Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 3 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Омраза.ком.мк
Author Message
Pirinec-Vrhovist Offline
Воjвода
****

Posts: 399
Joined: Dec 2009
Reputation: 15
#5

Голем журналист требе да си да измислиш сето тоа Pos

Бугарија ни нуди трик-пријателство

Слободанка Јовановска


Бугарскиот „рамковен договор“ за пријателство со Македонија е добиен и за него од ноември размислува македонската Влада, потврдија вчера дипломатски извори од земјава. Договорот се состои од триесетина точки од повеќе области во кои Бугарија сака да ја унапредува соработката со Македонија, но има четири спорни, кои се причината што неколку месеци тој стои без одговор од Министерството за надворешни работи на Македонија. Договорот треба да и' ги даде гаранциите на Софија што не успеа од хартија да ги пренесе во реалноста со Декларацијата за пријателство потпишана од експремиерот Љупчо Георгиевски и, што е поважно, може да биде трик со кој Македонија ќе се фати во бугарската замка во Европската унија.

Со него, имено, Софија сака да ги условува наредните чекори во евроинтеграцијата на земјата во Унијата, а ако се знае дека на секоја побитна одлука и на секое евентуално преговарачко поглавје Софија може да стави вето, Македонија на крајот веројатно ќе пропее бугарски песни за да влезе во ЕУ. Поентата е дека со договорот, и во најприфатлива и најизбалансирана форма, Македонија привидно ќе биде во рамноправна положба, но реално Бугарија ќе има механизам на притисок да го спроведе (ЕУ), а ние, како и во спорот со Грција, ќе бидеме страната која ќе мора да испорачува. Токму затоа, главната идеја на бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој во ноември му го даде договорот на премиерот Никола Груевски, е договорот да се издигне на меѓународно ниво, и со него нашата земја да го санкционира говорот на омраза, да ги прифати бугарските воени споменици, заедно да слави историја со Софија и да учествува во Комисија за заедничко толкување на историјата. Владини извори оценуваат дека и овие спорни делови можат да се испеглаат со тоа што ќе се бара реципрочна формулација, односно обврските околу говорот на омразата и воените споменици да се однесуваат и на Бугарија и на Македонија, нешта што досега не успеа да им се наметне на бугарските парламентарци во ЕП. Прашање е и колку може да биде успешна работата на заедничката историска комисија, по реагирањето на европарламентарецот Евгениј Кирилов на средбата со премиерот Никола Груевски неодамна дека ја присвојуваме бугарската историја со статуите што се планираат со проектот „Скопје 2014“.

Инаку, по вревата што ја крена Софија околу говорот на омразата во Македонија спрема Бугарија, која реално постои, добро е да се види говорот на „љубов“ од бугарската страна кон нашата држава, колку за паралела. Тоа се гледа од коментарот на бугарските читатели на веста за овој договор што и' се нуди на Македонија: „Овие луѓе не бараат пријателство, туку војна. По сето она што и' го направија на Спаска Митрова, треба да се бомбардираат и да се вратат во камена доба“ или „Денот кога Македонците ќе престанат да не' мразат, ќе станат Бугари“.


А еве и коментарите под статияата :

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 11.03.2010 00:27:37
Da ja prifatime vistinata ne e trik prijatelstvo, tuku neizbezhno vo ovoj globaliziran svet i kje se sluchi proano ili pokasno. Ako vo komisijata za zaednichko tolkuvanje na istorijata uchestvuva starata garnitura istorichari, koi pravea karieri vo Titova Jugoslavija sigurno nishto nema da se ispegla. A zaednichka istorija imame vo izobilstvo. Bugarofilstvoto vo Makedonija nemozheme da go tolkuvame kako rezultat na propagandata na Bugarskata Egzarhija, bidejkji faktite zboruvaat neshto drugo. Ushte pred da se vospostavi Bugarskata Egzarhija, prvi koi barale bugarski sveshtenici se: 1933 gragjanite na Skopje, 1834 gragjanite na Veles i Samokov, 1840 gragjanite na Vidin, Trnovo i Plovdiv. Nivnite zhelbi se od Patrijarshijata odbieni.

Од: Bitolcanec
Датум: 11.03.2010 00:54:41
Ako Gruevski prifati zaedno cevstvuvane na Ilinden so edni od najgolemite dusmani na Makedonskiot narod,togas komotno neka mu se prikluci na Georgievski i neka ja raspusti VMRO-DPMNE kako partija posto nejzinoto postoene ke bidi samo za POTSMEV!

Од: novoselec
Датум: 11.03.2010 032917
Branko Cvrvenkovski se "istrca" so Prvanov i napravija komemoracija na bugraskite spomen obelezja vo Novo Selo Strumicko. Toa bese maliot prst. Sega brakjata kje baraat cela raka. Vo istoto selo, ne mnogu daleku od niv e srpskoto grobje od 1918g. Sto li kje baraat srbite sega Gospod znae? Makedonija e krstosnica na patista i vojski. Ako voopsto treba da se pravat komemoracii/panihidi na "izginatite za Makedonija" vo Balkanskite vojni togas treba da se pokanat site ucesnici vo rasparcuvanjeto na Makedonija vklucuvajkji Turcija. Eve predlog, za 'Jubilejot" 100 godini od Bukurest naka se napravi panihida so site "komsii" za da mozat polesno da si gi vidat istoriskite fekalii na "lice mesto".

