Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СПЕЦИЈАЛЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Што предвидува законот за специјален обвинител?

15.09.2015


Мандат од четири години и право на реизбор, неограничен буџет и можност сам да ги избере своите соработници но и рок од година и пол да покрене обвинение предвидува законот со кој беше избран специјалниот јавен обвинител кој ќе ги истражува аферите со прислушувањето.

[Image: 118725.jpg]

Според предлогот, во рок од 3 дена откако ќе стапи на сила законот, треба да и се обезбедат простории на специјалната обвинителка и нејзиниот тим кои нема да бидат во истата зграда каде што е Основното јавно обвинителство, а за 35 дена треба да и бидат обезбедени финансиски средства за непречено работење.

Обвинителот ќе постапува по дела кои произлегуваат од прислушуваните снимки кои се доставени до сегашното обвинителство до 15 јули, но не само по нив, туку и по дополнително доставени.

„Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство ќе биде овластен да истражува и
гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на
комуникациите. Неовластено следење на комуникации се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот помеѓу 2008 и 2015 година, вклучително но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до јавното обвинителство пред 15 Јули 2015“, стои во законот.

Крајниот рок што го добива специјалниот обвинител за истражување на сите случаи од прислушувањето е до март 2017 година. Доколку до тогаш не поднесе обвинение понатаму не ќе може да го стори тоа. Во членот 22 од законот стои:

„Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежнот.“

Постојните предмети кои се во врска со прислушувањата а во моментов се во надлежност на Јавното обвинитество на барање на специјалната обвинителка ќе мора да и бидат предадени во рок од 8 дена.

„По писмено барање од Јавно обвинителство, јавните обвинителства се обврзани, во рок од 8 дена, да предадат кој било предмет по кој постапуваат за да се одлучи дали предметот спаѓа во надлежноста на специјалниот јавен обвинител, согласно неговите/нејзините овластувања определени со овој закон. Специјалниот јавен обвинител одлучува во рок од 8 дена дали случајот спаѓа во надлежност на Обвинителството“.

Во законот се гарантира и автономијата на специјалниот јавен обвинител наведувајќи дека ниту еден јавен обвинител ниту државниот јавен обвинител не може да влијае на неговата работа ниту пак да бара извештаи поврзани со неговите предмети.

Во вака напишаното законско решение предвидено е и на секои шест месеци да поднесува извештај до Собранието за досега сработеното а со тоа и опис за напредокот во истрагите кои ги започнал. Но е должен и јавноста редовно да ја информира за сработеното.

Соработниците, специјалниот јавен обвинител сам ќе ги избере од редот на постојните јавни обвинители и ќе го утврди нивниот број.

„Јавниот обвинител ќе предложи листа на кандидати до Советот на јавни обвинители од редот на постојните јавни обвинители за избор во Јавното обвинителство. Советот ќе ги избере јавните обвинители во Јавното обвинителство на седница на која се присутни најмалку 2/3 од вкупниот број на членови, при што има мнозинство од гласови од членови кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство.“

Во истражниот центар кој ќе го оформи јавниот обвинител тој може да вработи и стручни соработници, експерти, советници, истражители и административен персонал. Во законот е предвидена и можност да побара меѓународна правна помош за сите прашања кои се во негова надлежност.

Сите финансиски средства за работа ќе бидат обезбедени од државниот буџет, а платата на специјалниот јавен обвинител ќе биде 10 отсто помала од онаа на државниот јавен обвинител.
18-09-2015, 02:21 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:КАТИЦА ЈАНЕВА ИЗБРАНА ЗА НАЈЖЕШКАТА ФУНКЦИЈА

Пет години странска поддршка за специјалниот обвинител

Случаите кои ќе ги отвори специјалниот обвинител Катица Јанева ќе бидат под меѓународен мониторинг, од отворањето на истрагата и поднесувањето евентуални обвиненија, па се до до судскиот процес и изрекувањето на пресудата за секој од случаите поврзани со прислушувањето, без исклучок.

[Image: 9DB85AF02C7C0141A5C7F873DD562CC5.jpg]

Тие експерти, обвинители и истражители што ќе го набљудуваат текот на истрагите и на судските процеси и кои, според новиот закон, ќе му помагаат на специјалниот обвинител ако побара меѓународна помош, ќе бидат делегирани од ЕУ и од САД.
Ова било најголемото изненадување за партиите кое го ставиле на маса вчераутро Ван Хауте и амбасадорите. Некои го доживеале како студен туш, а некои се радувале. Начелно, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се восхитуваа дека тоа, всушност, било "најдоброто и највредно нешто постигнато со договорот за специјален обвинител". Овој мониторинг ќе трае пет години, колку што ќе трае специјалното јавно обвинителство.
Вчера партиите не открија чиј предлог е Јанева, покрај толку звучни имиња за специјален обвинител на листите на двете најголеми партии, и како дошле токму до неа.
"Кога како попчиња прифативме се што ни ставија на маса странците во однос на законската регулатива, во раните утрински часови почнаа билатерални средби на посредникот Ван Хауте и двајцата амбасадори Орав и Бејли со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Во трчањето меѓу преговарачките тимови, патем, отпаѓаа и наши и нивни звучни имиња. На прашање како би ја прифатиле обвинителката Јанева со нејзината биографија, која е потребна за борба против организиран криминал и корупција, стекната во странство, некако почнавме сите да се согласуваме. Јасно беше колку е часот", раскажуваат партиски извори како за неполни два часа партиите се договориле околу кандидатот за најжешкото место во правосудниот систем во Македонија во моментов.
Истите извори тврдат дека Јанева е предлог на американскиот амбасадор Џес Бејли и на евроамбасадорот Аиво Орав, околу кој ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се согласиле вчера во раните утрински часови. Не толку дека со финансиска помош од амбасадите на Италија и на САД завршила обука за борба против организираниот криминал и мафијата и обука за примена на закони од кривичната постапка во овие две држави туку дека покажала извонредни резултати на тие обуки, велат дел од преговарачите.
С. К. Делевска

VEST
18-09-2015, 02:32 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

22-09-2015, 03:55 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Jанева го прочитала писмото од специјалците за „Дива населба“

Иако провладините медуми пишуваа дека вакво писмо воопшто и не постои, специјалната обвинителка за 24 Вести изјавила дека го прочитала писмото.


[Image: katica-janeva.jpg&h=auto&w=620&zc=1]

Фокус 28 сеп 2015, 17:38

Специјалната обвинителка Катица Јанева го добила писмото напишано од специјалцијалци кои учествувале во акцијата за разбивање на терористичката група во „Дива населба“ во Куманово. Во писмото, специјалците кои сакаат да останат анонимни, побарале од Јанева специјалното обвинителство како прв случај да ја испита кумановската акција.

Иако провладините медуми пишуваа дека вакво писмо воопшто и не постои, специјалната обвинителка за 24 Вести изјавила дека го прочитала писмото. Таа не дала одговор дали ќе го преземе овој случај.

Инаку, вчера заврши испрашувањето на приведените во акцијата во Куманово, но од Обвинителството велат дека се уште се прибирале докази, по што ќе следела одлука за понатамошно делување.
29-09-2015, 02:08 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Обвинителката Јанева состави тим на „широка коалиција“


Саше Димовски 30. сеп. 15.

Најголемо изненадување од тимот на Катица Јанева е името на Лиле Стефанова, обвинителката од Радовиш, која во изминативе неколку години работеше во обвинителството за организиран криминал и која го имаше предметот против новинарот Томислав Кежаровски, случајот „Шпион“ и други случаи за кои во јавноста често беше прозивана како продолжена рака на полицијата.

