледно, и во годините пред нас. Па, откако го прочитав, што мислам за него? Колку е сериозен, ќе нè следи ли во натамошниот период, ќе нè натера ли да преземеме нешто во врска со таа тема и неговите наводи?
1. Студијата не е подготвена од аналфабети!
Очигледно, извештајот не е подготвен од сензационалисти. Основачот на организацијата (ГФИ), Рејмон В. Бејкер, e познат американски бизнисмен, интелектуалец, автор на значајни дела, меѓународно признат авторитет за темите корупција, перење пари, раст и прашања од надворешната политика.
Главниот автор на извештајот, Дев Кар, е искусен економист, со највисоки академски звања стекнати на познати американски универзитети, кој, ни повеќе ни помалку, работел 32 години во ММФ, долго години како сениор економист, работејќи на широк спектар макроекономски и статистички прашања. Од текстот дознаваме дека Извештајот на ГФИ сериозно го спонзорира и владата на Финска, а знаеме дека веќе е седми по ред.

2. Колку пари се во прашање?
Наодите на студијата се алармантни. Нејзините автори утврдиле дека во период од десет години, 2004-2013, од сиромашните и од земјите во развој се одлеале 7,8 трилиони долари; дека секоја година наведениот износ се зголемувал со неверојатно висока просечна стапка од 6,5 отсто; дека во 2013 одливот е највисок, 1,1 трилион долари; дека во вкупниот износ од 1,1 трилион долари (2013) 25,5 отсто, односно околу 250,4 милијарди долари отпаѓа на европските земји во развој - но во нив само на Руската Федерација околу 120 милијарди (48 отсто). За да не го оптоварувам текстот со многу бројки, да кажам дека: незаконските одливи на земјите од Супсахарска Африка изнесуваат 6,1 отсто од нивниот БДП, на европските земји во развој 5,9 отсто (заедно со Русија), на азиските земји во развој 3, 8 отсто, на истите од Западната хемисфера со 3,6 отсто, итн. Ако се исклучи Руската Федерација од групата европски земји во развој, незаконските одливи од овие европски држави во развој би изнесувале нешто под 3 отсто од БДП.
Зошто, доколку овие бројки се точни, се крајно алармантни? Прво, рековме дека годишниот раст на незаконските одливи изнесува 6,5 отсто годишно. Тоа е двојно повеќе од просечната стапка на раст на светската економија во истиот период.
Второ, како што вели студијата, износите на незаконските одлевања на финансиски капитал се далеку поголеми од износите што секоја од овие земји ги добива како помош за совладување на сиромаштијата, заедно со вкупните износи на странски инвестиции.
3. Што вели студијата за Македонија?
Авторите на овогодишниот извештај процениле дека во истиот десетгодишен период (2004-2013) од Македонија незаконски се одлеале 5,162 милиони долари. Во просек, секоја година се одлевале по 516 милиони долари, или просечно по 5 отсто од БДП. Ако, на пример, во десетте години владеење на нашата злосторничка власт стапката на економскиот раст, мерена преку растот на БДП, просечно годишно изнесувала 2,9 отсто, а незаконските одливи околу 5 отсто годишно од тој ист БДП, не треба никој да ни „телефонира“ зошто Македонија е во оваа состојба, зошто имаме највисока стапка на невработеност во Европа и исто таква на сиромаштија. Или, доколку, теоретски, стапката на незаконски одливи би била нула, бруто-инвестициите во Македонија секоја година потенцијално би можеле да бидат поголеми за близу една петтина од тековно остваруваните.
Ако ги споредиме процените за незаконските одливи на финанскиски капитал од Македонија со приливот по основ на директни странски инвестиции, состојбата е следната: во истиот период од десет години (2004-2013), вкупниот износ на странски директни инвестиции во Македонија (заедно со продажбата на ЕЛЕМ) изнесува 3,8 милијарди долари, наспроти 5,2 милијарди долари незаконски одлеани финансиски средства. Сведени на годишен просек, во истиот период од десет години, во Македонија просечно годишно влегувале по 348 милини долари директни странски инвестиции, а незаконски испарувале просечно годишно по 516 милиони долари. Ако продолжиме со потенцирањето на големината на одливите, ќе кажеме дека, просечно, секоја година незаконските финансиски текови на Македонија (516 милиони долари) изнесуваат над 60 отсто од годинешниот државен пензиски фонд.
4. Колку се точни изнесените податоци?
Рековме дека главниот износ на констатирани незаконски финансиски средства се утврдува преку неточното фактурирање на трговијата (trade misinvoicing). Од вкупниот износ означен како незаконски текови, 83 отсто е добиен од разликата покажана при споредбата на фактурите оверени од царинарниците на земјите во развој и фактурите оверени од царинарниците на развиените земји. Во 2013 година, за 56 земји во развој, од вкупно 156, податоците се добиени со таквата билатерална споредба, а за остатокот преку послабата метода, спомната погоре.

