Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
И Котле е за федерализација на Македонија!
Author Message
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,387
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#1

Па пошто тука секоја штраканица на Геро и неговото творение ПлусИнфо се третира како писание од Бога, а Геро се заложи за федерализација, логично е да се повлече еден голем црвен знак за еднаквост.
Ионака тука се собрале потврдени непријатели на Македонија, што друго може да се очекува...
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
10-11-2015, 08:22 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(10-11-2015, 08:22 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Па пошто тука секоја штраканица на Геро и неговото творение ПлусИнфо се третира како писание од Бога, а Геро се заложи за федерализација, логично е да се повлече еден голем црвен знак за еднаквост.
Ионака тука се собрале потврдени непријатели на Македонија, што друго може да се очекува...


Еве ја прикачив колумната на Героски за да ти го оправдам обвинувањата Smajlito Smajlito Smajlito


Quote: Ајде да зборуваме за федерација, зошто да не?!

Бранко Героски 08 ноември 2015

Деновиве со внимание ги проследив мислењата на повеќе наши аналитичари за една стара тема, ставена „во бункер“ некаде во 2007-2008 година, кога по долго и мачно стројникување, Никола Груевски и Али Ахмети стапија во политички брак и почнаа да ги бројат своите „остварувања“ и „успеси“ во имплементацијата на Охридскиот договор. Работниот наслов на таа тема е „федерализација на Македонија“. Деновиве повторно е во етерот, како директна закана што доаѓа од политичките кујни што гравитираат кон Мала Речица, закана во случај да дошло до натамошно продлабочување на политичката криза.

Засега е нејасно дали четата на Ахмети ги мотивира овие пораки, но интересно е дека политичкиот бегалец Гзим Острени, поранешниот офицер на ЈНА кој секогаш успева да освои симпатии меѓу Македонците, јавно ја поддржа идејата за создавање собрание на општините од северозападна Македонија, по примерот на Заедницата на српските општини на Косово. Острени тврди дека не станува збор за федерализација на Македонија, туку за збогатување на системот на локалната самоуправа. Со други зборови, ако добро разбирам, идејата е едно вакво тело да послужи како инка што ќе ја собере и насочи енергијата што утре би можела да шикне во млаз од нови, поамбициозни, па дури и максималистички барања за поделба на земјата.

Да бидам искрен, изненаден сум од хорските анализи дека станува збор само за политички маркетинг на албанската партија на власт (ДУИ), со намера да се покријат неуспесите и да се отвори старо-нова, атрактивна предизборна тема, за лов на гласовите на разочараните Албанци. Не ми се допаѓа и пристапот на Острени, иако не спорам дека можеби е последица на добри намери. Мојата дијагноза за обновувањето на таа наша стара траума е малку поинаква. Имено, тврдам дека прашањето за обликот на уредувањето на заедничката држава не е целосно исцрпено со Охридскиот договор и со Уставот и дека сосема е можно во периодот што претстои идеите за федерално уредување да се наметнат како многу сериозен предизвик за сите.

Знам дека ова звучи безмалку како ерес, но тоа е поради погрешното мислење дека Охридскиот договор одлучно и темелно го затвора тоа крупно прашање, кое беше актуелно во првата деценија од македонската самостојност и поради кое во почетокот на втората деценија се водеше неколкумесечна валкана војна. Треба да се има на ум фактот дека документот потпишан во Охрид, по своето настанување и по својата природа, всушност, е мировен договор, со амбиција да оконча еден потенцијално девастирачки конфликт, на тој начин што решава неколку прашања поврзани со македонската конституција и скицира, приближно прецизно, неколку новели во Уставот. Од тој аспект, Охридскиот договор беше успешно остварување – конститутивниот акт беше променет, нациите добија нова дефиниција (етнички заедници), се прогласи билингвална федерација (иако не со тоа име, се разбира), се вети правичност во распределбата на заедничкото „богатство“ и слично. А војната заврши.

За жал, македонските политичари никако да разберат дека политичките договори имаат слово, но имаат и дух што треба да се следи. Духот на Охридскиот договор е спасување на унитарниот карактер на државата, со проширени права на албанската етничка заедница, до степен на една, во документот недооформена дефиниција на Македонија како билингвална федерација. За споредба, духот на двата договора од тоа несреќно и актуелно Пржино, на пример, се дијагнозите и императивите од извештајот за Прибе. Но, велам, нашите политичари никогаш не сакаат да размислуваат за „филозофијата“ на договореното. Тие се клоцаат под маса кога ги потпишуваат договорите, потоа ги толкуваат како кому му одговара и одново преговараат за она што еднаш веќе е договорено. Патем речено, таа техника до совршенство ја доведе политичкиот „геније из Кеније“ Никола Груевски.

