Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО-ЗАМИНУВАМ ОД АЛАСАТ НЕ САКАМ ДА МУ СЛУЖАМ НА ЗЛОТО
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:И АЛАСАТ ЧУВАР НА ЕДНОУМНИОТ ТОТАЛИТАРЕН СИСТЕМ 1?!


[Image: b689fad0280b286c898256c8d3b6ee9e_L.jpg]
Јордан Петровски 26.05.2015
Деновиве , поточно на 03.04.2015 во емисијата 360 степени, тема на дискусија беше лусрирањето на уредничката на ФОКУС госпоѓата Јадранка Костова. Во емисијата за да се даде пример за селективноста во лустрацијата беше посочена мојата иницијатива за лустрирање на поранешниот министер на полиција Јордан Мијалков. Немаше да реагирам и да барам од уредникот Попетрески да ми даде можност за појаснување на искажаното, ако во прилогот врзан за мојата иницијатива не беше делот во кој комисијата за лустрација како втора можност за разгледување на мојата иницијатива, наведува дека ке е можно постапување по мојата иницијатива со мое присаство на таа седница. Сите мои обиди за контакт со уредникот на емисијата 360 степени Попетрески, Директорот на информативна редакција Мухамед Зекири, Извршен директор Бисера Јордановска не дадоа никаков резулатат, дури од никој од споменатите не добив никаков повратен одговор. Зошто ?? Дали од страв од вистината, поточно од страв дека лагите и манипулациите на нивните гости во емисијата, не само во оваа емисија, лаги во чие пласирање сесрдно помогнаат и водителите во оваа емисија водителот Попетрески, ако е така, а убеден сум дека е така и во АЛСАТ, поточно кај директорите, уредниците и водителите постои страв од лустрација, лустрација не по теркот на Груевски туку лустрација според Резолуциите на Советот на Европа 1096 и 1481. Резолуции кои овозможуваат судки процеси во кои злосторниците ке добијат затворски казни. Процеси после кои дефинитивно ке биде растурена УДБОКАГЕБЕОВСКАТА инсталација во Македонија. 
Со неколку примери, делови од емисијата ке го поткрепам моето укажување.





Во прилогот на Владимир Мирчевски има неколку битни недостатоци заради кои се обидов да го контактирам уредникот Поптерески и да ги укажам на тие недостатоци.

-Веродостојноста на документот е ПОТВРДЕНА уште 1992 година на 21 седница на Комисијата за надзор на СДБ а е објавено и соопштение на Владата со кое Владата која го отфрла обинувањето а го го пренесе весникот Нова Македонија од 19 фебруари 1993 година, на страна 4. во соопштението го пишува следново:

[Image: Photographdbcc.jpg]

-Маноил Мане Јаковлевски морал да поднесе изјава дека не бил соработник на службата до комисијата за лустрација бидејки е член на Управниот Одбор на Телеком. Се поставува прашање кој од комисијата го разгледувал досието на Маноил Јајовлевски?? Дали тој што го разгледувал свесно ги пресконал решенијата за прислушкување? Дали службите им го доставиле целото досие на Маноила?? Многу прашања !!

-Моето физичко присуство на седницата е невозможно бидејки како што спомена и Мирчевски јас сум политички азилант. Азилот сум го добил заради кршење на моите индивидуални човекови права и слободи. Како доказ пред властите на Канада сум го користел досието кое го водела СДБ за мене од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини во период 1992-1998 година. За тој период поседувам непобитни докази за кршење на моите индивидуални човекови права и слободи, моето полициско досие од кое јасно се гледа дека сум НЕУСТАВНО приелушкуван, следен, озвучен ми е домот. За периодот од 1998 па до денеска постојат сериозни индиции дека и понатака сум под Предходна Обработка. Од тука произлегува дека заради тоа што причините заради кои сум го добил азилот не се отстранети, сите учесници во моето следење и прогон се на слобода а дел од нив сеуште ги извршуваат своите функции во ДБК и МВР моето влегување во Македонија не е безбедно.

