Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СПЕЦИЈАЛЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21



05-11-2015, 02:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Јанева до Зврлевски упати барање за предметите поврзани со „бомбите“. Кој ќе биде првиот предмет?!

11-11-2015

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева побара статистички податоци за сите предмети поврзани со незаконското прислушување кои се оформени во Јавното обвинителство на Република Македонија.
[Image: katica-janeva3-540x248.jpg]
„ До Јавното обвинителство на Република Македонија поднесено е барање за доставување статистички податоци за предметите оформени во јавните обвинителства во Република Македонија, а кои се однесуваат на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. По добивањето на статистичките податоци ќе биде доставено посебно барање до секое обвинителство за доставување на предметите“, известува Јанева.
Како што стои во законот за работа на Специјалнот обвинителство, од Зврлевски мора да и одговори во рок од 8 дена.
После одговорот, Јанева може да го побара и првиот, односно првите предмети поврзани со „бомбите“.
12-11-2015, 02:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:Јавното обвинителство ѝ достави на Јанева податоци за 35 кривични предмети




од НОВА | објавено на: 19-11-2015 18:17:30
[Image: 25675golema.jpg]
Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека до Специјалното обвинителство доставиле статистички податоци за бројот на предметите оформени во јавните обвинителства во Република Македонија, а кои се однесуваат на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформени се три предмети , во Основното јавно обвинителство – Скопје 30 предмети, и по еден кривичен предмет оформиле обвинителствата во Битола и Куманово.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост:

„1. Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформени се три предмети што произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, и тоа:

- Кривичен предмет заведен под РО бр.90/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против лицето С.М. за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, против С.К. за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.5 во врска со чл.24 од Кривичниот законик и кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.24 од Кривичниот законик и Х.Х. за кривично дело – Давање поткуп од чл.358 ст.1 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител прибави податоци од Министерството за внатрешни работи.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.83/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против лицата Н.Г., М.Ј., К.Т., В.Т., Р.Н., Т.М., НН лица од АД „КАРА“ – Скопје и НН лица, сопственици на „СИРАХ Лимитед“ од Белизе, „Т & МЈ ИНВЕСТМЕНТ“ од Лугано, Швајцарија за кривични дела – Злосторничко здружување од чл.394 ст.1 од Кривичниот законик, кривично дело – Перење пари и други приноси од кривично дело од чл.273 ст.5 од Кривичниот законик и кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Овој предмет е отстапен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство – Скопје на 20.04.2015 година и истиот се води под нивен РО бр.1282/15.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.93/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ (дополнување на кривичната пријава заведена под РО бр.83/15 отстапена на Основното јавно обвинителство – Скопје), против Н.Г., С.М., Г.Г., Г.Ј., М.П., М.Ј., Љ.Т. за кривично дело – Злосторничко здружување од чл.394 ст.1 и 2 од Кривичниот законик, кривично дело – Неовластено прислушување од чл.151 ст.4 во врска со ст.1 во врска со чл.22 во врска со чл.45 од Кривичниот законик, кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од Кривичниот законик и кривично дело – Злосторство против човечноста од чл.403 од Кривичниот законик.

Во предметот надлежен обвинител побара податоци од Основното јавно обвинителство – Скопје.

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се заведени и се постапува по предмети што не произлегуваат од неовластеното следење на комуникациите, но беа спомнати во медиумите и јавноста, па од тие причини на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите му беа доставени податоци и за овие предмети.

2. Во Основното јавно обвинителство – Скопје се оформени 30 предмети кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, и тоа:

- Кривичен предмет заведен под РО бр.341/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против С.М.,Г.Г и други НН лица вработени во Министерството за внатрешни работи за кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање од чл.151 ст.4 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Испитани се: Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Тито Петковски, Оливер Спасовски, Стево Пендаровски, Сашо Мијалков, Горан Груевски, претставник на Министерството за внатрешни работи, три лица вработени во МВР-УБК-ООТПП, тројца професори од ФИНКИ – Скопје како технички советници, а во функција на утврдување на процедурата на примена на посебната истражна мерка – Следење на комуникации.
Исто така, надлежниот јавен обвинител изврши непосреден увид во службените простории каде што се спроведува оваа мерка, за што е сочинет записник од Министерството за внатрешни работи и службена белешка од страна на јавниот обвинител.

Направени се обиди да се испита и Андреј Жерновски но, досега тој не е испитан. Имено, до истиот доставени се две покани за испитување на кои не се јави, ниту пак на кој било начин го извести јавното обвинителство за неговото нејавување на доставените покани. Адвокатот Филип Медарски, усно го известил јавниот обвинител кој постапува по пријавата дека тој ќе го обезбеди за да биде испитан, но и покрај тоа истиот досега не се јавил во Основното јавното обвинителство.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.501/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Н.Г. за кривично дело – Злоупотреба на државна, службена или воена тајна од чл.360-а од Кривичниот законик и за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик, против НН лица вработени во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, НН лица вработени во Министерството за внатрешни работи -Одделение за организиран криминал – Оддел за спроведување на посебни истражни мерки – Правосудна полиција и против НН лица вработени во Основен суд Скопје I – Скопје – Одделение за организиран криминал и корупција за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик и за кривично дело – Оддавање службена тајна од чл.360 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:

Поднесено е барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје во однос на тоа дали објавените снимки во медиумите се од примена на посебните истражни мерки.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.761/15 и РО бр.765/15, оформени по поднесени две кривични пријави од СДСМ против М.П., Г.Ј. и против НН лица, вработени во Секторот за внатрешни работи – Скопје за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик и за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава надлежниот јавен обвинител прибави писмено известување од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.763/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Г.Ј. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава надлежниот јавен обвинител прибави писмено известување од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.762/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Г.Ј. и А.С., за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител прибавено е писмено известување од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, со поголем број писмени прилози, а од Основно јавно обвинителство – Охрид прибавени се списите на предмет КО бр.269/13.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.536/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против С.М. за кривично дело – Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување од чл.142 ст.1 во врска со чл.23 од Кривичниот законик и за кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од чл.143 во врска со чл.23 од Кривичниот законик и против НН лица вработени во Министерството за внатрешни работи за кривично дело – Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување од чл.142 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик и за кривично дело – Малтретирање во вршење на службата од чл.143 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавени се списите на кривичниот предмет против сега осудениот Љубе Бошковски за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 од Кривичниот законик, прибавено е известување од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, со писмени прилози, прибавено е писмено известување од Народниот правобранител со писмени прилози, прибавено е и известување од СВР Скопје.
Од погоре прибавените известувања и документација произлезе дека треба да се прибави и истражниот предмет кој се водел против сега осудениот Љубе Бошковски за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 од Кривичниот законик, но по доставеното барање на списите на предметот, од судот е добиено писмено известување во кое се наведува дека списите не можат да ги достават, но дека дозволуваат да биде извршен увид во истите, поради што беше извршена увид во списите на наведениот предмет.
Испитани се овластени службени лица, инволвирани во лишувањето од слобода на сега осудениот Љубе Бошковски, како и лицето викано Пуки.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.538/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Н.Г., за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 и чл.23 од Кривичниот законик, против М.Ј., Т.Т. и против НН лица, вработени во Општина Гази Баба за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 и чл.22 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава, надлежниот јавен обвинител изврши увид во списите на предмет на Основното јавно обвинителство – Скопје оформен по кривична пријава за кривично дело – Бесправно градење од чл.244-а од Кривичниот законик.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.767/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против М.Ј.и НН лице за кривично дело – Повреда на тајноста на гласањето од чл.163 ст.3 во врска. со ст.1 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавени се податоци од Државната изборна Комисија, од сите мобилни оператори, од Министерството за образование, од Министерството за финансии и од Општина Центар. Воедно испитани се и 21 сведок.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.1691/15, оформен по поднесена кривична пријава од физички лица против Н.Г., Г.Ј., С.М. и Д.М. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик и за кривично дело – Непријавување кривично дело или сторител од чл.364 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Извршен е увид во предмет на Основен суд Скопје I – Скопје и во два предмети на Основното јавно обвинителство Скопје, испитани се пријавените.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.776/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против И.М. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и против М.Ј. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 во врска со ст.1 и во врска со чл.23 од Кривичниот законик.
Постапувајќи по кривичната пријава од страна на надлежниот јавен обвинител прибавени се писмени податоци и релевантна документација од Т-Мобиле – Македонија и од Централниот регистар на Република Македонија.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.774/15, оформен по однесена кривична пријава од СДСМ против М.П. и М.Ј. за кривично дело – Присилба од чл.139 ст.3 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од Централен регистар на Република Македонија прибавена е релевантна писмена документација, по што за 04.06.2015 година испитани се управителот на правното лице Илинден и пријавеното лице.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.771/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Ж.Л. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Повреда на тајноста на гласањето од чл.163 ст.3 во врска. со ст.2 од Кривичниот законик и против М.Ј. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 во врска со чл.23 од Кривичниот законик и кривично дело – Повреда на тајноста на гласањето од чл.163 ст.3 во врска со ст.2 и чл.23 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавено е писмено известување од Македонски телеком, во кое помеѓу другото се наведува дека Маџар Телеком врши внатрешна истрага во Телеком Македонија, поради што надлежниот јавен обвинител во два наврати побара доставување на наодите и резултатите од интерната истрага, кои досега не се доставени. Испитано е пријавеното лице.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.775/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Г.Ј. и К.Б. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Предизвикување општа опасност од чл.288 ст.1 во врска со чл.19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од Министерството за внатрешни работи побарани се проверки и податоци за лицето Ивица Тошевски по кое е доставено известување со писмени прилози, доставени се покани за испитување на едно од пријавените лица и лицето Ивица Тошевски. Лицето Ивица Тошевски не се јави на поканата поради што не е испитано, а пријавеното лице е испитано.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.773/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против М.Ј. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 во врска со чл.23 од Кривичниот законик и против Ж.П. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавени се известувања од сите мобилни оператори на Република Македонија.
Испитани се пријавените, прибавена е документација и податоци од Државната изборна комисија и општинските изборни комисии.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.772/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против М.Ј. и против НН лице за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител поднесе барања до Државната изборна комисија и до Министерството за одбрана за доставување на податоци. По барањата се уште не е постапено.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.778/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Љ.Т. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и против М.П. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска ст.1 и чл.23 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од СВР Охрид поднесено е писмено известување со прилог писмена документација, од Основниот суд – Охрид прибавени се барани податоци и е испитано едно лице.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.769/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против М.Ј. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Доставени се барања до Државната изборна комисија и СВР – Скопје од каде се доставени писмени известувања.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.777/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Г.Ј., Љ.Д. и М.Ј. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавени се податоци и документација од Централен регистар на Република Македонија, од „Струмица Табак“ АД – Струмица, прибавено е известување од Државната комисија за спречување на корупција, прибавено е известување од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, прибавено е известување од Министерството за труд и социјална политика, прибавено е известување од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, испитано е едно пријавено лице и претставник на Министерството за труд и социјална политика.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.764/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против И.М. и М.Ј. за кривично дело – Повреда на слободата на определување на избирачите од чл.160 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од Јавното претпријатие „Улици и патишта“ побарани се податоци и список на вработени, испитани се пријавените и едно лице во својство на сведок.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.779/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Н.Г., Т.Т., К.Б. и М.Ј. за кривично дело – Злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања од чл.165-а од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од Централен регистар на Република Македонија Државната изборна комисија и АД „Бетон“ прибавени се известувања и релевантна документација. Испитан е еден од пријавените.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.766/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против М.Т. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 во врска со чл.23 од Кривичниот законик и против Б.И. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител од Државната изборна комисија прибави обемна релевантна документација и ги испита пријавените лица.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.2362/15, оформен во врска со постапувањето по предметот РО бр.766/15 бидејќи осомничениот Б.И., на записник за негово испитување, поднесе кривична пријава против политичката партија СДСМ за кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело од чл.366 ст.1 од Кривичниот законик.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.396/13, оформен по допрен глас за кривично дело – Изборна измама од чл.165 од Кривичниот законик. Овој предмет е поврзан со предметот РО бр.766/15.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.1014/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Г.Ј. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик и Т.В. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 во врска со чл.23 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител од подносителот на пријавата побара одредени појаснувања и податоци. Во врска со барањето досега не е доставен одговор.
Од сите мобилни оператори прибавени се известувања, од СВР Скопје прибавено е писмено известување со прилози – писмена документација, испитани се пријавените.
Од Полициската станица – Ѓорче Петров побарани се податоци. И по ова барање не е доставен одговор, поради што е поднесена Ургенција за постапување по барањето.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.770/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Н.Г., Г.Ј., М.Ј. и против НН лица, вработени во Министерството за внатрешни работи за кривично дело – Фалсификување исправа од чл.378 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Повреда на избирачкото право од чл.159 ст.2 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од Министерството за внатрешни работи побарани се податоци, проверки и релевантна документација. Испитани се пријавените, воедно одредени податоци и документација се побарани и од Државната изборна комисија.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.1013/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против С.М и М.Ј. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 во врска со ст.1 и чл.22 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Доставени се две покани до Андреј Жерновски на кои истиот не се јавил. Испитан е еден од пријавените.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.768/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против К.Б., Г.Ј. и М.Ј. за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик и Злоупотреба на лични податоци од чл.149 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавени се известувања од Владата на Република Македонија и од Министерството за внатрешни работи. Од МВР со известувањето доставена е и релевантна писмена документација. Прибавено е известување и од Македонски Телеком – АД Скопје. Прибавено е известување од Народниот правобранител. Испитани се и две од пријавените лица.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.1282/15, оформен по отстапена кривична пријава на надлежност од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Н.Г., М.Ј., К.Т., В.Т., Р.Н., Т.М., против НН лица, акционери во Друштво за производство, трговија и услуги „КАРА“ АД – Скопје и против НН лица сопственици на „СИРАХ ЛИМИТЕД“ од Белизе, „Т&МЈ Инвестмент“ од Лугано – Швајцарија за кривични дела – Злосторничко здружување од чл.394 ст.1 од Кривичниот законик, Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.5 од Кривичниот законик и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

При отстапување на кривичната пријава од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до пријавата како доказен материјал се доставени транскрипти од разговори помеѓу Миле Јанакиевски и Никола Груевски, разговор помеѓу Дејан Митревски и Сашо Мијалков, како и дел од тековни состојби на „СИРАХ ИНЖЕНЕРИНГ“, „ЕКСИКО“ ДООЕЛ Скопје, „КАРА“ АД Скопје, три имотни листа на име на „ЕКСИКО“ ДООЕЛ Скопје, „КАРА“ АД Скопје и „СИРАХ ИНЖЕНЕРИНГ“ од Агенцијата за катастар на недвижности за наведените парцели, скица за стариот и новиот Детален урбанистички план.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од Агенцијата за катастар на недвижности на Град Скопје и од Општина Центар побарано е доставување релевантна документација. Испитани се четворица од пријавените лица.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.1331/15, оформен по поднесена кривична пријава од Општина Центар против НН сторители за кривично дело – Насилство од чл.386 ст.2 од Кривичниот законик и против Н.Г. за кривично дело – Насилство од чл.386 ст.2 во врска со чл.23 од Кривичниот законик.
Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Од СВР Скопје прибавено е известување со прилози, испитан е пријавениот и две лица како сведоци.

