Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЛАЖНИ ЛИЧНИ КАРТИ!!ВИСТИНА ИЛИ МЕСТЕНКА ЗА НОВИОТ МИНИСТЕР??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

22-12-2015, 07:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

22-12-2015, 07:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

23-12-2015, 01:06 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

23-12-2015, 01:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote: Десетици илјади снимени телефонски разговори најдени кај фалсификаторите


[Image: 7db50e52-3003-4480-84e1-93368dac1e48.jpg]


 12:30 23 декември 2015
Горан Наумовски

Јавното обвинителство оформило неколку предмети во врска со аферата „Лажни лични карти“ која ја обелодени неделникот „Фокус“, случај кој стана предмет за политичка пресметка помеѓу власта и опозицијата.
Обвинителот Јован Цветановски koj е заменик на oбвинителката Гордана Гешковска од скопското обвинителство, денеска на прес конференција на која не беа дозволени новинарски прашања, изјави дека по започнатите предмети од страна на ОЈО, биле ангажирани неколку обвинители кои веќе до МВР доставиле наредби за преземање на одредени истражни дејствија кои се надлежни за различни видови вештачење.
- Во досегашниот тек на истрагата извршени се низа разговори и вештачења, а извршени се и претреси. При претресите во становите на лицето З.Б. и на други лица пронајдени се голем број образци за лични документи и други предмети за подготовка на истите. Најдени се машини, преси и компјутерска опрема за нивна подготовка за лажните документи, а во еден од компјутерите, според исказите на лицата, имало фајлови со десетици илјади снимени телефонски разговори. За нивното вештачење ќе ни бидат потребни околу два до три месеци. Поради сензибилноста на истрагата нема да бидеме во можност се да споделиме со јавноста - нагласи обвинителот Цветановски.



Разговорите од прислушкувањето ги има и СДБ, поточно Груевски и С. Мијалков, зар не постои веројатност тие да ги подметнале.
Добро информираните гласила, оние блиски до власта ја дадоа бројката на прислушкувани разговори, тие велат дека на фајловите има околу 70 илјади разговори. Обвинителот во соопштението вели дека ке им треба два до три месеци да го утврдат бројот на разговорите. Да видиме дали и истрагата на ЈО ке ја потврди бројката од 70 илјади??
(This post was last modified: 24-12-2015, 12:17 AM by ЈорданПетровски.)
23-12-2015, 12:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:Спасовски: Граѓани од Пустец се наоѓаат на фалсификуваните лични карти 

Објавено: 15:01, 23/12/2015 Прегледано: 226 пати.
[Image: oliver-spasovski-540x292.jpg]

Фалсификуваните лични карти кои му беа предадени на Министерството за внатрешни работи се заведени во избирачкиот список, изјави денеска министерот, Оливер Спасовски. Тој информираше дека на најголем дел од овие лични карти се наоѓаат жители од албанското село Пустец.
Со тоа Спасовски ја демантираше претходната изјава на заменик министерот, Митко Чавков, кој рече дека овие исправи воопшто не фигурираат во избирачкиот список и дека со тоа не се употребувани за изборни цели.
Спасовски денеска негираше дека претходно се среќавал со лицата кои се осомничени дека ги фабрикувале овие исправи.
На прашање дали е возможно аферата со 105 лични карти да не е поврзана со изборните манипулации за кои јавноста слушна од „бомбите“, имено дека наводно Миле Јанакиевски договорал изработка на 300 лични карти, Спасовски рече дека не е сигурен.
Маја Васева

A1



Отиде "маст у пропаст"!! Нетребаше толку бргу да го објави оваа Спасов, требаше да ги остави уште да се заплеткуваат како пиле во кучина!!
23-12-2015, 03:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote: Спасовски: Откривме 22 лица од Пустец кои незаконски гласале во Центар

[Image: images%28201%29.jpg]



 15:05 23 декември 2015

Дваесет и две лица од Пустец, Албанија кои немале право да гласаат во Македонија, се откриени дека гласале на последните локални избори во 2013 година во скопската општина Центар, изјави денеска на прес конференција во МВР, министерот Оливер Спасовски.
- Овие досега откриени лица ги има во Избирачкиот список иако за нив нема никаков податок во матичната евиденција на МВР. Штом ги нема во оваа евиденција тие не може да гласаат, но гласале. Едно од тие лица немало лична карта, а останатите, пак, не поднеле никаков документ за место на живеење, а всушност тоа е најважниот документ по кој се утврдува се, а за таа проверка полицијата е должна да провери дали навистина такво лице живее на таа адреса. Овие лични карти кои им се издадени на овие лица се незаконски. Истрагата се уште трае, а сите наоди ќе бидат доставени до Специјалното јавно обвинителство кое е единствено надлежно да ги истражува изборните неправилности - изјави министерот Спасовски.
 
23-12-2015, 03:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

23-12-2015, 06:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Аднан Сума на Фејсбук: Сето ова е пропаганда против мене






од НОВА | објавено на: 24-12-2015 12:00:27
[Image: 26353golema.jpg]
Аднан Сума, еден од осомничените во аферата „Фалсификувани лични карти“ на својот Фејсбук профил објави статус во врска со случајот.

- Драги мои сограѓани ова е пропаганда од страна на медиумите. Нема врска со реалноста. Јас сум семеен човек, кој работи со транспорт, со моето семејство и со градежништво со моите браќа. Јас не сум монструм како што ме опшуват во медиумите. Не сум инволвиран во овие пропаганди од медиумите, ниту сум вмешан во оваа афера со личните карти. Ниту сум сенка на оваа работа, а камо ли да сум вмешан во нешто со оваа работа. Само едно тврдам: не знам, ниту сум дел од оваа афера. Што се однесува до сликите со господинот Груевски, тоа е фотошоп од некој аматер. Тврдам никогаш не сум сликан и дека сум бил близок. А со господинот Мијалков и господинот Љупчо, ниту ги знам. Само од ТВ ги знам. Со господинот Оливер денешен минстер за внатрешни работи сум сликан во мојата населба на „Џон Кенеди“ и ми беше мило да се сликам со тој прекрасен човек, кој ја престави вистината за Македонија. За крај мои сограѓани, да ни е вечна Република Македонија мојата татковина, напиша Сума на профилот.

Деновиве во медиумите се отворија повеќе дилеми, зошто осомничените за „тајната работилница за лични карти“ не се во притвор. На ова прашање не одговори ниту Јавното обвинителство. Според активноста на Сума на социјалните мрежи, тој и натаму е на слобода.
24-12-2015, 01:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30

(24-12-2015, 01:57 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Аднан Сума на Фејсбук: Сето ова е пропаганда против мене


од НОВА | објавено на: 24-12-2015 12:00:27
[Image: 26353golema.jpg]
Аднан Сума, еден од осомничените во аферата „Фалсификувани лични карти“ на својот Фејсбук профил објави статус во врска со случајот.

- Драги мои сограѓани ова е пропаганда од страна на медиумите. Нема врска со реалноста. Јас сум семеен човек, кој работи со транспорт, со моето семејство и со градежништво со моите браќа. Јас не сум монструм како што ме опшуват во медиумите. Не сум инволвиран во овие пропаганди од медиумите, ниту сум вмешан во оваа афера со личните карти. Ниту сум сенка на оваа работа, а камо ли да сум вмешан во нешто со оваа работа. Само едно тврдам: не знам, ниту сум дел од оваа афера. Што се однесува до сликите со господинот Груевски, тоа е фотошоп од некој аматер. Тврдам никогаш не сум сликан и дека сум бил близок. А со господинот Мијалков и господинот Љупчо, ниту ги знам. Само од ТВ ги знам. Со господинот Оливер денешен минстер за внатрешни работи сум сликан во мојата населба на „Џон Кенеди“ и ми беше мило да се сликам со тој прекрасен човек, кој ја престави вистината за Македонија. За крај мои сограѓани, да ни е вечна Република Македонија мојата татковина, напиша Сума на профилот.

Деновиве во медиумите се отворија повеќе дилеми, зошто осомничените за „тајната работилница за лични карти“ не се во притвор. На ова прашање не одговори ниту Јавното обвинителство. Според активноста на Сума на социјалните мрежи, тој и натаму е на слобода.


