Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗОРАН ЗАЕВ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Зоран Заев: Во Брисел може да прифатиме само влада без Груевски
06 Јун, 2015

[Image: image_1433609385_9.jpg?w=940&h=940]

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во среда патува во Брисел на продолжение на разговорите за излез од кризата во која подолго време се наоѓа Македонија. По вчерашната изјава на посредникот Јоханес Хан, европски комесар за проширување и добрососедска политика, дадени на брифинг со новинарите во Вашингтон, Заев најави дека нема да замине во Брисел и дека нема да учествува во преговорите. Сепак, неколку часа подоцна, се премисли и соопшти дека ќе замине на новата рунда разговори со европската четворка и со претставници на власта.

Господине Заев, што ве премисли?

- Телефонското јавување на Хан. Сепак, се јави и се корегира во изјавите. Неговите изјави за оценките на ОБСЕ/ОДИХР беа неприфатливи. Неговите интерпретации на тие оценки беа несоодветни и јасно стави до знаење дека во Брисел ќе се разговара за преодна, или како што сега ја нарекуваат „транзициска“ влада. Без тоа ништо од се она што беше договорено во Скопје, не само за датумот за предвремени избори, туку и за сите други детали како работни тела, измени во изборното законодавство, избирачки список, како и поглавјата за реформи во правосудството и медиумите и се останато – не важи! Ние ќе инсистираме таа преодна, транзициска влада да биде без Груевски. Може да биде целосно експертска, може да биде и политичка, композитна влада, од сите партии во парламентот, може да биде предводена дури и од член на ВМРО-ДПМНЕ, но не од гарнитурата која е целосно инкриминирана. Но, никако од Никола Груевски, кој е прв и најодговорен за таа инкриминација.

Кога се зборува за можен мандатар на таа влада се спомнуваат луѓе од невладиниот сектор, јавни личности како Трифун Костовски, а како можност за нов премиер се спомна и сегашниот министер за одбрана Зоран Јолевски... Дали стана збор за тоа кој и каква личност би можел да биде премиерот на преодната влада?

- Не, се уште не, за персонални решенија не беше разговарано до сега, ниту во Стразбур ниту овде во Скопје. Постојат опции, можно е да се зборува за луѓе и од невладиниот сектор, за експерти, но прво и најважно е да се констатира дека Груевски нема да ја предводи таа влада. Без тоа, преговорите не можат да имаат позитивен крај.

Некои правни експерти предупредуваат дека преговори во ваква ситуација – кога против вас е покренато обвинение за поткуп, се ништовни, затоа што врз едната страна постои активна закана и таа не е во рамноправна позиција.

- Ги разбирам тие толкувања и тие се добронамерни и логични, но мораме да го продолжиме процесот, зашто мора да се најде излез од сегашнава ситуација. Затоа, ако забележувате, се уште одбегнуваме да зборуваме за преговори, туку зборуваме за разговори, подготовки и утврдување на рамката на преговори. Секако дека сум во нерамноправна позиција кога луѓето ми се во затвори за нешто што не го сториле. Секогаш ќе може да се каже дека Заев го прифатил тоа и тоа затоа што се испазарил за слободата на своите луѓе. Нерамноправно е и затоа што во исто време нашите кривични пријави, кои ги поднесовме во обвинителството, а кои се однесуваат на серија злоупотреби на власта, мируваат и никој со нив не се занимава. Да не бидам погрешно разбран, јас не сакам постапката против мене да биде прекината со уште една апсурдна политичка одлука. Па уште еднаш судот да го ставаме во подредена позиција. Така беше апсурдно кога ми го вратија пасошот за да одам на преговори, иако ми беше одземен поради постапката „Пуч“. И тоа беше уште еден парадокс – Бранко Палифров е обвинет дека ми помагал, седи во притвор, а тој на кому наводно му помагале, односно јас, одам во Стразбур! Тие игри со судството мора еднаш засекогаш да престанат! Судството мора да биде независно.

Па како може да се прекине почната судска постапка против вас, за да не бидете во нерамноправна позиција на преговорите? Со уште една амнестија?

