Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Омраза.ком.мк
Author Message
Пеницилин Offline
Moderator
*****

Posts: 51
Joined: Dec 2009
Reputation: 0
#10

Портпаролите на фејсбук случајно или намерно поддржувачи на контроверзни групи

Катерина Цаневска Арсовска
21.03.2010 18:51



Да најдеме милион луѓе на кои не им се допаѓа Грција, чие име ќе менувате гниди грчки, без педери нема држава, а со нив државата е како швајцарско сирење, ова се групи на популарниот Фејсбук кои имаат поддржувачи.

И нели не би било ништо чудно ниту недозволиво, секој си има право на сопствено мислење и став, но кога ова му се допаѓа и го поддржува човек од кабинетот на „таткото“ на нацијата, е тоа веќе и не е толку наивно.

Чии ставови ги поддржува Цилиманов, човекот задолжен за односи со јавноста во Кабинетот на Иванов и колку личности на вакви функции со ова не го одразуваат и можеби ставот на институцијата која ја претставуваат.

И уште неколку бисери од истиот сајт, поддршка за групата, за спречување на одбранбените сили во превенција на терористичките напади од Газа и ова ли е лично мислење, или пак, Македонци, раѓајте Македонци - крстоносци, Бранко Црвенковски криминалец, да се собереме милион поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Па нели претседателот кога полагаше заклетва вети дека ќе биде претседател на сите, без разлика на партиска или етничка припадност.

И дека не е само Цилиманов, ако го отворите сајтот на портпаролот на Центарот за управување со кризи, ќе видите дека тој пак е фан на групата, да ја спречиме исламизацијата во Македонија.

Лешочкиот манастир два пати е разурнуван, еднаш од Турците Османлии, а потоа од шиптарските арнаути.

Нели и Талевски е гласноговорник на државна функција. И нели сето ова не значи и поддршка на говор на омраза на официјални лица, оние кои живеат од парите на сите граѓани на Република Македонија, независно, Македонци, Албанци, Турци, Роми.

Кога нашите политичари наместо партиски послушници внимателно ќе започнат да ги бираат првите луѓе околу себе. Бидејќи и тие се огледало или наличје на официјалната политика.

http://media.a1.com.mk/media/video/10/ka...-21-03.wmv

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121239
(This post was last modified: 21-03-2010, 10:43 PM by Пеницилин.)
21-03-2010, 10:36 PM
Reply


Messages In This Thread
Омраза.ком.мк - by Pirinec-Vrhovist - 30-12-2009, 12:08 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 31-12-2009, 10:27 PM
RE: Омраза.ком.мк - by mara-popara - 19-01-2010, 01:44 AM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 20-01-2010, 08:16 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 12-03-2010, 05:59 PM
RE: Омраза.ком.мк - by МКД - 20-03-2010, 09:37 PM
RE: Омраза.ком.мк - by Пеницилин - 21-03-2010, 10:36 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 23-03-2010, 08:59 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 07-04-2010, 08:16 PM
RE: Омраза.ком.мк - by Охрид - 18-11-2010, 12:29 AM