Quote:
Zoran Božinovski

12 hrs · 


KRIMI ČAUŠ!!!
Me puknavte OVDE da objasnuvam neobjasnivo, za slučajot so lažnite lični karti. Pak moram da vi povtoram deka ZAHIR BEKIRI ČAUŠ (ili KRIMI ČAUŠ, kako što go narekuva onaj DVOLIČNJAK GEROSKI!) od MVR DPMNE I DUI napravi budali i gi navede da se apsat sami sebe, gi navede da go apsat nivniot kompanjon ADNAN SUMA. Ako pak odea do kraj od redot na vrabotenite vo MVR ke gi uapsea i BOBI ČORBA I TRAJČE NEDELKOVSKI, leva u desna ruka na SUMA dooooooooolgi godini!
Ovde vednaš da vi pišam kristalno jasno da vi bide: NEMAAT SLUČAJ PROTIV ČAUŠ! A nemaat zatoa što zloupotrebile prislušuvanje, zloupotrebile PIM merki za ovoj promašen slučaj. Im padnalo na pamet preku nok da upadnat kaj ČAUŠ doma i da fatat nešto što sonile da fatat, ama koristele PIM merki za slučaj suzbivanje narkotrgovija, pa lažno organizirale 25 pretresi vo okolinata na domot na ČAUŠ, za da go pokrijat pretresot kaj nego doma i negovoto apsenje. Droga ne našle zatoa što ja nemalo, a brkale lažni lični karti so zloupotrebeni PIM merki za droga od OO ,,MREŽA,,. Akcijata samoubistveno ja vodel načalnikot na NTŠ DRAGAN NAKOVSKI, inaku strumičanec kontroliran direktno od MITKO ČAVKOV. NAKOVSKI stoi zad ovaa katastrofalna akcija. PIM merkite za droga gi zloupotrebile zatoa što za niv ne treba NALOG, tie traat non stop! Taka dobile dozvola za slušanje na ČAUŠ od Čavkov direkt, a od OJO ,,ladno,, se soglasile kako i sekogaš, otkako MARKO ZVRLEVSKi e vlezen vo tefterčeto na Gorde. Za nekako da ja pokrijat akcijata vo izveštajot ke navedat deka bratot na ČAUŠ koristi droga. Doma kaj niv našle pola gram marihuana pa sega kako znaat i umeat ,,gradat,, narko slučaj. Posleden koj gi pokriva vo nezakonskoto koristenje na PIM merki nadvor od postapka i procedura e pak strumičanec, načalnikot na ovoj sektor vo MVR ALEKSANDAR JANEV.
Na ova doadja i preskoknuvanjeto na ministerot OLIVER SPASOVSKI koj poim nemal deka imaat akcija, a ne dal soglasnost za koristenje na specijalnata edinica. Presmetale bitangite deka nema da se soglasi, pa direktorot na UBK LJUPCO ANDONOVSKI potpišal nalog za učestvo na specijalcite vo ovaa promašena akcija, bez da znae OLIVER SPASOVSKI Odele na sigurno, lovele KAPITALEC pa mislele deka SPASOVSKI ke go stavat pred svršen čin….
Otkako se napraveni site ovie propusti i zakonski prekršuvanja i nepočituvanje na procedura, naišle na problematična obvinitelka koja ne sakala da součestvuva vo seto ova pa odbila da go zeme slučajot na postapuvanje. Imala poddrška da ne se meša i od nejziniot brat koj e vo pravosudstvoto i ,,mu se jade zborot,,. Taka izostana i itnoto pritvoranje na brakata BEKIRI, a dopolnitelno sfatile deka ako vleze vo pritvor ADNAN SUMA kako glavno osomničen ke si pukaat vo noga oti ne možat da branat deka ne e nivni čovek, deka ne raboti falsifikati MVR DPMNE so nego otkako se vlast vo 2006. i ušte mnogu takvi nezgodni raboti. Pa otkako izvagale deka štetata e pogolema od korista, ADNAN SUMA go pratile doma da si odi, bratot na ČAUŠ isto taka, a nemu mu našle stara nekolkumesečna zatvorska kazna pa go upatile na izdržuvanje vo IDRIZOVO, poveke od nemok otkolku po zdravorazumska procenka. Ovoj poteg beše dovolen DVOLIČNJAKOT GEROSKI da go proglasi ČAUŠ za KRIMI ČAUŠ, vo nastap na nemok i neznaenje što mu se slučuva pred zakukaniot novinarski nos, što rezultira so LITO i prazno novinarstvo koe uporno si go veliča kako vrven dostrel na sovremenite tekovi vo ovaa profesija…..
Posledniot čin na ovoj promašen slučaj e prezemanjeto od strana na obvinitelot CVETANOVSKI. Iako e direktno pod kontrola na MIJALKOV, dresiran I uniformiran vo kadrovskata kafilerija na MVR DPMNE, CVETANOVSKi sepak ne saka da brza so slučajot. Ke go veštači slednite tri meseci. Verojatno period vo koj ke naviva FAMILIJATA kompletno da se raspadne, a na slučajot ke stavi točka taka što ke go otfrli. Oti, postapuvanje vo slučaj koj počiva od početok na zloupotrebeni PIM merki, za obvinitel vo ovoj buren period koga mu duva silna promaja vo grb e lizgava rabota! Lesno može da završi vo advokatura, kade ke mora da počne od nula…
Na kraj da vi kažam deka na ovaa bagra od MVR, sostavena od notorni idioti, izgubeni vo vreme i prostor, im preostana na ČAUŠ da mu namestat dokazi. Ona so drogata ne im pomina, so mestenje ,,katka,, (materija za zgolemuvanje težina na drogata!) ne im pomina, pa na nivnite kurtonski mediumi i na zagari im puštija prikaska deka kaj ČAUŠ našle 70.000 audio snimki vo lap top, vo folder ,,ZAEV SDSM,,. Da bea sigurni vo ova, pola saat posle apsenjeto na ČAUŠ ke vrtea video snimka od nastanot, ke držea press konferencija i ke padjaa vo sevdah na kolena, kako da postignale gol vo finale na liga na šampioni. I tie snimki mu se podmetnati kako dokaz, od onie nivnite se, što gi produciraa so godini a bea fateni od opozicijata i del od niv prezentirani ovaa godina. Dobri im se kako smislena senzacija na kurtonski mediumi koi trijumfiraa veke so ovaa ,,ekskluziva,,, ama praktično se loši i neupotreblivi oti ke nema kade da se koristat kako dokaz.
Slučajot e padnat i pred da se pokrene!!! Možebi sepak i ima mala šansa da go bidne, ako profesorot GEROSKI go zeme da go raboti ili najmalku da se nafati da sovetuva kako da se sraboti…



Големо разногласие кај службите .... Чиј човек е Аднан Сума?? На Сашо Мијлаков или на Веруша??
24-12-2015, 03:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

24-12-2015, 11:44 PM
Reply
Cesen Makedonec Offline
Member
***

Posts: 182
Joined: Nov 2010
Reputation: 0
#32

(22-12-2015, 07:23 PM)ЈорданПетровски Wrote: Кога стасаа само да ги избројат разговорите?!
Секој компјутер автоматиски ја покажува бројката на фајловите. Никој рачно нема броено. Сега да ли сите тие фајлови се разговори тоа е друго прашање но ако 100тина случајни фајлови отвориле и утврдиле дека се разговори тогаш е веројатно да се сите фајлови разговори. 

Друго прашање е  - пошто СДСМ ќути, сигурно си ја имаат мувата на капата. Во таа Македонија ужасна власт, уште поужасна опозиција. Тоа е нивото. Секој ја гледа власта за лични цели.
(This post was last modified: 25-12-2015, 12:06 AM by Cesen Makedonec.)
25-12-2015, 12:05 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33



Quote:Осомничениот за фалсификување тврди дека полицијата не му нашла ништо

24 December, 2015 -

[Image: adnan_suma_na_fb_0-735x400.jpg]

Еден од тројцата уапсени во акцијата во која беа откриени материјали и опрема за фалсификување преку Фејсбук се огласи и рече дека медиумите го злоупотребувале неговото име и дека тој не учествувал во никаква афера со лични карти. Кога го побаравме преку социјалната мрежа Аднан Сума ни одговори на првото прашање поврзано со медиумските написи за него. Но на второто кога била акцијата, што му е најдено и за што го испрашувале инспекторите –кратко ни одговори ништо.
Потоа само кажа дека се кажал што има на Фејсбук. Таму тврди дека не ги познавал Мијалков, ниту Љупчо Тодоровски, ниту се сликал со Груевски. Имал фотографија само со Оливер Спасовски со кого се сликал во неговото маало во Чаир. МВР објави дека кај него се најдени компјутери, принтери и фолии. Обвинителството не побара притвор ниту за него ниту за уште осомничен бидејќи обвинителот сметал дека нема потреба.
Сума според неговиот фејсбук профил минатиот петок бил во Урошевац во Косово, а во саботата јавното обвинителство објави дека имало акција со тројца приведени. Ден по обвинителството, МВР ги објави неговите иницијали во соопштение за апсење на тројцата. Во тоа време Сума гонемаше на Фејсбук.
По цела недела молк на мрежата, тој ноќеска по полноќ одново се активира со објавата кого знаел, а кого не знаел од политичарите и дека медиумите вршат пропаганда против него. Од друга страна пак на профилот има постирано повеќе медиумски написи и графики со фотографии на Спасовски, Груевски, Тодоров и Јанкуловска.
Од обвинителството не одговорија до каде е истрагата за ново најдените телефонски разговори во компјутер на друг осомничен и уапсен во акцијата. Нивното образложение за истрагите за лажните лични карти и десетици илјади телефонски разговори е кажано уште вчера- дека вештачењата траат и дека за откривање на изворот на разговорите ќе се знае повеќе за два месеци. За разлика од обвинителството кое нема информации, весникот Дневник објави дека во предметот има телефонски разговор во кој уапсениот Бекири преговарал со поранешен припадник на УЧК од Косово за висока цена да му ги продаде снимките.
Нема објаснување дали овој разговор потекнува од следење на комуникации побарано од обвинителството во рамките на истрагата. Весникот објавува дека новонајдените снимки од компјутерот на Бекири се компромитирачки за функционери на ДУИ. Обвинителството не ги коментираше овие информации.
Миомир Серафиновиќ

 извор Телма
25-12-2015, 04:19 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

(25-12-2015, 12:05 AM)Cesen Makedonec Wrote:
(22-12-2015, 07:23 PM)ЈорданПетровски Wrote: Кога стасаа само да ги избројат разговорите?!
Секој компјутер автоматиски ја покажува бројката на фајловите. Никој рачно нема броено. Сега да ли сите тие фајлови се разговори тоа е друго прашање но ако 100тина случајни фајлови отвориле и утврдиле дека се разговори тогаш е веројатно да се сите фајлови разговори. 

Друго прашање е  - пошто СДСМ ќути, сигурно си ја имаат мувата на капата. Во таа Македонија ужасна власт, уште поужасна опозиција. Тоа е нивото. Секој ја гледа власта за лични цели.


