Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЈ И ЗОШТО ПУКА ВО КУМАНОВО ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#41

Quote:Иванов соопшти дека 17 пријателски земји од ЕУ и НАТО не сакале да дадат информации за терористистите

На почетокот би сакал во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, да изразам длабоко сочувство до семејствата на загинатите припадници на полицијата. Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исамедин Османи, Горан Стојменовиќ и Љубиша Аранѓеловиќ го дадоа животот за Република Македонија.

[Image: IVANOV-300x150.jpg]

Слава им.

На седницата на Советот за безбедност на Република Македонија што заврши пред малку, на којa покрај членовите на Советот за безбедност, присуствуваа и претставници на политичките партии СДСМ, ДУИ и ДПА, се изрази најостра осуда за нарушувањето на редот и безбедноста од страна на поединци и групи, чија цел беше дестабилизација на Македонија.

За заклучоците од Советот за безбедност јавноста ќе биде дополнително информирана. Сите надлежни институции од сферата на безбедноста имаа конкретни насоки за соодветно постапување во рамките на нивните законски надлежности.

Спречена е намерата за координирани терористички напади на различни локации во државата, кои имаа за цел предизвикување сериозна дестабилизација, хаос и страв. Со преземената акција полицијата имаше за цел да спречи и цивилни жртви. Заради ова, беа претрпени човечки и материјални загуби.

Во изминатиот период имав безбедносни консултации на редовна, но и на вонредна основа, за намерата на оваа група, при што беше констатирано дека оваа група нема поддршка ниту во Република Македонија, ниту во регионот. Знаевме дека групата е сочинета од екстремно-криминални поединци со исклучително воено искуство и вештини. Во ниеден момент и на ниеден начин не ги потценивме, ниту можноста, ниту намерата и капацитетите на оваа група да извршат терористички напади. Затоа беше со толкав обем и акцијата за нивно неутрализирање. Затоа, за жал, плативме висока цена со човечки животи.

За оваа група во почетокот на 2015 година писмено информиравме 17 партнерски служби на земјите од Европската унија и НАТО, како и земјите во регионот. Можам да констатирам дека размената на информации, со цел да се изврши превенција на намерите на групата не даде резултат.

На Република Македонија овие два дена и се случува она на што предупредував уште пред неколку месеци, во моето обраќање на Советот за безбедност во Обединетите нации.

Сторителите и сите инволвирани во овој терористички чин скапо ќе платат за тоа што се обидоа да и го сторат на Република Македонија и нејзините граѓани.

Сакам јасно да ставам на знаење – нема да дозволиме ескалирање на тензиите. Правиме сè што е потребно за да не дојде до дестабилизација на државата и нарушување на меѓуетничките односи.

На тој пат неопходна ни е помошта од вас, граѓаните на Република Македонија. Потребно ни е трпение, воздржаност, мудрост.

На тој пат потребна ни е поддршката од лидерите на политичките партии, да се однесуваат одговорно и да бидат на висина на очекувањата на граѓаните.

На тој пат потребна ни е поддршката од вас, од медиумите, да бидете на нивото на професионалноста и на одговорноста што ја имате.

На крај, на тој пат ќе ни биде потребна поддршката и од меѓународната заедница. Со години ги предупредувам дека статус-кво ситуацијата во евроатлантските интеграции ни создаваат фрустрации во политичкиот и меѓуетничкиот живот и нè прават ранливи и подложни на обиди за дестабилизација.

Барам од меѓународната заедница, од Европската унија и НАТО, со најголема сериозност да се ангажираат и да најдат начин да ги деблокираат евроатлантските интеграции, за доброто на Република Македонија и на целиот регион.

Во тој правец барам целокупното македонско општество, особено политичките лидери, да пристапиме кон политички дијалог, кон надминување на сите слабости што во континуитет ги нотира Европската комисија.

Политичкиот дијалог во земјава предолго го нема. Крајно време е лидерите на политичките партии да почнат да разговараат и да бараат решенија за политичката криза.

Искрено жалам што требаше да дочекаме вакви моменти за да седнеме на заедничка маса. Тоа е тоа што граѓаните го очекуваат од нас.

Мора да се надминат тесно-партиските интереси. Да се обединиме околу највисоките цели – стабилна, просперитетна, европска и евроатлантска Македонија. За оваа цел да престанат личните и меѓупартиските конфронтации. Видовме што тие ни донесоа.

Нема оправдување за секој оној што не се однесува согласно овие цели.

За пофалба е денешното присуство на лидерите и претставниците на партиите на Советот за безбедност, кога се разговара за најсуштественото прашање на секоја држава, за безбедноста.

Одговорност за состојбите во Република Македонија мора да има. За сето она што е сторено, и за сето она што не е сторено, а требало да се стори.

Ги повикувам граѓаните на Република Македонија на разум и трпение, и да не подлегнуваат на провокации. Ве уверувам дека никој нема да ја избегне одговорноста.

Република Македонија била фактор на стабилност и соработка во регионот и пример за меѓуетнички соживот.

Тоа не смееме да го нарушиме.

Треба да одиме напред, а не назад, затоа што Република Македонија е единствената заедничка татковина што ја имаме.


Интегрален текст
10-05-2015, 09:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#42

10-05-2015, 10:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#43

Quote:ŠPIJUNSKA AFERA Sam vrh vlasti platio Albancima za napad


T M. Subota, M. Pejić, I. Hadžiomerović | 24. 04. 2015. - 19:38h | Foto: AP, Reuters | Komentara: 13

Napad na policiju u makedonskom selu Gošince je insceniran da bi se skrenula pažnja sa špijunske afere u čijem je središtu premijer Nikola Gruevski, tvrde bezbednosne službe.

[Image: 603133_makedonija01foto-ap_f.jpg?ver=1429809292]
I bivši pripadnik OVK Abedin Zimberi kaže da ceo slučaj liči na vladin scenario

Za napad je, prema nezvaničnim saznanjima nekoliko službi okolnih zemalja, izdvojeno dva miliona evra, a organizovali su ga dvojica vođa kriminalno-terorističke organizacije: Sami Ukšini, zvani Sokolj, iz Đakovice i Rize Bega iz okoline Peći.


Njih dvojica su samo dan ranije imali sastanak sa predstavnicima Demokratske unije za integraciju (DUI), albanske stranke koja sa VMRO-DPMNE čini vladajuću većinu u Makedoniji.

- Saznanja ukazuju da im je novac dat kako bi namerno napali stanicu. Predstavnici DUI bili protiv tog scenarija i na sastanku sa Ukšinijem i Rizom tražili su da se akcija ne izvede. Očigledno je da su njih dvojica postupili po instrukcijama nekog mnogo uticajnijeg - kaže za „Blic“ izvor upoznat sa saznanjima bezbednosnih službi.

[Image: 603134_makedonija01foto-reuters_f.jpg?ver=1429809344]
Pivovarov: „Konvoj je krenuo u Gošince kao da ide na svadbu“

Prema tim izvorima, cilj insceniranog napada bio je da se skrene pažnja sa afere koju je početkom godine protiv Gruevskog pokrenuo lider opozicionog SDSM Zoran Zaev.