Изборот на тимот од 14 обвинители што го претстави специјалната јавна обвинителка кои треба да работат на предметите од „политичките бомби“ е исто толку изненадувачки, како што беше и информацијата за нејзиниот избор, е првата реакција што се шири во правните кругови.

За многумина очекувано, обвинителката Јанева се одлучи за избор на обвинители од основните обвинителства, бидејќи беше јасно дека ниту еден обвинител кој досега бил на ранг повисок од тој на Јанева, би прифатил да биде нејзин заменик.

Јанева одлучи во тимот да ги земе: Артан Ајран, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стевчо Дончев, Трајче Пеливанов и Фатиме Фетаи.

[Image: Katica%20Janeva%20by%20MIA%203.jpg]
Реакциите во правните кругови се дека изборот на тимот на обвинители е исто толку изненадувачки, како што беше и информацијата за изборот на јавната обвинителка Катица Јанева | Фото: МИА

Првите коментари се дека обвинителката составила тим на „широка коалиција“, во кој, неофицијално, влегле четворица обвинители блиски до ДУИ, тројца до СДСМ и седум до ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од избраните обвинители за БИРН посочи дека кога ја прифатил позицијата што му ја понудила Јанева, му било речено да молчи, додека не биде „одобрен“ од повисоки инстанци, не коментирајќи за кои инстанци станува збор.

Обвинителката од случајот „Ликвидација“ во тимот на Јанева

Најголемо изненадување од тимот е името на Лиле Стефанова, обвинителката од Радовиш, која во изминативе неколку години работеше во обвинителството за организиран криминал и која го имаше предметот против новинарот Томислав Кежаровски и другите обвинети во „Ликвидација“, потоа случајот „Шпион“ и други случаи за кои во јавноста често беше прозивана како продолжена рака на полицијата.

Против одлуките на Лиле Стефанова за продолжување на притворот на Кежаровски повеќе пати протестираа и новинарите.


[Image: Protest%20Novinari%20Kezarovski.jpg]
Новинарите протестираа за слобода на новинарот Томислав Кежаровски, носејќи транспаренти на кои стоеше името на обвинителката Лиле Стефанова | Фото: БИРН

Лиле Стефанова, заедно со обвинителот Златко Биковски, се појави и на застапување на предметот „Пуч“ оформен против лидерот на СДСМ Зоран Заев, екс директорот на ДБК Зоран Верушевски. На обвинителката Лиле Стефанова ѝ беше даден и новиот предмет за митото во случајот „Маѓар Телеком“, а пред неколку дена пред неа даваше исказ разузнавачот Слободан Богоески.

Контролата на Јавното обвинителство извршена врз работата на обвинителката Стефанова во обвинителството во Радовиш регистрирала сериозни пропусти во постапувањето, за што постојат извештаи во највисокото обвинителство.


Останатите обвинители од тимот немаат искуство поголемо од 5 години

Најголем број од избраните обвинители доаѓаат од скопското обвинителство, дел од нив се со завршена обука во Академијата за судии и обвинители, кои и сега работеле на предмети од прислушуваните разговори, но никој од нив нема обвинителско искуство поголемо од 5 години.

Од првата генерација на обвинители од Академијата се кавадарчанецот Трајче Пеливанов кој работи во скопското и Бурим Рустеми од кумановското обвинителство. Според познавачите тој имаше амбиции да биде и скопски обвинител. Меѓу предметите на кои работел е и еден за криминал од 11 милиони евра наводно сторен од директор на голема банка во Скопје, но ја отфрлил пријавата на која полицијата работела три години. Тој често е гледан во друштво со јавниот обвинител Марко Зврлевски. Го имаше и предметот за лекарот Дејан Ставриќ.

[Image: obvinitelstvo%20-%20Copy.jpg]
Најголем број од избраните обвинители доаѓаат од скопското обвинителство, а дел од нив се со завршена обука во Академијата за судии и обвинители | Фото: БИРН

Бурим Рустеми кој доаѓа од кумановското обвинителство е син на поранешниот судија на скопска апелација Јусуф Рустеми. Неговиот колега Љубомир Лапе е исто така од втората генерација на Академијата, кој беше испратен на работа во Куманово, а во последниот период поради празните обвинителски позиции бил испратен да биде и в.д. шеф во Крива Паланка. Тој живее во Скопје, па влегувањето во тимот ќе стави крај на неговото секојдневно патување. Љубомир Лапе е син на новинарот Владимир Лапе.

Од обвинителството во Скопје, во тимот влегува и Артан Ајро, стружанец и син на бившиот член на Судскиот совет, покојниот Неџат Ајро. МВР во една од акциите за расчистување на митото на граничните премини го уапси и неговиот брат. По завршување на судската постапка, тој беше вратен на работа во полиција и е командир на полициската станица во Велешта.

Од скопското обвинителство доаѓа и тетовчанката Фатиме Фетаи, која предвреме го прекинала породилното отсуство за да се врати на работа и да ја прифати новата позиција. Имињата на Ајро и на Фетаи биле и на партиските списоци на состаноците во Клубот на пратеници кога се лицитирало со имиња кој да биде специјален јавен обвинител.

Речиси сите обвинители во тимот на Јанева се избрани во период кој е опфатен со прислушуваните разговори, во кои се слушаат разговорите помеѓу екс министрите за правда и за внатрешни работи Блерим Беџети и Гордана Јанкулоска, како и помеѓу Сашо Мијалков и Муса Џафери.

Обвинителот Дарко Јакимовски е син на пензионираниот обвинител од Крива Паланка Иван Јакимовски и член во новоформираниот Совет за утврдување на факти, кој ќе предлага разрешување и казнување на судии. Во работа го имал предметот за убиството на Ангел Петровски кај очната болница во Ѓорче Петров.

Од првата генерација „академци“ и обвинител во скопското обвинителство е и беровчанецот Гаврил Бубевски, син на судијката и екс претседателка на беровскиот син Данка Бубевска. И тој има стаж од околу 5 години во обвинителството. Двете негови колешки, Марија Ѓорѓева и Снежана Бундалевска исто така се од скопското обвинителство. Ѓорѓева била стручен соработник во Врховниот суд пред да стане обвинител, а Бундалеска е ќерка на поранешниот Републички јавен обвинител Марко Бундалески.

Меѓу изненадувањата се и имињата на кичевчанката Елизабета Јосифовска од Основното обвинителство во Гостивар, внука на разрешениот судија и претседател на кичевскиот суд Кирил Миладиноски, како и кочанчанецот Стејчо Дончев. Од тетовското обвинителство доаѓа и Лејла Кадриу.
Јанева ги опиша соработниците како „истакнати професионалци“

Претставувајќи го тимот обвинители, јавната обвинителка Јанева рече дека се одлучила за 14 обвинители, бидејќи овој број обвинители би бил неопхподен за успешно исполнување на обврските на специјалното обвинителството со кое таа ќе раководи.

Јанева своите заменици ги опиша како „истакнати професионалци“.

Обвинителите треба да ги преземаат предметите кога специјалното обвинителство ќе добие свое седиште.

Обвинителите кои влегоа во тимот ќе имаат по околу 100 евра поголеми плати од сегашните, со исклучок на Стефанова која ќе има иста плата како сегашната, а ќе немаат право да издаваат налози за апсење, ниту да ги потпишуваат обвиненијата. Сето тоа ќе се прави во име на специјалната обвинителка.


[Image: Katica%20Janeva.jpg]
Во моментов, специјалната обвинителка е сместена во две канцеларии на третиот кат во Министерството за правда, а распишан е повик за прибирање понуди за наоѓање на простории под закуп | Фото: МИА

Обвинителите имаат рок од 18 месеци да ги завршат истрагите и да покренат обвиненија. Доколку во тој рок не ги завршат, законот им забранува да гонат понатаму.