Мора да се соочиме со фактот дека за неколку крупни прашања од Охридскиот договор постојат различни, дури и спротивставени политички толкувања. Обемот на јазичните права на малцинската етничка заедница и изгледот на нашата билингвална федерација е едно од тие прашања. Не е затворено и прашањето на правичната алокација на јавните добра и ресурси, на пример. Иако од 2007 година до денес ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ постигнаа фрапантни резултати во вработувањето на своите партиски војски во јавната администрација, денес, кога тоа заедничко „богатство“ веќе е подистрошено, а гладни усти со партиски книшки колку да сакаш, станува јасно дека работата е утната. Еден од тажните докази за тоа е и светската метропола на загаденоста, Тетово, град во кој чиновничките канцеларии веројатно се исто толку натрупани како и во Скопје, но луѓето дишат опасно загаден воздух и се мачат со рестрикции на водата за пиење. Меѓу другото и затоа што Тетово од „централата“ не го добива она што вистински го заслужува.

Отворените прашања се причината поради која историската дилема на Албанците и на Македонците дали е подобро да живеат заедно, во унитарна држава, или сепак да се поделат во федерални единици, иако се чини застарена, сепак има своја изворна и сè уште неисцрпена енергија. Таа има потенцијал во погоден момент да предизвика опасни инфламации на политичкиот организам, кои не се лекуваат со симптоматска терапија. Во исходишната точка на оваа моја ризична теза, сакам отворено да се заложам храбро да отвориме дебата за оваа тема. Не утре, кога тоа може да предизвика опасни последици, туку сега. Не во ракавици. Не со маскирање на траумите. Не со заметување на проблемите под тепих. Предлагам отворено да разговараме за сите аспекти на таа наша историска дилема, којашто еруптираше некаде во 1991-1992 година, кога Албанците гласаа за политичка и територијална автономија во Македонија, а потоа магмата од тој отворен вулкан се изли во 2001 година и направи пустош.

Не знам баш колку сме способни за ова да разговараме без панични и емотивни реакции и со студени глави. Но, ако сепак успееме во тоа, неизбежно ќе биде дебатата да почне со две крупни потпрашања. Првото е дали создавањето федерација на еден мал и економски релативно интегриран простор е во духот на интеграциите, кои не се само македонски (национален?) императив, туку феномен што ја трасира европската иднина на целиот регион. Или, поинаку кажано, како ќе претендира Македонија на предностите на интегрирањето во Европската Унија (една од тие предности е огромниот европски пазар), кога внатрешно ќе се дели на федерални единици?

Второто потпрашање е одржливоста и исплатливоста на проектот федерација. Нека простат „федералистите“, ама нема да можеме чесно да се поделиме, да формираме кантони или покраини, да избираме локални парламенти, сенати и влади, да наметнеме различни прописи и правила на игра во федералните единици, да имаме посебни полиции, судови, факултети, болници, државни телевизии и што ли уште не, да најдеме мунасип како да ги делиме рудните богатства, струјата, водите и другите ресурси, а да речеме – ние само за парламенти и за влади ќе се секираме, сето друго Скопје ќе го плати! Граѓаните и сега прескапо ја плаќаат „правичната застапеност во јавната администрација“, на пример. Сите сакаме да бидеме „индијанци“, нели, да клатиме врати во резерватите на државната администрација и да земаме пристојни плати (некаде деновиве прочитав оглас - подмачкувач во ЈП Водовод и канализација, 18.000 денари месечно!), но кој ќе го плати тоа? И денес, кога сме заедно, тоа е сè потешко. А утре? Кој ќе плаќа две администрации? И двајца подмачкувачи. Со кои пари? Со позајмените милијарди од странските банки? Со парите позајмени од нашите деца и неродените внуци и правнуци?

Не сакам да ги банализирам нештата, но одржливоста на идната федерација е важно прашање за кое мораме да разговараме. Има и други такви важни прашања. А имаме право на одговори. За жал, одговори не можеме да очекуваме од политичките лидери. Јас денес не гледам политичар Албанец што јавно ќе признае дека концептот „федерација“ е непотребен и неодржлив. Но, не гледам и политичар Македонец што ќе се согласи да разговара за ова прашање, без да ја повторува мантрата дека Македонија е унитарна држава затоа што така пишува во Уставот. За нашите политичари овој терен е стакларник во кој тие се движат како слонови.

Нејсе, си се лажам така со мислата дека во земјава сè уште има добри, способни и умни луѓе, свесни за тоа дека таму некаде, во изгасеното огниште, има жарчиња што тлеат и чекаат малку кислород за да се распламтат. Тие луѓе мора да дебатираат, луѓето свесни за таа опасност и спремни овој пат на огнот да не му дадат никаква шанса.
 
(Објавено во „Слободен печат“)
 
10-11-2015, 07:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote: Јохане, да те чекам да ми тропнеш на врата и да пукаш?



