Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
УСЛОВЕНА ПРЕПОРАКА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:„Прислушувањето“ го услови приближувањето кон ЕУ

Прислушувањето покажало дека има корупција и мешање на политиката во институциите што му правело штета на политичкиот систем на земјата.


[Image: 9412F049-A7FC-43C0-AD85-D507B498A3EB_w64...3_cw85.jpg]


Фросина Димеска
10.11.2015

Македонија денеска доби седма по ред препорака за датум за почеток на преговорите за влегување во Европската унија, но овој пат – условена.

Комисијата е подготвена да ја продолжи препораката за отворање на пристапните преговори за Македонија. Но меѓутоа тоа ќе биде условено со продолжувањето на спроведувањето на политичкиот договор од јуни/јули и одржливиот напредок во спроведувањето на итните реформски приоритети. Прашањето ќе биде повторно адресирано по изборите напролет“, рече еврокомесарот Јоханес Хан кој денеска во Брисел ги презентираше извештаите за напредокот на земјите од Западен Балкан и Турција.
Пред комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент тој нагласи и дека има релативно висок степен на усогласеност на македонското законодавство со европското, но прислушувањето покажало дека има корупција и мешање на политиката во институциите што му правело штета на политичкиот систем на земјата.
Во делот именуван како политички критериуми во извештајот за Македонија се наведува и дека „пресретнатата комуникација во која очигледно се вклучени високи владини функционери, става на знаење дека има нарушување на фундаменталните права, мешање во судската независност, во слободата на медиумите, во изборите како и корупција.“
Во извештајот се забележува и дека властите сега треба да покажат вистинска политичка волја за да ја осигураат целосната независност на судската власт вклучувајќи го и дозволувањето новоименуваната специјалната обвинителка непречено да работи во истрагата на прислушуваните материјали и нивната содржина.
Во осумдесетте страници во кои бриселската администрација ја скенира состојба во Македонија се споменуваат и настаните од деветти мај во Куманово, за кои се пишува дека се уште треба да бидат целосно истражени и се нагласува дека сите политички лидери истакнале оти на инцидентот не треба да се гледа како на меѓуетнички.
„Меѓуетничката ситуација останува кршлива. Прегледот на Охридскиот рамковен договор треба да биде комплетиран. Тоа е основно за да се преземат идни мерки за создавање доверба меѓу етничките заедници“, рече Хан.
Во однос на другите теми во годинешниот извештај за напредокот се наведува и дека буџетот треба да биде повеќе насочен кон раст и вработувања додека целосната проекција, транспаретноста и спроведувањето треба да се подобрат.
„Останува клучно да се преземат одлучни чекори за решавање на проблемот за името. Земјата беше сериозно погодена и од бегалската криза справувајќи се со приливот од повеќе двеста илјади луѓе од третите земји кои транзитираа низ нејзината територија од почетокот на годинава“, пишува во извештајот.
Инаку обелоденување на документите за напредокот на земјите аспиранти за влегување во Европската унија доцнеше речиси еден месец пред се поради изборите во Турција.

RSE
10-11-2015, 07:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Груевски: Народот може да даде најдобра оценка за извештајот


November 10, 2015 Info Mak News

[Image: gruevski2-640x440.png]

