Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ФРОДЕМ-НОВО ЧЕДО НА ОПЕРА!!??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:
Од петок нова политичка партија – ФРОДЕМ

13-10-2015 13:54:49
 
В петок, 16 октомври, со почеток во 12 часот, во хотелот „Александар палас“ во Скопје и официјално ќе биде формиран Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ), зад кој стои професорот Јове Кекеновски.
 
[Image: frodem-540x330.jpg]
Во изјава за „Мета“, професор Кекеновски рече дека во групата иницијатори на новата политичка сила се повеќемина поранешни пратеници и министри од ВМРО-ДПМНЕ.
„Мета“ дознава дека во партијата се уште и поранешниот министер за образование, професорот Ненад Новковски, познати медицински експерти и професори, како доктор Дејан Ставриќ, стендап-комичарот Сашо Тасевски, кој најверојано ќе биде лицето задолжено за контакт со јавноста, и познати личности од други професии.
Дел од оваа иницијатива е и бизнименoт Труфун Костовски.
– Има луѓе од различни структури, со различни убедувања, но има и нешто што сите нас нè обединува. Имено, од сите мали или поголеми различности, најголемо е злото против кое мораме да се избориме – вели во изјава за „Мета“ професор Кекеновски.


Дали Богоевски и Диневски се дел од партијата или ке се придружат подоцна??



[Image: zmejko-bogaf7f.jpg]
14-10-2015, 03:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:[Image: 222812_5949879582_6940_n.jpg?oh=91471701...a893ce812b] Goce Nikolovski

I kolumnistot Sase otide vo FRODEM ! Icon_frown
Like · Reply · 4 hrs

Quote:[Image: 10610930_744864215598006_605666551787946...ca00044ee4]Jordan Petrovski

Водиш битка против корупција, олигархија, приватизациската пљачка а одиш да бидеш сопартиец на Трифун Костовски, човек кој затоа што е до гуша во гомненици прави партија за да помогне да не дојде до промена на системот.
Другиот столб на партијата Јове Кекеновски заедно со КСИO го нанесе насреиозниот удар на ВМРО ДПМНЕ, играта со "бугарофилството" на Доста беше само параван за србизација и УДБЕИЗАЦИЈА на ВМРО ДПМНЕ. Значи и Јове си има причина да несака промена на системот.....
Like · Reply · 3 · 2 hrs
14-10-2015, 09:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote: Кекеновски: ФРОДЕМ ќе го разбие „најстариот занает“ во политиката

16 октомври 2015
[Image: goran.jpg]
Горан Наумовски

ФРОДЕМ или Фронт за демократска Македонија е новото граѓанско движење во земјава, во чиј врв се бизнисменот Трифун Костовски и професорот Јове Кекеновски. Токму тој истакна дека сегашната, но и претходните влади политиката ја направиле како најстариот занает на светот.

- Затоа ФРОДЕМ е визија која ќе биде коректив на целиот систем и состојби за подобро утре на земјава. ФРОДЕМ нуди платформа која ја немал никој досега - порача Кекеновски.
Во ФРОДЕМ се и поранешниот министер за образование, проф. д-р Ненад Новковски, актерот Сашо Тасевски и други.


[Image: DSC_0425%282%29.jpg]



PLUSINFO





Најголемо разочарување Др. Ненад Новковски или што ги тера луѓето да прават вакви салта мортоале. Десничр кој градел со години углед на десничар преку ноќ го брише тој дел од животот!! Како да му веруваш дека утре пак нема да го стори ситото со новата идеологија која ја прифатил.
16-10-2015, 01:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Jove Kekenovski
7 hrs · Edited ·

ВМРО НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ

Почитувани вмровци, сопартијци, сакам во ова прилика да се обратам до Вас и да споделам неколку размисли за иднината на нашето ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ е наше заедничко! На тие што го основавме и се определивме за него на самиот почеток, изборувајќи се за независна Македонија. Тоа им припаѓа и на сите наши сопартијци кои се приклучија подоцна. Но, почитувани сопартијци позначајно е да нагласиме дека ВМРО им припаѓа на сите Македонци, а најзначно е што ВМРО им припаѓа на сите граѓани на Македонија.
Затоа, почитувани имаме историска должност да се вратиме на вредностите што стојат зад овие свети букви. Тоа е борба за доброто на народот, борба за слобода и демократија и борба за почитувана држава во вистинска смисла на зборот. Но, за да имаме сила и право да се бориме за овие вредности, најпрвин треба да си го вратиме основното почитување како луѓе, како домаќини, како работници, селани, интелектуалци, како млади и стари, да се погледнеме во очи, да не ги вртиме погледите и да се запрашаме: Што правиме луѓе? Што навистина правиме!? Против кого се бориме, кои ни се непријателите и душманите, за кого навистина се бориме, зад што се затскриваме и за каде се спремаме со тие силни пари по сметките и под душеците. Остана ли нешто вредно во Македонија?
Искрено треба да се запрашаме и погледнеме в очи. Ако навистина има храбри луѓе во Македонија. Ако има загрижени мајки и жени столбови на семејствата. Токму сега треба да се запрашаме: Што правиме луѓе!? Додека не станало предоцна. Сега треба да се замислиме, прст на чело да ставиме, сега кога државата е поделена и заслепена од омраза како никогаш; сега кога во Македонија кулминира егзодус на иселување на народот во потрага по нормален живот; сега кога има голема сиромаштија, а со секојдневното презадолжување им ги трошиме парите на нашите внуци, сега кога не создаваме нова вредност и развој, сега кога треба да се сплотиме, а тоа воопшто не ни паѓа на памет.
Пред нас претстои голема битка за враќање на партијата на членството, на народот. Патиштата за остварување на оваа цел се различни. И сите се легитимни! Ние го одбравме овој пат. Но, целта секогаш е една: силно демократско ВМРО ДПМНЕ како столб на Македонија.
ВМРО никогаш не било за еднократна употреба. Зборот се почитувал, а пишаните и непишаните закони беспоговорно. Денес ВМРО ДПМНЕ никој не смее да го става во заложништво за некоја своја авантура, лажна замисла или погрешно донесена одлука. Тоа е погрешно, но тоа е исправливо. Но, ако некој, сите нас не стави заложници на своето незнаење и лакомост, не осиромаши и ни ја загрози егзистениција како поединци и народ, тогаш Господ нека ни е на помош!
Сепак, Македонија и ова големо невреме ќе го преброди, не поради нас кои молчиме и чекаме некој друг да ни ги реши проблемите, туку поради нашите деца и внуци. Треба да им дадеме шанса, би било добро и фер животот да го започнат на свое, да растат да се развиваат како свои личности, да почитуваат и да бидат почитувани, да се горди што имаат длабок и жилав корен и добра мисла да ги прати во животот. Не клетва!
Тука ќе сопрам. Нема потреба од повеќе зборови. Кој сака да разбере ќе разбере. Кој сака да стори нешто за татковината, бездруго ќе стори.
Сакам да завршам со една порака, мисла, рефрен, стар, пренесуван од генерација на генерација. Тоа е вистинита, тоа е патоказот за Македонија:
Мој народе македонски со какви идеи си ти?
Доста беше, разбуди се, СВЕСТИ СЕ, НЕ СПИЈ ТИ....
Не сакаме богатство, не сакаме пари,
Туку сакаме слобода, и човечки правдини.