[Image: 603139_sami-ukshini_hf.jpg?ver=1429809433]
Osumnjičen: Sami Ukšini (desno)

Slično misli i profesor Vladimir Pivovarov, bivši šef makedonske Vojne obaveštajne i kontraobaveštajne službe.


- Već dva meseca Zaev objavljuje telefonske razgovore između predstavnika vlasti iz kojih se saznaje na koji kriminalan način su sprovođeni izbori, kao i o velikim korupcijskim skandalima. I na protestima generala Stojančeta Angelova, koji traži ostavku javnog tužioca, još pre dve nedelje je najavljeno da se sprema nešto ovakvo - kaže Pivovarov.

On dalje navodi naznake zbog čega ceo slučaj deluje kao nameštaljka.

- Napad se desio oko dva sata noću bez ijednog ispaljenog metka. Napadači su zarobili tri policajca, a četvrtog ostavili da oslobodi ostale. MUP je tek nakon 10 sati o incidentu informisao javnost, a 12 sati kasnije policija se u konvojima uputila u Gošince kao da idu na svadbu - dodaje Pivovarov.


Полека се склопува мозајкот.

10-05-2015, 10:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#44

Quote:[Image: DSC_0018-copy2-770x470.jpg]

[Image: DSC_0058-copy2.jpg]

[Image: DSC_0055-copy1.jpg]

[Image: DSC_0054-copy1.jpg]


(This post was last modified: 10-05-2015, 11:08 PM by ЈорданПетровски.)
10-05-2015, 11:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#45

Quote:[Image: DSC_0042-copy.jpg]

[Image: DSC_0028-copy1.jpg]

[Image: DSC_0019-copy2.jpg]

[Image: DSC_0060-copy1.jpg]

[Image: DSC_0052-copy1.jpg]

10-05-2015, 11:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#46

Quote:[Image: DSC_0036-copy2.jpg]

[Image: DSC_0013-copy1.jpg]

[Image: DSC_0041-copy2.jpg]

[Image: DSC_0035-copy1.jpg]

[Image: DSC_0023-copy1.jpg]

10-05-2015, 11:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#47

Quote:[Image: DSC_0040-copy3.jpg]


Quote:Три сокаци срамнети со земја во кумановско Диво насеље

Откако полицијата се повлече од кумановското Диво насеље, локалното население започна со враќање во своите домови, но само во оние делови каде што има електрична енергија. Во искачување кон местото каде што се одвиваа борбените дејства, некои граѓани велат дека воопшто не се мрднале од дома, и тоа што се забележува е дека ниту се запалени основните училишта како што вчера се ширеа шпекулации, ниту пак се познава дека нешто се одвивало таму во последните 48 часа.

Но, веќе во делот на улицата Тоде Мендол каде се наоѓа исламската џамија, нема електрична енергија, но 20 до 30 куќи во страничните мали улички се целосно уништени од борбените дејствија на полицијата и вооружените групи.

Куќуте мирисаат на гареж, наместа се гледаат траги од свежа човечка крв, а некои куќи се целосно запалени како и возила кои биле паркирани за време на дејствата.

Семејствата кои тука живееле во плач се вртат во сопствените дворови, незнаејќи што да направат попрво за да влезат внатре. Стравот од минирани објекти ги спречи сопствениците да навлезат подлабоко во дворовите, затоа што во услови на тотален хаос и немање електрична енергија, решија да ги затворат портите и да си одат до разденување.

– Не знаеме што се случи, што со нас, што со населбата. Ова започна ненајавено. Не знаеме кој пукаше и зошто. Не начекаа на спиење. Кога се спремав за одење во џамија, слушнав истрели и кога излегов надвор, видов полиција која почна да вика по мене да се повлечам дома, вели еден од жителите на ул. Перо Илиевски.

За кратко, настанала вистинска драма, и полицијата според кажувањата на локалните жители ги извлекла семејствата надвор, раскажуваат локалците.

– Тие што ги уапсија, не се вистинските сторители на овие злодела. Го упсија локалниот бербер кој едвај крпи крај со крај. Велат бил терорист. Велат тие што пукале биле во Сирија. Каква Сирија, какви лаги? Нашиот комшија е најчесниот човек што го знаеме. Полицијата приведе погрешни луѓе, вели еден од жителите кој живее зад амбулантата ”Перо Чичо”.

Жителите во населбата Тоде Мендол останаа во делот од населбата каде поради борбени дејства, куќите изгледаат како куќите во Вуковар, велат мештаните.

Тие реагираат што полицијата и после сите дејства, си заминала од населбата и ги оставила да се чувствуваат несигурни и незаштитени од упади на луѓе за кои велат дека не знаат ниту од каде дошле ниту зошто го направиле ова, во услови кога Албанците во Куманово живеат можеби просечен, но добар живот, и дека соживотот со Македонците контра сите очекувања, нема да биде нарушен и покрај целата драма низ која поминаа жителите во кумановското Диво Насеље.
10-05-2015, 11:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#48

10-05-2015, 11:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#49



Quote:Запрашани зошто викаат ”Уааа”, локалните жители од албанска националност гласно коментираа дека извиците против полицијата се затоа што по изгледаните снимки од МВР за приведени терористи, ги препознале своите комшии, а не луѓе за кои велеа дека припаѓаат на добро вооружена и обучена група.


”Тоа не се терористите за кои гласно се зборува во последните 24 часа. Тоа се наши комшии. Каде се тие Косовари за кои зборат? Каде се тие опасни терористи? Нив ги пуштија, а пред камери ставија невини луѓе за да го прекријат сценариото”, гневно коментираа жителите.
11-05-2015, 01:12 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#50

Quote:Ѓаволот доаѓа по своето!



мај 11, 2015
Си играме држава. Си имаме премиер, а сите имаат, та и ние си имаме и претседател. Два дена ни се случува Куманово, полицајците ни гинат отстрелани како глинени гулаби, а нив никаде ги нема, за да на крајот и тие се појават. Од тоа што го слушнавме, подобро и да не се појавеа. Се’ кажаа, само и двајцата не одговорија зошто дозволија Македонија да биде жртва на ваков развој на настаните, каде сигурно најпогодени се семејствата на загинатите бранители. Вториот кој нешто подоцна излезе со изјава, дури немаше ни срам да признае дека 4 месеци знаел за терористичката група. И види ти се молам, неговата партија пред само една недела без проблеми одржува и конгрес во тој град каде се беше мирно, а викендов ете „најозогласените терористи“ го изненадија токму него, нашиот Претседател. Премиерот и Претседателот се клучно одговорните функционери кои бесрамно својата вина ја покриваат со критика до сите субјекти кои укажаа дека „кабаетот“ е кај власта, кај оние кои многу порано требаа да реагират, за да не ни се случи „Диво Насеље“.