Македонија седма година по ред добива препорака од Европската комисија за почеток на преговори за членство во Европската унија, изјави премиерот Никола Груевски, откако од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав го прими годишниот извештај за напредокот на земјата во евроинтеграциите.
Груевски рече дека политичкиот извештај ги оценува карактеристиките на Македонија низ призмата на интересите на ЕУ и додаде дека народот на изборите во април следната година ќе го даде својот извештај.
– Секако за темите опфатени во извештајот најдобра оценка може да даде народот, затоа што токму народот во нашата земја ги знае секојдневните предизвици со кои се соочува, ги знае сите актери и околности, и оценката, односно извештајот на народот ќе дојде на наредните избори и тука се ќе биде јасно и секому ќе биде јасно дека народот е тој што во оваа држава одлучува – рече Груевски.
Премиерот истакна дека во извештајот има позитивни забелешки и вреднувања, но оти се обележани и области во кои има недоволен напредок.
– Има и критики, но фактот што постои препорака, значи дека позитивните моменти превагнале во оценката на Европската комисија во поглед на исполнување на критериумите. Се надеваме дека по исполнувањето на критериумите, после изборите во 2016 година нема да сме подложени на нови пречки и услови, за недобивање на датум за преговори – рече Груевски, додавајќи дека „статус-кво“ ситуацијата во однос на евроатланските интеграции е лоша за државата.
Македонија, како што рече Груевски, очекува откочување на интегративните процеси и добивање датум за преговори, што ќе претставува потврда на сето тоа што до сега е направено и што ќе се направи.
– Владата темелно ќе го проучи и анализира извештајот на Комисијата. Изнесените оценки, забелешки и препораки, како и досега, ќе претставуваат патоказ за идните активности на Владата во пристапниот процес, и ќе бидат преточени во конкретни дополнителни мерки при ажурирање на Владиниот Акциски план за итните реформски приоритети и Националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Ефикасната реализација на овие два документи останува да биде приоритетна задача на Владата – рече премиерот.
Груевски се осврна и на проблемот со името и ја повтори подготвеноста на македонската влада за изнаоѓање на решение во рамките на меѓународната правна рамка дефинирана од Обединетите нации и Меѓународниот суд на правдата.
– Сакаме да имаме проактивен и интензивен процес на највисоко политичко ниво. Времето покажа дека одлагањето на решавањето на ова прашање не е од корист за никого, но важно е да се истакне дека било какви непропорционални и неконвенционални условувања нема да придонесат во изнаоѓање на решение за било кое важно прашање за нашата земја – рече Груевски, додавајќи дека Македонија останува посветена да ги развива договорените мерки за градење на доверба со Грција.
10-11-2015, 08:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3







Quote:Милошоски: Европската комисија во Извештајот ги препозна владините реформи


од Влатко Чаловски, НОВА  10-11-2015




Република Македонија повторно доби извештај со препорака и тоа е извештај коишто гарантира дека оваа држава има капацитет за успешно да ја задржи препораката. Но, за жал Еврпоскиот совет, не веруваме дека во овој момент има капацитет да постигне едногласност за оваа препорака да ја преточи во одлука за почеток на преговорите, изјави Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

Тој вели дека земјата продолжува напред, и покрај обидите на СДСМ да ја втурне во политичка криза која што ја креирале Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

- Со извештајот стана јасно дека сите напори што ги вложи владата на Република Македонија, предводена од коалицијата каде што ВМРО-ДПМНЕ има клучна улога, сите реформи за приближување кон Европската Унија се препознаени и признаени од страна на Европската комисија, и тие во економијата, и тие во земјоделието, и во областа на безбедноста и владеењето на правото и во сите други сфери кои што беа дел од оценување на извештајот, изјави Милошоски.

Според него, тоа што извештајот има препорака е најголем доказ дека капацитетот на Република Македонија е многу посилен од деструктивните политики што ги водел СДСМ изминативе девет месеци.

- Кога во извештајот ќе се прочитаат редовите каде што пишува дека бојкотот на Собранието сериозно влијаеше врз контролната функција на законодавната над извршната власт станува повеќе од јасно дека СДСМ и пред изборите 2014 година, а и потоа после изборите веќе имал јасно скроен план за тоа како ќе настапува после изборите и која била целта на бојкотот на Собранието, а тоа е да се предизвика политичка криза која што ќе создаде внатрешна домашна политичка и економска нестабилност, а истото тоа ќе се одрази и на извештаите, напомена тој.