Ова е најперфидниот УДБАШКИ спин, ВМРО да ти било на сите Македонци. Дали сите Македонци кренаа глас кога УДБа уапси преку 7300 членови на ВМРО СДРМА ПРАВДА?? Дали сите Македонци лежеа затвор за ИДЕАЛОТ на ВМРО? Дали сите Македонци побараа да се обештетат затвораните и прогонуваните за ИДЕАЛОТ на ВМРО?? Дали сите Македонци 1990 година гласаа за ВМРО дпмне??
17-10-2015, 05:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(17-10-2015, 05:32 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Jove Kekenovski
7 hrs · Edited ·

ВМРО НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ

Почитувани вмровци, сопартијци, сакам во ова прилика да се обратам до Вас и да споделам неколку размисли за иднината на нашето ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ е наше заедничко! На тие што го основавме и се определивме за него на самиот почеток, изборувајќи се за независна Македонија. Тоа им припаѓа и на сите наши сопартијци кои се приклучија подоцна. Но, почитувани сопартијци позначајно е да нагласиме дека ВМРО им припаѓа на сите Македонци, а најзначно е што ВМРО им припаѓа на сите граѓани на Македонија.
Затоа, почитувани имаме историска должност да се вратиме на вредностите што стојат зад овие свети букви. Тоа е борба за доброто на народот, борба за слобода и демократија и борба за почитувана држава во вистинска смисла на зборот. Но, за да имаме сила и право да се бориме за овие вредности, најпрвин треба да си го вратиме основното почитување како луѓе, како домаќини, како работници, селани, интелектуалци, како млади и стари, да се погледнеме во очи, да не ги вртиме погледите и да се запрашаме: Што правиме луѓе? Што навистина правиме!? Против кого се бориме, кои ни се непријателите и душманите, за кого навистина се бориме, зад што се затскриваме и за каде се спремаме со тие силни пари по сметките и под душеците. Остана ли нешто вредно во Македонија?
Искрено треба да се запрашаме и погледнеме в очи. Ако навистина има храбри луѓе во Македонија. Ако има загрижени мајки и жени столбови на семејствата. Токму сега треба да се запрашаме: Што правиме луѓе!? Додека не станало предоцна. Сега треба да се замислиме, прст на чело да ставиме, сега кога државата е поделена и заслепена од омраза како никогаш; сега кога во Македонија кулминира егзодус на иселување на народот во потрага по нормален живот; сега кога има голема сиромаштија, а со секојдневното презадолжување им ги трошиме парите на нашите внуци, сега кога не создаваме нова вредност и развој, сега кога треба да се сплотиме, а тоа воопшто не ни паѓа на памет.
Пред нас претстои голема битка за враќање на партијата на членството, на народот. Патиштата за остварување на оваа цел се различни. И сите се легитимни! Ние го одбравме овој пат. Но, целта секогаш е една: силно демократско ВМРО ДПМНЕ како столб на Македонија.
ВМРО никогаш не било за еднократна употреба. Зборот се почитувал, а пишаните и непишаните закони беспоговорно. Денес ВМРО ДПМНЕ никој не смее да го става во заложништво за некоја своја авантура, лажна замисла или погрешно донесена одлука. Тоа е погрешно, но тоа е исправливо. Но, ако некој, сите нас не стави заложници на своето незнаење и лакомост, не осиромаши и ни ја загрози егзистениција како поединци и народ, тогаш Господ нека ни е на помош!
Сепак, Македонија и ова големо невреме ќе го преброди, не поради нас кои молчиме и чекаме некој друг да ни ги реши проблемите, туку поради нашите деца и внуци. Треба да им дадеме шанса, би било добро и фер животот да го започнат на свое, да растат да се развиваат како свои личности, да почитуваат и да бидат почитувани, да се горди што имаат длабок и жилав корен и добра мисла да ги прати во животот. Не клетва!
Тука ќе сопрам. Нема потреба од повеќе зборови. Кој сака да разбере ќе разбере. Кој сака да стори нешто за татковината, бездруго ќе стори.
Сакам да завршам со една порака, мисла, рефрен, стар, пренесуван од генерација на генерација. Тоа е вистинита, тоа е патоказот за Македонија:
Мој народе македонски со какви идеи си ти?
Доста беше, разбуди се, СВЕСТИ СЕ, НЕ СПИЈ ТИ....
Не сакаме богатство, не сакаме пари,
Туку сакаме слобода, и човечки правдини.



Quote:Jordan Petrovski


Направии кои се базираат на поврзување без идеолошка основа секогаш се осудени на несуспех, неуспех по прашање на функционирање на институциите на системот!! владеењето на правото, почитувањето на индивидуалните човекови права и слободи, Уставот. Најдобар пример е коалицијата на Љупчо со Тупурковски и Џафери и оваа што го стори Груевски, тој отиде чекор подалеку од Љупчо тој собара комунисти, социјалисти, четници, марксисти ленинисти соработници на УДБа, КОС, СИД.... Таквото поврзување а тоа е и ФРОДЕМ, е поврзување само да се дојде до власт и да се продолжи со пљачката. Жално е што секогаш во такви игри страдаат многу чесни луѓе, луѓе кои навистина сакаат да живеат во нормална држава и се подготвени да се борат за тоа е заради нив да ги сомеле, уништи, УДБа на секои неколку години смислува ваква направија .....
Like · Reply · 15 mins


Quote:Jordan Petrovski

Моето второ мислење се однесува на ова:

-"ВМРО НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ"

Ова е најперфидниот УДБАШКИ спин, кој е смислен и пуштен во оптег на почетокот на деведесетите, ВМРО да ти било на сите Македонци. Затоа неколку прашања упатени до почитуваниот Јове;

-Дали сите Македонци кренаа глас кога УДБа 1949-51 уапсила и осудила на повекегодишни затворски казни преку 7300 членови на ВМРО СДРМА ПРАВДА??
-Дали сите Македонци лежеа затвор за ИДЕАЛОТ на ВМРО?
-Дали сите Македонци побараа да се обештетат затвораните и прогонуваните за ИДЕАЛОТ на ВМРО??
-Дали сите Македонци 1990 година гласаа за ВМРО дпмне??
-Дали во ФРОДЕМ сите го почитуваа ВМРО??
Like · Reply · 8 mins
(This post was last modified: 18-10-2015, 02:41 AM by ЈорданПетровски.)
18-10-2015, 02:34 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



Премногу мене, мој, јас, употребува Трифун Icon_razz Icon_razz А се обидуваат да ме убедат дека Трифун ке биде маргиналец во ФРОДЕМ.

Да потсетам кој е Трифун:

Quote:General Mamula:zadržati "status quo" dok se ne smiri protukomunistički pokret u Europi, dok nacionalna individualizacija istočnoeuropskih naroda ne posustane i dok iznova ne ojačaju suprotstavljanja između Istoka i Zapada ...


За таа цел, имотот, оној НА "РАБОТНИЧКАТА КЛАСА" морал да остане рацете на комунистичката елита!!


Quote:Ante Marković je dobio ulogu mađioničara koji će omogućiti bivšoj komunističkoj eliti privatizaciju sve imovine bez novca,..


Од онаа што сум го поминал како лично искуство во моите скромни обиди да се демократизира Македонија, сценариото ке биде следно:
Целата игра, настапи на ТВ, интервјуа во весници, портали, тв дебати за ФРОДЕМ ке го водат неколкумина проверени и искусни луѓе на УДБа*, на нив медиумите кои се под стога контрола на чуварот на едноумниот тоталитарен систем УДБа ке им обезбедува простот, можно е да се појави и некое ново лице, лице за кое ке оцени УДБа дека го положило тестот за соработник!!

На Полициско Новинарските бракови им кумувала и кумува УДБа ....

УДБа*-го користам изразот УДБа за да лесно препознатливо дам до знаење која е идеолошката матрица на луѓето кои го управуваат, поточно водат битка да го управуваат и понатаму економскиот и политичкиот живот во Македонија.
18-10-2015, 11:48 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(18-10-2015, 11:48 AM)ЈорданПетровски Wrote:



23-10-2015, 02:41 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:ИНТЕРВЈУ: ТРИФУН КОСТОВСКИ