Но , проблемот не е од сега. Тој е генериран многу одамна, сега само му е дозволено да ескалира. Начинот на кој функцонира државата, односот кој го имаат министрите кон министерствата, премиерот и претседателот кон државничките функции повеќе од јасно е дека не‘ води кон амбис. Неспособноста да се признаат грешките е прв чекор во таа насока, а обидот да се прикријат аргументите доказ дека се е тргнато низводно, конците се отпуштени, а партиските одамна се ставени над државните интереси. Во едно такво миље, можеби само наивните поверуваа дека и кога институциите на системот не функционираат, народот може мирно да спие. Дури и да се работи за нарачан конфликт, со цел поматување на сметките на опозицијата и опстојување уште некој ден повеќе на постојните позиции, премногу е . Не е ваљда дека властодршците буквално почнале да ја спроведуваат премисата целта ги оправдува средствата .

Државниот врв веќе обзнани дека акцијата е завршена, терористите се неутрализирани. Сега се работи на чистење на теренот. Експертите од оваа област се со поделени мислења, за едни акцијата била успешно изведена, за други, премногу жртви за акција од таков калибар. Она што за мене како лаик е неодговорено, а за што мислам дека надлежните должат одговор и на пошироката јавност е, дали со оглед на човечките загуби, МВР успеа да спроведе професионална акција, во која евентуалните жртви ќе беа сведени на минимум? Или, дали е можно, како што тврдат одредени експерти, акцијата да била пробиена од „кртови“ во самото МВР, па полицајците отидоа во акција како „глинени гулаби“?. И да не заборавам, кој дозволи оваа група од повеќе десетици луѓе да влезе во Македонија, и да узурпира цела една населба? Ова се прашања кои секако во иднина ќе мора да се анализират од страна на надлежните и притоа јасно да им бидат објаснети пред се‘ на безбедносните структури, оние кои директно ги ставаја своите „глави во торба“, за нечиј интерес и поради шарлатанско и непрофесионално однесување. Не смее да се заборави дека тоа е резултат на повеќегодишната политика на партизирање на институциите, што јасно се виде и од разговорите во аудио снимките што ги слушна јавноста. Со таков начн на менаџирање не треба да се прават подлабински анализи за да се констатира дека ова што се случи во Куманово можеби е и очекуван развој на настаните. Затоа што терористи и луѓе што и мислат лошо на некоја држава сигурно нема само во и околу Македонија. Нив ги има насекаде, но само држава чии институции професионално си ги извршуваат своите задачи многу полесно ги пресретнуваат ваквите групи, ги неутрализират или истите не се осмелуваат ниту да делуваат.

Ако нешто ми дава сила да верувам во „македонското утре“ секако е како никогаш досега сплотеноста која владее на меѓуетнички план, помеѓу Македонци, Албанци, Роми, Срби, Власи, Турци. Мислам дека сите ја прочитаа и разбраа главната лекција . Додуша на нас кој живееме во Македонија и ја паметиме 2001 та година, ова ни е повторување на градивото, но можеби и затоа сме сите помудри. Мислам дека единствено вака сплотени, и јасно лоцирајќи ја вината за ваквиот развој на настаните ќе дојдеме побрзо и до расплет на кризата, која ако не ја санираме од темел лесно може да се префрли и на друга локација, некое друго „Ново насеље“.

Искрено, и тајмингот за ваквиот развој на настаните е дискутабилен, кога финишираат бомбите на опозицијата и кога на големо се подготвува митингот закажан за 17 мај. Несакам да навлегувам во понатамошна разработка на ефектите од партиското полтронство, како што несакам и да ги гледам ожалостените фаци на Груевски и Јанкуловска. Од нив, единствено што барам е одговор на прашањата, затоа што ова што сега ни се случува е токму поради нивниот начин на практикување на власта. Додека тие си играа држава, некој во меѓувреме најде слободен простор да делува. Очигледно, ѓаволот почна да доаѓа по своето.



Д-р Крсте Шајноски
11-05-2015, 11:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#51

11-05-2015, 02:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#52

Quote:Неискусни полицајци биле ставени во ситуација да гинат во самите возила на влезот од Дива населба



[Image: goran-mitevski-620x320.jpg]
Горан Митевски

Објавено: 15:36, 11/05/2015
Имам информации дека на околу 50 отсто од безбедносните сили ова им била прва акција и се ставени во таква ситуација да гинат во самото возило на влезот од Дива населба, вели поранешниот директор на безбедносните служби во МВР и полициски генерал Горан Митевски кој за „А1ON“ ги толкува случувањата во Куманово и нивната поврзаност со политичката криза во Македонија.

Според него, МВР не фати терористи, туку платеници со криминални досиеја кои не претставувале закана за Македонија и за регионот, туку дека се осмислено и испланирано донесени во Куманово. Митевски вели дека по ова ќе биде погубно за земјава доколку Груевски не потклекне на притисокот од меѓународниот фактор да поднесе оставка и да дозволи формирање на техничка Влада.

Премиерот и министерката изјавуваат дека акцијата во Куманово за разбивање на терористичка група била успешна. Колку е успешна акција во која имаме загинати осум полицајци и повредени 38, освен убиените т.н терористи?

Изјавата на државниот врв во врска со успешноста на акцијата е контрадикторна. Прво министерката Јанкулоска изјави дека биле загрозени витални објекти во Куманово. Според мене такви објекти во кумановскиот регион не постојат и не знам кои тоа објекти би биле цел на терористичката група. Премиерот даде изјава дека 8.000 луѓе се спасени, дека можеле да бидат жртви на нападот. За цела 2001 година, пред почетокот на секоја акција месното насление се иселуваше за да не дојде до цивилни жртви. Ако е точно тоа што го кажа претседателот Иванов дека знаеле за групата пред почетокот на оваа година, нејасно е зошто акцијата е преземена во градска средина и биле загрозени цивилни животи, зошто месното населене не е дислоцирано пред почетокот на самата акција?

Освен евакуција, сигурно постајат други начини да се совлада групата, преку прекин на водоснабдување и електрична енергија постепено да се неутрализира?

Наводно групата била во селото Отја пред да се спушти во Дива населба во Куманово. Зошто групата не е пресечена на патот од село Отја пред да влезе во градска средина? Треба некој во МВР да даде објаснувања. Најуспеша акција би било кога би била надвор од градска средина, кај што можеле комплетно целата група да ја неутрализираат, без жртви на безбедносните сили, ниту животите на едницита да бидат загрозени.

Дали е тогаш ова резултат на неспособноста на МВР да се справи со вакви закани, или станува збор за нешто друго?

Јас од почеток на оваа криза зборувам дека ова претставува дефокусирање на јавноста од бомбите на опозицијата, и целта е да се спречи големиот митинг што го најави опозцијата за 17-ти мај. Според мои информации во самата акција учествувале многу неискусни припадници на специјалнтие едници. На околу 50 отсто од безбедносните сили ова им е прва акција и се ставени во таква ситуација да гинат во самото возило на влезот од Дива населба. Тоа е многу непрофесионално и контрадикторно на тоа што го кажуваат, дека целата акција било претходно добро испланирана, осмислена и организирана.

