Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЕВСКИ ДА ТИ БИЛ МОХАМЕД АЛИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Груевски: Народот јасно гледа се и знае да цени и суди


 

[Image: gruevski-verski-vodach-ne-smee-da-promov...k=2oMxYwKw]

Финалниот удар за Заев доаѓа на 24 април. СДСМ е заложник на соросовата групација. Внатрешните прашања мора да ги решаваме самите. Министрите од опозицијата се згрчени луѓе кои се под голем партиски притисок и ќе пробуваат со ниски удари да креираат случаи. Нема да дозволиме да се закочат проектите кои добија доверба од граѓаните. Имаме право да се одолжуваме на историските ликови, проектот Скопје 2014 финишира. Мерцедесот на МВР е за високи странски гости, возилото не го прави човекот и политиката. Отворени се над 140 000 работни места, следната година ќе има повторно зголемување на пензиите и социјалните надоместоци. Оние кои не нарекуваа земјоделска влада сега покажуваат лицемерие за земјоделците, ние даваме историски највисоки земјоделски субвенции. Полицајците во Куманово спасија многу животи, благодарни сме како држава, институции и како народ, почитта кон 8 херои мора да се одржува. Чекаме Спасовски да открие кој правеше манипулации со измислените случаи со личните карти. Нема да ја изневериме љубовта кон Татковината и нашиот народ, граѓаните може да се потрпат и да сметаат на нас, се дел од поентите кои премиерот Груевски ги изнесува во ова интервју.
Прес 24 разговараше со претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, на повеќе теми од интерес на јавноста. Во продолжение следуваат одговорите на првиот човек на македонската Влада

Прес 24: Премиере неколку месеци после бомбите, епилог Пржински договор, мислење дека премногу попуштивте, стоите добро, но прво како се чувствувате лично?

Груевски: Ме фативте неспремен за ова прашање. Обично ретко кој прашува како се чувствувам, веројатно луѓето брзаат да го соопштат проблемот со кој се соочуваат, а сигурно ги имаат доста, и разбирливо, ретко кој да праша како сум, и затоа ме затековте со прашањето. Прво, со здравјето сум одлично, и освен некоја настинка и синусите со кои се малтретирам повремено, генерално фала му на Бога добро сум. Моето семејство исто така. И тоа е најважно кога еден човек го прашувате како е. Но, кога на еден политичар што помина низ еден вака бурен период му го поставувате ова прашање, секако може да следи и дообјаснување на сето она што го чувствува и низ што поминал. Поминав и јас лично, моите најблиски низ еден сериозен, доста бурен и навистина тежок период во кој бевме под напад на една темпирана и однапред осмислена кампања за лична дискредитација, кампања која имаше цел да го урне Никола Груевски од позицијата премиер, да ги дестабилизира институциите на државата, да внесе немир, силна поделба, омраза, набој во македонското општество, посебно во делот меѓу етничките Македонци. Сето тоа се прекршуваше и се прекршува на мој грб, но не само на мојот, и на грбот на моите соработници, на моето семејство, кои се предмет на гнасна кампања, но и на грбот на народот, по улиците, во дуќанчињата, меѓу соседите, роднините, пријателите…Луѓе меѓусебно се обвинуваат, честопати без посебни аргументи, од оваа или онаа страна,  тензии имаше на секој чекор, но народот ја виде ова игра, и одолеа, барем засега на сите провокации. Знам дека и во иднина ќе има провокации, но знам и дека нашиот народ досега поминал многу и знае многу добро што се случува и која е целта.
Јас сум благодарен на нашиот народ, што покрај сите обиди, на крај остана со ладна глава и мудро постапуваше во клучни моменти, и сум длабоко благодарен и тоа навистина нема да дозволам да се изневери, а тоа е големата поддршка која ја имаме и покрај сета ова гнасна кампања.
Напаѓачите на Македонија изгубија една година и пол на нашата држава,  толкав период живееме во заложништво, но народот е бедемот на нашата Татковина, и тој го зададе најсилниот удар, кој својот вистински ефект ќе го има на следните избори.
Како се чувствувам? Она што успеаја да го направат е дополнително да ме мотивираат за заеднички со народот да го поразиме нивното сценарио.
Се сеќавате на познатата Рамбл ин д џангл(Rumble in the Jungle), најпознатата битка на Касиус Клеј односно Мохамед Али откога го промени името,  во целата негова кариера. Беше многу одамна. Никој тогаш не очекуваше дека Али ќе победи со Џорџ Форман, поради подготвеноста на противникот, или во случајов противниците би рекол, но сепак на крај тој победи.
Тоа што Мохамед Али успеа, е да го надмудри и психолошки да го победи својот противник. Противникот на Али, Форман имаше направено тотално погрешна проценка за чекорите и начинот како Али ќе се бори.
Форман на почетокот удираше и удираше, а Али го допушташе тоа, рунда по рунда, Али пушташе Форман да удира, роуп а доуп(rope a dope)ја нарекоа неговата стратегија, и се случи Форман во осмата рунда да се умори, а Али тогаш почна. И ми се чини дека заврши со нокаут, Форман беше декласиран.
Е сега, сите се прашуваа во првите осум рунди зошто Али така боксува, мислеа дека е наместен мечот, мислеа дека Али е ослабен, но вистината беше дека Али имаше стратегија и се однесуваше различно од тоа што неговиот противник го профилирал за него.
Осмата рунда за Заев допрва доаѓа, а финалниот удар ќе дојде на 24ти април.

[Image: nikola-gruevski-6-520x239.jpg?itok=zB0w8gsl]
 
Прес 24: Гледам дека постојано говорите во множина за Вашите противници, ги има повеќе, или се однесува на СДСМ и коалицијата? Се слушаат секакви теории на заговор?

Груевски: Теории на заговор имало и ќе има. Реалноста е често пати нешто друго, но некогаш е и нешто измеѓу. Затоа работите во политиката не може да бидат црно-бели, нема исклучивост. Во политиката има разум, и интерес на народот и државата. Јас знам дека во моето делување секогаш сум се водел од интересот на народот и државата, и тоа така ќе биде, а дали тоа можат да го кажат и други политичари, за тоа историјата ќе цени допрва.

Прес 24: Повторно не одговоривте кои се противниците?

Груевски: Наши политички противници се СДСМ и нивните сателити меѓу кои и групацијата финансирана од Соросовиот институт, кои немаат никогаш храброст да се појават независно на избори туку секогаш со својот дебел буџет финансираат проекти за поддршка на СДСМ, во медиумите и во невладиниот сектор, влезени се и во некои бизниси колку што знам. Во моментов СДСМ е заложник на таа групација, а Зоран Заев имам чувство дека е меѓу чеканот и наковалната. Не му е лесно и на него. Е, целата ова групација на партии и организации, финансирани од некои бизнисмени и делумно од странски фондови, има еден суштински дефект во своето работење, направиле погрешна проценка на македонскиот народ и генерално на целото општество, и се водени од гнев и омраза. Тоа се нивните најголеми противници. Целата своја стратегија ја базираат на погрешни претпоставки и затоа е погрешна. Ако зграда изградите на криви темели, ќе биде крива.
Противниците е едноставно да се видат. Човек само треба да ги погледне од повисоко и цела мапа е јасна.
Но, да не бидам погрешно сфатен, ако некој алудира на противници во западните земји или нешто слично, јас мислам дека тоа не е баш така. Како што реков не се црно-бели работите во политиката. Ако некој пробува да помогне во овој период се токму дел од западните земји, тие тоа го прават за да го заштитат првенствено својот интерес и затоа помошта е така димензионирана, и тоа треба да се разбере, но секој друг што наоѓа сега вакум простор за сопствено позиционирање треба да се праша каде бил досега и зошто баш сега се заинтересирал за да помогне.
Нашата крајна цел е демократско општество интегрирано во НАТО и ЕУ, и кампања против ова во овој момент едноставно е нелогична и според мене со нејасни цели.

Прес 24: Но еве во преговорите слушаме дека Питер ван Хауте се однесувал нецивилизирано, навредувал, па Македонците не биле европејци и слично....

Груевски: Питер ван Хауте е најневажниот елемент во целиот мозаик. Тој е само извршител кој зема дебели дневници, и моја препорака до нашите преговарачи во работните групи беше да му одговорат соодветно принципиелно и да му укажат дека во ова земја тој е гостин, и треба да ја цени нашата гостопримливост, и тој не е гласач, ниту жител на земјава, не смее да се однесува некоректно и дека не смее да му се случи навреда кон нашиот народ. Затоа и Илија Димовски во еден момент ги напушти преговорите. Мора да се разговара цивилизирано и со меѓусебна почит. Човекот си има агенда и си ја извршува и мислам дека не треба посебно значење да се дава на него, без разлика на провокациите што ги прави таму, кои се според некого намерни и со тенденција, а според некого израз на неговата лична култура. Тој човек како што веќе еднаш кажав тука е да помогне, а не да одмага, ако впечатокот е дека одмага, тогаш не ја гледам поентата од него да биде тука. Генерално мој став е дека внатрешните прашања мора да ги решаваме самите. Така ќе покажеме и зрелост која се очекува од нас, и така ќе спречиме и вакви работи да се случуваат, потценување на државата, народот и институциите. Факт е од друга страна дека поделбата меѓу партиите, посебно после таканаречените бомби беше преголема и СДСМ инсистираше на меѓународно посредништво, и дека тоа е во суштина повеќе корисно од штетно, но сакам да нагласам дека не мора да размислуваме така по секоја цена и при секоја прилика и во иднина. Зарем може некој повеќе да ја сака оваа држава од нас самите? Зарем мислите дека ќе дојде некој странец и ќе ни кажува тука што е добро за нашата држава а ние тоа нема да го препознаеме? Ако нешто е добро ќе го прифатиме, но ако нешто не е, тогаш нема. Има една логика која еден академик во една прилика ми ја кажа, јас не се согласувам целосно, но интересно е да се напомене – ако некој дипломат ти вика дека треба да направиш нешто што е од интерес за твојата земја, зошто би ти го кажал тоа ако не се поклопува со интересот за неговата земја? Ако не се поклопува со интересот на неговата земја, што е практично невозможно, тој значи си ја предава државата? Е сега прашањето е дали интересот на неговата земја се поклопува со интересот на твојата? Дали е тоа логично? Не знам, вие пресудете. Јас се трудам да ја гледам политиката и низ малку поинаков спектар, на нешто повеќе од само интереси, туку и на вредности.
И конечно, ние треба да го гледаме интересот на нашата држава и тој интерес е јасен и недвосмислен, без разлика на сите теории.

[Image: nikola-gruevski-21-520x282.jpg?itok=11pr0Rim]

Прес 24: Како сте задоволен од коалицирањето со СДСМ во моментов?