Не сум тројански коњ на Груевски

13.11.2015
Не сакате Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) да го споредувате со коалицијата МОСТ, која го урна двопартискиот систем во Хрватска и е вистинска трета опција. Зошто ФРОДЕМ да не биде македонскиот МОСТ?
[Image: EC1FD64419A2C5468512504D9225FE9A.jpg]
- Дали ќе бидеме некој вид МОСТ? Не знам, не можам да кажам сега. Од денес не можам да кажам ништо. Изјавите на МОСТ во Хрватска значат симнување на маските на политичарите. Според мене, ние сакаме да бидеме коректив на општеството, да бидеме чиста совест и, буквално, во дадениот момент не сакам да бидам споредуван ниту со МОСТ во Хрватска ниту со кого било, бидејќи имам мисија да го разбудам прво обичниот граѓанин самиот себе да се вреднува, а потоа политичките субјекти да почнат да размислуваат на еден друг начин. На начин да не смееме да ги затвораме очите на чиста виделина, кога гледаме дека осиромашуваме со човекови ресурси. Од тој аспект, ФРОДЕМ за мене засега е мисија и коректор. Како ќе биде понатаму, дали ќе прерасне во партија, сето тоа е одговор на граѓаните. Досега борбата за власт беше само борба за привилегии и борба за пари и како да се остане на власт, не гледајќи го сето зло што му го нанесоа на народот. Од тој аспект, ние сме растоварени сега. Јас не брзам никаде.
Дали имавте средба со поранешниот претседател Бранко Црвенковски и дали тој или негови блиски учествуваат во ФРОДЕМ? Средби со Заев, Шеќеринска?
- Да, неколкупати. Видете вака, јас имав средби и со Заев, и со Црвенковски, и со Шеќеринска се видов, но со неа поретко се гледам. А сум се видел и со Никола Груевски. Едноставно, сметам дека како граѓанин на оваа земја во која сум почитуван, имам легитимно право да комуницирам со која било личност што била и е дел од реалната политичка сцена, со цел да дадам одредени сугестии како јас ја гледам сликата за Република Македонија. Меѓутоа, ниту во еден момент не дозволувам да се узурпира мојата идеја, мојата работа за ФРОДЕМ. Категорично одбивам да прифатам дека тоа е дело на кој било друг политичар. Нема тука никаков удел ниту Бранко Црвенковски, ниту Зоран Заев, ниту Никола Груевски. ФРОДЕМ е еден конгломерат на различни бивши политичари од ВМРО-ДПМНЕ, слободни луѓе што биле ангажирани од едната или од другата страна. Сакам да кажам дека ФРОДЕМ не преставува никаков приврзок ниту на левата ниту на десната страна, туку ќе биде автохтон, бидејќи имаме сопствена визија за тоа како треба и што треба да се работи за Македонија, за да стигне до својата цел, а тоа е влез во ЕУ и во НАТО.
Дали би учествувале на изборите на 24 април в година?
- Засега на ФРОДЕМ не му се приоритет изборите. Ако успееме да добиеме поддршка од граѓаните дотогаш, тогаш, најверојатно, ќе се појавиме на изборите како партија. Не ја исклучуваме ниту таа можност, но не ни е приоритет.
Каков е вашиот став за договорот од Пржино?
- Договорот од Пржино се имплементира со многу маки, со голем притисок од меѓународната заедница. Длабоко сум убеден дека да требаше тоа сами да го решаваме овде, тоа прашање немаше никогаш да се реши. Ќе завршеше како комисијата од 24 декември 2012 година, односно како тоалет хартија. Цврсто верувам во убеденоста и посветеноста на меѓународната заедница да го реши овој проблем во Македонија, кој повеќе од една година ја бранува македонската јавности и има влијание врз нејзиното функционирање како држава и врз нејзината економија. Недостигот на здрава политичка сцена се отсликува во секојдневното живеење.
Дали со влегувањето во Владата, СДСМ има капацитет да ги реши проблемите?
- Лично сметам дека нема многу да влијае влегувањето во власта на кадрите на СДСМ, односно преземањето на министерските места во министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика и заменичкото место во Финансии. Гледам оти доаѓаат луѓе што никогаш немале искуство со таа работа, и сметам дека ова е прекраток рок да можат да се запознаат со вистинските проблеми и да можат да дејствуваат. Тоа е тоа, повторно ја плаќаме цената на лојалноста, а не цената на искуството. Длабоко сум убеден дека имавме многу поквалитетни кадри кои би застанале на таа позиција. Не дека ќе го решат проблемот, но би придонеле за негово многу подобро решавање, за да имаме напролет навистина фер и демократски избори.
Според вас, дали лидерот на СДСМ Зоран Заев има капацитет и програма да ја извлече Македонија од кризата?
- Се трудам цело време да ги разберам Зоран и СДСМ во поглед на нивната економска програма која треба да ја понудат пред граѓаните на секои избори. Бидејќи јас потекнувам од стопанството, бизнисот, недостига една алка за да дадат една вистинска програма, која ќе биде прифатлива за реалниот стопанственик во Македонија или за лојалниот граѓанин, во која тие ќе препознаат нешто автентично и дека сигурно ќе биде реализирано. Имам впечаток дека сето тоа се води во еден контекст на дневна политика, на дневно купување гласови. Морам да кажам дека во дадениот момент, ниту кадровскиот дел кој го гледаме во опкружувањето на Заев ми влева голема надеж дека ќе бидат во состојба да ги пребродат големите предизвици доколку навистина дојдат на власт, бидејќи, објективно, концептот кој тие го заговараат и луѓето со кои располагаат, не ми даваат надеж дека ќе успеат да најдат излез од оваа криза.
Дали Заев го заслужи премиерското место со храброста која ја покажа при објавувањето на бомбите?
- Да се биде премиер е една работа, а да се има храброст да се објават бомби е друга работа. За објавување бомби, секој доблесен граѓанин на Република Македонија, доколку имаше можност, можеше да го направи тоа. Јас да ги имав бомбите, иако немам партија, ќе ги објавев. Според тоа, доста веќе со тоа, условно кажано, величање за храброста која ја покажал еден човек. Јас познавам илјадници луѓе што имаат иста храброст како него, па дури и поголема. Значи, да бидеме реални, тој имаше обврска кон македонската јавност да ги објави тие бомби. И мене ми е жал што не ги објави сите бомби и го свитка 'рбетот пред меѓународниот фактор и пред актуелната влада. Тој требаше да го издржи притисокот и да продолжи со објавувањето Сега останавме среде пат. Кој ќе ги решава бомбите до кои јавноста нема пристап. Јавното обвинителство? Може ли утре тоа да биде, на некој начин, компензирано со некои отстапки, и од една и од друга страна. Тоа се прашања кои би си ги поставил секој паметен човек.
Дали мислите дека премиерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во практикување на власта користат диктаторски методи?
- Па видете, неговиот метод, од неговото доаѓање на власт, не се сменил, само што тоа денеска стигнува до еден автократски систем на водење на државата, блиску до диктатура, што досега беше невидливо. Меѓутоа, ако се сеќавате, имаше и отворени седници на Влада, се гледаше неговиот однос како ја води Владата. Буквално ги прозива сите министри и заменици како првачиња, да му одговорат до каде стигнале, што направиле. Начинот на водење кој го практикува премиерот Никола Груевски, мене ми е туѓ. Тука мора да се почитува личноста, нејзиниот интегритет, знаењето и професионалноста.
Дали мислите дека некој од Владата на Груевски добро си ја работи работата и заслужува да биде ангажиран при евентуално ваше влегување во власта?
- Јас нема да излегувам со имиња, меѓутоа, дефинитивно, во Владата на Никола Груевски има квалитетни луѓе што се професионалци. Значи, кога јас би бил во ситуација да бидам премиер, дел од тие луѓе би ги замолил да останат.
Би издвоиле ли некое име од Владата?
- Не сакам во нивните редови да создавам лична нетрпеливост. Имам некои лица за кои имам високо мислење, и тоа, засега, нека остане моја тајна.
Јове Кекеновски го критикуваше премиерот Никола Груевски, вие не, а двајцата сте дел од ФРОДЕМ. Зошто?
- Дефинитивно, меѓу мене и Јове Кекеновски има разлика и во приодите и во сфаќањето што треба да биде ФРОДЕМ. Во ФРОДЕМ има луѓе што сe уште имаат политички амбиции. Кај мене политичката амбиција е на спореден колосек. Моја амбицијата е државата да ја исправиме на вистински пат.
Добро забележавте, во мојот вокабулар нема плукање. Нема да плукам по никого, меѓутоа своите ставови отворено ќе ги кажам, без никого да навредам. Ме прозвавте дека не го напаѓам Груевски. Како можам да не го напаѓам? Да не беа бомбите, кои го разоткрија ликот и делото на Никола Груевски, ние сe уште ќе живеевме во заблуда. Меѓутоа, секој сериозен човек не може преку тоа тукутака да помине, и да каже веќе не важи, сега ќе се договориме, и да продолжиме. Во целиот свет да се биде политичар или министер е достоинствена функција. Кај нас за министер повеќе е битна лојалната, политичката припадност, и како ќе каже лидерот. Тоа не постои во Европа. Кога беше грчката криза, повеќе внимание му се даде на министерот за финансии отколку на канцеларката Ангела Меркел во Германија. Тоа говори за вистински вредносни системи кои се воспоставени во Германија каде што министерот е неприкосновен во својот дел. Тој одлучува како Германија ќе ја води својата политика, а не премиерот, канцеларот. На Запад, при најмал обид за изигрување или некое узурпирање на таа функција даваат оставки. Кај нас оставката е заборавена именка и треба да ги потсетиме дека како што се доаѓа на власт и се добива довербата така и се губи. А досега, за овие 10 години, од ова што сработи оваа влада, за жал, освен што Скопје го преплавија со споменици, фасади и друго, не видовме никаков добро, барем јас, говорам како приватник што ја полни касата.
Во јавноста се шпекулира дека ФРОДЕМ се формира за да ги земе гласовите на опозицијата, да биде тројанскиот коњ на ВМРО-ДПМНЕ.
- Немаме намера ничии гласови да земаме, тоа сакам да го потенцирам. Нема хипотека ниту еден политичар врз кој било човек, за да може да каже - ти ќе мораш за мене да гласаш. Нека гласа за идеја, нека гласа за луѓе што имаат минато зад себе, кои можат да му гарантираат дека нешто можат да направат. Јас имам забелешка за вас новинарите, бидејќи и вие ги терате обичните граѓани да бидат или за или против, во корист на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Јас ако излезам со програма која тебе ти се допаѓа, гледаш дека околу мене има луѓе што може да решат одредени проблеми, зошто да не го дадеш гласот за трета опција? Јас им се обраќам на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска и политичка припадност.
Што е целта на ФРОДЕМ?
- Целта на ФРОДЕМ е да го промени досегашното размислување на двете водечки партии. Прво, досега човекот, од осамостојувањето на Македонија до денеска, беше третиран само како глас, ништо повеќе. За човекот се размислуваше само пред изборите, и тогаш се асфалтираа улици, се делеа брашно и пензии и, во последно време, се даваат субвенции. Човекот е најголемиот капитал кој може да го има една држава. Сведоци сме на епидемија на заминување на млад работоспособен народ, со карта во еден правец. Ако, пак, отишол во странство и се вратил, тој се кае и сака повторно да оди надвор од државата. Ако вака продолжи, Македонија ќе ја зафати бела чума и ќе останат само два столба - еден пензиски и другиот ќе биде администрацијата со Владата. Така таа куќа, државата Македонија, ќе се сруши од кров. Одговорните политичари бегаат да одговорат зошто граѓаните масовно се иселуваат, ја кријат главата како ној во песок.
Зошто?
[Image: F298EB5FAADC0F4A8B3867529CF3DC40.jpg]
- Затоа што немаат решение, немаат визија, немаат идеја што да му понудат на тој човек за да го задржат. 
Кои проблеми за ФРОДЕМ се клучни Македонија да излезе од кризата?
- Секоја одговорна влада која размислува вистински, не треба да има повеќе од пет, шест, седум проекти на кои ќе биде посветена. Првиот проблем на кој Владата треба да биде посветена, тоа е човекот. Човекот како една инвестиција, бидејќи секое дете што денеска заминува, дали со занает, дали со диплома, тоа дете родителите, како и државата ги чини многу. Значи, за да го задржам човекот тука во Македонија, потребно е квалитетно образование, здравство и иднина. Образованието треба да биде грижа на родителите, општеството и на едукативниот кадар. Тоа тројство треба да биде со една цел - да изгради вистински човек. Дали ќе биде занаетчија, медицинска сестра, информатичар, доктор, тоа е прашање за системот како ќе го кооптира. Ќе ве прашам само едно прашање - како студентите од "Гоце Делчев" ќе се чувствуваат лојални на оваа држава, кога пред еден месец врнеше и им беа поплавени собите. Со што тие млади луѓе ќе ги убедиме да останат во Македонија. Купувањето ден за ден, поправка или шминка на студентски дом не е решение. Во Македонија треба да се изградат два универзитета кои треба да бидат од типот на Харвард, Јеил, нека не биде тоа, нека биде пониско, меѓутоа нашите деца треба да чувствуваат дека водиме грижа за нив.
Досегашното искуство од нашите анализи кои ги правевме во ФРОДЕМ, укажува дека за овие 10 години парите кои ги потроши Владата за слободните царински зони, за инфраструктурните работи кои ги правеше специјално за нив, за субвенциите кои им ги даваше, роуд-шоу кои ги правеа, можеше на секој завршен средношколец или студент да му гарантира петгодишно вработување на сметка на државата. Што значи ова петгодишно бесплатно вработување - тоа е петгодишно бесплатно финансирање на стопанството, во кое се добива кадар со можност за развој на нови идеи. Тоа е нешто што морам да го направам, да му дадам силен ветер, посебно на приватниот сектор, бидејќи тој го прави БДП, го полни буџетот, го дига стандардот. Не го креваат стандардот надворешните субвенции и позајмувања туку, напротив, тие го симнуваат стандардот.
Здравството денеска е на најниски гранки. Јас сметам дека одговорноста за ова лошо здравство не лежи во министрите. Се менуваа министрите Имер Селмани, Бујар Османи и денеска Никола Тодоров. Секој од свој аспект гледаше како мали Ѓокица размислува како да направи сопствено здравство. Секој воведуваше реформи, и на крајот го донесоа здравството на најниски гранки, па денес сме последна држава во Европа по човечка грижа во јавните здравствени институции. Тоа, дефинитивно, укажува дека оваа влада никогаш не му посветила вистинско внимание на здравството како битен сегмент во нашето општество. Да напоменам само еден пример. Денеска сите фирми кои се занимаваат со органска фармација се заминати од Македонија, од причина што Македонија купува евтини лекови. Мојот живот и животот на мојот сограѓанин е многу скап. Програмата на ФРОДЕМ предвидува дека нема да се штеди на лекови. Ќе ги купиме најдобрите лекови од најквалитетни фирми, и ќе ја зголемиме и прошириме позитивната листата со најквалитетни лекови кои постојат во светот, бидејќи граѓанинот, односно човекот, за мене е најголема светост.
Во канцеларијава имате слика од Тито. Зошто чувате слика од Тито на ѕидот? Носталгија за едно време?
- Па видете да ви кажам. Додека сите ги симнуваат, јас сега ја закачив, бидејќи кога ќе погледнете од една дистанца, за местото и за улогата на еден човек, не говорам за неговиот пат како доаѓал до секретар на ЦК, КПЈ... Јас зборувам за неговиот период по 1945 година. Кога гледаме кои сe народи беа дел од таа Југославија, какви сe крвави војни се водеа и како сe уште не може ниту една од тие држави да закрепне и да тргне по вистински пат, фактички укажува дека тој човек имал нешто посилно, повредно, кое еднаш се раѓа во неколку илјади години на овие простори. Во негово време имавме неколку брендирани градежни фирми, како "Маврово", "Гранит", "Бетон" и други. Имавме пасоши, бесплатно патувавме низ цела Југославија, низ Европа. Македонија, во бивша Југославија, со раниот зеленчук правеше бум. Низ целиот југоисточен дел кој се занимаваше со рано градинарство, тогаш направија убави куќи, тогаш им се крена стандардот, бидејќи имаше пазар - 22 милиона граѓани.