Очигледно е дека оперативните сознанија не биле добро искористени. Пет месеци однапред знаеле за групата, како што рече Иванов, имале информации дека се над 40 добро вооружани луѓе, но чекале во последен момент да реагираат во густо населено место.

Таа опрема што ја поседувале, како е можно да биде внесена во градска средина. Во прашање биле денови, ако не цел месец како таа опрема постепено била носена, не верувам дека во еден камион бил натоварен цел арсенал на оружје и донесен во Дива населба. Сите тие информации и оперативни сознанија изостанале од страна на службите кои можеле тоа да го спречат пред групата да биде добро вооружена. Таа опрема сигурно не ја носеле од Косово со себе, таа им била доставена накнадно. Постојат многу прашања на кои МВР мора да одговори, како е дозволено таа група да добие таква опрема и да дејствува во градска средина.

Освен тоа сомнеж се појавува и во целите и мотивите на оваа група, што премиерот вика дека дополнително ќе се истражува.

Тоа е смешна изјава бидејќи мотивација за ваква организирана терористичка група има само една. Таа група сигурно, како што беше спомнато, познавала повеќе странски јазици, руски, арапски, делувале на територија на Сирија и Украина, а некој добро ги платил за да дејствуваат во Македонија. Нема логика која би била мотивацијата за ваква терористичка акција во Македонија во овој период, нема логично објаснување што би постигнале со една вакава акција во кумановскиот регион. Тука отсуствува било каква мотивација за терористички акции во повеќе градови. Наводно целта биле напад на маратонот во Скопје, или напад на полициска станица. Тоа објаснување е смешно и не верувам дека ќе се покаже во било која постапка, евентуално понатамошна судска како што кажува премиерот.

Како што не дознавме кои се странските служби кои стојат зад прислушувањето?

Не верувам, луѓето што се дојдени, за таа сума што зборуваше генерал Стојанче Ангелов, дека се исплатени 2 милиони евра за некој од Косово да ја дестабилизира Македонија. Сигурно некои смешни суми од 1000 до 2000 евра се исплатени на овие лица што се дојдени во Македонија за да предизвикаат црно сценарио, а тие воопшто не знаат кој стои зад целата идеја и зад ваквата организирана акција која би предизвикала безбедносна криза во државата. Верувам дека едно до две лица кои ја организирале акцијата, пранешни командати на УЧК кои не се интегрирале на Косово, дека продолжиле со криминално дејствување како платеници. Овие луѓе ги платиле за минимални суми да дојдат во Македонија со тоа што им било кажано дека најверојано постои огромно незадоволство кај Албанците кои ќе им се приклучат и ќе им помогнат за овие нивни активности да изгледаат поверодостојно, односно да постигнат некој ефект. Сигурно тие се разочарале на самиот тререн кога виделе дека албанското население не само што не сака да им се приклучи, туку одбива да ги прими и да ги земе во своите куќи, како јатаците во 2001 година што ги хранеа и им овозможуваа да преспијат. Тоа сигурно не е случај сега.

МВР во текот на целиот ден забрануваше било какви информации да дојдат до јавноста. Граѓаните преку сооштението на американската амбасада дознаа дека има починати лица во акцијата. Како го толкувате тоа?

Тоа е обид да се претстави дека имало што помал број на жртви за државниот врв да може да каже дека акцијата била успешна. Премиерот, како што кажа, ова претставува најсложена безбедносна операција до сега. Како да се заборава конфликтот во 2001 кога имаше уфрлено повеќе од 2000 лица од Косово. И да се работи за група, без разлика дали е 40-члена или составена од 70 луѓе, дефинитивно не претставува безбедносна закана за било кого во Македонија. Една таква криминална група не може да предизвика ефекти од такви размери како што беше 2001, иако имаше обиди на некои нивни, провладини, медиуми уште при нападот на караулата во Гошинце да поистоветат дека почнува сценарио слично на 2001. Сето тоа паѓа во вода и очигледно е дека ова е само една криминална платеничка акција, а не терористички напад.

И покрај случувањата бугарскиот премиер Борисов побара оставка од Груевски поради изразеното незадоволство на граѓаните.

Очекувам и други премиери во опкружување да побараат од Груевски да си даде оставка.

Но претпоставувам не го очекувате тоа од Вучиќ.

Само не Вучиќ. На него му одговара дестабилизација на регионот бидејќи некои работи кажуваат дека ќе се откаже од гасоводот „Турскиот тек“ да се прошири на територија на Србија, а дека нивната цел е влез во ЕУ со одредени предуслови. Претпоставувам они ќе бараат северниот дел на Косово да биде припоен кон Србија. Но тоа е погубно сценарио за Македонија бидејќи дефинитивно северозападниот дел ќе биде побарано да се припои на Косово или Јужна Србија во делот каде живее албанско население. Зошто македонските власти би прифатиле едно такво српско сценарио? Некој во нашата држава ќе треба да одговори на овие прашања бидејќи тоа на Македонија најмалку и одговара, а на Србија да. Би и се оствариле намерите барем северен дел од Косово да го добие, кога веќе го изгубија останатиот дел.

Европа бара оставки, а Русија очигледно го поддржува Груевски кога предлага секое прашање да се реши во рамки на институциите. Освен тоа Русија за прв пат пројави интерес за Македонија откако политичката криза се продлабочи со објавувањето на бомбите.

Од бомбите слушнавме како фрункционираат институциите во Македонија, дека се координирани од едно место, од премиерот Груевски. И во странските весници Груевски го нарекуваат мало диктаторче кое ги контролира сите институции на државата и кое сака да предизвика мрачно сценарио. Тој е прочитан. Сите амбасадори дадоа смирувачки пораки во текот на вчерашниот ден, а очекувам денеска на средба со претседателот да му се прати јасна порака – доколку продолжи ова црно сценарио дека дефинитивно ќе биде загрозен опстанокот на државата и дека државниот врв ќе сноси целосна одговорност за тоа што ќе се случи во иднина. Очекувам дека таа порака ќе биде прифатени и дека Груевски ќе мора да си даде оставка пред 17-мај.

Се обидува ли Груевски да маневрира помеѓу истокот и западот во овој момент?

Провизиите што ги слушнавме при изградба на автопатот Кичево-Охри добиени од Кинезите, купувањето имоти на Водно, фирмите во Белизе, местењето тендери, се тоа што Мијалков го поседува почнувајќи од СГС која добива милионски тендери.. Улогата на Русија е слична во ситуацијата кога семејството на Милошевиќ беше згрижено кога тој мораше да биде испорачан на Хаг. На истиот начин и Груевски го бара спасот во Русија. Само тука го гледам можното свртување на надворешната политика. Очигледно е дека веќе се ориентирале против ЕУ и НАТО, а кон Русија.

Имаме една апсурдна ситуација Заев да биде повикан да присуствува на Советот за безбедност кога неколку недели претходно е обвинет дека е непријател на државата во аферата „Пуч“.