- Кривичен предмет заведен под РО бр.537/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Г.Ј. и М.П. за кривично дело – Повреда на рамноправноста на граѓаните од чл.137 ст.2 во врска со чл.22 и чл.45 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:
Прибавени се писмени известувања и релевантна документација од Владата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи и од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.

3. Во Основното јавно обвинителство Битола е оформен еден предмет кој произлегува од содржината на неовластеното следење на комуникациите, и тоа;

- Кривичен предмет заведен под нивен КО бр.636/15, против В.Т. и С.Б. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик.

Постапувајќи по кривичната пријава од надлежниот јавен обвинител преземени се следниве дејствија:

Прибавена е оригинална писмена документација од Општина Битола, од Агенцијата за катастар на недвижности – Подрачна единица Битола и од Управата за јавни приходи.
Испитано е едно лице.
Наредено е вештачење. Бирото за судски вештачења до овој момент нема изготвено вешт наод и мислење.

4. Во Основното јавно обвинителство – Куманово е оформен еден предмет кој произлегува од содржината на неовластеното следење на комуникациите, и тоа;

- Кривичен предмет заведен под КО бр353/15, оформен по поднесена кривична пријава од физичко лице, против НН лице – одговорно лице за комуникации во мобилен оператор и против правно лице за кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање чл.151 ст.1 и ст.6 од Кривичниот законик. Постапувајќи по кривичната пријава надлежниот јавен обвинител на ден 08.05.2015 година донел Решение за отфрлање на кривичната пријава. По жалба на подносителот предметот е испратен во Вишото јавно обвинителство Скопје.

По дел од горе спомнатите предмети веќе се донесени јавно обвинителски одлуки.“ се вели во соопштението на Јавното обвинителство.
19-11-2015, 11:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24

Quote:Јанева го доби списокот предмети од "бомбите"
20 November, 2015 - 15:37

[img=652x0]http://www.telma.com.mk/sites/default/files/statija/images/obvinitelstvo_1_3.jpg[/img]
Обвинителството е подготвено да ги предаде предметите. Јанева според Законот за кривична постапка ќе ги добие во фаза до каде што се стигнати  до денот на предавањето, со сите искази собрани од сведоци.
Ќе и бидат дадени и транскриптите и снимките од телефонските разговори кои СДСM ги приложи при поднесувањето  на кривичните пријави, но тие ќе бидат одвоени од предметите и формални правно не ќе можат да се користат како доказ. Според изјава која Јанева ја даде по нејзиното назначување, таа може да работи и без тие снимки како докази.
Односно, сите наводи можат да се истражуваат по принципот допрен глас, односно ги има веќе во јавноста.
Дали снимките ќе можат да се користат и како доказ ќе се знае и откако ќе се утврди дали специјалното обвинителство ќе се обрати до СДСМ за да го добие оригиналниот медиум на кој се прислушуваните разговори чии копии се доставени до обвинителството и дали СДСМ ќе ги даде.





Во списокот предмети наведени од обвинителството се сите предмети кои се водат против функционери од власта, вклучително и премиерот Никола Груевски, и неговите најблиски соработници Мијалков, Јанкуловска, Јанакиевски , Протуѓер и други владини функционери.

Во завиена форма е ставен и случајот Пуч против Зоран Заев, но не со име и број туку описно. На прашање зошто не е наведен овој предмет на ист начин како и другите од обвинителството изјавија:

“Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се заведени и се постапува по предмети што не произлегуваат од неовластеното следење на комуникациите, но беа спомнати во медиумите и јавноста, па од тие причини на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите му беа доставени податоци и за овие предмети”.

Според обвинителството овде се заклучува дека се работи токму за Пуч, и за уште еден предмет-за истекувањето во јавноста на снимката од кабинетот на премиерот кога разговараат со опозицискиот лидер Заев, снимена со налог на ЈО и чие објавување е забрането.

На листата на предмети кои ќе ги преземе Обвинителството ги истражувало телефонските разговори за откуп на повеќе катастарски парцели на  Водно.

Во овие разговори премиерот и министерот Јанакиевски наводно разгледуваат парцели кои би биле сопственост на премиерот но за да се приватизираат и на нив да се гради мора да се смени урбанистичкиот план.

Меѓу предметите отворена е истрага за телефонски разговор од јуни 2011 година, помеѓу Гордана Јанкуловска, Министер за внатрешни работи и Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на претседателот на владата, за наводно отпуштање од работа на поголем број вработени во Министерството за внатрешни работи и во други државни органи поради нивната политичка определба, за што обвинителството побарало список на вработени.

Предмет на разгледување биле и телефонски разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Тодоров, сегашен министер за здравство за наводно исклучување на лифтовите од зградите на гласачите од Општина Центар за време на локалните избори во 2013 година.

Посебен предмет и интерес е разговор на Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска во кој се слуша наводно коментирање на апсењето на Љубе Бошкоски, заради што се испитани полицајците кои го апселе.

Се испитува и смртта на Мартин Нешковски. Во врска со објавениот телефонски разговор за наводни притисоци врз затворениците во затворот Идризово да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори 2013 година на распит во обвинителството бил директорот на затворот.  

Надлежното основно јавно обвинителство отвори предмет по допрен глас во врска со телефонските разговори за незаконско работење на градоначалникот на општина Битола заради што тој бил на распит.

Во предметите се третираат и разговорите на албанските лидери поврзани со изборни нерегуларности. Обвинителката Јанева по изборот воопшто не комуницира со јавноста и е недостапна за одговор кога ќе почне да ги работи предметите кои ја вознемирија политичката сцена во Македонија.