Горан Трпеновски
Фото: Борис Грданоски



Quote:Nenad Novkovski
1 hr ·

ФРОДЕМ целосно се оградува од изјавите на г. Трифун Костовски изнесени во интервјуто во Вест.
ФРОДЕМ нема да допушти во владата во којашто ќе има клучна улога да влезе нигу еден од министрите на Груевски.
(This post was last modified: 14-11-2015, 02:12 PM by ЈорданПетровски.)
14-11-2015, 01:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

[Image: FRODEM-S72fb.jpg]
15-11-2015, 02:21 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:Новковски и Кекеновски: Трифун Костовски ја напушти идејата на ФРОДЕМ


После денешното соопштение од електронската адреса на ФРОДЕМ, во кое беа оцрнети професорите Јове Кекеновски и Ненад Новковски, со остра реакција и свои аргументи се огласија и двајцата нападнати универзитетски професори и основачи на ФРОДЕМ.

Нивното обраќање до јавноста го пренесуваме во целост:


„Во име на сите основачи на ФРОДЕМ со препознатлива определба за самостојна демократска Македонија, го даваме следново соопштение како реакција на соопштението од неименувани личности од името на ФРОДЕМ што денес се појави во медиумите
Соопштението од неименуваните лица изобилува со дезинформации од првиот до последниот ред.

1. Не постои никаква службена електронска адреса на движењето ФРОДЕМ, зашто за тоа е потребна легална регистрација каква што нема. Ако некој се појавува под такво име регистрирано на фирма, тогаш тој не го претставува движењето каде што ние го сочинуваме основниот дел.

