Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОЈ И ЗОШТО ПУКА ВО КУМАНОВО ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1














09-05-2015, 10:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Либертас: Две криминални банди од Косово „изнајмени“ за инциденти во Куманово?!

[Image: 11209385_1601451980112127_44221113860122...85x320.jpg]

09/05/2015
Две криминални банди од Косово се платени и донесени од пред некој ден во Куманово, за да прават вооружени инциденти, за да се шири паника и страв меѓу жителите на овој град, тврдат дипломатски извори на Либертас.

Едната криминална банда, според нашите извори ја предводеле командант Нато од УЧК, поточно извесен Мирсад Ндрецај од Косово и Бек Ризвај, човек близок на влијателен функционер на ДУИ од Скопје.

Оваа група претходно, неколку денови била во Слупчане, обидувајќи се да придобие жители од селото да им се приклучеле, нудејќи им пари, но наводно никој од селаните не сакал да им се приклучи.

Еве што стои во написот:

Од пред некој ден бандата на командант Нато, лица со дебело криминално досие на Косово, од оние што ги изнајмиле и ги платиле да прават инциденти во Кумановскиот регион, добиле задача следна цел да им бидат стратешки објекти на градот меѓу кои се и наводно напад на полициската станица во градот и зградата на општина Куманово.

Другата криминална банда донесена и платена за инциденти се криминалци од Косово предводени од извесен Сабит Геци од Косовска Дреница, кој моментално според нашите извори е во затвор во Приштина, а изворите тврдат дека тој бил човек лојален и послушник на Хашим Тачи.

Неговата банда, исто така, иако ривалска со бандата на командант Нато, платени, според изворите на Либертас, се од исти нарачатели од Македонија, е од пред некој ден во Куманово.

Дипломатски извори тврдат дека деновиве, пред протестите закажани за 17-ти овој месец, од Приштина во посета на Македонија планирано е да дојде Хашим Тачи, со мисија да и даде поддршка меѓу Албанците во Македонија, наводно на партијата на Ахмети, а со тоа и на владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, објави порталот Либертас.

Мисијата на Хашим Тачи, доколку се реализира, наводно е преку средби но и со изјави во локални телевизии и други медиуми под капата на ДУИ, да им сугерира на Албанците да не се приклучуваат на опозициските протести и дека светата цел за сите Албанци во една, а не како сега во три држави, не е напуштена, и таа ќе се реализирала.

Со ова, велат изворите на Либертас, Хашим Тачи би и помогнал на владеачката ДУИ да поврати дел од довербата кај членството и симпатизерите, која, како што се продлабочува кризата, така вртоглаво се топела.

Со пукотниците утрово во Куманово, започна реализацијата на ова сценарио скроено и нарачано од ваши политичари, велат изворите на Либертас.

Лицата кои се во двете банди, криминалци со дебели досиеа на Косово, платени и донесени биле за создавање атмосфера на војна, и пред се, наводно алиби зашто ДУИ во интерес на безбедноста на граѓаните Албанци седи уште во владата на Груевски, и не излегува.

Со тоа, велат дипломати кои инсистираат на анонимност, Ахмети би го намалил притисокот врз него, но и на групата внатре во партијата, која од лукративни причини не прифаќа напуштање на владеачката коалиција, водена од тендерските профити кои и ги носат седењето во владата на Груевски.

Вчера портпаролот на владеачката ДУИ, Бујар Османи, веднаш по шпекулациите дека врвот на партијата е пред одлука да излезе од владата на Груевски, по подолг молк, експрено реагираше со изјава дека тоа не е точно, дека ДУИ била партија која се грижела, пред се, за доброто на граѓание и ако излезела од владата, безбедносната состојба на државата би се влошила уште повеќе.
09-05-2015, 12:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ПУКАЊЕ ВО КУМАНОВО: Повредени пристигнуваат во Скопје!