- Не, напротив. Јас им реков и во преговорите дека има начин. Тие се чудеа и ми велеа, па кажи го. Им реков, не сакам да се прекинува постапката против мене, ако се прекинете ја урнисаме државата. Ние сме исто како секој граѓани, јас и Груевски. Но, вистинскиот начин како ова да се разреши е само еден – и тоа им го кажав и на посредниците и на Груевски – тој да поднесе оставка! А потоа и против него и против мене да се водат постпки според словото на законот. Друг начин не постои. Во таква ситуација, верувам дека би дошле до правна разврска без притисоци врз судството. Тогаш би биле во рамноправна позиција и можеме да зборуваме за преговори. Но, Груевски нема храброст за таков чекор.

Дали нешто би се сменило доколку некоја друга личност би ги водела преговорите од име на опозицијата, наместо вас?

- И тоа им го понудив – реков, може и да одржам конгрес и да се повлечам од лидерската позиција, ако треба, но тоа беше веднаш одбиено. Особено од странските посредници. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ го одмолчаа тоа. Знаат дека во таква ситуација и Груевски мора да се повлече.

Какви се вашите планови во меѓувреме, се зборува дека ќе прекине објавувањето на бомбите, барем додека траат преговорите.

- Бомбите продолжуваат в понеделник. Ќе внимаваме на сензитивноста на објавените аудиоматеријали. Нема да може да бидеме обвинети дека го загрозуваме преговарачкиот процес, а тоа и не го сакаме. Мора да продолжиме со обелоденување на вистината за злоупотребите што ги вршела власта. Ќе чуеме разговори од кои ќе стане јасно како се вршеле манипулации и местенки во разни невладини организациии, граѓански здруженија, како се местеле први луѓе и што се правело во Фудбалската федерација на Македонија, на ректорати на универзитетите и факултети и слично. Сите материјали се подговтвени, и ќе повикаме луѓе од невладиниот сектор на кои ќе им поделиме папки со нивни нелегално прислушувани разговори.

Кога ќе бидат објавени бомбите за чувствителните случаи како „Монструм“? Движењето „Беса“ организира протест за 13 јуни, и меѓудругото ве прозива да ја објавите вистината за овој случај. Дали тоа ќе се случи пред нивниот протест?

- Тој протест е легитимен и разбирлив. Сепак, нема да ги објавиме разговорите за случајот „Смилковско Езеро“ пред тој термин. Не сакаме да се случат работи погубни за меѓуетничките односи, ниту пак сакаме да дадеме аргумент дека, ете, опозицијата ги урива преговорите. Сепак, не се откажуваме од нивното објавување, ветивме дека ќе го објавиме случајот „Монструм“, но тоа не смее да го загрози она највредното што се постигна во кампањата „Вистината за Македонија“, а тоа е досега невидената меѓуетничка сплотеност на граѓаните, што се виде и на протестот на 17 мај.

Дали опозицијата ќе продолжи со протестите? Има размислувања дека отпорот треба да се радикализира? Дали се подготвува нов голем протест?

- Се зависи од она што ќе се случува во Брисел, од тоа што таму ќе се договори или нема да се договори. Ако се постигне договор, нема да има протести, ако не, протестите ќе продолжи. Со какви средства, ќе одлучиме дополнително во партијата. Во меѓувреме, продолжуваме со Кампот на слободата пред владата, со објавување бомби.

Постојат шпекулации дека во тие бомби може да бидат објавени материјали и за некои опозициски политичари и за помалите коалициски партнери на Груевски. Дали има вистина во тоа? Постојат ли такви материјали во прислушуваните разговори?

- Секако дека постојат, но немаме намера да отвораме фронтови на сите страни. Немаме намера да ги чепакаме другите опозициски партии и опозициски лидери, па дури ни помалите партнери на Груевски, иако постојат материјали за многумина од нив. Не сакам да спомнувам конкретни имиња, но постојат. Едноставно, фокусирани сме на она што го работела извршната власт и тоа е она што е од најголем интерес на јавноста – да дознаат како функционирала оваа влада. Другите личности не ни се приоритет, и, како што реков, не сакаме да се расплинуваме и да отвораме фронтови на сите страни. Важно ни е да се дознае за сите незаконски, криминални и неетички активности на извршната власт.

Некои политичари од помалите партии покренуваат иницијатива во преговорите за решавање на кризата да се покрене и прашањето за промена на изборниот модел – Македонија да биде една изборна единица. Дали се согласувате ова да биде дел од пакетот промени во изборното законодавство?

