Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
АНАЛИЗА КОЈА ПОКАЖУВА ДЕКА ДПМНЕ ПОД ВОДСТВО НА ГРУЕВСКИ НЕ Е ДЕСНИЦА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:За еден поинаков конзерватизам: Озборн vs. Ставревски


На хартија, еден од столбовите на конзервативните економски политики е одговорното раководење со јавните финансии (за free-market критика на економските политики на The Conservative, Роналд Реган, која е повторлива приказна кај повеќето конзервативци до денешен ден, прочитај кај проф. Ротбард). Во најмала рака, ова подразбира балансиран буџет придружен со ниски даноци, низок јавен долг – чиста сметка за следните генерации – и одржлив економски раст предводен од приватниот/доброволниот сектор (одговорно раководење со јавните финансии подразбира и по можност креирање буџетски суфицит во услови на економски раст кој би овозможил бафер за поддршка на економијата во услови на рецесија без акумулирање голем јавен долг – т.е. креирање буџет за „црни дани“). Ваквото управување со јавните финансии кое овозможува простор за развој на приватниот сектор е second-best сценарио во споредба со она што најчесто се случува со парите на народот под левичарска власт.
Следува едноставна анализа на управувањето со јавните финансии од страна на нашите и британските десничари токму од оваа перспектива. Сметам дека анализата е важна што левицата на големо ќе го користи владеењето на ДПМНЕ за дискредитација на политиките на конзервативно управување со јавните финансии и политиките на штедење (кои ќе дојдат на дневен ред еден ден). А, како што ќе видиме, многу малку од конзервативните принципи е присутно во овие 10 години кога станува збор за јавните пари.
Во екот на кризата, лабуристите во Велика Британија „успеа“ да набилдаат буџетски дефицит од 10.2% од БДП, највисок буџетски јаз во мирнотропски услови (!) по што во 2010 година ги губат изборите од конзервативците на Камерон. Како процент од БДП, уште во првиот мандат конзервативците ја креваат економијата при истовремено ставање во ред на јавните финансии. Поточно, за еден мандат успеа да ја вратат економијата во позитива на 2.5% (а наследија економија во рецесија од -4.3%) при паралелно намалување на јавната потрошувачка од 45 на 39% од БДП.
[Image: new-picture-5.png?w=630&h=300]
Британската економија почнува да се опоравува кога веќе се насетува смена на левичарите – конзервативците победуваат со програма за одговорно раководење со финансиите
Британската економија почнува да се опоравува кога веќе се насетува смена на левичарите –
конзервативците победуваат со програма за одговорно раководење со финансиите
На страна сите критики од левичарите Кругман и Стиглиц, Велика Британија – по освојувањето на власта од конзервативците и превземените мерки на штедење со што го намалија двојно буџетскиот дефицит од 10.2 на 5% од БДП (сепак се можело!) – денеска е најбрзорастечка економија во клубот Г7, вработувањето е на историски највисоко ниво, а пополека но стабилно растат и платите во реалниот сектор.
[Image: new-picture6.png?w=1000]
Одговорни политичари се справуваат со проблемите денеска – а не ги префрлуваат на идните генерации
Како резултат на овие политики на Озборн (главниот човек за финансии во владата на премиерот Камерон), конзервативците ги раскостија левичарите на изборите во мај годинава и ја добија повторно довербата од народот. Главното ветување?! Ќе продолжиме со одговорно управување со јавните финансии и ќе постигнеме балансиран буџет на крајот на вториот мандат на ниво на јавна потрошувачка од 36% од БДП! Озборн пак, станува главен кандидат за наследник на Камерон.
[Image: new-picture-1.png?w=584&h=300]

Вака изгледа конзервативно управување со јавните финансии – првиот мандат се поставуваат основите; вториот се постигнува балансиран буџет
Од друга страна пак, првиот човек на државната каса во Македонија, министерот Ставревски најверојатно ќе остане запаметен по изјавата дека немаме пари ни за леб а трошиме за чоколада и покрај големите финансиски реформи кои беа спроведени од ДПМНЕ.
Кога македонските конзервативци ја издвоија можеби најчистата изборна победа во 2006 година, наследија солидно-растечка економија (економски раст во 2005: 4.7%), мал но сепак буџетски суфицит и јавен долг од 39.6% од БДП (просечен јавен долг како % од БДП во мандадот на СДСМ 40.5%). Ова се сосема солидни наследени макроекономски основи, особено ако се има предвид конфликтот во 2001 година и последиците од истиот на краток/среден рок.
[Image: new-picture-2.png?w=600&h=377]
Никако да тргне работава?