09 Мај 2015
Во 4.30 раноутринава во Куманово започна голема вооружена престрелка. Според се уште неофицијални информации во кумановската населба “Диво насеље” полициските сили се судриле со група од околу 70 вооружени лица, објави Нова тв.

[Image: kumanovo1.jpg]

-Неофицијално во престрелката има петмина ранети. Од утрово на граѓаните не им се дозволува да ги напуштаат своите домови и да се движат во центарот на градот во чија близина е и оваа населба..Граѓаните на Куманово ни јавуваат дека слушале престрелки и хеликоптери кои кружат над градот. Во мометов пукотниците се стишани, а улиците во градот блокирани од специјалните сили на полицијата. Што точно се случува засега се уште нема официјални информации од МВР, објави порталот.

Вчера, се појави информација дека се очекува пукање во Куманово, дека е уфрлена група од петнаесетина униформирани лица, која планира напади на полициски станици и на други државни институции.

КУРИР
09-05-2015, 12:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4








09-05-2015, 12:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:5 ИНДИКАТИВНИ РАБОТИ: Зошто баш Куманово не е ВМРО – ДПМНЕ на власт, што работи УБК и каде е Груевски?!

09/05/2015

[Image: z83.jpg]

09-05-2015, 12:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6






Quote:Двајцата пратеници на ДУИ од Куманово, Марван Џемаили и Реџаил Исмаили, се соочија со гневоти на населението во Куманово, каде што од утринава се водат престрелки меѓу полицијата и вооружена група.

Алмакос објави како двајцата пратеници апелираат за смиреност.

Но, како што гледат од видеото, населението е вознемирено и бара цивилите да бидат евакуирани од населбата.
09-05-2015, 01:13 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote: RAT U MAKEDONIJI Kumanovo: Poginula tri makedonska specijalca, 20 ljudi ranjeno u sukobu sa OVK; Graničari se povukli, Srbija poslala pojačanja (VIDEO)
Novosti online 09. maj 2015.

[Image: kumanovo_620x0.jpg]

U Kumanovu u toku je sukob makedonske policije i OVK. Poginula tri policajca, ranjeno 20 osoba. Gradonačelnik: Situacija dramatična. Makedonski graničari se povukli, Srbija poslala pojačanja na granicu i u Kopnenu zonu

Prema nepotvrđenim informacijama, troje policajaca je preminulo u bolnici u Kumanovu. U ovom makedonskom gradu od jutros traje oružani sukob policije i zasad nepoznate, velike i naoružane grupe.

Kako prenose beogradski mediji makedonski graničari su se povukli sa karaula na granici sa Srbijom. U taj region su poslata pojačanja srpske vojske i policije, protivterorističke jedinice, a u Kopnenu zonu bezbednosti dodatnih 450 pripadnika žandarmerije.

Provladina TV Sitel javlja da ima oko 20 ranjenih. TV Nova takođe izveštava da ima i povređenih i poginulih civila.

Deo povređenih je zbrinut u kumanovskoj bolnici, dok su teže ranjeni huitno prebačeni u Skoplje, javlja portal "Vesti".

Kako smo saznali, u sukobima, koji su započeli jutros u 4.40, ranjeno je devet policajaca iz specijalne jedinice Tigar, a jedan od njih je teško povređen. Ranjen je i jedan od napadača, koji su uniformisani.

Pucnjava i detonacije su se čuli tokom celog jutra u ovom mestu. Kumanovo nadleće helikopter, a policijske snage iz cele zemlje upućene su u taj grad. Građanima je zabranjeno da napuštaju domove.





Iz Ministarstva unitrašnjih poslova Makedonije još nema nikakve zvanične informacije u vezi sa ovim slučajem, koji je uznemirio stanovnike Kumanova.

Portparol policije Ivo Kotevski mi kaže da je "u toku operacija u Kumanovu i da neće objavljivati ništa dok se ne završi", prenosi N1tv.

