Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Омраза.ком.мк
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,593
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(21-03-2010, 10:36 PM)Пеницилин Wrote: Портпаролите на фејсбук случајно или намерно поддржувачи на контроверзни групи

Катерина Цаневска Арсовска
21.03.2010 18:51



Да најдеме милион луѓе на кои не им се допаѓа Грција, чие име ќе менувате гниди грчки, без педери нема држава, а со нив државата е како швајцарско сирење, ова се групи на популарниот Фејсбук кои имаат поддржувачи.

И нели не би било ништо чудно ниту недозволиво, секој си има право на сопствено мислење и став, но кога ова му се допаѓа и го поддржува човек од кабинетот на „таткото“ на нацијата, е тоа веќе и не е толку наивно.

Чии ставови ги поддржува Цилиманов, човекот задолжен за односи со јавноста во Кабинетот на Иванов и колку личности на вакви функции со ова не го одразуваат и можеби ставот на институцијата која ја претставуваат.

И уште неколку бисери од истиот сајт, поддршка за групата, за спречување на одбранбените сили во превенција на терористичките напади од Газа и ова ли е лично мислење, или пак, Македонци, раѓајте Македонци - крстоносци, Бранко Црвенковски криминалец, да се собереме милион поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Па нели претседателот кога полагаше заклетва вети дека ќе биде претседател на сите, без разлика на партиска или етничка припадност.


Цаневска ја боли овој текст:



(20-03-2010, 01:35 AM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
Quote:Операција „пуштај вода“

Пишува: Цветин Чилиманов


Нема добра шпионска приказна без штосно шифрирано име. Во случајов, во Бугарија во тек е акцијата „пуштај вода“, во која Ефтим Костадинов, директор на Комисијата за тајните архиви на нивната комунистичка Државна сигурност, ги објави имињата на 139 поранешни и сегашни пратеници кои биле кодоши на службата.
Тоа што во списокот би требало особено да не интересира е што на него се собрале и најголемите бугарски националисти, како на нас добро познатиот Красимир Каракачанов од бугарското ВМРО и низа пратеници од ултра-националистичката Атака, но и водачот на бугарските Турци Ахмед Доган и луѓе од неговата партија. Едниве големи Бугари, другите борци за права и слободи, а сите заедно работат за ист газда кој им ги навива механизмите, по потреба да креваат врева, а по потреба да молчат. На чело, претседателот Георги Прванов, кој учествувал во политизирањето на односите меѓу Бугарија и Македонија, за потребите на Службата.
Ако со списокот на Костадинов се објаснува мешањето на Службата во бугарско-турските кавги, не се разјаснува до крај за нас многу поинтересната редовна македонско-бугарска кавга. Секогаш кога треба нешто да се покрие, заташка или треба некој да се распне, се вадат од архива дневниците на Мисирков и песните на Миладинови, а нациите се расправаат за многу важните прашања околу тоа кој го убил Прелиќ, кој го предал Гоце и кој го кажал бројот на мобилниот на Мијалков. Колку е забегана работава покажува фактот дека весник во Македонија може да добие 2-3 интернет-коментари од читателите за прашање од врвно секојдневно значење, на пример реформите во здравството, но 200-300 коментари ако објави каков било текст на банална тема поврзана со Бугарија.
Јасно е дека оваа игра на бугарските служби би станала здодевна многу бргу, кога не би имало одговор од другата страна. Никој не плаќа да гледа танго за еден. Списокот на Костадинов покажува зошто се едни те исти бугарски политичари се редовни по „македонското прашање“. Но, на нив им возвраќаат се едни те исти новинари, политичари и историчари од македонската страна (истите оние кои што, патем, се на браникот на борбата против лустрацијата, односно пуштањето вода и во Македонија). За конечно да се запре оваа одвратна кавга од типот „вие нам Татари, ние вам Титовисти“, лустрацијата мора што поскоро да се изврши и кај нас. Да се види дека најзапалените Македонци, Албанци, србомани и бугараши во Македонија всушност работат за истата Служба и се „најдобри непријатели“.
Со лустрацијата ќе се урне лагата дека, демек, стариот систем бил наднационален, додека овие националистиве, кои заслужено беа држени по Идризово и Забели, го пуштија вирусот на омразата од шишето. Полека станува јасно дека токму Службата, што божем требало да ги држи националистите подалеку од нормалните луѓе, всушност многу повеќе го негувала, чувала овој ебола-вирус на полицијата, и дека на сигнал режирано го пушта меѓу луѓето.


Чилиманов е прв новинар кој посочи каде е вистинскиот проблем во Македонско-Бугарските односи. Такви во моментов се многу опасни да се во опкружување на Преседателот Иванов.
22-03-2010, 12:30 AM
Reply


Messages In This Thread
Омраза.ком.мк - by Pirinec-Vrhovist - 30-12-2009, 12:08 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 31-12-2009, 10:27 PM
RE: Омраза.ком.мк - by mara-popara - 19-01-2010, 01:44 AM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 20-01-2010, 08:16 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 12-03-2010, 05:59 PM
RE: Омраза.ком.мк - by МКД - 20-03-2010, 09:37 PM
RE: Омраза.ком.мк - by ЈорданПетровски - 22-03-2010, 12:30 AM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 23-03-2010, 08:59 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 07-04-2010, 08:16 PM
RE: Омраза.ком.мк - by Охрид - 18-11-2010, 12:29 AM