Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СПАСОВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



Quote:[Image: Spasov-fas5717.jpg]



ДО ФЕР ИЗБОРИ САМО ПРЕКУ СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ

Груевски уште пред изборите во 2011 година свати дека без црвст монопол врз клучните медиуми во земјата неговата власт може да биде разнишана во секое време.Затоа веднаш по освојувањето на власта таа година,кога свати дека опозиционото гласачко тело е поголемо од неговото, тргна во решителна пресметка не само со Велија Рамковски и неговите медиуми А1, А2 Време , и Шпиц туку и со се што е слободомислечко и слободоумно во медиумите. Тојнаправи се за да пропаднат прозорците на критичката мисла кон власта Дневен фокус , Глобус и Граѓански, да го снема омиленото сатиричното шоу на граѓаните К-15 и да не се репризира Златна Буба мара на годината. Само по едно незгодно интервју со Роберт Поповски на Канaлот 5, исчезнаа прозорците на незвисната мисла кои постоеа и на ТВ Сител преку информативните емисии на Драган Антоновски, на Канал 5 преку емисиите на Роберт Поповски, Тв Алфа премина во рацете на власта и беше наложен моделот на „гетоизација„ на опозиционото мислење преку оставањето простор за него во маргиналните медиуми и на интеренетот и преку одбивањето учество во било каква политичка дебата со опозицијата на било кој медиум.
Македонија од тогаш до денес , како што ќе забележат и извешатите на Репортери без граница и оние на Стејт департментот и извештајот на Прибе, функционира како „заробена држава„ во која тоталитарната пропаганда на Груевски не дозволува вистината да се пробие до народот. Со тоа и клучниот предуслов за одржување на фер избори не постои во земјава.
Но на Груевски не му беше доволно само бруталното исфрлње на опозиционото мислење и на критичката мисла од националните медиуми со најголемо влијание врз масите. Не му беше доволно ниту неговото сеприсуство во тие медиуми кои се уште ги почнуваат и завршуваат информативните емисии со тиради за неговиот лик и дело и со остра критика и осуда за опозицијата. Тој со своите коалициони бизнис партнери како Ѕинго, Стојменов, Бојо Андревски и други ,направи се за опозиционата мисла во земјава да биде сериозно застрашена. Со тоа систематски го укинуваше едно основните човекови права во Македонија„слободата на говорот„ и ја спречуваше суштествената функција на слободните медиуми позната како „контрола на власта„.
Како што се случувало на окупираните територии од стрна на Хитлер, во време на втората светска војна, кога секој леток кој поттикнувал побуна против власта се сметал за непријателска дејност заради која може да се заврши на суд или да се биде прогонуван и тероризаран на разни начини, така и денес, државната пропаганда на Груевски, не дозволува било каков пробив на вистината до народот. Денес во Македонија да имаш свој портал на кој ќе говориш против власта на Груевски или да имаш весник па дури и мал простор во некој медиум за разобличување на владечката пропаганда, е исто како во времето на Хитлер , на окупираните територии да растураш илегални летоци против окупаторот. Може да бидиш тепан со шипки од подземјето, да ти биде запалена колата, да ти праќаат погребални венци до семјството кога не си дома, да бидиш суден и осудуван за клевета на високи парични казни, да бидиш пикнат во затвор за текст објавен пред 5 години па и да загиниш во некои сосема нејасни околности. Притоа ќе бидиш и систематски прислушуван од полицијата за таа да знае што правиш и какви ти се намерите. Груевски со неговите медиумски мегафони систематски ја убедува јавноста дека постојат само медиуми кои ја подржуваат неговата влада и власта и некои други за кои може да се каже само дека се „странски агенти„ платеници на странски служби и непријатели на својот народ и на својата земја зарди што неговите најверни медиумски слуги од време на време објавуваат еден вид на јавни „потерници„ со фотографии на „странските платеници„ на кои не треба да им се верува и кои се бараат под дрво и под камен за да бидат казнети од власта или од подземјето кое таа го контролира.
Тоа Хитлер го нарекувал „криминализирање „ на опозицијата. За него не постоеле политички противници, достројни за почит туку криминалци со кои треба постојано да се расчистува. Затоа ако на окупираните територии била откриена печатница за печатење на илегални летоци таа била уништувана, ако се откриеле пишувачите тие биле судени за клевета против власта и за непријателска дејност, државните пропагандисти на Хитлер постојано објаснувале кои странски сили ја помагаат таквата „непријателска дејност„ со што се создавала атмосфера за легален прогон па дури и за нивно ликвидирање. Сето тоа Хитлер го објаснувал како патриотска дејност и секоја негова акција против непријателите на неговата пропаганда била од највисок приоритет за зачувувањето на илузијата дека се е нормално и за зачувувањето на власта. Хана Аренд во своите анализи на тоталитарната пропаганда објаснува дека моќта на тоталитарната пропаганда за парализирање на општествената акција против Хитлер на окупираните територии па и во Германија не лежеле во степенот на нејзината убедливост и извртувањето на фактите туку во комбинацијата на масовната лага со политичкиот терор врз оние што не и веруваат ,не ја прифаќаат или не дај боже се обидуваат да ја демаскираат и да го тврдат спротивното.
