Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПОПСИМОНОВА ИЛИ ДЕМОКРАТИЈА НА КОМУЊАРСКИ НАЧИН
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

На овој мој текст имаше интерсена дискусија па решив да ја пренесам.


Quote:ДАЛИ ЗАЕВ Е НАИВЕН ИЛИ ДЕЛ ОД ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ТОЈ ГИ СМЕТА ЗА НАИВНИ??

[Image: popsimonov2c64.jpg]


Quote:Petar Bosevski

Јордан, непотребно создаваш тензии и конфликтна атмосфера на оваа страна каде сме сите оние што се против оваа недемократска власт. На сите ни е јасно дека Македонија за цело време (од 1945 г. наваму) кубури со демократијата (односно недемократијата) и затоа она што ќе треба да следи после падот на овој режим е широка јавна расправа околу тоа што е потребно (какви измени во сите сфери) за да се воспостави правна и демократска држава која ќе функционира нормално. Значи, ова не е борба за СДСМ да дојде на власт туку за да се стави крај на една недемократска традиција која кулминираше со актуелнава власт.
Like · Reply · 2 · Yesterday at 15:39

Quote:Jordan Petrovski

Петар, ич не создавам тензии. Јас секогаш трипати мерам пред да дам мислење. Во деновите што следат ке има текст од мене кој ке објасни многу работи. Инаку еве какво било моето мислење пред неколку месеци. Заев сеуште ја има мојата подршка, онака како сум ја искажал во мислењето од април. Но се појасно ми е дека Заев ја губи битката внатре во СДСМ од луѓе кои се чувари на тоталитарниот едноумен систем.
Jordan Petrovski's photo.
Like · Reply · 2 · 22 hrs

Quote:
Quote:Petar Bosevski

Не ми е јасно од каде ти е овој заклучок дека Заев губи некаква битка внатре во СДСМ. Каква е таа битка и кои се тие „чувари на тоталитарниот систем“? Јас не знам за такво нешто, а и не ме интересира. Не сум ни член ни симпатизер на СДСМ, но ги поддржувам како предводници на оваа битка. А оваа битка не е само на СДСМ и тие го знаат тоа. И не можат да прават што сакаат. Ниту пак гледам некакви симптоми на ова за што ти зборуваш. Кога ќе падне оваа влада, ќе мора да има широка јавна расправа за тоа што и како треба да се направи за државата да се врати на нормален колосек. Тогаш ќе се види кој за што се залага и тогаш држи меѓусебно да се критикуваме. Сега да го правиме тоа - сметам дека е непотребно комплицирање на работите и ослабување на заедничкиот фронт.
Like · Reply · 1 · 21 hrs

Quote: Jordan Petrovski

Петар, зар очекуваш промена ако Фрчковски го "суди" Мијалков или ако Ордансоки ја води МТВ .... Ке повторам никогаш не говорам без да имам бајаги цврсти докази за она што го тврдам.
Like · 21 hrs



08-07-2015, 11:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:
Quote:Petar Sazdov

I jas se slozuvam deka zaev ja gubi bitkata so udba,
Like · Reply · 21 hrs

Quote:Jordan Petrovski

Ја губи битката со ОПЕРИСТИТЕ, тие се во СДСМ. Секогаш кога тоталитарниот систем е загорозен УДБа и ОПЕРИСТИТЕ го прекинуват меѓусебното непријателство и заеднички се борат против оној кој ке се држне да помисли да ја демократизира Македонија.
Like · 1 · 21 hrs

Quote:Petar Sazdov

Frco kje sudi hari kje apsi, a gosev kje bidi pak so cisti race
Unlike · 1 · 21 hrs

