Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЛАЖНИ ЛИЧНИ КАРТИ!!ВИСТИНА ИЛИ МЕСТЕНКА ЗА НОВИОТ МИНИСТЕР??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:[Image: Lichni-Karti.jpg&h=auto&w=620&zc=1]
30.000 лажни лични карти за победа на избори!

Тајна фабрика за изработка на лични документи во Шуто Оризари и во Штип

Фокус 20 ное 2015, 12:19

На две тајни локации во Шуто Оризари и во Штип биле изработени повеќе десетици илјади фалсификувани лични карти, најверојатно за изборни цели, во текот на минатите избори.
Извори на „Фокус“ велат дека 30.000 лажни лични карти сѐ уште постојат и се соодветно складирани, а до нас доставија 105 примероци.
Најголемиот дел од личните карти со кои располагавме, а потоа ги предадовме во МВР, беа во парови, со ист лик, име и идентитет, но со различни адреси, што значи дека најверојатно биле издавани за да послужат за повеќекратно гласање.
Забележавме и случај на ист лик кој се наоѓа на шест лични карти, кој има три различни идентитети и матични броеви и шест различни адреси!
Нашите извори велат дека во печатењето фалсификувани лични карти била користена базата на податоци на МВР, а во тајниот проект учествувале и полициски функционери.
Скандалот ги зголемува сомневањата дека на минатите избори е направен голем изборен фалсификат и со него ќе се занимава новиот министер за внатрешни работи, а поради тоа што и во „бомбите“ се споменуваат лажни лични карти, специјалното обвинителство бездруго ќе мора да отвори истрага
Пишува
Љубиша АРСИЌ
23-11-2015, 11:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote: МВР ќе ги испита тврдењата за лажни лични карти


 23 ноември 2015

[Image: 219108]
Полицијата и обвинителството работат на расчистување на случајот со лажните лични карти. Така вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако неделникот „Фокус“ објави дека дошле до над сто вакви фалсификувани исправи, кои потоа им ги предале на надлежните

„Според информациите кои ми ги дадоа на мене, има веројатно такви лични карти од повеќе градови низ Македонија и најсоодветно е да го работи одделот за Организиран криминал. Веднаш после тоа е известено јавното обвинителство на РМ при што е дадена наредба за вештачење. Вештачењето на хартијата, на буквите итн. за да се утврди дали навистина се фалсификат личните карти. Ако се фалсификат, кој тоа го направил итн.“, вели Спасовски.

Новинарот Љубиша Арсиќ во својот настап за вечерашното издание на 360 степени, вели дека изворот кој му ги дал 105-те фалс лични карти тврдел дека постојат околу 30 000 вакви лажни документи. Според него, полицијата покажала голем интерес за случајот, бидејќи разговорот при пријавувањето траел барем три часа, меѓудругото и со високи функционери на полицијата.

„Но, со оглед на сериозноста на случајот бев упатен и примен од Директорот на Бирото за јавна безбедност. Лично директорот. Иако таа средба беше пет до десет минути кратка тој лично се заинтересир за случајот. Констатираше дека се работи за сериозен фалсификат. Веднаш во неговата канцелерија беа повикани повеќемина инспектори, некои началници кои се занимаваат со фалсификување на лични исправи, лични документи. За потоа да дојдат уште неколкумина така што се направи една група за да на крај целиот случај да премине во рацете на двајца инспектори“, вели Љубиша Арсиќ- новинар во неделникот „Фокус“.

Според анонимниот извор на „Фокус“, личните карти биле користени за изборни малверзации. Односно, постојат и по шест лични карти на лице со иста слика, но со различни податоци за адреса, име, презиме и место на живеење. Иако личните карти се лажни, матичните броеви напишани на нив се валидни според избирачкиот список на Државната изброна комисија. Практично, ако не се забележи фалсификатот, со документот потенцијално може да се гласа.

ALSAT-M
(This post was last modified: 23-11-2015, 11:35 PM by ЈорданПетровски.)
23-11-2015, 11:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3



24-11-2015, 01:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Спасовски нареди итна истрага за личните карти


[Image: Grujo-Frosina-Oliver.jpg&h=auto&w=620&zc=1]

Ова е еден од случаите што е сериозен, еден од случаите што мора итно да биде процесуиран, мора да има разрешница

Фокус 24 ное 2015

Полицијата и обвинителството работат на расчистување на случајот со лажните лични карти кој го обелодени неделникот „Фокус“, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вчерашните интервјуа на 24 Вести и на АлсатМ.
„Ова е еден од случаите што е сериозен, еден од случаите што мора итно да биде процесуиран, мора да има разрешница. Точно е дека неделникот Фокус отвори една тема за фалсификување на личн ите карти. Знаеме и дека еден дел од Вистината за Македонија, тн. „бомби“ имаше сознанија дека е можно во Македонија да се случува фалсификување на лични карти. Беше пријавено во МВР случај во кој се вели дека има сомнение за фалсификат на лични карти. Точно е дека новинар на Фокус, дојде во МВР, беше примен од директорот за Јавна безбедност и понатаму разговараше со инспектори во Одделот за организиран криминал“ изјави Спасовски,
Тој потенцираше дека веднаш откако Арсиќ ги предл личните карти, после тоа е известено Јавното обвинителство на РМ при што е дадена наредба за вештачење.
„Вештачењето на хартијата, вештачење на буквите итн. за да се утврди дали навистина се фалсификат личните карти. Ако се фалсификат, кој тоа го направил итн. Значи, целата таа постапка во МВР“ – вели министерот Спасовски.
Фокус веќе напиша дека на две тајни локации во Шуто Оризари и во Штип биле изработени повеќе десетици илјади фалсификувани лични карти, најверојатно за изборни цели, во текот на минатите избори.
Извори на „Фокус“ велат дека 30.000 лажни лични карти сѐ уште постојат и се соодветно складирани, а до неделникот доставиле 105 примероци.
Личните карти, се во парови, со ист лик, име и идентитет, но со различни адреси, што значи дека најверојатно биле издавани за да послужат за повеќекратно гласање.
Новинарите на Фокус забележале и случај на ист лик кој се наоѓа на шест лични карти, кој има три различни идентитети и матични броеви и шест различни адреси!
Според изворите на неделникот во печатењето фалсификувани лични карти била користена базата на податоци на МВР, а во тајниот проект учествувале и полициски функционери.
24-11-2015, 02:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



26-11-2015, 03:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Украдени или донирани идентитети?

