Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Лагите на ДПМНЕ за граѓанската војна во Грција
Author Message
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 452
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#1

Лагите на ДПМНЕ за граѓанската војна во Грција

Од 2006 година кога Грујо ајдук војвода е на власт не подуја со лаги за Граѓанската вјна во Грција .
Те дека Македонија и Тито што ќе рече Југославја не ги помагала , дека се бореле за комунизам ,те се бореле за обединета Македонија , ...Дека ете Македонците кој прв пат добиле држава во Југославија сакале да одат да ја освајаат Грција ама клетите комунисти ги сопреле а ги пратиле на Срем итн .

Имаме еден прекрасен документарен филм

„Луѓе без земја" - Македонски играно-документарен филм




Во филмот покрај инсерти од тогашни борбени дејства во Грција има и драматизиран дел но и сведоштво на сега покојната Вера Николовска Фотева (1926 -2011) која била учесник и очевидец на голем број настани токму од тој период .

Самата Вера Николовска Фотева кажува дека во Грција замешани биле и Сталин кој директно назначувал луѓе ДА ЈА ИЗГУБАТ ВОЈНАТА како би го реализирал договорот со Черчил за поделба на интересни свери на влијание .
Македонците во Грција биле цело време материјално воено и со инструктори помагани од Југославија и Албанија .Ранетите биле носени во Макеоднија па цел батаљон имало и во Катланово .

Инаку самата Вера Фотева кажува дека Македонците во граѓанската војна никогаш не се бореле ниту за комунизам ниту за некаква обединета Македонија туку за демократија во Грција каде би ги остварувале својте права .Ништо повеќе од тоа .
Тие прикаски дека во касарна во Скопје некој храбри кукаици демек ќе оделе да ја освајаат Грција а несакале да одат во Срем е јадење лајна .Тие не биле борци во текот на НОВ туку прислно мобилизирани од комунистички власти Така што ете и да имало 100 000 Македонска војска 1945 тоа небиле никакви докажани борци туку цело време бегале се криеле па потоа комунистите кога ќе ги најделе ги моблизирале .А дека баш биле нешто посебно загреани за борба било воГрција или Срем се обични лжги со опашки .Па кој ги бранел да одат претходно доброволно да се борат во Грциа ако веќе биле толку орни за војување.
Самиот наслов “ без земја “ е доста приглуп оти денес 70 проценти од светска популација живее по градови и нема земја .

Како и да е имаме еден реален документарен филм кој заслужува внимание да се погледне .



12-06-2015, 12:56 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 452
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#2

Келешите ми ти биле “ не за Срем да за Солун “

Ах бе келеши ај што цело време сте биле “борци” под јорган планина па уште борци-освојувачи изиграваат .

А сите историски документи кажуваат дека вмешувањето во Граѓанската војна во Грција било НЕВОЗМОЖНО.

1)

Договорот од Јалта

Jalta: 60. obljetnica konferencije na kojoj je podijeljen svijet


četvrtak, 3.2.2005

"Podjela svijeta", koju su prije 60 godina na povijesnoj Konferenciji u Jalti na ukrajinskom poluotoku Krimu dogovorili Josef Staljin, Winston Churchill i Theodore Roosevelt, dominirala je u međunarodnoj politici druge polovice 20. stoljeća do okončanja Hladnog rata, a njezine se posljedice osjećaju i danas.

Na poticaj američkoga predsjednika Roosevelta, u Jalti su se 4. veljače 1945. godine, s približavanjem kraja Drugog svjetskog rata, sastali Staljin, Churchill i Roosevelt - vođe najvećih savezničkih država antihitlerovske koalicije.

Konferencija, koja je trajala do 11. veljače, imala je veliki utjecaj na završetak rata i poslijeratno uređenje svijeta. Trojica čelnika najveću su pozornost posvetila sudbini poslijeratne Njemačke, ali i pitanjima Poljske, Jugoslavije, te mira u svijetu.

Nakon što su uskladili najhitnije vojne planove za okončanje rata, čelnici SSSR-a, Velike Britanije i SAD-a postigli su sporazum o podjeli Njemačke u okupacijske zone kojima će upravljati po jedna od četiriju savezničkih država: Velika Britanija, SAD, Sovjetski Savez i Francuska.

"Naša je nepokolebljiva volja uništiti njemački militarizam i nacionalsocijalizam, te da se pobrinemo za to da Njemačka nikada više ne bude u stanju narušiti svjetski mir", istaknuli su tada Roosevelt, Churchill i Staljin, te s tim ciljem odlučili da će se nakon okončanja Drugog svjetskog rata provesti vojna, gospodarska i politička demobilizacija i denacifikacija Njemačke i osigurati plaćanje reparacija oštećenim državama.

Na konferenciji u Jalti razgovaralo se i o daljnjem izgrađivanju međunarodne organizacije za održanje mira i sigurnosti u svijetu - Ujedinjenih naroda - čiji su temelji već utvrđeni na skupu u Dumbarton Oaksu, godinu dana ranije. Roosevelt, Churchill i Staljin razgovarali su i o sudbini Jugoslavije, te se dogovorili da o sastavu nove jugoslavenske vlade sporazumno odluče Josip Broz Tito i predstavnik jugoslavenske emigrantske vlade u Londonu Ivan Šubašić, ističući da u toj novoj vladi ne smiju biti uključeni oni koji su se kompromitirali surađujući s nacistima.