Quote:Petar Bosevski

Koi ti se pa tie OPERISTI?
Like · 10 hrs

Quote:Petar Bosevski

Јордан, муабетов, вака како што го тераш, е на ниво на етикетирање и оцрнување без аргументи, а некој треба те зима здраво за готово само затоа што ти за себе мислиш дека знаеш што зборуваш. Не оди тоа така. Како може Фрчкоски да суди некого кога не е судија? Ниту знаеме кого СДСМ на каква позиција ќе стави,а ти отвараш дискусија за тоа кој каков бил и дали смее или не смее да дојде на оваа или онаа позиција. Башка, тоа е нивна партиска политика, и врз основа на тоа тие ќе добијат помалку или повеќе гласачи. Ако дојдат на власт. Тоа не е тема што нас треба сега да не интересира. Она што треба да не интересира е за какви реформи СДСМ ќе се залага за да не ни се повторат дефектите на системот од кои до сега патевме.
Like · Reply · 21 hrs · Edited

Quote:Jordan Petrovski

Петар јас суди го ставив во наводници: Фрчковски го "суди".
Преслушај го интервјуто и обрни внимание на колку пати Фрчковски ке казе ние, нас. Фрчковски треба да биде суден бидејки тој го правеше истото што го прави Грујо и Мијалков.





Like · Reply · Remove Preview · 3 · 21 hrs

Quote:
Quote:Petar Bosevski


Јордан, не ја гледам смислата на дискусијава што ја отвораш. Ова се теми што би држеле ако разговараме за која партија треба или не треба да се гласа. Значи, ако не ти се допаѓа персоналниот состав на СДСМ, немој да гласаш за нив. А тоа сега не е темата сега. Темата е какви измени треба да се направат во законите, институциите и воопшто во системот, за тој да профункционира нормално. Во таа дискусија секој има паво да учествува, па и ВМРО и СДСМ. А тоа што некој го кажал ќе го ценам врз основа на кажаното, а не врз основа на тоа како се вика тој што го кажал. Ако Фрчко или Орданоски каже нешто што држи, тоа треба да се прифати. Јас во актуелниве дискусии околу политичкава криза не видов ништо скандалозно што тие двајца кажале, напротив, се држело.
Like · Reply · 14 hrs · Edited


Quote: Jordan Petrovski

Јас постапувам вака. Фрчковски, Орданоски, Љ. Геoргиевски, Црвенковски, С. Мијалков, Грувски, ..... ке ги ценам според делата, тие биле во можност да покажат со дела. Заев, тебе ке ве ценам засега по зборови, бидејки не сте биле во можност да покажете дали тоа што го говорите сте подготвени да го сторите.
Like · 1 · 20 hrs · Edited

Quote:
Quote:Petar Sazdov

Problem e sistemot na udba se vo ova sto ni we slucuva ovie 25God e delo na udba,, koga kje sfatite ednas deka nee e vo prasanje sdsm ili vmro.. Udba belgrad e glavna ,ajtt pozz
Unlike · Reply · 1 · 20 hrs


Quote:Petar Bosevski

Што убаво, УДБ-а е крива за се, ние сите сме невини! Приказни за мали деца !
Like · 16 hrs


Quote:Petar Bosevski

Јордан, ти можеш кој како сакаш да го цениш. Истото важи и за мене и за било кој друг. Поентата е дека секој којшто не е во затвор има право да учествува во јавната дебата за тоа како, после падот на Груевски, треба да се уреди државава. Ќе има конкуренција и борба на разни идеи, па од сето тоа ќе произлезе нешто што ќе биде најприфатливо за мнозинството. Мене не ми смета што во таа дебата ќе учествува Станко или Петко ... Очекувам дека, после сите негативни искуства што ги имавме, ќе знаеме да ги прифатиме добрите идеи, а да ги отфрлиме лошите ..
Like · Reply · 1 · 14 hrs

Quote:Jordan Petrovski

Европскиот суд за човекови права донесе една многу битна пресуда, пресуда во случајот Латвија. Латвија го имаше истиот проблем кј го има Македонија во овие 25 години. Тој проблем е 100% покриеност на тајната полиција од луѓе на КОС и УДБа. Таа пресуда го оправда законот со кој се ЗАБРАНУВАШЕ учество во политичкиот живот на луѓе кои биле дел ид системот кој го воспоставила КГБ.
Like · 10 hrs