Катерина Блажевска Мој термин

Фактот дека како носители на фалсификуваните исправи, „по дефиниција“ се избирани лица кои одамна живеат во странство, индицира дека постои добро осмислен систем за изборот на „жртвите“. Но и дека тоа може да го знае само некој што располага со такви официјални податоци.
[Image: Katerina%20Blazevska%20kolumna.jpg]
Прво беше „фабрика за пасоши во приватен стан“... Сега „фалсификувани 30.000 лажни лични карти“. МВР ќе покрене истрага за посочените сознанија и доставените докази, но по двете откритија објавени од „Фокус“, она што мора да се направи е да се вклучи алармот на сите институционални нивоа во земјава.
Македонија ја делат нецели пет месеци од вонредните парламентарни избори, како круна на Договорот од 2 јуни. Дотогаш треба да бидат елминирани сите сомнежи и потенцијални опасности за нарушување на довербата во регуларноста на избирачкиот процес.
Прочистувањето на Избирачкот список, кое треба да се реализира со теренска проверка на податоците и нивно вкрстување со други институционални бази на податоци, не е ни започнато. Времето што останува до изборите може да се смета за кратко, имајќи предвид дека тековната работа сега ќе биде обременета и со истрага за фалсификати.
Откако и други медиуми започнаа да го истражуваат посочениот идентитет на некои од сопствениците на спорните документи, на површина излегуваат првични индиции дека е можно да се работи и за скандал со пошироки димензии.
Фактот дека како носители на фалсификуваните исправи, „по дефиниција“ се избирани лица кои одамна живеат и работат во странство, индицира дека постоел добро осмислен систем за изборот на „жртвите“. Но и дека тоа може да го знае само некој што располага со такви официјални податоци.
И по обелоденувањето на случајот „фалсификувани пасоши“, дел од имињата на патните исправи што можеа да се видат на снимката во тајниот стан, според неформални експертизи, довеле до сознание дека станува збор за лица од втора генерација претставници на една помала етничка заедница, иселени од Република Македонија.
Прашањето е како стигнале идентитетите на нивните потомци во некоја овдешна база на податоци? Дали станува збор за украдени или за „донирани“ идентитети? Првото е невозможно во поголем обем. Второто е возможно, но претпоставува дека тоа можело да се случи само ако нивните податоци се отстапени од надлежна институција во земјата во која живеат, на надлежната институција во земјата каде што живееле нивните родители пред да се иселат. Значи од земјата „икс“ во земјата Македонија.
И овие лични карти, и тие пасоши, според првите индиции имаат ист заеднички именител: нивни носители се лица кои не живеат во Македонија, имаат законска основа да ги поседуваат, никогаш не доаѓаат да гласаат и немаат можност да дознаат дека нивни податоци се искористени за изборни цели, а уште помалку дека нивниот идентитет фигурира и на различни адреси, со што можеле повеќе пати да „гласаат“.
Ако истрагата утврди дека овие идентитети се резултат на комбинација од „пријателска донација“ и домашна „креативност“, ако станува збор за „инвестиција“ од држава со која Македонија има туристичка, културна, економска и особено образовна соработка (во еден случај операционализирана и преку нелегален трансфер на кеш во кутија за обувки), тоа може да биде скандал кој ќе ги надмине домашните рамки и ќе добие меѓународни димензии.
И на изборите во Босна, на пример, сосема случајно беа откриени случаи на слична „кражба на идентитет“, но не добија судски епилог. Државите во кои владее правото, одамна се имаат изборено против инструментализацијата на безбедносниот сектор за изборни и други цели. Тој проблем го имаат само земји со илиберална демократија, во кои преку инсталирање роднински кланови во безбедносниот систем, на тој сектор му даваат изразена лично-семејна димензија, а често и надинституционална. Ставањето на безбедносните институции во служба на лични и партиски интереси го урива, односно не го дозволува воспоставувањето на демократскиот поредок.
ВМРО-ДПМНЕ вчера го повика „техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да не одолговлекува и да се зафати со разрешување на наводниот случај за 30.000 фалсификувани лични карти“, потсетувајќи дека до изборите остануваат уште 149 дена.
Ако навистина се заинтересирани не само за брза туку и за ефикасна истрага, сега на „техничкиот министер“ треба да му одговорат на едно „техничко прашање“: зошто во мандатот на министрите за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, (Јанкулоска и Чавков), 14 месеци не функционирал АФИС-системот, кој служи за споредба и проверка на отпечатоци од прсти? Како единствената институција која треба да има опрема за читање биометриска документација е доведена во таква ситуација?
А тоа колку денови остануваат од избори и кој ќе влезе во изборната трка, ќе зависи од она што ќе го открие истрагата. Дотогаш, можеби некои од изборните тркачи ќе мора да преминат само во категоријата гласачи и тоа од оние кои гласаат еден ден пред изборите. Не мора да потенцирам која е таа категорија. Доволно е да се каже дека тоа се оние кои најмногу ги бројат деновите.
27-11-2015, 03:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:  
[img=0x0]http://ireklama.mk/ads/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=2&loc=http%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmakedonija%2Fvesti%2F222274-Cavkov-Za-da-bide-minister-vo-MVR-Spasovski-treba-da-zaboravi-na-percepcijata-Generalen-sekretar-na-SDSM-&referer=http%3A%2F%2Fwww.kurir.mk%2F&cb=e95d313d68[/img]
Чавков: За да биде министер во МВР, Спасовски треба да заборави на перцепцијата Генерален секретар на СДСМ

Сабота, 28 Ноември 2015 16:11

[img=0x0]http://ireklama.mk/ads/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=77&loc=http%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmakedonija%2Fvesti%2F222274-Cavkov-Za-da-bide-minister-vo-MVR-Spasovski-treba-da-zaboravi-na-percepcijata-Generalen-sekretar-na-SDSM-&referer=http%3A%2F%2Fwww.kurir.mk%2F&cb=942b4614a0[/img]
Целта на Спасовски е случајот со фалсификуваните личните карти да се поврзе со шпекулациите на некои медиуми, за претходните теми за фалсификување на избори, смета заменик министерот за внатрешни работи, Митко Чавков во интервју за Алфа.

[Image: cavkov.jpg]
Крајната цел, вели тој е компромитација на изборниот процес и тоа е агендата која се обработува, преку инструментализација на МВР.

-Дефинитивно случај за фалсификување на лична карта може да се реши за еден ден и да се извештачи. А од друга страна не е нешто што не е познато а се однесува на крадење на идентитет  и правење на фалсификувани лични документи, без разлика дали е тоа лична карта или патна исправа. Тоа е нешто што е константа во криминалното работење. Спорно е што однапред се прејудицира и се настојува да се поврзе случајот  на 103 лични карти, или колку и да се пријавени и да се доведе во релација со изборни нерегуларности, вели Чавков.

Ако треба да се направи истрага, истрагата треба да биде многу концизна, кратка и ефективна, вели Чавков.

-Да се одговори на прашањето за што се работи дали постои или не постои кривично дело, поврзано со вештачењето на личните карти, доколку се потврди дека личните карти се фалсификувани. Неспорно е дека се работи за груб фалсификат. Второ прашање на кое треба да се даде одговор е дали тие лични карти биле употребени во избирачкиот процес. И тоа е клучното прашање на кое МВР треба претходно да одговори, бидејќи доколку се потврди тоа, истрагата зема сосема друга димензија, вели Чавков.

Тезата дека овие лични карти, продолжува Чавков, биле користени во изборниот процес нема да се потврди, па сега се врти кон други елементи во рамки на истрагата. Доколку се употребени истрагата добива нова димензија а доколку не се употребени добива сосема различна димензија.