Trojica čelnika postigla su i dogovor o Poljskoj i njezinim granicama - odlučeno je da se osnuje poljska vlada narodnog jedinstva, te da se raspišu slobodni izbori.

Nakon Konferencije u Jalti, uslijedila je Potsdamska konferencija u srpnju i kolovozu iste godine.

Dva mjeseca poslije povijesne konferencije u Jalti, Roosevelt je bio mrtav, u svibnju je Njemačka kapitulirala, a u kolovozu iste godine kapitulirao je i Japan.

U svijetu, čije su granice KROJILE VELIKE SILE , 30 MILIJUNA Europljana moralo je NAPUSTITI SVOJE DOMOVE , milijuni vojnika raspoređeni su u Francuskoj, Italiji, Njemačkoj i zemljama istočne Europe. Velike sile, smatraju povjesničari, Europu su podijelili na interesna područja po starim kriterijima, te je bilo jasno da će se dogoditi jedino moguće: nepoštedni, Hladni rat.

Kraj Hladnoga rata, pad Berlinskoga zida 1989. godine, kao i pad sovjetskog režima 1991. izbrisali su sa zemljovida željeznu zavjesu koja je dijelila Europu. Prošle je godine u Europsku uniju i NATO ušla većina nekadašnjih sovjetskih srednjoeuropskih "satelita", čime je Moskva, prema mišljenju analitičara, de facto IZGUBILA ono što je dobila u Jalti.

Ukrajinske vlasti podignut će, povodom 60. godišnjice Konferencije u Jalti, spomenik - trostruku brončanu figuru Roosevelta, Churchilla i Staljina. Taj će spomenik pokazivati trojicu saveznika kako sjede jedan pored drugoga, prema poznatim povijesnim fotografijama.

(Hina

http://www.index.hr/vijesti/clanak/jalta...47695.aspx

Тоа е вистината .

Е сега во знак на благодарност кон Тито и Југославија каде реално се воделе најтешките партизански битки во цела Европа ( збориме за партизански не за фронтални ) кој во многу нешто им помогнале на сојузниците на Југаославија и биле дадени ИСТРА , ДАЛМАЦИЈА И ВОЈВОДИНА.

Нели токму бунтот во Југсолавија го одложил нападот на СССР а со тоа нацистите ги поткачила зимата плус за цело време на Втора СветскаВојна партизани држеле заковани 20 – 40 германски дивизии кој и те како биле потребни во Русија.

Затоа во знак на благодарност Југласвија била оставена сама да си го одбере патот-државното уредување. Плус Југославија како неблоковска земја била своевиден тампон зона меѓу двата блока во овој дел на Европа .

Италијанците биле протерани од Истра и Далмација па уште ден денес бараат да им бидат вратени.
Со писмото на Черчил до Тито бара Грманците од Војводина да не се враќаат назад како повеќе не би сонувале големи држави .А Британците биле бесни на Германците оти цела империја им била срамнета со земја .Настанала тепачка помеѓу Хрватските и Српските комунисти кој да ја колонизира Војводина .На крај биле донесени колонистиод сите краеви на Југославија па од Македонија.

Во Македонија комунистите забраниле враќање на Српските колонисти кој биле носени од краљот со цел промена на етничкиот состав .

Со спуштањето на железната завеса 30 милијони луѓе во Европа морале да се раселат кој каде сака да живее .

2)

Среќна нова 1949


НАТО

Од Википедија — слободната енциклопедија

Основана 4 април, 1949 година
Тип Воена алијанса
Седиште Брисел, Белгија

НАТО или Северноатлантската Алијанса (англиски: North Atlantic Treaty Organisation (NATO), француски: Organisation du Traité de l'Atlantique Nord (OTAN)), понекогаш нарекувана Атлантска Алијанса, или Западна Алијанса е меѓународнa безбедносна организација која била создадена со потпишувањето на североатланскиот договор на 4 април, 1949 година. Седиштето на НАТО се наоѓа во Брисел, Белгија и организацијата претставува систем за колективна одбрана со кој нејзините држави членки се обврзуваат за заедничка одбрана во одговор за напад од надворешни лица.

http://mk.wikipedia.org/wiki/НАТО

Според договорот од Јалта Сталин Черчил и Рузвалет се договориле Грција да биде под зона на влијание на Западот.

И со кого келешите ќе се бореле ?
Со Советскиот Сојуз и со Американците и Британците кој ја победиле Гермнија ?

Абе одете лечете се умноболни едни.

Плус :

Граѓанскатавојна во Грција била помеѓу Демократските сили во чиј сосотав биле и Макеоднците и Монархофашистите.

Американците и Британците ги одбрале монархофашистите за сојузници.

Па така :

А)
Ако македонците се приклучеле кон монахофашитите ќе биле уништени и протерани оти овие до ден денес мразат што е Словенско.
Б)
И да победеле демократите според договорот од Јалта кој Сталин го почитуал самата Грција била упатена кон Западната сфера на влијание .
А Западот тогаш секако ќе побарал (всушност и навистина тоа го барал ) етничко чистење на Макеоднците бидејќи сметал дека сите Словенски народи веќе го прифатие комунизмот па подобро би било да се направи етничко чистење на Макеоднците во Грција да си немаат проблеми .И да победеле демократите пак ќе биле протерани . Па ете многу макеоднци имало и во комунистичка партија на грција па оваа ги признавла тогаш ама не и откако Грција станала дел од НАТО .