Проблемот е во тоа што елементи од истрагата несмеат да излегуваат во јавност.
Како што напишав погоре кој ги "дал" материјалите е битно прашање бидејки ги имаат и СДСМ и ДПМНЕ.
Новинарскиот прилог на ТЕЛМА внесува многу конфузија. Кога го пишувам ова незнам дали има реакција од МВР или ЈО на изјавата на Аднан Сума!!


(This post was last modified: 25-12-2015, 02:07 PM by ЈорданПетровски.)
25-12-2015, 01:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

Quote:Интервју
Допрва ќе се види кој, кому и што подметнувал


[Image: 892A1E60964D454FB361ECD4C35AE63A.jpg]
Избирачкиот список е спорен, потребен е нов за да има фер избори, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски


Даниела Трпчевска

25.12.2015
Министре Спасовски, еден месец го преземањето на функцијата во МВР, каква е соработката со дополнителниот заменик Митко Чавков. Во јавноста се добива впечаток дека не постои координација меѓу вас, на пример, околу акцијата за наводната фабрика за лични карти. Дали Ве заобиколува некој од соработниците при издавањето наредби за акции и дали ќе побарате одговорност за тоа?

Работата на Министерството за внатрешни работи ја поставувам на највисоко професионално ниво и така ќе продолжам да работам. Искрено, многу сум задоволен што професионалците во МВР ги препознаа искрените цели, дека пред нас се задачи што треба да ги сработиме во интерес на граѓаните и на Република Македонија, и соработуваат. Гледам дека тие луѓе едвај чекале да се ослободат од партизираниот МВРО-систем, создаден од Груевски, Мијалков, Јанкулоска, во којшто биле приклештени, за да можат слободно да си ја извршуваат својата должност. Во интерес на државата, јас сум отворен за соработка со секој што работи на ниво на својата одговорност, бидејќи знаете дека МВР е еден од најчувствителните сектори во државата и должност ни е да ги штитиме интересите на граѓаните, а не интереси на власта и на поединци, како што се навикнати да работат кадрите на Никола Груевски.

Во врска со вториот дел од прашањето, во МВР е отворена оперативна постапка на којашто работиме интензивно веќе неколку недели во врска со начинот на којшто се издавале лични карти од страна на МВР. Слушнавте дека за да проверам како функционирал системот, побарав да се види постапката за издавање лични карти на над 20 лица, по случаен избор. Најдов дека лица кои воопшто не поседуваат лични карти постојат во Избирачкиот список, односно имаат право на глас. Дека им биле издавани лични карти на лица кои немаат документ каде живеат, односно немаат решение за живеалиште. А решението за живеалиште е клучниот документ без кој не смее да биде издадена лична карта. И сите тие лица со незаконски лични карти, исто така, постојат во Избирачкиот список, што значи имале право да гласаат. Ова извади на површина скандалозна потврда дека се брутално злоупотребувани идентитети на граѓани и уште поскандалозно дека институции учествувале во тие злоупотреби и издавале незаконски лични карти. Само институции на државата ги имаат личните податоци на граѓаните. Една од тие институции што правела такви злоупотреби е МВРО на Никола Груевски и Гордана Јанкулоска. МВРО издавало и печатело незаконски лични карти, со што незаконски овозможиле лица кои немаат право на глас, да гласаат. Веројатно ова е причината што соработници на Груевски преку медиумската пропаганда побрзаа отворената истрага за фалсификатот лични карти да ја затворат со констатацијата дека не се користени за изборни цели.

Документите од оперативната постапката што ја отвори МВР околу начинот на издавање лични карти, што посочуваат токму на вакви злоупотреби, се доставени до Специјалното јавното обвинителство. Работиме многу темелно. Тоа што МВР ќе излезе да го соопшти и за незаконските лични карти и за фалсификатот лични карти и за сите други случаи ќе биде аргументирано со докази. Така единствено може да почнеме да ја враќаме довербата на граѓаните во институциите. МВРО заврши.

Многу прашалници висат над аферата со тајната фабрика за изработка на лични карти. Останува нејасно како дел од „бомбите“ се пронашле во компјутерот на еден од осомничените, дали се тоа „бомбите“ на опозицијата, дали некој му ги предал на Захир Бекири тонските материјали или тие се подметнати?

Се' ќе открие истрагата што се води. Внимателно ги следам шпекулациите и манипулациите со коишто се полнат вестите на медиумите под контрола на власта. Дел од овие медиуми објавуваат цели конструкции и тоа различни медиуми одат со потполно исти формулации на реченици, што значи дека потекнуваат од еден центар, со свои политички цели. А при тоа, официјалните информации од МВР не ги пренесуваат. Но, да почекаме, кој, кому, што подметнува, истрагата се' ќе разоткрие, а сите инволвирани во скандалот ќе ја понесат својата одговорност.

Која е улогата на Бекири и Аднан Сума во аферата со личните карти?

Истрагата за фалсификуваните лични карти е во тек. Реков, од неа се' ќе стане јасно. За овие лица кои ги споменувате, Обвинителството нема побарано притвор во врска со случајот „Фалсификувани лични карти“.

На кој начин МВР ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список пред изборите?

МВР за ова ги презема и ќе ги преземе сите потребни чекори според законските надлежности и овластувања. Како што знаете, Избирачкиот список сега е во целосна надлежност на Државната изборна комисија, која треба да ја утврди методологијата на прочистување. Но, роковите за ова се одамна пробиени. По сите злоупотреби што ги најдовме и тоа само што чепнавме на површината околу начинот на којшто се издавале лични документи од страна на МВР, со коишто се гласа, повеќе од јасно е дека постојниот Избирачки список е крајно спорен, со сериозни индикации за криминални податоци во него, што ги компромитираат изборите. Без нов, кристално чист, доверлив Избирачки список, не се можни фер избори.

Се добива впечаток дека сте „изолиран“ министер во МВР. Соработуваат ли началниците на секторите со Вас, се соочувате ли со одредени опструкции?

Тоа е пуста желба на власта. Во МВР има одлични професионалци и луѓе кои си ја знаат работата и сакаат да работат професионално. Сите тие соработуваат. Зар сам ќе можев да отворам ваков сериозен скандал каков што е овој со издавањето незаконски лични карти. Реков, луѓето ја видоа мојата искрена намера, МВР да им помогне на граѓаните и на Република Македонија и на мое големо задоволство тоа веќе се случува. Полицијата им се враќа на граѓаните. Тоа е незапирлив процес.

По повеќе од еден месец откако застанавте на челната позиција на МВР, ја донесовте првата одлука за кадровски смени во полицијата, што наиде на остри критики. Дали смената во кумановската полиција е најава за подлабоки кадровски промени во пресрет на изборите?

Секој кој им мисли добро на граѓаните и на државата, кој работи професионално и на висина на одговорноста што ја има како вработен во МВР, а не МВРО, е повеќе од потребен во министерството. Ова е мојот принцип на работа како совесен човек, а како прв човек во МВР тоа е и мојата законска должност. Работам и ќе работам исклучиво по закон, со цел да ја вратиме полицијата заштитник на граѓаните. Не е ред преку медиумите да најавувам во врска со тоа што прашувате. Знам, многу работи беа изместени од овој колосек во МВР, така е и во државава, но цврсто сум определен во доменот на моите надлежности, да ги вратам каде што им е местото.

Неодамна обелоденивте дека политичари и јавни личности користеле возила и обезбедување од МВР, кои според законот не им следуваат. Утврдивте ли и други злоупотреби?

Заокружуваме повеќе истраги. Ќе излеземе со информации. Од досега утврденото - да, има индикации за злоупотреби, за што постапуваме според законот.

Што утврди внатрешната истрага околу незаконското прислушување? Има ли прецизни одговори кој, зошто и колкав број на граѓани биле прислушувани? Дали како министер имате пристап до УБК?

МВР постапува во согласност со сите надлежности во врска со овој голем скандал. Во соработка со Специјалното јавно обвинителство, очекувам квалитетна професионална истрага и одговорност за прекршителите на законот и на правата и приватноста на граѓаните на Република Македонија.

Македонија се соочува со голем наплив на бегалци кои секојдневно транзитираат низ земјава. Какви мерки, според Вас, е неопходно да се преземат за справување со проблемот и дали бегалската криза со себе нови и безбедносни ризици?

Ситуацијата на границата е под контрола и стабилна. Безбедносните сили постапуваат на ниво на професионалноста. Така е, има наплив на мигранти, најголем дел од луѓето не се тука затоа што сакаат, туку затоа што морале да се оддалечат од родните земји. Меѓу нив има деца, има измалтретирани луѓе од долгиот пат. Македонија е обврзана со меѓународните конвенции да ги штити човековите права, како што има одговорност пред своите граѓани да ја обезбеди нивната стабилност. Затоа државата мора да ги насочи своите капацитети да обезбеди сигурност за граѓаните на Македонија, како и хуман третман на бегалците. МВР дејствува во таа насока. Имаме редовна комуникација и координација со земјите од регионот и во постојан контакт и координација сме и со државите од Европската унија, бидејќи проблемот е заеднички.
26-12-2015, 02:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36

Quote:Потврдено: И пасошите на „Фокус“ се печателе во Фабриката за афери на СДСМ
Најмалку една од фалсификуваните патни исправи кои се гледаат на снимката од фабрикуваната афера на весникот „Фокус“ поврзано со наводно фалсификување на пасоши е пронајдена во компјутерот на Чауш, дознава Press24 од извори во истрагата.
26 декември 2015 14:42