-Навистина треба кратко време за да се расчисти оваа дилема, за да не се остава во јавноста простор и да не се прават спинувања со однапред прејудицирања дека овие лични карти се поврзани со фалсификување на избори, вели Чавков.
29-11-2015, 12:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:Спасовски: Утврдивме дека личните карти се фалсификат, украден е идентитетот на над 90 граѓани 

30/11/2015 
[Image: Screenshot_416-684x320.jpg]

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потврди дека се фалсификат личните карти доставени до Министерството од страна на новинарот на неделникот „Фокус“. До Министерството, рече тој, се доставени 105 примероци и од нив е утврдено дека на над 90 граѓани им е укратен идентитетот. Истрагата, посочи, треба да покаже кој ги фалсификувал исправите, за која цел, кој дала наредба и дали биле искористени во изборниот процес.

-Истргата ја води Јавното обвинителство согласно законските прописи не МВР. Во МВР беше пријавено дека постои индиција за фалсификување лични карти. Се работи на истрагата на наредбите кои ги дава јавниот обвинител. За сега првичното вештачење е завршено и е утврдено дека хартијата е фалсификат и дека од тие 105 примероци на 90 луѓе им е украден идентитетот. Се однесува на граѓани од Куманово, Кичево, Штип, Гостивар. Врз основа на наредбата на јавниот обвинител се вршат проверки во ДИК и во Завод за статистика да видиме дали биле употебени и дали се користени за други цели. Најважно е да имаме квалитетна истрага која ќе даде одговор на прашањето кој ги фалсификувал, зошто, под чија наредба. Ние дознавме за аферата од проектот „Вистина за македонија“. Во неколку разговори се насочуваше дека се издаваат лични карти. Ова не е нешто ново што пред неколку дена сме го дознале – рече Спасовски одговарајќи на прашање од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
Пратеникот рече дека не му било одговорено кога министерот очекува да добие детали од истрагата кои ќе може да и ги соопшти на јавноста за да се тргне, како што рече, сомнежот и шпекулацијата за наводно фалсификување на лични карти и наводни манипалции во изборниот процес.
Маја Васева
01-12-2015, 04:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Чавков: Личните Карти не се Користени за Изборите, а Лицата ги Нема во Избирачкиот Список

 December 9, 2015
[Image: mitko-cavkov-1-600x264.jpg]


Сто и петте лични карти кои беа откриени од страна на одредени медиуми и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека се печатени во печатници за Скопје, Штип и Свети Николе не се користени за време на изборите и ниту едно од наведените лица не се наоѓаат на Избирачкиот список, истакна заменик министерот за внатрешни работи, Митко Чавков при денешното отворање на информативниот Центар за превенција на СВР-Штип во зградата на Општина Штип.

Тој потенцира дека тоа е потврдено и од Државната изборна комисија при увидот и на пишаните и на компјутерските документи, како и истрагата на вработените во Одделот за организиран криминал по наредба на Јавното обвинителство.
Според него, така се елеминира тезата или целата таа конструкција оти се искористени за изборни цели.
– Меѓутоа остануваат сепак две прашања, кои треба да добијат одговор. Тоа се прашањата кој го има направено тоа и зошто го има направено тоа? Јас се надевам и сум уверен дека професионалните структури во Министерството за внатрешни работи ќе успеат да одговорат на овие две прашања. Треба да бидеме трпеливи и секако веројатно ќе се расчисти, која било позадината на таа конструкција, вели Чавков.
Тој истакна дека за прашањето за личните карти, како дел од евентуални изборни нерегуларности, не треба да се занимаваат министер за внатрешни работи или заменик министер, туку тоа се теми на тактичко ниво.
– Ние во МВР имаме искучително развиени професионални структури, кои на сосема ефективен и ефикасен начин го спроведуваат законот и спроведуваат ефективни истраги. Во тој контекст, можам само да прокоментирам дека начинот на кој беше отворен случајот преку најава во медиуми, па преку пишување во медиуми, па преку изјави на министерот за внатрешни работи, беше очигледно со намера да се креира една атмосфера или да се стекне едно мислење оти овие лични карти се искористени за изборни цели. Се разбира дека тоа нема политичка цел и интенцијата беше да се стекне впачаток оти е дел од долго најавуваните нерегуларности, рече Чавков.
10-12-2015, 10:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Милошоски: Личните карти се фалсификувани за потребите на СДСМ



Фабрикуваниот случај со личните карти всушност е обид за создавање алиби на СДСМ за поразот што ги очекува во април, вели Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

[Image: mkd-229545.jpg?itok=C8XGjgbx]

„Овие фабрикувани и фалсификувани лични карти биле употребени само за едно нешто - тоа е СДСМ да продуцира нова афера, да се фрли дамка на изборите, да се создаде основа за барање на нови избори, да се создадат алиби и оправданија на СДСМ за десетиот по ред изборен пораз кој ги очекува во април следната година.
Според заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков, фалсификуваните лични карти воопшто не биле употребувани од никого ниту за гласање, ни пак за влез или излез од земјава, ниту во кој било друг правен промет на некој граѓанин.
„Јавноста ги слушна овие факти преку медиумите, но за жал, не ги слушна преку техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Г-не Спасовски, ако мислевте да сокриете и да одмолчите, вистината нема да се сокрие и да одмолчи. Ако Господинот Спасовски мислеше дека вистината нема да допре до граѓаните и до јавноста, и дека ќе остане да виси сомнежот од аферата дека фалсификуваните лични карти што ги објави неделникот Фокус, можеби биле употребувани на изборите, сепак, фактите се позначајни од манипулациите. Оливер Спасовски мислеше дека ако остане сомнежот, тогаш граѓаните нема да сфатат дека можеби единствената цел на оваа афера била токму да се нарушува угледот на институциите и на државата Република Македонија, се со цел да се покрие изборниот неуспех во минатото и во иднина на СДСМ“, рече Милошоски и повторно го повика Спасовски да одговори кој стои зад аферата фабрикувани лични карти?!
„Кој ја пласира оваа афера, со оглед на тоа што се работи за медиум близок на вашата партија? Кој нарачал да се изработат овие фалсификувани лични карти? Кој одлучил тие да бидат предадени токму на неделникот Фокус, близок до СДСМ? И кој одлучил дека е добро, и Фокус и Вие како технички Министер да отпочнете медиумска кампања без да имате каква било потврда за сомневањата дека фалсификуваните лични карти биле употребени или злоупотребени од некого за гласање? Г-не Оливер Спасовски, дали сфаќате дека Вие и неделникот Фокус усогласено ги обвинувате и понижувате вработените во МВР каде што сте технички министер? Ова е недостојно однесување“, рече Милошоски и од Спасовски побара извинување на целокупната јавност. 
10-12-2015, 10:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:ОЈО го предупреди Чавков дека открива детали кои се тајна во предистражна постапка 

Објавено: 16:58, 09/12/2015


[Image: cavkov-mitko.jpg]
206

FacebookTwitter

Заменик министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска пред јавноста откри детали кои се тајна во предистражната постапка за фалсификување на личните карти и со тоа го прекршил Законот за кривична постапка. Од јавното обвинителство денеска соопштија дека постапката е се уште во тек и не можат да обелоденат ништо конкретно.
“Основното јавно обвинителство – Скопје како стварно и месно надлежно обвинителство согласно законската регулатива, оформи предмет за настанот со наводно фалсификувани лични карти.
Во тек е предистражна постапка во која досега е прибавена релевантна писмена документација и потребни податоци. Во тек е спроведување на истражни дејствија, за кои во моментов не сме во можност да споделиме детали.
Имено, согласно член 289 од Законот за кривична постапка „сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна.“, велат од таму.
Инаку Чавков денеска изјави дека Државната изборна комисија и јавното обвинителство потврдиле оти фаслификуваните лични карти не се користеле во изборните процеси и дека имињата кои се носители на овие исправи не фигурираат во избирачкиот список.
11-12-2015, 02:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote: Интервју
Спасовски – Квалитетна, а не брза истрага за фалсификуваните лични карти


Не треба да имаме брза истрага, туку напротив, треба да имаме квалитетна истрага којашто ќе покаже кој тоа го направил, зошто го направил, дали го направил по нечија наредба, за што биле употребени овие фалсификувани лични карти, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

http://www.makdenes.org/media/video/27420831.html


Фросина Димеска
13.12.2015

Министре Спасовски, во врска со аферата за личните карти, вашиот заменик Митко Чавков излезе со информација дека тие досега не биле користени за избори. Информацијата што произлезе од вас е дека спроведувате детална истрага. До каде е всушност работата, што сè откривте во врска со таа афера досега?