2. Во движењето не постои засега никаква формална структура туку работа врз основа на заедничка идеја за враќање на демократијата во Република Македонија. Демократијата ја подразбираме потпрена во прв ред врз внатрепартиската демократија за којашто ќе бидеме пример на сите политички субјекти. Токму таа идеја ја напушти вчера во своето интервју г. Трифун Костовски со изјавата дека ќе се овозможи влез на членови од актуелната влада во новата власт, со што се самоисклучи. ФРОДЕМ нема во никој случај да допушти во владата во којашто ќе има клучна улога да влезе ниту еден од членовите на владата што ги сосзададе најголемите проблеми во Република Македонија.

3. Лицата што го испратиле соопштението лажно соопштуваат дека сме исклучени, затоа што во ФРОДЕМ не постои конкретен механизам за исклучување на членови. Влегувањето и излегувањето се врши слободно врз основа на определбите. Оној што не ги почитува вредностиет на ФРОДЕМ самиот се исклучуав и не смее да го користи името. Уште помалку можеле да не исклучат од нивната паралелна организација, затоа што ние таму не сме членови.

4. Штом дел од членовите на ФРОДЕМ си формирале ново здружение, под водство на г. Трифун Костовски, тогаш немаат право да го употребуваат името што не им припаѓа. Во духот на највисоките цивилизациски вредности мирно и спокојно ќе се разделиме и тие можат да си регистрираат нов субјект со свои определби и со сите делови од интелектуалниот принос што го внеле во ФРОДЕМ, без да чепкаат во она што ние го имаме создадено.
5. Дека лицата што го дале соопштението не ги почитуваат основните вредности на ФРОДЕМ, дека за нив човекот не е највисоката вредност покажува и фактот што се обидуваат на конкретни луѓе, со свои препознатливи вредности, коишто се основачите на ФРОДЕМ да им го одземат она што го содале, и тоа на најбескрупулозен начин.
6. Ние не сме исклучени од ФРОДЕМ, затоа што за тоа неименуваните лица немаат овластувања. Продолжуваме понатаму со активно дејствување заедно со сите оние коишто се загрижени за демократската иднина на Македонија. Не потклекнавме пред многу помоќни лица во борбата за демократско владеење, нема ни сега“, се вели во обраќањето на Новковски и Кекеновски.
15-11-2015, 06:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Кекеновски: Продолжуваме со ФРОДЕМ, нема да дозволиме никој да ни го узурпира името, идејата и платформата

Ние продолжуваме како ФРОДЕМ, бидејќи нема да дозволиме да бидеме приватна фирма - името и идејата е наша, вели за МКД.мк професорот Јове Кекеновски, откако до медиумите стигна соопштение потпишано од Фронт за демократска Македонија дека Ненад Новковски и Кекеновски веќе не се дел од ФРОДЕМ

[Image: mkd-164834.jpg?itok=SiGP0VvA]

„По последните коментари, може да се забележи дека Ненад Новковски и Јове Кекеновски се уште се претставуваат како дел од ФРОДЕМ, изнесувајќи секакви невистини во јавноста. Нивните амбиции и цели се политички и во интерес на некоја партија, со една цел - да се излезе на избори. Не знаеме чии интереси застапуваат, но не се нашите, а нивните намери се нечесни и неискрени. Од тие причини, не се повеќе дел од Фронтот. Во таа насока, нивните изјави не го претставуваат истиот“, стоеше во соопштението што стигна до медиумите.
Кекеновски потврдува дека имаат непомирливи разлики. Истовремено, потенцира дека идеолози на ФРОДЕМ се токму тој, Новковски, Љупчо Ристовски, докторот Тодор Ношпал и, како што вели, голем дел од вмровски настроеното членство.
„Наша е платформата, идејата, наше е името. Луѓето на Трифун Костовски само се приклучија кон оваа наша идеја“, вели професорот Кекеновски.
Во соопштението што стигна до медиумите стои дека: „ФРОДЕМ под водство на Трифун Костовски, функционира во насока да го промени досегашното дејствување и размислување на двете најголеми партии, да се бориме против епидемијата на заминување на младиот способен кадар и да дејствуваме граѓанинот да биде ставен на прво место со сите негови квалитети и доблести. На Трифун Костовски и ФРОДЕМ не им е приоритет да излезат на избори и да обработуваат некои тесни партиски или политички интереси. ФРОДЕМ работи за граѓаните, односно за човекот пред сè. Тоа не е само слоган, тоа е нешто во кое длабоко веруваме“.
Исто така, во соопштението стои дека Кекеновски и Новковски за кратко време се откажале од идејата и визија и, како што пишува, „со тоа самите одлучија повеќе да не припаѓаат на Фронтот“

[Image: mkd-227362.jpg?itok=O80cloMi]

Од друга страна, Кекеновски вели дека имајќи контрола над сајтот, други го злоупотребиле името ФРОДЕМ и напишале, според него, смешно и трагикомично соопштение. Професорот потенцира дека не постои никаква службена електронска адреса на движењето ФРОДЕМ, зашто за тоа е потребна легална регистрација каква што нема. Вели ако некој се појавува под такво име регистрирано на фирма, тогаш тој не го претставува движењето каде што тие го сочинуваат основниот дел. Потенцира дека продолжуваат и понатаму како Фронт за демократска Македонија, бидејќи најголем дел од основачите се на истите позиции.
„Нема да дозволиме на никому да ни го узурпира името, идејата и платформата. Ќе продолжиме да се осојузуваме, односно окрупнуваме. Подобро е што овие недоразбирања излегоа на почетокот, отколку да се доведеме во ситуација тоа да го правиме како по изборите како во Хрватска. А впрочем од нивните најави јасно е дека тие воопшто не размислувале на избори“, вели Кекеновски.
Кекеновски тврди дека не може да се биде коректив на власта само со вербализам, туку само кога ќе се влезе во институциите.
„Однадвор не можете да бидете коректив на власта и на опозицијата. Видовме дека и едните и другите ништо не прифаќаат, особено тие што се на власт. И оттаму, која би била идејата да теоретизирате и само да пишувате соопштенија ако немате ефект, ако немате можност практично да ги имплементирате вашите идеи. А практично имплементирање на идеите на заложбите е кога ќе му ги понудите на народот на изборите, ако тој ви го даде гласот, тогаш влегувате во институциите, го редефинирате системот и внатрепартиската демократија. Значи, редефинирањето на целокупниот систем во Македонија и ремоделирање на внатрепартиската демократија, не може да го вршите само со соопштенија, од кабинет. Затоа, продолжуваме со Фронтот, чие идеја и име е наше“, потенцира Кекеновски.

Б.Ш.
15-11-2015, 06:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Кекеновски: Зошто се разделивме со Трифун Костовски






Сега е на ред судир и разделба помеѓу Јове и Ненад. Да потсетам на случувањата 1997 година, Јове беше со потписниците, "МАКЕДОНИСТИТЕ" за смена на Доста Димовска, Ненад не беше во таа група, чинам дека беше приврзаник на Љупчо ....
(This post was last modified: 17-11-2015, 08:56 PM by ЈорданПетровски.)
17-11-2015, 08:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:ФРОДЕМ МЕСТО КОРЕКТОР НА ГОЛЕМИТЕ ПАРТИИ СТАНА ПАРТИЈА СО АВТОКОРЕКТОР


[Image: 3487E085CC36AC4CA80325423D176C0A.jpg]

Очевидно дека ФРОДЕМ немаше некаква цврста програма и дека во мигот кога треба да ја формира дојдоа до израз различните концепти што треба оваа партија да понуди
Според медиумите кои излегуваат за време на викендот има доста драматика во новото политичко движење во земјава, Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) се соочува со раскол меѓу неговите основачи. Милионерот Трифун Костовски се дистанцираше од професорите Ненад Новковски и Јове Кекеновски, поранешни високи функционери во ВМРО-ДПМНЕ, а сега остри критичари на владините политики. Од нивната преписка во текот на викендот произлегува дека односот и различните ставови кон владејачката партија и гарнитура се основната причина за разидувањето во Фронтот, кој имаше амбиција да биде коректив на севкупните политичко-општествени состојби во државата.