Милошоски смета дека Извештајот бил тежок пораз за деструктивната политика на СДСМ а потврда за капацитетот на земјава да биде, не само кандидат, туку и земја која што може да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ.

На новинарско прашање, како ги коментира забелешките за недостаток од политичка волја во борбата против корупцијата која е “широко распространета“ според Комисијата, и недостатокот од политичка волја во имплементацијата на реформите, Милошоски се повика на меѓународни извештаи кои ја рангирале Македонија се подобро.

- Македонија не е идеална држава ниту совршена. Да беше совршена ќе беше можеби како Норвешка или Швајцарија. Но она што можеме да го мериме според факти, се одредени меѓународни индекси. Според Транспаренси Интернешнл во 2006 година Македонија беше на 106.место а во 2014, 64.место, што е голем скок, одговори Милошоски.

Во однос на постојаните забелешки за судството од страна на Европската комисија, Милошоски смета дека тоа е поради приближувањето кон ЕУ, кога напоредно се стеснувале и станувале построги мерките од страна на Брисел.

- Тоа значи дека земјата напредува и се приближува со својот капацитет кон она што значи подготвеност за почеток на преговорите со ЕУ, коментираше Милошоски.
10-11-2015, 08:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Ljupco Zikov
5 hrs · 

Појасно здравје ...
Ова значи дека на газ се влечеме ... Ексик ваква препорака по која гарантирано денес се извадени уште сто бугарски пасоши ... Срамота Македонијо.
Хан: Македонија доби препорака за почеток на преговорите за влез во Европската унија, но со два услова (после толку години дојде денот и за нови услови н.з)
Прво, да се спроведе целосно Договорот од Пржино...
Второ, да се спроведат неопходните реформи“, истакна на денешната презентација на извештајот за Македонија
Хан: Во Македонија има добар законодавно-правен систем. Сепак, политичкиот систем е вмешан во корупција. Поради тоа се случи Договорот од Пржино за да се реши политичката криза.
Содржината на прислушуваните материјали, кои излегоа во јавноста, покажуваат дека политичкиот систем е сериозно поткопан со корупција.
Политичките лидери мора да бидат свесни што се приоритети во реформите. Потребно е да се доврши реформата на Охридскиот договор.
Меѓуетничките односи остануваат кревки и Охридскиот договор мора да се анализира. Потребна е доверба за зајакнување на меѓунационалните односи.
Комисијата ѝ дава препорака на Македонија, но условена со спроведување на Договорот од Пржино и со имплеменрирање на итните реформи.
Ова прашање повторно ќе се отвори по изборите во април 2016 година – истакна Хан.
10-11-2015, 10:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Хан: Македонија доби препорака под услов да го спроведе Договорот од Пржино

[Image: han1.png]
 


Брисел, 10 ноември, 2015 (META) 

„Македонија доби препорака за почеток на преговорите за влез во Европската унија, но со два услова. Прво, да се спроведе целосно Договорот од Пржино и, второ, да се спроведат неопходните реформи“, истакна на денешната презентација на извештајот за Македонија, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

– Во Македонија има добар законодавно-правен систем. Сепак, политичкиот систем е вмешан во корупција. Поради тоа се случи Договорот од Пржино за да се реши политичката криза. Содржината на прислушуваните материјали, кои излегоа во јавноста, покажуваат дека политичкиот систем е сериозно поткопан со корупција. Политичките лидери мора да бидат свесни што се приоритети во реформите. Потребно е да се доврши реформата на Охридскиот договор. Меѓуетничките односи остануваат кревки и Охридскиот договор мора да се анализира. Потребна е доверба за зајакнување на меѓунационалните односи. Комисијата ѝ дава препорака на Македонија, но условена со спроведување на Договорот од Пржино и со имплеменрирање на итните реформи. Ова прашање повторно ќе се отвори по изборите во април 2016 година – истакна Хан.
10-11-2015, 10:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



11-11-2015, 10:50 PM
Reply