Утврдениот износ за Македонија главно базира на најдобрата, или најмалку лоша метода, билатерална споредба на фактурите со секоја од развиените земји, зашто Македонија има таква дезагрегирана статистика. Бидејќи тие податоци се добиени врз основа на утврдени разлики меѓу фактурираните вредности во царинските декларации/фактури, прифатени од македонската Царинарница (таа наплатила царини на тие износи) - потоа истите користени од НБРМ за составување на платнобилансната статистика - па така споредени со царинските фактури на секоја од развиените земји поединечно за да се утврди разликата, да се каже, онака лежерно, дека податоците не се точни, произлегува дека податоците што се црпат од фактурите верифицирани од македонската Царинарница се исто така неточни. Белки не се сака да се каже дека податоците од оцаринетите фактурни вредности на развиените држави (на пример, 32 земји на ОЕЦД) се неточни, или помаку точни од оние нашине. Според тоа, да се каже дека се сосема точни, би било веројатно грешка. Впрочем, за тоа се свесни и аналитичарите на ГФИ. Но да се отфрлаат со леснотија каква што видовме деновиве од некои места во Македонија, тоа секако е огромна грешка - намерна или од незнаење.

Но, кога аналитичарите на ГФИ велат дека има проблеми со точноста на податоците, тие не велат дека се преценети, туку потценети. Потценети се, велат, затоа што не се вклучени други канали преку кои се можни значителни износи на незаконски приливи и одливи на финансиски средства, како, на пример, категоријата размена на услуги, како голема ставка во билансите на плаќања на секоја држава, а исто така не се опфатени и некои други канали на можни незаконски финансиски трансакции.
Дали бројката од 516 милиони незаконски финансиски текови нотирани за Македонија е голема или мала, ќе се обидам да покажам на еден конкретен начин: во 2014 година вкупната размена на стоки на Македонија со странство (увоз и извоз заедно) изнесувала 9,821 милион американски долари. Можните манипулации во извозот и увозот се вршат по неколку основи: (1) неточно искажана цена, (2) неточно деклариран квалитет, (3) неточно декларирани количини. Во истата година вкупната вредност на услугите во двата правци (увоз-извоз) изнесувала околу 3 милијарди долари. Така добиваме вкупна размена на стоки и услуги со странство (во двата правци) со вредност од 12,8 милијарди долари. Така вели Платниот биланс на Република Македонија, што го подготвува НБРМ.

Ако претпоставиме дека е можно просечно со секоја фактура за извоз и увоз на стоки и услуги (натценета или потценета вредност во споредба со стварната) да се „скрие“ финансиска вредност од „само“ 3 отсто, прикриената, одлеаната и неоданочена вредност се доближува до 400 милиони долари во една година. Меѓутоа, не знаеме и многу други работи. На пример, не знаеме дали некаде воопшто се евидентирани исплатените милиони во врска со аферата „Маѓар телеком“ на наши, бивши и сегашни, функционери - партиски или државни, сеедно; каде, како и дали воопшто е, или може да биде некаде евидентирана кинеската провизија (платена од нашите пари) за изградбата на познатите патни правци во државата; дали и каде се евидентирани финансиските малверзации со грчката фирма „Актор“; не знаеме колку функционери и бизнисмени од Македонија имаат отворено сметки и регистрирано компании во т.н даночни раеви и тајни јурисдикции; колку наши граѓани поседуваат капитал во компании наречени „анонимни старатели“ (anonimuss trusts) и таканаречени „shell companies“ што не котираат на берза, но имаат правна егзистенција и, можно, актива со која не тргуваат, чувајќи се за некоја идна цел итн.