[Image: kumanovo1.jpg]
09-05-2015, 01:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:МВР не соопштува колку лица се загинати или повредени

Портпаролот на МВР Иво Котевски соопшти дека станувало збор за терористичка група која имала за цел да нападне државни институции. Терориститите, како што рече Котевски, биле засолнети во околината на Куманово, а во државата влегле пред неколку дена. Тие, според Котевски, биле многу добро вооружени и подготвени.

Полицијата наишла на жесток отпор и била нападната со бомби и снајпери.

Нема официјална информација за тоа колку се повредени или загинати.

„Информацијата е чувствителна, а во моментот се информираат семејствата“, рече Котевски

Се уште трае акцијата и се претресуваат околните куќи.
09-05-2015, 01:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

Quote:Кому му се потребни инциденти?


[Image: 22216golema.jpg]

од Биљана Секуловска, НОВА | објавено на: 09-05-2015 11:20:02

Што му преостанува на Груевски после се, сега, кога се наѕира крајот, приклештен од протести, свирежи и отпор со барање за негово заминување? А во исто време, тоа истото сега, кога тој се подготвува за нов почеток, кој го објави после Гошинце, кога 40 напаѓачи ја зазедоа полициската станица и со два автомобили заминаа во непознат правец, додека МВР тврдеше дека се работи за терористи од Косово.

По две недели, мирните граѓански протести се претворија во судир помеѓу полицијата и демонстрантите, во кој беа приведувани и тепани студенти, кои говореа дека имало инфилтрирани провокатори, кои ги иницирале судирите.

Следи денешниот кумановски инцидент, после кој имате индикативна реакција од ДУИ: граѓаните да не наседнуваат на провокации, со барање МВР да постапува со целосна одговорност кон чуствителноста на безбедносната и политичката ситуација.

Во меѓувреме, низ целиот овој период од Гошинце па до денес, над Скопје злослутно надлетуваат хеликоптери, кои некои ги толкуваат дека се само потсетување: секогаш кога ќе се бара оставка од Груевски, се расчистува теренот за една друга култура на политичко дејствување, многу блиска до монархистичката култура на Путин. Со други зборови- или јас ќе владеам, или никој друг после мене!

Затоа што, она што никако не може да го разбере Путин, не може ни Груевски- зошто воопшто протести, зошто воопшто незадоволство, гнев, барања за оставка, зошто критичари, зошто под милим богом да се разговара со нив, кога во сила е се уште вицот кој кружи низ дисидентските гнезда во Москва: Откако умре Ганди, Путин е несреќен- нема повеќе со кого да размени збор- два. Затоа и нема што да дебатира со критичарите, со политичката опозиција или да одговара на тешките прашања на нережимските новинари.

Груевски го одбра тој пат, оној кој му го трасираше Путин- владеење со сеење страв, доколку е разбистрен умот од сеењето магла и сега на потег се граѓаните- да му кажат НЕ- на секој обид за крвав расплет, кој е негов одговор на барањето достоинствено да замине.
09-05-2015, 01:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:МВР: Терористичка група од соседна земја планирала напади врз државни институции
Објавено: 14:14, 09/05/2015
Screenshot_10

[Image: Screenshot_104.jpg]

Министерството за внатрешни работи утринава отпочна акција за разбивање на вооружена терористичка група која имала за цел да организира напади врз државни институции, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски, на прес конференција по настаните во Куманово.

- Групата влегла илегално во Македонија од соседна држава и преку свои поддржувачи се засолнила подготвувајќи се за терористички напади. Лоцирани се во неколку куќи во кумановската Дива населба. Станува збор за добро вооружена и обучена група за борба во вакви услови – рече Котевски.

Како што рече тој, специјалните едници во 5 часот утринава отпочнале со реализација на планот за разбивање на групата, но наишле на жесток отпор од терористите, рече Котевски. Тие ги нападнале полициските сили со бомби и рафали.

