Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТЕМЕЛКО НЕШКОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

[Image: NeshkovTad8d.jpg]
21-11-2015, 02:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

[Image: NeshkovT-1f69e.jpg]
21-11-2015, 02:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

[Image: NeshkovT-2d270.jpg]
21-11-2015, 02:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Сите држави на Балканот живеат во демодиктатура


Секаде на хартија има демократски институции, но сите тие се "гнили" од корупција и се контролирани од организираниот криминал, вели познатиот политички затвореник Темелко Нешков во интервју за бугарскиот дневен весник “Сега”

85-годишниот Темелко Нешков е еден од политичките затвореници во минатото општествено уредување на Република Македонија. Тој поминал 12 години во затвор во времето на владеењето на Тито. Во средината на 70-тите години на минатиот век пребегува во Западна Европа, каде што живее под заштита на ОН. Повеќе од 20 години живее во соседна Бугарија. Потекнува од познато богато семејство од Прилеп. Женет е за Даница Нешкова, ќерка на познат трговец од Галичник од семејството Караџови. Тие имаат две деца, кои се сопственици на информативната агенција БГНЕС од Софија.

- Г-дин Нешков, како еден човек може да го задржи својот дух разбуден на ваши години?

- Духот нема возраст. Фала Богу, во изминативе години не сум паѓал во очај и не сум се разочарувал. Активно сум учествувал во борбата против фашистичка Германија и така дојдов до Сремскиот фронт. Бев дел од ВМРО и многу пред крајот на Втората светска војна. Категорично се спротиставивме на новиот завојувач во Македонија - најжестоката форма на сталинизам - следењето на тие што имаат различно мислење , тепање на Бугари, мачење и масакар на политичките противници. Сето тоа продолжи до крајот на 70-те години, кога единствениот спас од затвор за мене беше бегство во Западна Европа. Сепак имав само 49 години, а 12 од нив ги имав поминато во Титовите затвори и логори. Добивме заштита од ООН и тоа беше спасот за моето семејство.


- Тогаш ли завршивте со активната политичка борба?

- Тогаш само престанав да погледнувам дали има некој под прозор и престанавме да зборуваме тивко дома. За мене политичката борба придоби друга форма. Освен обичните нешта од животот, кои требаше да ги средиме, на прво место беше да ги разликуваме провокаторите од автентичните политички емигранти. Да не забораваме, дека озогласената УДБА на југодиктаторот Тито дејствуваше со иста жестокост како на територијата на бивша Југославија, така и во демократскиот свет – во Европа, САД и Канада. Стотици се убиените противници на Титовиот режим во западниот свет после 1945 година. Меѓу нив има дипломати, научници, лекари, писатели, филозофи, обични демократи, исто така и млади луѓе на по 20-ина години. Да не забораваме, дека познатите воени криминалци во денешно време, како еден Жељко Ражњатович – Аркан на пример, ја започнаа својата “полициска кариера“ како платени убијци на УДБА во Европа. Нивните шефови беа не помалку жестоки, тие беа “мозокот“на УДБА, како озлогласениот Иван Бабамов, кој покасно го смени името во Иван Бабаноски. Истиот тој, кој лично ги мачеше следените стотици македонски патриоти – многу од нив не издржаа и веќе не се меѓу живите. Денес Бабамов се преставува за професор и разузнавач. Друг дел беа идеолозите на најмасовниот масакар после Втората светска војна во Европа – во Хрватска, Босна и Херцеговина – во Сребреница, Косово.

- Како се преминуваат вакви трагедии? Дали чуствувате гнев или разочараност?

- Ни едното, ни другото. Омразата не ми е познато чуство. Секогаш сум чуствувал гадење од вакви луѓе. За мене Бабанов не само што не е граѓанин, туку не е ни човек уште пред првата наша средба, пред првото апсење, првата закана и тепање. Проблемот е во тоа, дека Бабанов ги загадува душите на младите. Но тоа не е моја лична драма или пораз. Тоа е криминал на сите тие луѓе, кои учествуваа “во промените“ во последниве 25 години и не ја разоткрија вистината за трагедијата после 1945 година. Тоа е една од причините да бидат отфрлени од општеството. Кој би сакал пак да ја преземат власта “првите демократи“ во Македонија и во Бугарија? Ни еден, затоа што тие се заложија за лична економска промена и слобода, а заборавија на политичката и духовната...