Катица Јанева овие прашања не може да ги расчисти. Потребни се силни и компетентни институции, политичко водство што сака разрешница, а не перјаница во разграбувањето на државата и ѕидар на вакви проблеми. Еден бивш американски амбасадор во Македонија, за еден исто така бивш функционер, ми спомна дека само тој има, ни помалку ни повеќе, 200 милиони долари на сметки во странство. Не сакав да верувам дека тоа е точно. Но, за денешниве, од снимените разговори, се чини дека таквите износи се „ситно“.
5. Ако се точни бројките за незаконските одливи, кај кого отишле парите?
Кога беа цитирани годинешниот и ланскиот извештај на ГФИ, главно се наведуваше износот на одлеани пари од Македонија. Од така восприемена информација, нестручната и јавноста што не следи вести со внимание, може да добие впечаток дека сите овие големи износи се „здиплени“ од државни функционери. Тоа секако не е точно. Од методологијата за нивната процена се гледа дека таквите износи станале сопственост на лица од двата сектора - приватниот и јавниот. Во корумпирани држави, само таква симбиоза може да испумпа толку многу пари без каква и да е одговорност. Македонија, за жал, станува Супсахарска Африка, или Колумбија, Костарика, Гватемала и слични, на Балканот.

6.Што треба да направи една чесна власт кога ќе се појави ваков извештај?
Наместо игнорирање и неодговорно потценување на неговата содржина, колку и да е дискутабилна, Владата на Република Македонија треба да пристапи кон сериозна проверка на изложените констатации. Се работи за извештај што циркулира во Светот и ќе продолжи да циркулира. Имено, треба да направи сè да ѝ докаже на јавноста дека, можеби, наводите во него, што би рекол нашиот Монструм се со следниот (не)квалитет: „Некои делови се точни, некои делови се половично точни, некои се целосно неточни“. Јас, лично, кога би имал објективна или субјективна одговорност, во зависност од работното место, веднаш би ги поканил авторите на студијата да ја посетат Македонија и заедно со стручни лица од НБРМ, Министерството за финансии, Царинарницата на Македонија и Државниот завод за статистика би извршил темелна дискусија со нив.

Но, така би постапила една чесна влада. Нечесната, имаме многу примери како постапува. Се обидува да скрие дури и убиства на луѓе, барем додека не ѝ подготви на јавноста приказна дека тој и неговата банда не се виновни за настанот, ако веќе настанот не може да се скрие. Инаку, доколку некој од власта ги чита овие извештаи на ГФИ, ако следи што работи ООН, ќе види дека незаконските финансиски текови станале дел од Милениумските цели на ООН, сериозен интерес на ОЕЦД и Г-20, дека нашироко се дискутираат на конференции организирани и под покровителство на Обединетите нации, така што не е далеку денот, поврзано со нашите аспирации за евроатлантските интеграции, кога ќе ни биде испорачана задача и во врска со ова прашање. Секако, ако дотогаш нас не нè интересира каде исчезнуваат парите од Македонија и зошто држиме први места според стапките на невработеноста и сиромаштијата во Европа.
[Image: pari.jpg]
НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК
Корупцијата ги јаде работните места. Корупцијата е главната причина за сиромаштијата. Со толку висока корупција како во нашата држава, нема одржлив развој. Корупцијата и последиците од неа ги иселува нашите деца од Македонија, правејќи земја на медиокритети од секаков вид. Се разбира, таа, пак, е последица од екстрактивните политички институции, кои по дифолт произведуваат екстрактивни економски институции - институции, ако воопшто можат така да се наречат, преку кои секојдневно се разграбува националното богатство од шака бескрупулозни арамии. Ако на еден дел од граѓаните им е тешко да ја персонализираат вината за сиромаштијата и невработеноста, иако тоа е нивниот најсилен допир со стварноста, ако не можат доволно да разберат колку недемократските институции се виновни за сето тоа, тогаш сигурно можат полесно да ја персонализираат корупцијата. Полесно можат да разберат дека се краде од нивното, па затоа толку малку има за нив. И, доколку целата демократска опозиција повеќе отколку досега им помогне во тоа, без да го потценувам тоа што сега се прави, збогувањето со оваа власт ќе стане уште поизвесно.
На почетокот реков дека не сакам да верувам дека граѓаните толку малку мислат на корупцијата како проблем во нашата држава и на пустошот што таа го прави врз нивните животи, колку што покажува малиот процент на оние што ѝ дале првенство во производството на злото со кое се соочуваат. Но, како и да е, постои повеќе од потреба демократската опозиција ова прашање уште појасно да им го долови на граѓаните, ако сака да оствари подобар резултат на претстојните избори. Недозволиво е аргументите што ѝ се во раце да избледнат. Да се извитоперат. Да се удават во океанот на заглушувачката врева којашто секојдневно ја прават овие демони. Недозволиво е целиот овој планетарен грабеж да се удави во еден процес на лажен дијалог арбитриран од бескрајно рутинизирани меѓународни бирократи, во име на некакво демонстрирање „разумност“ (која траба да ја нуди само опозицијата), или да биде потиснат со квазиреформските ритуали на кои сме сведоци со децении. Овој пат не смеат да се извлечат. Пресингот врз нив по прашањето на огромниот арамилак мора уште повеќе да се зголеми, зашто одамна се почнати да ги спалуваат доказите за тоа, да ги рекомпонираат нивните имотни портфолија и да ги титулираат на анонимни старатели и роднински неповрзани чувари на украденото благо.
[Image: Global_Financial_Integrity_%28logo%29_svg.png]