Груевски: Кандидатите кои СДСМ ги предложи се партиски кадри, тоа е што го имале на располагање во моментот, и ние по прашањата кои се од интерес на изборниот процес, но и генерално сме подготвени да соработуваме со нив. Генерално оставаат впечаток на згрчени луѓе кои се под голем партиски притисок да прават работи кои се недостојни во најмала рака, со цел да им донесат некој партиски поен. И нормално е човек кога е под притисок и таков стрес каков што тие го рефлектираат, да прават и грешки, да пробуваат да делуваат неаргументирано, површно, онака без посебно размислување, но тоа беше и очекувано. Ете веќе има еден пример на еден од нивните кадри како влетал во канцеларија кај една личност од нашата партија, и викал нешто дека се работи за него за живот или смрт, дека на крај ќе биде или таа или тој и слично. Ете тоа е тоа. Под притисок и стрес се луѓето и приморани се да прават грешки и да се однесуваат чудно и понекогаш недолично.
Но, едно треба да е јасно, ние нема да дозволиме проектите и ветувањата кои сме ги дале кон граѓаните на минатите избори и заради кои ја добивме огромната поддршка да бидат запрени. Иако има такви обиди.
Исто така ќе пробуваат со ниски удари да креираат случаи, да лажат и манипулираат, но ние, а и целата јавност веќе навикна на нив, така да само очекувам да паѓаат од апсурд во апсурд, сами во својата стапица, да се демантираат самите себе после некое време, како што тоа му стана пракса на лидерот на опозицијата.
Еве колку време помина, дали вие сте слушнале една конструктивна работа од нив? Еве, наједноставно прашање, дали сте слушнале да предложат некој проект во ресорите? Не.
Инаку, на слободата и демократијата веднаш се заборави, со самото седнување во фотелјите, тоа е навистина вака импресивно да се гледа и анализира. Возбудата која ја имаат, насочени во тотално погрешен правец, не сфаќајќи ја сопствената одговорност пред граѓаните и државата.

Прес 24: Добро пред да поминеме на обвинувањата од опозицијата, кажете ми - што сега се случува во преговорите со СДСМ?

Груевски: Вака, се е многу едноставно. СДСМ преговара со две можни цели, или да биде комплетно како што тие сакаат или ако нема договор да се одложат изборите. За ДИК на пример, нивниот напор е или од двата Македонци експерти двата да се скриени нивни членови или подржувачи, или ако тоа не го прифатиме во еден момент да кажат дека заради одолговлекувањето мора да се пристапи кон одлагање на изборите, а ако не се одложат дека тие нема да учествуваат. Истото и за медиумите. Или да се сменат законите онака како што сакаат и под превезот на неутрален да постават партиски човек на чело на Агенцијата за медиуми и на ист начин мнозинство во советот на МРТ, и потоа да почнат пресметка со сите медиуми кои знаат да кажат некоја критика за нив, или се закануваат дека нема да одат на избори.
Свесни се дека ја немаат ни одблиску довербата на мнозинството граѓани, и поставуваат услови со кои би се обиделе со загушување и притисок на медиумите, како и со надгласување во ДИК да обезбедат малку помал пораз од тој кој анкетите на јавното мислење кои сами си ги нарачуваат им го покажуваат. Значи демократијата на дело. Ете ја. Да има забрана за коментари, да не смее никој да каже за нив ништо, па не е ни чудно што на сите анкети ако го поставите прашањето дали СДСМ би биле подемократска власт од ВМРО-ДПМНЕ, разликата е огромна дека СДСМ би биле многу понедемократска власт. Значи, тие се во агонија, од која прават чекори на очајник барајќи излез. Ги чека тежок пораз, и не знаат како да се справат со тоа. Така е кога една партија својата стратегија ја гради само на еден столб, кога влегува во валкан обид со креирани нелегално стекнати материјали да го победи својот противник, без идеја и програма, без елементарно чувство за државните интереси и интересите на народот. Таа валкана и нечесна игра не помина кај мнозинството од народот и сега имаат проблем. Се вртат кон тие кои ги куражеа, разноразни политички платеници, тезгари и одамна фрустрирани губитници во политиката, и нив ги нема со нова идеја, освен или бегајте од избори, или направете нова манипулација. Кога и тоа нема да им успее, кога ќе се свртат за совет кон истите, на нив ќе им го видат само грбот. Тажна е секоја приказна и завршеток на вакви нечесни игри во кои влезе Заев со свитата. На крајот сите ќе им го свртат грбот.

Прес 24: Едно од работите кои најмногу ве напаѓаат се спомениците и Скопје 2014-та. Какви ви се плановите со поставување нови споменици?

Груевски: Скопје 2014-та е проект за кој многу луѓе ми честитаат, и многу луѓе се против. Тоа е проект кој беше пречекан од старт со доста контроверзии, прво колку што се сеќавам критиките беа дека е лага и нема да се реализира, но потоа кога почна да се реализира критиките се за стилот и што ли уште не им текна во меѓувреме. За среќа, значително е поголем бројот на подржувачи, што се гледа не само од истражувањата на јавното мислење по ова прашање, туку и од досегашните изборни резултати. Како и да е, јас во март кажав, а сега и ќе повторам. Надвор од оние споменици за кои е почната процедурата, нови не се планираат. А единствен за кој е почната процедурата а не е завршен, е скулптурната композиција на Мајка Тереза во Скопје, која започна пред околу еден месец и треба да заврши за околу една година. И тука се застанува со нови споменици. Значи државата нема да гради нови споменици.
Основната идеја на проектот Скопје 2014-та не беше барокот или неокласицизмот, тоа е само стил, кој патем кажано постоел во Скопје на поедини објекти. Идејата беше градење на институции на државата и зацврстување на идентитетските одредници на нашата нација и секако сериозен допринос во развојот на туризмот. За една држава е важно да има институции, свои институции, а не институции под кирија какви што имавме и за кои плаќавме огромни кирии на поединци бизнисмени, и една држава мора да има паметници за нејзиното минато, паметници на херои, успеси, битки, победи, историски настани, калење на духот.
Се крена многу врева околу ова и повеќе групи се организираа, но секоја со различен интерес. Некои заради естетската димензија, некои заради идеолошката, некои заради двете, а некои пак користеа и напаѓаа само затоа што тоа е македонско.
Историјата ќе суди дали ова било оправдано или не. Јас мислам дека е оправдано. Дали некои работи можеле подобро да се изведат, да изгледаат, дали некој споменик требало да е полево или подесно, дали требало да има пет, или  осум, или повеќе споменици е друго прашање, но суштината е една, и многу важна. Држава со институции и паметници за своите херои и темели на чувството за слобода, независност, непокор, саможртва. Низ тие примери ќе растат идните генерации, чиј дух јас сум убеден дека ќе биде гордост за оние што по нив ќе следат.

Прес 24: Што со оние споменици кои се финансирани од други, а не од Владата? Имаше и такви неколку

Груевски: Од она што го знам, освен споменикот на Македонците бегалци од граѓанската војна во Грција, кој го најави едно од нивните здруженија нема друга иницијатива за споменик.
Знаете, долг, предолг период освен пар бисти ретко некаде, никој не поставил споменик на некој од нашите јунаци и историски личности, политичари, писатели, уметници, херои…Тоа и требаше на Македонија. Таа беше држена во сенка во времето на поранешна Југославија, со јасна интенција да се табуизира нејзината историја и многу личности за кои денес ние на нашите државни празници гордо говориме. Да се спомне името на Методија Андонов Ченто на пример било рамно на самоубиство, а камо ли за некои од личностите од историското ВМРО. Ние имаме сопствена држава и сопствена историја. Имаме континуитет, формирањето на нашата нација е процес кој е иреверзибилен, неповратен. Толкувањето на историјата ќе го оставиме на историчарите, но наше е да кажеме и посочиме личности кои биле активни и имале свој удел во македонската историја, без разлика колку некои од нив биле контроверзни, и каква сенка намерно или не се фрлало врз нивното делување.
Значи, ВМРО ДПМНЕ нема да иницира градење на нови споменици повеќе и тоа јавно го обзнанувам. Историјата нека суди дали со проектот Скопје 2014-та сме направиле добро или лошо. На крај сето ова ќе остане за државата и народот, ние нема да го носиме дома со нас.

[Image: 22699mala.jpg?itok=PFZTcQLk]

Прес 24: А градбата на објектите од проектот Скопје 2014?

Груевски: Колку што знам сите тие објекти од страна на Владата се завршени. Можеби само еден е при крај, како Македонската филхармонија, која се гради во модерен стил.
Има некои објекти кои се приватни и кои не се завршени како поранешнана зграда на офицерски дом, и уште неколку такви, но за нив треба да се прашаат приватните инвеститори кога ќе бидат готови. Фасадите се во тек на изведба и тие се прават исклучиво во согласност со станарите, со потпишани над пола од нив. Нема да има проширување ни на тој проект, надвор од оние за кои е почната законската процедура или оние за кои не се избрало идејно решение па треба да се реобјави. Значи проектот Скопје 2014-та се заокружува и се завршува.

Прес 24: Значи завршува овој проект?

Груевски: Да. Во делот на споменици е и завршен освен споменикот на Мајка Тереза. Објектите каде финансира државата се речиси сите завршени освен неколку кои се при крај.
Сепак има една друга работа која треба да ја потенцирам. Опозицијата овој проект го вброи во еден од нивните клучни работи во политичката кампања против мене и ВМРО-ДПМНЕ. И тоа донекаде е политички легитимно. Но она што сега го прават, е секој објект кој се гради од страна на државата во централното градско подрачје го додаваат во овој проект, иако нема врска со тоа. На пример катните гаражи, или ако градоначалникот купи ротонда за мали деца или забавен парк за деца, или Арената Филип Втори, или новиот објект на министерството за земјоделство, или ако утре оцениме дека треба да се изгради некој објект за факултет ако тој факултет нема свои простори или се во дотраени бараки, и слични работи, се тоа го ставаат на куп во проектот Скопје 2014-та. А особено ако некој објект има историски архитектонски стил. Веројатно оцениле дека тоа им е политички опортуно, иако неколку избори изгубија обидувајќи се да ги добијат на таа тема. Скопје 2014-та беше плоштадот Македонија, покрај кејот од Владата до Холидеј Ин, и плоштадот Филип Втори, плус спомениците наоколу. И тоа е. Се друго не е дел од Скопје 2014-та, ама тие мислат дека ако им говорат на луѓето дека се што се гради низ Скопје е дел од проектот Скопје 2014-та, дека ќе го придобијат народот и гласачите.
Има една тенденција кај СДСМ и нивните следбеници, во Скопје да не се градат објекти повеќе, да го замрзнеме, такво какво што беше претходно да е и во наредните 100 години и такво им се допаѓало. Знаете со тревникот во кругот на сред плоштад и неколку трафики за продавање на кожа, па и нив ги направија култни, дека којзнае што се случувало во бутките на плоштад, и сето тоа само со цел политички да ни наштетат.
И во ред, јас можам да разберам дека такво им се допаѓа, но нема ниту еден главен град во светот кој не се гради, кој не се модернизира и кој стои во место, освен одредени делови од главни градови изградени во историски стил кои се чуваат како историско и културно наследство. Такви има во Париз, Прага, Лондон, Будимпешта, Рим, Мадрид, но надвор од тие делови со градби кои се уметнички и архитектонски ремек дела, и во овие градови се гради континуирано. Па модерен Вашингтон е граден во антички стил, и што сега треба да се обвинат за антиквизација луѓето? Нема врска.

Прес 24: Значи оној часовник кој се врти по некои портали како дел од кампањата на вашите политички конкуренти е надграден и проширен со проекти кои не се дел од Скопје 2014-та?

Груевски: Повеќето проекти таму немаат врска со Скопје 2014-та, но имаат врска со развојот на Скопје.

