Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НОВ ТРОЈАНСКИ КОЊ НА СЛУЖБАТА !!??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Неопходна е нова политичка опција за опстанокот на Македонија


Веќе цел четврт век Македонија е суверена и самостојна држава. На власт во земјата се менуваа две големи политички опции кои, практично, еднакво апсолутно, едноумно и на феудален начин владееја со државата.

[Image: mkd-184703.jpg?itok=16eN9Egc]

Единствена цел на политичките елити на власт беше, на грбот на народот, да живеат во палати на Водно, да имаат безброј привилегии и своите приватни џепови дебело да ги полнат со народни тешко створени пари.
Резултат на овој накараден процес е тој што Македонија е ИСПУСТЕНА ЗЕМЈА! Просудете сами –


  1. Патиштата во државата се правени главно од времето на Тито, значи дека се стари над 40 години во просек и во меѓувреме многу малку се обновувани и лошо се одржувани. По европски стандарди, 90% од нив се уништени.
  2. Железницата е делумно правена во турско, а дел помеѓу двете светски војни. Има многу делници каде трчајќи човек е побрз од возовите.
  3. Енергетските објекти исто така главно се од времето на Тито и тоа значи дека со староста од над 50 години се потполно надминати, како по ефикасноста на произведувањето струја, така и по еколошката прифатливост. Трошиме над 100 милиони евра годишно за увоз на струја. Тоа е недозволиво, но очигледно на многу луѓе од власта тоа им одговара.
  4. Државните училишта, факултети, студентски домови, амбуланти и болници се просечно над 50 години стари и со тоа условите за престој и работа таму се далеку од нормално потребното цивилизациско ниво кое владее во Европа на почетокот на 21-от век.
  5. Земјоделието главно се потпира на архаични методи на производство, а складирањето и пакувањето на земјоделските производи очигледно датира од периодот пред или по втората светска војна. Субвенциите не даваат резултати, Македонија секоја година увезува се повеќе храна
  6. Туристичките капацитети, амбициозно изградени во шеесетите и седумдесетите години на 20-от век, се повеќе од половина уништени, а државата во меѓувреме ништо не направи за да тие се обноват или пак нешто ново се изгради.
  7. Возниот парк во државата е во очајна состојба. Неговата старост е над 15 години во просек и со тоа тој е трагично небезбеден и апсолутно еколошки неприфатлив.....
Доколку на следните избори победи една од двете (ИСТИ!) политички опции, скоро е сигурно е дека во рок од неколку години државата Македонија нема да ја има, а најдоброто што може да ни се случи е по изборите да живееме во латентна политичка криза, која уште повеќе ќе нѐ уназади и ќе предизвика големи противречности со несогледливо лоши последици.
Затоа на Македонија насушно ѝ треба појава и етаблирање на НОВА ПОЛИТИЧКА СИЛА, која ќе понуди ВИСТИНСКИ ПРОМЕНИ на политичкиот и економскиот систем. Со тоа земјата во краток рок ќе постигне голем напредок на сите полиња од општествениот развиток.
Еве какви промени предлага граѓанското здружение ДЕМОС НОПОМА (Народот на НОва, ПОдобра МАкедонија) –
 
  1. ПРЕПОЛОВУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ И УКИНУВАЊЕ НА СИТЕ НИВНИ ПРИВИЛЕГИИ. Тоа треба да се направи на државно и на општинско ниво.
  2. Народно Собрание СО 60 ПРАТЕНИЦИ ! Пратеници од ДИЈАСПОРАТА НЕ НИ ТРЕБААТ. Впрочем екпериментот со постоечките тројца покажа дека тие ништо не прават, а трошат огромни пари сосема непотребно. Во општините СОВЕТИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ НЕ ПОВЕЌЕ ОД 5 ДО 10 ЧЛЕНОВИ.
  3. ВЛАДАТА треба да е КОНЦЕНТРАЦИОНА СО 9 МИНИСТРИ И БЕЗ ЗАМЕНИЦИ МИНИСТРИ. Таа ќе биде составена од претставници на сите партии во Парламентот и ќе одлучува со консензус за сите прашања во интерес на сите граѓани во државата. Со ваква влада автоматски ќе се ДЕПАРТИЗИРААТ СИТЕ ИНСТИТУЦИИ НА ДРЖАВАТА - и Собранието и Правосудството и Медиумите... сите ќе почнат професионално и согласно законите да си ја извршуваат работата....на општо задоволство!
  4. Формирање ЦЕНТРАЛНА КОМИСИЈА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ која објективно и умно ќе ги троши народните пари за јавни набавки, каде денес се одлеваат огромни средства во приватни џепови. Оваа комисија треба да е составена од 9 членови од сите партии и треба со мнозинство гласови да решава на државно ниво за сите набавки поголеми од 5.000 Евра.
  5. Создавање НЕЗАВИСНА, ПРОФЕСИОНАЛНА И ДОБРО ПЛАТЕНА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА ОД 5 ЧЛЕНОВИ, која ќе биде страв и трепет за сите функционери во Македонија.
  6. САМО МИНИСТРИТЕ ВО ВЛАДАТА ДА БИДАТ ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ. Сите останати функционери во извршната власт треба да се избираат на јавен конкурс.
  7. МАКЕДОНИЈА СОЦИЈАЛНА ДРЖАВА – Минимална гарантирана плата од 15.000 денари, минимална пензија од 10.000 денари, минимална социјална помош од 6.000 денари – тоа се целите што ВЕДНАШ треба да се остварат. Овие износи секоја година треба да се зголемуваат за 5 до 10%! Со нов даночен систем, ефикасен и справедлив, треба да се допринесе Македонија конечно да стане пристојно место за живеење на сите нејзини граѓани.
  8. ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ГОДИШНО, од народниот буџет од околу 3 милијарди евра, УМНО, ДОМАЌИНСКИ И НЕКОРУПТИВНО треба ДА СЕ ИНВЕСТИРААТ ВО ОПШТ ЕКОНОМСКИ И ВКУПЕН ОПШТЕСТВЕН РАЗВИТОК. Нови патишта, нови електро централи, нови туристички капацитети, нови умни инвестиции во земјоделието, многу подобро образование, спорт, наука, култура и здравство за сите – преку сериозно инвестирање во обука и усовршување на постоечките кадри во овие области.
  9. Македонија - ЕКОЛОШКА ДРЖАВА. Досега во државата ништо суштински не е преземено за заштита на животната околина. Веднаш треба да се пристапи кон изградба на САНИТАРНИ ДЕПОНИИ на локално и региоинално ниво, да се направат системи за ПРЕЧИСТУВАЊЕ НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ во сите поголеми градови и сите индустрии во многу разумен рок да ги применат европските еколошки норми. Неопходна е прецизна програма за ОБНОВА НА ВОЗНИОТ ПАРК ВО ЗЕМЈАТА.
  10. СЕОПФАТНА ДЕРЕГУЛАЦИЈА И ПОЕДНОСТАВУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ. Македонија е рекордер по бројот на закони, одлуки и уредби... кои нон стоп се менуваат и дополнуваат. Треба да се преполоват прописите и оние што ќе опстанат треба да бидат кусо и разбирливо напишани.
 
Ова се главните работи што мора во многу кус временски период да се променат во Македонија за да станеме модерна, ефикасна и богата држава.
Сигурен сум дека постоечките политички елити на власт и во опозиција не можат, не знаат и не сакаат да ги спроведат овие промени.
На Македонија ѝ треба нова политичка сила која организирана како коалиција на неколку модерни политички партии и граѓански здруженија (помеѓу кои секако треба да се најде и ДЕМОС НОПОМА!), на следните избори ќе добие од 10 до 20 пратеници. Тоа ќе биде доволно идеите и намерите за вистински промени на оваа коалиција брзо да се спроведат и со тоа да се создадат услови Македонија да доживее брз развиток и да стане држава за почит, во која граѓаните ќе сакаат да живеат, а многу од оние што си заминаа ќе посакаат да се вратат!
Ако граѓаните ова не го сватат како последна шанса за опстанок на државата... тогаш Господ нека ни е на помош! А многумина велат дека Господ нема... !?
Емил Анастасов, претседател на ДЕМОС НОПОМА
27-11-2015, 02:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ИНТЕРВЈУ СО ПРВИОТ ЧОВЕК НА ЗДРУЖЕНИЕТО ДЕМОС НОПОМА

Емил Анастасов: Време е за изворните идеи на Лигата за демократија

Можеби е дојден моментот кога народот на Македонија ќе сфати дека му е потребна вистинска промена во политичкиот и економскиот систем за да живее во нова, подобра Македонија, вели Анастасов во разговорот за МКД.мк.