- Да ви кажам, за ова немаме изградено став во партијата и можам да зборувам само во лично име. Јас многупати имам кажано дека тргнувам од ставот дека големите партии мора да се развластат, зашто оваа катастрофа не смее да се повторува. На Македонија не и требаат нови Груевци и ново ВМРО-ДПМНЕ, вакво автократски поставено, кое ќе ги повторува истите работи што тие ги прават. Не ни требаат такви лидери, толку моќни што ќе мора сите околу нив да се поклонуваат и да велат дека црното е бело. Толку моќни партии и лидери не ни требаат! Па, еве гледате и сега, се решава тешка криза, а се се сведува на она што ќе го речат двајца-тројца лидери. Зарем искусни политичари, како Тито Петковски или Павле Трајанов, немаат што да кажат? Затоа велам, промена на изборниот модел, ќе им донесе загуба на големите партии, ќе ја намали нивната моќ, зашто сегашниот систем ги фаворизира, но таква промена ќе биде добра за демократијата во Македонија. Тоа може да биде само за доброто на Македонија. Големите партии, ако се искрени дека сакаат ваквите аномалии во политиката никогаш да не се повторат, внимателно и одговорно ќе ја разгледаат таа промена во изборниот модел.

Разговараше Жарко Јорданоски

KIRILICA
06-06-2015, 10:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,955
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:СО СТАВАЊЕТО НА ПОТПИСОТ ВРЗ ПРЕПОРАКИТЕ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА, ГРУЕВСКИ ЈА ПРИЗНА СВОЈАТА ВИНА

[Image: Zaev-za-Revolutsioner-3-1.jpg]
Зоран Заев

Разговараше: Зоран Милошески

РеволуционерМк: Г-не Заев, експертскиот извештај на ЕК што деновиве му беше доставен и на Фатмир Бесими, ги нотира истите недостатоци на коишто подолго време укажува опозицијата. Може ли тоа да значи дека доколку дојде до продолжување на разговорите, за што речиси и да нема дилема, притисокот на меѓународната заедница, во најголем дел, ќе биде насочен кон Груевски и Ахмети?

Заев: Европската експертска група прецизно ги скенирала состојбите во Македонија и потврди дека во земјава постојат “системски недостатоци“. Тоа значи дека државниот систем не функционира. Зошто е тоа така? И ние постојано укажуваме, еве и Извештајот тоа го посочува. Проблемот е во функционирањето на институциите на системот, тие институции што ги плаќаат сите граѓани на Македонија, а работат во функција на власта. Или, и тоа е забележано во Извештајот, моментумот на самоцензура, непостапување на институциите и на поединци, кога се во прашање одговорности во власта. Видете само што пишува во Извештајот за Управата за безбедност и контраразузнавање, дека “УБК работи надвор од својот законски мандат во име на власта, за да ги контролира носителите на високи функции во јавната администрација, обвинителите, судиите, политичките противници“ и дека УБК се вмешува во независноста на судството и другите национални институции. Тоа е скандал, и дури овој збор и го употребуваат европските експерти. Најдиректно е проблематизирана работата на правосудството. За Јавното обвинителство, европските експерти посочуваат дека постои “фамилијарна поврзаност помеѓу високо позиционирани политичари и носители на високи функции во УБК и во Јавното обвинителство“. Како што знаете, јавниот обвинител за организиран криминал, Јован Илиевски е баџанак на Сашо Мијалков. За судството, експертите од Европа велат дека “не смее да постои такво нешто како што е “политички случај“, со сите случаи во судска постапка мора да се постапи на ист начин, ефикасно, независно, непристрасно“. А за колку политички случаи слушна јавноста со аргументи низ процесот Вистината за Македонија?! Космос и Љубе Бошкоски се само некои од нив. Видете што се случува со монтираниот случај Пуч, кој стигна до Обвинителен акт, луѓе се во затвор, а десетици кривични пријави против власта во Обвинителството не се пипнати. Ете и за тоа прислушување и снимките што ги објавуваме, експертите на Европската комисија констатираат дека се направени во просториите на националната разузнавачка служба. Така што, ова се факти, после коишто ниту една демократска Влада, во ниту една демократска земја, ни минута не би останала на власт. Но, имаме работа со хибриден режим. Не би сакал да коментирам како меѓународната заедница ќе се постави кон власта на Груевски после овој Извештај изготвен од Рајнхард Прибе, но знам како ние сме поставени, ги употребуваме и ако е неопходно и ќе ги интензивираме сите демократски механизми што ни стојат на располагање за да помогнеме во нормализацијата на државата.