продолжува
(This post was last modified: 24-10-2015, 01:14 AM by ЈорданПетровски.)
24-10-2015, 01:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:И АЛАСАТ ЧУВАР НА ЕДНОУМНИОТ ТОТАЛИТАРЕН СИСТЕМ ?! 2


[Image: a786836489dab4f04d53706ec376ba50_L.jpg]
 
Јордан Петровски 05.06.2015
Втората голема манипулација ја искажа Чедомир Дамјановски, поранешнен член на комисијијата за лустрација и е во оваа видео:





Господинот Дамјановски изнесува тврдење дека во предходниот закон постоел член во кои стоело дека доколку добиле како комисија известување дека за тој министер или друг наредбодател дека не издавал идеолошко политичка наредба, идеолошко политичко делување на тој министер требале, морале да му ја верификуват изјавата .
Има две битни работи кои го побиваат тврдењето на господинот Дамјановски, првата е таа што МВР ги издвоила досиеата кои се водени од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини па така за период 1945 -1988 година, издвоила 14 300 досиеа на следени и 22 000 досиеа на лица кои биле осудени и кои издржале затворски казни. Тоа се луѓе кои се залагале за ОТЦЕПУВАЊЕ на Македонија од Југославија што НE било АНТИУСТАВНО, бидејки сите Устави на Југославија го ГАРАНТИРАЛЕ правото на народите на раздружување до ОТЦЕПУВАЊЕ.
За период после 1991 година ДБК следела нешто помалку од 4 илјади луѓе од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини.

Еве три доказа за моето тврдење. Првиот е за човек кој е следен и суден 1947 година а е еден од основачите на ВМРО СДРМА-ПРАВДА, другите два доказа се за следени после 1991 година.

[Image: Gige-1b60b.jpg]

[Image: Blazo-izve3652.jpg]

[Image: Photograph4c36.jpg]

Се наметнува прашање, се разбира ако онаа што го говори господинот Дамјановски е точно, кога МВР ја кажувало вистината, дали во наводниот допис или во известувањата кои им ги дало на барателите на увид во личните досиеа??

Мало појаснување од кое читателите сами ке извлечат заклучок.
За случаите пред 1991 година, дека Дамјановски не е во право говори пресудата со која е осуден Крстески и другите 22 илјади Македонци кои се залагале за Самостојна Македонија, за отцепување на Македонија од Југославија. Пресудата на Крестески е неуставна бидејки е суден и осуден за политичка активност која му била гарантирана со Уставот!! Значи суде е од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини.
За следените по 1991 година, следените во наводно самостојна и плурална Македонија, јасни показатели, докази дека следењето било од ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ причини е НЕПОКРЕНУВАЊЕТО на ниту еден судски процес против следените после 1991 година, а ДБК следела, биле под ОПЕРАТИВНА ОБРАБОТКА близу 4 илјади луѓе, во тој период НЕУСТАВНО се ПРИСЛУШКУВАНИ близу 50 ИЛЈАДИ граѓани на Македонија!! Не е покренат ниту еден судски процес бидејки ДБК не обезбедила докази. Но има и уште нешто. Службата има еден специфичен начин на работа. Имено, прогонот не го прави за да на Прогонетиот ("Предмет на Обработка") му ги докаже наводните индиции, неможе да се докаже нешто што не постои, бидејки индиции формално служиле само како покритие за отворање на досието, за прогонот. Да нема недоразбирање, тоа Службата не го прави од неспособност или од незнаење, туку заради тоа што целта на системот на работа е да се здобие со нов кодош - при што од секој "противник" прави "свој" човек, бидејќи, целта е, нели, Едноумие! За да се здобие со нов кодош, УДБ-а не избирала начин и средства: уцени, закани ... убеден сум дека и денеска не избира средства или начини ....
 