 

Кристина Мачкиќ
21-11-2015, 02:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote:СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО СЕ УШТЕ НЕМА РАБОТНИ ПРОСТОРИИ

Тимот на Катица работи во хотел

20.11.2015
Специјалната обвинителка Катица Јанева и 12-темина обвинители од нејзиниот тим работат во еден хотел, кој се наоѓа во непосредна близина на Скопје додека за потребите на новото обвинителство се преадаптираат просториите во поранешниот објект на Агенцијата за спорт и млади...
[Image: 2AD3625AC315844CA11821C26F330C95.jpg]Ја побаравме Јанева на рецепцијата на хотелот, но ни рекоа дека таму таа и тимот биле завчера и оти за вчера не било најавено дека ќе дојдат да работат. Според вработените во хотелот, Јанева и тимот работеле во салата за состаноци. По работниот ден, си заминувале дома.
Специјалната обвинителка која треба да ги истражи индициите за тежок криминал и корупција во врвот на власта, што произлегоа од снимките од прислушуваните разговори, времено работи во хотел поради долготрајните пречки во кадровската екипираност на Специјалното обвинителство, како и поради одолговлекувањето на просторното решение.
Дознаваме дека меѓу првите сведоци кои биле повикани на разговор и дале изјави, биле дел од членовите на второстепената комисија по жалби за јавни набавки.
Јанева до 15 декември треба да ги поднесе првите обвиненија, но, извесно е дека тоа нема да се случи, зашто прво повеќе од еден месец Советот на јавни обвинители не сакаше да и` го комплетира тимот, а сега доцни и преадаптацијата на просториите за Обвинителството.
Јанева деновиве е апсолутно недостапна за јавноста. Не е познато што работат обвинителите во хотелот во близина на Скопје, но се претпоставува дека вршат подготовки за прием на предметите што треба да ги преземат од Јавното обвинителство на РМ, како и за новите истраги кои ќе ги поведе Специјалното обвинителство од пријавените случаи од граѓани, за кои Јанева најави дека веќе пристигале кај неа, а немаат врска со криминалот од прислушуваните разговори. Дел од нив веројатно ќе бидат предадени во јурисдикција на другите обвинителства во Македонија.
Јанева вчера преку електронска пошта се обрати до редакциите. Во пораката бара разбирање за застојот во информирањето, кој, како што вели, се должи пред сè на актуелните состојби поврзани со просторната и кадровската екипираност на Специјалното обвинителство.
"Во оваа насока ве известуваме дека во наредните денови ќе биде доставено исцрпно соопштение во кое ќе бидете информирани за начинот на работењето на Јавното обвинителство, како и сите прашања од интерес на јавноста. Дотогаш се надеваме дека ќе постапите по нашите укажувања и во иднина нема да доставувате прашања на електронската пошта и телефонскиот број на јавниот обвинител кој раководи со ова Јавно обвинителство", се наведува во пораката потпишана од Јанева.
Неофицијално "Вест" дознава дека Јанева и 12-темина нејзини помошници од следната недела возможно е од хотелот во близина на Скопје да се преселат во поранешниот објект на Агенцијата за спорт и млади, бидејќи реновирањето на просториите било при крај.

С. К. Делевска

Катица Јанева не ги презела предметите за прислушувањето

Предметите кои Јавното обвинителство под водство на јавниот обвинител за организиран криминал Јово Илиевски, односно под раководство на државниот обвинител Марко Зврлевски беа отворени за криминалот воочен во материјалите во бомбите на опозицијата, сè уште не и` се предадени на специјалната обвинителка Катица Јанева, потврди за "Вест" Јавното обвинителство на РМ.
[Image: BA72DF79A2F70246BFC3BB35418E5607.jpg]Папките од отворените предмети и целиот доказен материјал сè уште се во депото на Обвинителството за организиран криминал и во Скопското јавно обвинителство.
Обвинителството соопшти дека има оформено вкупно 35 предмети, а високите функционери кои биле предмет на истрага, се осомничени за примање поткуп, злоупотреба на службената положба, повреда на слободата на определување на гласачите и за други кривични дела.
Во четвртокот попладне јавниот обвинител на РМ Марко Зврлевски соопшти само дека на обвинителката Јанева и` била доставена статистиката за бројот на отворени предмети во врска со прислушувањето и никаде во соопштението нема дека предметите и доказниот материјал и` се предадени.
Јавното обвинителство на РМ ни појасни дека предметите за прислушувањето ќе бидат пренесувани во физичка форма, за што ќе има обезбедено и безбеден превоз.
На прашање "како Обвинителството покренало значителен број предмети за прислушувањето, наспроти тврдењата на Зврлевски дека најважното, оригиналниот медиум на кој се вршело прислушувањето, односно оригиналниот материјал, не му е доставено на Обвинителството, а по законот, мора да се работи само по оригинални извори", од ЈОРМ ни беше појаснето:
"Оригиналниот медиум уште не е доставен. Обвинителството има само копии од прислушуваните разговори, снимени на цедиња, а кои ги доставија претставници на опозицијата. Обвинителството со месеци упатуваше на тоа дека цело време работи на предмети од прислушуваните разговори. Бидејќи ги нема оригиналните медиуми, работеше на собирање докази на другите начини кои ги пропишал законот".
(С. К. Д.)
21-11-2015, 01:21 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#26

SJO mora vo i do 20 Dekemvri ovoj da go razoblici mestenje na Ljube,so site sto se so nego,rusenje na obvinenie ,vadenje na sloboda i site od sudija ,obvinitel i advokati da se zamenat.
Vo isto vreme mora da padne i da se doznae i za afera "Spion" i Ramkovski.
Zatoa i Nikola se sprema so revizija za Ramkoven(DUI-UCK) znae toj deka sega nema samo verbalno da e Lopataru tuku mozebi Ljube ke predizvika da VMROvci zemat Lopati,Kopaci i Motiki i Kosi i da podzacistat u i okolo novoto DMNE-Valjevo,Kraljevo,Cacak,Uzice se do Ravna Gora.
Dosta rabota ima Konjanik.
Cudno ama motorgijata Lenin Jovanovski koj bese terenska logistika u MK i Srbija na Putin i negovi volci, aka po Amerika i Njujork.Konjanice Crni da ne ve rudi mrak ili ke ve ogree otade Jurumljari,Kolonija i toa vednas tuka kak se kazvase Drizovo ko Desnica i Drstevci.3D.
21-11-2015, 07:42 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27





Quote:Функционери на распит во хотел кај Јанева

21.11.2015 | 17:13
Македонија

Зад очите на јавноста, Kатица Jанева и нејзиниот тим во салатa за состаноци на еден скопски хотел наголемо работат, додека чекаaт просториите предвидени за СЈО да бидат комплетирани. И покрај привидот во јавноста дека нема поместување во функционирањето на СЈО , дека Јанева сериозно ја сфатила задачата да почне што поскоро со чешлање на доказите за случаите што прозилегуваат од бомбите на опозицијата, за 24 Вести потврдуваат и дипломатски извори, но и министерот за правда. Јашари во синоќешната 24 Анализа вели дека очекува многу скоро Јанева да биде преселена, но и дека додека тоа се случи, таа не стагнира во работата.
[Image: 123498.jpg]Јашари не сакаше да открие кој се се појавил кај специјалната обвинителка доесега на распит, но според неофицијалните информации, меѓу првите се членовите на второстепената комисија за жалби за јавните набавки. 
Информација која денеска не сакаше официјално да ја потврди ниту Јанева, ниту од Комисијата. Минситерот за правда на Јанева и порачува дека допрва може да очекува опструкции. Вели дека тој според тоа што го чул очекува постапки од специјалната обвинителка.
Предметите кои Јавното обвинителство ги отвори за криминалот воочен во материјалите во бомбите на опозицијата, сè уште не и` се предадени на специјалната обвинителка Катица Јанева, велат денеска од ЈО, оттаму велат дека папките од отворените предмети и целиот доказен материјал сè уште се во депото на обвинителството за организиран криминал и во скопското Јавно обвинителство. 
Јанева до 15 декември треба да ги поднесе првите обвиненија, но, неизвесно е дали тоа ќе се случи, зашто прво повеќе од еден месец советот на јавни обвинители не сакаше да и` го комплетира тимот, а сега доцни и реновирањето на просториите.
21-11-2015, 11:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