РеволуционерМк: Како треба да го толкуваме тоа што во тимот на Европската комисија којшто го изготвувал Извештајот, биле ангажирани поранешен државен обвинител на Ирска и поранешен шеф на одделот за борба против мафијата на Италија?

Заев: Она што е корисно во целата констелација на случувања во Република Македонија е што е задоволена вистината. Гледам како е примен овој Извештај на Прибе од граѓаните на Македонија. Не се работи за тоа дека некој имал дилема какво зло и се случува во Македонија. Дури и без снимките и аргументите што ги презентиравме, мнозинството граѓани тоа го имаа почувствувано на своја кожа. Но, како што проектот Вистината за Македонија извади на површина докази за суровото и криминално владеење на власта на Груевски и како своевидна потврда не можеше а да не предизвика олеснување дека почна времето на вистината, гледам дека некако слично се доживува и Извештајот на експертите од Европа. Добро е што Европската комисија се одважи и најдиректно ги посочи катастрофалните состојби во коишто неколку луѓе на чело со Груевски држат во заложништво речиси два милиона граѓани. Јасно е дека Извештајот го подготвувале врвни експерти кои успеале буквално да го сецираат врвот на метастазата во болниот државен систем.

РеволуционерМк: Последната лидерска средба го врати во игра договорот од Пржино. Доколку сите инволвирани страни го почитуваат истиот, може ли да очекуваме дека веќе на следната средба закажана за 29 јуни ќе бидат ставени контурите на преодната Влада во којашто нема да има место за Груевски?

Заев: На последната лидерска средба само е утврдено она што треба да го направи секој одговорен политичар, а тоа е да го почитува договореното. Европската комисија на својата интернет страница ги објави сите договори и добро е што е така. Оттаму целата јавност може да се увери во она што го говоревме на 2-ри јуни, дека е утврдена потребата да се организира Влада којашто ќе ги организира и спроведе следните избори. Не е добро граѓаните да се држат во лага или во заблуда, зашто никој нема корист од криење на договореното, што порано или подоцна, доаѓа да се реализира. Нов момент од последната лидерска средба е што е утврден датумот до кога треба да се спроведе договорот од 2-ри јуни, а тоа е 29-ти јуни. За да може да се организираат предвремените избори во април, потребно е таа Влада, во транзицискиот период до април да успее да ги ослободи институциите и граѓаните од стегите, контролата и притисоците на Груевски и тесната група околу него. Ако Груевски во петокот потпиша дека е согласен да се поддржат сите спечифични препораки на Европската комисија, меѓу коишто последни се препораките во Извештајот на Прибе, а тие укажуваат на системски недостатоци и институционални злоупотреби, а системот и институциите се раководени од Груевски и негови соработници, тоа значи дека Никола Груевски веќе призна вина. Тој дури тоа го призна и вчера, на отворањето на онаа милионска грамада од камен, тврдина, како што го нарече новиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, кога препораките од ЕУ ги оквалификува како искусен советник. Очекувам, во интерес на граѓаните и на обезбедувањето услови за фер и демократски избори, на 29-ти јуни да продолжиме каде што застанавме во Брисел. Тоа значи, тргнувајки од разумните аргументи, да се согласиме дека Никола Груевски мора да се повлече најмалку 6 месеци пред изборите. Во спротивно, се’ друго паѓа во вода и ние ќе продолжиме со засилено вонинституционално дејствување се’ до реализацијата на конечната цел, враќањето на слободата и демократијата во Македонија.

РеволуционерМк: Единственото нешто за кое прво се договоривте на 2 јуни во Пржино беше одржување предвремени парламентарни избори во април 2016 година. Не паднавте ли во замка кога прифативте работите да тргнат од „опашката“?

Заев: Па не би рекол дека во тој договор од 2-ри јуни е само “опашката“, како што го нарекувате вие одржувањето предвремени парламентарни избори во април. Во тој договор, е и “главата“. Зошто? Затоа што во договорот на 2-ри јуни јасно е наведено дека во текот на транзицискиот период партиите ќе се договорат за конкретна организација на Владата којашто ќе ги подготви изборите.