Во моментов, специјалната обвинителка е сместена во две канцеларии на третиот кат во Министерството за правда, а распишан е повик за прибирање понуди за наоѓање на простории под закуп, бидејќи сите објекти кои ги предложила владината Служба за општи и заеднички работи, не биле соодветни.

Според законот, Министерството за правда беше должно во рок од 3 дена по изборот на обвинителката да и обезбеди времено сместување, а во рок од 30 дена целосни просторни услови. Тој рок истекува на 15 октомври.

Во меѓувреме, се чека одлуката на Апелациониот суд во Скопје, кој треба да реши дали прислушуваните разговори од „бомбите“ може да се користат како доказ откако судија на претходна постапка забрани да се користат како такви. Од 27 предмети колку што има во работа во скопското обвинителство, обвинителите поднеле жалби на решенијата на судот за 21 предмет. Жалби нема во предметите во кои бил опфатен премиерот Никола Груевски.
30-09-2015, 01:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(30-09-2015, 01:43 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Обвинителката Јанева состави тим на „широка коалиција“


Саше Димовски 30. сеп. 15.

Најголемо изненадување од тимот на Катица Јанева е името на Лиле Стефанова, обвинителката од Радовиш, која во изминативе неколку години работеше во обвинителството за организиран криминал и која го имаше предметот против новинарот Томислав Кежаровски, случајот „Шпион“ и други случаи за кои во јавноста често беше прозивана како продолжена рака на полицијата.



Можеби изборот на обвинителката која го водела случајот ШПИОН не е случаен, аферата ШПИОН не е процесуирана докрај, можеби сега ке ја тераат докрај.
30-09-2015, 03:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Црвено

11 октомври 2015 - 18:49
[Image: dragan-pavlovikj-latas-310013.jpg?itok=bghQUwds]
Драган Павловиќ Латас

Ние, сега и овде, ја пишуваме историјата на Македонија. Да. Кој го гледа тоа, разбрал, кој не ќе му се појасни потоа, кога оваа сегашна историја ќе ја чита некаде. Македонија, каква што ја познаваме, можеби веќе одгодина нема да ја видите.
Станува збор за оваа Македонија: матична држава на Македонците, во која службен јазик е македонскиот. Со своја територија, суверена и демократски избрана власт, своја историја и култура. Со свое историско и етничко име, Македонија.
Виделе или не, запалена е црвената сијалица за тревога.
Поминаваме десет години на државна, економска и национална рехабилитација. Со радикално намалена невработеност, зголемени пензии, плати, субвенции... по дваесет години за прв пат почнаа да се градат болници, школи, судови, театри, булевари...
И време кога човек почнува да верува во себе, и можноста да биде и подобро. Време без етнички тензии, иако војната од 2001. и не е така далеку.
И одеднаш, некој сето тоа сака да го запре. Зошто?
Да запрат сите тие процеси, и на власт да се вратат оние од темната транзиција; кои ја уриваа одбраната на Македонија во 2001.; кои го продадоа знамето и уставното име; зад чиј потпис стојат 200.000 невработени; сопственици на најскапите куќи на Водно откупени по кратка постапка по цена за гарсоњера; комунистички кодоши кои изградиле кариери и богатства од кодошење колеги во полиција, конвертирајќи во невладин сектор кој е сервис на странски политики и пак за пари, и повтроно за пари продавајќи нешто што е наше: име, знаме, демократија, јазик, култура, слобода, нација, перспектива...
Еве ги сега, во нова акција: федерализација на Македонија. А потоа, федерализираната Македонија ќе биде она што Грција ќе го побара. И ќе го добие.
Се почна, барем видливиот дел од акцијата, со уцена на локален кримоген олигарх од Струмица, донесен преку ред и без капацитет за шеф на опозициска партија, кој оди кај легално избран премиер и го уценува: имам ваши приватни телефонски разговори, или дајте оставка или ќе ги објавам.
Видовме снимка како уценува газди на големи фирми, по истиот модел. Сега го избрале и пратиле да урне држава. За возврат, ќе добие нова амнестија. И, сосема логично, уцената е одбиена.
Требаше Заев да биде уапсен уште истиот ден. Да се запленат незаконски стекнатите разговори, и да го изнесат пред суд. Да објасни од каде добил толку снимки, колку што Македонија нема од 1945-та до денес. Да објасни која е природата на неговите контакти со некои амбасадори, со италијанскиот за почеток.
Да дознаеме и кои биле контактите на Верушевски во Италија, додека бил функционер за безбедност во нашата амбасада во Рим.
Но, тоа не се случи.
Кога соросоидите почнаа насилства пред владата и собранието, доаѓање на дежурните пропагандисти од глобалните медиуми од типот на Ал Џезаира, плус влез на косовски терористи во Куманово... беше веќе јасно дека работата е спремана од надвор. Беше тајна само причината.
Да сакаа странците да ја соборат владата на Груевски, уште во март-април ќе го направеа тоа. Но, не. Разликата, доминацијата на Груевски над СДСМ кај Македонците е толку голема што со тоа би се предизвикал силен негативен ефект, немири и тензии кои без сомневање би завршиле како етнички, и регионални. Треба, за почеток, ВМРО да се ослаби до крајни граници. А потоа...
На нив се уште им треба владата на Груевски, како изворно доминантна во јавноста, но им треба и СДСМ посилен од сега, за да биде менаџер на кризата и извршител на уривањето.
И тогаш, и сега, сметам дека требаше ВМРО- ДПМНЕ да го напушти собранието, да се гласа за предвремени избори веднаш, и да се излезе на улица. Без подоцнежните малтретирања со преговори, специјални обвинители, тивката втора амнестија на олигархот Заев. Јавно да се каже што е целта на превратот и кој стои зад тоа, и да се бара поддршка од Македонците за избори - веднаш, и победа - сега.
Почна уривањето на македонското општество. Оние кои градат, треба да бидат лошите. Оние кои краделе, амнестирани или не, треба да бидат добрите.
Кодошите, соработници на комунистичките полиции, сега им судат на другите за нивни приватни телефонски разговори. Приватни, не кодошлаци. А и тие монтирани.
Стаорци од политичките подземја станаа агитатори. Ги собираа од маргините, и им отворија сајтови кои служат за неказнето газење врз луѓе. Како во нивната '48.
Зошто се случува сето ова... која е крајната цел.
Да се сузбие секаков отпор - вербален, политички, економски, медиумски, интелектуален, финансиски, етнички... личен и колективен за уривање на Македонија која ја знаеме сега. И создавање некоја друга... која, и каква?
Треба само да се гледа, и ќе се разбере.
Заев го вети следното: двојазичност на албанскиот и македонскиот јазик на цела територија на Македонија. Подготвеност да ги прифати условите од Атина како најдобро можно решение за нас, накитено со зборови за нашите европски иднини и слично.
Право на Албанците во Македонија на вето на секоја одлука. Последниот чекор на Заев и СДСМ да прифати дека двајца албански членови на Државната изборна комисија имаат право на вето на одлука на другите седум членови – е првиот чекор. Ова правило, наскоро, со СДСМ ќе биде правило во Уставниот и Врховен суд, во судскот совет... во сите државни институции. Гласот на Македонците, колкав и да е, нема да има никаква важност.
Почна со поништување на Македонецот во иселеништво. А продолжува и тука.
Накусо, да добиеме федерална држава во која Албанците имаат право на вето на одлуките кои ќе важат за сите. Ние, Македонците, никаде немаме право на вето.
Дали е ова само можност, опција. Не. Ова веќе се случува, сега и овде.
Тоа е причината зошто ВМРО и Груевски треба да се ослабат. Да се замрзнат медиумите кои не се под соросоидите. Затоа се валкаат и газат сите од јавниот живот кои не се согласуваат со ова.
Но, ќе издржиме. Тоа газење и валкање не е ништо во однос на косовизацијата која ќе следи ако им успее превратот со Заев. Затоа, подобро да се издржи овој напад сега кој, сепак, е привремен - од она што следи со федерализирана, косовизирана и колонизирана Македонија, без народ и уставно име. Тоа е засекогаш.
Затоа и се врши притисок на Заев да не му се суди. Да се заштити извршителот.
Заштита на Заев не е можна според закон, затоа се менуваат законите и се создава неуставна институција. Се повторува истиот модел кој беше применет со СДСМ за Заев: се измислува специјално обвинителство и се носи на чело анонимен неквалификуван лик, како и Заев, кој ќе стори се што амбасадорите ќе побараат од него. Кој не одговара пред Македонија, туку пред нив.
Ја извадија Катица од никаде, и ја наградија со функција, како и Заев. Сега тие им се должни на амбасадорите за таа награда, и треба да одработат. А ние да платиме.
Како што ја ценат Геровски и Калајџиев, со капацитет кој не надминува обвинител за кражба на кокошки во Удово, или кршење чаши во казино Аполон.
И не помина многу време за дилеми. Уште на старт Катица, донесена од никаде, се соживеа со улогата на амбасадорски измеќар на кој во Македонија никој ништо не му може, и побара вработувања за дури 124 луѓе, и буџет од 4 милиони евра годишно! Бара 30 бодигарди да ја чуваат... Ако е специјална, нека бидат специјални и парите за неа. Кој провинцијализам и искомплексираност е тоа човече.
Госпоѓо, ти си државен орган во Република Македонија, а не во Вирџинија. Од искуство да ти кажам дека тие на кои им измеќариш, ќе те употребат и фрлат како што стотици такви фрлија низ Балканов. А треба да се живее меѓу своите и понатаму. Можеби тие ќе ти дадат надомест, ќе те прослават и сликаат по нивните медиуми, ќе добиеш стипендии и проекти за децата во странство, и такви нешта но, се што имаш е овде, и се што е овде ќе те презира додека си жива ако планот кој го измеќариш – успее.
Ќе страдаме сите, и од ВМРО и од СДСМ, а особено третите. Ќе ги снема покачувањата пензии, вработувањата, булеварите, субвенциите, новите болници... ќе ја снема оваа Македонија.
Кога е Балканот во прашање, Вашингтон е заинтересиран само за Албанците. Но, можеби тој број на Вашингтон пост и Херлад трибјун не стасале до Гевгелија.
И, со таков шеф на опозција, кримоген олигарх, соросоиди кои и родена мајка би продале за пари и кафе кај амбасадорот кое завршува со нов проект... со специјална од овој калибар која треба да држи страв на се што го ремети планот за федерализација, ние треба добро да отвориме очи, и да го следиме само својот интерес, и својот здрав разум.
Секој од нас има своја совест, и своја одговорност. Јас ова го пишувам со време, и зад мене ќе остане трага за ова. За знаење на другите, и мир на сопствената совест.
Направи го својот чекор и ти. Да опстанеме, и да се сочуваме себе, а потоа ќе имаме време да се расправаме и за партии, и за бизниси, и за се што ќе поскаш.
Сега е време да бидеме заедно. Сијалицата свети црвено. Додека свети, а потоа настапува – мрак.
(Понеделнички, 12.10.2015)


