Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НОВ КЛАСИЧЕН НОКАУТ ЗА ГРУЈО !!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:СДСМ спречи огромно задолжување на граѓаните

[Image: Kire%20Naumov_2411.jpg&imgSize=150&CropH=150]

Прес конференција
Кире Наумов, дополнителен заменик министер за финансии и претседател на Комисија за финансии на СДСМ
Скопје, 24.11.2015 год.


Денеска, расипничката власт на Никола Груевски ја спречивме во намерата да продолжи со енормното задолжување на граѓаните.

Успеавме, заедно со граѓаните, планираниот износ за еврообврзницата од 500 милиони евра да го преполовиме.


Издадена е четвртата еврообврница на износ од 250 милиони евра за буџетски потреби и дополнителни 20 милиони евра  строго наменски планирани за бегалската криза.

СДСМ нема да дозволи заради неразумните трошења на власта граѓаните да останат без плати, пензии, социјална помош.

Но, исто така СДСМ нема да дозволи неразумните и недомаќински политики на Груевски да бидат товар на идните генераци.

Затоа го ставив мојот потпис за задолжување во висина од 250 милиони евра,средства неопходни за исплата на плати,пензии,социјална помош, субвенции за граѓаните на РМ.

Четвртата евробврзница е со рочност од 5 години, со цел обезбедување на што пониска каматна стапка.

Не дозволивме неразумно задолжување од дополнителни 250 милиони евра што власта ќе ги искористеше за изборна корупција.

Странските баки, ги испочитуваа измените во Законот за Влада и не информираа дека без моја согласност, моја  и на актуелниот министер, согласно законот,  нема да пристапат кон реализација на еврообврзницата.

Предупредуваме,владата може да се обиде да го надомести предвиденото задолжување на домашниот пазар од домашните банки. Домашните банки, исто како и водечките светски, мора да го почитуваат правилото на двоен потпис.  Домашните банки не смеат да си дозволат да бидат соучесници во незаконско и неконтролирано задолжување на државата.

Почитувани граѓани, еве зошто опозицијата бараше застапеност во клучните ресори на владата на Груевски. Денес на дело покажавме како во иднина ќе  управуваме со јавните финансии. Денес покажавме дека наша грижа ќе бидат не само сегашните,туку и идните генерации.

Во периодот до изборите СДСМ ќе ги спречи сите злоупотреби на штета на државата и правата на граѓаните...

Го повикувам Никола Груевски, да престане да ги лаже граѓаните за виртуелните економски успеси на владата. Го повикувам да излезе пред граѓаните и јавно да ја соопшти вистината за вкупниот долг на Република Македонија и  да објасни зошто на државната сметката  нема пари за основните потреби на граѓаните?




И да отидеш Грујо во затвот немаше толку биде загорзена победата на ДПМНЕ на изборите 2016 како со оваа затворање на вентилот за додок на пари за купување на гласови.

Овој потег на СДСМ му доаѓа како Груо да отишол на длабинско гњурење а Кире  Наумв му го затвориш вентилот за воздух !!! Давењето е неизбежно.
(This post was last modified: 24-11-2015, 09:18 PM by ЈорданПетровски.)
24-11-2015, 08:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote: Интегрален текст  од соопштението на  ВМРО-ДПМНЕ





[Image: zgradavdvd_thumb_medium380_0.jpg]

24.11.2015 | 20:46
Преку дополнителниот заменик министер Кире Наумов, лидерот на СДСМ денеска се обиде да ја блокира исплатата на зголемените пензии, да го попречи реновирањето на болниците и набавката на нова медицинска опрема, да ја закочи исплатата на земјоделските субвенции, да ја сопре изградбата на новата патна инфраструктура и да ги пролонгира роковите за реновирање и изградба на новите училишта и градинки.
Деструкција од најдолен вид. СДСМ работи единствено според девизата „колку полошо за граѓаните, толку подобро за Зоран Заев и партијата“. Ова е највисоката цел и единственото нешто за кое се способни партиските кадри на Заев.
ВМРО-ДПМНЕ не дозволи СДСМ да го реализира своето црно сценарио. Буџетска криза нема да има. Република Македонија ќе обезбеди средства и за справување со мигрантската криза, и за зголемени пензии, и за реновирање на болници и за сите други трошоци кои ќе значат стабилност, сигурност и спокојство на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи одговорно и домаќински и да се грижи за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на тоа Република Македонија да остане меѓу петте најмалку задолжени земји во Европа.
24-11-2015, 10:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3



25-11-2015, 09:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Црно им се пишува на кумот и кумашинот!!