[Image: mkd-218716.jpg?itok=D_oI9InS]
Емил Анастасов

Емил Анастасов беше еден од основачите на првата политичка партија во Македонија, Лигата за демократија. Беше активен во почетокот на македонскиот плурализам само 4 години. Вели, македонските граѓани не го препознаа концептот на Лигата, па можеби е време сега, 21 година потоа, повторно да се промовираат тие идеи.

По 1994 година, по политичките ангажмани со Лигата за демократија и Демократската партија, пак се враќате во политиката. Зошто?

-Лигата за демократија беше првата политичка партија што се формира во Македонија, веднаш штом се појави и најмала можност за такво нешто. Иницијативата за формирање на Лигата датира од 21 ноември 1989, а основачкото собрание се одржа на 8 јануари 1990 година, 3 до 6 месеци пред сите останати партии.
Ентузијазмот и очекувањата беа големи бидејќи Лигата се профилираше како модерна, наднационална демократска партија, со програма што гарантираше формирање модерна и ефикасна македонска држава. За жал, народот не ги препозна и не ги прифати идеите на Лигата и таа мораше да згасне. За изборите во 1994 година, Лигата се стопи во Демократската партија, но за жал, тогашниот Сојуз за МК, на чело со претседателот Глигоров, плебисцитно победи на изборите и јас решив дека треба да се повлечам од политиката, онака како што се прави во целиот демократски свет.
21 година подоцна Македонија повторно е на крстопат. Како времето да застанало! Помислив дека сега е повторно време изворните идеи во политиката за кои се залагаше Лигата за демократија, а кои досега не се остварија, по толку време е можеби дојден моментот кога народот на Македонија ќе сфати дека му е потребна вистинска промена во политичкиот и економскиот систем за да живее во Нова Подобра Македонија. За таа цел ние, една група ентузијасти, го формиравме здружението ДЕМОС НОПОМА со цел да се обидеме да го подобриме животот на граѓаните на Македонија.

Што Вам како бизнисмен Ви пречеше во водењето на политиката во Македонија од 1994 до денес?

-Најголем проблем во водењето бизнис во Македонија, од осамостојувањето до денес, е големата нестабилност на правниот и економскиот систем. Законите постојано се менуваат според желбите на групи и поединци во владејачката партија и тоа доведува до огромни проблеми и загуби во работењето на компаниите.
Вториот голем проблем што многу му пречи на поголемиот дел од бизнисот е воспоставената партиска држава во Македонија. Тоа значи дека доколку една компанија не е блиска со власта, таа е осудена на животарење на пазарот, а неретко и на пропаст. Обратно, до власта блиските компании ги уживаат сите можни привилегии – добиваат тендери преку ноќ, инспекции не ги контролираат... и со тоа целата конкурентност на пазарот е нарушена и имаме несправедлив и неефикасен систем.

Зошто досега во Македонија не успеа ниту една трета опција, а амбицијата за освојување на тој простор секогаш постоеше?

-Прашањето за досегашниот неуспех на трета политичка опција во Македонија е обвиено со вел на мистерија...!? Одговорот можеби никој точно не го знае. Но тука сигурно голема улога одиграа двете мастодонтски парти со по неколку стотина илјади члена. Основната идеја во сите модерни држави е партиите да имаат малку членови, а многу симпатизери и гласачи, коишто ќе ги привлекуваат со добри идеи и со ефикасна нивна реализација. Обратно, кај нас се создадоа огромни партиски структури, неефикасни по вокација, тие структури штом ќе дојдеа на власт ја проголтуваа државата, се однесуваа како бироа за вработување и што е најлошо, партиската држава направи потполно да се разводни одговорноста во државата и секој што е на власт да прави што сака, сите институции се осакатени, медиумите се под неверојатна контрола, дури ни правосудството не функционира... Резултат – конкуренцијата е нарушена, развојот е сопрен, огромни средства се трошат нетранспарентно за сомнителни мегаломански проекти, а неодговорните функционери само мислат како да ги наполнат своите приватни џебови!
Очигледно, огромната моќ што ја стекнуваат голема група луѓе, експоненти на партиската држава, таа моќ на разни начини ја злоупотребуваат и не дозволуваат да се развие критична маса за формирање трета политичка опција.

