Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВЛАДИМИР МИЛЧИН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ПРАШАЊЕ БЕЗ ОДГОВОР: КОЛКУ КОДОШИ ИМА(ЛО) ВО МАКЕДОНИЈА?


04.08.2015
Посна ми ти била жетвата на гробарската дружина на Аџиев. Пет години ѝ требаа да прекопа над 30.000 досиеја и да исчепка, што живи, што мртви, што цивили, што полицајци, 199 соработници, односно кодоши, како што милуваат да ги викаат власта и нејзините мегафони. Расчекорот меѓу бројката на наводно прегледаните досиеја и бројката на откриените наводни соработници е драматичен. Зар само 199 кодоши од АСНОМ до денес? Зошто гробарската дружина не ги исполни очекувањата на оние кои бараа богата жетва? Зар само Антонио Милошоски имал личен интерес да биде лустриран еден сограѓанин, судијата од Кичево? Зар само Груевски го интересирало лустрирањето на „Милчин и компанија“? Дали само Драган Павловиќ Латас, за кого Мартин Протуѓер вели дека работи за српска служба, беше ставен под заштита со потврдата што му ја даде министерката за внатрешни работи или има и други кои го одработиле или го откупиле своето нелустрирање? Или се работи за нешто друго, односно за прашањето какви се тие „над 30.000 досиеја“ кои гробарите требало да ги прекопаат за да го исполнат и налогот на власта и очекувањата на гладните за линч?
На 5 март 2006 година „Вест“ објави интервју со м-р Никола Жежов, историчар, под бомбастичен наслов „Секој петти Македонец бил кодош на платен список“. Повод за интервјуто беше штотуку објавената книга „Репресијата и репресираните во најновата македонска историја“ од Виолета Ачковска и Никола Жежов. Книгата во три дела ги обработува репресиите врз Македонците, за време на фашистичката окупација во Вардарска и во Егејска Македонија, за време на Граѓанската војна во Грција и за време на репресиите на комунистичкиот терор и нивните жртви во тогашна Демократска Федерална Македонија (ова збунува зашто веќе од 8 март 1946 година се вика Народна Република Македонија, м.з.). Всушност, пишува новинарката Даниела Стојановиќ, книгата е продолжување на книгата „Предавствата и атентатите во македонската историја“ од истите автори. На прашањето на новинарката: „Постои една бројка на околу 22.000 луѓе кои биле т.н. кодоши. Тоа е точна бројка?“, историчарот одговара: „Бројката изнесува 14.000 досиеја и приближно околу 22.000 евидентирани поткажувачи, или, ете, кодоши ако сакате, иако не ми се допаѓа многу тој збор. Се работи за оние што биле на платен список, но знаете дека имало уште многу случаи каде што се работело за, на пример, осветољубивост, каде што имало такви анонимни поткажувања или обвинувања без поткрепа или конкретни докази. За жал, така многу невини луѓе, заради класична одмазда, биле затворани и прогонувани, на основа на исказ и на сосема непотврдени работи. Неверојатно е голем бројот на предавства и репресии поради обична омраза“. Веднаш потоа, на прашањето од новинарката: „Испаѓа дека во тоа време минимум секој петти Македонец бил кодош?“, Жежов одговара: „За жал, така некако испаѓа и тоа е оној, навистина, најцрн дел на нашата историја“. Според историчарот, „приближно 14.000 досиеја“ + „околу 22.000 евидентирани поткажувачи“ + „уште многу случаи“ даваат резултат (бројка нема!) кој претставува една петтина од Македонците, односно сведочи дека „секој петти Македонец бил кодош на платен список“!? Останува нејасно кој период Жежов го оценува како најцрн дел од нашата историја? И зошто книгата на Ачковска и Жежов се занимава, фигуративно речено, со Македонија од два дела, Вардарска и Егејска? Методолошка недоследност или идеолошка интервенција? Не можам и не сакам да навлегувам во тоа, но не можам да го разберам есапот со кој Жежов од ѓутуре ја изедначи Македонија со Штазиленд.
