Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЈ И ЗОШТО ПУКА ВО КУМАНОВО ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

09-05-2015, 04:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Amon Mra

Stotici pati dosega, godini nanazad, ne samo jas, tuku i mnogu drugi novinari, aktivisti, javni licnosti, sme predupreduvale i ukazuvale, a bogami i posocuvale kon sozdavacite na crnite scenarija, koi preku megjuetnicki, megjuverski i megjugragjanski konflikti sakaat da si gi pokrijat kriminalite.

Tie strukturi, nedvosmisleno i jasno ke povtoram, se vo vlasta. Vo partiite na vlast, no i vo drugi politicki strukturi koi ne se na vlast, no i sluguvaat na vlasta. Zaedno so niv, osven formalnite instrumenti na prisilba - policijata i vojskata, se i partiskite vojski i obezbeduvanja, agenciite za obezbeduvanje, razno-raznite domobrani. Sekako, vazni vo ovoj kontekst se i okupiranite institucii i drzavni pretprijatija, t.e partisko-administrativnata vojska, i propagandnata masinerija stavena vo sluzba na nasilnicite.

Toa e multietnickata koalicija na kriminalot i stravot, koja stoi sproti gragjanskata multietnicka koalicija za sloboda i demokratija.Nekolkupati dosega sum naglasil deka poslednata faza od pagjanjeto na ovaa vlast ke bide pridruzuvana so nasilstvo.

Odogovor na toa, ne moze i ne smee da bide nasilstvoto, tuku splotuvanjeto na gragjanite bez ogled na pripadnosta, omasovuvanjeto na antivladinite protesti, gradenjeto na zaednicki front so opozicijata, no ne samo kolku da i se pomogne da dojde na vlast, tuku na partnerska osnova, kadesto gragjanite i nivnite dvizenja i strukturi ke bidat ramnopravni ciniteli vo izgradbata i obnovata na zemjata unistena od fasizmot i kriminalot na tajfata na pastirot, nacalnicite, komandant-kamenjata i sushi-vojvodite.

Za razlika od niv, koi odlicno sorabotuvaat za ostvaruvanje na svoite celi, nasata koalicija e vo zarodis, i sporo se gradi. A ni treba sto pobrgu da se zdruzime, bez ogled na ideoloskite, etnickite ili drugi razliki. Potrebno e koordinativno telo, vo koe osven opoziciskite partii ke vlezat gragjanskite dvizenja, plenumi, sindikati, profesionalnite zdruzenija, formalniot i neformalen gragjanski sektor, site koi i sakaat dobro na zemjata!

Spontanosta e ubava i fina, no za nekoi drugi, pomirni vreminja. Sega ni treba organiziranost, sto pobrgu, pred da se soocime so nivnite nasilnici i kontra-narod po ulicite. Ako se splotime, ke nemaat hrabrost da izlezat i da se konfrontiraat. Ako ne, cekajte gi pred vasite domovi, rabotni mesta, po ulici!

Planot za obedinuvanje postoi, ajde da go realizirame!
09-05-2015, 04:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:Командант на УЧК убиен во Куманово?!?
Сабота, 09 Мај 2015 17:47


Во денешната анти-терористичка акција на МВР во која полицијата е во жесток судир со терористичките банди од Косово кои се во број поголем од 100 терористи бил убиен командантот на УЧК Фадиљ Фејзулахи – објави Инфомакс повикувајќи се на неофицијални информации.

[Image: ffadiljjj.jpg]

Се очекува МВР во текот на денот да излезе со прес-конференција со детали од случувањата во Куманово.

KURIR
09-05-2015, 04:53 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24



Полицијата ги евакуира граѓаните од Дива Населба во Куманово


09-05-2015, 05:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote:Терористите разбиени и неутрализирани, заврши акцијата на МВР!

Сабота, 09 Мај 2015 19:12
Македонската полиција го стегна обрачот, а терористите се предадоа.

[Image: povred_thumb_medium500_375.jpg]

Неофицијалните информации говорат дека група од околу 30 терористи, се предаде на македонската полиција.

Како што објави Сител, терористичката група е пред разбивање, а терористите истакнуваат бели чаршави во знак на предавање.