Граѓанското здружение ДЕМОС НОПОМА верувам дека има и амбиција да ја освојува власта, да учествува во власта – како партија, коалиција со партија, со повеќе партии... како?

-ДЕМОС НОПОМА е формирано како граѓанско здружение. Но свесни сме дека нашите идеи нема да може да се спроведат ако не се обидеме да ги артикулираме заедно со некоја сериозна политичка партија со учество на следните избори како трета опција на македонската политичка сцена.
Значи, целта на ДЕМОС НОПОМА е да учествува во следната власт во РМ, со учество во власта да ги наметнеме и оствариме нашите најдобри идеи за да ја оствариме таа цел. Во најскоро време ќе се здружиме со некоја од помалите модерни демократски партии што ќе се согласат да прифатат голем дел од нашите идеи содржани во програмата на здружението. Не верувам дека третата опција како коалиција ќе брои голем број партии – две, три партии и неколку граѓански здруженија во коалицијата се оптимумот што не би требало да се наруши.

Во Вашата програма велите дека ќе се базирате на искусни и неизвалкани поединци и професионалци во својата област. А младите?

-Ние немаме ништо против младите! Конечно, на младите светот останува... Но македонското искуство покажа дека масовното учество на младите на високи и одговорни функции е голем меч со две острици! Да, точно е дека младите поседуваат енергија со која може да ги придвижат работите нанапред. Но се покажа дека нивниот ангажман носи една голема опасност – заради нивната неизживеаност, заради дотогашното немање статусни материјални добра (станови, куќи, коли...), заради неискуството, непросветеноста и непрошетаноста, тие се склони полесно да ја злоупотребуваат власта и често да мислат само како да ги наполнат џебовите – општиот интерес сосема го оставаат настрана!
Обратно, повозрасните политичари, кои преовладуваат во сиот нормален демократски свет, се многу помудри, постабилни, материјалните барања им се главно веќе задоволени, децата им се пораснати и згрижени и со тоа тие по дефиниција немаат потреба да мислат само на сопствениот интерес... туку почесто и повеќе ќе мислат и на општиот интерес. Се разбира, доколку се имплементираат идеите на ДЕМОС НОПОМА, тоа со сигурност ќе се оствари и напредокот на Македонија е гарантиран!

Како тоа го замислувате со концентрационата влада. Сите партии што ќе влезат во Собранието да бидат дел од власта. Па зошто ни се тогаш избори?

-Концентрационата влада е најсофистицираниот модел на управување со една земја. Тој досега перфектно функционира во Швајцарија, од неодамна функционира и во Германија. Дури и на прв поглед неограниченото владеење на американскиот претседател е толку ограничено со механизми на контрола преку Сенатот и Конгресот, што дури и таму можеме да зборуваме за демонополизација на власта. Очигледно е дека државите што се раководени од концентрациони или коалициони влади функционираат подобро. Таму не се создаваат непремостливи спротивности помеѓу двата блока и со тоа се постигнува стабилно и ефикасно владеење. Политичарите, членови на коалиционите и концентрационите влади брзо научуваат дека во животот сè е компромис и дека со консензус сите прашања можат безболно и успешно да се решат. И сето тоа во интерес на сите граѓани претставени преку пратеници во парламентот!
А избори мора да има! Мора да ги има заради тоа што преку нив граѓаните ќе одлучуваат на кои поединци и групи ќе им ја дадат довербата да учествуваат во работењето на парламентот и концентрационата влада. Никој не е од господ даден па да може вечно да владее. По 4 години можеби ќе се појави нова група луѓе што ќе имаат уште подобри идеи за управување со земјата и тие ќе заслужат да учествуваат во новата власт. Панта реи – сè тече, сè се менува, избор мора да се има и избори мора да се одржуваат!
А.Д



Службата е во голема паника, веке почна да вади од нафталин партии за да попречи формирање на обединување на демокртаски и пазарно орјентирани луѓе во некаква си политичка или граѓанска форма.

Лигата за Демократија всашност беше првиот спин на УДБа дека во Македонија настапува демокртска пролет.
27-11-2015, 02:19 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#3

Да, Јордане, во право си. Такви се и моите размисли и искуства.
13-12-2015, 08:55 AM
Reply