Грција ги истребувала Турците па на нејзино барање да не ги снајде исто и Грците во Турција (како што ги снашло Ерманците ) направиле договор за размена на население .На Турците кој морале да напуштат вековните огништа се ситоим било ? Па не рикаат како магариња .

Грција напарвила договор за размена на нселение и со бугарија . На бугарите кој ги напуштиле вековнитеогништа се исто им било ? Па не рикаат како магариња.

Е им дошло ред и на Македонците .Секако ќе им дојдел
Грција тежнеела кон етничко –грчко правсолавна чистота .
Таквата фашистичка идеологија се уште е жива во Грција .
Грците цело време глумеа демократи уствари основата на сите партии е грчко православно фашистичка

Е сеа страшно нечовечно вака така .
Да точно
Такво си било времето .

А Грујо ајдук војвода и бегалците од Егејска македонија ни играат некакви психо срања игри демек ние Макеоднците сме биле виновни дрн дрн сакааат да ни наметнат некакво “чуство на вина .”
Неможе да има чуство на вина таму каде што вина не постои џабе се просераваат.


1)

ДОМ: Институциите да се организираат за хуман третман на мигрантите

од НОВА објавено на: 15-06-2015

ДОМ апелира до граѓаните за помош и сочуство со овие луѓе, кои бегаат од воениот виор во своите земји, како што нагласува, на ист начин како што тоа го правеа Македонците од северниот дел на Грција по граѓанската војна во 1948-та, кога над 60.000 беа мали деца.

„Да не беше помошта и солидарноста на многу непознати луѓе во различни земји, тие луѓе немаше да го преживеат тој егзодус и многу од нив да се денес наши сограѓани или дел од нашата дијаспора“, велат до ДОМ.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=22978

2)

Шилегов: Груевски ја срами Македонија, проблемот со емигрантите ескалира

од НОВА објавено на: 15-06-2015

- Најавените измени на Законот за азил не се решение. Проблемот е сериозен и повеќедимензионален. Ако се тргне од најновата ситуација, поради катастрофално лошите услови за живот на згрижените емигранти, власта на Груевски уште еднаш ја срами земјава во светот, со тоа што потврдува дека Македонија е држава којашто нема капацитет за заштита на основните човекови права, ниту за своите граѓани, ниту пак за странските државјани. Укажуваме дека меѓу овие луѓе има и деца. Дел од нив се со здравствени проблеми. Ако се земат предвид високите температури и нехигиенските и нехуманите услови во Прифатниот центар во Гази Баба, коишто Народниот правобранител ги оцени како полоши од затворите, постојат закани по нивните животи како и закани за хуманитарна, здравствена криза, епидемии во Република Македонија, рече Шилегов.

http://www.novatv.mk/index.php?p=1&navig...vest=22985

3)

ШОКАНТНИ ФОТКИ Пеколот во Центарот за азиланти

Објавеново 15 јуни 2015

На Фејсбук кружат шоканти фотографии од Центарот за азиланти во Скопје, на кои се гледаат деца во неверојатна, трагична ситуација.

Просто е неверојатно една цивилизирана држава да има ваква институција. Погледнете ги фотките и заклучете сами:

http://plusinfo.mk/vest/30434/shokantni-...a-azilanti


4)

Каков е тој закон што ни забранува да бидеме човечни?

Бранко Героски
Објавеново 09 јуни 2015

Денеска бев со екипата на Плусинфо во Демир Капија. Правевме репортажа за бегалците од Сирија и од другите земји од Далечниот Исток. Да не оди колата празна, а шоферот (јас) само да гледа сеир, го наполнив гепекот со шишиња вода. Мала помош за тие на кои им е неопходна.

Во Демир Капија ме пречекува хаос. Десетици бегалци бараат чаре како да го продолжат патот. Недоверчиви, но сепак љубезни луѓе. Еден возрасен Сириец ми покажува шестгодишно девојче со ногата во лонгета. Последица на долго патување. Фотографираме. Куклето позира и се радува.

Им нудиме вода на луѓето. „Благодариме, не ни треба вода, само сакаме да го продолжиме патот“, ни велат тие. Доаѓам во искушение да го земам повреденото девојче во кола, заедно со нејзините родители, па да им заштедам едно стотина километри. Но, ме плаши заканата дека со тоа ризикувам да бидат осуден за шверц и трговија со луѓе, а запретената казна, замислете, да ти била десет години затвор!

Заминуваме од градот со чувство на непријатност. Ја погледнувам фотографијата на девојчето и ме пече совеста. По патот, среќаваме група бегалци со велосипеди, исцрпени и полегнати во ендек. Разговараме кусо. Една девојка паднала и се повредила. На главата има голем хематом. Таа и нејзината сестра се исцрпени и очајно бараат помош. Сега одлучувам без многу размислување – со сиот ризик, на двете девојки им помагам да пристигнат до најблиското безбедно место, каде што ќе добијат и минимална медицинска нега.

Сега веќе се чувствувам многу подобро. И пак се чудам, каков е тој идиотски закон што ме спречува да им помогнам на луѓе во неволја, на болни и на немоќни? Зарем тоа од мене прави шверцер на луѓе? Зарем не е наша човечка обврска на повредениот да му прижиме помош, на нападнатиот заштита, на тажниот утеха? Како може да постои закон што тоа ни забранува да бидеме човечни?