[Image: pasosi-fokus-640x412.jpg]
Со тоа изворите велат дека истрагата веќе нема дилеми и 100% е сигурна дека зад фабрикуваната афера со патните исправи која ја објави новинарот Љубиша Арсиќ за весникот „Фокус“ стои групата на Чаушот.
Press24 дознава дека во компјутерите во фабриката за афери на СДСМ биле пронајдени и податоци од личните карти кои ги објави Фокус и тоа преку истиот новинар Љубиша Арсиќ. Истрагата се уште утврдува дали и тој е вмешан во скандалот со фабриката за афери на СДСМ. Доколку се најдат докази за тоа, не се исклучува можноста и тој да одговара кривично.
[Image: fokus-ljubisa-arsik-640x412.jpg]
Според извори во истрагата најголем дел од подготовките на пасоши за фалсификување се турски патни исправи. Иако има подготовки за фалсификати и од други земји, сепак доминираат турските. Токму овој податок според истрагата е многу важен и треба детално да се анализира.
Имено, турските пасоши не значат многу во Европа, особено ако се патува кон западот.  Но, ситуацијата е сосема различно доколку се оди кон Блискиот исток.
-Најскандалозно во целиот случај е тоа што во компјутерот на Чаушот се пронајдени 70.000 прислушувани телефонски , за што потврда стигна и од Основното обвинителство. Тие биле сместени во посебен фолдер со наслов „Заев СДСМ“. Лидерот на опозицијата никогаш не демантираше дека тој му ги дал снимките на Чауш. Уште поскандалозно е тоа што Чауш со тие снимки веќе почнал да тргува со криминални структури не само од земјава туку и од регионот.  Медиумите веќе објавија дека во неговиот компјутер истрагата открила комуникација со лица од Косово кои биле заинтересирани да ги купат снимките.  Уште позагрижувачки е податокот дека фабриката за афери на СДСМ располагала со личните податоци на 120.000 граѓани и дека може кога сака да ги злоупотребува, пишува порталот.
СДСМ уште од стартот на аферата молчи за овој случај. Зоран Заев и Оливер Спасовски кои се посочуваат како луѓе за кои постои сериозен сомнеж дека директно ја раководеле фабриката за афери не одговараат на новинарските прашања на Press24. Пред неколку дена Заев и побегна од новинарските прашања, па не можевме да го добиеме одговорот на прашањето, дали ја организирал Фабриката за афери на СДСМ, за што комуницирал со осомничените и дали планирал преку наместени афери да ја води кампањата на СДСМ за изборите во април.

KURIR



Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud Da_ne_si_lud
27-12-2015, 01:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37

Quote: Ристовска најави дека и предметот за личните карти ќе биде побаран

4 December, 2015 - 19:25



[Image: lence_ristovska_0.jpg]
- Ќе постапуваме по предмети каде што има изборни нерегуларности точно против кои лица за нас е ирелеватно. Она што е наше начело на постапување и она што е наша мисија е дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите и без оглед кој и да е тангиран во тие постапки стоиме зад тоа дека никој не може да биде над законот и мора да одговара во рамките на своите дејствија. Се работи за предистражни постапки кои што се тајни и во интерес на тие постапки сите податоци би ги изоставиле до некоја наредна фаза кога ќе можеме да соопштиме и подробни детали, изјави пред новинарите Ленче Ристовска, обвинителка во СЈО.


На новинарско прашање дали и случајот со личните карти ќе биде преземен во рамкоте на воие случаи, Ристовска одговори дека случајот со личните карти кој што го имаше објавено „Фокус“ моментално не е доставен во СЈО.
-Меѓутоа нашите сознанија одат до таму дека постојат основи на сомнение дека и тој предмет е поврзан со незаконски следените комуникации како предмет којшто ги таргетира изборните нерегуларности. Во наредниве денови ќе биде побаран и тој предмет по што ќе се произнесеме и формално за стварната надлежност за тој предмет, рече Ристовска. 
28-12-2015, 09:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#38

Quote:
ОСЛОБОДЕНИОТ АДНАН СУМА НАВИСТИНА БИЛ "БИЗНИСМЕН"

[Image: 0CB3F68EB8DE7C489EE3EA064DFE7C52.JPG]
Аднан Сума, еден од осомничените во аферата "Фалсификувани лични карти" е клучниот играч за да биде обвинет СДСМ за "местени работи" за се' што се откри од февруари наваму за криминалите и злосторствата на ВМРО ДПМНЕ. Преголем товар за неговите раменици на ветеран во подземјето. Но тој е апсен веќе за фалсификување на лични исправи, практично на исто место и одново бил на слобода
ЕКИПА НА ГЛОБУС


Бошњаците кои живеат на улица Џон Кенеди а особено на околните улички последните настани од нивниот крај ги коментираат вака: ""Аднан је тај. У питању је само сума (Сума)".

Аднан Сума, еден од осомничените во аферата "Фалсификувани лични карти" на својот Фејсбук профил во четвртокот објави статус во врска со случајот. По веројатна сугестија отстрана тој издиктирал на Фејсбук профилот нешто што треба да го претстави како близок човек до опозицијата а сосема оддалечен од власта. Демек да ја потврди приказната дека во неговите простории се најдени работи кои говорат за некаква голема афера режирана од СДСМ (фалсификување на лични карти, потоа бугарски пасоши, марихуана, а дури и затајувани и необјавени телефонски разговори кои се непознати на јавноста, демек кои не и се предале на спец-обвинителката Јанева, туку се дело на оваа банда од улица Џон Кенеди! Малку претерале, особено ако се знае дека се работи за криминалец кој е на два пати помилуван во време кога актуелната партија на власт ги држела конците.

ФЕЈСБУК ПРОФИЛ

Објавуваме две вести од црните хроники, една која веќе е објавена, во одделни он лајн медиуми а потекнува од 2008 година а една која не се знае а поткенува од од мај 2002 година. Не прашувајте кој бил тогаш на власт и кој очевидно прогледувал низ прсти за сега споменуваниот а самодефиниран како "чесен бизнисмен" - Сума. Со намера секако, тоа е стар полициски трик, да биде употребен кога ќе затреба. И сега, кога братучедите на врвот се ептен заглавени, сите такви типови се неопходни, наспроти народната "Со кого си - таков си!".

"Драги мои сограѓани ова е пропаганда од страна на медиумите. Нема врска со реалноста. Јас сум семеен човек, кој работи со транспорт, со моето семејство и со градежништво со моите браќа. Јас не сум монструм како што ме опшуват во медиумите. Не сум инволвиран во овие пропаганди од медиумите, ниту сум вмешан во оваа афера со личните карти. Ниту сум сенка на оваа работа, а камо ли да сум вмешан во нешто со оваа работа. Само едно тврдам: не знам, ниту сум дел од оваа афера. Што се однесува до сликите со господинот Груевски, тоа е фотошоп од некој аматер. Тврдам никогаш не сум сликан и дека сум бил близок. А со господинот Мијалков и господинот Љупчо, ниту ги знам. Само од ТВ ги знам. Со господинот Оливер денешен министер за внатрешни работи сум сликан во мојата населба на 'Џон Кенеди' и ми беше мило да се сликам со тој прекрасен човек, кој ја престави вистината за Македонија. За крај мои сограѓани, да ни е вечна Република Македонија мојата татковина", напишал Сума на профилот.

Кога колегите започнале да го попрашуваат, исто така на Фејсбук, дал најнапред еден кус одговор, потоа побарал пауза (да праша каде што треба за насоки за разговорот), па се одјавил!

[Image: 5B5A7EDFE2B374448C24DBB6D9929BC1.jpg]

ДВЕ СТАРО-НОВИ ВЕСТИ

Деновиве во медиумите се отворија повеќе дилеми, најнапред околу тоа зошто осомничените за "тајната работилница за лични карти" не се во притвор. Навистина многу чудно, но факт е дека тие се потребни како активни субјекти, без стравот и анксиозноста која би се јавила ако се зад решетки. На ова прашање исто така не одговори ниту Јавното обвинителство. Според активноста на Сума на социјалните мрежи, тој и натаму е на слобода. Само три дена го немало на Фејсбук а потоа си продолжил со своите "социјални активности".

Инаку, провладиниот Дневник на 5 април 2008 година објавил наслов "Притворени измамници што продавале лажни шенген-визи" Во веста се вели дека "Скопјаните Јасмина Стефановска (51) и Аднан Сума (40), како и тетовецот Фљамур Арифи (36) во вторникот биле уапсени откако полицијата ги осомничила дека измамиле повеќе граѓани продавајќи им фалсификувани шенген-визи. Против тројцата се поднесени кривични пријави за организирање група и поттикнување трговија со луѓе и за шверц на мигранти. Истражен судија им одредил 30-дневен притвор". Според веста полицијата тогаш во нивните домови запленила комплетна документација за подготвување фалсификувани патни исправи и визи за околу 50 мигранти, кои имале намера да заминат во земјите на ЕУ. Според полицијата, Арифи и Стефановска објавиле оглас во дневен весник дека нудат услуги за добивање шенген-визи (угледен бизнис си е угледен бизнис, нели!). Заинтересираните мигранти за услугата плаќале од 1.200 до 1.500 евра за виза, не знаејќи дека добиваат фалсификувани документи.

УЛОГИ

Измамниците, пишува Дневник, најчесто изработувале германски визи, а подготвувале и визи за Италија и за Белгија, но и визи од други земји на ЕУ. Тетовчанецот Арифи бил човекот за контакт во тој бизнис - обезбедил телефонски СИМ-картички и телефонски броеви што биле објавени за контакт и со заинтересираните клиенти договорил средби, а притоа лажно се претставувал.