- Се уште се во тек активностите на терен. Заради специфичноста на теренот полицијата напредува тактички и врши прегледи во куќите од безбедносни причини. Апелираме граѓаните да останат мирни и да се воздржуваат – порача тој.

Заради чувствителноста на ситуација, додаде, МВР не може да соопшти повеќе детали.
Портпаролот не даде информација колку припадници на безбедносните сили се повредени и дали има загинати, но според последните неофицијални податоци на скопските клиники се префрлени околу дваесетина полицајци.
09-05-2015, 01:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Заев ги повика Груевски и Ахмети да излезат и да објаснат што се случува

[Image: 22226golema.jpg]

од НОВА | објавено на: 09-05-2015 142918


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува граѓаните на смиреност и присебност, да не подлегнуваат на мрачни сценарија за предизвикување конфликтнoст и дестабилизација на Македонија.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев го повика Груевски да излезе да објасни што се случува.

Го повикувам Никола Груевски веднаш да излезе пред граѓаните на Македонија и да им објасни кој, зошто, со каква цел ја дестабилизира Македонија? Дали и зошто криминални групи од територијата на соседните држави влегуваат во Македонија? Кој ги организира и со каква цел? Истото треба да го направи и Али Ахмети.

Жртви се граѓаните и Македонци и Албанци, и полицајци и цивилно население. Сега најважно е да му се помогне на цивилното население и да му се обезбеди и гарантира сигурност и безбедност.

Црното сценарио нема да успее. Граѓаните препознаваат кој има интерес од вакво сценарио и нема да дозволат да бидат вмешани во ваквото сценарио.

Македонците, Албанците и сите други граѓани се заедно како никогаш досега. Убеден сум дека тоа така и ќе остане, изјави Зоран Заев.
09-05-2015, 01:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Амбасадата на САД: Сочувство за загинатите полицајци и граѓани!

[Image: 0,,18440675_303,00.jpg]

Додека властите не го соопштуваат билансот на повредени од престрелката во куманово, амбасадата на САД во Скопје изрази сочувство до семејствата на загинатите.

Додека властите не го соопштуваат билансот на повредени од престрелката во куманово, амбасадата на САД во Скопје изрази сочувство до семејствата на загинатите.
„Длабоко жалиме за загубите на човечки животи во врска со акциите во и околу Куманово и го изразуваме нашето сочувство кон семејствата на загинатите полицајци и граѓани, како и кон оние кои се повредени. Ја следиме состојбата и сме во постојан контакт со властите и со политичките лидери. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите“, соопшти амбасадата на САД во Скопје.
Денеска се огласи и Делегацијата на ЕУ во Скопје.
„Внимателно ги следиме извештаите за полициската операција што е во тек во Куманово, во која има размена на оган. Остануваме во постојан контакт со властите и со политичките партии. Силно апелираме до граѓаните и до политичките фактори да останат смирени и да ги почекаат фактите кои треба да бидат соопштени од релевантните институции. Се надеваме дека ескалацијата на тензиите може да биде избегната“, соопшти делегацијата на ЕУ, по престрелките во Куманово меѓу безбедносните сили и припадниците на непозната вооружена терористичка група.