09-07-2015, 12:38 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:
Quote:Petar Bosevski

И таа тема може да се дискутира во рамките на постгруевистичката дебата за тоа што е потребно да се направи за државава да се врати во нормала. Јас, лично, не верувам дека тука се крие коренот на сите наши зла. Но, како и да е, нека биде и тоа тема за дискусија. Иако, од друга страна, нели имавме лустрација и таа требаше да го реши тој проблем? Од трета страна, таа генерација, сите се веќе или умрени или во пензија, такашто да се отвора сега таа тема ми личи на дување на јогурт.
Like · 8 hrs

Quote: Jordan Petrovski

Petar, не се работи за луѓе кои биле под влијание на УДБа и КОС-ОПЕРИСТИТЕ пред 1991 туку за луѓе кои после 1991 биле под влијание на УДБа и КОС-ОПЕРИСТИТЕ. Тоае случајот во Латвија.
Во Македонија не е спроведена лустрација.
Like · 1 · 7 hrs

Quote:Marjan Vojak

Ne moze . Od prosta pricina sto vo matna voda dobro plivaat. Zatoa ne ja bistrat...
Unlike · Reply · 1 · 13 hrs

Quote:Marjan Vojak

Od opra shou
Like · Reply · 10 hrs

Quote:Jordan Petrovski

Еве Bosevski, ова е од денеска

http://www.tubechop.com/watch/6377630
TubeChop - (00:06)
TubeChop allows you to easily chop a funny or interesting section from any YouTube video and share...
tubechop.com
Like · Reply · Remove Preview · 6 hrs · Edited

Quote:Petar Sazdov

Nemoram da slusam dovolno go jadev od sluzbata udba jane
Like · Reply · 6 hrs

09-07-2015, 12:58 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:
Quote:Petar Bosevski

И, што е проблемот тука?
Like · Reply · 6 hrs

Quote:Jordan Petrovski

Проблемот е во: КЕ ГИ ВРАТИМЕ, МОРАМЕ ДА ГИ ВРАТИМЕ ..... слободта и демократијата во Македонија.

Која слобода и демократија, онаа што ја практикуваа Фрчко, Веруш ... во период 1991-1998 година неуставно се прислушкувани околу 50 илјади граѓани на Македонија. Близу 4 илјади МАКЕДОНЦИ, колку Албанци незнам, се следени неуставно, причина за следењето е нивната политика и идеолошка определба.
Like · 6 hrs

Quote:Petar Bosevski

Јордан, се фаќаш за ситници со цел од мува да направиш слон. Човекот сака да каже дека ова сега не е слобода и демократија и дека мораме се да направиме за да од Македонија да направиме вистински слободна и демократска земја. Никој не тврди дека тоа „враќање“ значи воспоставување на некаква сдсмовска божемна слобода и демократија. Никој не посакува (ни сдсмовците) да се врати нешто што се покажало како погрешно.
Like · 6 hrs · Edited

Quote:Jordan Petrovski

Несакањето треба да се покаже. Премногу добро ја познавма работата на службите за да не ја препознам нивната замешаност сега, замешаност за да се зачува тоталитарниот едноумен систем. Скоро истите луѓе кои 1999 година го попречија обидот на кумановската група да се справи со криминалната влада на Љупчо Георгиевски, денеска се во иста улога, пак глумат дека се борат да се урне тогаш Љупчо а денеска Грујо.
пс. да не ги измешаш битката за пратеници, Змејко, Боги Бургија, Стојменов,... и онаа што го правеше кумановската група едно со друго немаат ништо заедничко. Тука влегува и "битката" председателски избори 1999 и наводниот предлог на интелектуалците, Фрчко, Ѓунер, Панчевски .... тие беа аргати на службата за да го попречи делувањето на кумановската група.
Like · 5 hrs