Личниот контакт бил доверен на "актерката од триото" - со клиентите најчесто се сретнувала Стефановска, а средбите се одржувале во Скопје. Таа од мигрантите барала да достават три фотографии, копија од пасош, оригинал пасош без забрани за влез во земјите на ЕУ, извод и друга документација. Од парите што ги наплатувале за една виза, на Аднан Сума му биле исплатувани по 800 евра за изработка на фалсификувана виза. Остатокот го делеле Стефановска и Арифи. Петмина измамени пријавиле во Одделот за организиран криминал. Двајца од измамените, кои набавиле визи од пријавените, поради фалсификувани документи биле вратени во Македонија од земјите на ЕУ. Тројца граѓани пријавиле измама и фалсификување исправа. МВР ги повикува сите граѓани што биле оштетени на овој начин да ја известат најблиската полициска станица.

[Image: 7C2758E13150EE4598D98F878BF778F3.jpg]

ВРЕМЕ ДА ВРАЌА ДОЛГОВИ

Ако по црните хроники барате вест за тоа дека истите се изведени пред суд или дека добиле казни затвор или дека отишле во апс, нема да најдете ништо. И одново го имате изработувачот на лажни документи како работи во корист на СДСМ - сосема е јасно дека нему му е оставена техниката (или му е дадена нова), дека е контролиран од полицијата, толериран е до мигот кога ќе мора да се претвори во "послушно учениче". И ги брани токму оние кои се најекспонирани во прислушкуваните разговори - првиот човек на УДБ Мијалков и шефот на кабинетот на Груевски Мартин Протуѓер, познат по тоа што говори за опонентите на власта во стилот "да му ја запалиме кафеаната", "да го фрлиме во ендек" или кога говори Груевски за планирано насилство (врз Жерновски) тој препорачува за ова да се консултира неговата десна рака!

Еден од фактите кој говори дека се работи за заштитен криминалец е тоа што по втор пат тој е фатен на иста адреса! Па и најглупавиот криминалец бизнисот, ако би го продолжувал, би ја сменил адресата и тоа "драстично". Или, не би се бавел со полесно откриван криминал како што е марихуаната. А вака - ем дрога, ем фалц документи, лични карти и пасоши, па згора и прислушкувани разговори...па,па,па, што би искоментитрал Латас!?

ДВОБОЈ КАЈ ОК КОРАЛОТ

Дека Сума не им е непознат на органите на прогонот, говори и една епизода од мај 2002 година, кога пак на "инкриминираното место", односно во негова близина дошло до жестока расправија, а потоа и до масовна вооружена пресметка меѓу семејствата Реџовиќ и Сума..Во инцидентот, во ногата бил ранет Рафет Реџовиќ. Се започнало со обична детска тепачка на свете семејства по што пред куќата на Реџовиќи "пристигнале браќата Сума, заедно со уште дваесетина (!) нивни пријатели и го отпочнале вооружениот напад". Каубојската размена на оган очевидно говори за поседување на огнострелни оружја. Подоцна семејството Сума исчезнува "од радарот" иако тука има прилично елементи за "добра ќорка".

Ама премиерот Груевски говори дека "додека ние тераме по една динамика и по еден пат кој мислиме дека е нормален, да се натпревруваме со идеи, проекти, креативност, како да им се помогне на граѓаните, некој друг својата енергија не го троши на она што е нормална политичка битка во секоја земја, туку да купува опрема за фалсификување на лични документи". Ова го истакна тој како гостин на секогаш добрите домаќини - тв Сител.

- Ова е дрзок криминал, ние не се бориме со некој кој не се бори со политички средства, се соочуваме со некој кој се бори со крајно криминални средтсва, не е лесно да се бориме со ова. Криминалци се директно поврзани, во комуникација со врвот на најголемата опозициска партија, посочи Груевски кој изрази жалење што СДСМ како што вели, паднале на ова дереџе
[Image: DAE219048616534D9522ED81B938EC12.jpg]

ДВЕ ВЛАДИ СО ИСТ ОДНОС

А на кое дереџе паднала неговата партија кога, ете, само во случајот Сума, јасно покажува како го чуваат имотот и животот на граѓаните? Во таа прва Влада(1998 - 2002) тој беше и министер во два ресора, да се потсетиме.

И како сега таа Влада од спонзор на вакви криминалци ќе се претвори во нивна жртва. На рамениците на криминалецот сега, при крајот на неделата, се натовари уште еден "доказ" (по системот - по еден на ден!) за нивната "социјалдемократска душа", а тоа дека уапсениот Сума и неговиот пајташ се јавувале со мобилни телефони на Оливер Спасовски и на Зоран Заев. Притоа, се споменува дека криминалците се уапсени ама провладините медиуми не кажуваат дека се пуштени, бидејќи веднаш следува логичното прашање од читателот и гледачот - кој ги пуштил, зошто и како им се дава да се јават на толку адреси, иако дозвола за јавување со било каков телефон, во такви околности, може да даде истражен судија само на нивниот избран бранител! И колку би им помогнало ако ги добиеле Спасовски и Заев?

- Обвинителството откри опрема купена и ставена во погон за фалсификување, репроматеријал за производство на истите фалсификувани документи. Голем број такви исправи се откриени со цел компромитација на видни државни функционери. Ние работеме на носење фабрики, отворање работни места, изнаоѓање начини младите да дојдат до куќа, за помош за земјоделци, зголемување на плати. Од друга страна некој друг работи на фалсификување на пасоши со кои треба да се компромитираат политички личности од ВМРО-ДПМНЕ, фалсификувани лични карти, фалсикувани документи за банкарски трансакции со цел да се наруши нивниот кредибилитет, додава Груевски.

Зоран Заев, лидерот на СДСМ и Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи на Македонија се последните со кои разговарал со мобилен телефон еден од осомничените во случајот "Фабрика за афери на СДСМ", објави порталот "Прес24".

Гостувајќи на телевизијата "Шења", во емисијата "Новиот пат" (Руга е ре), лидерот на опозицијата Заев рече по однос на оваа тема дека фалсификувани исправи надвор од системот ќе се правеле и ќе се прават, но Министерството за внатрешни работи да издава лични карти кои се фиктивни, без решение за живеалиште, само за тие да го искористат нивното право на глас потоа. Заев рече дека истрагата оди се подлабоко и подлабоко и дека ќе излезе на виделина и тие се свесни за тоа. "Ова е причината за реагирањето на Груевски што го имавме деновиве" - истакна Заев во таа емисија, повторувајќи дека нема логика во тоа СДСМ да фалсификува лични карти за да ги изгуби изборите!
29-12-2015, 08:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#39

Quote:ИСТРАГАТА ОТКРИ: И 105-те лични карти биле направени во погонот за фалсификати



[Image: Falsifikuvani-licni-karti.jpg]


4 January 2016

105 лични карти што „Фокус“ му ги предаде на министерот за внатрешни Оливер Спасовски, биле направени во погонот за фалсификати, објави телевизија АЛФА повикувајќи се на извори во истрагата.
-Освен 105 те лични карти, нашиот извор посочува дека во компјутерите и запленетите материјали постоеле урнеци за изработка на уште неколку илјади фалсификувани лични документи. Јавното обвинителство веќе и официјално потврди дека полицијата при претресите запленила и машини, преси, секачи и друга опрема за производство на фалсификат документи, опремата е иста со која биле направени и пасошите кои пред извесен приод се појавија во јавноста преку дел од медиумите, објави телевизијата.
Истрага за фалсификуваните лични карти отвори министерот Спасовски, откако Фокус му ги предаде сомнителните документи.
– Важно е да имаме квалитет не е важно да брзаме за ден, два или за пет дена како што ќе рече господинот Чавков да ја затвориме истрагата и да кажеме дека таму нема ништо – изјави министерот Спасовски во интервју за Телма.
За сега за овој случај обвинителството има осомничено три лица. Прво осомничениот е член на СДСМ, потврди лидерот на оваа партија.
-Тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам. Нема бегање од таа работа ниту пак некој се плаши. – изјави Зоран Заев лидер на СДСМ, во интервју на Телма.
Обвинителството ги вештачи и 70.000 разговори кои ги пронајдоа во компјутерот на прво осомничениот, се уште се утврдува како десетици илјади телефонски разговори стигнале во неговиот компјутер. Фабриката за фалсификати располагала со 120.000 лични податоци на граѓани но и лажни странски банкарски сметки на актуелни и поранешни функционери, лажни имотни листови, како и фалсификувани бугарски пасоши.
Во меѓувреме во јавноста се појавија фотографии, на еден од осомничен и со министерот Спасовски. Тој пак ниту одрече ниту потврди дека лично се познаваат.
-Имам контакт со многу граѓани и од оваа позиција и од позицијата која што претходно ја имав и тоа не е важно. Важно е дека се води истрага против секој еден кој е осомничен за криминал – рече министерот на прес конференција.
Истрагата треба да открие што им бил мотив на фалсификаторите, каква била природата на контактите што ги имале со лица од дома и во странство, дали целта на погонот и фалсификаторите била само да фабрикуваат афери што ќе бидат пласирани во предизборието, или се работи за голем меѓународен криминал.