Престрелките во Куманово се уште траат, но со намален интензитет, а полицијата врши претреси во кризниот реон.
Според неофицијални информации има над 20 повредени полицајци во вооружените престрелки во Куманово, а неофицијално тројца загинати. Од 8 часот изутрина, скопските клиники се под полициско обезбедување, мобилизиран е целиот медицински и докторски персонал. Ангажирани се лекари и од други здравствени установи со цел да им пружат медицинска помош на повредените кои се хоспитализираат во Ургентниот центар во Скопје, каде постојано пристигнуваат и хеликоптери и возила на брза помош. Министерот за здравство Никола Тодоров ги посети повредените полицајци.Министерот за здравство Никола Тодоров ги посети повредените полицајци.
По апелот на ДУИ до граѓаните за смиреност и неподлегнување на насилство и провокации, со свој став се огласи и Демократската партија на Албанците. Партијата соопшти дека внимателно ги следи новите случувања на ситуацијата во Куманово и апелира до граѓаните да останат смирени. ДПА бара од МВР и од другите владини институции со нивните постапки да не ги загрозат животите и имотите на граѓаните, а Албанците да не станат дел од сценарија на разни поединци и групи со цели и агенди кои не се совпаѓаат со методите со кои Албанците сакаат да ги решат нивните проблеми. ДПА го повика и меѓународниот фактор итно да интервенира во оваа ситуација, со цел да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата.

DW
09-05-2015, 01:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote:Движење БЕСА: Ова е исценирана акција


09.05.2015 14:45
Движењето БЕСА испрати соопштение во кое ја изразува својата вознемиреност од настаните во Куманово и и се орбаќа на јавноста со неколку пораки:

“Вооружените акции во албанските зони во Македонија не одат во прилог на албанското прашање во Македонија и не придонесуваат ни за албанското прашање во Балканот. Ваквите инциденти и служат само на четворката Груевски & Мијалков и Ахмети & Џафери за нивно и за спасување на нивните кланови.

Затоа ги повикуваме вооружените групи, ако тие се Албанци, да не стануваат средство на овие антиалбански агенди и да не му штетат повеќе на албанскиот народ во Македонија.

Го повикуваме МВР веднаш да ја прекине акцијата во Куманово и да се повлече, бидејќи убивањето на невини цивили не ги амнестира акциите на полицијата“


БЕСА смета дека ова е “инсценирана акција со цел политичката криза да ја претвори во меѓуетничка криза, со цел на тој начин да ги спасат некои македонски и албански инкриминирани политичари, а ваквата цена да ја плати албанското население во Македонија. БЕСА смета дека нарушувањето на мирот и дестабилизацијата на Македонија е на штета на сите Албанци, но и во штета на евро-атлантскиот пат на земјата” пренесува ТВ НОВА
09-05-2015, 01:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

Quote:Srpski četnici kreću na Kumanovo

BEOGRAD – Komandant Četničkog pokreta Bratislav Živković najavio je da će njegova grupa poslati pojačanje makedonskim snagama u Kumanovu. Živković, koji je predvodio četničke dobrovoljce na Krimu i Novorusiji, najavljuje dolazak u Makedoniju.

[Image: novorusija-jovan-sevic-cetnici-fb-650x438.jpg]

– Četnički pokret će, u slučaju da se ova kriza ne okonča danas, reagovati i pojaviti se na prostoru Kumanova u zaštitu srpskog stanovništva od kojih smo i dobili slike sa terena i pozive za pomoć! – najavljuje Živković.

ПРАВДА
09-05-2015, 01:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Пивоваров од Куманово: Овде како да се води војна, но граѓаните сплотени

[Image: oklopni-vozila-kumanovo.jpg]

Куманово, 9 мај, 2015 (META)

Тројца загинати полицајци, жена и дете се последните информации од денешната полициска акција во Куманово, соопштил на прес-конференција, кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц, јави „24 Вести“.

Како што рече Дамјановски, овие информации се неофицијални и дека истите ги добил „од новинари и мештани“.

Состојбата во Куманово и натаму е драматична, а полициската акција е се уште во тек.

Универзитетоскиот професор, Владимир Пивоваров, кој живее во Куманово вели дека состојбата во Куманово е како да се води војна.

– Утрово околу 5 часот беше страшно. Се слушаа рафали и детонации, а потоа ситуацијата се смири. По извесно време престрелките се интензивираа. Целиот дел над пазарчето што води кон „Дива Населба“ е затворен од полицијата. Таму имаме стари лица, кои не можеме да ги извлечеме – вели Пивоваров.