Тоа што Заев присуствуваше на седницата може да значи дека тоа води кон нормализирање и седнување на заедничка маса. Според мене добро е што Заев се појави на седницата, тоа е услов Иванов да види дека опозицијата е конструктивна и дека нема изговор зошто да не ги седне лидерите на најголемите политички партии да почнаат да преговараат за формирање на техничка влада.

Сметате дека техничка влада ќе се случи и дека овие „терористички напади“ нема да се повторат?

Тоа е разумен излез од целава ситуација. Доколку тоа не се случи ќе биде погубно за Македонија, опстанокот на Македонија ќе биде доведен во прашање.



Маја Васева
11-05-2015, 02:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#53

Quote:НДМ: Иванов недозволиво „чукал тапани“ по Европа со информациите за терористите во Куманово
Објавено: 13:40, 11/05/2015

[Image: 132634810.jpeg]

„Народно движење за Македонија изразува длабока шокираност од синоќешната изјава на претседателот Ѓорѓе Иванов дека домашните разузнавачки информации за терористичката група во Куманово писмено им ги доставувал на 17 партнерски служби на земјите од Европската унија и НАТО, како и на земјите во регионот.

Ако се земе дека 17 партнерски земји плус десетина од регионот е речиси цела Европа, тогаш, произлегува дека Иванов недозволиво „чукал тапани и правел свадба„ на европскиот континент со домашните разузнавачките информации.

Оттука, се потврдува она, на што НДМ подолг период укажува дека капацитетот на претседателот на РМ како врховен командант и премиерот на владата под кое е одговорно МВР, се лимитирани во смисла на способноста на донесување на соодветни одлуки заради фактот што во моментот се опкружени со некомпетентни советници кои на тие места не се поставени врз основа на знаење, способност и достигнување“, се вели во соопштението на Народното движење за Македонија.

„НДМ му обрнува внимание на Иванов дека разузнавачките служби имаат потреба да разменуваат информации со странски партнери, меѓутоа, за прашања корисни за странски партнери, а информациите за терористичката група во Куманово се исклучиво во домашен контекст и оттука не можат да бидат предмет на меѓународна размена.

Оттука, загрижува фактот што претседателот Иванов не бил доволно внимателен при давањето на разузнавачки иформации на огромен број на странски служби, заради што, НДМ ќе ја разгледа можноста за иницирање на постапка за утврдување на негова одговорност во смисла на член 87 од Уставот на Република Македонија.

Истовремено, постапката на импичмент против претседателот ќе треба да даде одговор и на прашањето, дали контроверзното загинување на поголем број припадници на МВР во акцијата, кое нешто наведува на заседа, е резултат на дилетанската одлука на Иванов како праќач на информации на широк круг странски примачи на информации“, пишува во соопштението на НДМ.
11-05-2015, 02:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#54



Quote:Амбасадорите по средбата со Груевски: Неприфатливо однесување на Владата



Влатко Чаловски, НОВА 11-05-2015
По средбата со премиерот Никола Груевски која пред малку заврши во Владата, амбасадорите на САД, Франција, Италија, Велика Британија, Германија и Европската Унија упатија остра порака до Владата во која се вели:

- Ги изразивме нашите грижи до премиерот дека неговата Влада не направи прогрес во контекст на многу од обвинувањата кон Владата кои произлегоа од прислушувањето. Ова континуирано непреземање на дејствија фрла сериозен сомнеж врз посветеноста на Владата на Македонија за демократските принципи и вредности на евроатланската заедница.

Постојаниот неуспех да се демонстрира оваа посветеност со конкретни дејствија ќе го наруши прогресот на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО.

Исто така ги изразивме нашите очекувања што се однесува на прислушувањата кои откриваат неприфатливо однесување, потребни се соодветни политички и правни мерки за одговорните со цел да се постапи по слабостите на институциите кои се видливи од прислушувањето. Бараме Владата да размисли за специфични реформи, вклучувајќи го интегритетот на изборниот систем, слободата на медиумите, независноста на судството, слободата на говорот и заштита за тн. „протекувачи на информации, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли по средбата.

Како што рече Бејли, на средбата тие до премиерот Груевски изразиле и сочувство за загинатите од настаните во Куманово.

Бејли рече дека земјите стојат на располагање доколку е потребна нивната помош.

- Сочувствуваме со луѓето низ земјава и политичките лидери, осудувајќи го насилството. Ја поздравуваме иницијативата на Претседателот да се сретне со сите политички партии и апелираме до граѓаните да останат смирени и воздржани, рече тој.

При заедничката изјава, Бејли рече дека целосно го поддржуваат демократското право на здружување на граѓаните и мирен протест, и апелираат до сите инволвирани, да се воздржат од насилство.

Како што рече Бејли, тоа се однесува и на демонстрантите и на полицијата.
11-05-2015, 06:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#55

Quote:Шест клучни прашања зад кулисите на уличната војна во Куманово


Контрадикторната и непроодна шума од информации што ги преплави регионалните медиуми за време на конфликтот во македонско Куманово доведе до низа неодговорени прашања, кои ја мачат јавноста ден по завршувањето на полициската акција во која вкупно загинаа 22 лица. Се обидуваме да заклучиме што всушност се случило и каква е врската на овој конфликт со актуелната политичка криза во Македонија, пишува Бојан Стилин за хрватски Т-портал.

[Image: mkd-193342.png?itok=Wt9FELpx]


Каква е официјалната верзија на настаните и кој е поширокиот контекст?

Македонската полиција за време на викендот во кумановската населба Диво Насеље спроведе акција во траење од речиси ден и пол, во која разби терористичка група составена од 50 до 70 искусни „кучиња на војната“, од кои 30 ѝ се предале на полицијата.

Станува збор претежно за припадници на албанските паравоени сили, кои во земјата се инфилтрирале од Косово, а премиерот Никола Груевски тврди дека некои од нив учествувале во низа судири во регионот и надвор од него. Власта тврди дека планирале да извршат напади врз државни институции, трговски центри и спортски настани, но и еден ден по завршувањето на операцијата, во која смртно настрадаа 8 полицајци и 14 терористи, не е јасно кога, како и зошто тие напади требало да се случат.

Исто така, иако власта демантира постоење на цивилни жртви, во одделни извештаи од теренот станувало збор и за загуби меѓу населението. Немирите се случиле во екот на политичката криза во земјата на улиците на чиј главен град повеќе илјади луѓе бараат оставка од конзервативната влада поради корумпираната, скандалозна и пред сѐ нехумана содржина на снимките од разговори на високи државни функционери, кои веќе со недели ги објавува опозицијата. По прогласувањето два дена жалост, уличните протести се смирени, но денес продолжуваат.

Зошто токму сега?

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во обраќањето до нацијата по неделната седница на Советот за национална безбедност изјави дека четири месеци ги предупредувал дипломатските претставници на земјите од ЕУ и НАТО за постоењето на терористичка група што планира акции во државата.

