Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТУРЦИЈА СОБОРИ РУСКИ ВОЕН АВИОН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,275
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Соборен руски воен авион поради прекршување на турскиот воздушен простор




[Image: 25764golema.jpg]

24-11-2015

Руски воен авион е срушен утрово на сиријската страна од границата меѓу Турција и Сирија, соопшти портпаролот на руското министерство за надворешни работи. Како што соопшти тој, авионот не го прекршил воздушниот простор на Турција, како што известуваат некои од медиумите во светот.

- За време на летот, авионот леташе во рамките на Сирија, со што беше и регистриран на радарите, изјави портпаролот кој рече дека најверојатно авионот бил срушен од земја.

[Image: 6971136-3x2-940x627.jpg]



Министерството напоменува дека двајцата пилоти успеале да се катапултираат, но за сега не се знае нивната состојба.

Авионот летал на висина од 6.000 метри.

Според „Раша Тудеј“ пак, турската војска го предупредила авионот најмалку 10 пати во период од 5 минути пред да го собори, бидејќи го нарушил турскиот воздушен простор.

Ваквиот развој на настаните речиси беше неизбежен бидејќи во тој воздушен простор директно или индиректно се инволвирани повеќе земји во сиријската војска, меѓу кои Русија, САД, Франција, Турција.





Руски воен авион во неколку наврати беше забележан претходно над Турција, откако ја почна кампањата за бомбардирање на џихадистите на ИСИС.
(This post was last modified: 24-11-2015, 03:17 PM by ЈорданПетровски.)
24-11-2015, 03:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,275
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ОВА ЌЕ ИМА ОГРОМНИ ПОСЛЕДИЦИ“

Путин: Турција ѝ заби нож во грб на Русија, турската војска ја штити ИСИС! 


Турција ѝ заби нож во грб на Русија со соборувањето на рускиот воен авион и дејствуваше како соучесник на терористите, тукушто изјави рускиот претседател Владимир Путин.

[Image: mkd-226420.jpeg?itok=_y0qJX3U]

Авионот бил погоден од турски воен авион додека летал на 1 километар од турската граница, рече Путин. Авионот не претставувал никаква закана за турската национална безбедност, истакна тој.
Путин рече дека рускиот авион нишанел терористички цели во сириската покраина Латакија, во кои повеќето терористи се од Русија.
Русија го има забележано протекот на нафта од сириска територија под контрола на терористите кон Турција, рече Путин. Очигледно, ИСИС не само што добива приходи од шверцот на нафта, туку добива и заштита од турската војска, рече рускиот претседател. Ова може да објасни и зошто терористичката група толку смело спроведува терористички акти низ целиот свет, додаде тој.
Инцидентот ќе има огромни последици врз руските односи со Турција, предупреди Путин.
Фактот дека Турција не се обиде да ја контактира Русија по инцидентот и потрча да свика состанок на НАТО навистина е загрижувачки, рече Путин. Се чини дека Турција сака НАТО да им служи на интересите на ИСИС, рече рускиот претседател и додаде дека Русија ги почитува регионалните интереси на другите нации, но предупреди дека злосторствата извршени од Турција нема да поминат без одговор.





Путин ова го изјави на средба со кралот на Јордан Абдула Втори во Сочи, кој изрази сочувство до рускиот лидер поради загубата на еден руски пилот во денешниот инцидент, како и за загинувањето на Русите во бомбашкиот напад врз патнички авион од Исламска држава во Египет.
Двајцата лидери разговарале за антитерористичката борба во Сирија и Ирак и за дипломатските напори за наоѓање политичко решение за сирискиот конфликт.
Утрово руски бомбардер Су-24 беше соборен од турски борбени авиони во близина на турско-сириската граница. Турција тврди дека авионот го повредил турскиот воздушен простор и дека не одговорил на предупредувањата. Анкара соопшти дека со право го бранела својот суверенитет.
Русија тврди дека авионот останал во сирискиот воздушен простор.
Еден од двајцата пилоти на соборениот руски воен авион наводно е убиен од бунтовничка група додека се спуштал со падобран откако се катапултирал од авионот. Судбината на вториот пилот останува непозната.

