Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИМА ИДНИНА-НОВА ПАРТИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Владимир Лазаревик: „Комуњарскиот“ систем што го унапреди оваа влада многу тешко се урива, но темелите му се разнишани и јас ќе придонесам да бидат срушени

[Image: mkd-198300.jpg?itok=f0u0Mflb]

Бившиот заменик-министер за здравство во владата на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Лазаревик од неформалната група „Амстердамска тројка“, сега дел од „Има иднина“, периодов се наметна во јавноста со своите политички, критички и приземни ставови. Лазаревик во интервју за МКД.мк зборува за актуелната владејачка номенклатура, а истовремено дава своја визија за демократска Македонија, за вклучување на граѓанскиот сектор во администрацијата и за потенцијалните реформи во здравството. Исто така, го појаснува и својот удел во интернет-медиумот „Кирилица“.

Периодов активно ги критикувавте политиките на владејачката номенклатура, особено по објавените „бомби“ на опозицијата. Што се случи со оној Лазаревик кого во 2006-та Груевски го покани да му биде советник за реформи во здравството, а девет години подоцна стана негов критичар?

Знаете како, јас Никола секогаш сум го критикувал. Тоа беше така уште во самите почетоци од нашата соработка. Јас не сум човек што знае да премолчи, и ако има нешто со кое не се согласувам, јас го кажувам. Се разбира, моите ставови не секогаш ги кажував во јавноста, но немаше состанок со Никола на кој јас не сум имал свое мислење. Со Никола имав многу средби, многу состаноци, седници на Влада, каде што јас отворено не се согласував со неговите предлози. Тој често знаеше и да се пошегува, во смисла, откако сите ќе се согласат со неговото мислење, ќе се сврти накај мене и ќе ми каже, „ајде Владо сега ти удри една контра“. И јас нормално, ќе удрам контра на тоа што секогаш сум го сметал како нереaлно и неостварливо. Така што, во принцип, јас не мислам дека многу сум се променил, туку она што го мислам е дека Никола целосно се загуби во времето и просторот пред сè поради тоа што загуби блиски луѓе околу себе, луѓе што беа спремни да не се согласуваат со неговото мислење. Кога ќе ги елиминирате добронамерните критичари во својот близок круг, неминовно е да ви се случи ова што последните месеци како во лош хорор-филм им се случува на Никола и другарите.

Неодамна рековте дека денешната ВМРО-ДПМНЕ е целосен опозит од она што некогаш било идеја на ВМРО. Која всушност беше идејата на ВМРО-ДПМНЕ низ годините, како репрезент на десницата, за денеска да „избега“ од колосек?

Да ви кажам искрено, тоа е многу тешко прашање. Практично, оваа криза вистински го поставува под прашалник и функционирањето и идејата на нашето ВМРО, под кое мнозинството граѓани го подразбираат ВМРО-ДПМНЕ низ овие 25 години македонска независност. Кога вие денес ќе свртите наназад, и кога ќе ги погледнете улогите на Љубчо Георгиевски и Никола Груевски како лидери на десницата и на ВМРО, и покрај многуте различности, вие може да видите и толку многу сличности. Тие сличности и таа близина особено станаа јасни во неверојатната поддршка што Љубчо му ја дава на Никола во оваа безумна политичка криза.

Тогаш, секој од нас може легитимно да си го постави прашањето, па добро која е всушност идејата на ВМРО низ годините? Па јас ќе ви кажам дека идејата на ВМРО отсекогаш била една и единствена, слобода за Македонија. Во изминатите 25 години, Македонија не успеа да стане слободна земја. Македонија не успеа да се откаже од комунистичкиот систем и методи на владеење формирани уште во 1945 година. Македонија не успеа смело да погледне кон минатото, да ги разреши мрачните траги што ѝ пречат да чекори гордо и достоинствено кон иднината. И тука, сметам дека двете владејачки гарнитури на ВМРО-ДПМНЕ целосно ги имаат изневерено идеите на ВМРО и дека треба да си ја сносат одговорноста за тоа.

Заедно со Никола Димитров и Перо Димшоски сте дел од „Амстердамската тројка“. Колку и дали е отворен патот оваа неформална група да прерасне во политичка партија, како потенцијален реформатор на десниот блок?