Се наметнува логично прашање – зошто силите на редот не дејствувале против терористите ниту еднаш во тие четири месеци, особено ако се има предвид дека, како што тврди власта, припадници на таа иста група веќе зазеле полициска караула на границата меѓу Македонија и Косово и активирале експлозивни направи пред зградата на владата? И уште повеќе, зошто дозволиле бандата да се групира во густо населена област во третиот по големина град во државата? И на крај, зошто владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го поместила одржувањето на својот конгрес, закажан токму за саботата, 8 мај, во Куманово, за една недела порано? Одговорите на овие прашања секако се поврзани со актуелната политичка криза во Македонија, но до тоа ќе дојдеме подоцна.

Зошто токму Куманово?

Покрај Скопје, Куманово е град со најголем број национални заедници во Македонија – според пописот од 2002 (подоцнежните обиди за попис на населението пропаднаа), околу 60 отсто од населението се Македонци, 25 отсто Албанци, а речиси седум отсто Срби, но се претпоставува дека учеството на Албанците во меѓувреме пораснало. На власт во овој град традиционално е опозициската СДСМ, партијата што во рамките на серијата прислушувани телефонски разговори на високи државни функционери неодамна објави и разговори што покажуваат дека власта на ВМРО-ДПМНЕ со методи на застрашување и закани и таму се обидела да ја преземе власта. Куманово има репутација на град во кој доминира толерантна атмосфера – таму дури ни во 2001, кога дел од земјата беше разурнуват од македонско-албанскиот конфликт, немаше улични борби. Затоа радува реакцијата на локалното население, кое веднаш по избивањето на полициската интервенција повикало на мир и разбирање, а најдобра илустрација за тоа е видеоснимката во продолжение.


Што прават САД, ЕУ, ОБСЕ и НАТО и каква е улогата на соседните земји?

Низ регионалните медиуми се прошири теорија на заговор, според која актуелните случувања во Македонија, почнувајќи од прислушуваните разговори, преку уличните протести, сѐ до полициската акција, се дел од „пошироко сценарио“ во режија на „светски моќници“, а чија цел е американски обид за спречување на договорот меѓу Русија и Турција околу изградбата на Турски тек за транспорт на гас.

Такви теории најверојатно немаше да има доколку меѓународните фактори не ѝ дозволеа на власта на Никола Груевски да се размавне во насока на брутален орвеловски популизам, па меѓународната заедница сега има прилика конечно да си го врати кредибилитетот околу прашањето на Македонија. Првата заедничка изјава на мисиите на САД, ЕУ, ОБСЕ и НАТО во Скопје е прилично воздржана и протоколарна – се изразува жалење за изгубените животи, се истакнува дека терористичката група е „изолирана појава“ и се повикува на дијалог на сите политички сили поради надминување на кризата. Од друга страна, соседните земји се далеку поконкретни во своите пораки. Српскиот премиер Александар Вучиќ веднаш свика седница на државниот совет за безбедност и државата испрати воено и полициско засилување на границата, пружајќи му рака на колегата Груевски во заедничката борба против вечниот албански непријател и медиумски поддржувајќи го преку добро уиграната мрежа таблоиди. Од друга страна, бугарскиот премиер Бојко Борисов го советувал Груевски да поднесе оставка со зборовите „Само да го потсетам на она што премиерите го прават кога ја немаат довербата од народот“.


Каква е врската меѓу уапсените терористи и политиката и каде се албанските политичари?

Одделни портали на албански јазик објавија дека меѓу уапсените има истакнати имиња на Ослободителната војска на Косово, како Бег Ризај, поранешниот телохранител на своевремено хашкиот обвинет и командант на ОВК Рамуш Харадинај. Го спомнуваат и Сами Уксими, попознат како „командант Соколи“, чиј глас исто така неодамна се слушна во „бомбите“ (каде соговорник му е шефот на албанската опозициска партија ДПА, Мендух Тачи, кој во еден од разговорите му се заколна на доживотна верност на шефот на тајната полиција и братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков). Македонските медиуми, пак, особено го истакнуваат името на Адем Шеху, кој беше командант на 153-тата бригада на ОВК во судирите на Косово и во Македонија, а подоцна и телохранител на Али Ахмети, претседателот на најсилната албанска партија и членка на владејачката коалиција ДУИ, која во македонско-албанскиот конфликт во 2001 беше командант на АНА, македонското крило на ОВК. Овие информации им одат во прилог на заклучоците дека водечките албански политичари во Македонија, во најмала рака, имале многу конкретни сознанија за овој конфликт, а ако на ова го додадеме фактот дека Ахмети лично воопшто не се огласил од избивањето на инцидентот ниту се појавил на седницата на Националниот совет за безбедност која вчера ја свика претседателот Иванов, добиваме нова доза разбирлив гнев кај албанската јавност во Македонија. Ќе се канализира ли тој гнев во масовни протести против власта, особено ако јавноста од опозициските „бомби“ дознае нови детали за национално запаливиот настан – судењето за убиствата на пет млади Македонци кај Смилковско Езеро, ќе откриеме во следните денови.



Осум полицајци загинале, а акцијата била „успешна“. Навистина, Груевски?

Премиерот Никола Груевски 35 часа по почетокот на полициската акција не се појавуваше во јавност, а потоа одржа воинствена прес-конференција, на која ги испофали храбрите припадници на полицијата за пожртвуваниот ангажман при разбивањето на опасната терористичка група што „војувала и на Блискиот Исток“, но заклучи и дека акцијата била успешна. Колку полицајци треба да загинат за да се посомнева во успехот на акцијата, нормално, не кажа, но затоа за време на обраќањето до медиумите неколку пати ги прозва политичарите и „таканаречените новинари“ за злоупотреба на трагедијата во политички цели (што самиот наголемо го право), а на сите „што сакаат да ѝ нанесат зло на Македонија“ им порача дека ќе „завршат како терористите“. Откако јавноста со недели ги слуша снимките од бескрупулозните телефонски разговори на врвот на власта, во кои целата земја ја третираат како семеен бизнис, не треба многу да се мудрува за да се заклучи дека Груевски всушност им се заканува на опозициските политичари, медиумите и демонстрантите, кои на улиците на Скопје во последните денови фаќаат залет за „македонската пролет“. Прашањето е само – ако на големиот протест на 17 мај, за кој власта очигледно добро се подготвила, навистина има немири, колку луѓе ќе треба да загинат за „акцијата да биде успешна“?
11-05-2015, 08:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#56

Quote:Генерал Николовски: Сакаат да ја фрлат вината врз опозицијата, а нејзе најмалку ѝ одговара инцидентот во Куманово





Пезионираниот генерал Илија Николовски, од граѓанското движење „Има иднина“, е искусен поранешен воен старешина на АРМ и директор на Дирекцијата за меѓународна соработка во Министерството за одбрана, како и долгогодишен претставник на Република Македонија во Воениот комитет на НАТО. Освен армиското практично искуство, меѓу другото и во конфликтот во 2001 година, Николовски учествувал и во изработката на многу фундаментални и стратешки документи за АРМ неопходни во процесот на нејзиното приближување до НАТО. Во ова интервју за „Кирилица“ со генерал Николовски разговараме за последниот безбедносен инцидент во Куманово, како и за неговото влијание врз повеќемесечната политичка криза во Република Македонија.