MKD
24-11-2015, 03:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,275
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Турција собори руски воен авион – еден од пилотите е мртов  



 24 ноември 2015
Сириска бунтовничка група пушти видео клип во кој се тврди дека еден од пилотите на денеска соборениот руски воен авион е мртов, пренесе Reuters.
Агенцијата соопштува дека клипот го примила од група што дејствува во северозападниот дел на Сирија и се бори против режимот на Башар ал Асад. На видеото маж, за кој се тврди дека е еден од пилотите на соборениот Су-24 (Сухој), лежи неподвижно, тешко ранет. Членовите на групата од која потекнува клипот се приближуваат до него, при што од нив се слуша: „руски пилот“ и „Алах е голем“. Претставник на бунтовничката група за Reuters рекол дека мажот е мртов, а не споменал ништо за другиот пилот кој бил во авионот.
Турција денеска собори руски авион Су-24 што бил дел од руската воена група во Сирија. Официјална Анкара тврди дека авионот го нарушил воздушниот простор на државата. Од друга страна, Министерството за одбрана во Москва изјави дека за соборениот авион има докази оти цело време летал на небото над Сирија, каде што, впрочем, и се урнал. Турците соопштија дека пукале од два нивни авиони F-16, кои претходно го предупредиле Су-24 дека го нарушува турскиот воздушен простор. Наводно за 5 минути пилотите на „фантомите“ упатиле 10 предупредувања. Русите тврдат сосем спротивно – дека нивниот авион е соборен од земја, додека летал на височина од 6.000 метри. Пилотите на Су-24 откако биле погодени се катапултирале. Денешниот инцидент е прв во скоро 60 години во кој вооружени сили на држава членка на НАТО соборуваат руски или советски воен авион.
 
(This post was last modified: 24-11-2015, 04:31 PM by ЈорданПетровски.)
24-11-2015, 04:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,275
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4






Quote:Според последните информации пилотите на Сухој биле фатени од наводно Туркмени, кои се борат во редовите на џихадистите. Судбината на пилотот уште не е позната и која точно група ги фатила. Руското министерство за одбрана соопшти дека се во потрага по фатените пилоти и тргнаа со руски воени хеликоптери од аеродромот во Латакија.
24-11-2015, 04:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,275
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote: СЕ ЧЕКА РЕАКЦИЈАТА НА ПУТИН

НАТО на итен состанок по барање на Турција, бунтовниците: Пилотот го застрелавме додека паѓаше


Портпаролот на Сириската бунтовничка група, која тврди дека го нашла телото на рускиот пилот од авионот што утрово го собори Турција, рече дека двајцата руски пилоти се обиделе да се спуштат со падобраните во област контролирана од владата, но членови на групата отвориле оган кон нив, пренесе Асошиејтед прес.
[Image: mkd-229061.jpg?itok=m3URy-Pf]
Тој рекол дека бунтовниците погодиле еден од пилотите, кој паднал мртов на земја.

Судбината на вториот пилот сè уште е непозната.






Групата објави видео на кое се гледа еден од пилотите со крваво лице и модринки.
Мониторинг-групата Сириска опсерваторија за човекови права вели дека руски хеликоптери ја пребаруваат областа каде што падна рускиот авион во потрага по пилотите, пренесе Гардијан.
Руската војска ги блокирала безжичните комуникации во областа каде што трага по пилотите, вели групата.
НАТО по барање на Турција ќе одржи итен состанок за соборувањето на рускиот борбен авион.
„По барање на Турција, Северноатлантскиот совет ќе одржи вонреден состанок во 17.00 (бриселско време). Целта на овој вонреден состанок е Турција да ги информира сојузниците за соборувањето на рускиот авион. НАТО внимателно ја следи состојбата. Ние сме во близок контакт со турските власти“, се вели во соопштението на алијансата.
НАТО нагласува дека на средбата нема да се дискутира за членот 4 од Вашингтонскиот договор според кој една членка на НАТО отвора дискусија за закана за територијалниот интегритет, политичката независност или безбедност.
(This post was last modified: 24-11-2015, 04:37 PM by ЈорданПетровски.)
24-11-2015, 04:35 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#6

Повторно по налог пишување? Откога тоа те возбуди што се случува во Сирија и со Исламската Држава? Откога Русија почна да ги бомбардира нели?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
05-12-2015, 06:37 PM
Reply