РеволуционерМк: Се чини дека поактивното вклучување на САД во процесот на преговарање преку дипломатот од голем калибар, Викторија Нуланд, е само прашање на време. Очекувате ли дека тоа може да биде клучниот фактор во постигнувањето договор за преодна Влада?

Заев: Јас пак ќе потсетам дека ние сме чекор понатаму од тоа дека ќе има организација на Влада којашто ќе ги подготви следните избори. На тоа се обврзавме со второ-јунскиот договор. Сега се на маса начините на организација на таа Влада и заштитните механизми од можни злоупотреби. Амбасадорот на САД во Македонија Бејли, како и амбасадорот Орав се од голема помош и дадоа голем придонес да се стигне до овде во разговорите. За тоа треба сите да им бидеме благодарни и јас ја користам и оваа прилика да ја искажам таа благодарност. И ЕУ и САД се големи пријатели на Македонија, секогаш кога и’ било потребно на државата биле тука да ги помогнат и олеснат проблематичните процеси. Македонија е во длабока, не само политичка, туку и државна криза. За тоа постои веќе сериозна загриженост кај меѓународната заедница, дека Македонија станува ризична не само за својата стабилност, туку и на регионот, така што секоја помош од пријателите на нашата држава е добредојдена и потребна.

РеволуционерМк: Советот на министри на ЕУ подготвува заклучоци за Македонија. Истовремено на крајот на следната недела во Луксембург се одржува и Самит на лидерите на ЕУ. Какви вести очекувате да чуете од таму?

Заев: СДСМ и опозицијата ги вложуваат сите сили, земјава да ја задржи препораката за членство. Вложивме многу во европската перспектива на Македонија, земјата ја донесовме рамо до рамо со Хрватска. Денес, Хрватска е членка на ЕУ, а Македонија остана на дното на регионот, за жал. Тоа е еднодецениска загуба, уназазадување на државата наместо нејзина светла иднина. Јас искрено се надевам, дека ако сите политички чинители во општеството, тука првенствено мислам на власта, се посветат исто толку искрено на оваа цел, достижно е да се задржи препораката. Ќе речете како во толку кус период може да се поправат толку многу системски слабости. Договорот за преодната влада ќе биде добар сигнал за Европската комисија дека сите заедно сериозно ќе се зафатиме со решавање на проблемите. Сите нотирани нереуларности од страна на ЕК, на ОБСЕ/ОДИХР, се аргуметите со коишто опозицијата и демократската јавност во Македонија ја бараат таа преодна влада. Велиме одделување на државата од партијата, ослободување на администрацијата од притисоци, обезбедување независност на судството, на медиумите, прочистување на Избирачкиот список. Сето тоа што е наведено како забелешки на ЕК и на ОБСЕ/ОДИХР се всушност причините зошто во Македонија, повеќе изборни циклуси по ред, нема фер и демократски избори. Преодната влада ќе мора да најде решенија за нерегуларностите, во транзицискиот период за подготовка на изборите, за да се создаат минимум услови тие да бидат фер и демократски. Впрочем и во Извештајот на Прибе се порачува да се постигне увереност дека нерегуларностите од претходните избори нема да се повторат. Јас се надевам дека сите сме на висина на одговорноста и дека ќе направиме се’ да не дозволиме загуба на препораката. Во спротивно, одговорноста и за уназадувањето на Македонија на евро-интеграцискиот пат и за последиците, ќе бидат кај оние кои ја доведоа државата до ова ниво, Груевски и тесната група на власт, кои 9 години работат за своите интереси, а не за интересите на граѓаните и иднината на Македонија.

РеволуционерМк: Пречистување на избирачкиот список, смена на раководната гарнитура на МРТВ, избор на независен Јавен обвинител, промени во ДИК, се дел од барањата со коишто опозицијата влезе во преговарачкиот процес. Дали сето тоа може да се заврши за 6 месеци и конечно, кои се гаранциите дека Груевски ќе го почитува договорот и дека по навика нема да го третира како “палома хартија“?