Прес 24: Што планирате за Охрид? Тој беше најпосетуван град од туристите, сега Скопје му го зема приматот.

Груевски: Скопје никогаш не може да му го земе приматот на Охрид во она што Охрид го има низ вековите и она што Охрид бил и ќе биде. Како и да е, да одговорам на вашето прашање. Повеќе проекти се во фаза на подготовка на проектирање или урбанистички планови, за кои Владата донесе одлука да се градат. Дел од нив се марината во Охрид, театарот во Охрид, кој ќе може да се користи и за кино престави, уметнички изложби, и дом на култура, понатаму се подготвуваме за градба на една до две катни гаражи, патеката од плоштадот до првата плажа зад црквата Свети Јован на Канео, конгресен центар, неколку плажи, објект за здравствен дом, градоначалникот го презеде средувањето на патеката од плоштадот кон полициското пристаниште и повеќе други проекти. Таму се адаптираат и касарните за универзитетот Свети Апостол Павле, а во полн ек е градбата на повеќе објекти на Плаошник. Почна и градбата на затворениот базен, а наскоро за некој месец и на нова спортска сала. Сепак најдраги проекти во охридско струшката зона ми се двете големи нови фабрики на ОДВ Електрики и на Костал кои се во развој. Но, ни требаат уште такви фабрики таму.
Бараме и инвеститор за туристичките зони. Вложивме многу во туризмот и тој расте секоја година особено во делот на странски туристи. Наскоро таму почнува и темелна реконструкција на болницата Свети Еразмо. Во Охрид допрва следуваат многу објекти.
И не само во Охрид. Планираме доста проекти и низ сите градови во Македонија. Преку поддршка на проекти кои граѓаните ќе ги одберат или предложат, почнувајќи од разубавувањето на градовите, па до суштинските проекти од водоводни и канализациски мрежи, патна инфраструктура, паркови, училишта, сали, градинки итн...И секако зони за фабрики и отворање на нови работни места. Тоа е нашата главна цел

Прес 24: Опозицијата Ве обвини за тајно купување на луксузен службен мерцедес, а како доказ вадеше разговори од нелегално снимените телефонски разговори. Можете ли подетално да ни одговорите околу таа набавка на тоа возило?

Груевски: Мерцедесот кој МВР го набави во 2012-та се набави со цел за превоз на високи странски гости. Владата и државата подолго немаше репрезентативно возило за високи државни гости со највисока заштита, односно имаше но многу стари и истрошени, така што тоа и не е баш репрезентативно. Секаде каде ние одиме во странство државите домаќини не пречекуваат во соодветни прилично нови блиндирани со највисока безбедносна заштита репрезентативни возила. Кај нас, возилото во кое се возам јас е старо 21 година. Кога го наследив во 2006-тата беше 12 години старо и еве веќе 9 години го користиме и добро не служи, иако во последните години е со чести дефекти и често пати се случувало да не остави на пат. Се сеќавам еднаш во Крушево на угорница колата едноставно откажа. Слично е и со другите блиндирани возила во државата. Од друга страна висок странски гостин не смее да се пречека во возило кое не е со највисок степен на безбедносна заштита. Понекогаш се случуваше амбасадите на гостите кои доаѓаат да изнајмуваат од соседна држава блиндирано возило за нивните високи политичари кога доаѓаа во посета на Република Македонија, што на некој начин е срам за државата. Така што тоа возило се набави за таа цел.
Покрај тоа, во ситуации кога јас патувам надвор од главниот град на подолги релации, ова возило се користи за мој превоз заради многу честите дефекти на возилото со кое мене редовно ме превезуваат, затоа што како сто кажав старо е 21 година. Тоа е некогаш и неколку пати месечно, зависно од динамиката на моите патувања.
Проценивме дека засега нема потреба да се трошат пари и да се купува и ново блиндирано возило за мене, затоа што сегашното може да издржи уште, освен како што кажав кога се патува на подолги релации. Исто така и кога возилото со кое мене ме превезуваат е на сервис, се користи возилото на МВР.
Мене ми е најзначајно да е безбедно и да не не остава на пат. Луѓето кои ме знаат подолго знаат дека секогаш возилото сум  го гледал како превозно средство и ништо повеќе. Возилото не го прави човекот и политиката. Во него се возам 5-6 минути во еден и уште толку во друг правец дневно, од дома до канцеларија и назад, освен кога патувам подалеку. Некогаш ни толку не го користам, бидејќи во пролет, лето и есен, многу често пешки си одам од работа дома, и уживам во тоа. Иако тоа е секогаш доцна ноќе, среќавам луѓе, разговарам со нив и уживам во тоа полчасовно пешачење. Во зима многу поретко се враќам пешки заради здравствени причини, поврзани со проблеми со синусите.
Но, нашата опозиција не е способна да се натпреварува со нас на теми важни за иднината на народот и државата, не може да ни најде многу грешки во работата, посебно не стратешки грешки, зашто грешки секој знае да направи, но важно е да не се стратешки, па се обидува со вакви глупости. А кога тие дојдоа во владата, првата работа беше да обезбедат скапи возила, па ги користат и за партиски цели и слично. Но, тоа не е нивото на дискусија кое јас сакам да го водам со нив. Јас со години се возев со возило на мојот претходник без да барам купување ново. Судејќи по постапките на министерот за внатрешни работи, кога СДСМ би дошле на власт, првите 5-6 месеци ќе се занимаваат со тоа кој какво возило ќе вози, кој каков намештај ќе има во канцеларијата, и кој ќе добие а кој не обезбедување. И тоа народот би го простил ако истовремено нешто и сработат за народот, исполнат некое ветување, направат некој проект, дело, реформа...Но, судејќи по ова што го гледаме сега, освен со дворски игри, школа наследена од Бранко Црвенковски, освен со работи за лична удобност, со ништо друго не би се занимавале.

Прес 24: Ве критикуваа и за ставањето на оградата околу Владата, дека се оградувате од народот, дека сте исплашени дека разочараниот и гневен народ ќе ви влезе во владата и сл.

Груевски: Видете, не постои ограда што може да го спречи народот да влезе во владата и да ја турне владата, ако навистина тој е до таква мерка разочаран или гневен. Не ваква ограда, туку тврдина како Кале изградите, ако народот реши да ве руши на таков начин, ако сте го заслужиле тоа, тоа и ќе ви се случи.
Оградата се постави како дел од новиот проект и реконструкција на владиниот објект кој над 40 години не бил реконструиран. Со реконструкцијата се промени и фасадата и надворешниот изглед, а беше предвидена и ваква ограда каква што има во вакви објекти во најголем дел земји во светот, тргнувајќи од Белата куќа во Вашингтон, па низ повеќето европски градови. Меѓу другото, покрај одредена минимална безбедносна димензија во услови на сериозни безбедносни закани, неколку фрлања гранати на објектот на владата, таа има и своја естетска димензија.
И пак ќе кажам за сите политичари, ако лошо работат, ако мнозинството од народот е гневен и незадоволен, не постои ограда на светот која ќе ги спаси.
Видете, идејата на опозицијата со наметнување на вакви теми од типот оградата, мерцедесот, Скопје 2014-та е да се дефокусира вниманието од најголемите проекти кои се случиле на оваа земја во нејзината модерна историја. Добро, ајде да зборуваме за оградата, но и дајте да зборуваме за милионите субвенции што ги даваме во земјоделието, ај да зборуваме за Скопје 2014-та, но ајде да зборуваме и за зголемените плати, пензии, отворените и најавените фабрики и нови работни места, изградените патишта и автопати, текот на изградбата на автопатите што се градат и слично…значи идејата на опозицијата е да се зборува за тема за кои тие мислат дека ќе не оцрнат и наклеветат, но реалноста е поширока од таа што опозицијата ја фиксира, и народот тоа го гледа. Народот ја гледа целата слика на нашето работење и затоа не поддржува. Народот ни ги гледа и грешките, ако ни ги укаже ќе ги исправиме ако ги увидиме сами пак ќе ги исправиме, и велам повторно има доста работи кои треба и мора да се поправат во нашето работење, но народот ги гледа и нашите добри страни, нашата работа, труд, проекти, макотрпна работа и посветеност, борба за државата и за народот.

Прес 24: Добро, ајде малку за проектите. Отворањето на нови работни места и намалување на невработеноста претставува еден од вашите врвни приоритети. Колку сте задоволни од постигнатите резултати во оваа област?

Груевски: Намалувањето на невработеноста, зголемување на економскиот раст и порастот на животниот стандард на граѓаните преку отворање нови работни места во приватниот сектор и преку унапредување на условите за водење бизнис за домашните и за странските инвеститори се нашиот врвен приоритет на кој со години работиме посветено, преку конкретни чекори. И во тој поглед имаме остварено значителни резултати. Отворени над 140 000 нови работни места а невработеноста е намалена од 38 на 26,8%. И тоа се резултати кои се должат на големиот број на мерки и проекти кои ги реализираме во оваа област. Тука се активните мерки за вработување кои со години ги реализираме, тука е и проектот Македонија вработува во чии рамки преку цел сет на поволности досега се вработени над 10100 лица во 6750 компании, а таа бројка очекуваме во наредниот период дополнително да расте од причина што овој проект претставува силна поддршка за компаниите во процесот на отворање нови работни места но и одлична можност за вработување на различни категории на граѓани. Значајно влијание во намалувањето на невработеноста имаат и ново отворените работни места од страна на странските инвеститори во речиси сите региони во државата. Само во првите 9 месеци оваа година од страна на странските компании се вработени 5800 лица а оваа бројка последниве месеци е зголемена со оглед на што неколку странски компании стартуваа со производство или вработувања последниве месеци.  Генерално очекувам дека оваа година ќе биде завршена со најмалку над 20 илјади остварени вработувања и тоа е добар податок и податок кој е дополнителна причина да продолжиме со нашите стратешките цели за намалување на невработеноста. Продолжуваме и со изградба на технолошко-индустриските развојни зони во сите региони во државата, бидејќи наша цел е отворање на нови работни места во сите региони. Трендот е добар, чекориме по добар пат и резултатите ќе бидат се подобри и подобри.

Прес 24: Во процесот на привлекување странски инвестиции од особена важност е и добрата патна инфраструктура. Кои се вашите планови за во иднина?

Груевски: Инвестирањето во патната инфраструктура претставува еден од нашите врвни приоритети и во тој контекст најнапред започнавме со силни инвестиции во делот на локалните патишта во сите региони во државата, кои се од исклучителна важност за граѓаните. На ова поле инвестиравме во повеќе стотици локални патни правци и со овој вид на инвестиции продолжуваме и во идниот период. Истовремено, како никогаш досега во државата се градат и автопатски делници. За повеќе од 50% се зголемува автопатската мрежа со инвестициите кои ги започнавме. Во завршна фаза е реконструкцијата на автопатот Велес-Скопје во должина од 23 км, а активно се работи и на трите нови автопатски делници: Демир Капија- Смоквица, во должина од 28 км, Скопје-Штип кој е во должина од 47км и Кичево-Охрид во должина од 57км. Изградбата се одвива согласно предвидената динамика и истите претставуваат исклучителено значајни капитални инвестиции од државен интерес кои директно влијаат и на економијата и привлекувањето на странските инвеститори, но и  на отворањето на нови работни места, бидејќи само на овие автопатски делници моментално се ангажирани околу 2300 работници.  Паралелно со овие автопатите сериозен акцент ставаме и на изградбата на експресните патишта и во тој поглед во следниот период ќе отпочнеме и со изградба на 5 нови експресни патишта во должина од 126 км и инвестиции од околу 300 милиони евра. Станува збор за многу значајните патни правци Штип - Кочани, Штип – Радовиш, Ранковце – Крива Паланка, Градско – Прилеп и Охрид – Пештани. Инвестицискиот бран во патната инфраструктура се гледа и во инвестициите во регионалните и магистралните патни правци, каде во тек на изградба или реконструкција се 167 км во вредност од 50 милиони евра а до крај на оваа и во текот на 2016 година планирани се за изградба и реконструкција 8 регионални патни правци во должина од 120 км.  
 