За Никола Димитров не можам да зборувам. Но јас и Перо Димшоски сме основачи и дел од ИМА ИДНИНА, нашата нова организација за унапредување на демократските и политичките процеси во Македонија. И можам да ви кажам дека ние имаме многу сериозни намери покрај граѓанска организација, да формираме и политичка партија со која ќе настапиме на следните избори. Ние сметаме дека денес е вистинското време на граѓаните во Македонија да им понудиме една либерална политичка опција. Опција што ќе успее да ги обедини, или во најмала рака да ги привлече гласачите од сите етнички групи. Опција што безрезервно ќе се бори против политичката корупција, популизмот и државниот клиентелизам. Имаме многу идеи, многу контакти и одлично сме организирани и работиме на теренот.

Дали „ИМА ИДНИНА“ веќе подготвува партиска програма, со оглед на актуелните настани и нестабилната политичка клима, па гледате можност за своја промоција во политичкиот свет?

ИМА ИДНИНА работи на проект што се вика Дијалог со граѓаните. Овој проект има цел да им ги предочи на граѓаните стартните позиции за сите клучни сектори што ние веќе ги имаме разработено, и по пат на дијалог за секоја од тие теми да дојде до дефинирање реална и остварлива политичка програма, која ќе ја промовира новата политичката партија ИМА ИДНИНА. И искрено веруваме дека таа програма и политичка идеја ќе биде вистинско освежување за овој целосно уништен политички простор.

Како бивш заменик-министер за здравство, своевремено бевте активно вклучен во процесите низ здравствениот систем. Оттука, како ги оценувате денешните одлуки на раководителите во здравството? Што е направено и што може да се направи за да се подигне нивото во здравствениот сектор?

Здравјето и здравството се мои омилени и професионални теми. Како и за многу други сектори, во здравството е исклучително тешко и неблагодарно да дадете едноставна оцена за состојбите. Јас не само што бев вклучен, туку сум автор на двете изборни програми на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 и во 2008 година и тука ја чувствувам мојата директна одговорност. А тоа е дека, тоа што јас го имав замислено и предложено и ова што денес ни се случува - тоа се две различни планети. Една во која се залагавме за автономија, децентрализација, департизација и намалена приватна потрошувачка, и друга во која постои целосно централизација, партизираност, популизам и зголемени приватни трошоци во здравството. Тешко ми е во овој простор да дадам анализа на тоа што се случувало во минатите години во здравството, но можам да дадам препораки за наредниот министер за здравство што е тоа што треба да се случи под услов да се има силен реформаторски ориентиран тим во Министерството и Фондот. Тоа се 10 предлог-реформи: редефинирање на политиката за придонеси во здравство, реинтеграција на Клинички центар во една функционална целина, со автономија на одделните клиники, воспоставување систем на правична дистрибуција на ресурси во здравството, редефинирање на моделите за плаќање по учинок во болниците, унапредување на процесот на реформи во примарното здравство и капитацијата, коренита и суштинска реформа на системот на статистика и анализи преку дефинирање модел за евалуација и процена на резултатите од секоја реформа, подобрен достап до новите лекови и современата терапија, целосно нов концепт на доделување специјализации во здравството, како и давање значење на постојните специјалисти, коренита реформа на итната медицинска помош. Сите овие мерки треба да бидат насочени кон намалување на приватната потрошувачка за здравје и здравство, подобрување на квалитетот на живот и продолжување на животниот век на граѓаните. Дел од овие работи може да ги направи и преодната влада, или барем да ги постави основите, за наредната демократски избрана влада вистински да го искорени популизмот во здравството и да успее да го стабилизира здравствениот систем.



„Амстердамската тројка“ досега се поврзуваше со десницата, а сепак носи име на град што е синоним за либералните сфаќања и политики во однос на ЛГБТ-заедницата, кон еднаквоста, толерантноста, во однос на канабисот... Дали името е случајно, или можеби „тројката“, а сега „Има иднина“ со своето дејствување ги урива стереотипите и дава нова визија за десницата?