На 16 март 2006 година, во неделникот „Време“ беше објавено интервју со Александар Јанкуловски, тогаш директор на Државниот архив, под наслов „И досиејата се знаат и вистината се чува!“. На прашањето од новинарката Кети Мицковска каква е постапката за користење на досиејата за лица водени од Службата за државна безбедност кои се преземени од страна на Државниот архив на РМ, директорот Јанкуловски одговара: „Врз основа на член 16 од Законот за постапување со досиеја за лица водени од Службата за државна безбедност („Сл. весник на РМ“ бр. 52/200) во 2002 година е извршено примопредавање на архивската граѓа помеѓу МВР и Државниот архив на РМ. Притоа се предадени на трајно чување во Државниот архив вкупно 14.572 лични досиеја, сместени во 1.101 архивска кутија. Подоцна, во 2003 година, се преземени од Казнено-поправниот дом Идризово во Државниот архив на РМ вкупно 22.123 лични досиеја, сместени во 330 архивски кутии“. Одговорот на Јанкуловски не само што ја исправа паушалноста на Жежов кога станува збор за бројките, туку ја демантира неговата клевета дека сите „околу 20.000“ биле евидентирани поткажувачи. Тоа всушност биле 22.123 граѓани, затвореници од Казнено-поправниот дом Идризово, најверојатно поради идеолошки и политички причини. Затоа нивните досиеја и биле преземени од Државниот архив. А какви се оние 14.572 досиеја предадени на Државниот архив од МВР согласно Законот за постапување со досиеја за лица водени од СДБ? Еве што вели за тоа членот 2 од истиот закон, донесен во периодот кога на власт беа ВМРО-ДПМНЕ, ДА и ДПА: „Лично досие, во смисла на овој закон, е самостоен документационен комплет на податоци, оформен и воден за определено лице од политички и идеолошки причини, од страна на Службата за државна безбедност, односно Дирекцијата за безбедност и разузнавање, за периодот од 1944 година до денот на влегување во сила на овој закон. Значи, Жежов со еден збор ги претвора сите 14.572 граѓани, предмет на оперативна обработка од страна на службите за државна безбедност од политички и идеолошки причини, во кодоши на платен список! Леснотијата со која ја изведува оваа операција на прелепување на етикетите ја надминува и леснотијата со која службите за државна безбедност произведувале „непријатели на народот“ и „уривачи на уставниот поредок“. Таа леснотија се гледа и во „заборавањето“ на фактот дека не сите 14.572 + 22.123 досиеја се досиеја на Македонци, односно дека меѓу нив има и Албанци, Турци, Срби... Но, почитувањето на тој факт бездруго би ја отежнало операцијата „Секој петти Македонец бил кодош на платен список“. За волја на вистината, подолу во интервјуто Жежов вели дека периодот на репресиите на комунистичкиот терор го обработувала професорката Виолета Ачковска, која денес ја знаеме како истакната гдомобранка, но тоа не ја намалува неговата одговорност како човек кој претендира да биде историчар.
Јанкуловски соопштува дека во Државниот архив се чуваат вкупно 36.695 досиеја (14.572+22.123), но не спомнува соработнички досиеја, туку само лични досиеја на затвореници од КПД Идризово и досиеја на лица водени од СДБ и ДБК од политички и идеолошки причини. Жежов ја спомнува речиси истата бројка, приближно 36.000, збир од 14.000 досиеја (не кажува какви!) и приближно 22.000 „евидентирани поткажувачи“ (не кажува каде биле евидентирани!) и тврди дека сите тие биле на платен список на службите, што значи дека сите биле соработници. И Аџиев и неговата дружина ја спомнуваат бројката од „над“ 30.000 прегледани досиеја, но не соопштуваат колку од нив се соработнички досиеја.
Користејќи го Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Фондацијата отворено општество – Македонија се обрати во 2012 година до неколку државни органи, вклучително и Државниот архив, МВР/УБК и Агенцијата за разузнавање, барајќи одговори за Регистарот на соработниците, за тоа колку соработнички досиеја има(ло) и каде се наоѓаат, односно какви досиеја имала на увид Комисијата за верификација на фактите. Државниот архив на РМ, со печат и потпис на покојниот Зоран Тодоровски, одговори дека Државниот архив на РМ не поседува ниту регистри на органите за безбедност ниту соработнички досиеја. Агенцијата за разузнавање одговори дека е конституирана на 1 јануари 1998 година, со што како да ставаше на знаење дека не располага со соработнички досиеја. МВР одби да даде одговор на прашањето „Колкав процент од вкупниот број на досиејата за соработници отпаѓа на соработниците до 1991 година?“, но одговори дека УБК не ѝ дава на Комисијата за верификација на фактите пристап до Регистарот на соработници. Сите други одговори на МВР/УБК беа шетање по тавани и префрлање на одговорноста кон Комисијата. Државниот архив на РМ ја извести Фондацијата дека ѝ ги ставил на директен увид на Комисијата за верификација на фактите бараните податоци за 1.444 случаи, но во други 358 случаи одбил да го стори тоа, со образложение дека овие барања се добиени откако Уставниот суд ја започнал постапката за оценување на законитоста на предложениот Закон за лустрација. Значи, Аџиев побарал од Државниот архив податоци за 1.802 случаи, иако знаел дека таму нема соработнички досиеја. Останува тајна за колку случаи добил податоци од МВР/УБК. Во својот одговор на ова прашање поставено од Фондацијата отворено општество - Македонија, МВР/УБК одговори во стилот на Питија: За сите за кои биле побарани!