Оваа е одговор кој сум го дал на еден "голем патриот" ама ке биде добар одговор и на колумнава на Латас:


Quote:Господине Огинар малку ги изместувате работите!! Првин да посочам дека во договорот од Пржино нема ните едно прашање кое е врзано за било која етничка заедница, сите точки се врзани за функциите и функционирањето на власта, затоа оваа што го прават странците е само МАКЕДОНСКИ интерес**. А еве зошто, членството на партиите е некадарно, поточно НЕСАКА да го натера раководството на партијата да профункционира независно судство, да воспостави владеење на правото, значи пред законот сите да се еднакви, да има фер избори, да се прекине праксата ДБК да е во служба на зачувување на тоталитарниот едноумен комунистички систем ..... Членството несака да го натера партискиот врв да ги спроведе сите овие начела бидејки членството е тоа кое се надева на некоја си поволност ако не се применуваат начелата погоре споменати. Кога членството на партиите е соучесик и затоа не е заинтересирано да ја контролира партиската врхушка ЕУ и САД за да го заштитат мнозинстото на граѓаните на Македонија се обидуваат да ја одиграат улогата која треба да ја игра членството на партиите.
Вие сте член на ДПМНЕ и представник на задграничниот комитет, па затоа еве неколку прашања: Кога кренавте глас против Љуопчо?? Кога кренавте глас против Груевски?? Кога кренавте глас против злоупотребата на ДБК?? Кога побаравте да спроведе луставција??

Македонски интерес**-кога велам Македонски интерес мислам на сите граѓани на Македонија
(This post was last modified: 12-10-2015, 03:08 PM by ЈорданПетровски.)
12-10-2015, 02:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:САД и ЕУ бараат Советот на јавни обвинители да го именува тимот на Јанева

од НОВА | објавено на: 13-10-2015 09:56:19
[Image: 24874golema.jpg]
САД и ЕУ утрово јавно се огласија со барање Советот на јавните обвинители да си ја изврши својата улога согласно за водење на истраги за прислушуваните комуникации и да го именува тимот на г-ѓа Јанева.

Aмбасадата на Соединетите Држави и Делегацијата на Европската Унија во Скопје го поздравуваат досега постигнатиот напредок по однос на спроведувањето на законот за јавниот обвинител за истраги за прислушуваните комуникации, што е клучен сегмент од политичкиот договор. Брзото именување на Катица Јанева на функцијата јавен обвинител за истражување на прислушуваните комуникации, фактот што таа достави навремен предлог за тим на обвинители до Советот на јавни обвинители, и општи планови за работа, за тимот и за финансиите до Собранието, до Владата и до Советот на јавни обвинители, претставуваат позитивни моменти, се вели во заедничката изјава на САД и ЕУ.

Од суштинска важност е Советот на јавни обвинители да ја изврши својата улога согласно законот за водење на истраги за прислушуваните комуникации и да го именува тимот на г-ѓа Јанева, за да може нејзиното обвинителство да почне да го извршува својот мандат и своите задачи независно и без да трпи било каков облик на политички притисок. Делегацијата на Европската Унија и Амбасадата на Соединетите Држави се подготвени да помогнат доколку тоа се побара од нив и да обезбедат обука и техничка помош за канцеларијата на јавниот обвинител да води истрага за прислушуваните комуникации , се вели во заедничката изјава на САД и ЕУ.
13-10-2015, 02:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote: [Image: 01-Katica-Janeva.jpg&h=auto&w=620&zc=1]
Обвинителите го дигнаа гласот против специјалната обвинителка Јанева



Обвинителите Законот за специјалното обвинителство го оценија како неуставен и повикаа на поднесување Иницијатива за оценување на неговата уставност и законитост пред Уставниот суд на Република Македонија.