ZURNAL
04-01-2016, 04:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#40

Quote: Фабрика на Фамилијата за местење на политичките противници


[Image: Lichni-Karti.jpg&h=auto&w=620&zc=1]


Тепихот по шарите се познава, а крадецот по тоа што вика „држ’те го крадецот“

Фокус 31 јан 2016, 18:00

Од експресното апсење на Чаушот, до јавното оцрнување на „Фокус“ и драматичните прозивки дека СДСМ е нарачател на фалсификат-личните карти, за да ја дискредитира власта, како Груевски да не е доволно црн и без тоа, разбравме оти е многу поверојатно дека токму Фамилијата стои зад целата местенка. Сосема е логично и возможно, по откривањето на фабриката за пасоши, МВРО-ВМРО да го организирала своето криминално подземје, да испечати и на „Фокус“ да му подметне десетици лажни лични карти, афера со која потоа ќе мафта дека ја стокмила опозицијата и „нејзиниот“ медиум за да го исфлека Груевски, чистунецот антикорупциски!
Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Да не е врв на криминален бандитизам, монструозно ниво на државно-партиска мафијашка местенка, гнил, расипан и злобен злосторнички обид за пропагандистички погром против неистомислениците и новинарите, обидот аферата со фалсификуваните лични карти и пасоши да му се префрли на „Фокус“ како наводно намерен соучесник, заедно со „инкриминираниот“ СДСМ во измислената „фабрика за производство на афери“ за дискредитација на власта – целата таа налудничава хајка што се води против нас деновиве би била зрела за третман на светски врвни клиники за психијатрија, а не за на суд.
Да, да, мислам оти и покрај се, не треба да ги тужиме „куририте“ и „куртоните“. Иако тие не плукаат дека заедно со СДСМ, намерно, а не поради некаков професионален новинарски аматеризам (тие ќе зборат за аматеризам – куртони дупнати низаедни!), сме учествувале во местење на аферата за фалсификуваните пасоши и лични карти. Тоа го заклучиле зашто од истрагата, демек од Мартин Протогебелс, кој сега најверојатно ни бира ендек каде да завршиме и Зврле Мустаклијата, кој е зрел за кај железничарот од долгогодишното виткање на кичмата – имале телефонски листинзи, со кои ќе докажеле оти „Фокус“ свесно учествувал во местењето афера против ДПМНЕ и против нивниот невин „во ушите“ пастир!
Не, не, курирчиња, со вас не вреди да се видиме дури ниту на некој суд од иднината кој веќе нема да го води вашето „Сваровски“ судство, море ниту на суд во Шведска. Туку треба час поскоро да почнеме да собираме донација за вас и вашите шефови да ве испратиме на лечење.
Тешка болештина е тоа, драги читатели, во поодмината фаза, мора да е црвјосан криминален ум во прашање, дегенерирана мафијашка патологија, предизвикана од страв од она што ги чека во иднината, кога во својот криминален лик во огледалото наместо својата сподоба го пронаоѓат ликот на својот противник!
Лажат безочно, знаат дека лажат, но умот мафијашки, ѓаволштината злочеста дотука ги шашардисува, што на сите околу себе им велат дека се лажговци, крадат како џамбази од народните милиони, арно ама, не им се верува дека се фатени, па опозицијата и „нејзините“ медиуми ги прозиваат за криминал.
Впрочем, човекот фатен со симнати боксерки, бандитот со „мајбах“ очила и мултимилионски плац на Водно чија Фамилија е до гуша во кал, токму тој човек деновиве прозива бандити и заговорници во опозициските редови, и ечи оти немало да дозволи никогаш во иднина криминалци со измама да дојдат на власт!?
Па, така е, бе, пастиру, кумче калабриско, во една мафијашка држава-партија, на една територија, има место само за една криминална Фамилија, за твојата и на братучед ти! Ете, тоа е логиката на криминалниот ум. Се разбира, нема мафија на светот која својата територија без крв и многу жртви ќе му ја предаде на друг. А секој што сака да ја симне од бандитскиот трон, да ја стави зад решетки, за неа е само поголем „капо“.
Така е тоа во тајните ќелии на мафијашкиот мозок. Таму нема битка на правната држава против мафијата. Таму мафијата се бори против друга, поголема криминална банда! А има ли поголема банда од Фамилијарната партија-држава? За Груевски има!
Затоа и специјалната обвинителка Катица Јанева и олеснувачот на преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ван Хауте, за пастирот се дел од таа домашна и меѓународна мафијашка булумента која сака на Ел Чапо Гузман Де Гвујо да му ја земе територијата. Е не може, мцки, ќе видите на 24 април, само братучедите ќе продолжат да ве пљачкосуваат и да ве тероризираат, и тоа со вашиот украден глас!


[Image: Katica-Janeva-03-620x407.jpg]

ЌЕ АПСЕЛЕ НОВИНАРИ, ШКОПАНИ АБДАЛИ!

И така, деновиве, од кујната за плуканици и помија на ДПМНЕ пастирска, излезе фотографија според која клучниот доказ оти аферата со пасошите и личните карти „Фокус“ и СДСМ заедно ја подготвувале во своите фабрички аферашки хали, е еден тепих. Тепихот е истиот, со истите шари, како и оној на видео-материјалот кој „Фокус“ уште во ноември 2014 година го објави како доказ дека во една просторија на непозната локација има тајна фабрика за изработка на пасоши.
Арно ама, на новата курирска фотографија се гледа и Захир Беќири Чаушот, член на СДСМ, според признанието на Заев, де, кој седи на гарнитурата во собата заедно со неколкумина други со замаглени фаци. Куририте го посочуваат Чаушот како чест посетител на таа соба, за подоцна да извлечат заклучок дека всушност тоа е неговиот дом.
Си знаат тие од Протогебелс ендеклијата, та нели тој ја води истрагата!? И во тој дом, ете, била фабриката за пасоши, како впрочем и фабриката за фалсификуваните лични карти, а всушност во таа „гајба“ СДСМ и „Фокус“ имале „фабрика за афери“ против Груевски, за да го оцрнат неговиот лик и дело, кои се всушност светли и ангелски.
Но, да видиме какви докази откриле куририте и да се обидеме да одгатнеме што всушност се крие зад целата афера?
Зашто, добро е работите да се раздиплат вака, на хартија и покрај тоа што и новинарот Љубиша Арсиќ, а и јас како одговорен уредник на „Фокус“ во неколку настапи на ТВ и на порталите во јавноста ги објаснивме нашите мотиви и постапки, а Груевски, Митко Чавков, или недај Боже изгубената во вселената Гордана Јанкулоска (која на Фејсбук сакаше да биде вицкаста, па напиша „Фокус – покус, преварантус“) не се ни обидоа да одговорат на клучните прашања од аферата.
За волја на вистината, куририте, криминално инфицирани со милионските суми кои стојат на сметките во нивните фирми, за кои ги прозива опозицијата – а тие не кажуваат од каде им се – не ни заслужуваат каков било одговор за плуканиците или сериозен новинарски третман, но „Фокус“ има и своја публика, читатели, кои е важно да ги чујат деталите за начинот на кој нашиот неделник ги објави приказните за аферите со фабриката за пасоши и за фалсификуваните лични карти.
Ова особено затоа што куририте од истрагата пренесуваат, а патем и се закануваат, дека новинарот Арсиќ ќе бил повикан на распит во обвинителството! Бре мајката, да не му спремате апс како на Кежаровски, а? А да не ви е шкопан веќе пастирот и ендеклијата за да апсат? Или, да не мислите да не уплашите, за да молчиме?
Да тргнеме со ред. Не знаеме што се на куририте им подметнал првиот обвинителски мустаќ, ама за нивна жал, новинарот Арсиќ, ниту друг од редакцијата, не контактирал со нивниот „омилен“ криминалец Захир Беќири Чаушот на крајот од 2014 г. како што наводно им дојавиле од истрагата.
Но тоа и не е од пресудно значење, освен што куририте го користат за пропагандистички цели, зашто е само дел од пеколната криминална машинерија на ДПМНЕ за местенки. Да потсетиме оти претходно, агит-пропот на ендеклијата, им беше пуштил на куририте и друга црна чума – оти Арсиќ лани добил новинарски награди за текстот за пасошите, а фабриката всушност била „за афери“ на СДСМ и „Фокус“ против власта.
Вистината е дека Арсиќ доби новинарски награди за цела серија текстови, не само за фабриката за пасоши, туку и за фамозните АФИС-и, системи за лична идентификација кои државата ги набави на незаконски начин, а дел од нив недостасуваше!
Значи, почитувани читатели, лани „Фокус“ на својот веб-сајт го објави видео-материјалот со снимки од тајната работилница за изработка на пасоши, кој до нас стигна од анонимен извор и текст со фотографиите од фабриката во неделникот, а тогаш Гоца „Ливче нека снема“ Јанкулоска се испенави да и објасни на јавноста дека тврдењето на „Фокус“ оти во некоја просторија тајно се изработуваат пасоши е несериозно, дека за изработка на пасоши е потребна машина која чини 8 милиони евра – Иво Котевски ги водеше куртон-новинарите да ја снимат машината на МВР и да ги убедат граѓаните дека се е в ред – и дека секој можел да си испечати нешто што наликува на пасош и така да го крсти.
Гоца тогаш поентираше оти МВР не забележало во правниот промет фалсификувани пасоши, ниту на граничните премини, ниту на друго место и аферата со тоа ја стави ад-акта. Со други зборови, МВРО-ВМРО тогаш целосно ја минимизираше тајната работилница за пасоши и му се смееше в лице на „Фокус“, демек што откриле новинарите – некој се мајтапел, си печател лажни пасошчиња, божем играчки за по дома, а „Фокус“ за тоа тенденциозно ја прозива власта!
Но, „Фокус“ тогаш темелно анализираше дека од видеото може да се забележи турски пасош на жена родена во Македонија, кој веројатно послужил за од него да се направи македонска патна исправа. Со други зборови, посочивме на можен криминал, печатење македонски пасоши заради продажба, или можеби заради злоупотреба во изборниот процес, зашто странски државјани со овдешно потекло можеби се здобивале со наше државјанство за да гласаат и тука, а МВР сето тоа го посипа со пепел.
Така што, многу е сомнително и индикативно зошто Груевски и Фамилијата, братучедот и ендеклијата, тогаш не ја покренаа обвинителско-судско-полициската ергела со која командуваат за да ја откријат тајната фабрика за пасоши, односно да спречат, како што денес небулозно и налудничаво тврдат – СДСМ и „Фокус“ да им конструираат „фабрика за афери“!?
Дотолку повеќе што нашата редакција, односно новинарот Арсиќ тогаш во скопското обвинителство, под команда на режимската обвинителка Гордана Гешкоска, го достави видео-материјалот со снимка од тајната фабрика за пасоши и беше подготвен да ги раскаже сите детали за она што го знае, а во весникот објавивме повеќе анализи на експерти, форензичари и сл. за тоа што и кој би можело да се крие зад овој невиден скандал.
Та, нели е логично да се претпостави, оти доколку „Фокус“ имал какви било други мотиви, или учество во некаков заговор со СДСМ против Груевски и ДПМНЕ, каков што денес ни се припишува, попрво ќе ги криел снимките од тајната работилница, а не официјално да ги достави до обвинителството подготвен за целосна соработка со органите на прогонот на Фамилијата!?
И што сака да каже „врховниот курир“ со денешните обвинувања за наводна „фабрика за афери“ – дека неговото МВРО-ВМРО било тотално неспособно? Дека истражните органи, обвинителството и шпионската булумента на братучедот биле толку ништожни, штом лани не успеале да ја пронајдат „фабриката за афери на СДСМ и Фокус“?
Или, можеби, намерно не сакале ништо да преземат, од страв некој во нашиот неделник да не раскаже за криминалот – што е тајната работилница ако не криминално претпријатие – кој тешко оти се одвивал без во него да биле вклучени поединци или групи од МВР! Зашто, само МВР располага со комплетниот идентитет на македонските државјани, со нивните матични броеви, со оригинални фолии за заштитената страница на пасошите итн. итн. какви што забележавме на снимките.
Како и да е, тогаш Гоца и компанија изгледаа толку фитиљосани што некој им ја открива тајната работилница, без оглед дали во неа делувале обични улични криминалци или бандити со бели крагни и лавчиња на реверот, па им беше наједноставно да ја отфрлат аферата и да и се
потсмеваат.