Искрено, не го познавам тој закон, а и не сакам да го знам. Само имам потреба да им помогнеме на овие несреќни луѓе. Предлагам да организираме хуманитарен конвој и дел од тие несреќници да превеземе од нивната почетна дестинација на југот на земјата барем до Скопје. Ќе се најде ли невладина организација да организира една ваква акција? Никого нема да криумчариме, од никого нема ни денар да земеме, само ќе им помогнеме на многу луѓе да го скратат исцрпувачкото и ризично патување.

Па еден ден, кога ќе стасаат на Запад, таму каде што тргнале, овие несреќници барем да се сетат дека минале низ таму некоја Македонија, земја на нормални и хумани луѓе.

http://www.plusinfo.mk/mislenje/572/kako...me-covecni


16-06-2015, 11:58 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 452
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#3

1)
Народно Ослободителен Фронт

Откако Грција во 1941 е окупирана од Италија, Германија и Бугарија, на територијата на Северна Грција се формираат неколку организации на отпорот. Некои од нив се борат против фашистичките окупатори, како ЕДЕС (десничарска организација предводена од Наполеон Зервас), додека други се колаборационистички - но заедничко за сите нив е што сите го напаѓаат невиното македонско население во северна Грција, гледајќи ги Македонците како потенцијална опасност.

Овој терор е продолжение на теророт за време на режимот на Метаксас , но со многу поѕверски средства. Тука е и ЕЛАС, партизанска армија водена од Комунистичката партија на Грција (КПГ). Иако ЕЛАС во неколку наврати навлегува во македонските села и врши присилна мобилизација, Македонците ја симпатизираат заради попозитивниот став на КПГ кон етничките малцинства во Грција.

Најзлосторната вооружена група која врши репресалии над Македонците е колаборационистичката „Тагмата Асфалиас“ (Баталјони за сигурност), која обвинувајќи ги за автономисти, буквално врши физичко истребување на македонското население во западна Егејска Македонија. Конфискации, силувања на девојки и погубувања извршени од страна на тагматистите се секојдневна појава за Македонците.

СНОФ

КПГ отпрвин се плаши на Македонците да им дозволи да формираат своја организација, но откако увидува дека незадоволството на Македонците расте, како и заради опасноста од појавување на македонски про-германски организации, како Охраната, КПГ најпосле се согласува.

Првата македонска воена организација, СЛОВЕНО-МАКЕДОНСКИ НАРОДНО Ослободителен Фронт (СНОФ) е формирана во 1943 година од страна на етнички Македонци членови на КПГ. Пред формирањето на СНОФ, дел од Македонците од Грција војуваат во Народно-oслободителната Армија на Грција (ЕЛАС)[. Првата цел на СНОФ е да ја добие поддршка на целото македонско население и преку СНОФ да го мобилизира во Грчкиот Антифашистички Фронт (ЕАМ). Исто така СНОФ се бори против активноста на Охраната во западна Егејска Македонија. Откако вооружениот состав нараснува, единиците на СНОФ започнуваат да водат битки против фашистичкиот окупатор во северна Грција, соработувајќи притоа со КПГ.

За тоа време, СНОФ печати свој весник, а Македонците прават обиди да организираат настава и печатење на книги на македонски јазик[8]. Но сето тоа се осуетува со доаѓањето на крајот на Народноослободителната војна во Грција, и на Британската интервенција. Малку пред крајот на војната, во мај 1944 година, стравувајќи дека Македонците ќе создадат силна војска, која би била важен фактор во северна Грција, ЦК на КПГ издава наредба за расформирање и разоружување на СНОФ. Незадоволни од решението на КПГ за расформирање на македонските баталјони, некои од командантите на СНОФ, предводени од Павле Раковски и Вангел Ајановски - Оче, заедно со цели баталјони преминуваат во Вардарска Македонија. Тука тие учествуваат во завршните операции на Народноослободителната војна во Вардарска Македонија, а потоа од страна на Лазар Колишевски се пратени на Сремскиот фронт[9].

Формирање на НОФ

По ослободувањето на Грција и потпишувањето на Договорот од Варкиза за разоружување на ЕЛАС, почнува да излегува на површина тензијата меѓу левите сили и владата поддржана од Велика Британија околу прашањето за власта во повоена Грција. Поради дијаметрално спротивните позиции на двете страни, нема никакви знаци за постигнување на консензус за политичка стабилизација на државата. Демократските леви сили се изолирани од процесот, а владата во Атина, поддржана од британската интервенција, ја презема целата власт за себе. Откако ЕЛАС се разоружува и демобилизира, КПГ и демократските сили ја држат линијата за политичка борба во рамките на демократските институции[10], без притоа да спомнува можноста за вооружена пресметка.

Додека КПГ се обидува да оствари дел од своите цели во рамките на политичкиот дијалог, во Северна Грција се активираат десничарски банди, потпомогнати од владини сили кои го тероризираат етничкото македонско население, обвинувајќи го за автономистичка и сепаратистичка дејност. Иако за време на окупацијата „Баталјоните за сигурност“ (Тагмата Асфалиас) се соработници со фашистите, британската интервенција и грчката влада не ги расформираат, ниту ги гонат, туку напротив ги искористуваат како орудие за борба против левичарите и етничките малцинства. Така на пример ЕДЕС на Наполеон Зервас потпомогнат од единици на Тагмата вршат геноцид и егзодус на етничкото албанско население во јужен Епир и Чамерија. Истото го прават во повеќе македонски села во Костурско и Воденско.