Quote: Соопштенија за јавност


СДСМ не се согласи со ново задолжување од 100 милиони евра!


[Image: SDSM%20ZNAME1%20malo.JPG&imgSize=150&CropH=150]Соопштение за јавност


Денеска СДСМ, преку дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, го употреби законско право (Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, член 46 и член 47) и не се согласи со најавеното ново задолжување на граѓаните од 100 милиони евра на домашниот пазар, најавено за вторник 01.12.2015 година.

Груевски и Ставрески сакаат да ги задолжат граѓаните на Република Македонија кај домашните банки за нови 100.000.000 евра.

Ова ново задолжување е доказ дека  државната каса е празна и зависна од нови и нови задолжувања. Ова задолжување е  доказ дека е загрозена исплатата на платите и пензиите, до тој степен што државната каса е во состојба да не може да ги дочека средствата од еврообврзницата кои треба да бидат оперативни за само неколку дена.

Граѓаните слушнаа од проектот Вистината за Македонија како токму Зоран Ставрески вели дека „ќе истури 200 милиони евра пред избори“.

СДСМ има обврска пред граѓаните и пред законот да не дозволи повторување на вакви изборни измами.

Дополнително, СДСМ има обврска да не дозволи дополнително задолжување на идните генерации.

Особено по изјавата на Зоран Ставрески од 24.11.2015 година дека со задолжувањето од еврообврзницата обезбедени се средства за непречено извршување на обврските на Буџетот и во 2016 година.

Нема дилеми дека секое дополнително задолжување претставува обид за финансирање на различни форми на изборна измама и корупција, за што во неколку изборни циклуси мисиите на ОБСЕ/ОДИХР упатија сериозни забелешки за злоупотреба на државните ресурси во изборни цели и тек на кампања.

Почитувани граѓани, ова е уште една потврда дека застапеноста на опозицијата во клучните ресори на владата на Груевски е во интерес пред се на граѓаните и во функција на спречување на злоупотребите пред избори.

Денеска уште еднаш покажавме како во иднина ќе  управуваме со јавните финансии. Покажавме дека наша грижа ќе бидат не само сегашните,туку и идните генерации.
27-11-2015, 10:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote: Тужба до Управен поради незаконската одлука на стариот состав на ДИК

[Image: SDSM%20ZNAME1%20malo.JPG&imgSize=150&CropH=150]
Соопштение за јавност

Ве известуваме дека СДСМ, преку дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов,  врз основа на член 48 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Влада ќе поднесе тужба до Управниот суд на РМ.
 
Со тужбата бараме поништување на одлуката на Државната изборна комисија со која е одлучено дека „Емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на министерството за финансии на домашен пазар не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите“, па поради тоа не подлежи на согласност , односно одобрување од страна на Дополнителниот заменик министер.
 
Тужбата ја поднесуваме поради ненадлежност на актуелниот состав на ДИК, чиј мандат е истечен на 08.11.2015 година.
Исто така тужбата ја поднесуваме и поради тоа што самата одлука е целосно незаконски формулирана. Имено согласно Законот за јавен долг, член 18, задолжувањата со државни хартии од вредност се вршат како на домашен, така и на меѓународен пазар на капитал. Согласно истиот закон, задолжувањето се врши со емисија на краткорочни и долгорочни хартии од вредност.
 
Во самата одлука, ДИК третира и државни записи, кои во Законот за јавен долг, во делот на задолжување со издавање на државни хартии од вредност никаде не се споменуваат.
 