КАКО СЕ ДОШЛО ДО ИЗНЕСЕНИТЕ БРОЈКИ?
Авторите користат два главни извори на податоци. Едниот извор се извозните и увозните фактури на земјата во развој, споредувани со истите од секоја развиена држава со која првата има размена. Се надевам дека нема некој што ќе каже дека податоците на недоволно развиените држави, со сите институционални слабости и докажано високи нивоа на корупција, се точните, а оние на најразвиените земји се неточните. „Во основата на овој пристап, забележан првично од Багвати (добро познат и реномиран економист во светот), лежи простиот факт дека увозот на земјата А од земјата Б истовремено е извоз на земјата Б во земјата А. Во свет без неточно фактурирање на трговската размена, или статистички грешки во составувањето (сосема оправдано нагласува Студијата), за кои, пак, ММФ вели дека се мали, податоците за трговската размена објавени од земјата А и земјата Б треба да се совпаѓаат, откако ќе се приспособат да ги одразат трошоците на осигурувањето и превозот“.
Според тоа, тешко може да се најде поедноставен и поиндикативен начин за проверка (или, ако сакате, почеток за откривање) на неточно фактурирање/искажување на трговската размена, истовремено и побезболен пат за трансфер на најголеми количини неоданочени и лично присвојувани финансиски фондови. Ако разликата во увозот (помеѓу недоволно развиената и развиена земја) е позитивна, се вели дека земјата има натценет увоз (фактурирала повеќе увоз од стварниот - има незаконски одлив); ако увозната разлика за истата земја е негативна, се вели дека земјата фактурирала помалку од фактичкото, односно има потценет увоз (незаконски прилив). Она што е ново во оваа методологија е тоа што авторите не ги негираат преценетиот извоз и потценетиот увоз. Со право! И во едниот и во другиот случај има незаконитост - криење приходи и затајување даноци. Затоа оваа метода ја нарекле „Gross excluding reversals“.
Кога, од различни причини, многу земји во развој не ги објавуваат нивните податоци за трговската размена одвоено за секоја развиена држава, трговските отстапувања се пресметани на ист начин како погоре опишаниот, освен што извештаите за светската трговија мора да бидат користени наместо (претпоставено) поточните за секоја развиена земја одвоено. Авторите јасно признаваат дека оваа алтернатива носи неспоредливо повеќе можности за неточно утврдување на незаконските финансиски текови. Но, таа ја применуваат кога земјата во развој нема одвоени податоци за трговската размена одделно за со секоја развиена држава.
Вториот извор за утврдување на незаконски финансиски текови се таканаречените „истекувања“ од билансите на плаќања на државите. Организацијата Глобален финансиски интегритет, како што ја опишува во Извештајот, ја користи т.н метода „Hot money nerow“ (HMN), за да ги идентификува незаконските - не само неевидентираните - одливи од земјите во развој. Методата „жешки пари“ зборува за исчезнати пари од економијата. Овие процени се базирани на „нето грешките и пропусти“ во платните биланси на земјите во развој, а ГФИ за тоа ги користи платно-билансните статистики на ММФ. Од друга страна, пак, се вели во студијата, нерегистрирани и незаконски финансиски текови надвор од билансот на плаќања би вклучиле електронски трансфери од некои банки и странски девизни брокери што не се регистрирани кај централните банки или кај други регулаторни агенции.
Кога зборуваме за незаконски финансиски текови утврдени од ГФИ, клучно е да се нагласи дека 83 отсто од износот е утврден преку неточните царински фактури на стоките што се разменувале. 



Гошев зборава дека во годините кога се изнесувани парите тој бил Гувернер на Народната Банка.
(This post was last modified: 26-12-2015, 04:13 PM by ЈорданПетровски.)
26-12-2015, 02:52 PM
Reply