Амстердам не беше случајно одбран како град. Јас го сакам Амстердам и многу пати сум бил таму. Од 7 март до 6 мај ние, Амстердамската тројка, прераснавме во ИМА ИДНИНА, движење што застапува целосно либерални идеи и кое обединува многу голем број членови, поддржувачи и симпатизери. „Има иднина“ нема ама буквално никаков проблем на темата ЛГБТ-заедница. Ние ќе настојуваме да се почитуваат човековите права и еднаквост на сите граѓани, независно од нивната лична определба, политичка или каква било друга припадност. Ние сакаме да придонесеме луѓето да се чувствуваат слободно, да се чувствуваат свои. Ние ќе ги поддржиме во тоа што луѓето ги прави да бидат поблиски. И да, имаме целосно јасна стратегија на дејствување насочена кон уривање на сите стереотипи и табуа што нè обременуваат со децении. И тоа не се однесува само на темите како што се ЛГБТ или канабисот. Тоа се однесува на сите теми што нè обременуваат од минатото и ни пречат да гледаме кон иднината.

Низ годините наназад во државната администрација се вработени десетици илјади луѓе. Дали сметате дека е потребна поголема вклученост на граѓанскиот сектор и невладините организации во извршувањето на дел од функциите во администрацијата?

Една од работите за кои ние јасно и недвосмислено ќе се заложиме е креирање политики за формирање на таканаречена „опен сорс“ или отворена администрација. Поточно, сè поактивно и подиректно вклучување на невладиниот и приватниот сектор во извршувањето на работите што денес треба, а не успева да ги заврши државната администрација. Овој концепт е сосема нов, дури и во САД. Но тој може да даде фантастични резултати ако се примени во Македонија. Ние не можеме да градиме држава на популизам проткаен со континуирано и бесконечно вработување во државната администрација. Еден вид таков популизам е и вработувањето преку Рамковниот договор. Јас немам никаков проблем со потребата да бидат вработени повеќе Албанци во јавната администрација. Но кога тоа вработување има цел само да биде поистоветено со бројка, а не со суштината во давањето услуги кон граѓаните, тогаш тоа е врвен популизам. И тука веќе не станува збор дали се вработуваат Македонци или Албанци, станува збор дека граѓаните не добиваат услуги за парите што ги одвојуваат преку даноците што ги плаќаат. Тука, концептот на отворена администрација може да му нанесе фатален удар на популизмот, преку кој се хранат денешните политички елити. Тие се хранат, на сметка на уништувањето на прогресот на Македонија.



Во едно интервју рековте дека во еден период е можно со Зоран Заев да бидете политички противници, но не и непријатели. Што значи ова? Дали изминативе години нивото на партиските опоненти се сведе на препукувања од конференции и штабови, сатанизирање на туѓите ставови, па јавноста подзаборави на поимот „политички противник“?

Видете, јас никогаш не сум бил СДСМ, ниту некогаш имам намера да бидам. Јас секогаш сум се гледал од другата страна на она што некогаш, а и денес го претставува СДСМ. Но тоа за мене никогаш не значело дека луѓето од СДСМ се „комуњари” и дека поради тоа јас не треба да зборувам со нив, или дека треба да ги уништам или да ги сотрам. Таа срамна политика на поделба, сатанизирање и бесконечно малтретирање на политичките противници, кои се прогласени за непријатели, е карактеристика на оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. И од тие причини, денешните претставници на ВМРО-ДПМНЕ се најголемите и најзлобни комуњари што рамо до рамо стојат со најжестоките претставници на Титовиот удбашки систем, кој прогонувал и осудувал луѓе за идеите на ВМРО, кој убивал и измачувал илјадници луѓе и ги праќал на Голи Оток. Ние мораме конечно да го урнеме тој систем и да почнеме да ја градиме Македонија како вистински независна, слободна и европска земја. И јас многу сакам противници, но не поднесувам непријатели. Затоа со големо задоволство ќе гледам кон Заев како политички противник, но се надевам никогаш како кон непријател.

Последниве недели низ јавноста се прошири информацијата дека станавте дел од „Кирилица“. Каква e улогата, односно која е вашата позиција во овој медиум? Дали „Кирилица“ е уште една платформа за истражување, опсервација и артикулирање ставови во однос на сите општествени и политички аномалии?

