Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВЛАДЕЕЊЕ НА ДЕЗИНФОРМИРАЊЕТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Новите диктатори: Владеење со дезинформирање


Објавено во Анализи
на 5 - 07 - 2015        Автор: Administrator
[Image: Pomerancev-0987-098.png]
 
Како функционира и кои се целите на авторитарната пропаганда во 21 век? Како се манипулира јавноста во земјите во кои владеат авторитарни режими? Како се „маскира“ вистината или како таа се прави ирелевантна или се префрла во втор план зад забавата и зад сеењето страв. Како се корумпираат и се заплашуваат медиумите? За сето ова пишува Питер Померанцев, еден од водечките експерти за авторитарната медиумска пропаганда на почетокот на 21 век.
 
Пишува: Питер Померанцев
 
*Преземено со дозвола на издавачот: Legatum Institute, јуни 2015 година., The New Authoritarians: Ruling Through Disinformation
 
Кутрите пропагандисти! Во 20 век беше многу полесно да се контролираат срцата и мислите на луѓето од авторитарните земји. Со сите домашни медиуми, можеше да се управува од владината канцеларија, а странските медиуми можеа да се блокираат. Границите беа затворени, а вашето население не можеше да ги види успесите на некој сопернички систем. Имавте јасен наратив со барем теоретски примамлива визија за социјална правда или национална супериорност, доволно силен за да одолее на заводливата либерална демократија и на капитализмот. Сите што размислуваа поинаку можеа да се изолираат, да се замолчат или да се потиснат.
Тоа беа спокојните денови од периодот што Кинезите го нарекуваат „обработка на мислите“, а Советите го нарекуваа „инженеринг на човечките души“. И до неодамна, се чинеше дека тие денови завршиле засекогаш. Со денешните паметни телефони и лаптопи, секој граѓанин може да биде свој сопствен медиумски центар. Границите се поотворени. Западот и неговите филмови, автомобили и веб-пребарувачи се навлезени речиси насекаде. Сите режими експериментираат барем со некоја верзија на капитализмот, што теоретски значи дека сега сите имаат нешто заедничко, повеќе од порано.
Но, делчињата во оваа публикација раскажуваат поинаква приказна. Неоавторитарните, „хибридни“ и нелиберални демократски режими во земји како што се Венецуела, Турција, Кина, Сирија и Русија не се откажале од пропагандата, туку пронашле сосема нови начини за нејзино спроведување. Голем дел од нив ги користат технологиите измислени во демократскиот свет. Зошто да се борите против информатичката доба и глобализацијата кога, всушност, може да ги искористите?
Често, техниките се прилично суптилни. Анализирајќи ја цензурата во реално време на 1.382 кинески веб-локации во текот на првата половина на 2011 година – вкупно 11.382.221 објави – истражувачите од Универзитетот „Харвард“ открија дека владините пропагандисти, всушност, го толерирале критикувањето на политичарите и на политиките. Но, тие веднаш цензурирале секакви обиди за организирање колективни протести, вклучувајќи и некои протести што не биле критички настроени, конкретно кон режимот. На пример, еден од настаните што беа во голема мера цензуриран, имаше цел да ги нагласи стравувањата дека нуклеарното загадување од Јапонија би можело да стигне до Кина.
Оваа анализа јасно стави до знаење дека приоритетот на владата не е да се спречи секаква критика, туку да го поткопа потенцијалот на општеството за сопствено организирање протести. „Кинескиот народ е поединечно слободен, но колективно е окован“, се заклучува во студијата на „Харвард“. Всушност, интернетот се покажа како корисна алатка за контрола: им дозволува на луѓето „да се ослободат од гневот“, а на владата ѝ обезбедува барометар за мерење на јавното мислење.
Изборите, исто така, може да послужат како режимска алатка. Како што раскажува венецуелскиот новинар Даниел Ленсберг-Родригез, Хуго Чавез толку често организираше избори што опозицијата, на којашто ѝ недостигаше истото ниво на финансирање и пристап до медиумите, никогаш немаше реални шанси за натпревар. Чавез, во просек, имаше околу 40 часа директен простор во медиумите неделно, вклучувајќи го и неговото сопствено шоу „Ало претседателе“ (Aló Presidente), кое се емитуваше секоја недела онолку часа колку што му беа потребни на Чавез. Во шоуто беше дозволено Чавез да ги споделува своите ставови за сè, од бејзбол до Џорџ Буш; да одговара на телефонски повици од жителите; да раскажува анегдоти, да отпушта министри, да најавува почетоци на војни или да запее. Светски познати личности како Наоми Кемпбел, Дени Гловер и Шон Пен се појавуваа во шоуто, кои со својата моќ на ѕвезди го зајакнуваа брендот на Чавез за постојана социјалистичка револуција.