Јас тоа го кажувам неколку пати. Кај нас е пријавено дека постојат сомненија за фалсификување лични карти, потврдено е дека тие се фалсификат, истрагата ја води Јавното обвинителство, доставени се сите потребни барања од страна на јавниот обвинител за да се обезбедат сите можни податоци и информации во однос на оваа афера со фалсификувани лични карти. Мојот став и денеска е дека мора да имаме квалитетна истрага. Не треба да имаме брза истрага, туку напротив, треба да имаме квалитетна истрага којашто ќе покаже кој тоа го направил, зошто го направил, дали го направил по нечија наредба, за што биле употребени овие фалсификувани лични карти итн., бидејќи самото фалсификување на лични карти, патни исправи или какви било други документации е недозволиво. Токму во таа смисла мислам дека пребрзана е реакцијата дури и на господинот Чавков, во овој момент кога се води истрагата да соопштуваме детали коишто не смееме да ги соопштуваме врз основа на закон.
Точно ли е тоа што го кажа господинот Чавков?
Јас навистина не знам дали е точно, бидејќи има извештаи коишто се доставуваат до Јавното обвинителство и јавниот обвинител ќе ги даде информациите што е фактичката состојба во однос на ова прашање, меѓутоа МВР и одделот за организиран криминал интензивно работи на расчистување на целиот случај и тогаш кога јавниот обвинител ќе процени дека треба на јавноста да и ги соопшти деталите, да излезе со извештај за тоа што е пронајдено, тоа ќе биде информацијата којашто ќе биде веројатно споделена со сите, така што нема потреба од избрзување и давање изјави. Повторно како да сакаме предвремено нешто да затвориме, како да сакаме нешто можеби да прејудуцираме во целата оваа постапка, што не е добро за истрагата. Јас тоа го кажав и на почетокот, ова е сериозна афера, којашто мора сериозно да биде истражена заради угледот и на Македонија и на МВР. Инаку, постапувајќи по некакви лични и тесно партиски интереси, не поставувајќи се во интерес на граѓаните и на МВР, претставува сериозен проблем.

Дел од медиумите сега ве обвинуваат дека се опкружуваат со партиски војници. Каква гаранција им нудите на граѓаните дека овој пат МВР нема да стане СДСМ-МВР?

Тоа е основен принцип за којшто се залагам и тоа е начинот на којшто работам и ќе работам и понатаму. Апсолутно е недозволиво МВР да го поистоветуваме со која било политичка партија. Јас тоа нема да го дозволам во ниту еден случај, ниту СДСМ да се наметне во начинот на функционирањето или делувањето во МВР. Исклучиво мораме да ги почитуваме законските норми, професионалноста на службата, интересот на граѓаните, интересот, стабилноста и безбедноста на Република Македонија и навистина, сите луѓе, коишто се советници во кабинетот, се луѓе коишто се долгогодишни професионалци во МВР. Секој има право да ги именува во некаква политичка битка дека се припадници на една или друга политичка партија, меѓутоа јас тврдам дека се пред сè големи професионалци коишто си ја познаваат работата и коишто имаат една и единствена цел којашто ја имам и јас, тоа е професионализација и декриминализација на полицијата или деполитизација во краен случај.

Многу прашања поврзани со Договорот од Пржино не се реализирани според роковите. На ред е и прочистување на Избирачкиот список, каде што дел од ингеренциите има МВР. Мислите ли дека ќе се стигне сè да се заврши навреме до изборите?

Врвен приоритет мора да биде реализација на Договорот од Пржино. Навистина ме загрижува тоа што изостанува политичката волја кај одредени политички субјекти роковите да бидат запазувани. Тоа покажува уште еднаш дека партиската цел се става пред државната, пред националната и тоа е сериозен проблем. Најважно од сè е што ние мораме, по секоја цена, да обезбедиме фер и демократски изборен процес во кој граѓаните ќе можат да донесат вистинска одлука.
 
Целото интервју со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски може да го погледнете на видеото на почетокот на тектот.
13-12-2015, 01:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:ОЈО: Откриена e тајната работилница за фалсификување лични карти, приведени три лица

Вести 19 December 2015 16:29

[Image: Licni-karti.jpg]

Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи во предметот за фалсификуваните лични карти, презеде низа мерки и активности за расветлување на настанот.
[Image: OJ-Obvinitelstvo.jpg]
-Во вршење на истражни дејствија, во тек на вчерашниот ден, успешно е спроведена акција по наредба на јавен обвинител, во која е пронајдена тајната работилница каде е вршено фалсификувањето на документите. Станува збор за обемен материјал, опрема и апаратура која се користела за изработка на фалсификуваните лични карти и други документи. Пронајдениот материјал е одземен и е предмет на натамошна анализа и истражување. За овој настан приведени се три лица, но постојат индиции и за инволвирани други лица и за сторени други кривични дела.
Повеќе информации од јавното обвинителство најавуваат во текот на следните денови.

ZURNAL
22-12-2015, 06:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote: Алфа ексклузивно – лице, дел од структурите на СДСМ, приведено за аферата „фалсификувани лични карти“

Полицијата го откри погонот за фалсификуваните лични карти. Како што дознава Алфа едно лице дел од структурите на СДСМ е приведено под сомнение дека стои зад аферата со фалсификувани лични карти, која неодамна ја објави неделникот „Фокус“.
19.12.2015 15:39:38
[/url] [url=http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=103404#]37
[Image: %5CUpload%5C%5CVesti%5Clicna-karta-fals1...153722.jpg]

Полицијата го откри погонот за фалсификуваните лични карти. Како што дознава Алфа едно лице дел од структурите на СДСМ е приведено под сомнение дека стои зад аферата со фалсификувани лични карти, која неодамна ја објави неделникот „Фокус“. 