(21-11-2015, 07:42 PM)fetak Wrote: SJO mora vo i do 20 Dekemvri ovoj da go razoblici mestenje na Ljube,so site sto se so nego,rusenje na obvinenie ,vadenje na sloboda i site od sudija ,obvinitel i advokati da se zamenat.
Vo isto vreme mora da padne i da se doznae i za afera "Spion" i Ramkovski.
Zatoa i Nikola se sprema so revizija za Ramkoven(DUI-UCK) znae toj deka sega nema samo verbalno da e Lopataru tuku mozebi Ljube ke predizvika da VMROvci zemat Lopati,Kopaci i Motiki i Kosi i da podzacistat u i okolo novoto DMNE-Valjevo,Kraljevo,Cacak,Uzice se do Ravna Gora.
Dosta rabota ima Konjanik.
Cudno ama motorgijata Lenin Jovanovski koj bese terenska logistika u MK i Srbija na Putin i negovi volci, aka po Amerika i Njujork.Konjanice Crni da ne ve rudi mrak ili ke ve ogree otade Jurumljari,Kolonija i toa vednas tuka kak se kazvase Drizovo ko Desnica i Drstevci.3D.


Мислам дека многу очекуваш од Љубе. Јас сум убеден дека ке молчи, бидејки ако многу зборува на некој може да му текне да извади нови докази за Раштански лозја .... за онаа што е изградено во Бале Влае ...
21-11-2015, 11:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Специјално јавно обвинителство / Specijalno javno obvinitelstvo

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ја известува јавноста дека извршена е анализа на доставените податоци од страна на Јавното обвинителство на Република Македонија и изготвен е план за динамика на барање на предметите. Во планот е утврдена временската рамка во која ќе бидат упатувани барања за доставување на предметите во ова Обвинителство, која не надминува 15 дена помеѓшу две упатени барања. Планот воедно опфаќа и листа на предмети кои ќе бидат побарани. При одлучување околу фактот кои предмети првично ќе бидат побарани од обвинителствата земена е предвид итноста на предметите, фазата во која предметите се наоѓаат предметите, како и обемноста на истите.

Во насока на реализација на планот, до надлежните обвинителства упатени се барања за доставување на предметите.
До Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесено е барање за доставување на предметот заведен под РО бр.90/15, а оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против лицето С.М. за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, против С.К. за кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.5 во врска со чл.24 од Кривичниот законик и кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.24 од Кривичниот законик и Х.Х. за кривично дело – Давање поткуп од чл.358 ст.1 од Кривичниот законик, како и предметот заведен под КО бр.25/15 (познат како Пуч).
До Основното јавно обвинителство Скопје поднесено е барање за доставување на предметот заведен под РО бр.770/15, оформен по поднесена кривична пријава од СДСМ против Н.Г., Г.Ј., М.Ј. и против НН лица, вработени во Министерството за внатрешни работи за кривично дело – Фалсификување исправа од чл.378 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело – Повреда на избирачкото право од чл.159 ст.2 од Кривичниот законик.
До Основното јавно обвинителство Битола поднесено е барање за доставување на предметот заведен под КО бр.636/15, против В.Т. и С.Б. за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот законик.
До Основното јавно обвинителство Куманово поднесено е барање за доставување на предметот заведен под КО бр353/15, оформен по поднесена кривична пријава од физичко лице, против НН лице – одговорно лице за комуникации во мобилен оператор и против правно лице за кривично дело – Неовластено прислушување и тонско снимање чл.151 ст.1 и ст.6 од Кривичниот законик.

По добивање на предметите од обвинителствата, очекуваме првите одлуки за надлежноста на ова Обвинителство да бидат донесени во законски предвидените рокови, кои не надминуваат 16 дена од упатеното барање за доставување на предметите. Имено обвинителствата од кои се побарани предметите имаат рок од 8 дена да ги достават истите, а потоа ова Обвинителство во рок од 8 дена треба да донесе одлука за надлежноста.

Како што јавноста е веќе информирана ова Јавно обвинителство закупи простории кои ќе ги користи како работни простории се до целосно функционално уредување на просториите каде претходно се наоѓаше Агенцијата за млади и спорт, а во насока на задоволување на безбедносните стандарди за ваков вид на обвинителство. Новите работни простории можат да се користат и за сослушување на сведоци и осомничени лица, а воедно организацијата и пристапот до истите овозможува и зачувување на идентитетот на лицата кои ќе бидат повикани на разговор во обвинителството, како и лицата кои поседуваат релевантни информации, а инсистираат на зачувување на нивниот идентитет. Тука би сакале да укажеме дека целта на обвинителството е спроведување на независни истраги во рамки на кои ќе бидат заштитени и гарантирани правата на сите учесници во постапката, како од аспект на нивна безбедност, така и од аспект на обезбедување на сите процесни права.

Имајќи го предвид фактот дека ова Обвинителство работи со сензибилни информации, сметаме дека ќе наидеме на разбирање од јавноста и медиумите кога одредени информации нема да бидат соопштени. Имено, согласно Законот за кривична постапка предистражната постапка е тајна и сите информации кои би биле од значење за успешно водење на постапката нема да бидат соопштувани. Ова може да подразбира и несоопштување на фактот против кого се отворени предистражни постапки и под кои сомненија, а врз основа на анализата на незаконски прислушкуваните материјали. Секако, првичниот момент кога ќе бидат обезбедени доказите и кога ќе се создадат услови за информирање на јавноста, доследно почитувајќи го начелото на транспарентност јавноста ќе биде благовремено известена. Во оваа насока појаснуваме дека воопшто нема да бидат соопштувани податоци дали одредени лица побарале статус на заштитени сведоци, од причина што, имајќи ја предвид јавната покриеност на настаните кои ова Јавно обвинителство ги разгледува, постои опасност од обесхрабрување на ваквите лица да пристапат кон ова Јавно обвинитлество и да помогнат во истрагите.
(This post was last modified: 26-11-2015, 04:16 PM by ЈорданПетровски.)
26-11-2015, 04:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30







Quote:КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПЕЧАТ
Скопје, 04.12.2015 година
Назив на институција:

Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите

Мисија:

Нашата мислија е истражување и гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со цел спроведување на правдата, преку принципот на владеење на правото. Ова обвинителство ќе се раководи од принципот на еднаквост на граѓаните пред Уставот и Законите на Република Македонија, стремејќи се да ја зголеми довербата на граѓаните во правосудниот систем преку транспарентно и независно постапување, за што гарант е автономноста на ова обвинителство.
Предмет на конференцијата за печат:
Соопштување на информации за ангажирање на истражители во тимот на ова Јавно обвинителство и информации за воспоставување стварна надлежност врз предмети.
Изјава:
Во оваа прилика би сакале да Ве известиме дека од наша страна до Министерството за внатрешни работи и Министерството за финансии, Управата за финансиска полиција доставени се наредби во смисла на одредбите од Законот за кривична постапка со кои бараме одредени службени лица да бидат доделени за работа во ова Јавно обвинителство како истражители. Со оглед дека наредбите беа доставени во текот на оваа недела, очекуваме наредната недела истражителите кои се побарани да бидат доделени на ова обвинителство и да станат дел од нашиот тим.
Воедно, Ве известуваме дека од страна на Основното јавно обвинителство Битола доставен е предметот кој го баравме. Како што веројатно веќе сте запознаени, Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по нашето барање, ни ги доставија сите предмети кои беа оформени пред овие обвинителства и кои беа опфатени во статистичкиот преглед на податоци. Воедно доставен е и предметот познат во јавноста како Пуч. Ја известуваме јавноста дека ние постапувајќи согласно Законот за кривична постапка ги примивме сите доставени предмети, иако мораме да укажеме дека таквото постапување на овие обвинителства е надвор од доставеното барање и со него се нарушува динамиката и планот на работа на ова Јавно обвинителство. Сепак, ја уверуваме јавноста дека одлуката за тоа дали врз сите предмети ќе биде воспоставен стварна надлежност на ова Јавно обвинителство и врз кои предмети ќе биде воспоставена стварна надлежност ќе биде донесена во предвидениот законски рок од 8 дена.
Поводот за свикување на оваа конференција за печатот и главната причина поради која денес сме тука сите присутни е фактот што се донесени првите одлуки за воспоставување на стварна надлежност на ова Јавно обвинителство врз предметите на Основното јавно обвинителство Скопје, кои се однесуваат на изборните нерегуларности. Појаснуваме дека во изминатиот период правени се анализи на доставените статистички податоци од Јавното обвинителство на Република Македонија, како и анализи на јавно објавените материјали од незаконското следење на комуникациите. Овие анализи покажаа основано сомнение дека се работи за предмети кои се во надлежност на ова јавно обвинителство, што се потврди од увидот во списите на предметите. Во оваа насока би сакале да појасниме дека од овој момент единствено надлежни за постапување по предмети поврзани со изборните нерегуларности за изминатиот период, а кои се поврзани и произлегуваат од незаконски следените комуникации сме токму ние, односно Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Во оваа насока ја известуваме јавноста дека до сите држани органи и иматели на докази ќе бидат доставени барања за доставување на докази поврзани со изборните нерегуларности.
Што се однесува до бараниот предмет од Основното јавно обвинителство Куманово, Ве известуваме дека овој предмет сеуште не е доставен до ова Јавно обвинителство. Сепак би потенцирале дека ние немаме увид кога Основното јавно обвинителство Куманово го примило нашето барање, поради што веруваме дека сеуште не е истечен рокот за постапување по истото.
Воедно во текот на наредната недела ќе бидете известени за сите одлуки и активности поврзани со доставените предмети.
(This post was last modified: 05-12-2015, 12:14 AM by ЈорданПетровски.)
05-12-2015, 12:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

Quote:04.12.2015, 16:41

ФОТО: Предметите стасаа со „џип“ и „крајслер“ до Јанева

[Image: CF4D192D4663894AA9EF99AF61767E4D.jpg]

Списите од предметите се носеа во картонски кутии од монитори, бели кутии означени со броеви, сини фасцикли, а најмногу материјал беше изнесен за „Пуч“

Гордана Дувњак

ФОТО: Киро Попов
Со две службени возила на Обвинителството - црн „крајслер“ и темносив џип „нисан“, денеска по 15 часот во Министерството за правда, каде што се наоѓа официјалната адреса на Специјалното обвинителството, беа доставени првите пет предмети што ги побара Катица Јанева. На истекот на последниот ден од законскиот рок од осум дена, вработени од Обвинителството ги носеа предметите што ги работеа скопското, битолското, кумановското и Обвинителството за организиран криминал, а кои произлегоа од содржината на прислушуваните разговори. Списите од предметите се носеа во картонски кутии од компјутерски монитори, бели кутии означени со броеви, сини фасцикли. Најмногу материјал беше изнесен за „Пуч“ од Обвинителството за организиран криминал. Непосредно пред предавањето на списите, во канцеларијата на специјалната обвинителка се качи и архивар од Обвинителството, со список на предмети што се предаваат.
[Image: 11F17DCAE6AE68489B97B4CDC417E18F.jpg]

За денеска доцна попладне во 17,30 часот е закажана и прес-конференција на специјалната обвинителка Катица Јанева, на која се очекува да информира околу преземените предмети, но и околу проблемите со кои се соочува оваа нова институција во функционирањето. Средбата со новинарите беше закажана во привремените простории на Специјалното обвинителство, кое се наоѓа до студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ на улицата „Теодосиј Гологанов“. Реконструкцијата, пак, на објектот кој ~ е доделен на Јанева на потрајно користење во поранешните простории на Агенцијата за спорт и млади на „Рузвелтова“ број 34, с` уште не е завршена.

Специјалното обвинителство, во понеделникот, преку соопштение изрази загриженост за одолжувањето на процесот на носење на законот за вработувањата во јавнообвинителска служба. Беше потенцирано дека функционирањето на Специјалното јавно обвинителство ќе биде значително отежнато бидејќи стручниот, истражниот и административниот кадар имаат значајна улога за непречено извршување на работите и се еднакво неопходни, како и јавните обвинители.
[Image: EDD281239A7BC14A96035EEF7CB93CCE.jpg]
05-12-2015, 01:49 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32



05-12-2015, 05:02 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#33

(05-12-2015, 05:02 AM)ЈорданПетровски Wrote:


Стручните и здраворазумските одговори на , условно кажано, портпаролот на СЈО влева надеж во неговото независно и професионално работење.
05-12-2015, 09:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

Quote:Специјално јавно обвинителство / Specijalno javno obvinitelstvo
1 hr ·


Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуиникациите ја известува јавноста дека од денес сите барани истражители се доделени на ова Јавно обвинителство, така што во овој момент вкупниот број на истражители е 13.
По однос на Законот за јавнообвинителската служба на ова Јавно обвинителство, Ве известуваме дека не добивме одговор од ниту една од институциите до кои што поднесовме барање за информации, поради што во моментов ги разгледуваме законските можности за наше натамошно постапување.
Исто така Ве известуваме дека во рамки на законски предвидениот рок доставен е и предметот од Основното јавно обвинителство Куманово, а воедно донесени се одлуки за надлежност за сите предмети кои беа доставени до ова Јавно обвинителство од Основните јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Што се однесува до видот на одлуките Ве известуваме дека ова Јавно обвинителство воспостави стварна надлежност над 34 предмети, вклучително и на предметот познат во јавноста како Пуч. Врз предметите на Основното јавно обвинителство Скопје РО.бр.2362/15 и РО.бр501/15 не е воспоставена стварна надлежност и предметите се вратени на постапување на надлежното основно јавно обвинителство. Во оваа насока Ве известуваме дека дополнително е утврдено дека од доставените предмети уште два предмети се поврзани со изборни нерегуларности, така што бројот на предмети кои се однесуваат на изборни нерегуларности на кои ова Јавно обвинителство има воспоставено стварна надлежност изнесува 16.
Она што исто така е значајно да Ве известиме е дека во текот на денешниот ден од лидерот на политичката партија СДСМ ќе биде побарано доставување на материјалите од незаконски следените комуникации, а кои ги поседуваат и за кои изразија подготвеност дека ќе ги достават на наше барање.
Во текот на изминатата недела од страна на јавноста беа барани податоци за воспоставување надлежност за други предмети, како предметите познати во јавноста како „Монструм“, „Диво Насеље“, „Ровер“ и слично. За сите овие предмети ќе се произнесеме дополнително, откако ќе бидат прибавени материјалите од незаконски следените комуникации и ќе се пристапи кон нивно преслушување и анализа. Секако, во моментот кога ова Јавно обвинителство ќе има конкретни информации за овие предмети и кога овие предмети и формално ќе бидат побарани со цел донесување одлука за стварна надлежност, јавноста благовремено ќе биде известена.
14-12-2015, 06:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