Кирилица е медиумски проект на кој јас работам веќе неколку години. Јас сум човек што верува во моќта на брендовите. За мене КИРИЛИЦА е голем македонски интернет-бренд. Не само поради името, туку и поради тоа што е еден од првите интернет-портали во Македонија, отворен во 2008 година. Во 2012 година имавме идеја преку брендот на Кирилица да направиме медиумски мирор-проект во Македонија и во Бугарија. Поточно, да направиме две независни, но на некој начин поврзани редакции со новинари, во наша сопственост, кои ќе работат одвоено на локални теми од Македонија и од Бугарија, и кои ќе почнат да пренесуваат вести од двете држави што кај нас не се пренесуваат. Да пренесуваат вести што ќе нè доближуваат, а нема да нè оддалечуваат. Вести за тоа како денес живее Пламен во Софија, и како живее Наташа во Скопје. Идејата ја развиваме во сериозен предлог-проект, со кој дури успеав лично да го запознаам и комесарот Штефан Фуле, кој беше многу заинтересиран да ни помогне. Но сепак тогаш не успеавме да направиме соодветна финансиска конструкција и иако кирилица.бг започна со работа, ние за кусо време го одложивме проектот.

Сега, во 2015 година, сме многу подобро подготвени. Сега, КИРИЛИЦА е дел од Хелтгрупер и ќе ја развиваме како целосно независен, непрофитен и регионален медиум. Кога велам непрофитен, тоа не значи дека КИРИЛИЦА нема да објавува и да наплатува реклами или промотивни текстови, туку нашиот план е да ја развиваме КИРИЛИЦА во насока како за период од 3 години медиумот сам по себе да стане организација, која ќе успее да има одржлива финансиска конструкција. Тоа сега е исклучително тешко, и од тие причини Кирилица ќе биде дел од организацијата Хелтгрупер, која ќе ѝ помогне постепено финансиски да се развие и да се осамостои. Она што е важно е дека КИРИЛИЦА ќе има целосно независна уредувачка политика, со свој главен уредник и тим новинари што ќе работат согласно со правилата на игра што ќе ги посочи уредникот. Јас сум директор на Хелтгрупер и сум иницијатор и инспиратор на овој проект. Мојата улога ја гледам пред сè во менаџерски аспект, во негување, промоција и развој на брендот КИРИЛИЦА, но и повторно како еден нов обид КИРИЛИЦА да се изгради како регионален медиумски бренд што ќе има влијание не само во Македонија, туку и во целиот регион.

Ние сите заедно ќе настојуваме КИРИЛИЦА да прерасне во врвен аналитички, политички и истражувачки интернет-медиум. Ќе настојуваме да ги почитуваме авторските права и да придонесеме кон демократизацијата и слободата на медиумскиот простор, критичната мисла и развојот на новинарството во Македонија. А со тимот од луѓе што ги собираме околу Кирилица, сигурен сум дека постепено ќе успееме во тоа.

Каде и како го гледате излезот од моменталната политичка криза? Преодна влада, нови избори, судски разврски,оставки, протести, кривична и политичка одговорност...?

За мене излезот е сосема јасен. Мора да има нова влада, која независно како ќе биде наречена дали техничка, експертска или каква и да е, ќе мора за неколку месеци да создаде услови за одржување фер и демократски избори. Денес во Македонија нема фер-услови за избори и тоа сите го знаат. Откако ќе се создадат услови, откако ќе се прочисти избирачкиот список, ќе се ослободат институциите и администрацијата, тогаш ќе се создадат реални услови за разрешница со целата оваа небулоза во која сме затечени со месеци, а и со години. Јас сум свесен дека овој „комуњарски” систем што го унапреди и прошири оваа влада многу тешко се урива, но неговите темели се скроз разнишани, и мојата задача е да придонесам да бидат целосно срушени. Тоа ќе отвори нов почеток за Македонија, почеток во кој ќе има иднина за сите нас заедно.

Бојан Шашевски

MKD
09-06-2015, 03:46 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#2

Удба тражи спонзора... тоа ли ви се вртка сега низ глава, замена за Заев пошто малата будала иде у затвор а може и у лудница?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
10-06-2015, 07:42 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#3

(10-06-2015, 07:42 AM)МрачниотКоњаник Wrote: Удба тражи спонзора... тоа ли ви се вртка сега низ глава, замена за Заев пошто малата будала иде у затвор а може и у лудница?

Мрачен, ако е тоа точно што велиш, тогаш УДБА станува многу модерна организација со сите западни нишани. Скоро како да станува филијала на западните служби Icon_razz . Од друга страна , по ставовите на Лазаревик, изгледа дека УДБА , или барем дел од неа, убаво е сместена во ВМРО-ДПМНЕ.