Според инфоrмациите на Алфа  полицијата во текот на вчерашниот ден во координација на ЈО го расчистила случајот кој што го објави Фокус и медиумски го експлоатираше СДСМ. Нашиот извор посочува дека по наредба полицијата извршила  претрес во 2 објекти во Скопје каде е откриен погон и внатре се откриени фалсификувани лични карти, пластични обрасци, фолии за пластифицирање, машини за производство на фалсификат лични карти и пасоши. Полицијата при претресот  одземала и неколку компјутери на кои според нашите информации имало лични податоци фотографии за изработка на документи како и аудио фајлови како и други податоци важни за натамошната истрага. Според извори на Алфа приведени се неколку лица за кои постои сомнеж дека се вмешани во аферата меѓу осомничените и и лице дел од структурите на СДСМ. Неофицијано дознаваме дека токму тоа лице  било во контакт со новинари блиски до опозицијата кои требале да ги пласираат фабрикациите. Од првичната проверка, осомничениот бил во контакт со лице кое е претходно обвинет во случајот Шпион. Алфа потврда за овој случај побара од  надлежниот ЈО и оттаму ни рекоа дека во текот на денот ќе излезат со детали

ALFA
22-12-2015, 07:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Меѓупартиски игри околу истрагата за фалсификување лични карти

[Image: licni-karti-700x470.jpg]

20 Декември, 2015

Премиерот Никола Груевски денеска ја повика меѓународната заедница одблиску длабински да го следи процесот во врска со случајот за фалсификуваните лични карти. Груевски рече дека во врска со овој случај очекува повеќе информации по што ќе се произнесе во јавноста.
– Она што го слушнав за фалсификуваните лични карти е навистина фрапантно и би се воздржал од поконкретнен коментар затоа што очекувам во наредните час – два да добијам уште повеќе информации по кои ќе се произнесам во јавноста. Засега само би им честитал на професионалците во јавното обвинителство и во МВР за тоа што успеале да го постигнат и би апелирал и до меѓународната заедница одблиску длабински да го следи процесот, изјави Груевски, кој денеска ги презентираше одлуките за нов државен универзитет и изградба на студентски домови.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека очекува од Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и од судските органи целосно да го истражат случајот со фалсификуваните лични карти и јавноста да ги добие сите одговори.
„Само професионална и целосно законска постапка може да даде одговори на прашањата кој, зошто, со каква намера и за какви потреби фалсификувал лични карти“, соопшти денеска СДСМ.
Слично соопштение уште вчера објави ВМРО-ДПМНЕ. „Со оглед на фактот дека во повеќе медиуми излегоа разни информации околу поврзаноста со најголемата опозициска партија, но истовремено дека постојат и други инкриминирачки материјали кои биле пресретнати со оваа акција, ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува органите на прогонот да продолжат уште поревносно во натамошното истражување на случајот во кој очекуваме сите инволвирани да одговараат пред надлежните судови“.
Реагираа и од неделникот Фокус кој ја објави аферата со фалсификување на лични карти, со прашање зошто е ослободен главниот фалсификатор.
„Лицето А.С. од Чаир кај кого при полицискиот претрес се откриени материјали кои упатуваат на фласификување лични документи е ослободено. Нему, иако според доказите може да фигурира како еден од клучните во мрежата за фалсификување, нејасно зошто, но не му е одреден притвор, а обвинителството не го ни побарало тоа. На слобода е и лицето И.Б кај кого е откриена минимална количина марихуана, додека неговиот брат, или третиот во групата приведени е пренесен на издржување стара казна затвор.
Овие информации потврдуваат дека Основното јавно обвинителство се уште не отворило никаква постапка во однос на фалсификатите или практично тоа значи дека ниту еден од приведените не завршил пред судија на претходна постапка. Зошто е тоа така? И како обвинителството се осуди да објави дека акцијата е успешно завршена, а фабриката за лични карти е откриена? Во чија пропаганда влегува Јавното обвинителство кое мора да биде неутрално и професионално?
Ако навистина акцијата е успешна, а фабриката откриена тогаш зошто никој не е во притвор? Знаеме обвинителството за колку помали кривични дела ја предложило мерката, но не и овој пат. Ако навистина лицата се фалсификаторите, тогаш зошто не се изведени пред судија на претходна постапка“, наведува весникот на својата интернет-страница. 
 
22-12-2015, 07:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote: Зошто обвинителството го ослободи главниот „фалсификатор“?


[Image: Lichni-Karti.jpg&h=auto&w=620&zc=1]

Ако навистина акцијата е успешна, а фабриката откриена тогаш зошто никој не е во притвор?
Фокус 20 дек 2015, 16:13

Лицето А.С. од Чаир кај кого при полицискиот претрес се откриени материјали кои упатуваат на фласификување лични документи е ослободено. Нему, иако според доказите може да фигурира како еден од клучните во мрежата за фалсификување, нејасно зошто, но не му е одреден притвор, а обвинителството не го ни побарало тоа. На слобода е и лицето И.Б кај кого е откриена минимална количина марихуана, додека неговиот брат, или третиот во групата приведени е пренесен на издржување стара казна затвор.
Овие информации потврдуваат дека Основното јавно обвинителство се уште не отворило никаква постапка во однос на фалсификатите или практично тоа значи дека ниту еден од приведените не завршил пред судија на претходна постапка. Зошто е тоа така? И како обвинителството се осуди да објави дека акцијата е успешно завршена, а фабриката за лични карти е откриена? Во чија пропаганда влегува Јавното обвинителство кое мора да биде неутрално и професионално?
Ако навистина акцијата е успешна, а фабриката откриена тогаш зошто никој не е во притвор? Знаеме обвинителството за колку помали кривични дела ја предложило мерката, но не и овој пат. Ако навистина лицата се фалсификаторите, тогаш зошто не се изведени пред судија на претходна постапка?
Чудно и непрофесионално е што Јавното обвинителство изнесува детали во јавноста, иако станува збор за предистражна постапка. Тоа е истото обвинителство на Марко Зврлевски кое пред нецела година ги повикуваше медиумите да не објавуваат доверливи информации оти прават кривично дело и дека истрагата е тајна. Но очигледно дека во овој случај тоа не важи за обвинителите?
Од она што го дознаваме е дека акцијата на МВР се одвивала во рамките на операцијата „Мрежа“ за лов на дилери на наркотици. По неколкуте приведувања во Гостивар, Гевгелија и Скопје и следењето на комуникациите на осомничените потрагата стигнува до двајцата браќа кои во петокот беа приведени. Полицијата првично упаѓа во нивните домови со намера да открие дрога. Но откако се утврдило дека нема никаква дрога, освен смеса за мешање составена од кафетин и парацетамол, тогаш сомнеж отвориле неколкуте фолии за пасоши, како и фотокопии од изводи, државјанства и патни исправи пронајдени кај едниот од браќата. Освен тоа од кај нив се земени хардискови и компјутерска опрема.
Потоа преку нив трагите стигнуваат до лицето во Чаир, кој може да се смета за поголема ѕверка од претходните двајца затоа што кај него е пронајдена некаква опрема, некои пластики, обрасци за лични карти, компјутери, и кога обвинителството зборува дека е откриена фабриката најверојатно мисли на неговиот стан на „Џон Кенеди“.
И сега, во ситуација кога Јавното обвинителство крена прашина во јавноста дека фалсификаторите се откриени, но и дека погонот за производство е откриен нејасно е како наеднаш сите се на слобода, освен едниот кој е пренесен во затвор? Обвинителството не смее да заборави дека колку и овие тројца да имаат врска со фалсификатите дека е неможно тие тоа да го правеле без соработници од државните органи, особено во делот на обезбедување матични броеви и идентитети. И секако многу поважно- за кого и со која цел се фалсификувале личните карти?
Дури тогаш обвинителството ќе може да се фали дека има случај и дека ги знае вистинските сторители и нивните намери. Сега прашање е колку овие три лица може да се третираат дека се произведувачите? Тоа, посочуваат нашите извори, може во моментов да се однесува само на А.С. затоа што неговото име постои во крим евиденцијата на МВР, затоа што и меѓународно е гонет за фалсификати, но не и за другите. Не значи дека тој што поседува некакви материјали дека ги изработувал и произведувал.
Неофицијално, опремата која е откриена е многу тешко да се извештачи и затоа ќе бидат потребни неколку дена. До тогаш, А.С. останува на слобода од причини познати само на обвинителството? Или пак, ќе го користи ова лице како сведок?
Дополнително, непрофесионалноста на обвинителството се гледа и во фактот дека во нивното соопштение директно го пишува името на новинарот на Фокус што ги предал личните карти, но и уште пострашно измислува дека фалсификуваните лични карти се предадени на министерот за внатрешни работи, што не е воопшто точно, туку се предадени прво на директорот на Бирото за јавна безбедност, а потоа на началникот на секторот за фалсификати. На крајот фалсификатите завршија кај инспектори од организиран криминал, што значи министерот не ги ни виде лините карти кога беа предадени во полиција.
Оттаму, чија игра играат обвинителите на Зврлевски? И зошто толку бомбастично се настапува преку провладините медиуми, кога случајот се уште нема абер од истрага, а не пак да биде расчистен.
22-12-2015, 07:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Фабрика за афери се криела позади скандалот со лажните лични карти