Заев: Ако ние, на 29-ти јуни, како што се обврзавме, ги завршиме успешно разговорите за организацијата на Владата којашто ќе ги подготвува изборите, ништо не не’ спречува веднаш да почнеме со работа на проблематичните точки. Тоа не се 6, туку 9 месеци, колку што посочувавме дека е минимум неопходно да се обезбедат елементарните услови за слободно изразување на волјата на граѓаните. Затоа е добро што дефиниравме дека до крајот на јуни мора да има договор. Ако искрено сите сакаме фер и демократски избори, тоа ќе се случи. Јас знам дека е јасно за целата јавност, дека СДСМ и опозицијата ниту ќе влезат во криминален изборен процес, ниту пак ќе го дозволат.

РеволуционерМк: Со објавувањето на последната “бомба“ дефинитивно е јасно дека останувањето на Али Ахмети во Владата на Груевски е од чисто лукративни мотиви и оттаму се јасни неговите позиции на преговарачката маса. Меѓутоа присуството на Мендух Тачи на преговорите за многумина е енигма. Која е оправданоста на иста маса со првите луѓе на две владејачки и една опозициска партија да седи лидер на “ни жена ни риба“ партија, односно партија за којашто никој со сигурност не може да тврди дали е позиција или опозиција?

Заев: Да, Али Ахмети е формален партнер на Никола Груевски, Мендух Тачи е неформален партнер, но неговата сервилност кон Груевски и кон Мијалков ја покажаа и снимките во проектот Вистината за Македонија. Оттаму, фактичката состојба на масата е 1:3. Но јас би рекол Заев и правдата на една страна, а Груевски и неговите два партнера ДУИ и ДПА на друга страна.

РеволуционерМк: Не можам да се сетам кога последен пат некој лидер на партија од македонскиот политички блок имал толкава доверба и поддршка од албанската етничка заедница. Огромна поддршка добивате и од невладините организации, здруженија на граѓани, од партии од десницата, од голем број интелектуалци, уметници, влијателни луѓе. Секој од нив има свои видувања на работите, сопствена платформа за дејствување, но истовремено и одредени очекувања и амбиции поврзани со поделбата на изборниот колач. Ве фаќа ли по малку страв кога размислувате како различностите да ги вклопите во една целина?

Заев: Изборниот колач ќе биде слободата, на којашто уште од сега јас и’ се радувам, а се надевам дека истото го чувствуваат и сите кои искрено влегоа во овој процес на враќање на најдрагоценото, нашата слободна мисла, слобода на говор, слобода на движење, слобода на одлучување. Веќе покажавме дека можеме и знаеме како да го постигнеме тоа граѓанско единството, независно од различностите по каква било основа. Тоа враќање на слободата ќе биде непроценлива вредност на коешто што никој од нас нема право да му стави дамка.

РеволуционерМк: Прилично е нејасна ситуацијата со ВМРО-НП, односно со нејзиниот лидер Љубчо Георгиевски. Неговиот предлог за амнестија од Ваша страна беше дочекан на нож. Тој беше единствениот лидер на опозициска партија кој не го повика членството да му се приклучи на граѓанскиот протест на 17-ти мај, иако многумина од нив самоиницијативно беа присутни на протестот. Се шпекулираше дека чадот од “бомбите“ може да го зафати и него, па се спомнуваа некакви “швајцарски сметки“… Каде настана куршлусот на релацијата Заев – Георгиевски?

Заев: Протестот на 17-ти мај, имате право, беше натполитички, граѓански протест, каква што е по својата форма и суштина коалицијата Граѓаните за Македонија. На тој протест не постоеше лева или десна партија, Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Влав, Ром, Бошњак, не постоеше оваа или онаа невладина организација, таму сите беа луѓе со една цел, да ја видат Македонија повторно слободна и демократска земја, достојна членка на ЕУ и НАТО. За тоа се бориме. Секој има право да го направи тоа што мисли дека е правилно. Љубчо Георгиевски изгледа си го направил својот избор. За причините, тој си знае, најдобро би било со него да поразговарате за тоа.

РеволуционерМк: Зошто е толку опасна “бомбата“ за Смилковско езеро? Кој е тој, или кои се тие на кои објавувањето на вистината за “Монструм“ може да им послужи како добра основа за предизвикување меѓуетнички судир?