Во меѓувреме, Чавез и неговиот наследник, Мадуро, ја „прикриваа цензурата под невидлив превез“ за да ги замолчат несогласувањата. Наместо да ги затвораат критичките медиуми, тие само правеа овие медиуми да пропаднат. „Прво“, пишува Ленсберг-Родригез, „медиумите беа регулирани за да станат економски неконкурентни: еден весник, на пример, можеше да не добие поволен девизен курс за увоз на хартија за печатење; радиодифузер можеше редовно да добива казни за лажни обвиненија за клевета или непристојност. Второ, откако компанијата ќе почнеше да пропаѓа, одредена корпорација – марионета, чијшто сопственик понекогаш беше анонимен, мистериозно се појавуваше и нудеше да ја откупи, често за пристојна цена. Трето, и покрај првичните гаранции дека редакцијата ќе остане неизменета, новото раководство наскоро почнуваше да ги отпушта вработените и да ги менува темите за коишто известува, додека пораката што ја пренесува медиумот стануваше идентична со оптимистичките ставови на владејачката партија“.
Слична формула беше применета во Турција, каде Реџеп Таип Ердоган, исто така, успеа вешто да го интегрира стариот пријател – капитализмот во своето авторитарно управување со медиумите. Како што пренесува Бериван Орукоглу, компаниите чиишто медиумски бизниси се наклонети кон владата, добиваат солидни државни договори во други сектори. Компаниите чиишто медиуми се критички настроени кон владата, губат на владините тендери и стануваат мета на даночни истраги.
Противниците тешко можат да ѝ се спротивстават на оваа нова пропаганда, особено затоа што контранаративот стана уште поприкриен. Во 20 век, демократскиот капитализам на Западот имаше моќен одговор за советскиот тоталитаризам: слободни пазари, слободна култура и слободна политика. „Мерцедесот“, трговското банкарство, рокенролот и парламентот беа попривлечни од „ладата“, петгодишниот план, хорот на Црвената армија или Политбирото. Но, денешните неодиктатори нудат нова зделка: може да имате животен стил како на Западот – сите германски автомобили, реални шоуа, гости како Наоми Кемпбел и „блу-чип акции“, но да немате ниту една од политичките слободи на Западот, презирајќи го Западот.
Особено бизарен пример за ова се руските „Ноќни волци“ – припадници на моторџиската група „Ангели на пеколот“ поддржани од Кремљ, кои имаа суштинска улога за анексијата на Крим. „Ноќните волци“ имаат „кул“ западен стил, возат мотори „харли дејвидсон“ и организираат огромни концерти со германски хевиметал-групи. Но, истовремено, ги величаат Сталин и Путин и отворено повикуваат на воскреснување на Руската Империја. Слично на ова, Гери Ронсли опишува како кинеските пропагандисти, помалку шарени, но еднакво постојани во нивниот пристап кон идеологијата, „намерно испраќаат контрадикторни пораки“. Денешната кинеска „комунистичка“ партија е поборник за културната револуција и за Конфучие и ги фали акциите и уделите на Шангај заедно со маоистичките песни.
Јасно е дека едноставната индоктринација не е единствената цел. Во една студија од 2014 година, Хаифенг Хуанг од Универзитетот „Калифорнија“ ги разгледа политичките ставови на студентите во еден од „клучните државни универзитети“ на Кина (што се чуваат анонимни од безбедносни причини). Анализирајќи 1.250 одговори, истражувањето на Хуанг покажа дека иако студентите што посетуваат пропагандистички курсеви можеби не сметаат дека владата е „добра“, тие сепак сметаат дека е „силна“. „Доволно количество пропаганда може да послужи за да се демонстрира силата на режимот во одржувањето на контролата врз општеството и политичкиот поредок“, тврди Хуанг. Тој ја нарекува оваа пропаганда еден вид „сигнализација“ наместо „индоктринација“: поентата е да се заплаши, а не да се убеди некој со идеолошка порака.
Нешто слично на ова функционира и во Сирија. Во нејзината студија „Нејаснотиите на доминацијата“, Лиза Виден се обидува да разбере зошто Сиријците што живееле под власта на Хафез ал-Асад во 1990 година би ги повториле некои од очигледно апсурдните тврдења на режимот, на пример, дека Асад бил „најдобриот фармацевт“ во земјата. Виден заклучи дека невистинитоста била поентата: „Моќта на режимот опстојува благодарение на неговата способност да наметнува национални фикции и да ги натера луѓето да го кажат и прават она што инаку не би го кажале или направиле. Оваа послушност ги прави луѓето соучесници; ги вплеткува во само-спроведување односи на доминација“. Според Абигејл Филдинг-Смит, Башар ал-Асад, наследникот на Хафез, сега се обидува повторно да го наметне овој модел на соучесништво. Револуцијата против Башар почна во февруари 2011 година, кога тинејџери нацртаа слогани за Арапската пролет на ѕид во градот Дераа. Реакцијата на безбедносните служби – апсењето и тортурата на тинејџерите – се чинеше екстремна. Но, истата произлезе од логиката на режимот, која бара од граѓаните да ја покажат нивната лажна лојалност, колку и да е таа апсурдна. Секое прекршување на оваа норма претставува исклучително субверзивна појава.