Уставот на НОФ.
Гледајќи дека КПГ се ориентира кон борба со политички средства и неможејќи да го трпи секојдневниот терор и понижување, Македонците од Воден, Костур и Лерин го формираат Народно Ослободителниот Фронт (НОФ). НОФ е формиран на 23 април 1945 година од страна на Михајло Керамитчиев, Паскал Митревски, Георги Урдов, Атанас Коровешов, Павле Раковски и Минчо Фотев. Според првиот устав, цели на НОФ се: борба против грчките монархофашистички агресори, борба за демократија и слободна грчка република и борба за физички опстанок на Македонците во Грција.

Отпрвин делувањето на НОФ се ограничува само на организирање на штрајкови, протести на улиците, фабриките, публикување на нелегални весници и памфлети, но наскоро создаваат и вооружени чети. Непосредно пред формирањето на НОФ, Вангел Ајановски - Оче со дел од соборците кои се враќаат живи од Сремскиот фронт, се префрлува илегално во Воден и таму ја формира Тајната Ослободителна Македонска Организација (ТОМО) со две вооружени чети. По создавањето на НОФ, ТОМО се приклучува кон првите и вооружените сили се обединуваат. Македонските членови на КПГ и борците од Егејската ударна бригада од бившиот СНОФ кои во 1944 година се префрлуваат во Вардарска Македонија, сега почнуваат да се враќаат во нивните родни места во Северна Грција и влегуваат во редовите на НОФ. Во 1945 НОФ располага со 12 вооружени чети во Костурско, 7 во Леринско и 11 во Воденско и Ениџевардарско.[12] Овие чети патролираат по селата и нивна основна цел е да го заштитуваат невиното население. Од средината до крајот на 1945 овие групи водат 30 битки со монархофашистички патроли. Најголемата од нив се случува во близина на паланката Меглен, кога конвој кој превезува политички затвореници е нападнат од сили на НОФ. 14 владини војници се убиени, 9 заробени и сите затвореници (Македонци и Понтијци) се ослободени[13].

Во некои воденски села, дури и Понтијци стануваат членови на комитетите на НОФ. Во Костурско пак многу Власи се вклучуваат во НОФ, паралелно со Македонците[14]. Отпрвин постои отворен конфликт меѓу КПГ и НОФ. КПГ верува во позитивниот исходот од една политичка дискусија и сака НОФ да се разоружи и КПГ да продолжи со преговори. НОФ пак инсистира на вооружена пресметка со монархофашистите. Раководителите на НОФ знаат дека владата во Атина нема да го исполни нејзиниот дел од Договорот во Варкиза, додека пак Никос Захаријадис сѐ уште верува дека има шанса за некаков договор со Реакцијата. Додека КПГ се реши за промена на стратегијата, т.е. за објавување на вооружено востание во 1946 година, НОФ веќе дејствува самостојно од КПГ, водејќи неколку битки против владините сили потпомогнати од Велика Британија. Де факто, НОФ е еден од факторите кои го стимулираат започнувањето на востанието на демократските леви сили против монархофашистичката влада. НОФ создава регионални и местни комитети во сите области населени со компактно македонско население (Леринско, Воденско, Мегленско, Ениџевардарско и Костурско).

Обединување на НОФ со Демократската Армија[

Кога НОФ се претвора во моќен фактор во Северна Грција, КПГ решава да започне преговори со нив. Преговорите се водат од страна на Михајло Керамитчиев и Паскал Митровски како претставници од НОФ, и Маркос Вафијадис како претставник на КПГ. Во меѓувреме додека траат преговорите по наредба на ЦК на КПГ, партизанските единици на територијата на Егејска Македонија, Тесалија и Пелопонез се обединуваат во единствена Демократска Армија на Грција (ДАГ), на чело со генерал Маркос.

Треба да се одбележи дека во Костурско и Воденско, бројот на вооружени лица на НОФ е 3 пати поголем од оној на партизаните од ДАГ. По близу 7 месеца непрекинати преговори, КПГ и НОФ, најпосле доаѓаат до договор за обединување. И на 21 ноември 1946 година, НОФ се обединува со ДАГ, предавајќи ја врховната команда на своите вооружени членови на Маркос Вафијадис. ДАГ на НОФ и го признава правото на социјална и политичка организација на сите Македонци во Грција. НОФ ќе го организира, обучува и просветува македонското население, и ќе се претвори во неисцрпен извор на војници Македонци за ДАГ.

За време на целиот конфликт, 60% од војниците во Демократската Армија се етнички Македонци. За сето тоа време НОФ и КПГ ја држат таканаречената „минималистичка позиција“ за решавање на прашањето на Македонците во Грција (РАМНОПРАВНОСТ НА МАКЕДОНСКИОТ СО ГРЧКИОТ НАРОД ВО РАМКИТЕ НА ЕДНА ДЕМОКРАТСКА ГРЦИЈА) и НОФ го осудуваат и се борат ПРОТИВ СЕКОЈА ПРОЈАВА НА АВТОНОМИЗАМ .