Заев: Случајот за Смилковското езеро и во оваа прилика сакам да кажам дека им го ветив на граѓаните и тој збор ќе го одржам. Внимателни сме токму од причината што ја наведувате, дека може да послужи некому да се обиде да го наруши ова граѓанско единство на кое што му се радуваме, што го посакувавме и кое што имаме намера да го развиваме во мултикултурно богатство со што Македонија ќе се гордее во светот. Не се сомневам дека граѓаните и поддржувачите на коалицијата Граѓаните за Македонија ќе дозволат да подлегнат на можните провокации од етничка природа, затоа што ние сме обединети пред се’ затоа што ни е јасно дека имаме еден заеднички проблем – тесната група на власт на чело со Груевски. Немаме проблем како граѓани кои потекнуваат од различни етнички заедници. Се соочуваме со истите системски неправди поради партизираноста на институциите, со истата сиромаштија, со истата бесперспективност. Стравувам дека некои поединци или политички групи, мотивирани од различни побуди или интереси можат да ја искористат ситуацијата и да го нарушат граѓанското единство со кое што сега сите се гордееме. Но вистината никој нема право да ја премолчи и сите аргументи што ги поседуваме за овој случај во соодветен момент ќе ги споделиме со јавноста. Верувам дека брзо ќе дојде тој момент.

РеволуционерМк: Како ја коментирате одлуката на Груевски во составот на Извршниот комитет на партијата да ги задржи Мијалков, Јанкуловска и Јанакиевски, луѓето чии гласови ги изнаслушавме во изминатите 4-5 месеци?

Заев: Ништо не е за чудење што доаѓа од Никола Груевски и неговите соработници во криминалното владеење. Ако тој нанел толку многу зла на граѓаните, за тоа слушна не само домашната јавност туку и цел свет, и, и покрај тоа, тој се обидува дури и граѓаните да ги направи негови соучесници – што повеќе и може да се очекува? Видовте вчера, како без ни малку срам и совест рече дека прифатил предвремени парламентарни избори затоа што одлучил да побара “интервенција од народот“. Тој, кој го потцени, згази, соголи до сува корка леб сопствениот народ, сака да создаде перцепција во јавноста дека се’ уште тој одлучува за животите на граѓаните. Но, јас знам дека и нему му е јасно, дека тоа повеќе не е така и затоа го охрабрувам да го повлече чекорот, да се повлече и да ги ослободи и граѓаните, и Македонија, а и себе си од оваа голгота што самиот си ја приреди, а ги вовлече во страдање народот и државата.

РеволуционерМк: После сето она што го слушнаа од “Вистината за Македонија“, најмалку што граѓаните очекуваат од новата власт се ефективни затворски казни за сите за кои ќе се докаже дека го прекршиле законот, без разлика на нивните имиња и функции, како и враќање на украдените пари изнесени во Белизе, Чешка, Кипар, назад во државата. Притоа, не мислам дека наследниците на сегашната власт треба, исто како и нивните претходници, да стават знак на равенство помеѓу партијата и државата, туку да создадат услови низ една транспарентна судска постапка виновниците да ги стигне заслужената казна. Сакам да Ве прашам, можете ли во името на СДСМ, како потенцијална идна власт, да им го ветите тоа на граѓаните?

Заев: На извршната власт е, со политиките и програмата врз основа на коишто ќе ја добие довербата од граѓаните да создава услови за демократско функционирање на државата и инститциите. Правосудството е тоа коешто ќе каже кој го пречекорил законот и треба да понесе одговорност. Што се однесува до одземените пари, ќе ги обезбедиме сите потребни чекори тие да се вратат на оние на кои им припаѓаат, граѓаните на Република Македонија. Во врска со вашето конкретно прашање, не верувам дека која било друга наредна власт ќе се осмели да им го направи и на граѓаните и на Македонија ова што им го направила оваа тесна група на власт. Но, да, бидете сигурни, СДСМ никогаш нема да ги направи злоделата на оваа власт, ниту ќе стори нешто со што ќе ги повреди граѓаните и Република Македонија. Тие се за нас света должност и со заеднички сили, низ еден отворен, транспарентен начин на водење на државата, заедно ќе ги утврдуваме чекорите кон подобра иднина за сегашните и за идните генерации.

REVOLUCIONER
22-06-2015, 12:43 AM
Reply