Не навлегувајќи во политичките причини за носењето на оваа одлука од страна на ДИК, тужбата ја поднесуваме поради ненадлежност на актуелниот состав на ДИК, како и поради тоа што истата е целосно правно нејасна за што всушност е одлучено.
 
СДСМ ќе ги искористи сите механизми за да спречи изборна корупција и злоупотреба на парите на граѓаните.

Скопје, 15.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 
15-12-2015, 09:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Економистот Ставрески знае дека министерот Ставрески не` носи во банкрот - Интервју со Кире Наумов, дополнителен заменик-министер за финансии

27.12.2015
Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов во новата зграда на Министерството е сместен на 8-ми кат, еден подолу од министерот за финансии Зоран Ставрески. Уште ги нема 6-те вработени што му се дозволени со специјалната регулатива, вели поради административни пречки. Со министерот, досега не пиеле кафе надвор од Министерството. Состаноците со Ставрески се во министерскиот кабинет.

Како комуницирате со министерот?

[Image: DD8E86C0AA35FA458146AACD0A5A5310.jpg]

Имаме и конфликтни ситуации, но зборуваме. Мислам дека му помагам и во моментите кога има притисок да ги исполни желбите на Груевски, го потсетувам дека ниту е магионичар ни дека парите се берат на дрво. Со магионичарство не се прави економија. Ќе дојде периодот кога цел народ ќе пати. Тоа го гледаме во Грција. Нивните министри, од десната опција, успевале да даваат 15 плати, да зголемуваат пензии, да ја зголемуваат администрацијата и никој ништо да не им рече. И дојдоа до банкрот.

Правиот економист Ставрески излегува во прислушуваните разговори. Другото е политички. Јас сум кажал дека е добар економист. И кога зборувам со економистот Ставрески, одлично се разбираме. Ама кога ќе почне политичкиот притисок, не можеме. По ветото за домашните аукции комуникацијата е поретка и понеконструктивна. Се смени атмосферата во целово Министерство. Од понеделник треба да се договориме согласноста за новите вработувања да биде заедничка. Мислам дека пак ќе имаме проблем, бидејќи ќе се третира дека вработувањата не влијаат на избори.

На повидок е второ вето?

Може да се случи.

Превисока ли е моменталната задолженост? Каква е состојбата со задолженоста на јавните претпријатија и општините?

За држава како Македонија, дури и по официјалните бројки што ги објавуваат надлежните институции ние го преминавме прагот на среднозадолжена држава. Но, тоа е според официјалната и скратена дефиниција за тоа што влегува во пресметката на јавниот долг. Во тие бројки не се влезени и нефактурираните обврски за веќе завршени работи или услуги од фирмите кон владата. Ние во овој момент со нормална дефиниција за јавен долг и без скриените долгови сме на прагот на високо задолжена држава. Не очекувам вистинската состојба за задолженоста на јавните претпријатија и општините да ја дознаеме пред изборите. Во овој момент можам само да апелирам до директорите и градоначалниците, дека знаеме со какви желботеки ќе се соочат во наредниот период. Кој знае што сe може да им текне на Груевки и на соработниците. Но, на крајот од денот, нивниот потпис ќе стои при реализацијата на тие желби. Нема да стои потписот на Грувски.
Долгот на Македонија од 2009 до сега е дуплиран. Нивната приказна се темели на нови и нови задолжувања. И просечен годишен раст од 2009 до сега од само 2%. Кога се задолжувате надвор со стапки на отплата поголеми од растот, а ние се задолживме еднаш со 10 проценти на една еврообврзница, потоа со 4 и нешто, сега со 5,125, а имате раст од 2%, само магионичар може да ве спаси од банкрот. Ако продолжите, банкрот е неизбежен. Економистот Ставрески тоа го знае.

Одговорот на другата страна е дека долгот на Грција е 180% а Македонија е четврта најниско задолжена земја во Европа со јавен долг од 43,9 % од БДП во третиот квартал од годината!

Грција ниту еднаш немала изјава, ден пред "тројката" да им даде пари, дека ако не добијат пари нема да можат да исплатат плати, пензии. Ставрески призна дека само една аукција на државни хартии од вредност ако пропадне, ќе крахира буџетот. Само една единствена.