Македонците и Граѓанската Војна во Грција

Веднаш по обединувањето на НОФ со ДАГ, партизанските единици лоцирани во Костурско, ги напаѓаат владините сили во падините на Вич планина. По едномесечни борби, Вич планина е исчистена, а по еден месец е ослободена и Грамос заедно со сите села таму. На овој начин во западна Егејска Македонија се формира првата слободна територија. Во понатамошните етапи од војната слободната територија се проширува во правец Лерин - Воден - Меглена. Голем број Македонци се испратени и да војуваат во Тесалија и дури во предградијата на Атина. Веднаш по средбата меѓу Керамитчиев и претставници од ДАГ, решено е во слободните територии да се отворат училишта на македонски јазик[16]. Почнуваат да се печатат книги и весници на македонски јазик, се организираат македонски театри, културни организации и др. Исто така, во рамките на НОФ, се организира организација на жените Македонки - АФЖ (Антифашистички фронт на жените) и младинска организација - ОНОМ (Организација на Народно Ослободителната Младина).

Македонците се борат многу храбро во Граѓанската војна и даваат огромен придонес за победите на Демократската Армија. Но наскоро се разгорува конфликтот меѓу Коминтерната и СФРЈ, и секакви врски меѓу ДАГ и СФРЈ се прекинати. Генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис ја прави најголемата грешка во конфликтот кога во 1948 година го разрешува генерал Маркос Вафијадис од должноста командант на ДАГ и на негово место се назначува себе си. Исто така ги распушта поважните воени команданти и на нивно место назначува партиски функционери без никаква воена обука. Тактиката на Вафијадис во првите три години на конфликтот е многу успешна - герилски напади над монархофашистичките сили, со цел истоштување на владината армија.

Поразот на Демократската армија

Благодарение на лошата тактика на Захаријадис и на новопоставените команданти кои немаат никаква воена обука, како и под ударот на супериорно вооружената монархофашистичка армија, ДАГ почнува да ги губи ослободените територии, и да се повлекува на север. Но иако лесно вооружени, и имајќи само неколку полски топа, ДАГ (составена претежно од Македонци), се бори храбро за секоја педа земја.

Од обединувањето со ДАГ, во 1946, до крајот на војната НОФ ја држи минималистичката линија, т.е. борба за рамноправност на македонскиот народ со грчкиот во една демократска грчка република. Но, на 5-от Пленум на Комунистичката Партија на Грција, со цел да се мобилизираат повеќе Македонци во ДАГ, а и за да се даде признание за натчовечката храброст на Македонецот борец, и невидената саможртва, на 31 јануари 1949 ЦК на КПГ се објавува за „максималистична линија“, т.е. кога ДАГ ќе ја преземе власта во Грција, на Македонците ќе им се признае правото на самоопределување (правото да формираат независна македонска држава обединета во нејзините географски граници).[21] Оваа нова линија на КПГ има одраз врз темпото на мобилизација (кое и онака е над просекот), но не успева да го смени текот на војната.

Во битките на Вич и Грамос, под деноноќните бомбардирања со напалм бомби и артилериски баражи, ДАГ со целиот свој состав и местното население е избркана од Грција. Заради влошените односи со СФРЈ, која ги затвара своите граници, евакуацијата се спроведува преку Албанија.

Егзодус на етничките Македонци од Грција

Грчките монархофашисти, гонејќи ја ДАГ, на најѕверски начин го уништуваат секое село што ќе се најде на нивниот пат, физички ликвидирајќи или прогонувајќи го цивилното население. Некои од нив насилно, други по своја волја (за да се спасат од репресии или ликвидирање) околу 50.000 луѓе Македонци и Грци пребегнуваат од Грција заедно со силите на ДАГ. На оваа бројка треба да се додаде бројката од 18.000 деца испратени во 1948 по барање на ДАГ од северна Грција во земјите од Источна Европа, со цел да ги спасат од ужасите на војната. Сите овие бегалци се транспортирани во социјалистичките земји од источна Европа и во СССР.

Затоа што линијата на НОФ е против Тито и Лазар Колишевски, на борците од НОФ дури после 1970 им е дозволено да дојдат во СР Македонија, каде тие активно се вклучуваат во стопанскиот живот и придонесуваат за изградба на нивната нова татковина.

Во 1982 Грција изгласува закон за национално помирување со кој им се дава дозвола на борците од ДАГ „со грчко потекло“ да се вратат во државата и да им биде вратена земјата. Но на борците етнички Македонци до ден денес им се негира тоа право



http://mk.wikipedia.org/wiki/Народно_Осл...елен_Фронт
25-06-2015, 05:00 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 452
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#4

2)
Комунистичка партија на Грција

Комунистичката партија на Грција (КПГ) (на грчки, Κομμουνιστικό Κόμμα Ελλάδας) е најстарата и историски најактивната партија во Грција. Активна е од 1918, се до денешен ден.

Основана е во Солун на 4 ноември 1918 година, од страна на солунскиот Евреин Аврам Бенароја под името Социјалистичка работничка партија на Грција. Во 1920 година е преименувана во Социјалистичка работничка партија на Грција - комунисти, а во 1924 година го добива денешното име, Комунистичката партија на Грција.

На својот трет вонреден конгрес во 1924 година, КПГ го прифаќа марксизмот-ленинизмот како официјална идеологија, втемелен врз принципот на демократски централизам. Партијата до ден денес се раководи од овие принципи.

Дејност
До 1941

Уште од своето формирање партијата се бори за правата на работните маси, и е единствена партија во Грција која застанува во заштита на етничките малцинства.

КПГ Грчко-турската војна 1919-1922 ја оквалификува како империјалистичка и ги повикува грчките војници да дезертираат.

