Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БАРАЊЕТО СЕДНИЦИТЕ НА АНКЕТНАТА КОМИСИЈА ДА БИДАТ ЗАТВОРЕНИ Е ПОТВРДА НА БОМБИТЕ!!??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

18-12-2015, 01:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

18-12-2015, 06:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:ВМРО-ДПМНЕ поведува иницијатива за нова Анкетна комисија која ќе го расчистува скандалот со „Фабриката за афери“


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“ врз база на информација која што е доставена до сите Пратенички групи во Собранието на Република Македонија поведува иницијатива за формирање на нова Анкетна комисија во Собранието на Република Македонија. Анкетна комисија која што ќе се занимава односно ќе го расчистува скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи, истакна Илија ДИмовски, кординатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
28 декември 2015 15:41


Сите знаеме дека десетина дена Македонија живее во можеби најголемиот политички скандал кога кај неколку лица беа пронајдени над 120 илјади украдени идентитети на личнности, огромен број на фалсификувани лични карти, голем број на фалсификувани пасоши како од Република Македонија така и очигледно од Република Бугарија и Република Турција, пронајдени се над 70 илјади прислушкувани разговори и цела низа од документи за кои што Јавното обвинителство веќе потврди дека како информации се точни.
Врз база на информацијата дека значајни политички и одговорни лица на функција во Република Македонија биле во контакт, корелација, а можеби и во соработка со оваа група на лица која што фалсификувала лични карти, пасоши, крадела идентитети, чувала кај себе снимени разговори, цениме дека Собранието на Република Македонија има суштинска надлежност да го истражи целиот случај и да изготви документација врз база на која што понатаму ќе се постапува.
Собранието на Република Македонија има обврска да обезбеди услови, да обезбеди чисти избори на 24-ти април 2016 година, а еден од предусловите да добиеме чисти избори очигледно е и расчистување на оваа афера со фабрика на фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други останати документи.
Македонија не смее да биде заложник на ниту една мафија и на ниту една мафија која има киднапирано политичка партија. Република Македонија мора да одржи избори кои што ќе бидат без дамка, а Собранието на Република Македонија мора да пронајде одговори зошто Министерството за внатрешни работи не реагираше на време, зошто министерот Оливер Спасовски бараше да не се брза истрагата за оваа афера и да видиме дали се вистина информациите дека постојат значајни контакти помеѓу осомничените лица за оваа афера со министерот за внатрешни работи и со лидерот на СДСМ, г-динот Зоран Заев.
Исто така, би сакал да потенцирам дека оваа нова Анкетна комисија за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи ја црпи својата легитимност од член 17 од Уставот на Република Македонија, со кој што на граѓаните им е гарантирана слободата и тајноста на писмата и други видови на облици на општење. Член 18 од Уставот на Република Македонија, со кој што се гарантира сигурноста и тајноста на личните податоци која што во овој случај очигледно не е обезбедена и член 25 од Уставот на Република Македонија, со кој што Република Македонија гарантира почитување и заштита на приватноста на личниот и семејниот живот на секој граѓанин на Република Македонија.
Би сакал да Ве информирам дека одлуката која што ќе биде пуштена во процедура 99% е истата одлука која што ја донесовме за формирање на претходната Анкетна комисија односно тргнавме од логиката од претходната Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето, онаа која што е блокирана од нејзиниот претседател, партиите имаа усогласен став како да биде формирана, какви надлежности да има комисијата, колку членови да брои, каков да биде соодносот на членовите и како да изгледа финалната работа на таа Анкетна комисија.
Нашата одлука за новата Анкетна комисија е целосно иста односно сметаме дека овие прашања се веќе усогласени. Ги предлагаме истите одредби кои што беа одредби предвидени во претходната одлука со мали измени на две-три места кои што се неопходни да се дефинираат во врска со различната тема на работа на оваа Анкетна комисија.
Се надеваме дека Пратеничките групи во Собранието на Република Македонија ќе ја поддржат оваа наша иницијатива за формирање на Анкетна комисија и се надеваме дека Собранието со многу голема динамика и брзина ќе се зафати со расчистување на овој огромен можеби и најголем скандал со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи.
Интегрален текст од прес-конференцијата на Илија Димовски

KURIR


Одговор:


(This post was last modified: 29-12-2015, 12:20 AM by ЈорданПетровски.)
29-12-2015, 12:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:Милошоски: СДСМ дефинитивно ја кочи работата на Анкетната комисија