Скопјанецот Захир Бекири од структурите на СДСМ е прво осомничениот за аферата со фалсификувањето на личните карти, дознава Сител од извори во истрагата. Тој заедно со уште две лица е приведен во акцијата која полицијата по наредба на Јавното обвинителство ја спроведе завчера на две локации во Скопје.
Захир Бекири е дел од структурите на СДСМ. На неговиот профил на социјалните мрежи може да се забележи дека бил прилично близок со техничкиот министер за внатрешни работи на СДСМ Оливер Спасовски. На 3 декември годинава, Бекири објавил и фотографии од својот син со техничкиот министер и Генерален секретар на СДСМ.
За поврзаноста на Бекири со СДСМ говори и фактот дека негов адвокат е Мики Вуиќ, човекот кој секогаш се појавува на суд кога таму ќе се најде некој од структурите на партијата.
Покрај ова, сопругата на Бекири е вработена во Паркинзи општина Центар, каде директорува Саша Богдановиќ, претседател на општинскиот огранок на СДСМ во скопски Центар.
Второто приведено лице е братот на Захир Бекири, Имер, а третото  лице е Аднан Сума. Тој може да се види на фотографиите кои СДСМ ги објавува на својата фан страна на Facebook. На едната фотографија е во друштво на Оливер Спасовски, а на втората може да се види на партиски состанок на кој присуствува и некогашниот хаус мјстор во општина Центар а сега прв инспектор Кочо Стојчевски.
Сите тројца најверојатно биле дел од една голема фабрика за афери на СДСМ. Извори од истрагата велат дека до сега се прегледани само 10% од обемниот доказен материјал кој полицијата го заплени во завчерашната акција. Според него, тие биле задолжени да фалсификуваат документи за потребите на СДСМ, а потоа да им ги предаваат на новинари блиски до опозицијата и тие да ги објавуваат како наводни афери со кои требало да се намали рејтингот на владејачката партија.
Покрај фалсификуваните лични карти, истрагата се сомнева дека истите лица стојат и зад аферата со фалсификуваните пасоши која лани во ноември исто така ја објави соросовиот весник Фокус и за која доби награда од Македонскиот институт за медиуми и Европската унија за најдобра истражувачка строија.
Покрај ова, во компјутерите на осомничените се пронајдени и фалсификувани бугарски пасоши на кои стоеле имињата на високи државни функционери. Целта била некаде пред изборите тие да бидат објавени преку медиумите под контрола на СДСМ и на тој начин да се намали рејтингот на владејачката партија.
Планот бил да се фалсификуваат и обрасци од сметки во швајцарски банки. Истрагата во компјутерите открила урнеци за банкарски сметки на кои требало да се впишат имињата и податоците на функционери од власта и во предизборниот период преку медиумите да бидат обвинети дека од Македонија извлекувале десетици милиони и ги префрлале на сметки во Швајцарија.
Дали и што новинарите знаеле за оваа фабрика за афери истрагата допрва ќе открива. Доколку се покаже вмешаност на медиумите во целиот скандал, не се исклучува можноста да одговараат кривично.
Она што и е познато на истрагата до овој момент како што дознава Сител е дека прво осомничениот имал редовни и континуирани контакти со некои новинари меѓу кои и Зоран Божиновски.
За мега скандалот владее вистински молк и во СДСМ и во Министерството за внатрешни работи кое го води кадар на опозицијата.
Од Бихаќка до вчера испраќаа по повеќе од 15 соопштенија дневно. Од денеска, соопштенијата проретчија а партијата се уште не најде време да го каже својот став за оваа мега афера. Вистински молк владее и во МВР. Полициската акција во која е откриена фабриката за афери на СДСМ денеска не се најде ниту во полицискиот билтен. Молчи и Оливер Спасовски. Втор ден тој не одговара на телефонските повици на Сител за да даде одговори на прашањата, дали е вмешан во скандалот со креирање афери и дали бил свесен дека структури од неговата партија директно стојат зад фалсификувањето на личните карти.
 
22-12-2015, 07:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Извршен претрес во домовите на три лица во рамки на активности за сузбивање недозволена трговија со дрога


20.12.2015
По претходно реализираните случаи на недозволена трговија со дрога во текот на овој месец од кои еден за меѓународен транспорт на наркотична дрога марихуана, со тежина од 29,9 килограми и оној со откриената импровизирана лабараторија за одгледување на марихуана во Скопје, ОСОСК при МВР продолжувајќи со активности по однос на информации за сузбивање на улично дилерство на дрога, а со добиена наредба од страна на Судија на претходна постапка, завчера (18.12) изврши претрес на дом и други простории на лицата З.Б. (41) и И.Б. (31) од Скопје поради основи за сомневања за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ, но и поради објавена централна потерница за лицето З.Б. по Наредба на ОС Скопје 1 од 05.03.2015 година, за сторено кривично дело по чл.258 ст.1 од КЗ на РМ.