КПГ и нејзиниот печатен орган „Ризоспастис“ е единствената партија која го заштитува правото на етничките Македонци од Егејска Македонија на самоопределување, користење на мајчин јазик и други културни права.

Дури во 1934 година, КПГ потпишува декларација со која ја подржува идејата за создавање на независна република Македонија обединета во нејзините етнички и географски граници. Но во 1937 се откажува од оваа декларација, заради сменетите услови во Северна Грција, кадешто Македонците не се веќе предоминантно население.

Партијата е забранета во 1936 година од страна на грчкиот фашистички диктатор Јоанис Метаксас, и голем дел од нејзините членови се или ликвидирани или заточени по островите.

Втора светска војна и Граѓанската војна

По фашистичката окупација на Грција, КПГ го организира отпорот против окупаторите, и го формира ЕАМ, и нејзината партизанска армија ЕЛАС. По завршувањето на Втората светска војна, КПГ го потишува Договорот од Варкиза со кој ветува разоружување на ЕЛАС, а привремената влада во Атина потпомогната од британската интервенција ветува учество на КПГ во политичкиот процес. Откако увидуваа дека е изиграна, ЦК на КПГ ја формира Демократската Армија на Грција и започнува преговори со претставниците на Народно-ослободителниот Фронт на Македонците од Егејска Македонија (кој по неговото формирање во 1945, се претвора во моќен фактор) за обединување на силите.

По обединувањето на ДАГ со НОФ, започнува Грчката граѓанска војна, која трае 4 години. Иако првите три години ДАГ, под раководство на генерал Маркос Вафијадис успева да нанесе огромни жртви на монархо-фашистите и да создаде слободни територии, во 1948 доаѓа до смена на раководството на Демократксата армија и на нејзино чело доаѓа генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис, кој герилската тактика ја заменува со фронтална. Во 1949 ДАГ е поразена во втората битка за Вичо, и со целиот свој состав ја напушта Грција.

Повоениот период

КПГ иако во прогон, постои да постои и да функционира. Челниците на КПГ се населени на територијата на Советскиот Сојуз, и во Казахстан до 1957 година одржуваат 4 конгреса. Во Грција пак, за тоа време, КПГ останува забранета, а од 1950 до паѓањето на владата на хунтата во 1973, стотици активисти на КПГ се стрелани и интернирани.

Денес

Во 1974 со акт на грчката влада, КПГ е легализирана, и влкучена во политичкиот живот на Грција. Од тогаш, до денес КПГ активно учествува на изборите, притоа на изборите во 2004 година добивајќи скоро 10% од гласовите.

КПГ и Македонија

Голем е и бројот на македонските членови на КПГ кои својот живот го даваат за заедничките идеали на демократскиот македонски и грчки народ - Лазо Ангеловски, Мирка Гинова, Лазо Трповски и други.

Комунистичката партија на Грција е единствената организација во Грција која ги признала правата на самобитноста на Македонците. Тоа го прави во 1934, и во историскиот петти пленум кога тогашниот водач Никос Захаријадис го признава правото на Македонците за самоопределување и формирање на обединета македонска држава. Во својата изјава тој рекол: „... поради невидената храброст на борецот Македонец, како и заради натчовечката саможртва на целиот македонски народ, утре во една слободна демократска Грција управувана од КПГ, Славомакедонците сами ќе си го решат националното прашање“.

И денес, КПГ е единствената партија која го подржува решавањето на спорот со името на поволен начин за Македонците. Според КПГ, државата има право да се вика Република Македонија, додека народот да се вика Славомакедонци.


http://mk.wikipedia.org/wiki/Комунистичк..._на_Грција

25-06-2015, 05:02 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 452
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#5

3)
МАКЕДОНСКИ СВЕДОШТВА

Обединување на НОФ со Демократската Армија

Кога НОФ се претвора во моќен фактор во Северна Грција, КПГ решава да започне преговори со нив. Преговорите се водат од страна на Михаил Керамитчиев и Паскал Митровски како претставници од НОФ, и Маркос Вафијадис како претставник на КПГ. Во меѓувреме додека трајат преговорите по наредба на ЦК на КПГ, партизанските единици на територијата на Егејска Македонија, Тесалија, и Пелопонез се обединуваат во единствена Демократска Армија на Грција (ДАГ), на чело со генерал Маркос.

Треба да се одбележи дека во Костурско и Воденско, бројот на вооружени лица на НОФ е 3 пати поголем од оној на партизаните од ДАГ. По близу 7 месеца непрекинати преговори, КПГ и НОФ, најпосле доаѓаат до споразумание за обединување. И во средината на 1946 година, НОФ се обединува со ДАГ, предавајќи ја врховната команда на своите вооружени членови на Маркос Вафијадис. ДАГ на НОФ и го признава правото на социјална и политичка организација на сите Македонци во Грција. НОФ ќе го организира, обучува и просветува македонското население, и ќе се претвори во неисцрпен извор на војници Македонци за ДАГ.

За време на целиот конфликт, 60% од војниците во Демократската Армија се етнички Македонци. За сето тоа време НОФ и КПГ ја држат таканаречената „минималистичка позиција“ за решавање на прашањето на Македонците во Грција (рамноправност на македонскиот со грчкиот народ во рамките на една демократска Грција), и НОФ го осудуваат и се борат против секоја пројава на автономизам.