(This post was last modified: 11-12-2015, 02:03 PM by ЈорданПетровски.)
10-12-2015, 01:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Прес 24: Поддршката за земјоделците и кој што направил за земјоделците овој период е повторно тема во јавноста продуцирана од страна на опозицијата. Кој е вашиот коментар во однос на тезите на опозицијата поврзани со земјоделството?

Груевски: Мојот коментар на сите тие тези кои опозицијата се обидува да ги пласира во јавноста во однос на земјоделството и нашата поддршка кон земјоделците е: ВМРО-ДПМНЕ покажа како се дава поддршка за земјоделците и тоа земјоделците најдобро го знаат и тоа го знае целата јавност. И во тој контекст опозицијата што и да каже не може да го смени мислењето на земјоделците кои многу добро се сеќаваат каков третман добиваа додека СДСМ беше на власт и каков третман добиваат откако сме ние на власт. И се сеќаваат дека СДСМ нас не нарекуваше земјоделско селска влада алудирајќи на тоа дека многу сме биле насочени кон земјоделците, претставувајќи го тоа како наша грешка. Искрено жалам што СДСМ не може да го промени сопствениот однос кон земјоделците и што лицемерно ги гледа земјоделците единствено како број на гласови. Земјоделците се чесни луѓе кои никој не може да ги купи со пари. Тоа се само лоши филмови на СДСМ. Но тоа е светот во кој живее оваа партија.  Поддршката што ние ја доделуваме преку субвенциите кои досега изнесуваат над 780 милиони евра, е само еден од начините преку кои излеговме во пресрет на земјоделците и создадовме услови за развој на земјоделството, процес во кој влијаеја уште голем број на проекти и мерки со кои се решија многу проблеми на земјоделците и  значително се подобрија условите во многу гранки во земјоделството. Ние сме партнер на земјоделците и земјоделците тоа го знаат. Ние сме постојано меѓу земјоделците бидејќи земјоделците тоа го заслужуваат и тоа е единствениот начин за решавање на проблемите во земјоделството.  Нас не ни текнува на земјоделците само пред избори како што тоа е примерот со опозицијата.
             Не само во вие сфери, списокот на проекти е долг, на резултати е долг, тоа се видливи дела.  Отпишани се долговите на 15 илјади семејства во вредност од над 30 милиони евра. Просечната пензија е зголемена за 70%, а најниската пензија се зголеми за над 80%. Ново зголемување на пензиите од 5% предвидуваме и за следната година. Социјалната и постојаната парична помош во просек се зголемија за 60 %, ќе следува и ново зголемување од 5%. Бесплатно бања искористија над 32 000 пензионери, а следната година уште 5000 пензионери ќе отидат на бесплатна бања. Во тек е фазна изградба и реконструкција на железничката пруга од Куманово до Бугарија во должина од 90 километри. По цели 40 години започна реконструкција и санација на железничките станици во Скопје, Битола, Велес, Прилеп, Гевгелија, Неготино, Богомила, Градско, Чашка, Табановце, Демир Капија. Обезбедени се нови 150 товарни вагони, инвестиција вредна 13 милиони евра, и првиот од шесте патнички возови за кој инвестираме 25 милиони евра. Го реализираме проектот за обезбедување на современа медицинска опрема во вредност над 100 милиони евра. Вложуваме над 100 милиони евра инвестиции за изградба и реконструкција на болници и клинички центри. Намалени се цените на лековите на над 4 700 лекови. Изградени се над 70 нови училишта, а 350 основни и средни училишта се реконструирани. Изградени се 82 спортски сали, 58 тениски игралишта, и 53 повеќенаменски игралишта. Како што реков има уште многу многу да се набројува.

Прес 24: Во ред, има проекти, и давате отчет, тоа ни е јасно. Да се вратиме на политиката, темата за безбедност е доста значајна. Спомнавте ,,сериозни безбедносни закани,,. Можете ли да ни конкретизирате нешто?

Груевски: Немам нешто посебно да кажам од она што горе долу е познато. Живееме во тешко време на безбедносни закани. Еве земете ја само оваа година од аспект на тероризам во светот, и видете што се се случува во Париз, Лондон, Брисел, Америка, Африка итн. Земете ја и Македонија ако сакате оваа година. Во оваа година имавме напад на полициската станица Гошинце, две бомби до полициски станици во Тетово и во Куманово, па големиот терористички напад во Куманово во кој 8 полицајци загинаа и голем дел беа ранети во 30 часовна немилосрдна битка со добро наоружана криминално терористичка групација, бомба во дворот на потпретседателот на Владата Џафери, бомба во дворот на заменик директорот на УБК, јавна преку соопштение закана на т.н. ОНА до мене и Сашо Мијалков и нашите семејства, граната врз Владата во време кога држиме седница на Владата, граната во близина на местото каде живее Сашо Мијалков, уапсени голем број домашни припадници на ИСИС во Македонија, и отворените јавни најави кои дојдоа од нивните следбеници кон Македонија и особено кон раководството на државата. Што треба повеќе да се случи за да констатираме дека живееме во исклучително тензично време од безбедносен аспект и во Европа и во Македонија. Но, не смееме ниту да потклекнеме ниту да бегаме од ваквите закани. Треба внимателно да ги третираме и да одиме напред.

Прес 24: Колку е Македонија безбедна сега?

Груевски: Колку што е и цела Европа. Сите сме во исти кош, и затоа потребен е заеднички и здружен одговор во борбата против тероризмот. Не смееме да дозволиме овие закани да ни го променат животот до таа мера за да не парализираат во нашите активности, но не смееме ни да ги потцениме.

Прес 24: Ве обвинија и за тајно купување на земјиште на Водно. Купивте ли такво земјиште?

Груевски: Никогаш немам купено никакво земјиште никаде. Опозицијата користеше креирани и едитирани нелегално стекнати материјали со цел да ме дискредитира, бидејќи со работа и резултати не е дорасната да не победи мене и мојата политичка гарнитура. Многу од тие креирани материјали беа од различни периоди, за различни работи, извадени од контекст делови од телефонски разговори, и ставени во еден контекст, кој требаше да го убеди народот дека сум работел нешто незаконско или нечесно. Тоа беше една голема валкана игра, кој мнозинството од народот ја препозна.

Прес 24: Како ја оценувате работата на Андреј Жерновски како градоначалник?

Груевски: Андреј Жерновски е малиот Бранко Црвенковски. Како треба да оценам човек на кого идол му е Црвенковски?! Тој не е градоначалник туку политичар со една празна реторика во општината. Центар доби парадер, експерт за јавно препукување, експерт за глумење жртва, и еден голем неработник. Еднаш се сеќавам Стевче Јакимовски кој долго го познава, ми рече дека е таква мрза од човек, што и кога купува кондури се труди почесто да се од оние без врвци, оти го мрзело да се наведнува да ги врзува. Освен по некое паркче 10 на 10 метри, и онаа боемска улица за која потроши 2 милиони евра, и никој не може да сфати како може за таква мала инвестиција да се потрошат толку пари, друго ништо нема направено. Ај што не работи, туку со сите сили и нас не кочи да не сработиме нешто. Ама за ветувања, и секојдневни прес конференции за конфронтација со нас е секогаш спремен и тоа го исполнува. Еве сега од ова што го спомнавме, месец дена ќе се објаснува со изјави и пресови, ама некоја нова улица, булевар, нов мост, и слично нема да видиме. Тој така ја сваќа политиката. Ние ја сфаќаме поинаку. Затоа работиме и исполнуваме ветувања. Три години брмчи дека школо ќе прави во општината. 15 прес конференции одржа за да го соопшти тоа. Уште не го почнал. Вети гасификација за училиштето Димитар Миладинов каде учи и ќерка ми, абер нема. Само што вели народот ,,млатење празна слама,,. Ако на центарци им треба човек да не гради ништо, го имаат вистинскиот. Ако се случи да добие втор мандат, секој иден кандидат за градоначалник на Центар веројатно ќе почне да се натпреварува по тоа колку нема да гради и создава, колкав неработник ќе биде, и колку прес конференции за голо и неаргументирано плукање ќе одржи за време на својот мандат. Но добро е што доби извршна функција. Да го видат луѓето не само на зборење, туку и на дело.

Прес 24: Дали би го коментирале случајот со личните карти со кој излезе Фокус?

Груевски: Благодарам на прашањето, со посебно задоволство ќе потенцирам две работи: Прво, вистината излезе на виделина, и не е ни чудо што Спасовски Оливер молчеше и не даваше одговор на ова прашање долг период по нашите прозивки, се виде дека нешто се криело. Второ, кој ќе сноси одговорност сега за ова? Истрагата мора да оди до крај, во спротивно ќе се смета дека Заев, Спасовски и СДСМ нешто кријат. Кај се 30 илјади лични карти? Каде се? Како тоа некој од ракав паушално ќе ве обвини за нешто и потоа кога ќе бидат фатени дека лажеле молк. Според тоа што го разбрав се докажало дека ниту една од 105-те лични карти, значи повторувам 105 лични карти а не 30 илјади, значи ниту една не била пуштена во промет. Не била употребена ни во изборен процес, ни во било каков случај, излез од граница или слично. Значи, истрагата мора да оди до крај и да се фати тој што го наместил ова.

Прес 24: Се шпекулира многу со кумановските настани, дали би коментирале нешто околу тоа?

Груевски: Мислам дека после париските настани на многу наши сограѓани им стана јасно што можеше да се случи во Македонија и дека нашите полицајци, спасија многу животи, и за тоа треба да сме им благодарни како држава, институции и како народ. На нив и на сите оние наши припадници кои посредно или непосредно учествуваа во сите настани поврзани со Куманово. Посебна почит и длабока благодарност мора да се има и да се одржува, а не да се заборави, кон полицајците кои ги загубија животите и семејствата на осумте херои. Тоа не смееме да го заборавиме. Но од друга страна не смее Париз да се случи за ние да сфатиме, а во меѓувреме тука очи да си вадиме едни со други за овој настан. Го гледам лидерот на опозицијата со својата изјава во Словенија која е спротивна од она што го говореше додека траеше акцијата и по неа, и кога ќе се сетам само на целата црна кампања тој ден, дека било наместено, па дека загинало 3 годишно девојче што секако беше лага, сите бесрамни лаги и клеветнички изјави, мислам дека Заев правилно постапи со изјавата во Словенија, тоа што менува изјави и ставови не е добра карактеристика, сигурно уште неколку пати ќе смени понатаму, но со изјавата во Словенија мислам дека правилно постапи. Се друго е познато, сум се произнесувал за ова честопати и немам што да додадам.