Веќе цел час во Куманово не се слушаат истрели и нема чад.

Полицијата не се повлекува. Уште се претресува теренот поради претпазливост за да не остане некој сокриен во куќите. Во кризниот регион ќе бидат претресени сите куќи.
09-05-2015, 08:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Терористите во цивилна облека и патики
9 May, 2015 - 19:22

[Image: 11256451_1046815401999307_19557569_n.jpg]

Попладнево полицијата ги апси терористите кои цел ден ја држеа под опсада кумановската населба Дива Населба. На фотографиите упасените се облечени во цивилна облека. Повеќето од нив имаати патики на нозете. Ниту еден од нив нема униформа.

[Image: 11245225_1046815491999298_527459292_n.jpg?itok=IwJN2HD8][Image: 11256451_1046815401999307_19557569_n.jpg?itok=szRHVSeE]

[Image: 11258581_1046815495332631_148948045_n.jpg?itok=vJAsgJtH][Image: 11225909_1046815255332655_1643796734_n_0...k=pamSKIwc]






(This post was last modified: 09-05-2015, 09:01 PM by ЈорданПетровски.)
09-05-2015, 09:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Aлмакос: Ахмети ја напуштил државата, странците го бараат и апелираат да се врати

[Image: alijaaaa_347520678_703900799.jpg]

Порталот на албански јазик, Алмакос со назнака, ексклузивно објави дека лидерот на ДУИ наводно ја напуштил Македонија.

– Никој – тврди порталот -ни странците, ни од неговата партија незнаел каде отишол лидерот на владеачката албанска партија по денешните вооружени инциденти во Куманово во кои за жал има загинати специјалци на МВР и цивили од Кумановската населба во која криминалците од Косово водеа битка со полицијата.

Алмакос пишува дека странците се обидуваат да го лоцираат за да го убедат да се врател во државата и да помогнел во средување на кризата која ја доведе државата на раб на војна.

KIRILICA
09-05-2015, 09:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

Quote:Јанкуловска:Пет полицајци загинаа, над 30 се повредени, нема податоци за цивили

[Image: 22256golema.jpg]

од НОВА | објавено на: 09-05-2015 22:52:47

Петмина полицајци загинаа , а над 30 припадници на полициските сили се повредени во денешната во акцијата во Куманово, изјави вечерва министерката Гордана Јанкуловска.

„Сите тие се бореа против тероститичката акција, за жал се уште трае операцијата на терен се додека последниот терорист не биде неутрализиран. Утринава почнавме акција со терористичката група која имала за цел напади на државни институции. Колку се тие опасни покажува што цели 16 часа даваа отпори. Отпорот на поголем дел од групата е совладан по 18 часот и поголем дел од групата с е предаде“, изјави Јанкуловска.

Единиците на терористите породолжија да дејствуваат , дел и од ова група се предаде,а остатокот продолжи уште пожестоко и тука настрадаа нашите колеги. Ситуацијата и понатаму е високо ризична, соопшти Јанкуловска

Нема информација за загинати цивили.
09-05-2015, 10:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Aхмети е во државава и одиграл клучна улога криминалците да се предадат?!

09-05-2015 22:44:27

Веста на порталот Aлмакос според која лидерот на ДУИ, Али Ахмети, отпатувал од државата и дека странците се труделе да го лоцираат за да апелира да се смири состојбата во Куманово, според висок функционер на партијата на Ахмети е целосна шпекулација.

[Image: ali-ahmeti-gruevski-500.jpg]

Тој за Либертас тврди дека не само што бил во Македонија туку и дека одиграл клучна улога криминалците кои денеска направија оружен инцидент, попладнево да се предадат на припадниците ма МВР.

– Ахмети цел ден е во штабот на партијата во Мала Речица и од таму правеше се да се реши што побрзо вооружениот инцидент – тврди нашиот извор од ДУИ.