Во такви услови,борбата за слобода подразбирала пред се борба за отворање на прозорци на за вистината. Грѓаните на окупираните територии па и во сопствената „заробена држава„ од Хитлер биле жедни за вистински вести од фронтот за позадината на она што се случува во општеството и за реалната состојба во светот. Читале илегални летоци и весници и под закана дека ќе бидат откриени и судени се обидувале во ноќните часови да фатат на радиото вести од Би би си или од Радио Москва. Тоа бил начинот да се разбие медиумскиот мрак и да се допре до вистината за борбата што ја водат нивните пријатели и ослободители. Кога имале можност за емитување вести преку свои подвижни радио станици, почнале и тоа да го прават за вистината да допре до секој што сака да ја слушне. Секако дека на водачите на ослободителните движења им била јасна состојбата. Тие ги ставиле своите глави во торба за да се менуваат состојбите. Но проблем била масата на изолирани поединци од чие расположение зависел пресвртот во војната. Нивното парализирање и лажење било цел на пропагандата на Хитлер. Тие морале да поверуваат во неговата надмоќност, во негова „вистинска желба„ за воспоствување на траен и праведен мир ,морале на примерот од репресијата кон некои бунтовници да станат свесни за опасноста но и за залудноста на секој отпор и побуна.
Груевски овој модел на тоталитарна пропаганда го усоврши во Македонија во изминатите години. И се додека е на власт ќе биде залудно со него да се преговара или од него да се очекува „ослободување„ на медиумите од неговиот политички притисок.
Светските искуства во битките со диктатурите покажува дека , најпрво за опозицијата во таквите земји е најважно да стигне до важни прозорци на слободната мисла. Тие се неопходни, за масовното гласачко тело да добие можност на еден ист телевизиски канал да ја свати разликата во оценките, во аргументите и во политичката понуда.И важни се како можност за инстантно демантирање на лагите на истиот канал на кој таа ги пласира.Важни се како отстапка на тоталитарната власт од која ќе биде јасно дека барем на нешто била принудена.
Во оваа смисла е интересен примерот од соборувањето на диктатурата на Густав Пиноче. Откако по 15 години воена диктатура во Чиле претера и побара „задоволниот „ народ од него да се изјасни на референдум дали сака тој да остане на власт уште наредните седум години, неговите дотогашни спонзори, кои веќе не може да ги кријат неговите злодела, го принудија да прифати на националната телевизија, во најгледаното време да и отстапи 15 минути на опозицијата за презентирање на својата вистина, за демантирање на лагите на власта и за изложување на својата понуда. Тоа стана познато како „Кампањата НЕ за диктататурата„ по која Пиноче ја изгуби власта. За таа херојска приказна на опозицијата, која тоа немаше да го постигне без подршка од дотогашните меѓународни спонзори на Пиноче е снимен и филм кој се проучува на факултетите за политички науки, новинарство и односи со јавноста.
Можеби таа приказна е поучна и за Македонија. Времето до изборите е премногу кусо за „воспоствување демократски модел на јавен ртв сервис„ или за превоспитување на Ѕинго, Стојменов и други заедно со нивните новинарски перјаници. Демократскиот модел на јавен радиодифузен сервис треба да биде дел од концептот, понудата и ветувањето на опозицијата во процесот на освојувањето на слободата и враќањето на демократијата. Но за сега ,на опозицијата во оваа битка и се потребни прозорци на слободната мисла во клучните медиуми и тоа на истиот канал на кој се емитува владината пропаганда. На тоа мора да биде принуден Груевски. Тој мора стане свесен дека секогаш кога ќе излезе нешто да каже или да излаже , по тоа ќе следува блок уреден од опозицијата и од движењето Граѓаните за Македонија(барем до изборите) кои ќе добијат можност на иститот канал, во истото време да ги соопштат своите оценки ,видувања и факти. Само така ќе биде можно Груевски во овој кус период до изборите да остане без клучното орудие за манипулација со масите, а опозицијата да добие еднаква шанса . Идејата со нов канал за опозицијата е повторно еден вид „гетоизација„ и создавање паралелни светови на кои до сега работеше Груевски. Затоа треба да се вратат „прозорците на слободата„ кои ги угасна Груевски на Сител, на Канал 5 на Тв Алфа а опозицијата на првиот канал на националната телевизија да добие своја информативна програма која дневно самата ќе ја уредува и која ќе се емитува во исто време или секој ден веднаш по централниот дневник кој може и натаму да остане како и до сега :„Билтен за успесите на власта и промашувањата на опозицијата„.