На прашањето, кои е се можните мотиви коишто стојат зад инцидентот во Куманово, Николовски вели дека не може точно да каже кој е организатор, но смета дека контролата е испуштена и дека не смееше да се дозволи да има жртви.

Според него, опозицијата во овој момент нема никаков интерес за дестабилизација на државата, а Владата е таа која треба да ја преземе одговорноста за она што се случува во Република Македонија.

- Мислам дека тоа се платеници, затоа што никој досега не кажа кој е мотивот, кои се целите и задачите на оваа група. Најголемата одговорност во која било држава, а не само во Република Македонија, во вакви ситуации ја носи Владата на таа држава. За ова што се случува во Република Македонија најголема одговорност има власта. Многу е интересно што се прават замени на тези. Некој сака сега да создаде погрешна перцепција дека е виновна опозицијата. Опозицијата во овој момент нема никаков интерес да се дестабилизира државата, таа е концентрирана на 17. мај и не сака што било да се случува - објаснува Николовски.

Тој оценува дека споредбите на инцидентот во Куманово со настаните од 2001 година се контрапродуктивни, бидејќи Албанците немаат стратешки интерес да бидат генератори на криза во регионот, а долгорочните решенија на кризата треба да се бараат во целосно интегрирање во ЕУ и во НАТО.

- Само почетокот може да се спореди. Тогаш се припука од Калето во Тетово и сега се припукува во Куманово. Друга, каква било споредба е контрапродуктивна, затоа што политичкиот и општествениот амбиент во Република Македонија во целост се разликува од 2001 година. Зошто? Прво, Албанците во Македонија, во Косово и во Албанија, немаат стратешки интерес да бидат генератор на криза во регионот, особено Косово. Косово сака да се прикаже како мирна, стабилна и демократска држава. Тие фикс-идеи кои некои ги зборуваат за Голема Албанија, тие идеи можат да се реализираат само во ЕУ и сите тие мегаидеи се реализираат таму. И ние, Македонците, и Албанците имаме историска шанса да влеземе во ЕУ и јас не гледам друг пат освен интегрирање во ЕУ и во НАТО - вели Николовски.

Николовски смета дека во моментот на кулминација на политичката криза единственото решение е формирање на преодна влада.

- Кратко решение е формирање на преодна влада, независно од тоа како ќе се вика. Премиерот имаше неколку шанси да се извлече од кризата. Првата шанса беше по 24 декември 2012 година, по „црниот понеделник“. Тогаш никој не понесе одговорност, туку заврши со „тоалетна хартија“. Втората шанса беше после оној фамозен, снимен разговор со лидерот на опозицијата, тогаш можеше да изврши некоја реконструкција, па и тој да останеше премиер. Сега, кога кулминацијата достигнува такви размери, оваа влада нема да биде таа која ќе ги организира следните избори. Треба да дојде преодна влада која ќе создаде политички и правен амбиент за да се спроведат фер и демократски избори во Република Мкаедонија - вели во интервјуто за „Кирилица“ пензионираниот генерал Илија Николовски од граѓанското движење „Има иднина“.

KIRILICA
11-05-2015, 08:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#57

Quote:ЦЕЛ СПИСОК: Еве кои се уапсените терористи, кој која улога ја имал, како се уапсени


11/05/2015

Терористите против кои викендов се водеше жестока битка во Куманово, според информации од истрагата, во Дива населба почнале да влегуваат околу 7-ми месецов, откако претходно, во првите два-три дена од месецов се договориле за закуп на четири куќи во населбата кои се наоѓаат во еден двор.

Дел од 30-мината приведени, при разговорите во полициска станица изјавиле дека оружјето го внесувале преку илегални премини со возила, ранци и торби. Терористите поделени во групи, според дел од приведените, имале задачи да вршат напади на разни објекти, цивилни и државни цели, полициски станици. Според исказите на еден од приведените една од целите била и Камениот мост во Скопје, а нападите требале да започнат од средината на овој месец.

[Image: komandanti-uck-uapseni-teroristi.jpg]

Дел од приведените терористи се лица припадници и поранешни команданти на ОВК, лица кои учествувале во активности против територијалниот интегритет на Република Македонија, биле вклучени во паравоени структури кои се залагаат за Голема Албанија, а биле дел и од нападот на караулата во Гошинце. На полицијата и се предадоа тројца од лидери на оваа група.

Мухамед Красниќи – командант Малишева роден 4.10.1971 во Косово

Дел од ОВК, командант на 113 бригада, вклучен во обиди за создавање паравоени структури за Илирида. Инволвиран во недозволена трговија со дрога и оружје, организирање криминал и еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Сами Укшини – командант Соколи роден 10.10.1967 во Косово

Поранешен командант на УЧК и заменик командант на 113 бригада, член на илегални организации во бараат создавање на Голема Албанија, член на паравоени и терористички групи кои имаат иста цел. Близок соработник на Мирсад Ндрецај алијас командант НАТО. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

[Image: Screenshot_196.jpg]

Деме Шеху – Јунику роден 18.4.1980 во Косово

Припадник на ОВК, член на единицата „Скендер бег“. Близок соработник и логистичар на терористичката група елиминирана во Бродец во 2007 при акцијата „Планинска бура“. Познат по насилства, изнуди, соработник на командант НАТО и еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Сефа Генци – роден 18.4.1973 албански државјанин кој живее во Урошевац, Косово

Се води како лице со завршена воена академија во Тирана, со чин капетан. Експерт за минско експлозивни средства, инструктор на воената академија на косовските безбедносни сили. Активен член на паравоени формации од 2002 година и вклучен во албанските национални движења за Илирида. Уапсен во униформа.

Ардијан Бујари – роден 16.12.1975 во Косово

Поранешен припадник на ОВК во единицата на командат Соколи. Дел од терористичката група од Кондово во 2004 и Бродец во 2007. Имал блиска врска со Лирим Јакупи алијас Нацист со кого воделе групи на дрога и оружје. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.26-427x654

[Image: 26-427x654-e1431287637105.jpg]

Ваљдет Закај – роден 9.7.1978

Има висока улога во Бали Комбетар, како и обиди за формирање паравоени вооружени групи.

Насуф Бекири -роден 20.2.1988 Брест

Пријавуван за разбојништва, логистичар на Лирим Јакупи – Нацист. Познат по учество вотрансфер на лица и стоки. Има индиции дека учествувал во нападот во Гошинце. Уапсен во униформа.

Лирим Демири – роден 15.4.1992 од Лукаре, липковско

Пријавуван за насилен криминал, разбојништва, тепшки кражби со провалување. Еден од осомничените за нападот во Гошинце. Уапсен во униформа

Приведени се и Сефер Сефери (1959) и неговиот брат Фитор Сефери (1970)од Куманово кои се познати по учеството во паравоени структури и ОВК од Косово.