Quote:Јанева го отфрли предметот против Груевски за откривање на ПИМ мерки 

[Image: katicajaneva12-685x320.jpg]

14.11.2015
Специјалното јавно обвинителство нема да постапува по предметот отворен во Основноото јавно обвинителство по поднесената кривична пријава од страна на СДСМ, а против Никола Груевски за откривање на службена тајна. Станува збор за прес конференцијата на премиерот каде тој соопшти детали од употребата на Посебни истражни мерки против лидерот на опозицијата, Зоран Заев, а за време на нивната средба во кабинетот на премиерот.
Предметот се враќа во ОЈО на постапување. Според овој предмет против Груевски е поднесена кривична пријава за Злоупотреба на државна, службена или воена тајна и Злоупотреба на службена положба и овластување. Поднесени се и кривични пријави против лица вработени во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, лица вработени во МВР Оддел за спроведување на посебни истражни мерки – Правосудна полиција и против лица вработени во Основен суд Скопје 1 Скопје Одделение за организиран криминал и корупција за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување и Оддавање службена тајна.
Вториот предмет што го отфрли обвинителството на Јанева е по повод кривична пријава против една политичка партија за кривично дело Лажно пријавување. Од таму не појаснуваат за која партија станува збор.
14-12-2015, 09:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36

Quote:Иницијатива за донесување Закон за јавнообвинителска служба на ова Јавно обвинителство



Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ја известува јавноста дека со оглед на фактот што до денес не добивме одговор од надлежните инстутуции во врска со Законот за јавнообвинителската служба на ова Јавно обвинителство, а постои итна потреба од донесување на овој Закон, до Владата на Република Македонија и сите пратеници од Собранието на Република Македонија доставена е иницијатива за донесување на овој Закон. Во иницијативата образложени се причините поради кои е неопходно донесувањето на Законот, а воедно е дадена и анализа состојбите и моменталната законска рамка, импликациите кои Законот ќе ги има, како и текст на предлог законот кој го изготвивме согласно потребите на обвинителството, имајќи го предвид Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Имајќи ја предвид важноста која ова Јавно обвинителство ја има за Република Македонија, како и неопходноста од негово непречено функционирање, очекуваме позитивен одговор на нашата иницијатива и носење на Законот во итна постапка. Во продолжение следува образложението на инцијативата за донесување на предложениот Закон.

„I. Оцена на состојбите во областа што треба да се уреди, потребите и причините за донесување на законот Донесувањето на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Службен весник на Република Македонија број 159/15) ја наметна потребата од донесување на нов закон со кој ќе бидат уредени правата, должностите, одговорностите, платата и додатоците на плата на лицата вработени во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Ова од причина што неопходна е законска регулатива која ќе овозможи реализација на одредбите од член 9 став 8, член 13 став 1, член 14 став 4, член 15 и член 16 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, преку доследно почитување на принципот на автономија на ова Јавно обвинителство. Постоечката законска регулатива (Законот за јавнообвинителска служба), предвидува постапки за вработување на лица, кои не се во согласност со Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Службен весник на Република Македонија број 159/15).
Имено, со Законот за јавнообвинителска служба предвидено е дека Јавниот обвинител на Република Македонија донесува годишен план за вработувања на јавнообвинителските службеници за следната календарска година, а барањето за пополнување на работно место се доставува до Јавниот обвинител на Република Македонија, кој одлучува за основаноста на барањето, по претходно прибавено мислење за одобрени финансиски средства од Министерството за финансии. Воедно согласно овој Закон, решенијата за вработување ги донесува Јавниот обвинител на Република Македонија, а самиот закон не предвидува правен основ за вработување на лица во ова Јавно обвинителство, бидејќи истото е основано после донесување на Законот. Во оваа насока, имајќи ги предвид цитираните законски одредби од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, принципот на автономија на ова Јавно обвинителство, специфичните надлежности и дејствијата кои е овластено да ги извршува, фактот што истото за првпат се воспоставува во Република Македонија, како и фактот дека ова Јавно обвинителство ги вклучува и истражителите, експертите, стручната и административната служба, имајќи го предвид и специфичниот карактер на работите и работните задачи кои ги извршуваат вработените, се наметна потребата од донесување на нов Закон, во кој ќе бидат регулирани сите прашања кои во постоечкиот закон за спорни, а ќе се предвиди субсидиерна примена на постоечкиот Закон, за сите прашања за кои постои таква можност.

1. Цели, начела и основни принципи Предлогот на Законот за вработените во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите се заснова врз начелата на законитост, професионалност, стручност и компетентност, одговорност, ефикасност, професионална етика, непристрасност и објективност, доверливост, спречување судир на интереси, економичност и почитување на принципот на хиерархиска поставеност во рамки на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

2. Објаснување на содржината на одредбите на предлог законот Со предложениот закон се предлага системско уредување на правата, обврските, одговорностите, платата и додатоците на плата на вработените во јавнообвинителската служба во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Предлогот на Законот за вработените во јавнообвинителската служба во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите содржи 61 члена, кои се систематизирани во единаесет глави. Со Главата I од предложениот закон се содржани основните одредби, односно предметот на Законот, со кои се дефинира опфатот на вработените во јавнообвинителската служба во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, начелата и класификацијата на работните места. Со Главата II, III и IV се уредуваат видовите на вработување и начинот на пополнување на работните места на во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство, кое може да се изврши преку постапка за вработување преку објавување јавен оглас и преку преземање, а пропишани се и општите услови за пополнување на работните места. Воедно предвидени се и постапки за унапредување. Истовремено, во оваа глава е пропишан посебен член за истражителите кои му се доделуваат на работа на Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство и лицата кои ќе работат на обезбедувањето, при што се пропишува дека бројот на овие лица со одлука го определува Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, а се дефинира и нивниот статус во рамките на јавнообвинителската служба. Во Главата V се уредуваат правата, должностите и одговорностите на вработените во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство, со тоа што овој Закон упатува на примена на одредбите од Законот за јавнообвинителска служба, бидејќи во овие сегменти, не постои никаква пречка за дирекна примена на постоечкиот закон. И за главата VII која се однесува на стучното усовршување, содржана е упатувачка одредба на Законот за јавнообвинителска служба, од веќе образложените причини. Во главата VI во целост се уредува платата и додатоците на кои имаат право вработените во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство, како и истражителите и лицата во секторот за обезбедување, имајќи ја предвид одредбата од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите каде е определено дека платата и другите надоместоци на вработените во јавнообвинителската јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство ќе се определат со закон. Во Главата VIII се уредува ефектот на јавнообвинителските службеници, преку порпишување на постапки за следење на нивната работа и нивно оценување, како и ефектот на успешноста од работењето врз работниот однос. Во главата IX уреденеи се дисциплинската и материјалната одговорност на вработените во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство, со тоа што уредени се само прашањата кои од постоечкиот Закон за јавнообвинителска служба беа неприменливи, а за се останато содржана е упатувачка одредба на Закоото за јавнообвинителска служба. Во главата X се утврдени начините за престанок на работниот однос на вработените во јавнообвинителската служба во Јавното обвинителство, при што со законот се предвидуваат и други основи за престанок на работниот однос и во случаите кога ќе престане потребата за извршување на работните задачи за конкретното работно место, како и престанок на работниот однос заради прекршување на начелото за доверливост. При тоа, имајќи ги предвид специфичните работни задачи кои ги извршуваат вработените, во предложениот закон пропишана е обврска за враќање во целост на средствата примени како додаток за доверливост за лицата кои ќе го прекршат начелото на доверливост или ќе постапат спротивно на Законот за класифицирани информации. Истовремено се пропишува дека решението за престанок на работниот однос го донесува Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство. Воедно содржани се одредби со кои се регулира статусот на вработените лица по укинување на јавното обвинителство, а кои се однесуваат токму на престанокот на нивниот работен однос. Во Главата XI од Законот се сместени преодните и завршни одредби со кои е уредено влегувањето во сила на Законот, утврден е рок за носење на актот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Јавното обвинителство, како и рокот за постапување на Јавното обвинителство на Република Македонија со цел да не се јави правна празнина во постапувањето при преземањата на вработените од јавнообвинителската служба.