Македонците се борат многу храбро во Граѓанската Војна и даваат огромен придонес за победите на Демократската Армија. Но наскоро се разгорува конфликтот меѓу Коминтерната и СФРЈ, и секакви врски меѓу ДАГ и СФРЈ се прекинати. Генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис ја прави најголемата грешка во конфликтот кога во 1948 година го разрешува генерал Маркос Вафијадис од должноста командант на ДАГ и на негово место се назначува себе си. Исто така ги распушта поважните воени команданти и на нивно место назначува партијски функционери без никаква воена обука.. Тактиката на Вафијадис во првите три години на конфликтот е многу успешна - герилски напади над монархофашистичките сили, со цел истоштување на владината армија.

Македонците борци, кои го сочинуваат ’рбетот на ДАГ успешно ја извршуваат оваа задача, и успеваат да ја бранат слободната територија во Северна Грција. Слободната територија во првите 3 години од конфликтот се проширува и започнува од Лерин, преку Тесалија се до Атика, а има и ослободени територии во Пелопонез (кои не траат многу).

Вафијадис и ДАГ нанесувајќи им огромни жртви на монархофашистите, успева да создаде слободната територија која се протега по селата и планините, додека владините сили се изолирани само во градовите. Но Захаријадис започнува нова стратегија, која се покажува смртоносна за Демократското движење. Захаријадис наредува преминување од герилска во фронтална војна. ДАГ е неподготвена за таков обрт во таа фаза на војната. Згора на тоа, БРИТАНСКАТА интервенција се заменува од АМЕРИКАНСКА , и Американците праќаат тенкови, авиони, артилерија и муниција. Имено заради отворената англо-американска помош во логистика, парични средства и тешка воена машинерија (тенкови, авиони и др.) за владините сили, како и заради раскинувањето на врските со СФРЈ од страна на ДАГ, доаѓа до пресврт во текот на војната.

Поразот на Демократската Армија

Благодарение на лошата тактика на Захаријадис и на новопоставените команданти кои НЕМААТ НИКАКВА воена обука, како и под ударот на супериорно вооружената монархофашистичка армија, ДАГ почнува да ги губи ослободените територии, и да се повлекува на север. Но иако лесно вооружени, и имајќи само неколку полски топа, ДАГ (составена претежно од Македонци), се бори храбро за секоја педа земја.

Од обединувањето со ДАГ, во 1946, до крајот на војната НОФ ја држи минималистичката линија, т.е. борба за ремноправност на македонскиот народ со грчкиот во една демократска грчка република. Но, на 5-от Пленум на Комунистичката Патија на Грција, со цел да се мобилизираат повеќе Македонци во ДАГ, а и за да се даде признание за надчовечката храброст на Македонецот борец, и невидената саможртва, на 31 јануари 1949 ЦК на КПГ се објавува за „максималистична линија“, т.е. кога ДАГ ќе ја преземе властта во Грција, на Македонците ќе им се признае правото на самоопределување (правото да формираат независна македонска држава обединета во нејзините географски граници). Оваа нова линија на КПГ има одраз врз темпото на мобилизација (кое и онака е над нормалното), но не успева да го смени одот на војната.

Во битките на Вич и Грамос, под деноноќните бомбардирања со напалм бомби, и артилериски баражи, ДАГ со целиот свој состав и местното население е избркана од Грција. Заради влошените односи со СФРЈ, која ги затвара своите граници, евакуацијата се спроведува преку Албанија.

http://macedoniantestimony.blogspot.com/2011/09
25-06-2015, 05:04 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 452
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#6


Пази го сега овој бисер Балкански .
Хахахах
Абе ова алтрнстивниве –забегани демек историчари се живо срање

Види :


Го напушта ли Србија Балканот?

Објавеново 04 јули 2015

Втората светска војна траеше во Грција од 1940 до 1949, затоа што никако не можеа да се откинат од Русите, Тито и од Балканот, додека не им беше приведен умот со напалм, британската воена интервенција и активностите на ЦИА, а Сталин и Тито ги оставија на цедило ПА Тито, згора на тоа,СВОЈОТ командант Маркос Вафиадес ГО ДОСТАВИ на Сталин, КОЈ ГО ОДНЕСЕ во Сибир, додека Маршалот се сликаше на Пропилеи со грчкиот крал Павле и дамите, Јованка и кралицата Фредерика, која го гледа – забележи камерата - како да гледа жив Минотаур ...

http://www.plusinfo.mk/vest/32474/go-nap...a-balkanot

Хахахахах
Тито ги праќал Сталинистите на Голи Оток
Сталин чистел се што е Титоистичко
Двајцата си праќале атентатори да се убијат ...
Амааааааааааа
Ете во такви услови Тито пратил кај Сталин негов командант Маркос овој оберучке го примил и го препратил во Грција .
А доказ ?
Ај бе доказ па сеа и ти многу бараш .........хахаахаха хахах

Тоа ти е исто со твдењето дека при крајот на војната во Макеоднија имало 100 000 Македонска војска ама ете дошол некојси Темпо и се повзрал со некосји 12 комунисти и така овие му ја украле победата на “самоорганизираниот “ народ.
Абе ако е така 13 луѓе да победат 100 000 војска тогаш пиши “ виша сила “ тоа гарант бил Господ и 12-те апсотоли

Хахаха
Ејјјјј ненормални.......
07-07-2015, 11:47 AM
Reply