Во сите свои изјави основачот Костовски главно се држеше до некои општи места, без да даде каде ќе биде неговата нова позиција. Навистина, заради свои стари ондоси со некои медиуми тој добива простор за излагања ама не се добива впечаток дека после неговите интервјуа на читателие или гледачите работите им се појасни.

Во интервјуто со "Вест", на пример, весник кој беше во негова сопственост не се знајде на насочувачкото прашање дали сака да биде нешто налик на хрбатскиот МОСТ, партија која "го урна двопартискиот систем во Хрватска и е вистинска трета опција".

"Не знам, не можам да кажам сега" гласеше неговиот одговор, кој не произлегува, се добива впечаток, од некаква негова таинственост или потреба прогамата да ја држи во дискреција, туку од фактот дека тој нема политички компас со себе! Постојано говори дека ФРОДЕМ има мисија, како да е тоа доволно или дека е корекор на политичката цена ама секако, тоа се обични фрази. Трифун Костовски дури не ни знае дали ќе учествува на изборите на 24 април, што, мора да се признае е премногу необично. Обичниот наблудувач би рекол дека или се плаши од излегување "на мегдан" или се уште мисли дека може да калкулира со некакво "кусурење" или договарање со други субјекти.

[Image: 1EFB7E01EE632447A2129C8130B47786.jpg]

Во тоа интервју оцени дека премногу се фали лидерот на опозицијата дека бил храбар, бидејќи да ги имал бомбие самиот ќе ги објавел и дека "познава илјадници луѓе кои се може похрабри од Заев". Затоа и се проценува дека е тој можеби тројански коњ во редовите на опозицијата. Мисли дека економската програма на СДСМ нема реална врска со стопанството. Од друга страна јасно укажа дека се разишол со Јове Кекеновски бидејќи овој имал "политички амбиции" и затоа што тој премногу го критикувал актуелниот премиер.

Особено стана во тоа интервју спорно мислењето на Костовски дека "во Владата на Никола Груевски има квалитетни луѓе што се професионалци. Значи, кога јас би бил во ситуација да бидам премиер, дел од тие луѓе би ги замолил да останат".

Инаку, на дистанцирањето на Кекеновски од Костовски се приклучи и професорот Ненад Новковски што ја расклати позицијата на тајкунот! Тие обајцата сметаат дека нвното исклучување и не минало на ниту еден орган и дека во ФРОДЕМ Трифун Костовски е се' дека нема внатрешна структура.

[Image: D32567E47D1A5F4C91F606153BF04C85.jpg]

Новковски и Кекеновски реагираат дека станува збор за соопштение од, како што велат, неименувани личности кои настапуваат од името на ФРОДЕМ, иако, како што тврдат, движењето немало службена електронска адреса, бидејќи не е се' уште официјално регистрирано. Двајцата професори велат дека не се исклучени од ФРОДЕМ, бидејќи, како што посочуваат, неименуваните лица кои стојат зад соопштението од ФРОДЕМ немаат овластување за тоа.

"Продолжуваме понатаму со активно дејствување, заедно со сите оние кои се загрижени за демократската иднина на Македонија", велат Новковски и Кекеновски.

При промоцијата на ова движење, пред точно еден месец, на главната маса во хотелот "Александар Палас" седеше и актерот Сашо Тасевски, а како основачи беа наведени и Љупчо Ристовски, Тодор Ношпал, Љупчо Алексовски, Горан Зафировски... На која страна ќе се најдат тие сега? (Р.Г.)
20-11-2015, 12:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:[Image: FRODEM-11668.jpg]
15-12-2015, 08:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:ФРОДЕМ основа Комитет за заштита, од режимот и од реваншизмот

Со оглед на големите повреди на слободите и правата на граѓаните преку злоупотреби направени од страна на режимот, како и поради можните реваншизми врз политичките неистомисленици до промената и по промената на режимот, Фронтот за демократска Македонија донесе одлука за основање Комитет за заштита.
[Image: mkd-234671.jpg?itok=gEAHE_cV]
ФРОДЕМ смета дека треба да им се помогне на граѓаните кои не можат сами да се изборат за своите слободи и права и да се спротивстават на злоупотребите што се прават од поединци и групи во институциите и надвор од нив, а се под заштита на режимот.
„Комитетот работи непосредно согласно својата оперативна програма и по усмено и писмено поднесени иницијативи и претставки. Комитетот за заштита активно ќе се залага секаде и во секој случај каде се пријавени злоупотреби, институциите и одговорните лица веднаш да ги отстранат. Од одговорните лица ќе се бара да постапат согласно законот и согласно начелото на итност, која е предвидена во Уставот на РМ кога се повредени слободите и правата на граѓаните. Во законите прецизно е наведено дека институциите и органите се сервис на граѓаните, а не сервис за реализација на интереси на поединци и групи кои го суспендираат уставниот поредок и кои делуваат паралелно, инсталирајќи режимско постапување“, соопшти ФРОДЕМ.
Комитетот за заштита го сочинуваат членови и поддржувачи на ФРОДЕМ, како и надворешни лица експерти и лица „кои имаат интерес за заштита на своите слободи и права и основните вредности на уставниот поредок на Република Македонија“.
Комитетот за заштита има два поткомитета: поткомитет за заштита од режимот и поткомитет за заштита од реваншизам.
Надворешни членови на комитетот може да биде секое лице, граѓани кои претрпеле неправда и биле предмет на злоупотреби; граѓани кои се плашат дека ќе бидат предмет на реваншизам иако професионално работеле; активни правници, адвокати и професори; пензионирани судии и обвинители; лица кои биле предмет на политички монтирани судски процеси; бизнисмени кои противправно се оштетени по разни основи; пензионирани припадници на безбедносните сили од МВР и АРМ; бранители; поранешни службеници и функционери од областите на заштита на слободите и правата на граѓанинот и слично. 
Извршниот одбор на ФРОДЕМ соопштува дека ќе изврши прием на надворешни членови преку јавен повик, а согласно изградените критериуми.
Комитетот планира да има средби со Народниот правобранител Мемети, со министерот за правда Јашари, со претставници на судскиот совет; со Советот на јавни обвинители; јавниот обвинител Зврлевски; специјалната обвинителка Јанева; Хелсиншкиот комитет за човекови права; министерот за внатрешни работи Спасовски, неговиот заменик Чавков и со директорите на органите во состав на министерството и со претставници на меѓународната заедница, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.
25-12-2015, 02:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:ФРОДЕМ бара цивилниот сектор да се вклучи во решавање на кризата


27 декември 2015
ФРОДЕМ смета дека една од мерките за ублажување на политичката и инстиционална криза е вклучувањето на цивилниот, невладин сектор во Македонија во работата на институциите.

„Невладиниот сектор е далеку од совршен. Тој, исто така, е цел на партиски влијанија и придобивања и донекаде во оваа смисла е поларизиран. Но, сето ова е второстепено во однос на круцијалната улога која тој може да ја одигра во премостувањето на политичките кризи и во градењето мостови на дијалог и изнаоѓање заеднички решенија меѓу судрените политички субјекти. Демократската енергија која ја поседува цивилниот сектор никогаш не може да биде заменета од политичките партии кои по дефиниција имаат парцијални цели, непосредно поврзани со освојување на власта“, се наведува во соопштението на ФРОДЕМ.

Според ФРОДЕМ, во договорот од Пржино меѓународната заедница требало да овозможи значајно место и улога за цивиниот сектор.

„Четирите политички партии не можат да ја заменат целата политичка сцена и немаат намера воопшто да создадат демократски амбиент. Демократијата не може да биде заложник на партиски тактики и препукувања кои се приземни и во основа имаат прагматични цели. Натпартиската енергија на цивилниот сектор е услов без кој не може да функционира општеството. Секое партиско стеснување на улогата на институциите е опасно. Железниот стисок на 'партиската рака' ги угушува и институциите и демократијата“, смета ФРОДЕМ.

ФРОДЕМ подготвува работна верзија на текст на Закон за учество на цивилниот сектор во органите и телата на институциите. Во законот се предвидува учество во својство на надворешни членови на претставници на цивилниот сектор во конкретни тела и органи. Тука се мисли на сите комисии со парламентот, определени владини комисии; Државната комисија за спречување на корупцијата; Државната изборна комисија; Советот на јавни обвинители; Судскиот совет; Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во сите останати регулаторни тела. Овие надворешни членови би се ротирале на секои 6 месеци со цел да се спречи нивното приодобивање од страна на политичките партии. За нивното учество би се покривале само основните патни трошоци.