„Историскиот“ раст во првите две години на премиерот Груевски всушност во голема мера претставуваше продолжување на позитивниот тренд започнат во 2004 година (секако, заслугите за конзервативците и спроведените реформи во 2006-2008 дадоа дополнителен стимул на економијата). Првиот мандат (2006-09) конзервативците го затвараат со солидна просечна стапка на раст од 4.18% (вклучувајќи ја и кризната 2009), додека пак вториот 4 годишен период бележат скромен просечен раст од 1.98%. Земено за целото 8 годишно владеење на ДПМНЕ, економијата расте со просечна стапка од 3.03%, што е скромен раст, понизок и од просечниот раст во мандатот на СДСМ од 3.27%. Она што е позагрижувачки е што за разлика од конзервативците на Камерон кои успеа да ја вратат економијата на крајот на првиот мандат на пред-кризно ниво (со паралелно намалување на државната потрошувачка), ДПМНЕ и по завршувањето на вториот мандат е многу далеку од пред-кризните стапки од над 5% раст.
Уште поголем проблем – од перспектива на конзервативно управување со јавните финансии – е што овие стапки на раст ДПМНЕ ги оддржува со драстично зголемен буџетски дефицит кој се одржува континуирано и по завршување на економската криза! Ова е лесно забележливо и од следниот графикон во кој се гледа дека од 2008 година па наваму има константно намалување на даночните приходи (доколку би имало растечка економија би било обратно), со истовремено зголемување на јавната потрошувачка! Министерството за финансии во својата фискална програма за 2015-2017 година ова го нарекува „задржување на ниското даночно оптоварување за фирмите и граѓаните“, но вистината е дека даночниот товар се префрлува само за наредниот период, за некоја наредна влада која ќе биде соочена со предизвикот да се справува со растечкиот дефицит кој го зголемува јавниот долг.
[Image: new-picture-11.png?w=1000&h=492]
Во споредба со СДСМ, за разлика од конзервативните колеги Озборн и Камерон кои успеаа за еден мандат да го намалат дефицитот за половина, од 10.2 на 5% од БДП – Ставревски и Груевски сериозно го зголемија на -3.8% од БДП на крајот на вториот мандат. Конзервативните принципи толелираат зголемување на долгот во услови на економска криза, но и балансирање на буџетот по завршување на истата. Во спротивно, како што и предупредуваат голем број од финансиските меѓународни институции, мал ќе биде просторот за било каква фискална реакција доколку повторно „задрма“, а акумулираниот долг ќе претставува товар на развојот во иднина.
[Image: new-picture-3.png?w=600&h=428]
Не ќа да е ова индикатор за конзервативно управување со нашите пари?!

Исто е и со јавниот долг кој (на страна структурата и транспарентноста на податоците) не запира да расте под раководство на конзервативците и веќе во 2014 година го надмина највисокото ниво од 45.7% во времето на СДСМ во пост-кризната 2002 година (во проекциите пак за 2017 година јавниот долг го достигнува нивото и од 50%!). Ова укажува на тоа дека апетитите за државно трошење на средства не запираат ниту третиот мандат на „конзервативците“, апетити кои домашната економија тешко ги задоволува, па истите мора да се финансираат со позајмици кои економијата тешко ќе ги апсорбира во иднина ако продолжи да се развива со исто темпо како во последниве 10 години.
[Image: new-picture-4.png?w=810&h=484]
Значи, ако се погледнат агрегатно клучните макроекономски индикатори (без навлагање во структурата и други дискусии за јавните финансии), за разлика од конзервативците на Камерон, во времето на десетгодишното владеење на ДПМНЕ може да се заклучи следново:
  1. Економскиот раст никако не може да се доближи до пред-кризните стапки од околу 5% и по 10 години;
  2. И овој економски раст во голема мера се одржува со зголемување на буџетскиот дефицит кој континуирано расте што се отсликува во стагнацијата на даночните приходи како % од БДП; исто како и
  3. Јавниот долг на кој не му се гледа крајот со што порано или подоцна, имајќи го предвид анемичниот економски раст за една економија во развој, ќе значи зголемен товар на граѓаните; и
  4. Балансиран буџет не е ни планиран ни на крајот на 2017 година, цели 12 години од доаѓањето на ДПМНЕ на власт.
Овие индикатори можат да се толкуваат на разни начини, но едно е сигурно: владеењето на ДПМНЕ е далеку од конзервативно во однос на управувањето со јавните финансии. Сосема напротив!


LKATLAS
(This post was last modified: 19-10-2015, 09:20 PM by ЈорданПетровски.)
19-10-2015, 09:18 PM
Reply