Фокус 14 окт 2015, 08:33

Од Јавното обвинителство испратија соопштение до јавноста со кое известуваат дека поголем број на обвинители оддржале заеднички колегиум, на кој присуствувале и раководителите на Вишите и Основните јавни обвинителства од државата, а на кој се дискутирало за новата специјална обвинителка катица Јанева и новиот Закон за специјалното обвинителство. Како што се наведува во соопштението, обвинителите биле револтирани од високите плати на обвинителите во специјалното обвинителство, а сметале и дека со неговото создавање се потценува нивната работа и стручност.
-На средбата присутните констатираа дека состојбата во која работат обвинителствата е исклучително незадоволителна, особено по однос на кадровската екипираност. Новиот Закон за кривична постапка ги зголеми надлежностите на јавното обвинителство, но техничката опременост и вработените останаа скоро на исто ниво. Особено незадоволителна е состојбата во Основните јавни обвинителства Скопје, Гостивар, Куманово, Кочани и Крива Паланка. Незадоволството на јавните обвинители е дотолку поголема, што и по доставеното барање до надлежните институции за зголемување на бројот на јавни обвинители и јавно обвинителските службеници за 30 проценти, досега не е одговорено, се вели во соопштението на Обвинителството.
Оттаму додаваат дека дополнително состојбата со недоволната кадровска екипираност се влошувала со најавениот и можен одлив на јавните обвинители во новото специјално обвинителство, а особено земајќи ги во предвид законските одредби со кои нови јавни обвинители мора да се бираат од редот на завршените кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители, што на годишно ниво не е задоволителна бројка.
-Воедно, на состанокот стана збор и за новиот Закон за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите според кои специјалната обвинителка достави финансов план со кои предвидува издвојување на огромни суми за плати и надоместоци, за кус период , што укажува на високи примања на вработените од тоа обвинителство кои се значително поголеми од примањата на постојниот кадар во обвинителствата.
Говорејќи за несразмерните плати и надоместоци, го посочија барањето и потребата за коригирање на примањата на јавните обвинители, , кои постапуваат по тешки предмети, каде задолжително треба да се предвидат и надоместоци за ризик, страв и доверливост адекватни на оние предвидени за специјалното обвинителство. Ова беше поткрепено со соодветни податоци за карактерот на високо ризичните предмети во областа на меѓународниот организиран криминал и тероризам, се вели во соопштението.
Затоа присутните побарале да се достави Барање до Советот на Јавните Обвинители, со кое ќе се инсистира на одговор за начинот на кој е составена предлог листата за избор на јавните обвинители во специјалното обвинителство, дали и каде имало објавено оглас и каде се пријавувале заинтересираните кандидати и дали листата е составено според објективни критериуми и кои се тие.
Ова особено што за јавните обвинители, предлог листата изразува лични афинитети и субјективни согледувања за квалитетот на предложените кандидати, велат обвинителите.
Тие изразиле и незадоволство од донесувањето на Законот за специјалното обвинителство, бидејќи на тој начин се ставало неосновано под сомневање нивното стручно и објективно постапување и во илјадници други предмети, а исто така го оценија новиот Закон како неуставен и повикаа на поднесување Иницијатива за оценување на неговата уставност и законитост пред Уставниот суд на Република Македонија.
-Тргнувајќи од поставените барања и забелешките дадени на заедничката средба, едногласно беа донесени следните заклучоци:
- Да се предложи донесување на Измени и дополнувања на Законот за Јавно обвинителство со кои ќе се овозможи избор на нови јавни обвинители покрај кандидатите од Академијата за обука на судии и јавни обвинители.
- Да се предложат измени и дополнувања на Законот за плати на јавни обвинители во насока на надоместоци за јавните обвинители во смисла на надоместоци за ризик, страв и доверливост.
- Да се предложат измени и дополнувања на законот за јавно обвинителска служба според кои ќе се овозможат соодветни плати и надоместоци.
- Јавните обвинители инсистираат сите предложени Измени да се донесат во итна постапка, се наведува во соопштението.
14-10-2015, 02:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Уставниот суд потврди дека Законот за специјално обвинителство е оспорен

14.10.2015, 14:37

[Image: 47C5D428836F3A4DAE91A8F5CADB3951.jpg]
Законот за специјално обвинителство е оспорен пред Уставниот суд. Иницијативата за проверка на уставноста на законот ја повел адвокат од Свети Николе кон крајот на минатиот месец, потврдија за „Вест“ од Уставниот суд.
Седница за оваа точка се` уште не е закажана.
Вчера и државниот обвинител Марко Зврлевски во име на сите обвинители незадоволни од, како што се наведува во соопштението на Републичкото јавно обвинителство, статусот, платите и привилегиите на сите обвинители во однос на специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим, побара да се оспори уставноста на законот со кој што е формирано специјалното обвинителство.
С. К. Д.
14-10-2015, 02:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote: [Image: katica-janeva.jpg&h=auto&w=620&zc=1]
Советот на обвинители прифати само седум помошници за Јанева

По ваквата одлука, реагираше специјалната обвинителка Јанева според која прекршен е договорот од Пржино.

Фокус 14 окт 2015, 14:05

Советот на Јавни Обвинители денеска донесе одлука да го преполови тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева, па од нејзините 14 предложени обвинители помошници одобрени се само седум.
Според одлуката на Советот донесена со тајно гласање, во тимот на Јанева влегуваат Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.
По ваквата одлука, реагираше специјалната обвинителка Јанева според која прекршен е договорот од Пржино. Таа упати апел до медиумите за да се изврши притисок да го добие тимот што и е потребен за да може да ја врши работата за која е избрана.
-Барам помош од медиумите, странците сами ќе ја видат ситуацијата, нема што да ги известувам. Апсолутно е прекршен законот за специјален јавен обвинител. Се надевам дека Советот во брзо време ќе избере и преостанатите член кои ги предложив, бидејќи јас гарантирам за нивната професионалност. Ова не го сметам за своевиден притисок и порачувам на јавноста дека ние нашата работа и со засега седумте избрани колеги ќе ја завршиме, истакна Јанева.
На денешниот состанок финансискиот план за Специјалното јавно обвинителство е одобрен.
14-10-2015, 02:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12



14-10-2015, 03:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

(14-10-2015, 03:44 PM)ЈорданПетровски Wrote:



Фејсбук статус кој по мене заслужува да го пренесам:


Quote:Borce Ivanov


Г-не Зврлевски, апсолутно се согласувам дека изборот на СЈО претставува срам за обвинителската фела и општо за РМ како држава. Но, причината поради која се случи овој избор и гласањето на нов Специјален закон за јавно обвинителство сте токму Вие!! Вашето непостапување и гонење на очигледен криминал на власта, и гордото послушничко молчење не донесе до тоа дереџе да мора да се бира ваков вид на орган за расчистување со криминалот на оваа владеачка структура. Што Ве спречуваше како прв човек на ЈО на РМ во изминативе десет месеци да ги испратите разговорите на вештачење, да се утврди нивната автентичност и еднаш засекогаш да се престане со приказната за сечено, лепено монтирано!?! Што Ве спречуваше Вас како прв човек на ЈО да се заложите да се утврди конкретно кој е наредбодавачот на ова прислушување, и која е причината поради кое се вршело истото!?! Доколку тоа го сторевте веднаш, потоа ќе можеше да се истражува буквално секоја индиција за сторено кривично дело која можеше да се слушне во телефонските разговори. Но наместо ова Вие одбравте да молчите и да штитите, а со самото тоа сте соучесник во кривичните дела!! Е, токму поради тоа и се изгласа овој lex specialis!! Единствената причина поради која во моментот ја правите опструкцијата за избор на целиот тим на новата специјална обвинителка е тоа што ќе морате и Вие да бидете дел од една кривична истрага која што порано или подоцна ќе се случи! Вие сте срам, брука за обвинителството и не заслужувате воопшто да ги уживате бенефитите коишто ги пружа оваа функција!! Вие и Вашите наредбодавачи можете само да го одложите процесот за Ваша кривична одговорност за секое сторено дело, но во никој случај не можете да го запрете!! Порано или подоцна Вие ќе одговарате, сите до еден без исклучок!!
14-10-2015, 07:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Јанева: Не знаат да читаат закони, инсистирам на мојот тим