[Image: zbogum-gordana-jankulovska.jpg]


НАВРЕМЕ СИ ГИ НАРЕДИЛЕ КАРТИТЕ

Но, види чудо! Откако речиси една година подоцна, во „Фокус“ осамна аферата за фалсификуваните лични карти, 105 на број, кои ни ги достави анонимен извор, шампионите на Фамилијата, како некој да ги збоднал со мамузи во слабините, веднаш почнаа да го прозиваат новиот технички министер во МВР, Оливер Спасовски, од СДСМ, експресно да откриел кој стои зад аферата.
Е, како, драги криминалчиња од ДПМНЕ, веднаш почна да ви оди во прилог брзо да се открие кој стои зад аферата со фалсификуваните лични карти, откако еднаш усти зачепивте, со патент ги затворивте кога беше муабетот за пасошите и за вашата министерка и за вашиот братучед во УБК? Како сега личните карти ви станаа толку важни, а пасошите не ви беа? Да не е дека во меѓувреме сте си ги „наредиле картите“ во тајната фабрика, за вам да ви ујдисаат, вам да ви се погодат? Како, а?
Се разбира, „Фокус“ не располага со разузнавачка агенција, ниту пак има капацитет каков што има полицијата за да открие кој, каде и за какви цели ги печател личните карти, но немавме дилеми дека станува збор за нов скандал од невидени размери и затоа новинарот Арсиќ неколку дена со ред темелно истражуваше консултирајќи безбедносни експерти, за да одгатнеме дали станува збор за лоши или за добро изработени фалсификати, и чешлаше на терен за да открие чии идентитети се украдени, кои се лицата што се повторуваат на дупликат личните карти, за какви цели би можеле да бидат испечатени фалсификатите, односно за што можеле да бидат употребени.
Тогаш се посомневавме дека личните карти најверојатно биле печатени за изборни цели. Зошто инаку еден лик би се повторувал на две или повеќе лажни лични карти со ист идентитет, исто име и презиме, ист матичен број, а различна адреса на живеење и зошто би се краделе идентитети на луѓе одамна иселени од странство? Но и покрај тоа, веднаш објавивме оти таквите фалсификувани нови идентитети сосе адресите ги нема во Единствениот избирачки список!
Проверивме онлајн во списокот и тоа го напишавме. Но, исто така посочивме оти за да се утврди со сигурност дали личните карти биле употребени на избори, треба да се проверат црните вреќи со оригиналните изводи од избирачките списоци за конкретните изборни места поодделно, кои ДИК ги чува во магацините на касарната „Илинден“, зашто можеби идентитетите од лажните лични карти дополнително биле уфрлани во избирачките списоци за овие фантоми луѓе да гласаат. Па, нели чувме од „бомбите“ како Миле Јанакиески се договара да ги отвора „црните вреќи“ за да провери дали неговите гласале за ДПМНЕ?
И во таа прилика, со фалсификуваните лични карти, како и претходно со пасошите, одговорно побрзавме 105-те фалсификувани примероци да им ги предадеме на надлежните органи. ВМРО-ДПМНЕ и куририте излажаа, за свои пропагандни потреби, дека личните карти сме му ги предале на министерот Спасовски, од СДСМ, а всушност ние во МВР му ги предадовме на директорот за јавна безбедност Горанче Савевски и на неговиот тим, на човекот кој е поставен од претходниот министер за внатрешни работи, а сега дополнителен заменик министер, Митко Чавков.
Зошто, значи, ако ја следите логиката, слично како и со пасошите, „Фокус“ би имал каков било мотив да им ги предаде фалсификуваните примероци од личните карти токму на луѓе во МВР што ги контролира Фамилијата, ако сакавме било што да криеме!? И зошто, ако СДСМ учествувал во таква ујдурма, во „фабрика за афери“ против власта за каква што го обвинува сега агит-пропот на Протогебелс ендеклијата, министерот Спасовски би дозволил „Фокус“ да соработува со остатоците на МВРО-ВМРО во неговото министерство и ним да им ги предава фалсификатите. За полесно да им овозможиме тие да го разоткријат заговорот на СДСМ и „Фокус“!?
Плус тоа, поради фактот што материјалот заврши повторно во скопското Основно обвинителство, новинарот Арсиќ беше повикан во својство на сведок и неколку часа одговараше на прашања на обвинителот. Зошто „Фокус“ воопшто би се изложувал на какво било иследување, тормозење пред органите на прогонот на Фамилијата, ако е учесник во фалсификување лични карти?! Нели би било пологично, ако веќе сме правеле нешто незаконито, фалсификат-личните карти, откако ќе ги објавевме, да ги скриеме или да ги фрлиме в ендек. Арно ама, ние не сме ендеклии како Протогебелс. Образ имаме, а не ѓон или куртон!
Патем, обвинителството од нашиот новинар скандалозно бараше да го открие аномниот доставувач на личните карти во „Фокус“, што е директно кршење на Уставот, односно на правото на новинарот и на медиумот на заштита на изворот на информации. Обвинителството, згора на тоа, ги побара камерите од околните објекти на седиштето на „Фокус“ за од нивните снимки да сме препознаеле кој доаѓал во редакцијата и кој ни оставал – пратки!? Како и да е, нашиот новинар соработуваше и ќе соработува со обвинителството со цел да се расветли овој врвен скандал, а никаква закана оти ќе биде повикан на распит нема да не поколеба во откривањето на вистината.
По кусо време, следуваше „бомба“- „откритие на ДПМНЕ“ оти личните карти не биле употребувани на избори!? ДИК потврдил дека не биле, зашто идентитетите ги немало во Единствениот избирачки список! А ние тоа го напишавме уште во првиот текст објавен во „Фокус“.
За жал, ДИК не провери во црните вреќи, но ВМРО-ДПМНЕ беше сигурна – и пастирот и куририте воскликнаа – „Фокус“ лаже! А ние стопати повторивме оти треба детално да се проверат и ликовите што се повторуваат на лажните лични карти, за да се испрашаат тие лица за што ги употребиле. Арно ама, МВР не можеше да провери кои се ликовите што се кријат зад дупликат личните карти, зашто една од машините АФИС-и, која служи токму за тоа – проверка и вкрстување на фотографии од граѓаните кои се во системот на МВР – лежи во подрумот, во магацините на полицијата – неупотреблива, зашто со неа Гоца „Шу прајш“ Јанкулоска не набавила и софтвер.
А зошто не набавила, па за да лови во матно, и за да се чека сега уште неколку месеци, додека МВР набави таков софтвер, за да може, како што е договорено за новите избори, да се направи проверка на сите фотографии на избирачите, за да не се повторуваат нивните идентитети (Според законот, Избирачкиот список ќе биде со фотографии на гласачите).
Значи, од каде можеше да знае Фамилијата кој и за што ги печател и за какви цели биле употребени личните карти и зошто побрзаа да го обвинат „Фокус“? Да не му кумувале самите на скандалот со печатење и местење на аферата?

Quote:[Image: kurur-620x495.jpg]


КАДЕ ВИ Е АДНАН СУМА, КУРИРИ ПАСТИРСКИ?

