Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БАРАЊЕТО СЕДНИЦИТЕ НА АНКЕТНАТА КОМИСИЈА ДА БИДАТ ЗАТВОРЕНИ Е ПОТВРДА НА БОМБИТЕ!!??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Пратеникот Антонио Милошоски изјави дека седниците ќе бидат затворени, бидејќи целта е да се утврди вистината, а не да се прави театар.

03.12.2015, 15:52
АНКЕТНАТА КОМИСИЈА СЕ ДОГОВОРИ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ тајно ќе ги сослушуваат Груевски, Јанкуловска, Мијалков, Протоѓер...
Шестмина сведоци: Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, на покана од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, и Сашо Мијалков, Мартин Протоѓер и Миле Јанакиески, на покана од пратениците од СДСМ, идната недела, од деветти до 15-ти, ќе сведочат во Анкетната комисија за прислушувањето, но не пред јавноста. Седниците на кои членовите на Анкетната комисија ќе ги сослушуваат предложените сведоци, на барање од ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат затворени.

[Image: 4E585BE9DCEF7D41AE568E748B360C11.jpg]
Пратеникот Антонио Милошоски изјави дека седниците ќе бидат затворени, бидејќи целта е да се утврди вистината, а не да се прави театар.
Според деловникот на Анкетната комисија, која треба да утврди кој прислушувал, како и политичка одговорност на вмешаните носители на високи функции кои се одговорни за масовното прислушување, и сведоците индивидуално може да побараат кога тие ќе сведочат, јавноста да биде исклучена.
Вчера претседателот на Комисијата Петре Шилегов од СДСМ, од седница јавно ги покани шестемина сведоци за в среда (деветти декември), а рече дека тоа ќе го стори и писмено. Повика сведоците до понеделник да ја известат Комисијата ако некој од нив не може да дојде в среда, и да каже кога ќе го стори тоа во рамките на следните шест дена.
На новинарско прашање дали некогаш јавноста ќе дознае што изјавиле повиканите сведоци пред Комисијата, Шилегов рече дека ќе бидат објавени само оние изјави кои нема да содржат класифицирани информации.
"На судот на јавноста ќе оставиме кој од нив ќе се појави, а кој нема да дојде да сведочи. Не постои законска обврска да се појават на тоа сведочење", рече Шилегов.
ДПА не достави листа со сведоци поради тоа што, како што изјави Ернад Фејзулаху, не им верува на институциите и смета дека тие што ја предизвикаа кризата, не можат да ја решат.
Анкетната комисија вчера го усвои планот за работа со динамика на сослушување на сведоци и посета на институции. План предложи само ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ го поддржа нивниот, свој не предложи. Предвидено е двете активности да се одвиваат паралелно, почнувајќи од понеделник до 22 јануари 2016 година. Според тајмингот за работа, седница за подготовка на извештајот на Комисијата е планирана за 29 јануари 2016 година. Извештајот треба да биде готов до 31 јануари. (С. К. Д.)



04-12-2015, 02:43 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

07-12-2015, 07:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Груевски не дојде да сведочи за прислушкувањето, имал други обврски. Ќе се појавел во понеделник


9.12.15   11:05  

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека претседателот на партијата и премиер на Владата на Република Македонија Никола Груевски, поради редовните обврски, ќе одговори на поканата на Анкетната комисија во Собранието на Република Македонија на 14 декември и ќе сведочи пред пратениците од Комисијата.
[Image: nikola-gruevski.jpg]
Инаку, Груевски требаше денеска во 11 часот да се појави на седницата на Анкетната комисија за скандалот за прислушувањето како прв сведок предложен од ВМРО-ДПМНЕ.
Според распоредот, кој во понеделникот го најави претседателот на комисијата, Петре Шилегов, утре како сведоци треба да се појават Мартин Протоѓер и Зоран Ставрески, а в петок – Сашо Мијалков.
За следната недела се закажани сведочењата на Гордана Јанкулоска, в понеделник, и на Миле Јанакиески, во вторник.
Шилегов во понеделникот рече дека распоредот е јавен повик до лицата во посочените термини да се јават пред Анкетната комисија и да дадат сопствена изјава за фактите, околностите и за содржината за објавените прислушувани разговори.
Антонио Милошоски побара седниците на кои ќе сведочат сведоците предложени од ВМРО-ДПМНЕ да не бидат отворени за јавност.
Според деловникот за работа на комисијата, сведоците можат да побараат седниците да бидат затворени за јавност, но, исто така, тоа можат да го побараат и членовите на комисијата со мнозинство гласови. Сведоците што ќе бидат повикани од Анкетната комисија немаат законска обврска да прифатат да сведочат.
Комисијата треба да изготви извештај до 31 јануари.
09-12-2015, 12:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