(This post was last modified: 14-10-2015, 09:34 PM by ЈорданПетровски.)
14-10-2015, 09:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Американска амбасада: Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители



      
[Image: amerikanska-ambasada.jpg]


Скопје, 14 октомври, 2015 (META) 

Со реакција за одлуката на Советот на јавни обвинители да одобри само седум од 14 кандидати за помошници-обвинители излезе и Американската амбасада во Македонија. Од амбасадата велат дека се загрижени поради одлуката на Советот.
„Загрижени сме поради одлуката на Советот на јавни обвинители и ја разгледуваме ситуацијата“, пишува во реакцијата на Американската мабасада.
Реакција за оваа одлука имаше и белгискиот олеснувач Питер ван Хојте. Според него одлуката на Советот го крши Законот за специјален јавен обвинител за кој сите политички партии потпишаа дека ќе се почитуваат.
По одлуката на Советот, СДСМ ги напушти преговорите на работните групи.
14-10-2015, 11:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:Ванхауте: Некои луѓе мислат дека можат да ги прекршат сопствените закони





Многу е тажно што некои луѓе мислат дека можат да ги изиграат сопствените закони, изјави белгискиот експерт, Питер Ванхауте, откако преговорите за изборен законик беа прекинати поради одлуката на Совет за јавни обвинители да го преполови тимот на Катица Јанева. Како што рече тој, со одлуката е прекршен законот за специјално јавно обвинителство кој партиите претходно го договорија.

-Договорот и законот предвидуваат таа да ги добие сите ресурси, финансии и персонал кои ќе ги побара и ќе треба да претстави само план. Очигледно овој принцип не е испочитуван и затоа некои од партиите решија да ги напуштат преговорите. Мислам дека сите треба да ги почитуваат постигнатите закони, ова беше договорено во работните групи, ова беше регулирано со законот договорен од четирите партии. Многу е тажно што некои луѓе мислат дека можат да ја изиграат сопствената легислатива – изјави Ванхауте откако СДСМ ги прекина преговорите.







Тој очекува притисок од меѓународната заедница, но и од домашната јавност по одлуката на Советот за јавни обвинители.
-Очекувам да има притисоци по прашањето за специјалното јавно обвинителство, притисок од меѓународната заеница, и треба да има притисок од сите, особено од граѓаните на Македонија. Не смее да се прифати кога луѓето не ги почитуваат сопствените закони – рече тој.
Пред да се пркинат преговорите, како што рече Ванхауте, работните групи постигнале напредок и сериозен прогрес по сите поважни прашања вклучувајќи го и избирачкиот список.
14-10-2015, 11:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Катица Јанева: Точно е, се пријавуваат лица за заштитени сведоци!


Катерина Блажевска

„Евентуалната одлука на Апелацискиот суд дека снимките не можат да бидат користени како доказен материјал, нема да влијае на мојата работа. Јас можам да постапувам по допрен глас и секој збор во тие 'бомби' ќе биде предмет на анализа“, вели специјалната обвинителка Катица Јанева.

[Image: katica-janeva-specijalen-obvinitel-1.jpg]
Специјалната обвинителка продолжува битката за сите обвинители кои не го поминаа филтерот на Советот

Седиме на локација по нејзин избор. Дојдена е со обезбедување, кое јас не го забележувам. „Во близина е“, вели специјалната обвинителка Катица Јанева со интригантна насмевка.
Првиот впечаток е дека спроти мене седи непосредна и пријатна личност и дека уште на почетокот во нејзиниот речник доминира еден збор - „тим“. Тој е присутен во секоја реченица: и кога зборува за плановите, и кога се надева дека тој ќе биде избран во копмплетен состав, и кога објаснува според кои критериуми го избрала.

„Тоа беа искуството во работата, возраста, а приоритет беше даден на обвинители кои ја завршиле Академијата за судии и обвинители. Повеќето од моите колеги во тимот се помлади, а еден дел се повозрасни и поискусни. Сметав дека треба да се направи баланс на искуството и младоста.“

Не ја колебаат забелешките во јавноста за предложената обвинителка Лиле Стефанова.

„Ја познавам многу одамна, од стручни обуки. Во Радовиш не беше екипирано обвинителството и тогаш таа сама на себе беше и шеф, и записничар, и дактилограф. Јас во тоа време бев шеф на обвинителството во Гевгелија. И моите услови не беа задоволителни, но сепак беа подобри од нејзините. Отсекогаш ми се допаѓала нејзината професионалност и искуство, и како основен обвинител, и во Обвинителството за организиран криминал. Следејќи ја нејзината работа, сметав дека има доволно искуство кое ќе ни помогне во обемната задача што стои пред нас.“

Ја продолжува битката за сите обвинители кои не го поминаа филтерот на Советот.

„Советот само требаше да утврди дека се работи за јавни обвинители и да го потврди тимот, а не да одбира кој ќе влезе во него. Во законот пишува дека тимот го одбира специјалниот обвинител, Советот го потврдува, а на Владата ѝ ги доставувам моите планови на запознавање и спроведување.“

Не сум се сретнала со Мијалков

Веќе еден месец работи во привремени канцеларии во Министерството за правда и му е благодарна на министерот што ѝовозможил непречено да ја извршува функцијата. Од понеделник ќе го депонира потписот и ќе почне да го екипира нејзиниот кабинет.

„Со стратегискиот план е предвидено секој обвинител да си го избира својот тим - двајца стручни соработници и двајца истражители. Истото важи и за мене. Веќе имам една соработничка од Министерството за правда. Атанас Гинев од Кавадарци ќе биде главен истражител и тој ќе си го избере својот заменик. Од МВР ќе барам да потпишеме меморандум за соработка, за да може да биде преземен од таму.“

По 2 ноември, ќе побара јавните обвинителства да ѝ достават статистички податоци за тоа кои предмети се во работа, во која фаза се и за тоа да ја известат во рок од 8 дена.

Ги тргнавме приватните фотографии
По сугестија на медиумите, Јанева ја заштити приватноста на членовите на семејството, чии бројни фотографии беа објавени на нејзиниот Фејсбук профил.„Кога дознав дека сум избрана за специјален обвинител, најмалку ми беше на ум мојот Фејсбук профил, бидејќи сите бевме возбудени. По бројните сугестии, децата ми помогнаа да тргнеме дел од семејните фотографии. Најтешко ми беше кога ја извадија фотографијата на која сме со мојот, сега покоен сопруг, на дипломирањето на мојата ќерка. Но, свесна сум дека сум веќе препознатлива секаде и ќе се потрудам тој вид на приватност да биде недостапен. Од друга страна, немам намера да бидам недостапна за граѓаните, за секој што ќе има потреба и причина да се сретне со мене.“
„Потоа ќе ја одредам динамиката на преземање на предметите кои се во работа. Се надевам дека дотогаш со основни услови ќе се опреми седиштето на обвинителство, во зградата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, и ќе почнеме со прием на предмети и од страна на други подносители на кривични пријави. Го велам ова, затоа што во мојата канцеларија доаѓаат многу луѓе и поднесуваат пријави, на кои ние треба да им дадеме правен тек.“

Некои од нив се поврзани со законскиот делокруг на работа, некои не, но вели дека нема да одбие да ги прими, а потоа ќе ги препрати во соодветните институции кои треба да постапуваат по нив. Потврдува дека се точни информациите оти одредени лица се подготвени да бидат соработници на правдата, т.н. заштитени сведоци, за содржините што произлегуваат од следењето на комуникациите.