Втората битна работа која го демантира господинот Дамјановски е таа што јас ТРИ пати поднесував ИНИЦИЈАТВА за лустрирање на министерот Фрчовски, по сите три закона, бидејки тој е нардебодател за мое неуставно следење и прислушкување, сите три мои инцијативи не беа разгледани од комисијата!!???? Причина за неразгледувањето лежи во тоа што службите, ДБК несакале да го дадат моето оргинално досие на увид на службата.
Зошто не бев повикан да сведочам, јас кај мене го имам моето досие?? Зошто господинот Дамјановски не се заложил да се искористи таа можност??
Овој дел од видеото го издвоив бидејки најсликовито покажува со каков ментален склоп се луѓето кои биле и се битни чинители во заштитата на индивидуалните човекови права и слободи во Македонија:





Да тргнам од последниот збор на Дамјановски на видеото а тоа е дека сите лица кои биле следени и чии досиеа се употребени како докази за лустрирање на Фрчковски биле ОПРАВДАНО следени.
Зар е можно за луѓ чии екстремизам одел дотаму по зборовите на Друг Чедо е "нарушен уставниот поредок", и "се употребува оружје". Друг Чедо не спомена дека против не е подигнато ниту обвинение а не пак да е донесена правосилна судска пресуда?? Па отука прашање, како можат да бидат прогласени за виновни и тоа од правник, бивш член на комисија за лустрација, како е можно на оваа да не реагира представникот на Хелсиншки комитет, водителот Попетрески. Се покажа дека е можно, а можно е бидејки и Дамјановски, Стојановски, Попетрески ... се ментални комунисти, луѓе чија задача е одбрана на злосторот на носителите на едноумниот тоталитарен систем. Задача на разноразните Дамјановци, Стојановци, Попетревци е се што НЕУСТАВНО го правела УДБа, ДБК кога ја воделе луѓе од СДСМ да го прогласуваат за исправно. Тоталитаризмот и Едноумието под водството на СДСМ, според Македонскиот Хелсиншки Комитет е врв на човековата слобода.
Ке ги потсетам менталните комунисти, чуварите на Тоталитаризмот и Едноумието дека Уставот на Р. Македонија во Член 13 вели:

Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука !!

Со оваа паѓа во вода тврдењето на Дамјановски дека следењата биле ОПРАВДАНИ!!
Молкот на Стојановски кој МОРАШЕ да реагира и да укажена Дамјановски и на Попетрески дека следењата ке биле ОПРАВДАНИ ако лицата биле осудени со правосилна пресуда само јасно говори за составот и делувањето на Хелсиншкиот комитет.

Понатака, Дамјановски говореше само за ЕКСТРЕМИЗАМ ама дали од незнаење или пак свесно не спомена линијата на работа на ДБК, прогон за МАКЕДОНСКИ ВРХОВИЗАМ. Линија на работа на ДБК која е усвоена со Правилникот за работа 10/92, значи Правилник усвоен во октомври 1992 година, и објавен во тане службен весник, скоро една година по донесувањето на "демократскиот" Устав.
Линијата на работа МАКЕДОНСКИ ВРХОВИЗАМ ги опфаќа сите оние кои решавањето на МАКЕДОНСКОТО прашање го гледат и бараат во САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.

Дамјановски не спомена дека се до 1995 година, ДБК за прогон на ИДЕОЛОШКИТЕ и ПОЛИТИЧКИТЕ несистомисленици ги користи законите на бившата СФРЈ.

Продолжува.
24-10-2015, 01:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:И АЛАСАТ ЧУВАР НА ЕДНОУМНИОТ ТОТАЛИТАРЕН СИСТЕМ ?! 3

Јордан Петровски 07.06.2015
Во предходните текстови говорев за, АЛСАТ за Другарот Чедо, сега ке напишам некој збор за Омладинецот Стојановски, на него ке му дадам две продолженија, сепак неговите лаги се многу добро обмислени.