Многу прашања, малку одговори, многу тајни. Просветлувањето заврши како замрачување. Клучот за тајните е во УБК, односно во Регистарот на соработниците. Останува да видиме дали Собранието ќе смогне сили анкетна комисија составена од пратеници со безбедносни сертификати да изврши увид во Регистарот на соработниците на УБК и да го спореди со Регистарот на Аџиев и неговата дружина. Тогаш ќе дознаеме колку кодоши навистина има(ло) во Македонија, без бројката на оние кои работеле само за КОС. А со оглед на тоа дека лустрацијата е тема и во „бомбите“, на специјалниот обвинител ќе му се отвори работа. А потоа ќе уследат кривични пријави за оние ја злоупотреби

Фејсбук статус на Владимир Милчин
04-08-2015, 09:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:НАЧАЛНИКОТ НАПИШАЛ, АМА НЕ ПОТПИШАЛ


14.08.2015·
Погромашот со тапија Драган Павловиќ Латас има обичај да не ги потпишува гнасотиите што ги објавува во „Вечер“, секогаш со најави на насловната страница кои имаат претензија да бидат бомбастични. Така на 18.12.2009 година, насловната страница на весничето кое некогаш беше весник, погромашот ја „украси“ со трдулавиот наслов: Грција ги плаќа нивните, а во Македонија своите новинари за да помине грчкиот предлог(!). Непотпишаниот текст беше просто клеветење на 14 македонски граѓани дека биле „новинари платени од фондацијата Сорос да шират пропаганда за полесно прифаќање на грчките предлози за промена на името“. Првата лага на погромашот беше само делумна лага, меѓу 14-те граѓани имаше и такви кои беа новинари. Затоа пак комплетни лаги беа тврдењата дека биле платени од фондацијата Сорос и дека ширеле пропаганда. Двете комплетни лаги беа поткрепени со подметнувањето дека новинарите вршеле притисок врз владата „за одреден хонорар, односно големи пари“. Стилот на авторот беше препознатлив, но текстот не беше потпишан, па 14-те граѓани, согласно законот, поднесоа тужба против главниот и одговорен уредник. И што направи Латас, тогашниот главен и одговорен уредник? Почна да бега и да се крие. Потоа на судот му приложи пусулче дека на 18.12.2009 година не бил во Скопје, а потоа го подметна кутриот директор на весничето, домазетот на Бојо Андрески, да признае дека тој дозволил да биде објавена клеветата која, наводно, му била подметната. Од кого? Заборавил! Зошто домазетот призна? Го притиснале или го наградиле? Не знам, а и не е важно. Важно е тоа дека судовите по правило го штитеа Латас и пресудуваа во негова корист, и кога беше тужен и кога беше тужител. Мојата тужба против погромашот за лагата дека сум примил хонорар за моето учество во првиот од „Дијалозите за Македонија“ во организација на Претседателот Црвенковски долго се влечкаше по судовите. Латас постојано беше на „службен пат“, а Кабинетот на Претседателот Иванов одолговлекуваше да го извести судот дека не ми бил исплатен никаков хонорар. Нејсе. Тонските записи, односно „бомбите“ на Заев го потврдија она што не беше тајна. Се покажа дека погромашот бил, што би рекол Крлежа, интимус на шефот на УБК. Или според црногорското: „Ја теби сердаре, ти мени војводо...“: Латас на Мијалков со „Директоре“ , Мијалков на Латас со „Началниче“, за да завршат со тоа дека се „бисери позлатени“. Нарциси. Јасно ми е со што директорува Мијалков, но не ми е јасно со што началствува Латас. Каде ли таласа Латас? На Вардар? Затоа ли министерката Јанкуловска експресно му ја издаде потврдата за невиност, и покрај тоа што Протуѓер смета дека Латас работи за српски служби? Како и да е, времето веќе не работи за Латас. Кај и да е, Љубе Бошковски ќе излезе на слобода и тогаш работите ќе се разјаснат, сметките ќе се израмнат и долговите ќе се наплатат.