09-12-2015, 07:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

09-12-2015, 08:15 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

10-12-2015, 11:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:И Мијалков избега и не дојде да сведочи пред Анкетната комисија за прислушувањето




11.12.15   12:15  

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, денеска не дојде да сведочи пред Анкетната комисија за прислушувањето.
[Image: mijalkov1-540x425-540x425.jpg]
Неговото сведочење беше закажано и беше упатен јавен повик од страна на претседателот на комисијата, Петре Шилегов. Сепак тој уште пред да почне седницата рече дека не очекува Мијалков да го испочитува терминот и да се појави.
Претходно, пред комисијата не дојдоа ниту премиерот Никола Груевски чие сведочење беше закажано за во средата, ниту пак вчера се појавија министерот за финансии Зоран Ставрески, ниту пак шефот на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер.
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го „оправда“ Груевски велејќи дека има други обврски и дека ќе може да дојде во понеделник, а со писмено известуваење до комисијата се изјасни Ставрески кој најави присуство за 17 декември (четврток). Протоѓер не даде никакво објаснување или известување.
Како и на претходните седници, така и денеска, откако сведоците не дојдоа, следуваа кавги помеѓу пратениците од власта и опозицијата.
Дури и да се појават, по барање на ВМРО-ДПМНЕ седниците ќе бидат затворени за јавноста. Шилегов најави дека тие ќе изнесат информации за тоа што се случувало на затворените седници.
11-12-2015, 03:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Што сака Груевски да скрие?! И официјално побара да сведочи на затворена седница


14.12.15   13:01  

Премиерот Никола Груевски и официјално го најави своето сведочење пред Анкетната комисија за прислушкувањето, но во дописот бара да сведочи на седница која ќе биде затворена за јавноста, со што се поставува прашањето што има да скрие од граѓаните, а е поврзано со „бомбите“. Тој уште од февруари кога СДСМ ја отвори аферата најави транспарентност, но тоа не е случај со неговото сведочење, како и непојавувањето на останатите сведоци од неговата партија.

[Image: 12369210_1051298798234805_6891728139666780173_n.jpg]

Груевски веќе пристина во Собранието, но неговото сведочење се уште не е започнато.
Груевски требаше да сведочи во средата, но тој не дојде пред комисијата и најави дека ќе дојде денеска (понеделник).
14-12-2015, 02:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Започна сведочењето на Груевски пред Анкетната комисија за прислушувањето



од Славица Филиповска, НОВА | објавено на: 14-12-2015 14:02:41
[Image: 26136golema.jpg]
Штотуку започна сведочењето на првоповиканиот сведок Никола Груевски пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

По 15 - минутната кооридинација на членовите на Комисијата, претседателот Петре Шилегов посочи дека на барање на сведокот, седницата ќе биде затворена за јавноста.

- За време на координацијата, бев известен од ВМРО- ДПМНЕ дека Груевски нема да влезе во салата додека не излезат новинарите. Од овој момент седницата на Анкетната комисија ја прогласувам за затвроена и оставам на јавноста да процени зошто е тоа така, рече Шилегов, по што новинарите ја напуштија салата.

Пред влегувањето на сведочење, на прашање на НОВА, зошто бара седницата да биде затворена, Груевски одговори дека се работи за класифицирани информации и, за да не се наруши атмосферата, подобро е седницата да биде затворена. Тој продолжи да обвинува дека опозицијата се труди да ја опструира работата.

Сослушувањето на сведоците и експертите кои ќе треба да се произнесат за аферата, ќе трае до 22 јануари. Секој член на Комисијата ќе има право на сведоците да им постави 3 прашања по 5 минути, а исто толку време тие ќе имаат право да одговараат. На крај, испрашувачот ќе има завршен збор од 2 минути.