Прес 24: Порака за граѓаните, што да очекуваат, периодот е полн со неизвесности, имаме впечаток дека нацијата е во некаков константен грч подолг период?
 
Груевски: Точно е. Во грч е државата. Јас можам да кажам дека има надеж и одлична иднина за Македонија. Ќе правиме максимум за да биде попредвидливо, порелаксирано на секој план. Свесни сме дека општеството е контаминирано од политика. Тоа не е добро. И тука и ние имаме свои грешки. Свесни сме дека мора да се престане со говорот на омраза и сите кои ни мислат добро како на партија а се наши подржуваци да се држат до ова. Говорот на омраза, гневот и заканите да се тргнат настрана, да не постојат. Тие се злото кое не труе сите. Тоа мора да престане. И тука сите ние имаме своја одговорност. Македонија мора да оди напред, и ќе оди. Ние имаме одличен план, ќе имаме најсеопфатна програма било кога направена на следниве избори и тоа ќе биде реална програма, базирана на анализи и реални параметри, но и на идеите на граѓаните кои во моментов ги собираме. Ние ќе делуваме конструктивно, ќе работиме со сета сила, како никогаш досега и јас сум убеден дека ќе победиме на следните избори. Провокации имало и ќе има, подготвени сме и не потценуваме никакви закани, но одиме напред, И да се вратам на аналогијата за борбата на Мохамед Али, ми се чини дека веќе противниците ја гледаат нашата тупаница како се спрема да ја донесе следната победа на партијата. Тоа ги плаши и затоа е можно во очајот да бараат очајни мерки. Но ќе помине ова лудило, ние мора да сме компактни и да ги гледаме со отворени очи нашите грешки и пропусти. ВМРО е партија која е во постојана промена, во постојано движење, така и ќе остане. Но во тоа движење ќе опстојат љубовта кон Татковината и нашиот народ, ние тоа нема да го изневериме и секогаш ќе бидеме искрени. Македонија ќе оди напред и има своја иднина, и сите граѓани на нашата земја се таа иднина и мора заедно да работиме со сиот потенцијал за иднината да биде подобра. Јас знам дека ќе успееме. Имам причина да верувам во тоа. Затоа што го знам нашиот народ, поминал многу, и гледа јасно и гледа се и знае да цени и суди. Некои ми викаат дека некако наивно верувам во оваа теза, но оваа теза ме мотивира да одам напред, да се борам за мојот народ! Мојата порака е, гледајте ја големата слика, гледајте со отворени очи, правете разлика, споредувајте, анализирајте, на нас можете да се потпрете и да сметате!
 
Марјан Николовски
11-12-2015, 02:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Боксерот што сака да го одгризе „Големото уво“


Катерина Блажевска Мој термин

Груевски не може да се споредува со Мохамед Али, туку единствено со скандалозниот потег на Мајк Тајсон, кога тој му го одгриза увото на противникот Холифилд. На ист начин и Груевски сака да го одгризе „Големото уво“, за да го снема како доказ за сè што се правело со години во државниот ринг.
[Image: Katerina%20Blazevska%20kolumna.jpg]Според детектираниот недозволент допинг и спорните техники што ги користи во неговата политичка битка, Груевски ни симболично не може да се идентификува со учинокот на ниту еден боксер од светски ранг, особено не со Мохамед Али.
Не поради тоа што Груевски е боксер аматер од „мува категорија“, туку заради стекната аура на неспортско однесување.
Колку за споредба, двократниот светски шампион во тешка категорија, Мохамед Али, бил познат по коректниот речник кон своите противници. Се шегувал, но не ги понижувал, не ги навредувал, не користел „ниски удари“. И кога ги нокаутирал, им подавал рака. „Стани, бори се“, го повикувал неговиот противник Сони Листон да застане на нозе, по победата во 1965 година. Фотографијата од таа сцена е прогласена за една од најголемите спортски фотографии за сите времиња.
Годинава, двата пара боксерски ракавици од тој меч беа продадени на аукција во Њујорк за 956.000 долари. Отприлика, колку што чини мерцедес и пол на нашиот боксер аматер.
Груевски единствено може да се идентификува со скандалозниот потег на Мајк Тајсон, кога тој целосно ја загуби контролата над здравиот разум и спортскиот дух, и му одгриза парче уво на противникот Ивандер Холифилд, по што доби забрана за работа поврзана со бокс.
Со премиерски речник во кој доминираат боксови, тупаници и нокаути, Груевски е на добар пат да ја оживее таа сцена од мечот во 1997 година. Тој неодоливо сака да одгризе уво. „Големото уво“. За да го снема како доказ за се што се правело со години во државниот ринг, за да нема сведоштва за тоа кој избоксувал нелегално прислушување на илјадници граѓани, новинари, политички опоненти и кој користејќи сознанија од тие разговори, ги нокаутирал опонентите и во политичкиот, и во академскиот, и во медиумскиот, и во бизнис рингот.
Негов „Холифилд“ денес не е само Заев или здружената опозиција. Наспроти него стојат илјадници граѓани кои бараат демократски промени и фер игра. Но, Груевски не е подготвен за фер плеј. Затоа и му пречи посредникот Ванхауте, бидејќи му ѕирка во „трезорот“ и му ги открива недозволените ризници за ниски удари.
Патем, играч како Груевски, и да „победи“, никогаш нема да има аура на победник, а најмалку на шампион, бидејќи никогаш ништо не избоксувал сам. Секогаш имал доволно потрошен кадровски материјал околу себе, кој во разни фази му ги завршувал обврските. Еден му ги избоксувал гласачите од Преспа, друг измените на ГУП-от и ДУП-от, трет му избоксувал контролирани судии, четвртиот му избоксувал послушници во медиумите, петиот му ги избоксувал пензионерите...
И по многу такви рунди избоксувани од други, Груевски влегува во рингот тогаш кога треба да се земе пехарот.
Тоа е „стратегијата“ на нашиот боксер од мува категорија. Неговата „храброст“ оди дотаму, што на други им нарачува да најдат некој што ќе му удри шлаканица на Андреј Жерновски. Инаку, тоа е оној мрзлив градоначалник на Центар, „кој ветил гасификација за училиштето 'Димитар Миладинов' каде учи и ќерката на премиерот, ама немало абер од тоа“.
Да не беше трагично, ќе беше смешно. Ќерката на премиерот учи во училиште кое има греење, струја, базен...Немало уште гасификација. Е нема. Молам некој од Министерството за образование да му избоксува еден точен извештај на премиерот, за да види колку деца по колку километри од рани мугри и доцна навечер пешачат од/до најблиското училиште, колку училишта немаат никакво греење, во колку училишта се среќни ако не падне фаза и колку училници сами се претвораат во базен дури и по послаб дожд.
Не знам дали мрзливиот Жерновски прави ништо за гасификација на училиштето во кое учи и премиерската ќерка, но пред да се даваат какви било оценки можеби треба да се ѕирне и во касата на општина Центар. Да се види дали останал некој денар за таа намена, откако едно чудо пари беа стопени во бронза, мермер и хонорари.
Жално е кога еден премиер, наместо да зборува за потребите на сите деца, зборува за неговите. Да, Груевски повремено мисли и на туѓите деца и на нивните родители, но тоа го прави кога му требаат нивните гласови.
Во меѓувреме, најмалку важен е податокот дека премиерот бил настинат, наспроти фактот дека на ученик во Скопје му била дијагностицирана туберкулоза. Епидемиолозите се загрижени што туберкулозата во 21 век се јавува во урбана средина. Па сега да разјасниме - или не сме урбана средина, или не сме во 21 век. Привидот за урбаност можеби ни го даваат само нечии скапи автомобилски седишта со масажери и монитори за „децата“ да си гледаат филмови додека се возат. Инаку, „децата“ е шифрирано име за високи странски гости кои во Македонија треба да се возат во најскапиот блиндиран мерцедес во Југоисточна Европа.
И на крајот, како што вели премиерот, „да се вратам на аналогијата за борбата на Мохамед Али“. Борец е борец и кога не е на рингот. Некогашниот шампион (73), кој повеќе години е тешко болен од Паркинсоновата болест, деновиве остро ја критикуваше изјавата на контраверзниот претендент за американски претседателски кандидат, Доналд Трамп, дека треба да се забрани влез на муслиманите во САД.
„Вистинските муслимани знаат дека безмилосното насилство на т.н. исламски џихадисти е против нашата религија. Овие безмилосни убијци попречуваат луѓето да го видат она што е вистинско во исламот“, порача Али, покажувајќи дека борбата за достигнатите општествени вредности, демократија и слобода не смее да запре, без оглед кој е на власт или кој се бори за неа.
Еднаш шампион, секогаш шампион. Инаку, како „најостра“ реченица во мекиот речник на Мохамед Али, е запамтена следнава: „Ако можат да направат пеницилин од мувлосан леб, сигурно можат да направат нешто и од тебе“.
Не успеав да дознаам кому му била упатена, но верувам дека била адресирана до некој самобендисан аматер.
11-12-2015, 02:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Многу боксови и малку визии во интервјуто на Груевски


Се замислува како Мохамед Али, а за десет години ни еднаш не излезе на тв-дуел со кој било лидер на опозицијата, велат аналитичари, по вчерашното „боксерско“ интервју на премиерот Никола Груевски.

[Image: 0,,18581650_303,00.jpg]

Бројни реакции и анализи предизвика вчерашното интервју на премиерот Никола Груевски за порталот „Прес24“. Оние кои очекуваа дека во него можеби ќе прочитаат волја за спроведување на обврските од Договорот од Пржино, останаа без текст. Други, кои ни претходно немале илузии дека се сменила матрицата на премиерското однесување, ги констатираат претходно посочените оценки: дека ништо не се сменило во однесувањето на премиерот.
Најиндикативно е што Груевски во интервјуто воопшто не ја спомна политичката криза во земјата. Според неговата „дијагноза“, станува збор за „напад на една темпирана и однапред осмислена кампања за лична дискредитација, за кампања која имаше цел да го урне Никола Груевски од позицијата премиер, да ги дестабилизира институциите на државата, да внесе немир, силна поделба, омраза, набој во македонското општество, посебно во делот меѓу етничките Македонци“.
„Напаѓачите на Македонија и изгубија една и пол година на нашата држава. Толкав период живееме во заложништво, но народот е бедемот на нашата Татковина, и тој го зададе најсилниот удар, кој својот вистински ефект ќе го има на следните избори“, оцени Груевски.
Притоа најави победнички излез од ситуацијата, преку илустрација со бокс- мечот меѓу Мохамед Али (Касиус Клеј) и Џорџ Форман.
„Форман на почетокот удираше и удираше, а Али го допушташе тоа, рунда по рунда. Али пушташе Форман да удира. Роуп а доуп (rope a dope) ја нарекоа неговата стратегија. И се случи Форман во осмата рунда да се умори, а Али тогаш почна. И ми се чини дека заврши со нокаут, Форман беше декласиран. Е сега, сите се прашуваа во првите осум рунди, зошто Али така боксува, мислеа дека е наместен мечот, мислеа дека Али е ослабен, но вистината беше дека Али имаше стратегија и се однесуваше различно од тоа што неговиот противник го профилирал за него. Осмата рунда за Заев допрва доаѓа, а финалниот удар ќе дојде на 24 април“, рече Груевски.