04-07-2015, 08:14 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Vesna Neshevska
30 mins ·

Владимир Лазаревиќ БОГАТО ОЖЕНЕТ ДОМАЗЕТ ВО ФАМИЛИЈАТА КАМЧЕВЦИ, сопственик на кирилица, ХЕЛТ ГРУПЕР, платеник за лукритивни цели ( Грујо е детска играчка во однос на овој премачкан со сите бои лик) е ПРЕДВОДНИК НА ИМА ИДНИНА.АКО ТРЕБА ДА ГО ГЛЕДАМ ДА МИ СЕ ТЕГАВИ ОВОЈ ШУГАВ ЛИК ЈАС СЕ СЕЛАМ ОД МАКЕДОНИЈА И БАРАМ ЗАШТИТА ОД ДРУГА ДРЖАВА ДА МЕ ШТИТИ ОД СТОРЦИТЕ ВО МАКДЕОНИЈА! НЕ СИ ИГРАЈТЕ БЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ СО НАШАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА! АЈДЕ БЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕПУКАЈТЕ ВО НАС! САМО ДА НЕ ГИ ГЛЕДАМЕ ВАШИТЕ ШУГАВИ ФАЦИ!
04-07-2015, 01:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Основачи на ИМА ИДНИНА


[Image: 11666077_10153980473992565_5768106076781...e=562EEC62]
07-07-2015, 11:59 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#6

(04-07-2015, 01:48 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Vesna Neshevska
30 mins ·

Владимир Лазаревиќ БОГАТО ОЖЕНЕТ ДОМАЗЕТ ВО ФАМИЛИЈАТА КАМЧЕВЦИ, сопственик на кирилица, ХЕЛТ ГРУПЕР, платеник за лукритивни цели ( Грујо е детска играчка во однос на овој премачкан со сите бои лик) е ПРЕДВОДНИК НА ИМА ИДНИНА.АКО ТРЕБА ДА ГО ГЛЕДАМ ДА МИ СЕ ТЕГАВИ ОВОЈ ШУГАВ ЛИК ЈАС СЕ СЕЛАМ ОД МАКЕДОНИЈА И БАРАМ ЗАШТИТА ОД ДРУГА ДРЖАВА ДА МЕ ШТИТИ ОД СТОРЦИТЕ ВО МАКДЕОНИЈА! НЕ СИ ИГРАЈТЕ БЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ СО НАШАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА! АЈДЕ БЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕПУКАЈТЕ ВО НАС! САМО ДА НЕ ГИ ГЛЕДАМЕ ВАШИТЕ ШУГАВИ ФАЦИ!

Бил домазет Icon_razz. Со “ Грујо е детска играчка во однос на овој премачкан со сите бои лик“ Весна Нешкова се легитимира како лојален член на владеачката партија. Да не испадне дека сите кои се против Груевски се “ луѓе премачкани со сите бои“, а само Груевски е чистиот Icon_razz

14-07-2015, 09:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(14-07-2015, 09:33 AM)hristo Wrote:
(04-07-2015, 01:48 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Vesna Neshevska
30 mins ·

Владимир Лазаревиќ БОГАТО ОЖЕНЕТ ДОМАЗЕТ ВО ФАМИЛИЈАТА КАМЧЕВЦИ, сопственик на кирилица, ХЕЛТ ГРУПЕР, платеник за лукритивни цели ( Грујо е детска играчка во однос на овој премачкан со сите бои лик) е ПРЕДВОДНИК НА ИМА ИДНИНА.АКО ТРЕБА ДА ГО ГЛЕДАМ ДА МИ СЕ ТЕГАВИ ОВОЈ ШУГАВ ЛИК ЈАС СЕ СЕЛАМ ОД МАКЕДОНИЈА И БАРАМ ЗАШТИТА ОД ДРУГА ДРЖАВА ДА МЕ ШТИТИ ОД СТОРЦИТЕ ВО МАКДЕОНИЈА! НЕ СИ ИГРАЈТЕ БЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ СО НАШАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА! АЈДЕ БЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕПУКАЈТЕ ВО НАС! САМО ДА НЕ ГИ ГЛЕДАМЕ ВАШИТЕ ШУГАВИ ФАЦИ!