Бранко Героски

12 ноември 2015

Неколку дена куртон-телевизите и портали на Никола Груевски водат жестока кампања против мене, со тврдење дека јас, ама и СДСМ, сме барале федерализација на земјата. Во кампањата се користат навредливи постови на Фејсбук, како оној на актерот Владо Јовановски, на пример, а и директни закани на социјалните мрежи, како постот на Јохан Тарчуловски, во кој тој ми порачува да сум берел памет.
Сакам да им кажам на одврзаните кучиња на Груевски и нему лично дека кампањата нема да им успее, бидејќи се темели на лаги и спинови. А од заканите не се плашам, иако некои од нив, како онаа од Тарчуловски, на пример, доаѓаат од лица од кои човек богами и треба да се плаши. Но, јас веќе се навикнав на таквите закани и на Тарчуловски можам да слободно да му одговорам – а што, Јохане, ако не соберам памет, ќе ми тропнеш на врата со пиштол в рака и ќе пукаш? Како во Љуботен?
Повторувам уште еднаш, идејата за федерализација на Македонија постои и за неа треба да се разговара. Во мојата колумна, јас го искажав своето мислење. Кажав зошто мислам дека тој проект е спротивен на тенденцијата на интегрирање на целиот регион во Европската унија и зошто е економски неодржлив и штетен за интересите и на Македонците и на Албанците. Секој писмен човек што ја прочита таа колумна, можеше да ја сфати мојата поента. На неписмените не можам да им помогнам додека не се описменат.
И на маоистите од другиот табор, кои се претставуваат како пи ар стратези на опозицијата и јавно ме критикуваат што сум пишувал за федерализацијата, им го порачувам истото - не признавам табу теми и цензура од било која страна! Не потрошив јас десет години од својата кариера во борба против овој режим, за денес секое лајно да ми кажува за што смее, а за што не смее да се пишува. Капиши?
ПС. Да ја искористам приликава уште еднаш јавно да го прашам сменоводителот Ѓокица од Првата полициска станица - што стана со полициската истрага за неовластеното снимање на член на моето семејство, што уредно ги пријавив? Во Комерцијална банка и во „Рамстор“ уште чекаат да помогнат да се открие сторителот на кривичното дело.
 
 
12-11-2015, 02:11 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,387
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#4

Јордан кандидат за кмет на кумановскиот кантон.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
18-11-2015, 02:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(18-11-2015, 02:59 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Јордан кандидат за кмет на кумановскиот кантон.



Бидејки федерализацијата е проект на владата кмет се подготвуваш да бидеш ти Коњанику во некој дел на федерацијата:




Quote: Федерализацијата е платен проект на Владата на Република Македонија за 200.000 евра народни пари!



18 ноември 2015
[Image: geroski.jpg]Бранко Героски

Уште еднаш, по кој знае кој пат во последниов месец, куртон-порталите на Никола Груевски тврдат дека „СДСМ, нејзиниот лидер Зоран Заев и најекспонираните опозициски експоненти, Љубомир Фрчкоски и Бранко Героски, изминатив период подготвуваа терен за отворање на темата за федерализација на државата“. Кретените ламентираат дека „ваквото антидржавно однесување донесе одржување на конференција, на која ќе се побара втор рамковен договор и федерализација на Македонија“.
Се разбира, на секој човек му е јасно дека станува збор за лаги, за спинови, за искази оттргнати од контекстите, за гола пропаганда. Но, ајде да видиме за каква тоа конференција станува збор. Зошто пропагандата на овој режим бара алиби и виновник за таа фамозна конференција на Европскиот институт за мир на Питер Фејт, што ќе се одржи во декември?
Многу е проста работата. Проста и трагична! За тапчовците што знаат и мислат дека ќе успеат да се кријат, како и за неинформираните, да го повторам она што секој може да го прочита во медиумите, дури и во провладините – на оваа конференција ќе се разговара за препораките од анализа изработена за сума од 200.000 евра, од страна на институтот на посредникот во конфликтот од 2001 година, Питер Фејт. Договорот за оваа анализа го потпишал вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор, Муса Џафери, првиот другар на Сашо Мијалков и на Никола Груевски. Тие 200.000 евра се народни пари!
Каменот од блиску доаѓа, абдали едни! Проектот за федерализација на Македонија, ако е тоа она што ќе се предложи во тие препораки, како што се најавува, го плаќа Владата на Република Македонија! Повторувам, со наши народни пари. Нарачател – Муса Џафери. Согласен – Никола Груевски. Јасно ли ви е тоа?
Точно е дека Заев, Фрчковски, јас и многу други нормални луѓе отворено и храбро разговараме за сите отворени прашања што ги мачат Албанците, но и Македонците. Ние сме демократи. За нас нема табу теми. Јас дебатирам и пак ќе дебатирам и за идејата за федерализација на Македонија. Моите погледи се јасни и прецизни, бидејќи веќе ги изложив своите аргументи зошто евентуалната поделба на земјата на федерални единици е неодржлива операција, спротивна на интересите на двете етнички заедници.
Но, додека ние разговараме, ВМРО-ДПМНЕ директно работи на федерализација на земјата и тоа го плаќа со наши пари! Додека тие нас нè обвинуваат за предавства, тие веќе ја предале работата. И тоа не е ништо ново. Така било секогаш. Така беше за спорот за името, на пример. Со години ВМРО-ДПМНЕ и нивните ведети од малоумната пропаганда трубат дека јас и тие кои сме за компромисно решение сме биле „предавници“ и „грчки платеници“, за потоа во бомбите да чуеме дека Груевски, Мијалков и компанија веќе длабоко навлегле во пазарења за името, лично и со конкретни личности од грчка страна.
Што се однесува до албанското прашање, ако е предавство да се дебатира и да се соработува со Албанците, тогаш не заборавајте дека ВМРО-ДПМНЕ е директен актер на сите лажни, но и на сите вистински предавства од 1998 година до денес!