Тито го рекол следнотво:

Quote:"Народ који има овакву омладину, не треба бринути за своју будуќност"

Денеска триесет и кусур години по неговата смрт гледаме колку бил во право. Тогашните Титови младинци: Милчин, Најчевска, Калајџиски, Унковски, Чомовски …. се извинувам на неспоменаттие а ги има бајаги, за јота не скршнале од концептот на Титовистичкото едноумно воспитување. Затоа јас малку ке ја прафразирам, појаснам изјавата на Тито;

Народ кој има младина "испилена" во Хелсиншки комитет и во Фондацијата Отворено Општество, треба да знае дека ке остане бастион на тоталитарзимот , еднумието ...

Уште неможам да поверувам дека е можно некој да искаже толку многу лаги и манипулации за толку кратко време додуша за да успее Другарот Стојановски во исполнувањето на задачата сесрдно му помагаше "независниот" Попетрески. Со што ли го "хранат" младиќов од Хелсиншки па толку лесно лагите да му се излеваат од уста, чиниш како да гледаш робот во кого се наснимани лагите, лаги добро осмислени и сите со една цел да се докаже дека во времето на СДСМ непостоело кршење на човекови права и слободи, да се докаже дека ДБК не била употребувана за зачувување на тоталитарниот едноумен комунистички систем.
Да почнам со најбитната манипулација, манипулација изнесена од водителот а "надградена и проширена" и од представникот на Хелсиншки Комитет. Попетрески вели: ако некој треба да одговара за период после "осамостојувањето" треба да одговара според законот за крвинична постапка!!





На сервираната топка Другарот Стојановски веднаш пука волеј. Па вели дека од 17.11.1991 година, нетреба да има лустрација ама не кажува како да се премостат законските пречки .....

За да се поведе постапка, ЈО да ја прифати кривичната пријава треба да се приложат материјални докази! Да се приложи материјален доказ дека ДБК ве следело и дека при следењето ви се кршени човековите права, треба да го имате досието, треба ДБК да ви го даде досието и вие со тоа досие да го тужите Министерот на МВР, Директорот на ДБК, Подсекретарите, Началниците, .... сите оние кои учествувале во НЕУСТАВНИОТ прогон. Дали господинот Попетрески, Другарот Дамјановски и Другарот Стојановски очекуват дека министерот на полиција или директорот на ДБК ке дадат некое досие со кое против нив ке биде овозможен кривичен прогон? Не!! Лицата кои биле неуставно прогонувани евентуано доказите можат  да ги добијат по смена на власта. Тоа се случи во 2000 година, ама!!!
Тоталитарниот едноумен систем за да не преведе жедни преку вода 2000 година, донесе закон за пристап до личните досиеа, досиеа водени на ИДЕОЛОШКИ и ПОЛИТИЧКИ противници на комунистичкото уредување и практикување на власта.
Молкот на Хелсиншки Комитет, молкот на ФООМ, непокренувањето на кривична постапка на Републичкот Јавен Обинител кога беа отворени досиеата 2000 година, против прекршителите на со Устав загарантираните човекови права и слободи кои јасно се гледаа од досиеата, беше сигнал дека отворањето на досиета еуште една комунистичка голема измама.

Quote:Јас во тој период ја напуштив Македонија и поведов битка надвор од Македонија за докажување на фактот дека во Македонија не дошло до промена на системот. По пет годишна битка, судот во Канада донесе одлука дека ВЛАСТА во Македонија со Законите и Правилниците кои ги носела а кои не биле во склад со меѓународните конвенции за човекови права е недемократска, а со тоа и дека во Македонија не дошло до промена на системот.