Quote:Petar Bosevski

Точно, несакањето треба да се покаже. Имајки го тоа во вид, од ова што сега го зборат сдсмовците нема никакви индиции во прилог на ова што ти го збориш, т.е. дека идејата водилка им е да го симнат Грујо, за тие да воспостават своја диктатура. А вистинскиот доказ ќе следува во периодот по падот на овој режим, кога поконкретно ќе видиме за какви промени се залагаат сдсмовците. Тогаш би држело да се јавиш, да посочиш на нешто конкретно и да кажеш: „Другари, ова ви е удбашка работа“. Сега, кога однапред и постојано излегуваш со некакви етикетирања и шпекулации (кои не може да се докажат), впечатокот е дека скриената намера ти е манипулирање на јавноста со цел да се ослабе фронтот против актуелнава власт.
Like · 4 hrs · Edited

Quote:Jordan Petrovski

Јас реков дека никогаш не говорам без да имам сериозни аргументи во раце.
Оваа не се дел од моите аргументи, кои ке ги објавам кога ке оценам дека е време, но се индиции дека е така како што зборувам. Од осумдесетината "граѓански" здруженија колку се на платен список на Милчин. Во кое својство на митингот од 17.05 зборуваа Најчевска и Милчин.
Like · 1 hr

Quote:Petar Bosevski

Митингот од 17.5. не беше партиски митинг, туку граѓански митинг на сите оние кои се против оваа власт. Зошто на тој митинг да немаат право да се појават Најчевска и Милчин? Не те интересира што кажале Милчин и Најчевска, не ги спориш нивните зборови, туку го оспоруваш нивното право на говор. Сето ова зборува лошо за тебе, не за нив.
Like · 1 hr

Quote:Jordan Petrovski

Ги спорам нивните дела. Заради нивните НЕдела несмееше да им се дозволи да говорат на митинг на кој се ветува слобода и демократија. Милчин и Најчевска се можеби најголемите виновници за попречувањето на развојот на демократијата во Македонија.
Like · 1 hr

Quote:Petar Bosevski

Кои се тие недела? Што ја критикуваат оваа власт?
Like · 1 hr · Edited

Quote:Jordan Petrovski

Ке почнам од тука: ова е главниот аргумент со кој Милчин ја оспори лустрацијата после 1991 година:

-Според тоа, органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ. Што е, впрочем, иста ситуација и сега.!"
Like · 1 hr

Quote:Petar Bosevski

И, што е спорно тука? И пак ќе речам, протестот на 17.5. беше ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТ, и кој е тој што требаше некому да забрани (и врз основа на кој критериум) да настапи со свое мислење. И ќе додадам: мене ме интересира што кажале Милчин и Најческа на митингот од 17.5. и во врска со актуелнава политичка криза, а не во врска со ланскиот снег. Не ме интересира дали Милчин е атеист, геј, марсовец или што ја знам ... Ако е слободен граѓанин, имал право да се појави на тој митинг и да каже што мисли, а ако ти имаш забелешки на тоа, бујрум, коментирај (што не чини во неговите изјави во однос на политичкава криза), но не за тоа дека Милчин е бел во косата или дека билн скаран со комшијата ...
Like · 1 hr

Quote:Jordan Petrovski

Јас не видов одговор на прашањево. Можеби не сте разбрале па ајде да ви појаснам.
ПРОПИСИТЕ мора да бидат во склад со УСТАВОТ а не за потребите на Владите.
Дали ви е јасно дека Милчин а бидејки иницијативата на Милчин ја прифатил Уставниот суд го АМНЕСТИРА Груевски од ОДГОВОРНОСТ.
Like · 59 mins

Quote:Petar Bosevski

Јас не видов прашање.
Like · 54 mins

Quote:Jordan Petrovski

Побаравте кои се неделата на Милчин и Најчевска.
За да утврдиме дали тоа што го прилагам како недело е точно ви понудив едно недело на Милчин. Очекував коментар во смисла дали за вас е тоа недело или е дело кое ја демократизирало Македонија.
Like · 49 mins