Извештајот на Комисијата наместо во ноември, предвидено е да се усвои до крајот на јануари поради пробивањето на роковите од Договорот во Пржино.
14-12-2015, 02:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Да се потсетaм што кажа Груевски во врска со случајот за прислушкувањето на 31 јануари 2015 година.



[Image: Grujo-sved80d9.jpg]
14-12-2015, 02:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11





Quote:Сведочењето на Груевски почна неколку минути пред два часот, иако беше закажано за во 12.00. Сите пратеници кои се членови на Комисијата ќе имаат можност да му постават по три прашања, секое од по пет минути, а Груевски треба да ги одговори во рок од пет минути.
(This post was last modified: 14-12-2015, 02:53 PM by ЈорданПетровски.)
14-12-2015, 02:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

14-12-2015, 06:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

14-12-2015, 06:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

14-12-2015, 11:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote: Шилегов: Груевски не одговори на прашањата поврзани со „бомбите“

[Image: silegooov%282%29.jpg]


 15 декември 2015 Мими Шушлеска
Премиерот Никола Груевски вчера кога го давал својот исказ пред комисијата не одговорил на прашањата поврзани со содржината на „бомбите“, рече претседателот на Анкетната комисија, Петре Шилегов.
- Македонската јавност заслужуваше да добие одговори за прислушуваните разговори објавени во „бомбите“, затоа беше формирана Анкетна комисија која требаше да ја утврди политичката одговорност. А на таков тип прашања ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не сакаат да се слушне јавниот одговор и вчера имавме ситуација кога Груевски одби да одговори на прашањата поврзани со „бомбите“. Тој срам го маскираат со затворање на седниците кога немаат каде да бегаат или со реметење на седниците – рече Шилегов.
Тој додаде дека веројатно затворено ќе биде и сведочењето на министерот за финансии Зоран Ставрески, кој треба пред комисијата да се појави в четврток, бидејќи, како што рече, и тој има што да скрие.
Во однос на прашањето дали е задоволен од работата на Комисијата, претседателот Шилегов вели дека не може сега да каже.
- Тоа ќе го кажам кога ќе го дадам завршниот извештај сега засега не можам да дадам оценка за работата, бидејќи еден од главните актери Груевски одби да даде изјава пред јавноста - рече тој.
Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, рече дека засега има информација дека покрај Груевски и Ставрески изјава пред Анкетната ќе дадат и другите функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се поканети за сведоци.
- Седниците на кои ќе се обраќаат сведоците поканети од наша страна бараме да бидат затворени, бидејќи кога има присуство на камери, одредени колеги се ставени во искушение за правење рекламни спотови – рече Милошоски. 
 
15-12-2015, 01:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

15-12-2015, 08:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

17-12-2015, 03:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

17-12-2015, 03:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

17-12-2015, 06:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Анкетната комисија претворена во политички театар

од Славица Филиповска, НОВА | објавено на: 17-12-2015 17:25:17
[Image: 26206golema.jpg]

Вицепремиерот Зоран Ставрески иако присутен во Собранието попладнево не сведочеше пред Анкетната комисија поради прекинот на седницата. Од СДСМ велат дека Ставрески треба да излезе „боксерски“ и заедно со Груевски да сведочат јавно и дека нема смисла Комисијата да работи само колку „ да се рече“ дека работи, а притоа тоа да биде далеку од очите на јавноста. Од владејачката партија пак велат дека планското блокирање на СДСМ е изговор за да опозицијата после обвини дека Договорот од Пржино не е исполнет во целост и да има аргумент да се одложат изборите.

Првата сопка на денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето настана откако владејачкото мнозинство предложи пред да се појави Ставрески, Комисијата да утврди дека досега повиканите сведоци кои не се одважиле на повикот на Анкетната комисија. Тие бараа екс - министрите Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиесвки, екс- шефот на УБК Сашо Мијалков и советникот на премиерот Мартин Протуѓер, да се констатира дека не се појавиле да сведочат и со тоа да се затвори првиот круг сведоци повикани пред Анкетната комисија.

На ова реагираше претседателот на Комисијата Петре Шилегов, кој вели дека на овој начин се крши Деловникот за работа на Комисијата, бидејќи никој не ги повикал овие сведоци денеска да дојдат, за да може да се констатира дека не се појавиле.