[Image: 0,,18027613_401,00.jpg]
Сцена од историскиот бокс-меч меѓу Мохамед Али (лево) и Џорџ Форман

Го немаше во рингот

Аналитичарите не препознаа сериозен „штоф“ во долгото интервју на премиерот.
„Ова е интервју во која најбитна информација е дека премиерот има проблеми со синусите и дека се замислува како Мохамед Али, но е толку 'храбар', што во текот на десет години владеење ни еднаш не се осмели да излезе на тв-дуел со кој било лидер на опозицијата, дури и кога ривалот е жена, простете ми на сексизмот“, вели аналитичарот Арсим Зеколи.
Тој издвојува два битни моменти од ова, според тонот, предвидливо интервју.
„Груевски ја напушта улогата на агресивен напаѓач и ја презема улогата на 'бранител' на народот, на државата од домашните зли и темни сили, што е сосема во согласност со политичката траекторија на секој автократ. Доволно е да се потсетиме на примерот како се менуваше реториката на Слободан Милошевиќ, кој од освојувач со редица изгубени војни, полека ја преземаше аурата на бранител на Србија од 'силите на безумието и мракот'. Тоа е идентичен ментален склоп низ кој се согледува процесот на падот на моќта на Груевски и на груевизмот“, анализира Зеколи. Според него, вториот момент дополнително го разјаснува овој феномен.
„Ова е можеби прво интервју во кое Груевски не само што не ја префрла вината врз Западот, туку ја презема улогата на негов бранител, полн со пофалби за тоа колку сакаат да помогнат, фокусирајќи се само на 'домашните предавници' и на Ванхауте, кој е ставен во функција на, 'нека виси Педро' за забава на јавноста. Сметам дека ова е директна последица на притискот кој се одвиваше по Кумановскиот инцидент кога Груевски беше принуден да се определи помеѓу флертувањето со Русија и јасна, ексклузивна и безалтернативна определба за соработка со САД, ЕУ и НАТО. Прорускиот момент на Груевски е сега сведен единствено на медиумски дрдорења од грст новинари-платеници. Но во реалноста Груевски и Ахмети знаат дека периодот на играње неутралност е завршен и сега се оставени на милост на Западот, кој конечно ги поврати механизмите за контрола, награда и казна на дуетот Груевски-Ахмети“, оценува Зеколи.

[Image: 0,,18767749_404,00.jpg]
Петер Ванхауте

Поради „доминантно дефанзивниот дух кој провејува низ интервјуто“, Зеколи смета дека епохата на апсолутистичко владеење на Груевски и Ахмети е завршена, во смисла на нивно дејствување „без усул и неказнливост“: „Тие секако можат и грчевито ќе се борат да ја добијат оваа за нив последна изборна победа. Верувам и дека ќе ја добијат со помош на кредитите од Запад. Но тоа ќе биде повеќе лебедова песна, отколку гаранција за долготраен опстанок на сцената!“

Нема веќе говор на омраза!

Премиерот по втор пат за десет дена, својата критика ја насочи кон посредникот во преговорите, Питер Ванхауте.
„Тој човек, како што веќе еднаш кажав, тука е да помогне а не да одмага. Ако впечатокот е дека одмага, тогаш не ја гледам поентата од него да биде тука. Генерално мој став е дека внатрешните прашања мора да ги решаваме самите. Така ќе покажеме и зрелост која се очекува од нас, и така ќе спречиме и вакви работи да се случуваат, потценување на државата, народот и институциите“, рече Груевски. Според него, државата е во грч, но тој смета дека има надеж и одлична иднина за Македонија.
„Ќе правиме максимум за да биде попредвидливо, порелаксирано на секој план. Свесни сме дека општеството е контаминирано од политика. Тоа не е добро. И тука и ние имаме свои грешки. Свесни сме дека мора да се престане со говорот на омраза и сите кои ни мислат добро како на партија а се наши подржувачи да се држат до ова... Говорот на омраза, гневот и заканите да се тргнат настрана, да не постојат. Тие се злото кое не труе сите. Тоа мора да престане. И тука сите ние имаме своја одговорност“, потенцира Груевски.
Интервјуто на премиерот е типично за него и не донесува ништо ново, освен познатите фрази, вели аналитичарот Сефер Тахири.
„За мене единствена новост е фактот дека тој лично бара да се запре со говорот на омраза, што значи дека истото можел да го направи и порано. Индикативно е дека тој презема одговорност за ширењето на ваквиот говор, кој е присутен веќе подолго време во јавниот дискурс во земјата, факт кој се поткрепува со податокот дека дел од новинарите кои јавно шират негативен говор, гнев и закани, кои го трујат општеството, биле и се поддржуваат од јавни пари доделени од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. За разлика од порано, Груевски сега се префрла од напади и фалбаџиство кон оправдување и аргументирањето на неговите политички чекори, како што е 'Скопје 2014' и други постапки на неговата Влада“, вели Тахири.

Сите најавуваат нокаут

Форсирањето на победничкиот дух провејува од почетокот до крајот на интервјуто.
„И да се вратам на аналогијата за борбата на Мохамед Али. Ми се чини дека веќе противниците ја гледаат нашата тупаница како се спрема да ја донесе следната победа на партијата. Тоа ги плаши и затоа е можно во очајот да бараат очајни мерки“, рече премиерот.
[Image: 0,,18584600_404,00.jpg]
Неговите политички опоненти ги отфрлаат тезите изнесени од премиерот. „Очигледно е дека интервјуто е дадено од поранешен нокаутиран боксер“, велат од СДСМ.
„Трагично е што Груевски се уште не може да разбере дека Македонија е во длабока политичка и економска криза и со длабоко поделено општество, што е резултат на неговото десетгодишно владееење. Не успева да разбере дека кога со восхит зборува за 'Скопје 2014', зборува за нереализирана гасификација и неизградена основна инфраструктура. Кога зборува за економските достигнувања на неговата Влада и за нови работни места, зборува за 600.000 иселени од Македонија во изминатите 10 години. Кога зборува за изградба на автопатишта зборува за сопствените провизии. Кога зборува за социјални станови, зборува за своите парцели на Водно“, коментираат од СДСМ.
Според партијата, јасно се потврдува дека Груевски не живее во реалноста, туку во сопствен виртуелен свет кој го гради и одржува со строга контрола врз медиумите.
„Груевски и ДПМНЕ не можат да сфатат една работа: дека договорите и законите постојат не за да останат на хартија, туку нивната содржина да заживее во секојдневниот живот. Во стилот 'држете го крадецот' Груевски и ДПМНЕ се тие кои ја оневозможуваат имплементацијата на Договорот од Пржино во повеќе сегменти. Затоа, не не зачудува тоа што кога зборува за избори, зборува дека некој друг фалсификувал лични карти, очигледно свесен дека изборните циклуси од 2011 година биле крадени. Нокаутот следува на 24 април. Збогум Никола“, порачаа социјаледемократите.
Одговор стигна и од градоначалникот на општината Центар, Андреј Жерновски, за кого на премиерот му раскажале дека „бил толку мрзлив, што купувал обувки без врвки, само за да не се наведнува да ги врзува“. Жерновски шеговито одговори на неговиот твитер-профил: објави фотографија од неговите обувки. Сепак, носел модел со врвки!

DW
11-12-2015, 02:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(10-12-2015, 01:32 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Груевски: Народот јасно гледа се и знае да цени и суди


 

[Image: gruevski-verski-vodach-ne-smee-da-promov...k=2oMxYwKw]



Прес 24: Но еве во преговорите слушаме дека Питер ван Хауте се однесувал нецивилизирано, навредувал, па Македонците не биле европејци и слично....

Груевски: Питер ван Хауте е најневажниот елемент во целиот мозаик. Тој е само извршител кој зема дебели дневници, и моја препорака до нашите преговарачи во работните групи беше да му одговорат соодветно принципиелно и да му укажат дека во ова земја тој е гостин, и треба да ја цени нашата гостопримливост, и тој не е гласач, ниту жител на земјава, не смее да се однесува некоректно и дека не смее да му се случи навреда кон нашиот народ. Затоа и Илија Димовски во еден момент ги напушти преговорите. Мора да се разговара цивилизирано и со меѓусебна почит. Човекот си има агенда и си ја извршува и мислам дека не треба посебно значење да се дава на него, без разлика на провокациите што ги прави таму, кои се според некого намерни и со тенденција, а според некого израз на неговата лична култура. Тој човек како што веќе еднаш кажав тука е да помогне, а не да одмага, ако впечатокот е дека одмага, тогаш не ја гледам поентата од него да биде тука. Генерално мој став е дека внатрешните прашања мора да ги решаваме самите. Така ќе покажеме и зрелост која се очекува од нас, и така ќе спречиме и вакви работи да се случуваат, потценување на државата, народот и институциите. Факт е од друга страна дека поделбата меѓу партиите, посебно после таканаречените бомби беше преголема и СДСМ инсистираше на меѓународно посредништво, и дека тоа е во суштина повеќе корисно од штетно, но сакам да нагласам дека не мора да размислуваме така по секоја цена и при секоја прилика и во иднина. Зарем може некој повеќе да ја сака оваа држава од нас самите? Зарем мислите дека ќе дојде некој странец и ќе ни кажува тука што е добро за нашата држава а ние тоа нема да го препознаеме? Ако нешто е добро ќе го прифатиме, но ако нешто не е, тогаш нема. Има една логика која еден академик во една прилика ми ја кажа, јас не се согласувам целосно, но интересно е да се напомене – ако некој дипломат ти вика дека треба да направиш нешто што е од интерес за твојата земја, зошто би ти го кажал тоа ако не се поклопува со интересот за неговата земја? Ако не се поклопува со интересот на неговата земја, што е практично невозможно, тој значи си ја предава државата? Е сега прашањето е дали интересот на неговата земја се поклопува со интересот на твојата? Дали е тоа логично? Не знам, вие пресудете. Јас се трудам да ја гледам политиката и низ малку поинаков спектар, на нешто повеќе од само интереси, туку и на вредности.
И конечно, ние треба да го гледаме интересот на нашата држава и тој интерес е јасен и недвосмислен, без разлика на сите теории.