Quote:Petar Bosevski

За мене тоа не е никакво недело. Си кажал човекот став по едно прашање кое е дискутабилно. Дури и за експерти. Некој ќе се сложи со него, некој нема да се сложи. Нема тука никакво недело заради кое некој би смеел да му го одземе правото на Милчин да зборува на митингот од 17.5. Тој што би се обидел да го спречи Милчин да настапи на митингот би направил поголемо недело. Исто такво недело е твојов обид да го дискредитираш Заев со укажување дека на митингот од 17.5. настапиле Милчин и Најческа, кои се слободни граѓани на оваа држава и никој немал право да ги спречи да настапат на тој митинг.
Like · 39 mins

Quote:Jordan Petrovski

Тоа што напишал Милчин не е дискутабилно ни за студент на прва година на право.
Тоа напишаното е Милчиновото сваќање на ДЕМОКРАТИЈАТА и СЛОБОДАТА. Власта Петар секогаш тежнее да воспостави апсолутна власт, Груевски, Црвенковски, Глигоров, Тито ... за да се попречи власта во такви намери се пишува Устав, се потпишуваат меѓународни конвенциии од обладта на почитувањље на индивидуалн човекови права и слободи ... Ако дојде ден Груевски да седне на обинителана клупа биди сигурен дека тој ке добие поголема затворска казна за кршењето на Уставот одошто за криминалот.
Like · 30 mins

Quote:Petar Bosevski

Пак ќе ти речам. Во настанатава политичка криза и во дискусиите за излезот од неа, јас (ниту било кој друг) не можам да знам кој од дискитантите каков став имал (или сеуште има) по разни прашања, да анализирам и да донесувам пресуди кој смее а кој не смее да мучествува во дискусијава по актуелново прашање што е на маса во моментов. Она што ме интересира каков е неговиот став во однос на поставената тема за дискусија. Врз основа на тоа што го кажал на таа тема ќе го ценам неговиот прилог во дискусијата.
Like · 21 mins

Quote:Jordan Petrovski

Понатамошната дискусија е беспредметна. Ке ја сочувам дискусијава за да после некоја година, се разбира ако даде Господ да дочекам да го смените Груевски и да дојдат на власт овие кои ке ја "ВРАТАТ СЛОБОДАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА" а кога пак ке кукате од власта, да ве потсетам што сте пишувале.
Поздрав и имајте убава вечер.

Quote:Petar Bosevski

За време на Втората светска војна, сите (од различни земји, народи, општествени уредувања, религии) се здружиле за да победат заедничкиот непријател - Хитлер. После победата секој фатил на своја страна и ги расчистувале сметките меѓу себе. Ова за што ти се залагаш е во стилот на народната „Село гори - баба се чешла“ : инсистираш прво да ги расчистиме сметките помеѓу себе, а потоа да тргнеме против заедничкиот непријател. Демек, он ќе не почека додека ние се расправаме за споредни работи. Немам зборови како да го наречам ова ..
Like · 1 hr

Quote:Jordan Petrovski

Непријателот е СИСТЕМОТ!! Системот ке створи и од новоизбраниот "враќач" на демократијата и слободата нов Груевски, Црвенковски, Георгиевски ...
Like · 1 hr

Quote:Petar Bosevski

Токму така. И главната тема за која ќе се дискутира после падот на Груевски ќе биде токму тоа - како да се редефинира СИСТЕМОТ. Сите сме свесни дека ова со Груевски е само кулминација на еден недемократски систем кој не почна со Груевски, туку има подлабоки корени. Ова им е јасно и на оние од СДСМ и на сите други политички партии и на политички свесните граѓани што ќе учествуваат во тие јавни расправи за корекција на дефектите на системот. Што ТЕБЕ не ти е јасно тука? На основа на што тврдиш дека, после се низ што сите поминавме, целата работа ќе заврши со воспоставување на некаква сдсовска диктатура. Кој будала ќе го дозволи тоа?
Like · 1 hr · Edited
09-07-2015, 01:06 AM
Reply