Живееме во услови на тотална промена. Промена, која останува неразбрана за тие луѓе, за кои хоризонтот завршува околу нивната куќа – или во најдобар случај до Сливница. Останувањето на власт не зависи од нулите на банкарската сметка. Но тоа е застарен политичко-милиционерски менталитет.

Јас се обидувам да ја разберам глобалната промена, која започна во 2007-2008 година, а они ми зборуваат за некои работи, кои дури не смееле да ги изговорат на глас пред 40-50 години. Убавото е, дека овој пат не се чека со децении за промена...


- Рековте, дека се обидувате да разберете што се случува. Како се ориентирате?

- Живееме во бесконечен информативен проток. Фала Богу, дел од квалитетната информација е и бесплатна. Јас се обидувам, без да им пречам на моите деца, да ме научат како повеќе да ги користам новите технологии. Е, не успевам со сите апликации. Понекогаш користам и детски апликации, но и од тие има што да се научи. Категорично го поддржувам и преферирам електронскиот пред печатениот примерок на весниците. Видете, само за неколку минути човек може да научи во детали што се случува во соседните држави, Европа, светот – и тоа без да биде зависен од стандардните медиуми...


- Не можеме да не ве прашаме за односите Бугарија – Македонија. Што мислите за последните турбуленции во односите Софија – Скопје?

- Тоа е интересен пример. Погледнете како само за неколку недели беа разоткриени овие “политичари - патриоти“. И од двете страни на границата, особено во управата, има луѓе кои бараат омраза и спротиставување. Во таква ситуација корупцијата цути најдобро. Како е можно во 2013 година да зборуваме пак за блокади, за Бугарофили, Косовари, Босанци? Мене ми е многу болно кога слушам како луѓето го определуваат својот сосед на еден примитивен начин. Граѓанинот, и во Софија, и во Скопје пред се треба да биде слободен политички и економски. Луѓе, кои се спротиставуваат на тоа, ќе загубат многу брзо се, без разлика каква власт, пари и каков и да било друг потенцијал имаат. Слободата нема граници. Тие се луѓе кои не враќаат назад кон омразата, а нормалните луѓе сакаат да живеат слободно, како што се изразуваат младите “френдли“.


- Очекувате ли уште турбуленции?

- Ние сме на почетокот на длабоки промени. Живееме во услови на првата глобална промена, спроведена и со огромна IT револуција... Промени ќе има не само во Софија. Промени ќе има во Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Црна гора... Се разбира после еуфоријата ќе дојде опаметување и во Приштина и Тирана. Сите тие држави страдаат од едно исто – демодиктатура, како што јас ја нарекувам. Секаде само на хартија има демократски институции, но сите се “гнили“од корупција и се контролирани од организираниот криминал. Прв пат од ХVІІІ век досега има толку огромна пропаст помеѓу последниве две – три генерации и денешниве млади, кои сега имаат по 16 – 24 години. Тие нема да ја преземат власта денес, но тие ќе ја сменат и веќе го прават тоа. Јас се радувам затоа што благодарение на нив и јас ќе живеам послободно. И во тоа сум абсолутно убеден, како што бев и пред 70 години сигурен, дека диктаторскиот режим на Тито ќе пропадне.


Фотографии:
Темелко Нешков заедно со сопругата Даница на Халкидики во Грција и во Дреновскиот манастир. Тие на 14 март оваа година, во ист ден, наполнија 85 и 81 година.

KIRILICA
21-11-2015, 11:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

[Image: TemelkoN-10346.jpg]



[Image: TemelkoN-23a9f.jpg]
(This post was last modified: 22-11-2015, 12:47 AM by ЈорданПетровски.)
22-11-2015, 12:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

08-12-2016, 10:18 PM
Reply