„Да, точно е, но во овој момент не можам да зборувам за тоа, бидејќи прво треба да ги примиме сите пријави, предмети, да видиме во која фаза се, и кои сѐ лица би соработувале со правдата.“

Од нејзиниот избор до денес, тврди дека немала никакви притисоци, интервенции, „пријателски поздрави“ или „случајни средби“, како наводната со Сашо Мијалков, за која пишуваа медиумите.

„Ноќното излегување не е типично за мене. Кој ме познава ќе го потврди тоа. Можете да ме најде во 5 часот наутро како работам или да ме сретнете да пешачам, но никогаш нема да ме видите по полноќ во угостителски објекти. Не го познавам Мијалков и не е точно дека сум се сретнала со него.“

Финансискиот план е реален

[Image: katica-janeva4.jpg]
Во ненадејното актуелизирање на проблемот со недостиг на обвинителски кадар и неисплаќањето на надоместоци, не гледа „фронт“ насочен кон неа и институцијата / Фото: МИА

Над нејзината функција и институција сега како Дамоклов меч виси можната одлука на Уставниот суд за времена мерка за забрана за работа или за поништување на законот.

„Јас ќе ја почитувам одлуката на Уставниот суд. Ќе ги почитувам и одлуките на судовите за сите обвиненијата што ќе ги доставам до нив. И се надевам дека секој ќе одговара за својата работа и за своите постапки. Исто како што јас сум подговена да одговарам за моите.“

Одбива да ја коментира изјавата на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, дека специјалното обвинителство е паралелна и политичка институција.

„Нема да ја коментирам ниту оваа, ниту која било изјава на господинот Марко Зврлевски, ниту да кажам лош збор против него. Го почитувам законот врз чија основа сум избрана. Работата е мојата единствена цел и предизвик.“

Во ненадејното актуелизирање на проблемот со недостиг на обвинителски кадар и неисплаќањето на надоместоци, не гледа „фронт“ насочен кон неа и институцијата.

„Ги поддржувам моите колеги во борбата да ги остварат своите цели. Можеби дошол денот да се каже дека во обвинителството има проблеми. За тоа подолго време бевме свесни, но, ете, сега се искористил моментот. Не го доживувам тоа како атак врз мене.“

Но, не се согласува со обвинувањата дека предложила мегаломански буџет. За изработка на финансискиот план имала помош од колегите во регионот, врз основа на нивните искуства.

„Тие напади беа без основа. Ова е реална финансиска проекција. Ако Владата не го усвои финансискиот план, јас нема да можам да работам. Спротивно на законот е ако одлучи да ги намали средствата. Не е точно дека еден милион евра ќе земат обвинителите. Колку за илустрација, 100.000 евра чини само закупот на седиштето за една година. Најголемата ставка е за ангажирање експерти и за вештачења. Има ставка и за обука и едукација. Ако некој од мојот тим треба да замине на конференција во странство, зарем треба да молиме некого за парични средства? Каква е таа автономија ако некој друг треба да ни плаќа авионски билет? Ќе распишеме тенедер за набавка на опрема, исто така и за курирска служба. Ова е повеќе акциски план отколку финансиски.“

Навистина сама се предложив

[Image: katica-janeva-specijalen-obvinitel-4.jpg]
За тајна се сметаше и податокот чиј предлог за обвинител беше Катица Јанева - на гарантите на Договорот од 2 јуни или на некоја партија

Повоздржана е кога зборува за мерките за безбедносна заштита од прислушкување, електронска кражба на податоци, хакерски упади и други упади.

„Во преговори сме со некои институции кои се занимават со разни аспекти за безбедносна заштита. За безбедноста ќе биде вклучена и шестата управа на МВР. Планираните 30 лица за обезбедување ќе бидат преземени од таму. Можеби ќе бидат 20, а можеби и 50. Проекцијата е според искуствен просек, а ќе се движи во зависност од потребите. Заштитните мерки се тајна, за која ќе знам јас и неколку луѓе.“

За тајна се сметаше и податокот чиј предлог за обвинител беше Катица Јанева - на гарантите на Договорот од 2 јуни или на некоја партија? Речиси никој не верува во приказната дека сама се предложила за функцијата, но таа категорично го тврди тоа.

„Изгледа неверојатно, знам дека не веруваат, но вистината е таа: сама се предложив! Активно ги следев преговорите во Пржино, во чии рамки беше предвидено формирање на специјално обвинителство. Децата беа на одмор, кога се вратија ги консултирав за идејата да се самопредложам. Барав да го погледнат си-вито што го подготвив. Го испратив преку познајници, кои можеа да го достават до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Добив одговор дека го доставиле. И толку. Молк. Сѐ до понеделникот навечер (14 септември), кога околу 20 часот ми се јави непознато лице од непознат број и ми рече дека сум влезена во најтесен избор за функцијата, со барање ако сум во Гевгелија, да дојдам вечерта во Скопје. Дојдов и бев будна до 5 часот. Во 8 часот ме разбуди колешка со СМС-честитка за изборот, кој веќе бил објавен во медиумите. Јас во исто време со целата јавност ја примив веста за мојот избор. Тоа е вистината.“

Сега кога таа епизода е завршена, посветена е на следите фази - обука за големи антикорупциски случаи. ОБСЕ, амбасадите на САД и ЕУ испратиле предлози за експертска помош во овие области. Идната недела треба да реши каков вид експерти би повикале за да пружат соодветна помош.
Досега ги слушнала сите „бомби“. Но, во целиот овој интензивен период, дел од впечатоците избледеле.

„Сама ги трасирам сите работи. Не ми е лесно. Да го комплетирам тимот, да седнам на мојот стол и потоа ќе ги слушам снимките одново и многу внимателно.“

Внимателно ќе ги слушам „бомбите“

Сигурна е во одговорот на прашањето - како може да влијае евентуалната одлука на Апелацискиот суд дека снимките не можат да бидат користени како доказен материјал.

„Никако. Јас можам да постапувам по допрен глас. Секој збор во тие 'бомби' ќе биде предмет на анализа. Јас имам право да гонам, а судот потоа нека одлучува.“

Во однос на постапувањето на судовите не сака да прогнозира.

Трка на кратки патеки
Приватно, Јанева е љубител на жанровски различна музика и на белетристика, која најмногу ја релаксира по работата врз тешки обвинителски предмети. Во слободното време пешачи, во просек по 5 километри. Ставено во контекст на нејзината функција, ја прашувам дали е подготвена за обвинителскиот предизвик „на долги патеки“. „За 18 месеци мора се да се изанализира и да се донесе законска одлука. Со оглед на роковите, ова е работа на кратки патеки. Но, ефектите треба да бидат долгорочни. Друго прашање е дали тоа некому ќе му се допадне или не. Но, прво треба да ми дозволат да го изградам авторитетот, кредибилитетот и автономноста на оваа институција. Тоа ќе биде од корист за целото општество.“
„Доколку има обвиненија, со првите одлуки ќе го почувствуваме и пулсот на судовите. И ќе ги користиме сите инструменти од законот - изземање, делегирање... Сѐ е во опција. Јас му кажав на мојот тим: ќе работиме максимално и тоа им е јасно. Исто како што им е јасно дека нема да бидат дел од тимот ако нарушат кое било правило од кодексот на јавните обвинители - да се стручни, доверливи, достоинствени во својата работа. Ако слушнам дека некоја информација се врти во јавноста, а знам со кого сум ја работела, тоа лице ќе ја најде вратата затворена. Никој не е дојден на јавен оглас. Доаѓаат со преземање, ако не одговорат на задачата - се враќаат.“

Оние кои ја познаваат, ја опишуваат како бескомпромисна и храбра. Ја прашувам - може ли ваквите оценки да почнат да се топат со текот на времето и функцијата?