Денешната прес-конференција има една порака, а тоа е дека СДСМ дефинитивно ја кочи работа Анкетната комисја за скандалот со прислушкувањето. Анкетната комисија која што се формираше по барање на СДСМ, која што беше еден од условите за склучување на договорот од Пржино, Анкетната комисија преку која што тие најавуваа дека сакаат да го расчистат скандалот со прислушкувањето денес е нефункционална токму поради кочењето од страна на СДСМ, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, АНтонио Милошоски.
Како пратеници од оваа Анкетна комисија кои што носиме одговорност и пред Собранието и пред останатите граѓаните, сакаме Комисијата да ги оствари своите надлежности и да ги оствари зацртаните цели. Да се дознае кој ја прислушкувал власта, по чии налог, во колкав голем обем и да донесеме заклучоци и препораки за  никогаш повеќе во иднина тоа да не се дозволи во Република Македонија да се злоупотребат системите за комуникации и да не се нарушат правата на граѓаните.
За жал претседателот на Анкетната комисија г.Шилегов, пратеник од СДСМ и покрај тоа што има деловничка обврска како претседател на Анкетната комисија да биде прв прв меѓу еднаквите да свика седница на Анкетната комисија не го прави тоа и после барањето на осум членови на половина од членовите на Анкетната комисија поднесено пред шест дена.
Според деловникот на Собранието на Република Македонија  и според деловникот на Анкетната комисија врз основа на Член 9, став 2 и 3 доколку една третина од членовите на Анкетната комисија побараат да се закаже седница во рок од најмалку два дена и истата треба да се одржи во рок не подолг од четри дена.
Пред шест дена поднесовме барање како пратеници да се закаже седница на Анкетната комисија, и да се разгледува извештајот од Управата за безбедност и контраразузнавање доставен од МВР на чие што чело е г. Оливер Спасовски кој што има државна тајна и е доставен до сите пратеници на СДСМ , ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, но претседателот на Анкетната комисија, Петре Шилегов не ја закажува оваа седница и грубо го крши деловникот на истата и грубо го крши деловникот на Собранието на РМ.
Тој кој што го предложи деловникот на Анкетната комисија и партијата која што инсистираше оваа Анкетна комисија да се формира денес имаат нешто да кријат, не сакаат повеќе седници на Анкетната комисија и очигледно е дека не сакаат да се дознае вистината за скандалот со прислушкувањето.
Затоа денеска како членови на оваа анкетна комисија поднесовме известување до Претедателот на Собранието на Република Македонија за грубото прекршување на деловникот на Анкетната комисија и на собранискиот деловник преку незакажување на регуларно и нормално отварање седница и од истиот побаравме како Претседател на Собранието да ги извести другите пратеници и во догледен рок согласно деловникот на Собранието да побара свикување или самиот да ја свика односно да ја закаже следната седница на Анкетната комисија.
Не навлегуваме во принципите зошто СДСМ бега од изборите тоа е нивно политичко право и тие треба да објаснат на своите членови и поддржувачи, но како пратеници сите сме одговорни во работните тела каде што членуваме да допринесеме за утврдување на фактите на вистината и затоа имаме одговорност да укажеме дека ова кочење во Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето е неприфатливо, неодговорно од страна на СДСМ и сметаме дека ги кочи политичките процеси и само има за цел да ја зголеми политичката тензија во Република Македонија.

NETPRES
29-12-2015, 02:02 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

13-01-2016, 08:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:Шилегов: Упатив писмо до Никола Груевски, во среда, 20-ти јануари да се појави на седница на Комисијата и јавно да сведочи.


13.01.2016
Како претседател на Анкетната комисија за незаконското прислушување упатив писмо до Никола Груевски, во среда, 20-ти јануари да се појави на седница на Комисијата и да сведочи.
 
Дополнително, упатив писмо и до Трајко Велјаноски да не закажува пленарна седница, за да може да биде исполнет условот, седницата на Анкетната комисија, кога ќе сведочи Никола Груевски, да се пренесува во живо на Собранискиот канал.
 
Само на овој начин се создаваат услови Анкетната комисија за незаконското прислушување да продолжи со работа, откако беше блокирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Јавноста знае дека Никола Груевски и ВРМО-ДПМНЕ најголем проблем имаат со вистината и со правдата. Но, успешната работа на Анкетната комисија за незаконското прислушување е обврска од Договорот од Пржино што мора да биде спроведена во целост.
 
За криминалот и корупцијата на власта во изминатите 10 години граѓаните очекуваат одговори и одговорност а не тајни сослушувања, скриени од очите на јавноста.
 
Наместо да се крие зад затворени врати и да бега од граѓаните, Никола Груевски има обврска да дојде на јавна седница и да одговори на сите прашања.
(This post was last modified: 14-01-2016, 02:03 AM by ЈорданПетровски.)
14-01-2016, 02:00 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

28-01-2016, 03:18 PM
Reply