Дека отворањето на досиеата е комунистичка измама потврдуваат двете кривични пријави, тоа се единствените, поднесени од лица кои биле прогонувани. И двете ЈО ги отфрла поради застареност!!
Првата кривична пријава е поднесена СЕДУМ месеци од последната службена белешка, Јавното Обинителство за да ја отфрли првата кривична пријава, делото на неуставен прогон, поточно неуставно прислушкување го квалификува како дело казниво со казна затвор до ТРИ месеци и поради застареност и релативна и апсолутна на делото ја отфрла кривичната пријава.
И втората кривична пријава е отфрлена поради застареност!! Иако ЈО прифаќа дека неуставниот прогон е казнив со казна од ДЕСЕТ години ама прави фалсификат со неприфаќање на доказот, Јавната Обинителка не го "видела" доказот дека во моментот на поднесување на кривичната пријава делото не било застарено, до застереноста, последната службена белешка од досието имало уште цели СЕДУМ месеци.

Од оваа се гледа дека покренување на кривична постапка во Македонија е НЕВОЗМОЖНА мисија!! Станува јасно дека праксата која го одликуваше бившиот систем, Уставот и превземените меѓународни конвенции се само мртво слово на хартија продолжи и по донесување на Уставот донесен 1991 година. Устав кој Другарот Стојановски го наметнува како света работа.

Другарот Стојановски треба да научи дека Уставот е само слово на хартија. Демократијата, заштитата на индивидуалните човекови права и слободи пропишани со Уставот ТРЕБА да ги спроведуваат, гарантираат и штитат институции. Но нели на избори граѓаните избираат политичка партија на која ке и ја ДАДАТ ВЛАСТА а политичката партија е збир на идеолошки истомисленици, кои нели може, праксата покажала дека е така, да посакаат нивната идеологија да биде единствена во државата а преку тоа вечно да владеат.
За да институциите ја извршуваат својата со Устав одредена задача, луѓето кои си го почитувале својот глас сватиле дека ВЛАСТА треба да е под "контрола", односно будно следенена од граѓаните, затоа направиле невладините организации. Преку интелектуалците, новинарите, односно граѓаните кои немаат поданички менталитет, граѓаните кои се почитуваат себеси и кои знат дека власта се избира да му служи на граѓанинот изградиле-градат јавно мнение, јавно мнение кое треба да е врховен судија.

Дали во оваа погоре напишано Другарот Стојановски, господинот Попетрески и другарот Чедо се препознаваат себе си.

За да се покрие пресудата донесена во Канада, пак ЕДНОУМНИТ ТОТАЛИТАРЕН СИСТЕМ прави нова лага, лага наречена Закон за Луатрација. Закон за Лустрација чија цел е да не се разгради едноумниот тоталитарен систем, закон чија цел е да се сокријат комунистичките злостори, да се сокрие улогата на Белград во попречувањето на деморатизирање и ОСАМОСТОЈУВАЊЕ на Македонија.
Се измислува закон кој не е во склад со Уставот!! Комисија неможе да носи одлуки за нечија вина, вината се докажува во судска постапка и со правосилна судска пресуда.
Законодавецот, Хелсиншкиот комитет, ФООМ ако навистина сакаа да спроведе лустрација требаше во законодавството на Македонија да го вгради членот 7 од Резолуцијата 1096 на Советот на Европа,!! Целиот закон за Лустрација, треба ше да биде примената на член 7 од Резолуцијата 1096 на Советот на Европа. Во Македонското законодавство.

Quote:Член 7

„Собранието исто така препорачува, казнивите дејства што биле сторени за време на комунистичкиот тоталитарен режим да се гонат и казнуваат врз основа на општоважечките казнени закони. Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. До толку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина.“

Ако сакаа ама не сакаа ниту тие ниту власта на Груевски а нели глумат дека се лути противници



Продолжува
24-10-2015, 01:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:[Image: Zekiri58d0.jpg]

[Image: Zekiri-138a6.jpg]
24-10-2015, 01:20 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,541
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

24-10-2015, 01:23 AM
Reply