И така, доаѓаме до тепихот, до тој крунски или ако сакате, куртонски доказ, дека наводно „Фокус“ намерно и свесно учествувал во пласирањето на аферата со пасошите и личните карти зашто било јасно дека тие биле поврзани – преку тепихот. Се разбира, куририте се надеваат на силата на својата пропаганда, колку посилно и почесто ќе плукаат, толку повеќе ќе ни го избербатат ликот.
Арно ама, и врапчињата знаат оти веднаш откако полицајците, по налог на скопското обвинителство – сите од ред од Фамилијата, со светлосна брзина ја открија фабриката за фалсификувани лични карти, во домовите на Захир Беќири Чаушот и на Аднан Сума, и објавија список и фотографии од тоа какви се машини, предмети и материјал за фалсификување таму се пронајдени, „Фокус“ веднаш препозна дека станува збор за истите материјали и машини кои можеа да се видат на видеото од фабриката за пасоши.
Тоа и го објавивме. Значи, нам не ни беше потребен тепихот, како на куририте, за да видиме дека е во прашање истата фабрика, а сега, тие демек поентираат, како ние нешто да сме криеле!? Непрокопсаници!
Но, камо среќа тепихот да беше доказ за било што. Експресната акција на апсење на Чаушот и на Сума, заврши така што Сума беше уште поекспресно ослободен, а Чаушот беше испратен на одлежување стара затворска казна од шест месеци во Идризово.
Значи, за случајот со фалсификуваните лични карти, за пронајдените обрасци за лажни лични документи, оригинал фолии за пасоши и сл. немаше отворено никаков предмет, ниту пак некому му беше определен притвор.
Како и да е, Груевски и куририте на сите камбани се расчукаа дека ја откриле „фабриката за производство на афери“ на СДСМ. Клучниот доказ за тоа беше дека Чаушот бил долгогодишен член на СДСМ, факт што го потврди и Заев, и дека тој за потребите на опозицијата ја организирал целата афера за да го дискредитира Груевски. Притоа чувме од полицијата дека во становите на двајцата уапсени биле пронајдени повеќе видови материјали за фалсификување и машини, фотокопири и сл. што упатува на тоа дека и двајцата учествувале во производството на тајната фабрика. Но одеднаш, некако, преку ноќ, Сума исчезна од фокусот на курирско–пастирската јавност а Чаушот стана главна ѕвезда за отстрел на Заев, на СДСМ и „Фокус“? А зошто исчезна Сума?
Е па, медиумите објавија дека Сума бил и порано обвинуван и против него имало и судски процес за фалсификување документи, при што се споменуваат косовски универзитетски дипломи. Подземјето него го поврзува со матни дејанија во минатото и за соработка со структурите на МВР изминатите неколку години владеење на Фамилијата.
Сума тенденциозно се огласи преку Фејсбук за да каже дека не ги познавал господата Мијалков и Груевски, како што некој му префрлил, а јавно го пофали СДСМ, Заев и Спасовски, зашто демек верувал во нив. Зад неговиот памфлет можеше да се препознае класична местенка на ВМРО-ДПМНЕ и Фамилијата насочена против опозицијата. Сума продолжи да отсуствува и него го нема до денешен ден во нарачаните блуеници на куририте. Зошто, а курирчиња? Зинете да ви кажам! Така ви наредиле, него да не го чепкате!
Да се разбереме, „Фокус“ не можеше да знае, ниту пак да открие, кој и за какви цели ги печател личните карти и пасошите. По „бомбите“ нам не ни остана ништо друго туку да се сомневаме дека на такви операции за изборни цели била спремна владеачката партија. Но тоа, сепак, оставивме да се докаже, откако ќе се направи вистинска истрага.
Арно ама, скептици сме дека целосно разоткривање на аферата е искрена намера на ВМРО-ДПМНЕ и на Фамилијата. Од експресното апсење на Чаушот, до јавното оцрнување на „Фокус“ и драматичните прозивки дека СДСМ е нарачател на фалсификат-личните карти, за да ја дискредитира власта, како Груевски да не е доволно црн и без тоа, разбравме оти е многу поверојатно дека токму Фамилијата стои зад целата местенка.
Сосема е логично и возможно, по откривањето на фабриката за пасоши, МВРО-ВМРО да го организирала своето криминално подземје, да испечати и на „Фокус“ да му подметне десетици лажни лични карти, афера со која потоа ќе мафта дека ја стокмила опозицијата и „нејзиниот“ медиум за да го исфлека Груевски, чистунецот антикорупциски!
Каква е улогата на Чаушот во таа операција, кој е член на СДСМ, но осудуван за кривични дела, да се надеваме оти ќе разбереме, кога тој ќе излезе од затвор или ако се појави во некаков судски процес за оваа афера.
Но каква е улогата на Аднан Сума и какви биле неговите врски со МВРО, исто така е многу важно да разбереме. Кога Специјалното обвинителство ќе го преземе случајот, а тоа ќе мора да се случи, зашто истрагата објави дека во „фабриката“ се пронајдени десетици илјади снимки од прислушувани разговори, кои сега демек се вештачат, се надеваме дека многу полесно ќе се открие кој, кого и за што го местел.
Сепак, силен индикатор дека може да станува збор за местенка на ВМРО-ДПМНЕ пар екселанс, е информацијата која летово дојде до „Фокус“, според која, до еден друг критички медиум стигнале тајни документи, кои посочуваат дека првите луѓе на Фамилијата, меѓу кои и братучедот Мијалков, наводно имале сметки со милионски суми во долари или во евра во швајцарска банка.
Шпекулациите беа објавени на повеќе фејсбук статуси и несериозни блогови и веб-сајтови, но критичкиот сериозен портал кој ги поседувал, сепак не ги објави споменатите документи. Причината за тоа, според нашите информации, е што нивната автентичност не можела да се потврди.
А ако добро паметите, во фабриката за лични карти и пасоши, во рацијата на становите на Сума и Чаушот, полицијата меѓу другото пронајде и сметки, обрасци, свифтови од швајцарски банки, со милионски суми на имиња од владеачката партија, меѓу кои се спомнуваа првите луѓе на Фамилијата. Куририте тогаш објавија, дека ете, СДСМ имал намера да ги дискредитира и сатанизира Груевски, Мијалков, Јанкулоска дека украле милиони од буџетот кои ги скриле во Швајцарија. А како може некој да ги обвини дека тие се криминалци, кога се чисти како солза, нели?
Арно ама, лажните лични карти не се хипотетички швајцарски сметки чија автентичност мора да се проверува и во Швајцарија, што секако е тешка, неизводлива операција. Личните карти беа испечатени, што се вели „живи“, нив ги имавме в раце сосе автентичните матични броеви и сосе фотографиите на истите дупликат и трипликат ликови. „Фокус“ имаше професионална новинарска задача, откако ги добивме, да ги објавиме, да се обидеме да одгатнеме за какви цели биле печатени, да истражиме на терен – се сомневавме оти биле наменети за избори – а потоа да им ги предадеме на надлежните органи и да чекаме истрага. Тоа и го направивме.
Но Фамилијата и куририте веднаш почнаа да скокаат од радост. Триумфално. Почнаа силно да викаат „Држте го крадецот“? А што мислите, кој најгласно вика – „Држте го крадецот?“ Па, крадецот, се разбира!

[Image: Jankuloska-i-Grujo-620x409.jpg]

МЕСТАЧИ ПО ВОКАЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-МВРО имаат сериозно досие и искуство на груби полициски местенки кога станува збор за пресметката со опозицијата и неистомислениците. Да не заборавиме оти речиси сите поистакнати политички, синдикални и други лидери кои им се спротивставија изминативе неколку години, доживеаја понижување, судски процеси, јавно беа жигосани, а некои завршија зад решетки.
Таков беше случајот со млекарот Душко Илиевски, кој и се спротивстави на власта за криминалот во „Сведмилк“, за потоа да му наместат афера дека наводно одгледувал стебла марихуана во дворот. Го затворија заедно со татко му, за на крајот да биде правосилно ослободен. Сличен беше случајот со предводникот на протестите на тутунарите Кире Неделковски, кој одговараше заради наводна обљуба на малолетничка – во случај кој на суд самиот го негираше, но сепак доби шест месеци затвор, што за такво кривично дело е блага казна, ама политички воспитна!
Аферата „Кампања“ на Љубе Бошкоски, кога еден ден по изборите во 2011 г. беше наместен со полициски обработени „паричиња“ да прими партиска донација од 100.000 евра во кеш е веќе евергрин. Во „бомбите“ го слушнавме Мијалков како се фали – „јас реков дека ќе апсам по избори“! Многу помонструозна е местенката за „Ровер“, каде што Љубе го товари фамилијарен бандит, кој тврди дека слушнал разговор оти тој наводно го наредил убиството на Марјан Тушевски. Разбравме во меѓувреме исто така, како се наместени синдикалистот на Клиничкиот центар д-р Дејан Ставриќ, кој беше предводник на штрајкот на лекарите, за потоа да заврши со лисици, класична местенка со мито за наводна помош за обезбедување инвалидска пензија.
Случаи има неброено, од „бомбите“ чувме како членови на Фамилијата договараат испраќање инспекции од УЈП во одредени непослушни фирми блиски до опозицијата, за да ги глобат, и се надеваат дека таму „ќе има пиштење, вриштење“.
Ако ѝ застанете на пат на Фамилијата и на Груевски,  ДПМНЕ е подготвена да ја вклучи веднаш во погон фабриката за местење на политичките противници. За неа работат сите државно-партиски институции. И судството, и обвинителството, и органите на прогонот и Комисијата за лустрација, и Управата за јавни приходи. Ќе ви најдат нешто во минатото, ќе ви наместат нешто денес, ќе ве обвинат за настан кој треба да се случи во иднината! Тие се господари на криминалот.
Во разговор со обвинители, деновиве добивме предупредување, дека како новинари треба да бидеме исклучително внимателни – да не прифаќаме пари на заем од луѓе кои би можеле да бидат наши соговорници, за да не не обвинат за новинарски рекет, да не се договараме со непознати дојавувачи на теми и афери надвор од редакцијата, за да не ни подметнат пари во документите, да не прифаќаме никакви интимни излегувања, пијанки со жени и девојки кои недоволно ги познаваме, за да не не обвинат за сексуално насилство… Списокот на местенки со кој располага Фамилијата е безграничен. Се разбира, ние не се плашиме, зашто вистината е како шило.
01-02-2016, 07:47 AM
Reply