„Познавајќи се себеси, тврдам дека нема. Во животот сум имала многу предизвици кои се дел од мојата биографија и не сум потклекнала. Се надевам дека и оваа работа ќе ја завршам во рокот кој ми е даден, на најсоодветен законски начин.“

Прогнозата дека првите резултати ќе бидат видливи од меѓу декември и март ја темели врз законските рокови.

„Мора да се сфати дека ние имаме надлежност на цела територија на РМ, пред сите судови. Ќе има секакви предмети во тој период. И секакви одлуки. И можеби ќе се вклучиме во некои постапки. Тоа ќе се знае по 2 ноември. Законот налага рокови.“
Нема да биде изненадена од евентуални доцнења на исплатите, кои може да ја отежнат работата на обвинителството, но децидна е дека ќе работи со силно темпо и покрај можните опструкции. Тврди дека нема да прави компромиси или да тактизира со одлуки заради предизборниот период: „Тоа нема да се случи“.

Свесна е дека во јавноста постојат огромни очекувања од специјалното обвинителство.

„Сѐ ми е јасно. Знам каде сум, какви се очекувањата и што ме очекува. Во мојата досегашна работа немам вратено обвинение. Обвинителството од каде што доаѓам е оценето како најажурно. Немаше тактизирање со предмети и чување во фиока. Имавме заведено дневна ажурност. Исто и тамошниот суд. Цврсто стојам на земја и знам што се очекува од мене. Благодарам на големата поддршка од граѓаните, од кои добивам многу пораки и охрабрувања и се надевам дека ќе го оправдам мојот избор. Татко ми беше судија. И јас се едуцирав во оваа сфера. Низ моите вени тече правосудна крв и желба да ја работам чесно во име на правдата.“

ПРИЗМА
17-10-2015, 01:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:Избраните обвинители на Јанева не положија свечена заклетва

октомври 19, 2015

Седумте обвинители кои се дел од тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева не дојдоа да положат свечена заклетва во Советот на јавни обвинители.
Тие го послушаа повикот на Јанева која ги повика да не положуваат заклетва, бидејќи Советот го преполови тимот кој обвинителката го предложи за работа и наместо 14  беа изберени само 7 обвинители.
Меѓутоа, Петар Аневски, претседателот на Советот на обвинители утрово добил  допис од министерот за правда Аднан Јашари и прилог од четирите најголеми политички партии во кој се бара да се изберат и преостанатите седум обвинители.
Од страна на Советот, барањето да се изберат и останатите седум обвинители е оценето како политички притисок.
Дали ќе бидат изберени и другите обвинители ќе се дознае утре на седницата на Советот.
Да се потсетиме дека пред само пет дена тимот кој Јавната обвинителка Катица го предложибеше преполовен од Советот на ЈО и беа изберени само седум обвинители.
„Прекршен е договорот“ вака обвинителката Катица Јанева ја дочека одлуката да работи со преполовен тим .
Што се однесува до финансискиот план тој е одобрен од  Специјалното јавно обвинителство.



Браво за Јанева. Оваа е јасна порака дека тимот кој го избрала и е верен на неа !!
19-10-2015, 01:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19

Quote:Груевски: Повикот на Јанева обвинителите да не дадат заклетва е кршење на закон

Ние нема да бидеме пречка како Влада или партија во однос на нејзиното непречено работење и ќе излеземе во пресрет на сите барања, заклучи Груевски.

сабота, 17 октомври 2015, 21:11
 

[Image: janeva500.jpg?928f17]
Груевски: Повикот на Јанева обвинителите да не дадат заклетва е кршење на закон

Мене ми е жал што уште на почеток специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се судри со фелата, колегите јавни обвинители, вели премиерот Никола Груевски.

Quote:-Тие реагираат на некои работи како, бројноста на тимот, надоместоците, и реагираат оние кои работат во обвинителството за организиран криминал каде има многу тешки случаи, убиства, за дрога, членови на ИСИС. Нивниот буџет е 10 пати помал од буџетот на Јанева. Јас го гледам револтот. Нивниот буџет е 400.000 за цела година.  Јас не би сакал да заземам страна, оти ова е чувствително прашање, подвлече Груевски за време на гостувањето на Канал 5.

Премиерот сепак посочи две работи кои се загрижувачки.

Quote:-Една е што Јанева ги повика обвинителите кои се избрани да не дадат заклетва. Тоа загрижува оти тоа е законска процедура и законска обврска и кога прв човек ќе повика свои соработници да не го почитуваат законот бидејќи сите очекуваме дека таа најмногу ќе ги почитува законите. Со тоа се поставува прашањето дали станува збор за личност која самата нема да ги почитува законите, подвлече Груевски.

Втора е фактот што Јанева во еден ден даде изјава дека ќе работи со 7 обвинители, а следниот ден комплетно ја промени одлуката за да и бидат избрани сите 14.

Quote:-Дали тоа значи дека некој дејствувал на нејзиното мислење и дали таа независно ги носи одлуките. Нова е нема искуство ќе го примиме ова како почетнички грешки и ќе следиме нејзината работа, додаде тој.

Премиерот подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ со нетрпение очекува Јанева да започне со работа оти немаат направено незаконски дела и сакаат тоа да се потврди што побрзо, додаде и дека е во нивен интерес што поскоро да започне со работа.

Quote:-Ние нема да бидеме пречка како Влада или партија во однос на нејзиното непречено работење и ќе излеземе во пресрет на сите барања, заклучи Груевски.



Изјава која ја покажува расипаноста на Груевски. Предлагач на законот за Специјален Јавен Обинител е ВЛАДАТА. Законот е прифатен и ИЗГЛАСАН во Собранието.
Советот на Јавни Обинители не ја почитува одлуката на Собранието и предлогот на владата за носење на таков закон а Грувски застанува во одбрана на Советот на Обинители. Кога бил искрен Груевски?? На седницата на владата кога ГЛАСАЛ ваков закон да му се предложи на собранието или денеска кога е против почитување на законот кој владата на која тој е Премиер го предложила.


Советот на Обвинители не го почитува ПАРЛАМЕНТОТ и усвоенот закон за СЈО тогаш зошто Јанева да го почитува таквиот Совет на Обинители.
(This post was last modified: 19-10-2015, 02:00 PM by ЈорданПетровски.)
19-10-2015, 01:57 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Советот го дополни тимот на Јанева со уште 5 обвинители



од Саше Димовски, НОВА | објавено на: 04-11-2015 16:58:09
[Image: 25323golema.jpg]
Советот на јавни обвинители на попладневната седница која започна во 16 часот, одржана по барање на специјалната обвинителка Катица Јанева, го прошири бројот на нејзини помошници и избра уште 5 обвинители во нејзниот тим.

Избрани се Гаврил Бубевски, Ленче Ристеска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро од Основното јавно обвинителство во Скопје и Лиле Стефанова од Обвинителството за организиран криминал.

Овие обвинители заедно со седумте претходно избрани утре во 11 часот треба да положат свечена заклетва и да ја преземат функцијата во тимот на Јанева.



Еве ја изјавата на председателот на советот од вчера:


Quote:[Image: Sovete75c.jpg]


Ако председателот на советот има грам самопочит после вакава изјава и онаа што се случи денеска ке поднесе оставка!!
04-11-2015, 07:41 PM
Reply