Во каква кондиција е Буџетот?

[Image: 8DF4CE7BE074D4499E4A2E113AD1EF32.jpg]

Буџетот на секоја држава е во слична кондиција, како и буџетите на мнозинството од семејствата. И тоа е вистинската анализа за секоја економија. Ако мнозинството од населението може безгрижно да го дочека крајот на календарската година, тогаш тоа ќе биде и состојбата со државната каса. Но, за жал поради неразумните и непродуктивни трошења на актуелната власт, сите граѓани станавме заложници на политиката на задолжувања за реализација на основните потреби.
Како Министерството ќе ја пополни дупката од 230 милиони евра, колку што останаа покуси со еврообврзницата? Пред вашиот потпис разговаравте со министерот, за што ви кажа дека се потребни тие пари?
Пресметката што ја правевме, сега зборувам за СДСМ, кога одлучувавме за максималниот износ на еврообврзницата со кој сме согласни, е да се обезбедат доволно средства за исплата на редовните месечни обврски во буџетот за 2016 год, заклучно со месец јули. И тој износ, како што изјавија и министерот за финансии , па дури и гувернерот на НБРМ, од 250 милиони за буџетски потреби и дополнителни 20 милиони за бегалската криза е сосема доволен за редовно фунцкионирање. Тоа што Груевски имал намера да истури уште дополнителни 230 милиони евра пред избори, како што и претходно правеше, не е дупка што треба да се пополни. Ние спречивме само една од редовните алатки со кои се служи оваа влада пред секои избори.

Банките го протолкуваа барањето да не запишуваат државни хартии од вредност како мешање на политиката во бизнисот? Тоа ви беше целта?

Не се согласувам дека Банките, односно нивните менаџменти нашиот повик за претпазливост го протолкуваа како мешање на политиката во бизнисот. Напротив. Нашиот апел до учесниците на пазарот на капитал беше да го следат примерот на водечките светски банки во процесот на издавање на еврообврзинцата. Истовремено, менаџментите самите ги проценуваат ризиците за понатамошните задолжувања. Тоа се покажа и на последната аукција кога запишаа помалку средства од потребните за враќање на достасаните обврски на владата. Ова е математиката. Првата аукција кога беше ветото имаше за враќање околу 60 милиони евра, а Министерството бараше 100. Сакаа да направат нов нето долг од 40 милиони евра. Но, по нашето укажување, од трите аукции во декември останаа екстра само 11 милиони евра. А само во првата аукција барањето беше 40 милиони плус. Во некои од разговорите со министерот, тој велеше дека сака во декември да направи 80 милиони плус задолжување на домашен пазар, со објаснување дека тоа е влезено во Буџетот, што не е точно. Тоа можеби е влезено во Буџетот како домашно задолжување, но кога не беше планирана еврообврзницата од 270 милиони евра. И домашното и странското задолжување годинава, според Буџетот, требаше да бидат 28 милијарди денари, околу 454 милиони евра. И тоа е закон. До ноември, има прилив од домашно задолжување 16,280 милијарди денари и кога ќе ја додадеме еврообврзницата од 270 милиони евра, тоа се 535 милиони евра прилив врз основа на задолжувања. До ноември, според буџетскиот план, требаше да се земат 454 милиони евра заеми, а реализирани се 535 милиони евра, заедно со еврообврзницата.

И што вели на ова министерот?

Вели не. Тој вели еврообврзницата е екстра. Не била планирана, зашто кога се планираше Буџетот за 2015 не се знаеше дека во 2016 ќе има предвремени избори. Кога има предвремени избори проблематично е да се издава еврообврзница, што има логика. И затоа, вели, јас оваа еврообврзница не ја сметам како прилив за годинава.

Ама тие пари реално ни требаа за да се испегла минусот годинава!