Бил домазет Icon_razz. Со “ Грујо е детска играчка во однос на овој премачкан со сите бои лик“ Весна Нешкова се легитимира како лојален член на владеачката партија. Да не испадне дека сите кои се против Груевски се “ луѓе премачкани со сите бои“, а само Груевски е чистиот Icon_razz



Христо поентата не е во тоа дека е домазет, туку каде е домазет. Лазаревиќ и друштвото кое се собра во Има Иднина е: "Све је исто само ЊЕГА нема".
14-07-2015, 11:57 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#8

(14-07-2015, 11:57 AM)ЈорданПетровски Wrote:
(14-07-2015, 09:33 AM)hristo Wrote:
(04-07-2015, 01:48 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Vesna Neshevska
30 mins ·

Владимир Лазаревиќ БОГАТО ОЖЕНЕТ ДОМАЗЕТ ВО ФАМИЛИЈАТА КАМЧЕВЦИ, сопственик на кирилица, ХЕЛТ ГРУПЕР, платеник за лукритивни цели ( Грујо е детска играчка во однос на овој премачкан со сите бои лик) е ПРЕДВОДНИК НА ИМА ИДНИНА.АКО ТРЕБА ДА ГО ГЛЕДАМ ДА МИ СЕ ТЕГАВИ ОВОЈ ШУГАВ ЛИК ЈАС СЕ СЕЛАМ ОД МАКЕДОНИЈА И БАРАМ ЗАШТИТА ОД ДРУГА ДРЖАВА ДА МЕ ШТИТИ ОД СТОРЦИТЕ ВО МАКДЕОНИЈА! НЕ СИ ИГРАЈТЕ БЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ СО НАШАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА! АЈДЕ БЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕПУКАЈТЕ ВО НАС! САМО ДА НЕ ГИ ГЛЕДАМЕ ВАШИТЕ ШУГАВИ ФАЦИ!

Бил домазет Icon_razz. Со “ Грујо е детска играчка во однос на овој премачкан со сите бои лик“ Весна Нешкова се легитимира како лојален член на владеачката партија. Да не испадне дека сите кои се против Груевски се “ луѓе премачкани со сите бои“, а само Груевски е чистиот Icon_razz



Христо поентата не е во тоа дека е домазет, туку каде е домазет. Лазаревиќ и друштвото кое се собра во Има Иднина е: "Све је исто само ЊЕГА нема".

Јордане, па ти кажав дека Лазаревик не е домазет никаде. Бил, па веќе не е. А за поентата ? Ништо не е исто со Има Иднина. А, ако си за вистински промени треба да се менува системот на мегабанкарите кои го наметнаа на, скоро, целиот свет и од кој систем тие дебело се збогатиа( неолибералниот концепт,де). Е, да, тој систем Има Иднина нема намера да го менува, но обландата наречена Демократија ( со кој тој систем е обвиткан),а кој ти многу ја сакаш малку ке се смени...на подобро.
15-07-2015, 02:14 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#9

Текст на Јове Кекеновски, еден од оснивачите на Има Иднина:

Старите велат - оној кој се обидува да ги лаже другите, себеси се лаже. Во нивната мудрост не се сомневаме. Но, не сите „млади“ веруваат во нивната мудрина. Илија Димовски на својата фб страна, веднаш по објавувањето на постигнатиот договор за излез од политичката криза напиша, цитирам: ,,Иако не ги сакаа изборите, тие ќе се случат во април. Тогаш ќе биде готово. Народот победува”.

Велиш, народот ќе победи! Кој народ партиски Црн Свети Илија? Овој што го осиромашивте, оној што го лажевте и уценувавте сиве овие години, оној на кој му ветувавте се и сешто, оној на кој му овозможивте најмилите, неговите деца, да си заминат неповратно од државата, народот кој со сила го влечкавте по изнасилените и непотребн митинзи за спас на сопствената кожа, оној народ кој се изнаслуша снимки за провизии, плацеви на Водно и што уште не?! Тој ли народ Илија?!

Да не е сериозно, животно зависно, би било перверзно.