Како и со што ги убедил нашиот извор не сака да открие. Во денешните оружени инциденти на полицијата со криминалци донесени од Косово, за жал има загинати официјално 3-ца припадници на тигрите и повеќемина повредени.
Има и загинати и повредени цивили жители на Куманово, но за нив нема официјални информации колку настрадале денеска во престрелките на полицијата со криминалците.
09-05-2015, 10:28 PM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27
#30

(09-05-2015, 10:28 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Aхмети е во државава и одиграл клучна улога криминалците да се предадат?!

09-05-2015 22:44:27

Веста на порталот Aлмакос според која лидерот на ДУИ, Али Ахмети, отпатувал од државата и дека странците се труделе да го лоцираат за да апелира да се смири состојбата во Куманово, според висок функционер на партијата на Ахмети е целосна шпекулација.

[Image: ali-ahmeti-gruevski-500.jpg]

Тој за Либертас тврди дека не само што бил во Македонија туку и дека одиграл клучна улога криминалците кои денеска направија оружен инцидент, попладнево да се предадат на припадниците ма МВР.

– Ахмети цел ден е во штабот на партијата во Мала Речица и од таму правеше се да се реши што побрзо вооружениот инцидент – тврди нашиот извор од ДУИ.

Како и со што ги убедил нашиот извор не сака да открие. Во денешните оружени инциденти на полицијата со криминалци донесени од Косово, за жал има загинати официјално 3-ца припадници на тигрите и повеќемина повредени.
Има и загинати и повредени цивили жители на Куманово, но за нив нема официјални информации колку настрадале денеска во престрелките на полицијата со криминалците.
Kriminalcite otidna nazad vo kosovo i skopskiot karadak otkade gi donesoa alija vo sprega so car nikolla.Posledniote trojca koi ne bea izvleceni so pagjanje na mrakot i tie go napushtija regionot.Gi kasira parite i sega ke pominat nirno leto.Dodeka na nedolzhnite policajci i civili neka im e leka zemjata.Gospod na nivnite familii da im podari izdrzhlivost vo ovie teshki momenti.
Zlostornicite so zllostorstvo dojdoa na vllast, so zllostorstvo go cuva vllasta, i na kraj pred umiranje ne se otkazhuvat od zllostorstva.No poprazno se obiduvat.I vo makedonija ke padnat i vo kosovo ke se vospostavi specijallniot sud.Gi brojat poslednite denovi od svojata vllast

09-05-2015, 10:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

Quote:Temelko Risteski
10 mins · Edited ·

Нешто како „маслосување“?????