И му вели Латас на Мијалков: „Види да ти кажам, јас и ти, пошто сме скопски деца, да збориме по телефон. Кур ме боли дали нѐ слушаат Шиптари или Американци“. – „Тачно, нѐ боли кур, што ти е тебе?“, му вели Мијалков на Латас. – „Значи, секој од нас има привилегии од оваа влада и мене не ми е срам тоа да го признам. И за тие привилегии сакам да испоручам услуга“, ја нуди својата верност Латас. Односно, ја нуди телевизијата Сител, а Мијалков го потсетува дека Сител има поддршка од два милиона евра годишно! Колкава поддршка има(л) „Вечер“ не знам, како што не знам колкав дел од поддршката за двата медиума завршил во џебот на Латас, испорачувачот на услуги. А Латас ѝ ги испорачува своите услуги не само на актуелната власт, туку им испорачуваше и на сите гарнитури кои беа на власт во Македонија.
Латас просто го следи примерот на својот газда Ѕинго, кој е со власта и во власта од Лазо до Грујо. Какви ли услуги му понудиле Ѕинго и Латас на Милошевиќ кога му отидоа на поклонение? Кому му испоручил услуга Латас кога го поттикнувал палењето на американската амбасада? Ќе покаже времето, а времето веќе не работи за Латас. Какви услуги им испоручује Латас на моќниците? Бербатење на опонентите на власта, понижување на некогашните „браќа“ кои пред камерите ќе бидат прикажани како „сестри“, односно отстрел на сите кои ја „нервираат“ и ја загрозуваат власта. А ако, згора на тоа, го нервираат и Латас, тешко ним. Тоа го видовме при отстрелот на Велија и телевизијата А1. Гледаноста на А1, особено на нејзините вести, им беше трн во очите и на власта и на Латас. Латас испорачува потерници, списоци на „непријатели на народот“, „грчки платеници“, „соросоиди“, „шиптарољупци“, „педери“... Долга е листата на услуги што ги нуди погромашот.
Но Латас не е само погромаш, тој е и лакеј кој не се срами насловната страница на весничето од 19.08.2015 година да ја „украси“ со насловот: Оваа власт се грижи за сите. И пак да не го потпише текстот во кој насловот од насловната страница е наднаслов на текстот „43 семејства добија социјални станови“, со кој треба да се поткрепи насловот „Оваа власт се грижи за сите“. Со овој наслов „Вечер“ под команда на Латас ја надмина и лакировката што ја испорачувала „Правда“ во годините кога ја командувала челичната рака на Сталин. Во дното од истата насловна страница е сместен насловот: Од ВЕЧЕР до кодошот МИЛЧИН. Текстот со истиот наслов е објавен на стр. 3. Од кого е потпишан? Од Редакција ВЕЧЕР! Ама немој! Безмалу ќе испадне дека хорот од „Набуко“ го здумал спинот дека јас сум го сменил Бучковски од лидер на СДСМ на партискиот конгрес. Не, јас јасно и гласно се изјаснив против изборот на Бучковски за лидер на СДСМ! Тоа беше конгрес одржан четири години пред смената на Бучковски! За да се случи смена на некој лидер, тој претходно треба да биде избран за лидер! Е, јас гласав против изборот на Бучковски! А кога Бучковски беше сменет, јас ниту се изјаснив, ниту гласав за смената на Бучковски! Не бев на тој конгрес! Оваа манипулација со конгресите го открива авторството на испорачувачот на услуги. И таа не е единствената манипулација, но за тоа ќе треба редакцијата еден ден да го праша испорачувачот на услуги, кој го испорачал и нејзиниот групен потпис. Тој ден ќе дојде набргу, времето не работи за Латас.
П.С. А за мојата театарска работа ѝ препорачувам на редакцијата да ја прочита рецензијата за мојата претстава „Нашиот клас“ што беше објавена во „Вечер“ со потпис на вашиот театарски рецензент Борче Грозданов.

Фејсбук статус на Владимир Милчин
15-08-2015, 01:23 AM
Reply