Quote:Ванхауте со одговор до Груевски: Кога некому не му се допаѓа пораката, го убива гласникот

1.12.2015
Европската Унија целосно го поддржува посредникот Ванхауте во напорите за спроведување на Договорот од Пржино, ова е одговорот од Делегацијата на ЕУ, по обвинувањата на премиерот Груевски упатени кон олеснувачот , дека тој е само извршител на агенда и дека одмага во преговарачкиот процес. Брисел потенцира дека Ванхауте е искусен експерт и дека има важна улога во целиот процес.
[Image: 124732.jpg]

„Целосно ги поддржуваме напорите кои ги прави Ванхауте за имплементација на Договорот од 15 јули. Како делегација убедени сме дека експертите како Питер се дел од суштинска важност во ситуацијава.“ - стои во одговорот од Делегацијата на ЕУ.
Премиерот Груевски во вчерашното интервју за порталот Прес 24, го обвини посредникот Ванхауте дека е само извршител со своја агенда , кој како што вели, зема дебели дневници, и не помага во преговорите, туку провоцира, па оттука Груевски, не ја гледал поентата Ванхауте да остане. Посредникот Питер Ванхауте за 24 Вести вели дека е тука за да помогне и прави напори, како што вели ,за да се постигнат резултати, но очекува проактивност и политичка волја. Во однос на обвинувањата на премиерот Груевски, Ванхауте вели:
„Нема да коменатирам многу. Само сакам да кажам кога некому не му се допаѓа пораката , го убива гласникот. Мојата работа тука е да создадам пријатна атмосфера. Тука сум да постигнам резултати, согласно европските вредности и стандарди. За некои луѓе ова можеби е проблематично, но исто така верувам дека постои само еден начин за напредок кон интеграција во НАТО и ЕУ. Треба барем да се биде проактивен и да се покаже политичка волја дека сте подготвени и активни да имплементирате се што е потребно да се постигнат резултати за интеграција во НАТО и ЕУ.“ 
Премиерот Груевски и претходно упати слични обвинувања кон олеснувачот делегиран од ЕУ, дека ја влошува атмосферата во работната група и дека ги навредил, па поради тоа како што рече Груевски, ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија работната средба , кога на маса беше прашањето за медиумите, но по еден ден пауза се вратија на преговори со образложение дека тие не бегаат од избори.
 


(This post was last modified: 11-12-2015, 10:10 PM by ЈорданПетровски.)
11-12-2015, 10:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote: Груевски ја нокаутира Македонија, граѓаните ќе го нокаутиораат него

[Image: IMG_0200_121215.JPG&imgSize=150&CropH=150]
Интервју на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за Слободен печат



Слободен печат: Господине Заев, во последното интервју премиерот пред заминување Никола Груевски ви порача дека ви претстои финалниот удар, правејќи споредба со боксерски меч. Со каков гард го очекувате најавениот „последен удар“ од човекот кој се споредува со Мохамед Али?

Заев: Во рингот на Никола Груевски од една страна се тој и фамилијата, а од другата страна се граѓаните и државата. Со погрешните, криминални политики изминатите 10 години во тој ринг Никола Груевски ја нокаутираше Македонија.Резултатот од тој нокаут се сиромашни или емигрирани граѓани, урнисана економија, постојано задолжување и доведување на земјата пред банкрот, да не може да исплати плати,  пензии, социјална помош...

Резулатот од тој нокаут се 180 илјади граѓани во Македонија да живеат со по 40 денари на ден, над 500 илјади граѓани да живеат на работ на сиромштијата, секоја трета фирма да биде со блокирана сметка, над 10 илјади фирми да бидат затворени.Резултат на тој нокаут се 626.312 иселени граѓани од земјава, пред се млади, образовани луѓе, според извештаи од Светката банка.Конечно, резултат на тој нокаут се 1.350 смртни случаи годишно поради загаден воздух, урнато здравство, и целосна негрижа за здравјето на граѓаните.

Се тоа, додека фамилијата на Груевски, братучедот Мијалков и кумот Ставрески водеше фамилијарен бизнис и се богатеше...

Слободен печат:
Ако политиката навистина е боксерски меч, како што ја доживува вашиот конкурент Груевски, ви пречи ли што тој ниту еднаш досега не се нашол во ринг со вас, ниту со Зоран Заев, ниту со вашите претходници. Едноставно го нема на дуели. Каде боксува Груевски?

Заев: Мислам дека благодарение на „Вистината за Македонија“ целата јавност виде каде и како боксува Груевски. Тој не смее да се појави ни во квалификациски натпревар, тој нема храброст ниту да се соочи со вистината за битките што ги изгубил и нокаутите што и ги нанел на Македонија заради свои мафијашки цели. Затоа избегнуваат да се појават пред Анкетната комисија за прислушкувањето и грчевито се борат седниците да бидат затворени за јавност, во страв од соочување со граѓаните за вистината за нивното криминално, коруптивно владеењекое. Се плашат од вистината затоа што вистината е болна овие 10 години.

Слободен печат:
Добро, но чувте, причина за недоаѓањето е здравствена. Прочитавте веројатано дека Груевски освен имал проблем со синусите и мала настинка...

Заев: Не сум изненаден што Груевски постојано сака да зборува за себе а не за граѓаните.Зошто Груевски не зборува за здравјето на граѓаните?Односно зошто зборува за личното здравје а не за здравството во Македонија? Затоа што поради бизнис-тендерските политики на Груевски и фамилијата здравјето на граѓаните во Македонија е сериозно загрозено.

Не само што граѓаните се гушат во нечист воздух, Македонија сега е на последното место во Европа по здравствени услуги, и тоа според Европската служба за здравствена заштита. Недостасува лекарски кадар во земјава,најдобрите лекари масовно заминуваат. Дури 200 лекари годишно се иселуваат од Македонија.

Нема квалитетни лекови, нема медицински материјали, нема опрема по болниците. Според најновите демографски студии смртноста на новороденчињата во Македонија е фрапантни 14 на 1.000 живородени. Тоа е поразителен податок кој остава мачнина.

630 милиони евра Груевски потроши на споменици, а луѓе, бебиња, родилки умираат по болниците, граѓаните дишат отров наместо воздух...катастрофа.

Слободен печат: На таквите обвинувања обично добивате контрапрашања што СДСМ направило за здравството, за воздухот, и така натаму. Исто така од спротивниот табор велат и дека немате конкретни решенија, туку само напаѓате.

Заев: СДСМ има решенија како да ги промени катастрофалните состојби во здравството и да обезбеди квалитетно здравство во интерес на граѓаните.Новата влада на СДСМ ќе обезбеди квалитетно, достапно здравство за сите граѓани, со достоинствени лекари.

Така што синусите ќе бидат најмал проблем за Никола Груевски. Она што гледам дека сериозно го загрижува е одговорноста за целокупното коруптивно владење во изминатите години што им украде на граѓаните 10 години од нивниот живот.

Слободен печат:
Добро да се вратиме на преговорите. Сакам да ве прашам едно многу кратко прашање: Жив е или мртов договорот од Пржино?

Заев: Факт е дека преговарачкиот процес е во застој. И факт е дека СДСМ нема никако да прифати договор заради договор. Тоа не е опција. На Македонија и е неопходен беспрекорен предизборен и изборен процес. Да не заборавиме, Македонија токму поради криминални избори е во вонредна состојба. Затоа се случи Пржино. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ нема да избегаат од договорот од Пржино. Во Македонија нема да се случат уште едни криминални избори.

Слободен печат: Која е вашата оценка по еден месец партиципирање во власта?

Заев: Веднаш стана јасно дека застапеноста на СДСМ во клучните ресори е во интерес на граѓаните и во функција на спречување на злоупотребите во институциите што се случуваа во изминатите 10 години, особено пред и за време на избори.

Се чувствува  дека постепено ја враќаме контролата во рацете на граѓаните, се чувствува и првична релаксираност, ослободување од одредени притисоци внатре, во институциите, се чувствува грижата за интересите на државата.

Преку проектот „Вистината за Македонија“ јавноста дозна за поклопеноста на државата од партијата, за злоупотребите на државните институции во партиски цели, изборниот криминал, уцените на граѓаните да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.Јавноста дозна дека Министерството за внатрешни работи функционирало како штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Како се злоупотребувала оваа важна институција само за партискиот интерес, особено за време на избори, како професионалците во МВР биле потиснати во интерес на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Директно посочивме злоупотреби во однос на незаконски обезбедувања и користење на службени возила во МВР.

Јасно е, нема веќе ВМРО-МВРО. Се работи по Закон и Устав. Секој што се огрешил пред законот ќе одговара.

Слободен печат: Јавноста очекуваше да откриете и поголеми злоупотреби од користење службено возило.

Заев: Во Министерството за земјоделство откривме директни злоупотреби со државно земјиште, субвенции, оштети, на директна штета на земјоделците, на граѓаните, за што повикавме и на одговорност.Останува неодговорено прашањето дали малверзациите и злоупотребите со земјоделските субвенции и земјоделското земјиште се случувало со знаење и амин лично на Никола Груевски.

Во Министерството за труд и социјална политика откривме дека на граѓаните не им било одговарано во законскиот рок од 60 дена за остварување на правото за социјална заштита. Од септември 2014 година до септември 2015 година бројот на домаќинства кои примаат социјална парична помош се намалил за 6.603 домаќинства, што е огромна бројка. Дополнително, поранешниот министер од ВМРО-ДПМНЕ воопшто не постапувал по жалбите на 1.400 семејства коишто го изгубиле правото на социјална помош, со што незаконски се поигрувало со судбината на овие луѓе.

Слободен печат: Дали најголем успех изминатите месец дена практично ви е ветото на Кире Наумов?

Заев: Груевски и кумот Ставрески јавно признаа дека ја доведоа државата во ситуација да мора да се задолжува за да исплаќа плати и пензии, пред банкрот.СДСМ ги заштити интересите на граѓаните и го преполовивме задолжувањето со еврообврзницата. Спречивме банкрот на државата, но, не дозволивме ниту да се загрози исплатата на плати и пензии.

Преку дополнителниот заменик-министер за финансии и со јавна реакција, на прес-конференција,се спротивставивме на дополнително задолжување на граѓаните од 100 милиони евра и постојаната злоупотреба на средствата за изборна корупција.

Не дозволивме расипничките политики на премиерот во заминување, Никола Груевски, и неговиот кум Зоран Ставрески, кои го хранат само бизнисот на фамилијата, да се натовари на идните генерации.

Покрај секојдневните опструкции од страна на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ голема помош имаме од професионалците во институциите на коишто на прво место им е Република Македонија.

Ние ќе продолжиме да работиме одговорно и транспарентно во интерес на сите граѓани на Република Македонија и во интерес на иднинте генерации.

На 24-ти април, оценката ќе ја дадат граѓаните.

Слободен печат: Дали СДСМ и Фокус се наместени во аферата со лажните лични карти? Не мислите ли дека оние фалц-документи што се навистина употребени се веќе уништени, а овие се лажниот мамец?

Заев: Истрагата ја води Јавното обвинителство согласно законските прописи. Најважно е да има квалитетна истрага којашто ќе ги даде сите одговори.Основното јавно обвинителство – Скопје како надлежно обвинителство согласно законската регулатива, соопшти дека оформило предмет за настанот со фалсификувани лични карти.

За жал, водејќи се од партиските а не од државните интереси, заменик-министерот за внатрешни работи, Чавков, избрза со несоодветни коментари на се уште незавршена истрага за кои Основното јавно обвинителство посочи дека се спротивни на Законот за кривична постапка.

Злоупотреби со лични карти граѓаните слушнаа и во рамки на проектот „Вистината за Македонија“. Јас не знам детали од истрагата, но верувам во една реченица која ќе го следи Груевски како негово проклетство и пророштво – а тоа е дека вистината е како шило и дека кога тогаш ќе избие на површина. Ќе видиме дали и кога во ВМРО-ДПМНЕ ќе станат свесни дека обвинителите и истражителите им се влезени во вистинска трага ќе држат прес-конференции или ќе ги фатат синуси и настинки.

Јас очекувам се да се истражи согласно законите и јавноста навремено да ги добие сите одговори, а оние коишто го прекршиле законот да одговараат.

Слободен печат: Некако останаа недореченисти и околу настаните во Куманово. За тоа и вие лично придонесовте со вашите контрадикторни изјави. Кои се луѓето кои војуваа два дена со полицијата и дали наши разузнавачки и политички фактори се вмешани во планирањето и реализацијата на судирот?