Во утринските часови од патниците на линијата 57, слушнав дека нешто се случило во Куманово. Постар човек, очигледно презадоволен од својата пензија која во Македонија во просек изнесува бедни 230 евра, тврдеше дека тоа е „масло на Американците“. Ах тие Американци. Според „нашите,“ за сите немили случувања во државичкава тие ни се криви. Елем, мојот грешен мозок веднаш си помисли: Тоа сигурно не е „американско масло“, туку веројатно „масло на власта“. Но однапред да не обвинувам никого, си реков. Ајде јас да ја завршам работава и да се вратам брзо дома да видам и да чујам што се случува, па со помош на моите пријатели да одговорам чие „масло е тоа“ Ги откажав сите средби со пријателите и си дојдов дома. Се разбира веднаш ја отворив веб страницата на МВР. Треба да имам доверба во власта си помислив. Таа е сервис на нас граѓаните, барем така треба да биде, а што не е, тоа е друга приказна.
Прочитав дека деновиве вооружена терористичка група влегла илегално во Република Македонија од една соседна држава и преку свои поддржувачи се засолнила и утврдила, подготвувајќи се за идните терористички напади; дека надлежните служби при МВР успеале да ја лоцираат групата во неколку куќи од кумановската „Дива населба“, дека сознанијата говореле за група која е добро вооружена и обучена за борба во вакви услови; дека врз основа на претходните информации бил изготвен план за постапување и бил формиран штаб за координирањена активностите и дека, вчера, на 9 мај, лето господово 2015, во утринсктие часови, специјалните единици отпочнале со реализација на планот.
До пред малку ги следев случувањата во Куманово и, се разбира, размислував. Размислувајќи ми паднаа на памет следниве “грешни“ мисли, односно прашања кои се однесуваат повеќе на власта која одамна се одлепи од нас граѓаните и не „маслосува“ за многу случувања во Републикава. Нема сомнение дека на овие прашања имаме право да одговориме и ние граѓаните. Нели суверентетот на Републикава произлегува од нас и ни припаѓа на нас (член 2, став 2, од Уставот)? Еве ги прашањата:
1.Дали одговорните во Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР ги знаат своите надлежности пропишани со членот 23 од, став 2. алинеја 2, 3 и 4 од Законот за внатрешни работи?
Колку за потсетуивање ќе ги наведам:
- спротивставување и заштита од тероризам,
- заштита од други активности насочени кон загрозување или насилно уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија и
- потешки форми на организиран криминал кој потекнува од или е насочен кон демократските институции на системот утврдени со Уставот на Република Македонија и може да доведе до нивно загрозување или да има влијание врз безбедноста на државата.
2. Дали во Управата имаат опрема набавена од Израел со која може истовремено да се прислушкуваат илјадници телефонски комункации?
3. Како можело да се случи со таа моќна техника со која се прислушкуваат приватни телефонски разговори (меѓу нас граѓаните и членови на нашите семејства, пријатели, новинари и експерти по разни прашања) на време да не се открие влегувањето на терористичката група и да се спречи нејзиното влегување на територијата на Република Македонија?
4. Ако групата веќе влегла, како можело да се случи да поминат денови за нејзино лоцирање, имајќи го во вид фактот дека УБК поседува на моќна опрема за прислушкување на телефонските комуникации, а на располагање и стојат и други начини, техники и методи за откривање на вакви групи?
5. Зошто одржувањето на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој требаше да се одржи во Куманово овој викенд е поместено една недела порано, па е одржан на 2 и 3 мај?
6. Како се случило терористичката група да влезе во Македонија една недела пред најавениот масовен протест на опозицијата? „Нашите“ ќе речат дека ова прашање е смешно. Навистина е смешно, но, за волја на вистината, е интересно.
7. Последното прашање гласи: Дали власта знае дека ние, граѓаните на Република Македонија Македонци, Албанци, Турци, Роми. Срби, Власи, Бошњаци имаме мозок со кој што размислуваме за сите нејзини „маслосувања“ и, се разбира, ги разобличуваме? И ова прашање е прилично смешно. Но, со оглед на тоа дека „нашите“ од власта често, со нивните изјави и постапки, не „маслосуваат“ нас граѓаните како да сме малоумни, морам да го поставам.
Драги пријатели, со длабоко и искрено жалење за жртвите на овој немил настан, да размислиме и да се обидеме да одговориме на овие прашања, а и на други прашања кои ќе ни искрснат при размислувањето. Пожелно е, пред да ги дадеме нашите конечни одговори, да го следиме до крај развојот на настаните во Куманово, се разбира, имајќи ги во вид сите досегашни „маслосувања“ од страна на нашата „драга“ власт.
09-05-2015, 11:57 PM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27
#32

Nekoi od iminjata na uhapsenite teroristi koi po uspeshno izvrshenata akcija na privatnata policija na goca jankullovska bille prinudeni da podignat beli carcafi vo znak na predaja:
Familija Seferi, Sulejman Seferi, Xhemile Seferi 80 godini, Seferi Seferi 57 godini, Turkene Seferi 55 godini, ,Fitor Seferi 45 godini, Zejnije Seferi 42 godini .decata na Fiitor: Arif Seferi 16 godini, Dafina Seferi 11 godini, Yllza Seferi 3 godini, Halit Sulejmani 62 .Mevulude Sulejmani 60 godini, Afrim Sulejmani ,Lumnije Abazi 45 godini , zaedno so sinovite Valmirin 8 vjeçarë edhe Valtoni 5 vjeçarë.
http://almakos.com/permalink/77968.html
10-05-2015, 07:19 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33

10-05-2015, 10:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

Quote:Трајанов: Власта е одговорна за загинувањето на полицајците

[Image: 22261golema.JPG]

од НОВА | објавено на: 10-05-2015 10:01:05

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, за сајтот Фактор изјави дека за загинувањето на петмината полицајци во вчерашната акција ви Куманово одговорноста треба да ја превземе власта:

«Одговорноста е на власта. Сите ние други, и партии и медиуми и граѓански организации имаме одредена одговорност за општестевните случувања, но ако се загрози територијалниот интегритет на државата, така што имаме уфрлена група во земјава, тогаш одговорноста е на безбедносните служби. Прво ни се случи Гошинце, па сега инцидентот во кумановската „Дива Населба“, тогаш одговорноста мора да ја понесе власта. Не може за ова да се обвинува опозицијата, тоа е далеку од памет», изјави Трајнов.