ФРОДЕМ го повикува цивилниот, невладин сектор да даде забелешки на текстот на овој закон. ФРОДЕМ ќе оствари контакти со политичките партии и со пратеници во парламентот за да се пристапи кон предлагање на овој значаен закон за македонската демократија.  


 

  Da_ne_si_lud    Поголема глупост здравје.
29-12-2015, 04:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Не водат недозреани и нечесни политички ембриони кои се нарекуваат политичари


01.01.2016
Трагикомичните приказни на Груевски се демистифицирани, доаѓа време кога членството ќе бега од него како ѓавол од темјан. ВМРО-ДПМНЕ е претворена во фамилијарно интересна групација која ја киднапира и узурпира не само партијата туку и државата. Таа групација сега со помош на дел од корумпираните медиуми, сервилните судии и обвинители како и со дел од заблуденото и клиентелистички настроено членство се обидува да си ја спаси сопствената кожа, вели професорот Јове Кекеновски-еден од основачите на ФРОДЕМ, граѓанско движење со сериозни политички амбиции на следните избори. Кекеновски за Врв говори како по неколку неуспешни обиди за реформирање на ВМРО-ДПМНЕ, ќе му се спротивстават на авторитативно водство.

[Image: jove-kekenovski-650x366.jpg]
Интервју: проф.д-р. Јове Кекеновски

Врв: Г-не Кекеновски чиј е сега ФРОДЕМ ?

Кекеновски: De facto ФРОДЕМ е на сите граѓани кои се незадоволни од раководството на ВМРО ДПМНЕ кое на криминален и неодговорен начин ја води партијата и државата сиве овие десетина години, односно ФРОДЕМ им припаѓа на сите граѓни кои повеќе си ја сакаат државата од партијатa. Или поточно речено ФРОДЕМ им припаѓа на граѓаните кои посакуваат демократски косолидирана и просперитетна Р. Македонија како современо демократско, инклузивно, иновативно и рефлексивно општество, општество со демократски, непартизирани и професионални институции, општество во кое државата е одвоена од партијата, општество со развиена демократска свест во чијшто центар на внимание е индивидуата
De jure ФРОДЕМ е на сите оние кои се негови креатори и идеолози (Кекеновски, Алексовски, Новковски, Ношпал, Ристовски, Максимовски, Илиев, Зафировски, Севдов, Тодоровски, Серафимовски…), на оние кои подолго време се борат за внатрепартиска демократија, за ресетирање на деформираниот политички систем, но и за конечно профункционирање на принципот на одговорност.
Заради законските потреби деновиве определивме  овластено лице (претседател) и тоа е Љупчо Алексовски – член на ВМРО ДПМНЕ од самото нејзино основање, но во принцип ФРОДЕМ ќе дејствува на хоризонтална основа. Значи нема да има лидер туку ќе има фронтмени секој задолжен за одредена област. Целта е да не дозволиме повторно султанизирано раководење со политичките партии.

Врв: Неколку иницијативи претходно за реформирање на ВМРО-ДПМНЕ не успеаја, зошто ФРОДЕМ би бил вистинскиот рецепт?

Кекеновски: Најнапред затоа што сме поучени од искуството, но тука се и барањата и гаранциите на меѓународната заедница за спроведување на договорот од Пржино и Извештајот на Прибе. Исто така оптимизам ни дава и специјалната нотификација дека како земја кандидат за членсто во ЕУ конечно мора доследно да ги почитуваме демократијата, еднаквоста, почитувањето за човековите права и владеењето на правото како основни вредности на кои е основана Европската унија. Второ, затоа што граѓаните во најголем дел се убедија во досегашната погубно водена политика. Трето, затоа што е крајно време да го натераме македонскиот граѓанин да излезе од виртуелниот конформизам и да се соочи со реалноста и гласно да проговори за сопствената перцепција на таа стварност. И на крајот затоа што сме убедени дека сите ние како граѓани станавме доволно свесни, мудри и зрели за да ги препознаеме и да ги разликуваме вистинските од лажните вредности на јавната сцена и затоа
што е крајно време да ја вратиме довербата во правдата и вистината.


[Image: FRODEM-300x212.png]

Врв: Во јавноста излегоа и неколку писма од поранешни партиски членови, пратеници од првиот парламентарен состав, кои реагираа дека партијата и партиската идеологија е „киднапирана“  од мала интересна група која нема ништо заедничко со ВМРО-ДПМНЕ, но партијата и натаму стамено опстојува со безмалку неначнат рејтинг. Како тоа го коментирате? Со спортски речник, нокаут на ова водство на ВМРО-ДПМНЕ се чини невозможен…

Кекеновски: Токму тоа е вистината, партијата е претворена во фамилијарно интересна групација која ја киднапира и узурпира не само партијата туку и државата и се друго што постои во државата. Истата таа групација сега со помош на дел од корумпираните медиуми, сервилните судии и обвинители како и со дел од заблуденото и клиентелистички настроеното членство се обидува да си ја спаси сопствената кожа.
Во однос на неначнатиот рејтинг, мислам дека не Ви е точна констатацијата, туку напротив тој е постојано во опаѓање, но очекувајте пред и по новогодишните празници да бидеме сведоци на мошне сериозен пад и тоа пред се на рејтингот на лидерот на ДПМНЕ. Мала анализа на анкетите на ИРИ јасно покажува дека рејтингот на партијата е бајаги опаднат. Така на пример во месец септември 2009 год. тој бил 32%, во месец јуни 2014 рекордни 34%, за да денес во месец декември тој е само 23%. Значи цели 11% пад за само една година. И рејтингот на Груевски е во постојано паѓање  и тоа од 25% во 2009 и 2014 година на 18% во месец декември 2015 година, но имајте го во предвид и фактот дека повеќе од 55% од испитаниците сметаат дека тој не заслужува повеќе да ја води државата, а секако и партијата. Ова се јасни и децидни показатели на институцијата која ја спроведува анкетата и која е омилена кај ВМРО ДПМНЕ. За падот на рејтингот секако дека најзалужен е самиот Груевски, но и сите оние прогресивни и демократски сили кои дејствуваат и одвнатре и однадвор и кои се залагаат ВМРО ДПМНЕ да се трансформира во современа демократска партијата која ќе се залага за враќање на македонското национално единство, а не за негово разнебитување.

Врв: Лично искусивте, со претседателската кандидатура што значи партиска послушност и хиерархиска потчинетост. Како ќе се спротивставите сега на тоа?

Кекеновски: Во овој дел т.н бомбите на Заев делумно си ја завршија работата и граѓаните и членството го видоа вистинскиот лик на Груевски. Сега дури и оние најдврдокорните не веруваат во приказната за монтирани, сечени, лепени и креирани материјали. Сите знаат што и како се правело и на кој начин се владеело. Сите се свесни за фарсата и за грчевитиот обид за личен спас на осомничените партиски и државни функционери. Во пласираната трагикомична приказна веруваат само оние кои мора да веруваат иако и на нејзините креатори мошне им е јасно дека крајот е близу и се обидуваат по секоја цена да спасат што може да се спаси.
Сега останува другиот дел од работата да си го заврши Специјалното обвинителство со поведување на постапки по однос на инкриминираните дејанија на поединци како и за нивното злосторничкото здружување, понатаму да се случи договорената оставка на Груевски, како и да се јават првите заштитни сведоци од нивните редови. После ова дали сте сигурни дека ќе можете и понатаму да ја гледате таа наводна ,,цврста” дисциплина и хиерархија. Бидете сигурни дека самото членство ќе бега од нив како ѓавол од темјан.

Врв: Може ли воопшто во Македонија да се говори за некакво идеолошко престројување или обединување на идеолошка основа, ако се има предвид дека гласачкот тело послушно е подредено на своите султан лидери, а таа послушност особено кај партиите на власт  е неретко купена или дури изнудена или уценета ?