Да, ама сега, со еврообврзницата, нема основ барањето во декември да се прави зголемено задолжување на домашен пазар. Ти во еден месец да извлечеш 100 милиони евра од банките или од клиенти, е нешто што прави удар на економијата. И затоа се согласивме еврообврзницата да биде толкава, зашто ако речевме нула, ќе мораше да се бара од други извори покривање на дефицитот. Вака, до април нема потреба да се прават нови задолжувања. Сега има во декември само 11 милиони нови задолжувања на домашниот пазар, што не е страшно, но ќе видиме како ќе биде натаму.

Значи, и покрај Ребалансот, пак има ново расштелување на буџетската структура.

Да. Целата игра е да се направат што поголеми задолжувања, тие ќе се стават на депозитна сметка за да може од февруари да почне да се истураат парите пред избори. Сe она што го нема никаде во буџетот за 2016, де факто треба да се стави во чекмежето сега, да се обезбедат средства, да почне да се пукаат во период по февруари. Но, најстрашно е што дефицитот нема да стигне до планираниот износ.

Како?

[Image: 24DED07310EF9F4D949D540DD2117ED6.jpg]

Од единствена причина што до октомври, капиталните инвестиции се реализирани само 55%. Ни во 2009 година, којашто беше најкризна година, не се случи вакво нешто. Не постои полоша година. До крај на година нема да стигнат повеќе од 65%. Затоа е смешно кога ќе кажат дека градежништвото рипнало со 29,4% а имаш ваква реализација на капитални инвестиции. Што граделе? Со куќи и згради не се прави толкав раст на градежништво. Во истото тромесечје има и смешна бројка за странски инвестиции од 8,5 милиони евра. Затоа не можат да ги наштелуваат бројките за растот, а да не биде сомнително.
Треба и да го смениме начинот на прикажување на БДП. Во пресметката на јавниот долг по првото тромесечје во годината се оди со БДП колку што се претпоставува дека ќе биде на крај на година. И долгот вештачки е помал. Во цел свет се прави така што ги собираш последните четири квартали и добиваш БДП, врз основа на кој пресметуваш долг или други показатели. Друго, ако се земе БДП по тековни цени, годинава во третиот квартал споредено со истиот период лани, растот на БДП е речиси 10 проценти. Кога имаш реален раст од 3,5 проценти и инфлација нула (дури и минус), тогаш по тековни (реални) цени имаш раст од 3,5%, бидејќи немаш друго да влијае.

Колку Македонија реално ја чинат странските инвестиции и има ли државата финансиски бенефит?

Транспарентноста е непознат збор и начин на фунционирање на оваа влада. Секој обид за да се добие податок за која било странска инвестиција, завршува со тоа што ќе добиете документ кој содржи само иксови и на крај точка. Трошоците за таканаречените роуд шоуа на премиерот што ги имал во пооделни држави се поголеми од инвестициите што сме ги имале од таму. Еве да не одиме подалеку. Последното големо роуд шоу беше во Кина. И тоа не беше по првпат. Беше втора или трета посета. Според официјалните податоци од НБРМ во периодот 2011-2014 од Кина во Македонија износот на странски инвестиции изнесува -3.8 милиони евра. Минусно салдо. Не само што не сме имале инвестиции, туку сме имале одлив на капитал. Или пак податокот за третиот квартал од 2015. Вкупниот износ на СДИ во третиот квартал изнесува 8,5 милиони евра. Е тоа е реалната слика за странските инвестии и ефектот на роуд шоуата на премиерот.

Најдовте ли докази за ставот дека околу 4 милијарди евра буџетски пари, преку коруптивни канали, завршиле на нечии сметки?

Преамбициозно е дека таква истрага можат да водат неколку луѓе. Неопходно е собирање на информации од повеќе институции. Бројките се изведени врз основа на неколку податоци - дека речиси и не постои проект во државата којшто е добиен на тендер, а нема барем два анекси, кои се не помалку од 15-20% од основната сума. Второ, во само неколку разговори од "Вистината за Македонија" може да се чуе за неколку стотини милиони евра кои отишле во некоја коруптивна приказна.

Анита Салтировска
фото: В.Тануровски


VEST
27-12-2015, 09:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

23-02-2016, 12:24 AM
Reply