Неџбедин Лика – роден 11.8.1978 од Тетово

Припадник на ОНА , се барал и за убиство од 2004

Руфкит Угани – роден 24.12.1987 од Качаник Скопје приведен во униформа

Се уште трае прецизното утврдување на идентитетот на други приведени како и загинати терористи.

Меѓу приведените е и еден од сопствениците на куќите во кои биле сместени терористите, кој според непотврдени информации, пукал кон безбедносни сили на Македонија.


11-05-2015, 08:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#58

11-05-2015, 10:14 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,387
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#59

Што бидна патетични удбашчиња, ви ги собраа колегите шо сакаа да ја пламнат Македонија и сега жалите по нив?
Овие “командантиве“ увезени од Косово сосе Заев и Верушевски у иста ќелија пошто од иста кал се направени.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
11-05-2015, 10:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#60

Quote:„Мистериозен терор во Македонија“


Бројни германски и медиуми на германски јазик пишуваат за судирите меѓу полицијата и терористичката група во Македонија. „Мистериозен терор во Македонија“, „Македонија експлодира“, се само дел од насловите.

[Image: 0,,18443271_303,00.jpg]

Дури и најтиражниот германски булеварски весник „Билд“ во текстот под наслов „Македонија е потресувана од тешки борби“ се осврнува на полициската пресметка со „терористичка група“ во северниот дел од Куманово. Исто како и најголем дел од германските и медиумите на германски јазик, весникот истакнува дека односите меѓу етничките заедници во Македонија остануваат напнати по „бунтот на етничките Албанци во 2001 година, кој заврши со договор, со кој ним им се ветија поголеми права“. Но, во голем дел од медиумите се укажува на корелацијата меѓу инцидентот во мултиетничко Куманово, и најновите политички превирања во земјата: барањето оставка на владата на демонстрациите откако опозицијата објавува прислушувани разговори на владини функционери, добиени од „патриоти во националната тајна служба“, кои сведочат за злоупотреба на власта.

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во текстот на Михаел Мартенс, добар познавач на состојбите на Балканот, за „крвавиот викенд во Македонија“ пишува: „Првично не беше јасно против кого е насочена акцијата. Се чинеше како повторно да се јавува завојуваниот Балкан од 90-те години. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска тврди оти совладаната ’терористичка банда’ потекнува од соседна земја, мислејќи на Косово. Околу 20 членови на групата се заробени, други убиени. Како било вистински, е нејасно. Првите информации од Куманово беа противречни. Очигледна е само нервозата во Скопје, Тирана, Приштина и Белград, зашто Куманово се наоѓа во триаголникот Србија-Косово-Македонија, среде еден за Балканот најнеуралгични региони... Но, некои опозиционери, новинари и дипломати од Скопје се сомневаат-владата на премиерот Никола Груевски во Куманово спроведува циничен маневар за залажување и свртување на вниманието. Груевски и други политичари од ВМРО ДПМНЕ се неволно протагонисти на најголемиот политички скандал од осамостојувањето на Македонија во 1991 година. Опозицискиот лидер Зоран Заев објави прислушувани телефонски разговори на политичари од ВМРО ДПМНЕ кои документираат систематска злоупотреба на власта. Иако не се‘ во снимките е толку скандалозно како што најави Заев, во функционирачка демократија обвинувањата одамна ќе беа доволни за оставка на владата до нивно разјаснување. Откако се‘ побројни снимки излегоа во јавност, познавачите на земјата уште пред недели предупредија-владата, сотерана во тесно, може да се обиде да го одвлече вниманието, подбуцнувајќи инциденти. Дали се работи за тоа или во Куманово навистина на дело беа терористи, останува да се разјасни“, заклучува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

„Мистериозен терор во Македонија“, гласи текстот на Енвер Робели, објавен во швајцарски „Тагесцајтунг“ и во „Баслер цајтунг“. Авторот Енвер Робели пишува: „Малата балканска земја Македонија се заканува да стане ново кризно жариште... Властите зборуваа за напад на ’добро вооружени терористи’, забарикадирани во Куманово. Локалните новинари меѓутоа известуваат дека никој не ги познава вооружените луѓе. Публицистот Емин Аземи, кој живее во Куманово, во свој коментар пишува дека без разлика кои се напаѓачите, во прашање е дилетантска авантура која му служи на режимот на премиерот Никола Груевски. Малиот по раст Груевски на власт е непрекинато од 2006 година, а во меѓувереме се наоѓа на опасниот пат да стане мал дикататор. Тој со својата деснонационална партија автократски ги контролира сите институции во државата и клучните економски гранки, како и медиумите, а речиси ја замолча опизицијата. Како и сите популисти во источна Европа, и поранешниот банкар Груевски на своите кампањи против критичарите им дава националистичка обвивка. Во неговата слика за историјата, малата Македониа е опколена од ’четири волци’, но неоријател се гледа и внатре во земјата... Груевски обвинувањата на опозицијата за масовно илегално прислушување го оспорува и го става на сметка на тајна странска служба... Политичките набљудувачи во Скопје претпоставуваат дека целта на Груевски сега е провоцирање крвав конфликт со албанското малцинство, заради одвлекување внимание од аферата со прислушување. Меѓу Албанците во Македонија и во соседно Косово, убедени се дипломати во Скопје, има доволно безработни воини и авантуристи, подготвени да бидат инструментализирани и со тоа во служба на македонската влада во нејзините можни планови... Земјата, која е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, не се мрднува од местото не само поради грчката блокада поради името. Груевски во меѓувреме очигледно има загубено смисол за реалност.
i

Тоа го покажува објавениот прислушуван телефонски разговор во кој неговиот министер за финансии владината политика ја оценува за „луда“ и „неодговорна“. Споменувајќи го проектот ’Скопје 2014’, за кој премиерот потроши над половина милијарда евра за кичести репрезентативни објекти, фонтани, историски споменици, министерот вели: ’ние сме луди, даваме пари за чоколада, а немаме за леб“, констатира весникот.

И весникот „Ноес Дојчланд“ во тексот „Македонија експлодира“, на прашањето кој стои зад борбите во Македонија и тоа токму во моментов, ја застапува истата теза за владиниот интерес да го сврти погледот од обвинувањата против неа за вмешаност во корупција и криминал, во пресрет на најавениот масовен опозициски протест закажан за 17 мај, со цел принудување на оставка на владата.

Весникот меѓутоа пласира и втора теза: „Некои од водачите на Албанците, кои во Македонија сочинуваат до 30 проценти од населението, сакаат ширење безредија заради подобро извршување на нивните илегални бизниси. Градот Куманово се наоѓа на крстосница меѓу Македонија, Косово и Србија. Од двете страни на границата живеат Албанци, кои вршат шверц во голем стил.

Огромен бизнис, за кој државната власт овозможува широк правен простор. Целта, на пример е, да се држи на узда албанската политичка партија ДУИ, помал коалиционен партнер во владата на Груевски,“, пишува „Ноес Дојчланд“.

DW
12-05-2015, 01:36 AM
Reply