При претресот покрај едно помало пакување со тревкаста материја и околу два килограми прашкаста материја, беа пронајдени и одземени: 78 панцирни елеци, неколку парчиња секачи за хартија, неколку преси за хартија, апарат за обработка на пластика, поголем број на пластични фолии, налепници, фолии со амблеми, фотокопии од патни исправи на повеќе НН лица, лична карта од странска држава, возачка дозвола од странска држава, голем број на фотографии од НН лица, голем број на фотокопии од лични документи на НН лица, компјутерска опрема, кореспонденција од електронска пошта, документи со текстови на странски јазик од банки, принтери и др.
По Наредба на судија на претходна постапка дополнително е извршен претрес и во домот на лицето С.А. (48) од Скопје. При претресот покрај компјутерска опрема пронајдени и одзмени се принтери, хартија во различен формат, состав и боја, фолии и др. По извршените претреси трите лица беа приведени. Од досега извршените крим.технички вештачења се утврди дека пронајдената хартиена паковка претставува наркотична дрога марихуана со вкупна маса 0.38 грама, а пронајдената прашкаста материја со вкупна маса од 2354 грама, претставува смеса од кофеин и парацетамол, медикаменти кои на илегалниот пазар се користат како додаток во хероинот, со цел зголемување на масата, за што против лицето И.Б. до ОЈО Скопје, поднесена е кривична пријава за кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ. Исто така од досегашното вештачење утврдено е дека личната карта и возачката дозвола од странската држава се фалсификувани.
Поради големиот број на пронајдени и одземени предмети, за кои постојат основи за сомневања дека потекнуваат или со нив се извршени и голем број на други кривични дела, ОСОСК во координација со ОЈО Скопје, продолжува со истрагата, во насока на крим.техничко вештачење на предметите, обработка и анализа на податоците.


MVR
22-12-2015, 07:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:
Лажните лични карти и лажните медиуми на власта
Објавено во Колумни
[Image: passport4-crop-crop-550x314.jpg]
20 - 12 - 2015 

Уште една работилница за изработка на лажни лични карти. Кога ќе следат апсења, па ослободувања на приведените за тие да можат да си го планираат времето. Фото: screenshot

 
„Копи – пејст“, „копи- пејст“, „копи – пејст“ и така цел викенд. На ова се сведува работата на провладините медиуми во претпоследниот викенд од 2015 година, додека здушно се обидуваа на јавноста да ѝ продадат уште едно црвливо јаболко, кое овојпат не беше ни забришано од калта на корупцијата и на криминалот во која се заглавени нивните господари на пропагандата.
 
Пишува: Владимир Петрески
 
Ич не ми е гајле колку „тајни работилници“, како и „опрема и апаратура која се користела за изработка на фалсификуваните лични карти и други документи“ ќе најдат полицијата и Јавното обвинителство. Сега веќе не е јасно ни дали се една, како што вели обвинителството, или две, како што пишуваат некои медиуми, или ниедна, како што пишуваат трети медиуми, информирајќи дека само биле најдени обични документи во две куќи. И ич не ми е гајле што ќе изјават и какви „докази“ ќе покажат овие институции во следните денови. Целиот случај е типична плетканица, какви што сме навикнале да гледаме во изминативе години, каде што сме принудени да им веруваме на прокажаните и корумпирани институции.
Размислете за момент. Кои се тие криминалци, кои повеќе од една година кај себе би чувале купишта доказен материјал против себе? Станува збор за случај за кој „Фокус“ пишуваше уште лани, за случај кој добро го запознавме од ланските парламентарни избори со фантомските гласачи од Пустец, за случај за кој прилог објавија дури и медиумите од Албанија, покажувајќи од местото на настанот како на тамошните етнички Македонци им се делат лични карти пред ланските избори во хотел во близина на македонската амбасада во Тирана, за случај кој ни беше потврден во „бомбите“ и тоа од устите на највисоките владини функционери и за случај, кој, исто така, повторно беше актуелизиран пред неколку недели, откако колегата Љубиша Арсиќ достави 105 лажни лични карти со вистински матични броеви на вистински постоечки луѓе до полицијата, по што овој случај и официјално по година и пол незаинтересираност беше отворен од Јавното обвинителство. И, во таква ситуација, кога целата јавност, медиумите, полицијата, обвинителството се на нозе за да се открие кој стои зад целиот случај, како на тацна се наоѓаат работилници, односно работилница за фалсификување документи. Ова е едноставно смешно. Не постојат такви криминалци, способни да извршат ваков софистициран криминал, но кои во ситуација кога цела држава трага по нив, нема да сторат сѐ што е во нивна моќ да ги уништат и скријат сите можни докази против нив за да не бидат фатени. И тоа уште пред година и пол, кога случајот за првпат беше обзнанет во „Фокус“, а камоли пак деновиве, година и пол подоцна. Такво нешто едноставно не се случува.
 
„ШПИОН“, „ПУЧ“, „ФАЛСИФИКУВАНИ ЛИЧНИ КАРТИ“…

Сето тоа потсетува и на случајот „Шпион“, каде лице беше откриено дека било унгарски шпион, за неколку месеци потоа, унгарскиот претседател Виктор Орбан да добие орден од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, како што потсети поранешниот разузнавач Слободан Богоевски во својот последен настап за „Нова ТВ“, пред да биде испратен во затвор, а потсетува и на случајот „Пуч“, каде што власта упорно сака да нѐ убеди дека две лица вработени во УБК од ден во ден, од недела во недела, од месец во месец, од година во година, пет години по ред нон-стоп и постојано прислушувале без никој да ги забележи и без никој да ги праша што прават.
Во миксот на постапки полни со изнасилена налудничавост на овој случај со личните карти имаме сѐ и сешто. Најпрвин, неизбежно и најважно, криминалците се блиски до СДСМ. Потоа, тие, покрај лични карти, правеле фалц бугарски пасоши и фалц документи за влечење огромни пари од швајцарски жиро-сметки за да ја излажат јавноста, дека, демек, функционери на власта имале такви пасоши и такви сметки. Сето ова е смешно. И глупаво. Државните органи на Бугарија и швајцарските банки, во рамките на меѓународната соработка и соработката преку Интерпол, без проблем на македонските органи на прогонот би им издале уверение со кое би потврдиле дека конкретна група лица немаат бугарски пасоши или сметки во конкретна швајцарска банка. Бугарија можеби би ги заштитила своите граѓани, банките своите штедачи, но ни Бугарија, ни швајцарските банки тоа не би го направиле за лица со кои немаат врска.
На крај, пак, по медиумите е искажана и закана против новинарите дека и тие можат да бидат предмет на истрага и да завршат в затвор, на истиот начин како кога пред неколку месеци беше искажана и закана против Катица Јанева, дека може многу лесно да ѝ биде подигната кривична пријава од јавниот обвинител Марко Зврлевски, кога се виде дека таа не сака да игра по наредбите на власта. За сето ова беше искористен пропагандниот апарат како по обичај.
Акцијата спремно на нозе ја дочека ВМРО-ДПМНЕ, фалејќи ги полицајците и обвинителите и тоа само една-две недели откако партијата побара да се решел случајот што побргу, односно само неколку дена откако Љубиша Арсиќ ги предаде фалсификуваните лични карти во полиција и откако година и пол претходно не само што не беше решен, туку не беше ни мрднат од место.
И, како шлаг на тортата, на крај испадна дека од трите приведени лица едно е пратено на издржување затворска казна, а другите две се пуштени на слобода. Ова е едноставно несериозно. Сте откриле работилница или работилници за изработка на лични карти по која трага цела држава и осомничените лица ги пуштате да си одат дома? Ваквата постапка е веројатно за Гинис. Но, за Гинис е и неспомнувањето на странската служба која нѐ прислушувала, што, пак, шпионската професија ја прави најлесна и најнеодговорна од сите (ем ќе те откријат, ем никогаш нема да кажат дека ти си шпионирал), како што за Гинис е и фактот што пред неколку месеци лице за кое има подигнат обвинителен акт за шпионажа за странска држава е пуштено да се брани од слобода, таман за неговите странски наредбодавци да можат да го изнесат од земјава и да дознаат што тоа лице им кажало на македонските власти за нив.
 