Заев: Јавноста знае дека во одредени странски медиуми се објавија информации за вмешаност на високи владини функцинери во настаните во Куманово, каде што за жал загинаа осум припадници на безбедносните. Одговорите треба да ги даде професионална и темелна истрага.Наскоро, јавноста ќе ги добие сите одговори.

Слободен печат:
Во меѓувреме, медиумската машинерија на власта буквално го меле СДСМ. Преговорите за медиумите се во ќорсокак, а министрите и замениците министри од вашата партија речиси секојдневно се на тапет на провладините медиуми. Што и да сработиле добро за граѓаните, тоа до јавноста ќе дојде претходно проџвакано од пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев:
Видете, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се соочуваат со страв од заминување од власта и нервозата кај нив е голема. Во медиумите под нивна контрола имаат не само свои послушници, туку и свои соучесници. Треба со некои од нив заедно да понесат одговорност за криминалното владеење и да дадат сметка пред граѓаните. Затоа, свесни сме, допрва ќе се изнагледаме мрачни, црни кампањи.

Но, тоа не е од пред еден месец. ВМРО-ДПМНЕ години наназад води перманентна медиумска хајка не само против првите луѓе на СДСМ туку и против сите слободни граѓани кои сакаат да зборуваат за вистината. Секогаш тие медиумски хајки се полни само со лаги и измислици коишто немаат никаква врска со реалноста. Сега нервозата расте, а со тоа расте и стравот кај власта.

Еве и деновиве сте сведоци на една нарачана, мрачна, гнасна кампања на ВМРО-ДПМНЕ со којашто сакаат да ја втурнат Македонија во една црна дупка на постојани конфликти и поделби меѓу граѓаните. За ова кампања СДСМ ќе превземе одредени законски чекори,  но она што е важно е дека целта на власта е прочитана од граѓаните и однапред е осудена на неуспех.

Прво, затоа што сите граѓани во Македонија знаат за лажниот, виртуелен патриотизам на Никола Груевски. Проектот „Вистината за Македонија“ покажа дека лажниот патриот Никола Груевски и неговиот братучед, Сашо Мијалков, тајно се пазареле и преговарале за промена на името на државата, со контраверзниот грчки бизнисмен Маноли.

Второ, не може со црни и мрачни кампањи да се намали волјата на граѓаните за промени и нивната желба за подобар живот. Црните кампањи нема да ги наполнат празните фрижидери и празните џебови на граѓаните. Сите граѓани во Македонија се обединети околу една идеја: збогум на криминалот и корупцијата! Тука ниту една црна кампања на премиерот во заминување не може да му помогне. Македонија бара промени и тие промени ќе се случат на 24-ти април.

Слободен печат:
Кога ги споменувате изборите, факт е дека се уште не се исполнети сите точки од Договорот од Пржино, се пробиваат роковите, се уште нема избор на членови на ДИК, не за завршени обврските во делот на медиумите...

Заев: СДСМ бараше предвремени фер, демократски и регуларни избори. Избори ќе има, останува да се имплементираат сите критеруми согласно Договорот од Пржино.

СДСМ бараше преодна, техничка влада за да може да се нормализираат и да се демократизираат институциите за да се создадат минимум услови за одржување на слободни фер и демократски избори. Преодна влада има, граѓаните ја очекуваат оставката од Никола Груевски.

Без резултат и без идеи, грогираниот боксер Никола Груевски бега од слободни, фер и демократски избори. Затоа ВМРО-ДПМНЕ применува тактика на постојано одолговлекување и непочитување на Договорот.

Во ДИК за ВМРО-ДПМНЕ проблем се независните експерти затоа што оваа партија знае да функционира само со партиски послушници. Но, сега не зборуваме само за партиски ставови туку за почитување на европски стандарди.

Медиумите мора да ги ослободиме од синџирот на Никола Груевски, од нарачаните вести и медиумски хајки кои немаат никаква врска со вистинината или реалноста.

Груевски и фамилијата се исплашени затоа што средувањето на состојбите во медиумите, ќе значи крај за виртуелните инвестиции, виртуелните работни места, виртуелни политики.Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристристрасно, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните. Е токму од тоа се испаничени куририте и Груевски.

Јавноста се увери дека уредникот Груевски дури и во инервјуата што ги пласираат медиумските курири,како што вели самиот е „фатен неспремен“ за прашања.

Каков цинизам.

На Македонија и се неопходни слободни, фер, демократски и регуларни избори. Значи не избори заради избори, туку беспрекорен предизборен и изборен процес.Само целосно спроведување на Договорот од 2-ри јуни/15 јули, во што побрз временски рок, може да создаде минимум услови за нормализација на државата и спроведување на слободни, фер и демократски избори.

Добро е што Европската унија и целата меѓународна заедница застана зад граѓаните и интересот на Република Македонија.Без исполнување на сите критериуми од Договорот од Пржино не можеме да говориме за регуларни избори.

Слободен печат: Често пати го споменавате „Скопје 2014“ како нејбезочно трошење народни пари не за потребите на народот, туку за милионските инвестиции во споменици и во кич. Ете Груевски најави дека проектот завршува во 2016 година, но и не повика да не се грижиме, Скопје немало да му го земе приматот на Охрид во туризмот.

Заев: Груевски може само да ја најави својата оставка која се очекува во наредните денови. Се друго е нереално и дел од неговиот виртуелен свет во којшто живее. Реалноста е сосема поинаква. Се сеќавате, Груевски кога го најавуваше овој проект рече дека ќе чини околу 80 милиони евра. А, според досега достапните официјални документи потрошени се над 630 милиони евра и сумата постојано расте. Нема да не изненади доколку по ревизија на сите анекси и скриени договори сумата стигне и до една милјарда евра. Да потрошите 630 милиони евра за споменици а за период од 10 години да не изградите ниту еден студетски дом е безобразие и потценување на студетнтите, на младите, на иднината на оваа држава.

Единствени реални инвестиции на Никола Груевски се тендерите за споменици, плацевите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари.

Го слушнавме Груевски како во Собранието призна дека ги потрошил парите за мерцедес и како неуспешно се правда дека наводно мерцедесот бил за високи гости. Какво наивно лицемерие и потценување на сопствените граѓани. Па од проектот „Вистината за Македонија“ граѓаните дознаа како Никола Груевски самиот го нарачува, „она на м“, да биде „фул“, „со масажери“ и дека многу му е битно „екрани назад“ за, како што самиот Груевски рече, кога се вози “со маливе“.

Слободен печат: Има ли СДСМ одговор на проблемите? Груевски, како по учебник за политички маркетинг, заедно со негативната кампања паралелно почна и позитивна кампања, снима граѓани на кои премиерот лично им решил некој, понекогаш дури и најбанален, проблем.

Заев: Утре СДСМ ќе одржи програмски Конгрес на кој ќе ја утврдиме Програмата што ја пишувавме заедно со граѓаните.Додека премиерот во заминување, Никола Груевски, предизборно се расфрла со виртуелни, нереални инвестиции, во реалноста ниту има странски инвестиции, ниту има нови работни места.

Корупцијата во изминатите 10 години однесе многу работни места и избрка многу потенцијални инвеститори.Според официјалните податоци на Народна банка, во третиот квартал од оваа година во Македонија влегле само околу 8,5 милиони евра странски инвестиции. Не само што нема инвестиции, Груевски и фамилијата ја доведоа Македонија во ситуација да мора да се задолжува за да исплати пензии и плати, ја доведоа држвата пред банкрот. Со тоа признаа пораз на сите погрешни економски политики во изминатите 10 години.

Слободен печат: Повторно зборуваме за проблемите, ве прашувам за решенијата...

Заев: СДСМ има решенија за проблемите, има платформа којашто ја пишувавме заедно со граѓаните и од којашто ќе произлезе идната програма за подобра, слободна, демократска и европска Македонија.Заедно со граѓаните, ќе се избориме против корупцијата. Ќе се избориме за младите да имаат иднина дома, во сопствената држава.

Ќе се избориме за враќање на европските вредноси во нашата татковина и враќање на Македонија на европскиот пат. Ќе градиме општество на еднакви и достоинствени граѓани, едно општество за сите.По 24-ти април, доаѓа подобра, светла иднина за Репиблика Македонија.

Слободен печат:
Но, ова свучи премногу декларативно.

Заев: Не, овие декларации се преточени во многу конкретни мерки и решенија. Програмата ќе биде достапна за секој граѓанин и секој ќе може да се увери дека таа е компактна визија за една поинаква Македонија, а не само список на декларации. Што се однесува до мерките и решенијата, ВМРО-ДПМНЕ самата се фати во стапица со лагата дека СДСМ не нудел конкретни решенија, а во паниката од поразот што ги чека буквално почнаа да преземаат наши решенија што претходно дури и ги критикувале, како тоа со бесплатнот превоз за студенти и средношколци.
13-12-2015, 01:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Писмена изјава на премиерот Груевски за случајот Фабрика за афери
23.12.2015

[Image: gruevski_1904_g111_7.JPG]
Писмена изјава на претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, за случајот Фабрика за афери

Додека ние мислиме на отворање нови работни места, на куќи за младите, на градење фабрики, патишта, нови болници, факултети, додека мислиме како да реализираме проекти од интерес за народот, некој мислел на фалсификати, деструкција, сценарија, местенки, лажни конструкции и гнасни потези. Тоа не е политика. Ова веќе не е политика. Нашиот народ не го заслужил ова. Некој се обидува да ја киднапира државата и ја држи во заложништво и нашето трпение за ближи кон крајот. Ако до пред некој ден мислевме дека опозицијата го допрела дното, сега е дефинитивно дека го пробија и дното. Ова мора да се истражи до крај, и сите виновници да одговараат пред законот. Мора да се истражат сите поврзаности на овој случај со други големи случаи. Мора да се истражат безбедносните аспекти на овој случај со други случаи. Мора да се истражи и објави како конструирани снимки и фалсификати произведени во Фабриката за афери завршувале во соседни земји. Кој тоа правел трговија со овие работи? Тоа не само што има и други квалификации туку е и класично антидржавно однесување против Република Македонија и нејзините граѓани. И ова не може да се оправда со невешти изјави и интервјуа на лица од опозицијата кои служат само за прикажување на лажна самодоверба.
Ова е срамно и бедно и гледам дека ни најголемите подржувачи на опозицијата меѓу новинарската фела немаат како да ги оправдаат политичарите од опозицијата. Ова има две цели. Прво, продолжување на агонијата и деструкцијата која опозицијата ја стимулира, тие се надеваат и самозалажуваат дека добиваат иако за секој разумен е јасно дека катастрофално губат. И второ, одложување на изборите. Тие од избори се плашат многу.
Ние направивме се што се побара од нас, бевме дури и критикувани дека премногу попуштаме и имаше куп теории на заговор околу тоа. Македонија е заложник на лудилото на неколку луѓе од опозицијата кои загушени во сопствената криминогеност и под притисок на сопствениот неуспех, прават постапки кои се очајни.

Никола Груевски

Претседател на Владата на Република Македонија



VLADA
(This post was last modified: 23-12-2015, 06:44 PM by ЈорданПетровски.)
23-12-2015, 06:20 PM
Reply