Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЛЕВИЦА !!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Се формира политичка партија - Левица



од НОВА |  13-11-2015
[Image: 25511golema.jpg]
На политичката сцена во Македонија ќе се формира нова партија, Левица, зад која стојат членови на левичарските движења „Ленка“ и „Солидарност“, Комунистичката партија на Македонија и од поединци левичари. Партијата ќе се залага за работнички права и за социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето и ќе се бори против меѓуетничките бариери и национализмот.

– Во ситуација на хронична сиромаштија и на огромни класни разлики, во ситуација на квазидемократија, кога народот е незадоволен од постојните партии и кога се појавуваат само нови партии од стари политичари, го објавуваме формирањето на Левица, нова партија, со нови лица и со нови идеи. Нема да дозволиме и на овие избори работниците, сиромашните и обесправените да немаат опција за која ќе гласаат. Богатите имаат десет и повеќе партии, сиромашните и обесправените немаат ниту една. Не мислиме да ги оставиме улиците, нема да престанеме да протестираме против неправдите, но не им го оставаме ни парламентот. Крајно време е во него да се слушне гласот на народот. За крај, ќе ги поздравиме сите сиромашни и обесправени во нашата земја со поздравот на Кочо Рацин: „Ќе победиме“ – велат од новата политичка партија Левица.
13-11-2015, 09:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



14-11-2015, 07:56 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

15-11-2015, 06:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Говор на Основачкото собрание на Левица


Скопје, 6 февруари 2016

Другарки и другари,

Долг пат поминавме, уште долг пат нѐ чека.
Се сеќавам кога во 2005 година во Битола ја правевме нашата прва акција. Продававме це-де-а со левичарски песни на Први мај на Широк Сокак. Колекцијата од песни се викаше „Црвени песни за црвениот Први мај“. Акцијата беше мала, многу скромна, ама успешна. Тогаш немавме капацитет да организираме протест па и оваа симболична акција беше важен чекор напред за нас кои тогаш учествувавме во оваа акција.
Се сеќавам и на првиот протест што го организиравме. Во 2008 година, непосредно пред самитот на НАТО во Букурешт организиравме протест во Скопје против зачленувањето на Македонија во НАТО дури и под уставното име. Бевме 30-тина луѓе на протестот, а минувачите нѐ гледаа чудно. Зашто во тој момент владееше таква атмосфера во врска со зачленувањето во НАТО што луѓето беа убедени, буквално убедени, дека, ако не нѐ примат во НАТО, Македонија сигурно ќе пропадне како држава, а можеби и дека светот ќе пропадне. Колку и да е денес смешно сето ова, тогаш навистина така многумина се чувствуваа.
Се сеќавам и на нашиот прв протест на Први мај. Беше тоа во 2009 година. Сојузот на синдикатите престана да одржува прослави (прослави!) на Први мај и ние набрзина се организиравме и организиравме протест на Први мај. Протест, бидејќи во ваква ситуација каква што ја имаме со работничките права, Први мај не може да се одбележи поинаку освен преку протест. Бевме 70-тина учесници на овој прв наш протест за Први мај.
Но, се сеќавам и на протестот на Први мај минатата година, кога, заедно со останатите потписници на Синдикалната повелба, успеавме да организираме многу моќен и многу убав протест на кој учествуваа околу 1.500 протестанти. За само шест години успеавме од една симболична бројка од 70-тина протестанти, да организираме протест со 1.500 протестанти за Први мај. И се сеќавам, само четири дена после протестот на Први мај, како многумина од нас на 5 мај застанаа храбро во првите редови во протестите против моменталната нелегитимна и корумпирана власт.
Денес ја формираме Левица, првата партија по долго време во Македонија која отворено застанува на страната на работниците, сиромашните и обесправените. И првата ваква партија по независноста, значи, во последните 25 години, кои има големи шанси да биде влијателна партија, партија чиј глас нема да може да се игнорира. Да потсетам на нашите основни заложби. Ние ќе се залагаме за работнички права и социјална правда, за демократизација во сите сфери на општественото живеење и против меѓуетничките бариери и национализмот. Исто така да кажам, дека денес ја формираме само втората левичарска партија на просторите на бивша Југославија која произлегла од социјалните движења. По ИДС, односно Здружената левица во Словенија.
Долг пат поминавме, уште долг пат нѐ чека. На тој пат треба да разбиеме неколку стереотипи:
1) Дека партија се прави само од личен интерес, само за да се кради. Не! Партија се прави и за општо добро и за идеја. За тоа ја формиравме Левица.
2) Дека политиката не се води без пари. Веќе покажавме дека нужен услов за успех не се парите. Собравме 1.000 потписи без да „мољакаме“ некој „спонзор“ да ни даде 5.000 и повеќе евра за да ја регистрираме партијата. Ниту пак им нудевме контра-услуги на луѓето што ни се потпишаа. Да видам колку од досегашните партии можат на ваков начин да соберат 1.000 потписи! Има работи кои можат да се направат без пари. Има работи кои не можат да се направат со пари. Има работи кои е можно да се направат ако се има цврста волја и чисто срце! А ние тоа го имаме!
3) Дека политиката не може да се води во интерес на работниците, сиромашните, обесправените. Дека немало пари во буџетот, па морало да се води „политика на штедење“, „стегање на ременот“ и не знам кои сѐ други еуфемизми. Ако имало пари за крадење и за споменици, тогаш има пари и за да им се помогне на оние на кои им е потребна помош!
Ако ги убедиме луѓето дека овие стереотипи не се точни, тогаш успехот не ни бега!
Долг пат поминавме, уште долг пат нѐ чека. Ама, на крајот,... ЌЕ ПОБЕДИМЕ!
(This post was last modified: 10-02-2016, 04:55 PM by ЈорданПетровски.)
10-02-2016, 04:31 PM
Reply