Пукотниците, додава тој, повторно интензивирале околу пладне.

– Прво се слушаа истрели на муниција со калибар 7,62 и 7,65 милиметри, но почнаа престрелки со оружје и муниција со поголем калибар. Хеликоптери, од кои дел претпоставувам се и на армијата и беспилотни летала, постојано го надлетуваат градот – вели Пивоваров.

Престрелките почнале на една локација во населбата, но по некое време се прошириле и на други делови од населбата, и едно време пукотници имало и во близина пазарчето, но полицијата успеала да ги потисне.

Пивоваров вели дека дополнителна паника меѓу граѓаните во Куманово создало и тоа што „Тинекс“ ги затворил сите продавници во градот.

– Инаку граѓаните на Куманово, обичните граѓани од сите етнички заедници, се огорчени од денешните случувања. Се прашуваат едни со други, што се случува. Мислам дека сега се посплотени отколку било кога – вели за „Мета„ професорот Пивоваров.
09-05-2015, 02:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:ВАНРЕДНА ВЕСТ: Македонска полиција побегла, српска војска и жандармерија кренула ка граници!

zandarmerija srbije

Како сазнаје РТС, у погранични појас ка Македонији послате су додатне снаге безбедности. Министар унутрашњих послова Небојша Стефановић наредио је да 450 припадника Жандармерије буде распоређено у Копненој зони безбедности.

Упућене су и додатне снаге противтерористичке јединице према граници с Македонијом и појачан број редовних полицијских снага.

ПОБЕГЛИ

Македонска гранична полиција повукла се са границе између Србије и Македоније, након сукоба у Куманову, незванично сазнаје „Блиц“. На граничне прелазе послате српске полицијске и војне снаге. Премијер Вучић заказао за сутра ванредну седницу Бироа за координацију служби безбедности.

Због повећаног ризика од тероризма, на српској граници се налазе појачане снаге српске војске и полиције.

Македонски полицајци су се повукли након немира у Куманову. Српски МУП је брзо реаговао, и на граничне прелазе послао полицијске и војне снаге.

Премијер Србије Александар Вучић заказао је за сутра у 13 сати ванредну седницу Бироа за координацију служби безбедности поводом ситуације у Македонији.

Како јављају медији, у јутрошњој акцији македонске полиције против наоружане групе у Куманову погинула су три полицајца, а више њих је повређено.

Снимак из Куманова





СРБИН ИНФО
(This post was last modified: 09-05-2015, 02:09 PM by ЈорданПетровски.)
09-05-2015, 02:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17



09-05-2015, 02:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

Quote:КУМАНОВО: Престрелките се интензивираа, пристигна засилување


Неофицијално, во моментов специјалните сили го чистат теренот куќа по куќа, и на вооружената група ѝ се задава крајниот удар

09/05/2015 - 15:26



09-05-2015, 02:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#19



09-05-2015, 03:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Неофицијално во Куманово се работи за акција на МВР за заплена на оружје


[Image: 11226180_825663737521859_379436072450813...17x470.jpg]

Според првите кажувања на граѓаните од т.н Дива населба, утринава започнала акција на МВР за заплена на оружје од семејна куќа, при што било дадено отпор.

[Image: 10444598_825669354187964_372122141015357264_n.jpg]

Во моментот на објавувањето на веста, чекаме на официјален одговор од Иво Котевски.

Од друга страна, се шпекулира дека вооружена група од Косово се обидела да ја нападне касарната на излезот од градот, во што била спречена. Наводно, како што се шпекулира во Куманово, групата дури имала намера да ја нападне зградата на Општина Куманово.

Според албанските извори, групата се спуштила од с. Слупчане, а се работи за жители на Косово.

KUMANOVSKIMUABETI

(This post was last modified: 09-05-2015, 03:43 PM by ЈорданПетровски.)
09-05-2015, 03:42 PM
Reply