Кекеновски: Партиите кои беа на власт сиве овие години од нашето осамостојување ја заборавија или ја избришаа идеологијата. Кога беше на власт левицата таа практикуваше конзервативна идеологија и обратно кога десницата беше на власт практикуваше и промовираше левичарски решенија. Денес не можете воопшто да говорите за идеологија кога партиите ја практикуваат власта, затоа што идеологијата ја имаат и ја промовираат само кога не се на власт. Едноставно приоритетен им е прагматизмот односно желбата што подолго да останат на власт без разлика на цената која ќе треба да се плати. Еве неколку факти: Зарем на демохристијанста идеологија и се својствени обиди авторитаризмот и тоталитаризмот да се протуркаат како елитен демократски артикл? Дали демохристијанството вели дека нестручноста треба да се нуди со етикетата на авангардност, или пак злоупотребата на државите и партиските функции да се претставуват како производ на светските цивилизациски трендови, а сиромаштијата на нашиот народ како продукт на идејата за колективно жртвување во името на некакви ,,повисоки” државни интереси?
Во однос на прашањето за послушноста, таа беспоговорно посебно дојде до израз во последниве години откако Грувески со неговата фамилија и останатата придружба мошне лесно и за кратко време воспостави контрола, над судството, полиција и медиумите. Кога преку демонстрација на сила и преку јавно ТВ прикажување на апсење на политички неистомисленици и преку други монтирани политички случаи успеаја да вгнездат страв кај членството и граѓанството. На тој начин на слабиот и лесно кршлив македонски граѓанин му беше дадено до знаење ,,кој е кој” во ситуацијата (или ,,внимавајте што правите, затоа што ние се гледаме и слушаме и ние се знаеме за вас”) и дека само со понизност и сервилност може да добијат некоја функција или пак работа за да можат да опстојат. Тое е нивниот рецепт за беспоговорна послушност и наводна партиска ефикасност.

Врв: Што би излегло кога би повлекле паралела меѓу една модерна демохристијанска партија и она што денеска претставува ВМРО-ДПМНЕ? И обратно кога е во прашање левицата?

Кекеновски: Во нашата држава демохристијанска идеологија се практикува само на хартија т.е во партиските документи. Партиската врхушка заборави, но и нема поим дека основните принципи на оваа идеологија налагаат среќата и успехот на поединецот или групата да се бараат во среќата и благосостојбата на останатите припадници на општеството и државата и обратно. Верниот и искрен демохристијанин ја отфрла слепата послушност, покорност и потчинетост кон секој облик на власт, односно ги отфрла сите облици на авторитарен и тоталитарен облик на владеење. Демохристијанската иделогија побарува и налага водењето на државата или партијата да биде засновано пред се на морални критериуми и принципи и почитување на демократските права и слободи на сите граѓани и владеење на правото.
Што се однесува до левицата таа во последно време започна да се ослободува од вештачки наметнатиот пост социјалистички елитизам, но останува во иднина да посветат поголемо внимание на индивидуализмот, толеранцијата и социјалната еднаквост.

Врв: Третиот пат во Македонија никако да го најде својот пат. Можен ли е воопшто во услови кога партискиот бипартизам е сведен на екстремен анимализам на меѓусебно истребување, каде нема натпревар на идеи туку примитивен ривалитет ?
Кекеновски: А зошто да говориме за трет пат? Зошто привилегијата прв или втор пат да биде наменета за постојниве партии, кои сиве овие години ги видовме и како опозиција и како власт. Јас повеќе сакам да говорам за нов пат, за нов политички субјект, асоцијација или коалиција на разни политички субјекти која ќе промовоира и практикува нов вредносен модел на владеење.


[Image: jove-kekenovski-2-300x300.jpg]

Врв: Излеговте со сомнежи за некаков договор за меѓусебна амнестија меѓу Заев и Груевски. Се чини дека нема многу аргументи за таков заклучок ?

Кекеновски: Тоа беше и е резултат на тоа што претседателот на опозицијата со договорот од Пржино мошне лесно се откажа од бомбите кои беа негово најмоќно оружје и затоа што не опстои на зборот во јавноста да го пушти случајот Монструм и неколку други случаи. А во последно време наместо да се зајакне динамиката и интензитетот на неговата критика за се побезобразното, понеодговорното и кабадахиско однесување на Груевски и неговата партиска клика, тие критики добија некако поблаг и поумерен тон, а главната улога ја превзема сдсмовскиот центар за комуникации, но и оние кои стапија на функциите министри и  дополнителни заменици министри. Од друга страна имам чувство дека намалија и јавните притисоци и прозивки на Груевски врз Заев. Би бил среќен да грешам во проценката и сомнежот, само доколку тоа однесување биде во функција за подобра и поубава иднина на граѓаните на Македонија и заминување на оваа злокоб од политичката сцена.

Врв: Се трасира ли со договорот од Пржино пат кон фер, демократски и кредибилни избори, гледано како досега се спроведува но и според  инструментите што ги нуди?

Кекеновски: Секако дека основната цел и идеја на договорот од Пржино е смирување на политичката и државна криза и одржување на фер и демократски предвремени парламентарни избори. Но, за жал европските медијатори не знаеа дека до овој степен може да оди неодговорноста на овие недозреани и нечесни политички ембриони кои себеси се нарекуваат политичари. Ние, кои добро ги познаваме веднаш рековме дека недостасува конкретен акционен план за спроведување на договореното како и детална елаборација на одредени решенија кои по правило кај нас различно се толкуваат. А поготово сега кога на еден дел од оние кои треба да го спроведат договорот им се изброени деновите на нивната политичката кариера, а некои ќе бидат и судски процесуирани. Меѓународната заедница (САД и ЕУ) како гарант на договорот мораше уште при првото намерно и свесно пречекорување на роковите веднаш да ги санкционираат на свој и веќе познат начин одговорните за тоа, онака како што тоа го прават со други политичари во светот. Вака се остави голем простор и можност за понатамошни опструкции, за нови прекршувања на роковите па дури и да бидат доведени во прашање закажаните избори. Секако дека тука е доведена во прашање и договорената оставка на досегашниот премиер особено после неговата јавна критика на главниот медијатор во преговорите, но и после бесрамната опструкција на пакетот решенија кои се однесуваат на медиумите од страна на дел oд новинарите одработувачи за власта кои сиве овие години дебело сe ,,нафатирaа”

Врв: Очекувате ли најостриот судир да биде околу прашањата за медиумите ? Покажува ли тоа дека моќта сепак не е во политиките и резултатите, туку во поседот на сликата што се проектира преку нив, да не речам пропагандата?

Кекеновски: Сиве овие години видовме колкава е моќта на медиумите кога се под целосна контрола на власта и кога таа со народни пари ги корумпира приватните медиуми и кога со нивна помош ги манипулира своите сограѓани и креира посакувано јавно мислење и однесување. Судирот околу медиумите и не само тој, туку и сите досегашни судири откако почна имплементацијата на договорот од Пржино, имаат една иста цел. Таа цел е што е можно подолго време да се опструира договореното, а во меѓувреме да се работи на поправање на имиџот, мотивирање на членството и конслолидирање на сопствените редови. Но, исто така друга цел на партиите на власт е да се изборат повторно непречено да функционира спрегата со одредени приватни медиуми во делот на медиумската пропаганда.

Врв: Што ќе смени очекуваната оставка на Груевски предвидена со „Пржино“?

Кекеновски: Можеби на институционален план нема да смени многу, но во пракса тоа ќе значи ослободување на граѓаните од апатијата и постојаниот дефетизам и невербата дека може нешто да се промени на политичката и јавната сцена. Едноставно тоа ќе значи нивно охрабрување дека се можни промени на политичката сцена. Од друга страна имајте во предвид дека со оставката Груевски повеќе нема да ужива имунитет, па доколку специјалното обвинителство врз основа на доставените материјали покрене кривична постапка, тогаш не му е потребно одборение од Собранието за негово процесуирање од страна на надлежните органи. 
 

Врв: Како тогаш во услови на узурпирана сцена за фер натпревар до какви било промени ?

Кекеновски: Доколку дојде до целосна имплементација на договорот од Пржино, доколку новата влада профункционира онака како што е договорено и биде исклучиво во функција на спроведување на фер и демократски избори, доколку веднаш по новогодишните празници се почне со прочистување на избирачкиот список, доколку се спречи секоја можност за понатамошна манипулација и уцена на гласачкото тело, тогаш времето од 15 јануари до изборите иако е кратко сепак може да е доволно за да ја елиминира досегашната узурпацијата на политичката јавна сцена и да се одржат избори, онакви какви посакува и очекува поголемиот дел од чесниот македонски народ и меѓународната заедница. Во спротивно секако дека ќе биде доведено во прашање регуларноста на изборите, но и опстанокот на државата.

Разговарал: Боби Христов
02-01-2016, 02:36 PM
Reply