Денес, официјалната сириска телевизија продолжува да прикажува неверојатно позитивни приказни за напредокот на земјата, иако сите знаат за разорувачката граѓанска војна преку пријатели и роднини на фронтот или од многубројните алтернативни медиумски извори, сателитски и на интернет. Но, овој факт воопшто не му пречи на режимот. Како што објаснува Филдинг-Смит, во септември 2011 година сириската телевизија се обиде да ги поткопа емитувањата на „Ал Џезира“ од протестите во сириските градови, тврдејќи дека Катар изградил реплики од нивните главни плоштади во природна големина за да исценира лажни протести на тие места, кои потоа биле, наводно, снимани од француски, американски и од израелски режисери. Целта, според еден сириски новинар, не е луѓето да се убедат дека оваа бизарна приказна е вистинита: „Целта е луѓето да се збунат“, за да им биде тешко да сфатат што е вистина, а што лага.
Асад не е сам во ова. Многумина од новите диктатори сфатија дека во 21 век информациите не треба постојано да се цензурираат, а и дека во секој случај тоа е невозможно. Но, може да се создадат доволно дезинформации за да се расипе медиумскиот простор и да се спречи луѓето да сфатат што се случува. Во Турција, Ердоган создаде ескадрон од десетици илјади роботи на „Твитер“ што сеат теории за заговор. Кинезите ја имаат таканаречената „Партија за 50 центи“ – интернет-писари што добиваат по 50 центи за секој прорежимски коментар што го објавуваат. Кремљ користи „фабрики со тролови“ за да објавува содржини за поддршка на Кремљ и да ги клевети критичарите во Русија и во странство.
Што е резултатот од тоа? На пример, Балтикот, со нивните големи етнички руски малцинства изложени на радикално различни реалности преку локалните медиуми и медиумите во Кремљ. Етничките Руси кои живеат во земјата, а коишто гледаат и естонски канали и канали од Кремљ, на крајот не им веруваат ни на двете страни и се мачат да оформат мислење. Ако ништо друго, руската публика од Балтикот е понаклонета кон изворите од Кремљ затоа што тие се поемотивни и позабавни, нудејќи им фантазии, на пример, измислени приказни за руски деца распнати од украински милитанти. Испитаниците од фокус-групите во етничката руска публика во Латвија рекоа дека вестите на рускиот телевизиски канал се „емотивно привлечни, бидејќи некои вести ги гледате како да се возбудлив филм. Не верувате во филмот, но со задоволство го гледате“.
Со други зборови, ако има конкуренција меѓу различните верзии на реалноста, верзијата што е помалку ограничена од вистината има поголема веројатност да победи. Но, ако ова е точно, тогаш се поткопува целата премиса на либералните медиуми. Ние долго време сметавме дека повеќе информации значат подобри одлуки и подобра демократија. Но, тоа не може да биде така доколку сме затрупани со лавина од дезинформации. Алармантно е што овој проблем го гледаме во целиот свет, а не само во САД, каде што различните страни на политичкиот спектар почнаа да се делат во одвоени реалности и каде што станаа честа појава дезинформациите како таа за реформата во здравството на Демократите со којашто ќе се формираат „жири-комисии за смрт“ во однос на лекувањето на старите лица или, пак, дезинформацијата дека претседателот Обама е роден надвор од САД.
Трудовите собрани овде се навистина издржани: денешните автократи, „нелиберални демократи“ и нивните пропагандисти научија како да ги користат појавите што претходно се поврзуваа со демократијата – изборите, интернетот, печатот, пазарот – за да ги поткопаат слободите. Тие научија како да ја нарушат моќта на либералната демократија со постојаниот подривачки третман со идеологијата. И тие го прават тоа користејќи ги технологиите и парите на Западот. Додека ЕУ и Владата на САД упатуваат критики за бројот на дезинформации, агресија и за сеење информации за војни од ТВ-каналите од Кремљ, треба да се има предвид дека голем дел од овие мрежи опстојуваат благодарение на приходите токму од рекламите на Западот.
08-11-2015, 12:59 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Змијата што си ја јаде опашката е многу блиску до главата