Quote:Robert Mileski

Професоре, тоа требаше да се договори во Пржино. Сега е некако касно или зависи од волјата на протагонистот во вашиот текст. Тоа е маката.
Like · Reply · 1 · 1 hr

Quote:Metodija Stevanandzija

Profesore , dokolku javniot obvinitel si ja zavrshi rabotata na vreme , i mediumite ke otreznat na vreme !
Like · Reply · 41 mins

Quote:Djika Pajani

Profesore sho se odnesva na prozorcite na slobodata(pendjerinjata). Na Fak imav profesor po matematika, nerven ama mnogu pravichen tip, Dr. Zlatko Mamuzich. Toj sekigash povtoruvashe seedna ista prikazna za pendjerinjata (o prozorima) i veleshe,''Zemash eden kamen golemina na tupanjca, go frlash, i djamot paramparchinja go prajsh. Za loshoto mnogu malku trud i mnogu malku vreme treba i za belja sam mozjish da go naprajsh. E sega da klajsh nov djam, treba nekoj da otvori rudnik na specijalni silici kamenja, da gi iskopa, da gi transportira do fabrika, da gi istopi, da napraj staklena masa, da ja formira masata, da napraj djam, da se transportira djamot do kaj djamdjijata, toj da go isechi na mera, da go transportira gotoviot djam do kaj domakinot i da go instalira. Eeeeej, mnogu trud, mnogu vreme i za belja mnogu lugje treba''. Taka i so nashite mudrorii vo politikata. Za zijan ne treba mnogu, da se popraj zijanot treba bajgi !!!
Like · Reply · 18 mins

Quote:Jordan Petrovski

Се додека во постапките на Груевски гледате фашизам тешко некој да ви поверува во вашите ветувања дека ке ја "вратите слободата и демократијата".
Да ве потсетам на ЕПОХА, ГЛАС, РЕПУБЛИКА, да ве потсетам на една плејада новинари кои беа избркани Македонската Радио Телевизија како неподобни, да ве потсетам дека постоеше кривично дело Вербален Деликт, да ве потсетам дека после 1991 гдина, прогонувавте близу 4000 Македонци заради инакво мислење .... Затоа ако сакате да ви поверуваат кога ке правите споредби на власта на Гуевски, споредувајте ја со вашето владеење. Околу Груевски се се ваши членови и вопситаници. Излегува дека СДСМ бил расадник на фашисти.
Like · Reply · 2 mins
14-08-2015, 01:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Djika Pajani

Abe ti Jordane ushte tro ke ne vratish vo vremeto na kamenot. Abe za sega se raboti, sega shu prajme !
Like · 3 hrs

Quote:Jordan Petrovski

Пиноче, Хитлер, се бајага поназад од времето за кое јас зборувам
Like · 3 hrs

Quote:Djika Pajani

Mozji Jordane, neka bidi kako ti sho velish za vremeto za koe zboruvash, deka Pinoche i Hitler bile machja kashlica za onie od SDSM. Da rechime vo pravo si, eve vo pravo si. Te prashav tebe kako poiskusen kako za vreminjata taka i za segashnosta, sega shu prajme ?
Like · 3 hrs

Quote:Jordan Petrovski

На крај од умот немам да го амнестирам Хител и фаШизмот!! Нечесно е да се први споредба со Хитлер и Пиноче и така да амнестираат злоделата на СДСМ, тоа е број 1. Околу Грујо се се деца на СДСМ и самиот Грујо е комуњарски воспитаник. Вуче Јордан кој го одгледал е сталинист и како таков малку требело да заглави апс, така да неможе да стане збор за фашизам!!
И трето најбитното Комунизмот е изедначен со Фашизмот по злоделта. Нели оваа СДСМ е проевропски настроено а каква е таа проевропска настроеност кога се забошотуваат злоделата на комунистите во Македонија.

Една дефиниција на хрватскиот академик Аралица: "Демократ неможе да биде оној кој подеднакво не ги осудува комунизмот и фашизмот."
Like · 3 hrs

Quote:Djika Pajani

O.K., neka bidi po tvoe, oti drugi praele neshto na vremeto, da gi ostajme i segashnite da pravat beter. Mislam deka e beskorisno ponatamu da se debatira. Imaj si ubav den !
Like · 2 hrs

Quote:Jordan Petrovski

Јас никаде не реков дека оваа власт е демократска или добра. Јас спорам со споредбите, многу поразбирливи за нас ке се споредбите од нашето минато ..... Господинот Спасов вели:

- Хитлер постојано објаснувале кои странски сили ја помагаат таквата „непријателска дејност„ со што се создавала атмосфера за легален прогон па дури и за нивно ликвидирање.

Зошто не направи споредба со апсењето и судењето на Ченто и Ченто е обинет за ангажирање на странски сили

[Image: Chen_1a967.jpg]

Like · 12 mins

Quote:Jordan Petrovski

И за употреба на летки можел да земе пример од Македонија.
Примерот со Ченто и со основачите на ВМРО СДРМА-ПРАВДА се многу потешки бидејки и покрај со Устав загарантираното права за раздружување на народиде до отцепување од Југаслвија политичката врхушка ги прогонувала и апсела.

[Image: SDRMA-a2a80.jpg]

Like · 8 mins

Quote:Jordan Petrovski

Одбележување – 63 години од убиството на петте струмички студенти

[Image: 20110508-strumicki-studenti.jpg]
(This post was last modified: 14-08-2015, 05:27 PM by ЈорданПетровски.)
14-08-2015, 05:26 PM
Reply