Според него, вчерашните настани се «обид за дестабилизација на Македонија и нарушување на безбедноста. Се работи за терористички групи кои ја загрозија стабилноста на Македонија».

Трајанов вели дека нема да дојде до нарушување на меѓуетничките односи бидејќи нема поддршка за ваков развој на настаните кај населението.

«Она што можам да го истакнам е дека се забележливи одредени пропусти на оперативните служби, со што се добива впечаток дека полицијата е практично голо изложена на стрелба. Не можам и не сакам да навлегувам во разно разните шпекулации за сценаријата за овој немил настан. Сепак, треба да почекаме да се стабилизира целата ситуација, затоа што има една нејасна работа, а тоа е што не се знае кој стои зад овие терористички групи и кои се нивните цели», вели Трајанов за Фактор.


Колку што јас знам Трајанов е дел од власта!!
10-05-2015, 10:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

Quote:Бројот на загинати полицајци се искачи на осум
Објавеново 11:34 10 мај 2015|

Bројот на загинати полицајци се искачил на осум, еден од полицајците утринава го загубил животот, а еден загинат исто така бил пронајден денеска од своите колеги, јави Сител на вонредни вести.

Останатите шестмина животот го загубија вчера.

10-05-2015, 11:17 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36

Quote:Бачев: Големата бројка на загинати полицајци укажува на пропусти во истрагата!

мај 10, 2015

[Image: Janko_Bachev_NDM-e1431240687476.jpg&h=330&w=660&a=c]

Јанко Бачев е универзитетски професор, поранешен разузнавач, лидер на партијата Народно движење за Македонија. За „Фактор“ даде свое мислење за вчерашните случувања, кое, Ви ги пренесуваме интегрално.

Пишува Јанко Бачев

Немилиот настан во Куманово отвора повеќе дилеми кои во оваа прилика сакам да ги споделам со македонската јавност.

Прво, со актуелната длабока поделба меѓу Македонците како резултат на актуелното недозволиво превирање меѓу власта и опозицијата, всушност е поставена сцената за преземање на терористички акции, а кои, многу е веројатно дека ќе се случуваат и во идниа. Ова особено добива на сериозност ако се знае дека за кратко време по случаите „гранатирање на Владата„ и „Гошинце“, повторно сме сведоци на обид за дестабилизација на земјата и загрозување на нејзиниот суверенитет и интегритет.

Второ, Крајно време е Никола Груевски и Зоран Заев како најодговорни за безбедноста и опстанокот на земјата, да се вразумат, и конечно да ја израдуваaт јавноста заради фактот што за прв пат власта и опозицијата ќе постигнат домашно единство кое е најсилната брана против секоја закана.

Трето, дали капацитетот на претседателот на РМ како врховен командант и премиерот на владата под кое е одговорно МВР, се лимитирани во смисла на способноста на донесување на соодветни одлуки заради фактот што во моментот се опкружени со некомпетентни советници кои на тие места не се поставени врз основа на знаење, искуство и достигнување. Што е логично, ако се земе во предвид фактот дека вакви советници за национална безбедност имавме и во 2001 кај претседателот и премиерот, а знаеме дека Македонија од таа војна излезе поразена, посрамена и понижена.

Четврто, бројот на загинати полициски специјали остава впечаток дека имало пропусти во полициската акција, бидејќи, во такви акции кога МВР е во доминантна предност со информациите за терористичката група, истата се решава речиси без жртви на страната на безбедносните сили, или, евентуално со цивилни жртви кои, сега, модерно се нарекуваат колатерална штета.