Објавено на 07/11/2015 во Колумни

[Image: Zoran-Bojarovski.jpg]
(Анатомија на еден авторитарен режим)

Пишува: Зоран Бојаровски

Од пред две-три децении во теориите за општествените процеси се наметна еден концепт кој беше наречен општества базирани на знаење. Никој не можеше да претпостави дека од општествата базирани на знаење ќе се клонираат фрикови кои ги нарекоа диктаторски режими засновани на информации. Токму така, модерните диктатори излегоа од пазувите на декларативно демократските општества и му се прикажаа на светот. Последните деценија, две, тие диктаторски структури управуваат и манипулираат со информации, наместо со масовни насилства. Техниките на модерните диктатори, функционираат во услови на скромен економски подем и со нагласена контрола врз медиумите, со цензура и со алатките на пропагандата од кои најмила им е – перманентната кампања.
Но, диктаторските режими засновани на информации се наоѓаат во еден магепсан круг кој најдобро е да се замисли како змијата што си ја јаде опшаката. Одговорот на парашањето кој е панацеата, сеопфатниот лек, за ваквите режими е токму модерното општество засновано на знаење и на информации во кое активно учество имаат неговите граѓани со целосен пристап до знаењето и информациите и со целосна посветеност на сопствената еманципираност и личиен интегритет и суверенитет.
Диктаторските режими не се она што беа некогаш. Тоталитарните тирани – како Хитлер, Сталин, Пол Пот, Пиноче – го употребуваа теророт, иедолошката индокринација и изолација, за да ја монополизираат моќта и да воспостават систем за долго владеење во кое ненорамалното ќе се препознава како нормално.
Новите авторитарни режими, за кои зборуваме тука, се адаптираа на глобализацијата, на отворените граници, на достигнувањата на информатичката технологија и на соодветниот развој и влијание на медиумите, на придобивките на економијата заснована на знаење. Од Фуџимори во Перу, до Орбан, во Унгарија и Груевски во Македонија. Овие авторитарни режими успеваат да се одржат без ѕидови на границите (тука не ги сметам ѕидовите на Орбан за да ги запре бегалците) и без масовни екстремни репресии како, на пример, во Северна Кореа.
Новите автократски концепти дури и с(т)имулираат демократија, организираат избори на кои следбениците, поданиците, секогаш победуваат со тотална корупција, со злоупотреба на јавните ресурси и со целосна контрола на медиумите. Недостатокот од автентична партиска идеологија таквите режими ја заменуваат со безличен популизам и идеологија на ширење страв и несигурност. Лидерите кои се олицетворение на таквите режими најчесто се популарни и во нивна близина нема потенцијални ривали. Наместо ривали, на безбедна дистанца од нив се првите во партиската хиерархија која функционира исклучиво субординативно. Опонентите се ставени на листи за политички отстрел. Завладеаните структури за присила како што се полицијата и судот ги малтретираат и клеватат, им се монтираат судски процеси, другите неистомисленици се охрабруваат да ја напуштат земјата.
Сепак, заслужуваме повеќе и подобро.