Од: ivan
Датум: 11.03.2010 06:05:40
Dobar tekst. Koga nemash ideja so da ponudis na lugeto im nudish nekoj ili neshto so da gi frustrita! Graganite na FYRM znaat deka EU e organizacija na PRINCIPI a ne na emocija. Demokratijata dava moznost da reshavash sam dali da se pridruzesh i da ulesnesh vo kukata ili da odish po natamo na drugo mesto.

Од: pameten
Датум: 11.03.2010 06:59:24
Mnogumina vo Makedonija sfakjat kako "antimakedonsko" govorenje potenciranjeto na faktot deka barem 1000 godini mnozinskoto naselenie na ovie prostori se narekuvale Bugari. Za zhal ili za srekja ovo e istoriski fakt. Tij ne e zagroza za makedonskiot identitet. Sekoj ima pravo da bide takov kako se osekja. No negiranjeto na istorijata vo sporot so Bugarija e golema zagroza poshto kje ja podeli Makedonskata nacija. Spaska Mitrova e samo pochetokot.

Од: Wiki
Датум: 11.03.2010 07:19:43
Краjно време е да се реши овоj проблем.Македониjа да ги признае сите факти от историjата за Самoил за природбениците за ВМРО и за постоенето на бугари во Македониja .Бугариja да го признае македонскиот jaзик , македонската нациja и ОМО Илинден.

Од: jovan
Датум: 11.03.2010 09:46:16
Jas kolku sto se razbiram vo diplomatija(laicki) znam deka "dogovor za dobrososedstvo" ili slicni takvi dogovori, ne postojat. Site sosedi mora da sorabotuvaat i da se trpat. Ako imaat otvoreni prasanja ili nekakvi megusebni problemi, e togas ZA TOA se pravat dogovori. Ovoj dogovor sto go predlagaat Bugarive ne samo sto e trik, tuku e i "panika" ili podobro kazano, neznaat sto da pravat. Evropa im se "zakanuva" okolu mafijata i krimanalot(a toa im e i drzavata) pa sega baraat nekakva "rezervna" drzava kade sto ke mozat da se "sokrijat". Skoro poveke od pola bugarski "investicii" vo drzavava se so prljav i mafijaski kapital, haraat i rabotat kako sakaat, a nasi firmi za sitnici gi kaznuvaat i za najmali greski. Nekoj "investitori" veke i se ponasaat kako ova da e nivna drzava, pa ne fermaat ni pravila ni proceduri.(normalno potpomognati i zastituvani od nasi politicari). Vnimavajte so Bugarite po opasni se i od Grckiot problem so imeto. Ovie tivko ne bugariziraat.

Од: Тута Бугарин
Датум: 11.03.2010 10:08:53
На Kultiviran Balkanec му треба уште еден многу поголем период за Култивирање! Очигледни се дупките во неговата „наша“вистина!Само,нешто ме збунува! Па, нели истиов предлог „за заедничка историја“го даде еден бивш премиер,кој воопшто не е припадник на БМРО,туку на „контрашите“-опозиционерската СДСМ?!Дали и тој како и другите „патриоти“,го чека моментот за добивање подобри понуди за префарбување,или се предомислил?И потоа,виновен бил Бојко,а не,Цацко! Па и на шоферот од Собрание му бил познат истиот трик на претопување: од Шупливо - во Празно!

Од: Prasalnik?
Датум: 11.03.2010 10:25:05
Na site onie protivnici za vospostavuvanje na prijatelska sorabotka pomedju MkD I BLg. bi postavil prasanje. Kako vo orginala glasese Zbornikot na bracata Miladinovci, kako bese orginalniot naziv na organizacijata koja se formira vo Solun vo 1893 god. , akoja denes ja slavime kako nas praznik, kade baraa utociste nasite revolucioneri vo 19 vek, kako se potpisuval Krste P. Misirkov i nakraj so koja kruna bese krunicsan car Samoil od strana na pratenik na papata i so koja titula vo nazivot kako vladetel.? Ima i drugi prasanja , no zasega ovie se dovolni.Nie sme sega posebni narodi , no ne mozeme da kazeme da nemame zaednicka istorija?

Од: јас
Датум: 11.03.2010 10:33:22
Ајде бе бугарчета ( Kultiviran Balkanec, pameten) одете си при „мајка Б’лгарија “ и таму продавате ги глупостите за Санстефанска Бугарија..Доста веќе од вас !!!!

Од: mene
Датум: 11.03.2010 11:08:19
Bugarite velat ima bugari vo makedonija,srbite ima srbi,imase i grkomani. Ne mi e jasno kako ozbilni drzavi mozat da razvivat vakvi teorii koga e jasno dekka najgolem del od hristijanskotoo naselenie se osecat makedonci,ni bugari ni srbi ni grci odnosno ni anticki makedonci.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=ACC7B93AE...40810C8C37
Којшто има очи ќе види.
Којшто има уши ќе чуе.
Којшто ја љуби вистината ќе разбере.
11-03-2010, 08:17 PM
Reply


Messages In This Thread
Омраза.ком.мк - by Pirinec-Vrhovist - 30-12-2009, 12:08 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 31-12-2009, 10:27 PM
RE: Омраза.ком.мк - by mara-popara - 19-01-2010, 01:44 AM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 20-01-2010, 08:16 PM
RE: Омраза.ком.мк - by Pirinec-Vrhovist - 11-03-2010, 08:17 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 12-03-2010, 05:59 PM
RE: Омраза.ком.мк - by МКД - 20-03-2010, 09:37 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 23-03-2010, 08:59 PM
RE: Омраза.ком.мк - by basilius_2 - 07-04-2010, 08:16 PM
RE: Омраза.ком.мк - by Охрид - 18-11-2010, 12:29 AM