Петто, Со оглед на официјална потврда од МВР дека терористичката група е од соседна држава, според мене, добар тактички приод би бил кога македонските власти во согласност со своето меѓународно правно-признато право (член 34 и 35 од Повелбата на ОН) би му обрнале внимание на Советот за безбедност или на Генералното собрание на Обединетите нации за овие загрозувачки настани по мирот и безбедноста, односно, да се побара седница на Советот за безбедност на ОН да расправа по ова прашање, со цел, лоцирање на одговорност кај соседната држава.

Г.Ч.
10-05-2015, 12:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37

Quote: Седница на Совет за безбедност во 17 часот, поканети и Заев, Ахмети и Тачи

Претседателот Ѓорге Иванов, за денеска во 17 часот свика седница на Советот за безбедност, во проширен состав.

Освен членовите на Советот за безбедност, Иванов на седница, како што се нагласува од неговиот Кабинет, согласно Деловникот за работата на Советот за безбедност, на седницата ги повика и лидерите на СДСМ, на ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

По завршувањето на седницата, од претседателскиот Кабинет најавија дека Иванов ќе се обрати до граѓаните на Република Македонија.
10-05-2015, 01:54 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#38

Quote:МВР: Комплетно разбиена групата терористи, пронајдени 14 тела

Објавено: 14:58, 10/05/2015

[Image: ivo-koteski1-685x320.jpg]

Операцијата за разбивање на терористичката група во кумановската „Дива Населба“ е завршена.

Групата која беше стационирана во неколку објекти и преставуваше закана по безбедноста на граѓаните на Република Македонија е целосно неутрализирана и елиминирана, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котески.

Според сомненијата, како што информира Котески, лидери на групата се озлогласените Мухамед Красниќи т.н. Малишева, Мирсад Ндрецај т.н. командант Нато, Сами Укшини т.н. командант Соколи, Бег Ризај алијас командант Бегу и Дем Шеху, алијас Јунику, сите косовски државјани.

На лице место досега се пронајдени 14 тела во униформи чиј идентитет дополнително ќе се утврдува. Засега е препознаен Џафер Зумбери од Џаковица.

- Во моментов не може да се исклучи дека има и други загинати терористи со оглед на фактот што објектите од кои ја напаѓаа полицијата се значително оштетени и можно е во други простории кои дополнително треба да се проверат да има други тела, рече Котески.

Информира дека е пронајден голем арсенал оружје кој ќе биде предаден на вештачење. Вчера, додаде, на полициските сили им се предале повеќе од 30 терористи, главно македонски државјани но и еден албански.

Портпаролот на МВР потврди дека во акцијата загинаа осуммина полицајци и се повредени над 37.

Информира и дека засега нема податоци за евентуални жртви од цивилното население.
10-05-2015, 02:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#39

10-05-2015, 02:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#40

Quote:Професорот Драги Рашковски со прашања до МВР за акцијата во Куманово

[Image: z96.jpg]


Објавено на 10/05/2015
Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Драги Рашковски, преку својот Фејсбук профил постави неколку прашања до МВР:

Доколку МВР имала оперативни сознанија дека групата е влезена од соседна земја значи дека таа ги следела и допуштила да се стационираат во населено место и тоа вториот по големина град во Македонија. Дали е ова нормална полициска тактика?

Доколку МВР знаела дека крајна цел на таквата група е напад на државни институции, нека одговори МВР кои државни институции ги има во Куманово?

Доколку нивна цел на напад биле државни институции во Скопје, дали не е логично да се пресретнат на пат од Куманово до Скопје?

Дали нападот на таквите групи во населено место каде и самото МВР вели дека е ризично за полицајците поради тесните улички е изложување на висок ризик?

Доколу МВР не почнала со акцијата, според нивните оперативни сознанија дали терористите ќе го нападнеле локалното население во Дивје насеље каде живее претежно албанско население?

Што според МВР ќе се случело доколку не ги нападнеле терористите таа ноќ?

Дали МВР направи погершна оперативна тактика а се должи на квалитетот на вработувањата и унапредувањата за кои народот слушна?
10-05-2015, 05:23 PM
Reply