Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Честитки по повод реизборот на Груевски
Author Message
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#1

Честитки по повод реизборот на Груевски

Срдечни топли полни со љубов стасуваат честитки до Груевски по повод неговиот реизбор за прецедник на ДПМНЕ како од домашната така и од меѓународната заедница .
Тука почитувани ќе наброиме некој од нив

1)

Лешпер

Господине премиер на Република Македонија, еве ти десет одговори на твоето прашање – што би направила јас на твое место. Иако многу убаво знам дека напишаново нема ништо да ти значи, сакам да имаш на ум дека во оваа наша државичка, има граѓани кои се срамат од тебе. Да бевме врсници и да игравме џамлии, за ваквото однесување ќе јадеше еден тон „мацоли“.

Фокус 6 фев 2015

Ние од Скопје, си имаме специфично поимање на зборот „лешпер“. Тоа е еден џамлиски термин (и понекои девојчиња во мое време играа џамлии за што добиваа епитет „машкуданки“), како што се „такса мааш“, „пипка трепка“, „ренту туриен“ или „спотер“. Џамлискиот лешпер игра на сигурно и те напаѓа само кога е сигурен дека ќе те победи, односно откако ќе го промашиш и ќе му се наместиш за сигурен погодок. Претходно се крие зад камчиња, зад нерамнини на теренот, се вкопува во дупчиња и секогаш е во близина на „шлајката“ (вдлабнатина во теренот за играње која ја правевме со вртење на ѓонот од кондурите) или „спие“ во неа, за да си обезбеди гратис гаѓање. Тој никогаш не рискира и не се впушта во непредвидлив исход.

Лешперите најчесто се и „илеџии“ (играчи кои не признаваат видни факти), односно „плачковци“ и со нив никој не сака да игра. Веројатно зборот „лешпер“ има турски корен и несомнено се однесува на некои негативни човечки особини. Во старата скопска џамлиска субкултура, да кажеш за некого дека е лешпер значи дека е педер (како табиет, а не како сексуална ориентација), цвикатор, готован, мрзливец, односно нешто многу блиску на карактерната особина „лешинар“ (мршојадец е нешто сосема друго), што се однесува на лице кое демне за да ќари на туѓи грешки, а самиот никогаш не е подготвен нешто да преземе или да влезе во ризик.

Се сетив на овој веќе подзаборавен термин од моето детство, гледајќи го трогателниот и срцепарателен говор на нашиот премиер на 31 јануари, при што на целата македонска јавност ѝ се пожали дека бил уценуван од лидерот на опозицијата. На едно место дури го кажа буквално следново: „Можеби многумина ќе речат дека не требаше да ја направиме оваа постапка, но има некои работи кои ниту еден совесен човек и политичар не смее и не може да ги игнорира. Таква работа е интересот на државата. Ве повикувам да се запрашате што би направиле на мое место?“

Простете, ама претседател на Влада на една држава да плаче пред своите избирачи дека неговиот ривал бил „илеџија“, според мене, е лешпер. Лешпер е затоа што неговиот ривал не е на власт, нема никакви овластувања и ја нема одговорноста за судбината на државата, како што ја има премиерот. Лешпер е затоа што неговата функција, меѓу другото, подразбира и отпорност на секакви притисоци, со кои секојдневно се соочува секој политичар на светот. Лешпер е затоа што на еден крајно нефер начин го вмешува и граѓанството во неговите проблеми.

Сепак, најмногу ме испровоцира реторичкото прашање на премиерот срочено во форма на повик до јавноста: Што би направиле на мое место? Јас, како еден од запрашаните, би му одговорила дека на негово место би била барем малку похрабра.

Прво, нема лешперски да се кријам зад судските процедури и јавно ќе се соочам со Заев на место и во време кое тој ќе го одбере.

Второ, нема лешперски да се кријам зад некакви си „Граѓански здруженија за одбрана на Македонија од странски разузнавачки служби“, туку јас ќе си го понесам ризикот за тоа што ме обвинуваат.