Автократијата и информациите

Најистакнатите автократи, кои потоа се претвораат за ролмодели за оние што лошо ги имитираат, за сметка на слободата и правата на граѓаните, своите сили ги  црпат од информациите кои настојуваат да ги поседуваат навреме и пред сите, за да можат потоа да ги злоупотребуваат. Иако одвреме навреме овие диктатори употребуваат и насилни методи, многу повеќе манипулираат со емоциите и уверувањата, благодарение на информациите што ги поседуваат. Се разбира до тие информации доаѓаат, меѓу другото, и со прислушкувања.
Многу студии за однесувањето и логиката на модерните диктаторски режими доаѓаат до еден ист заклучок дека тие преживуваат и функционираат благодарение на манипулациите со информациите. Ако тргнеме од претпоставката дека граѓаните сакаат да изберат и да бидат претставувани од компетентни и декократски лидери, тогаш сосема логично е да се претпостави дека некомпетентниот автократ ќе направи сѐ што треба за да ја измами јавноста, да се прикаже како компетентен и демократичен.
За да го направи тоа диктаторот посега по кутијата за алатки за управување и одржување на автократскиот режим меѓу кои се: пропагандата, репресијата, окупацијата на елитите, на јавниот простор и на медиумите, целосна контрола на информациите што се дистрибуираат во име на режимот… Да ги одржуваш и да ги користиш овие средства чини многу пари, но бидејки парите доаѓаат од даночните обврзници, односно од граѓаните – нема никаков проблем. Навистина, заради големата јавна потрошувачка и задолжувањата, паѓа стандардот на граѓаните, но тоа, пак, идниректно, повлекува ниски очекувања, па затоа секој и најмал „подарок“ од дикаторот (бесплатен автобус, пензии зголемени за 10 евра, минимална плата од стотина евра…), е влог за трампа за довербата на следните избори…
Сепак, заслужуваме повеќе и подобро.

Пропагандата и компетенцијата на лидерите

Прашање е зошто луѓето веруваат во пропагандата? Одговорот на ова прашање пред нас се исправа како загатка, ако го имаме предвид фактот дека диктаторите имаат постојан мотив да лажат. Сепак, да се обидеме да најдеме одговор. Еден од важните аспекти на пропагандата за нејзините протагонисти тргнува од потребата на постојано убедување на јавноста дека лидерот е компетентен. Се разбира, некој ќе рече дека и автентично компетентните лидери имаат потреба таа нивна способност да им се потврдува и одобрува. Но, за разлика од автентично компетентните кои за да се докажат такви единствено што треба да направат е да ги манифестираат тие свои компетентни карактеристики на дело, некомпетентните диктатори мора да ги фабрикуваат тие особености со алатките на пропагандата, со манипулација на информациите.
Оттаму, она што може да го измести диктаторот од неговата состојба се активните граѓани, полни со информации и знаење кои застапуваат општества засновани на знаење. Колку и да звучи парадоксално, зашто рековме дека новите диктаторските режими се фундирани на столбовите на информациите и знаењето, токму тие, знаењето и информациите можат да го окончаат нивното владеење.
Зашто, веќе рековме погоре во овој текст: Диктаторските режими засновани на информации се наоѓаат во еден магепсан круг кој најдобро е да се замисли како змија што си ја јаде опашката.
Змијата што си ја јаде опашката е многу блиску до главата.
08-11-2015, 01:14 AM
Reply