Дали народ на кој алаудираш е оној истиот кој се повеќе и се појавно изјавува ваша недоверба. Или, партиски ,,светецу", и овојпат, како и досега, алаудираш на стотината илјади луѓе, поголемиот број администрстивци, кои и против својата волја МОРААТ да гласаат по наредба? Оние кои задолжително, и на оваа колумна претпоставувам, МОРААТ да ве бранат со пцости у гадости, до последната капка крв, бидејки постојано чекаат и зависат од ваша инфузуја. Но и меѓу нив има се повеќе освестени, сметајте на тоа, зошто зад изборниот параван овој пат нема да има „надзорници“. Своевидна лага е и твојот и вкупниот молк за падот на рејтингот на нашата ВМРО ДПМНЕ. Некажаната вистина е еднаква на лага, нели?

Во таа насока те постестувам дека од јуни минатата година рејтингот на ВМРО ДПМНЕ од 34 отсто е паднат на 23 отсто. Цели 11 отсто Илија! Засега и до овој момент... Исто така и рејтингот на Груевски е паднат од 25 отсто на 18 отсто и постојано е во надолна линија. А сега по објавувањето дека е постигнат договор за негово повлекување од премиерската позиција, тој вртоглаво секојдневно ќе паѓа.

Еве уште еден податок од истата таа анкета што ИРИ го објави со задоцнување, пред некој ден. Тие податоци велат дека популарноста на Груевски е рекордно падната и тоа го кажуваат 55 отсто од анкетираните кои се изјасниле дека тој не заслужува уште еден мандат. Само за постсетување, во 2007 година, за „тогашниот“ Груевски само 23 отсто од граѓаните рекле дека се незадоволни од неговата работа, зa да минатата година тоа незадоволство се зголеми за цели 15 отсто. Значи минатата година 38 отсто граѓани сметале дека Груевски не заслужува нов мандат, а денес тој процент е качен на 55. Само при очи слеп може да не ја согледа огромната прогерсија во растот на незадоволството од начинот на кој владеете оваа партиска врхушка.

ТВОЈОТ лидер Груевски синоќа веднаш по договорот изјави: „Граѓаните нé знаат сиве овие девет години, како работиме”. Да, се согласувам со неговата констатација и тој апсолутно е во право. Ве запознаа граѓаните и тоа многу добро и тоа го пoтврдуваат бројките. А знаеш ли што ќе биде откако ќе биде поставен специјалниот јавен обвинител кој ке ги истражи прислушуваните разговори? Дури и гласачите со префикс „МОРАМ" ќе се ослободат од вашите пранги. Не дека десничарот некогаш ќе се преобрати во левичар, но секако ќе побара ваша алтернатива.

Е сега, доколку сте барем и на момент искрени, одговорете - кој го урна рејтингот на нашата партија. Членството и симпатизерите? НЕ. Вие и само Вие, сите до еден од раководството, сте виновниците и сите заедно треба да си ја понесете одговорноста, без оглед на тоа каква ќе биде таа.

Алооо Иле, време е за приземјување! Додека се уште го имаме. Лагите, перчењето, чаламењето, популизмот... не минуваат повеќе. Сто пати повторената лага - пак останува лага, иако вие би сакале да не е така. Дојдено е времето за положување на сметките и времето на вистината.

На крајот, сепак во едно се согласувам со тебе Димовски - токму тој народ ќе гласа и повторно ќе победи. Ама сега и ќе казнува. Мандатот што овој пат ќе го даде народот е вжештена кованица. Исправните со леснотија ќе ја држат в рака, а грешните ќе се изгорат. Тоа што Вие, лично, ќе изгубите воошто не ме допира, туку ме боли тоа што постои можност за долгорочна штета врз мојата партија со откривање во јавноста што сé сте направиле за сиве овие години. Направениот зулум боли најмногу, Илија.

И затоа, тивко и полека, обидете се да си заминете ако и мислите добро на партијата и на државата. Напуштете ги функционерските места откажете се од партиските позиции. Доволно зулум и сторивте на ВМРО-ДПМНЕ. Ама, до тука било, повеќе нема да ви дозволиме. Заминете тивко, токму онака како и што влеговте во ВМРО. Оставете свесните, добронамерни и пред се, чесни членови да го спасат и да го вратат угледот на партијата и на државата на наредните избори. За општо добро.

http://kirilica.com.mk/stav/na-crna-sred...ef=Default
17-07-2015, 09:45 AM
Reply