ПРОПАГАНДАТА, ЛУЃЕ, ПРОПАГАНДАТА

Нејсе. Што е, конечно, целта на целиот овој театар? Пропагандата и предизборната кампања, се разбира. И вторично, покривање и оттргнување на вината на власта за печатењето на фалсификуваните лични карти пред изборите лани. Додуша, сѐ уште останува нерешен проблемот со вистинските матични броеви кои ги има на овие лични карти и до кои можеле да дојдат само државните институции, ама сигурно ќе се најде некој наивен вработен во некое министерство, кој лесно ќе може да биде наместен дека тој ги дал овие броеви. И, да, и за него ќе се каже дека е близок до СДСМ.
Но, најважно е целиот циркус да се случи во јавната арена, пред очите на јавноста. Обвинителството и полицијата можат во секое време да се премислат и да кажат дека сето тоа било грешка, дека трагите ги довеле до погрешни заклучоци и за такво премислување нема никакви последици. Но, она што ќе остане врежано во умот на јавноста, барем според надежите на власта, е дека невнимателните гледачи, информирани во вестите меѓу две турски серии или две српски реални шоуа, ќе запомнат дека за случајот со личните карти виновен е СДСМ, како и нему блиските предавнички медиуми. Покрај тоа, со целиот овој театар од викендов власта доби редица поенти за своите предизборни митинзи, како противтежа на „бомбите“, кои СДСМ веќе ги користи во ТВ-реклами, а кои сигурно ќе ги користи и во предизборната кампања. Не би требало да зачуди ако во потрага по дополнителна предизборна рекламна и митингашка муниција не бидат мануфактурирани уште вакви „скандали“ за да се нивелира предноста која СДСМ ја поседува со „бомбите“ на ова, но и на ниедно друго предизборно поле.
Ваква викендашка харанга со обвинувања, исфилувани приказни, нелогични конструкции, фалсификатори пуштени на слобода и слично, не би била можна без медиумите. Додека критичките медиуми воздржано го пренесоа соопштението на Јавното обвинителство како државен орган и се појавија со првични, исто така, воздржани анализи, провладините медиуми како по обичај се натпреваруваа кој од нив побргу ќе ги „копи-пејстира“ однапред подготвените текстови за кои инструкции пристигнуваат по правило по СМС, како што велат колегите што порано работеле во ваквите медиуми. И тоа сето ова, во ситуација кога министерот за внатрешни работи е од опозицијата, до чиј кабинет и служба за комуникации би требало да имаат подобар пристап критичките медиуми. Но, пропагандата работи обратно. Да не беше пропагандната машинерија на власта, ваква харанга не ќе можеше да се случи. По правило, во нормални околности, еден или два медиуми можеби и ќе ги објавеа таквите однапред подготвени текстови, но тоа ќе беше сѐ. Во вистински демократски амбиент, некој од власта или од обвинителството ќе мораше да излезе и да објасни што точно се случило, да одговори на прашања, да каже како тоа приведените фалсификатори се пуштени на слобода, од која институција им се матичните броеви на фалсификуваните лични карти, како тоа никој од ниедна државна институција не е приведен и слично. Новинарските извори по институциите ќе проработеа и ќе излезеа со дополнителни информации, нешто што сега е невозможно и заради окупацијата врз институциите и заради страв. Затоа, во медиумите на оваа тема викендов „владеат“ неколку соопштенија, една изјава на премиерот, која ништо не кажува и која им порачува на странците да го следеле помно случајот, кој до изборите, по правило, нема да мрдне од место, а по нив, ако власта не се смени, или ќе биде заборавен или ќе содржи уште куп апсурди за некој да биде осуден. Сето ова јасно кажува дека ваквата состојба во која сега се медиумите не само што е штетна за демократскиот процес, таа е штетна и за правдата, значи си игра директно со човечки судбини. Во ситуација кога манипулациите и пропагандата го достигаат зенитот, кога слободата на изразување масовно се злоупотребува, во медиумите се неопходни одлучни мерки и непопуштање во меѓупартиските преговори.

PROVERKA NA FAKTI
22-12-2015, 07:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:МЕГА СКАНДАЛ: Голем дел од незаконски прислушуваните материјали на Заев пронајдени во „Фабриката за афери“



[Image: 1234790719219969146924996398756686928081...k=-uWkrsHd]
Преку 70 000 незаконски снимени разговори се пронајдени кај осомничените во случајот „Фабрика за афери“, дознава Пресс24 од извори во Истрагата. Според истите извори, овие фајлови биле складирани на еден од надворешните хард дискови во фолдер именуван „СДСМ - Заев“.
 Фолдерот бил креиран во септември 2015 година, односно после потпишувањето на договорот од Пржино и обврската преземена од Зоран Заев за преземање на незаконски стекнатите материјали.
Сите разговори се незаконски снимени од македонски политичари, а од комуникациите кои досега се проверени постојат индиции дека имало и намера истите да бидат продавани во други држави. Како што и самиот се пофали Зоран Божиновски кој се крие во Србија, а во моментов е баран со потерница за случајот „Шпион“, веќе му биле доставени дел од незаконски снимените разговори.

[Image: 325771b79d4b324f7413f8273ddd5cb7edd63f21...k=jMT7QSD4]
Зоран Заев со Захит Бекири Чаушот во штабот на СДСМ

Од досегашната истрага е потврдено дека освен Министерот Оливер Спасовски, во контакт со прво осомничениот од криминалната група, Захир Бекири викан Чауш, бил и лидерот на партијата Зоран Заев. Подолг период, почнувајќи од почетокот на годинава, двајцата имале интензивна комуникација. Според сознанијата на истрагата двајцата имале и средби во седиштето на партијата. периодот во кој се среќавале во голема мера се поклопува и со периодот на емитувањето на таканаречените бомби.

[Image: sadasdsadsadasdasd.jpg?itok=eCyBiBzA]
Со овие нови моменти во истрагата за „Фабриката за афери“ на СДСМ, станува повеќе од јасно зошто Заев одлучи да не го почитува договорот од Пржино и да ги прекрши законите со непредавање на материјалите. Со овие нови моменти се гледа и лагата и апсурдноста на неговите образложенија дека само Заев знаел колку било тешко 11 месеци да се чувале материјалите и само Заев можел да гарантира за нивната безбедност.
Предавањето на незаконски снимените материјали на Захир Бекири, според познавачи на состојбите јасно ги откриваат намерите на Зоран Заев. Преку медиуми од надвор да почне да се пласираат приватните разговори. Соочен со лошиот рејтинг и недовербата од страна на граѓаните, крајната цел на Заев, е одложување на изборите.
 Прес 24 дознава дека неодамна и лично Заев заминал за Србија, а контакти со Божиновски имал и директорот на ПОЦ Саша Богдановиќ, во чие претпријатие работи сопругата на прво осомничениот Захир Бекири - Чауш.
 

Македонија
22.12.2015




Кога стасаа само да ги избројат разговорите?!
22-12-2015, 07:23 PM
Reply