Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГЕРОСКИ ВС ГРУЕВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote: Ниту орел ќе лета, ни лале ќе цвета, а ни лав ќе шета – сал Грујо посран ќе прета!
27 мај 2015

[Image: gero%20nova.jpg]
Бранко Героски

Живо се сеќаваме на поетскиот занес на прдежите на Аминта Трети по „славниот“ митинг на ВМРО-ДПМНЕ на 18 мај. Оној кога се клатеа картонски крстови и се вееја руски знамиња. „Ни орел ќе лета, ни лале ќе цвета, туку лав ќе шета“, напиша вознесениот Миленко кучкарот. Мирка Велиновска, идеологот на проектот „Македонија на Исток“, визионерски предвиде:

[Image: mirka%20sator.jpg]

„Груевски е исправен пред својата 1948 година. Не на митинзи и на адреналински собири, туку од одлуките што ќе ги донесе, народот и историјата ќе ја утврдат неговата точка на топење. Тоа, според мене, значи дека набрзо ќе мора да одлучи дали ќе свитка кичма пред евроатлантската коминтерна, повикувајќи ја да ни го пополни безбедносниот вакуум, или, како што мисли, дека треба да свика референдум за промена на името, ќе реши да организира референдум и за членството во НАТО и во ЕУ“.

Е Мирке, Мирке... Виде ли сега дека точката на топење на твојов пулен е повисока дури и од точката на топење на сладоледот во контракампот пред парламентот? Со него ли ќе правите референдум против членството на Македонија во НАТО и во ЕУ? Со него и со човечињана?

Никола Груевски на русофилите им одговори со интервју за порталот Прес 24, во кое им покажа дека и неговата кичма е составена од еластични ’рскавични пршлени, со сосема малку ’рбетен мозок во нив. Главна задача на тој орган е да се свиткува по потреба. Е сега, тоа што свиткувањето на кичмата на Груевски е толку комично, болно и онака ебиветерно, да простите, е последица имено на „адреналинските собири“, на кои неговите симпатизери навистина јуначки покажаа дека ги сфатиле пораките што со месеци и со години ги добиваа од државниот врв и од Грујовата пропаганда – дека треба да го мразат Западот (ЕУ и НАТО) и да си ги сакаат Русите и Путин.

Но, како што тоа обично бива во животот на политичарите без карактер и без компас, доаѓа шумарот и... се се менува и потоа тече од ногавици! Во интервјуто за Прес 24, онака свиткан и стопен како Худини во канистер од 25 литри, Груевски објаснува дека стратешката определба на Македонија биле НАТО и ЕУ, а не Русија (ајдеее!), дека САД, Германија, Франција или Британија не стоеле зад кумановските настани (џабе гомна јадење по врмовските портали и ФБ профили!), дека овие земји не се „странските служби“ кои прислушувале (а кои се?), дека низ Македонија ќе минува Турскиот поток само ако Брисел се согласи и дека руските знамиња на митингот на ВМРО-ДПМНЕ на 18 мај биле „постапки на индивидуалци и тоа не е ставот на партијата“ (ноумално, бе!).

Јеби га, Мирке, да не го тупиме сега, што вика шефот. Изгледа дека ни 1948-ма не е она што беше. Се сретна Грујо со неа и си ја свитка кичмата! И опашката богами си ја подвитка, како некое искубано маченце.

Од Мирка, се разбира, сега очекувам една контраколумна (Велиновска има карактер, ако добро се сеќавам), ама затоа од Миленко не очекувам ништо освен тажно цвилење. И тој веднаш си ја свитка кичмата после шефот и прокоментира: „Ама ова го знаеме. Долги години е истото. И на последниот митинг премиерот го кажа. Ништо, апсолутно ништо, во таа стратегија не е променето. Чуму тогаш нервоза и неверување од аналитичарите и дипломатите?“ Навистина, чуму?

Хахахахахах! Ако не загинам од долгата рака на ВМРО, ќе умрам од смеење! Дајте, ве молам, уште виски на Аминта Трети и уште еден шлепер сладолед во контракампот пред парламентот. Ова веќе не се трпи. Како што сега стојат работите, ниту орел ќе лета, ни лале ќе цвета, ни лав ќе шета – сал Грујо посран ќе прета! Тече од ногавици, а? Е тече бе, брат, тече...

Фотомонтажа: Странски служби

PLUSINFO
27-05-2015, 10:01 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

Реално, насловот на полемиката треба да биде-Геровски вс Велиновска, оти Геровски полемизира со тезите на Велиновска, иаку скоро целото време му го посветува на ненајденото и брзото “ просветлување и прогледување“ на Груевски. Геровски, со право, се насладува на маките на Груевски Icon_razz. Груевски се покажа како политичар без рбет. Се покажа дека намигнувањето кон Русија и Кина не е од идеолошко-полтички дискурс, туку просто алиби за својата ( на фамилијата) лична коруптивна и криминална агенда. А, Запад има многу богато искуство и добра пракса да таквите политичари ги канализира на “ вистинскиот пат“. И, што сега,? Мислам дека на прокламираната посамостојна политичка агенда ке остане само Мирка Велиновска, а сите други ке почнат да ја бранат и оправдуваат новата политичка позиција на Груевски. Затоа што се само апологети на платен список на фамилијата. А, Груевски, независно од промената на ставот ке си ја плати цената. Само, неговата политичка смрт, нема да биде толку брутална. Народски кажано нема да го набиваат на колец туку ке има едно цивилизациско стрелање.
28-05-2015, 10:30 AM
Reply