3. Меѓусебна поврзаност на решенијата содржани во предложените одредби Предложените одредби се меѓусебно поврзани и како такви прават правна целина и се применливи.

4. Последици што ќе произлезат од предложените решенија Со предложениот текст на Предлог-законот за вработените во јавнообвинителската служба во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, системски се регулираат прашањата кои се однесуваат на вработените во ова Јавно обвинителство, а законот нема да има непредвидени финансиски импликации, бидејќи платите и додатоците за реализација на вработувањата се веќе инкорпорирани во финасискиот план на Јавното обвинителство, кој согласно член 16 став 3 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не може да се менува и Министертсвото за финансии и Собранието на Република Македонија се должни да го вградат во Буџетот на Јавното обвинителство на Република Македонија.

II. Итна постапка за донесување на законот Целокупното уредување на прашањата поврзани со вработените во јавнообвинителската служба на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите е неопходно заради овозможување на отпочнување со работа на Јавното обвинителство како и обезбедување негова целосна функционалност од аспект на превземање на дејствијата во рамки на утврдените надлежности и во законски пропишаните рокови, поради што потребно е овој закон да се донесе по итна постапка. Имајќи предвид дека во рамките на Вашите законски надлежности стои и надлежноста за предлагање на ваков закон, водејќи се од уверувањето дека потребата од носење на овој закон е повеќе од очигледна, како и дека сте свесни за одговорноста и важноста на непреченото функционирање на ова Јавно обвинителство за Република Македонија, Ви се доставува оваа иницијатива, во прилог на која е и предлогот на текстот на законот.
15-12-2015, 09:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37



18-12-2015, 01:51 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#38

Quote:Специјално јавно обвинителство / Specijalno javno obvinitelstvo
1 hr ·

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуиникациите ја известува јавноста дека спроведени се тендерски постапки и во тек е преземањето на градежни активности со цел адаптација на просториите каде ова Јавно обвинителство треба да биде сместено.
Воедно Ве известуваме дека во тек е постапка за добивање на безбедносни сертификати за јавните обвинители, при што на дел од обвинителите веќе им се издадени сертификати за работа со класифицирани информации со степен на класификација „Државна тајна“.
Во изминатиот период особен интерес беше изразен за нашето постапување по однос на бараните материјали од СДСМ. Повторно укажуваме дека ние очекуваме материјалите да ни бидат предадени и сите субјекти да започнат активно да соработуваат со ова Јавно обвинителство. Појаснуваме дека соработката со субјектите до кои се обраќаме, без оглед за кого станува збор, е отежната и во оваа насока наш конкретен став за ваквата отежната соработка и мерките кои ќе бидат преземени од наша страна, ќе биде соопштен во средината на јануари.
Сепак и покрај ваквата состојба на отежната соработка, Ве известуваме дека во тек се повеќе предистражни постапки по предметите за кои е воспоставена стварна надлежност и постои известен напредок во истите, но во овој момент не сме во можност да соопштуваме детали, а сето во интерес на истрагата.
Исто така апелираме до сите субјекти да се воздржат од етикетирање на ова Јавно обвинителство и негово ставање во функција на реализација на различни политички и други цели, бидејќи најважно во овој момент е спроведување на независни и професионални истраги, во рамки на кои доследно ќе се почитуваат начелата на тајност на предистражната постапка, објективност и легалитет во постапувањето.
25-12-2015, 02:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#39

Quote:Катица Јанева го ослободува Верушевски

25.12.15  

Специјалната обвинителка Катица Јанева ќе го ослободи Верушевски од притвор. Обвинителката ќе побара куќен притвор и одземање на пасошот. Информацијата ни ја потврдија и од Специјалното обвинителство, пренесува Прес 24.

[Image: katica-janeva-izjava-640x421-640x396-1.jpg]
„Ве известуваме дека од страна на одбраната за обвинетите предложено е укинување на мерката притвор и определување на гаранција, по однос на што, а постапувајќи по барање на Судот, ние дадовме позитивно мислење во кое појаснивме од кои причини сметаме дека постојат услови мерката притвор да биде заменета со гаранција. Воедно од наша страна предложено е и определување на мерки на претпазливост и тоа мерка на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште или престојувалите и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа за поминување на државна граница.“ – стои во одоговорот на Специјалното јавно обвинителство на нашето прашање.
25-12-2015, 02:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#40

Quote:Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ веќе не верува во независноста на Катица Јанева 




[Image: milososki1.jpg]

 25/12/2015
ВМРО-ДПМНЕ веќе не верува во независноста на Катица Јанева и изразува сериозна резерва кон секој чекор кој таа ќе го преземе во иднина, како во поглед на нејзината непристрастност, така и во поглед на законитоста на нејзините дејствувања.
Ова попладнево на прес-конференција го изјави Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ откако некои медиуми објавија дека специјалната обвинителка Катица Јанева побарала до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 мерката притвор на поранешниот шеф на тајната полиција Зоран Верушевски осомничен во случајот „Пуч“ да биде заменета со гаранција.
Според него, одлуката на Јанева да не побара продолжување на притворот на Зоран Верушевски „е скандалозна, неправична и многу опасна“ и со неа Јанева нанела „непроценлива штета на правниот поредок во Република Македонија на правната пракса“.
– Она што Зоран Заев го нарача и го нареди, Верушевски да се ослободи од притвор, Катица Јанева го исполни. Срамна и жална е леснотијата и ароганцијата со која Јанева поданички и додворувачки побрза да му удоволи Заев… Се потврдија сите информации во јавноста за тесна врска и координираност помеѓу Јанева и Заев, како и дека Јанева и ќе делува строго по партиска наредба на СДСМ, рече Милошоски.
Тој додаде дека Јанева ќе биде директен соучесник во противправни и кривични дела доколку Верушевски избега и, како што рече, таа ќе биде соучесник во кривични дела доколку Верушевски располага со незаконски стекнатите материјали.





(This post was last modified: 25-12-2015, 10:12 PM by ЈорданПетровски.)
25-12-2015, 07:21 PM
Reply