Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Омраза.ком.мк
Author Message
Пеницилин Offline
Moderator
*****

Posts: 51
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#17

Нов серијал напади врз новинарите на А1

Сашка Цветковска
30.04.2010 19:31

Повици за линч, клевети и закани - со иста реторика одделни медиуми блиски до власта продолжуваат да ја напаѓаат А1 телевизија. Вчера повторно во својот блог се јави водителот Миленко Неделковски.

Навреден оти А1 телевизија му се обраќала со водител, а не со новинар па побрзал да објасни: Торбешката телевизија упорно ме прозива и се обидува да ме навреди, меѓу другото и со „функцијата“ водител.

Коментарот од една од неговите претходни колумни во кои водителот повикуваше на линч за предавниците, испровоциран го надополнил со навреди за дипломатијата во Македонија.

Па напишал: Нема бегање. За она што му го направивте и му го правите на својот народ ќе мора да платите. И вие и вашите поколенија. Нема да ве спаси никој, најмалку вашите истополни сексуални партнери од дипломатскиот кор.

Говорот на омраза кои и претходно не им беше далечен на одредени медиуми зема огромен замав по симулацијата на преговорите која ја емитуваше А1. Од писмени закани за палење и колење на се живо во А1 па се до клевети дека А1 предавничка е платена да го продаде името.

Така вчера како и цела измината недела зборуваше водителот Јанко во неговата емисија „Јади Бурек“,

„Демократија е само кога зборат нивни луѓе од нивна кешарица, што ги кешираат и кога ние само климаме со главата и велиме дека е тоа така. Е тоа е демократија. Бре, алал ти вера у тоа копаните што ги спакуе“, рече Јанко.

Говорот на омраза и таму се толерира и на гледачите им се остава да повикуваат на линч и омраза. На пример вака еден гледач и објаснуваше на јавноста што ги чека Македонците ако ги прифатат европските принципи.

„Сега јас, затоа што си толкав демократ и затоа што толку многу сакаш во Европа ќе ти посочам затоа што го спомнуваш Блискиот Исток, а за мене моралот таму е поголем од европскиот, треба да знаеш дека твојата жена пред тебе и после тебе треба со 200 души у просек да легне, тоа е европски просек, батка“, рече гледач.

Клеветите, заканите и поделбите на патриоти и предавници сепак не не новина во македонското општество.

Иако сега најинтензивни, одредени медиуми, новинари и интелектуалци кои не известуваа во корист на власта и пред тоа беа етикетирани како предавнички и од други медиуми, но и од претставници од државниот врв.

[Image: pismo-milenko.jpg]

http://media.a1.com.mk/media/video/10/cv...-30-04.wmv
01-05-2010, 09:48 AM
Reply


Messages In This Thread
Омраза.ком.мк - by Pirinec-Vrhovist - 30-12-2009, 12:08 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 31-12-2009, 10:27 PM
RE: Омраза.ком.мк - by mara-popara - 19-01-2010, 01:44 AM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 20-01-2010, 08:16 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 12-03-2010, 05:59 PM
RE: Омраза.ком.мк - by МКД - 20-03-2010, 09:37 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 23-03-2010, 08:59 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 07-04-2010, 08:16 PM
RE: Омраза.ком.мк - by Пеницилин - 01-05-2010, 09:48 AM
RE: Омраза.ком.мк - by Охрид - 18-11-2010, 12:29 AM