Сепак, со мнозинство гласови на владејачката партија, Дневниот ред беше дополнет и прва точка на разгледување стана сослушувањето на сведоците Протуѓер, Мијалков, Јанкуловска и Јанакиески, и втората, сослушување на сведокот Зоран Ставрески. Според Шилегов, ВМРО- ДПМНЕ се контрадикторни во своите барања, бидејќи прво бараа сведоците да се повикуваат по ред, а сега бараат, пред да сведочи второповиканиот сведок Ставрески, да сведочат други сведоци.

Откако дополнителниот ред беше усвоен, Шилегов почна да ги повикува службите да констатираат дали Јанкуловска, Протуѓер, Мијалков и Јанакиески се присутни за сведочење. Поради нивното неприсуство и барањето на Ставрески дасведочи зад затворени врати, Шилегов одлучи да ја прекине седницата напоменувајќи дека Анкетната комисија станува фарса.

-Ја прекинав седницата затоа што ВМРО-ДПМЕН комисијата ја претвори во фарса. Анкетната комисија постои за граѓаните да видат и чујат кој и за што треба да сноси политичка одговорност, да ги чујат аргументите, прашањата и одговоерите. Анкетната Комисија не постои за да власта се крие зад затворени врати и да се крие од јавноста. Втор пат во ова Собрание новинарите беа избркани од страна на премиерот Груевски минатата седница, јас тоа нема да го дозволам, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да бега и ќе продолжи да се крие ние од опозицијата одлучивме дека тоа нема да го дозволиме. Ниту еден од четворицата повиканис ведоци не се појавија да сведочат, од друга двајцата кои што дојдоа побараа тоа да се направи на затворена седница. Само криминални политичари може да се кријат на затворени седници, ги повикуваме Груевски, Ставрески и тајфата јавно да сведочат, рече Шилегов по прекинот на седницата.

На новинарско прашање зошто опозицијата дозволила во Деловникот да стои одредба за можнот да се сведочи на затворена седница, Шилегов посочи дека тоа е наведено од причина што може на сведочење да се појават експерти кои имаат класифицирани информации, но дека ни на крај памет не му текнало дека јавни личности ќе бараат да сведочат на затворени седници.

-Со ваквото работење на Анкетната Комисија се доведува во прашање замислата за нејзината работа. СДСМ предвидува можност и за отворена и за затворена седница, но за жал одговорите на Ставрески некому беа помалку битни, отколку можноста да се прави тенција, политичка напнатност, лични и меѓусебни конфронтации. Блокирањето на работата би имало единствена цел да се користи како изговор дека нешто од договорот во Пржино не е спроведено и дека тоа неспроведување да послужи на СДСМ како изговор за одложување на изборите, рече Милошоски.

Нема најава кога ќе продолжи седницата, а за идната недела договорено е во термин меѓу 22 и 24 декември, Комисијата поделена во две рабтони групи да ги посети институциите поврзани со скандалот за прислушување како МВР, УБК, АЕК, мобилните оператори, но и обвинтиелствата и судовите.

Анкетната Комисија досега, иако со задоцнување единствено доби исказ од премиерот Никола Груевски, откако претходно нвоинарите ја напуштија салата на негово барање. Сведоците Гордана Јанкуловска, Мартин Протуѓер, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков ниту усно - ниту писмен не ја известиле Комисијата кога би можеле да сведочат. За оние кои нема да се појават пред Комисијата иако се повикани да го сторат тоа нема законски санкции, но претседателот Шилегов во неколку наврати посочи дека останува на јавноста „да суди“.

Во вториот круг сведочење, како прв сведок опозицијата ќе го предложи лидерот на СДСМ Зоран Заев, чие сведочење се најавува дека ќе биде јавно, а како сведоци бараат да се појави повторно Груевски и Кирил Божиновски. Од владејачката партија наајвија дека ќе бараат пред комисијата да сведочат Зоран Заев, Бранко Палифров и Александар Верушевски.

Анкетната Комисија за скандалот со прислушувањата формирана е согласно Договорот од Пржино. Нејзиниот извештај за утврдување политичка одговорност за скандалот, наместо во ноември ќе се усвои до крајот на јануари поради пробивањето на роковите.
17-12-2015, 06:26 PM
Reply