Оваа партија и ДПА ја почнаа војната во 2001 година. Никој друг! Нејзини луѓе во безбедносните структури беа директно виновни за неколку катастрофални инциденти во таа војна, во која загинаа многу војници и полицајци. Хрониката на тие предавства продолжи и со настаните во Куманово, за кои постојат јасни докази дека се местенка во која се вмешани највисоки функционери на тајната полиција, а тоа е и причината поради која се случи незамисливото, министерката Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков да си поднесат оставки. Да не заборавиме дека Охридскиот договор го потпиша претседателот на владата во која Груевски беше важен министер, а Груевски самиот, пак, го потпиша Мајскиот договор со Али Ахмети, кој содржи еден куп „предавства“ (амнестијата на Хашките случаи, на пример), предавства сторени со цел ДУИ да влезе во тендерската коалиција што владее веќе осум години и која служи за полнење на партиските каси и на приватните чекмеџиња.
Тоа, кретени курирски, се вика предавство! Тоа е вистинско предавство на интересите на граѓаните на Република Македонија, на Македонците, на Албанците и на сите други, предавство поради кое повеќе од 600.000 луѓе за време на овој режим ја напуштија земјата светски шампион на мизеријата.
Оваа вистински предавничка власт, да кажам уште еднаш, спичкала 200.000 евра народни пари, за анализа што ќе резултира, како што самите курири признаваат, со барање втор рамковен договор и со проширување на јазичните права на Албанците. И после, виновни сме биле Заев, Фрчкоски, јас или некој друг.
Море сиктер таму, кретени едни курирски!
 
18-11-2015, 03:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Шилегов: Владата потпишала документ за анализа на Рамковниот договор



од Славица Филиповска, НОВА | објавено на: 19-11-2015 15:44:03



Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска обелодени документ за кој тврди дека е со архивски печат од Владата и потпишан од вицепремиерот Муса Џафери со кој е договорено Владата и Европскиот институт за мир да одржат Конференција за анализа на спроведувањето на Рамковниот договор на 1 декември во Скопје.

[img=680x1210]http://novatv.mk/newsimages/edit/dokument-shilegov.jpg[/img]

Според Шилегов, Груевски измислува приказни за федерализација за да го покрие овој владин документ.

-Груевски се обиде да сокрие дека Власта стои зад Конференцијата за анализа на спроведувањето на Рамковниот договор, што треба да се одржи на 1 декември во Скопје. Потпишан е вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, во име на Владата. Сега Никола Груевски мора да излезе и да им објасни на граѓаните на Македонија која е причината за Конференцијата.

Очигледно е дека Груевски работи зад грбот на граѓаните на Македонија. Дали целта на неодговорниот Груевски е да разгори меѓуетнички тензии во Македонија само за себе си да се спаси? Граѓаните знаат, СДСМ гради единствена Македонија, едно општество за сите граѓани, тоа стои во платформата Визијата за Македонија, тоа го знае цела јавност, рече Шилегов на денешната прес-конференција пред Влада.

На прашања на НОВА дали во текот на преговорите по договорот од Пржино, работните групи досега го отвориле прашањето за Рамковниот договор, Шилегов одговори дека таква тема не е воопшто отворена во рамките на работните групи.

НОВА денеска го контактираше и портпаролот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски кој посочи дека не е запознаен со вакво прашање, а од ДУИ не беа достапни за коментар.

Како што вчера објави телевизија Телма ДУИ готви документ, во форма на анализа и препораки, а неговите носители го именуваат и како Нов рамковен договор, според кој албанскиот јазик треба да стане официјален на целата територија на Македонија.
19-11-2015, 09:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

26-11-2015, 10:56 PM
Reply