Трето, нема лешперски да давам интервјуа кај Јанко или Миленко, туку на најопозициската телевизија ќе ги поканам најопозициските новинари и ќе одговорам на најнепријатните прашања.

Четврто, нема лешперски да го снимам разговорот со Заев и лешперски да го лиферувам до интернет-мрежата Јутјуб и тоа на лешперски начин со емитување на делот кој најмногу ми одговара.

Петто, нема лешперски да ја манипулирам целата македонска јавност со некакви си заговори на странски разузнавачки служби.

Шесто, јас ќе си ја преземам одговорноста за надминувањето на спорот со Грција и нема лешперски да се кријам зад некаков си народен референдум.

Седмо, ако студентите и професорите протестираат поради одредени мои постапки, ќе седнам да разговарам со нив и нема да формирам некакви си лешперски контра-пленуми.

Осмо, нема да се окружувам со министри-лешпери, со новинари-лешпери и со поддржувачи-лешпери, кои, утре кога ќе бидам сменет, први ќе ми го свртат грбот и ќе плукаат по мене.

Деветто, по ниедна цена, нема во Македонија да го форсирам лешперскиот критериум на партиска подобност и поделбата на „наши“ и „ваши“ и на „патриоти“ и „предвници“, затоа што со тоа правам злосторство врз својот народ и врз сопствената држава.

Десетто, нема да бидам лешпер.

Господине премиер на Република Македонија, еве ти десет одговори на твоето прашање – што би направила јас на твое место. Иако многу убаво знам дека напишаново нема ништо да ти значи, сакам да имаш на ум дека во оваа наша државичка, има граѓани кои се срамат од тебе. Да бевме врсници и да игравме џамлии, за ваквото однесување ќе јадеше еден тон „мацоли“.

П.н. Предлагам во Заклетвата која секој иден премиер, министер и пратеник ќе треба да ја поднесе пред Собранието на Република Македонија, да биде вметната и реченицата: Ветувам дека нема да бидам лешпер.

Гордана Попсимонова, универзитетски професор

http://fokus.mk/leshper/

2)

Оливер Спасоски: Груевски, ако те сака народот, оти во Куманово има полиција и владини возила на секој чекор?

Објавеново 02 мај 2015

Зголемениот број на припадници на МВР денес во Куманово по повод Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ е класичен показател дека Груевски и фамилијата се плашат од сопствениот народ и „делата“ кои ги направиле во изминатите 9 години, порача на својот Фејсбук-профил Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ.

„Ова денес во Куманово што се случува припадници на МВР на секој метар владини возила и трошење на нордни пари е класичен пример дека државата и партијата(ВМРО-ДПНЕ) не се одделени во Македонија! Груевски ако толку многу те сака народот зошто е ова зголемено присуство на припадниците на МВР во Куманово? Готово е!“, порача Спасовски.

http://www.plusinfo.mk/vest/24309/oliver...ekoj-cekor



3)

Реизборот за лидер кај ВМРО ДПМНЕ како кај комунистите- гласање за еден кандидат

02/05/2015


Како во времето на комуњарите и на Тито, со еден кандидат демократија и избор на претседател на партија. Нема глумење и можност ниту да се размислува дека друг може да биде подобден да се кандидира до вождот, а камоли да се надгласува.

На 15-от конгрес на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски ќе биде единствениот кандидат за претседател. На неговата кандидатура првопотпишан е режисерот Љубиша Георгиевски, тука се Борис Змејковски, Мане Јаковлевски, Дијана Транталовска, Ганка Самоилова, Филип Петровски, Бранко Саркањац, Сашко Кедев и други, или, како што велат од партијата, широк состав од интелектуалци, оснивачи, повратници во партијата и актуелни функционери.

Ќе гласаат сите досегашни актуелни и поранешни министри градоначалници, директотри, раководители, сите функционери кои ги поставил Груевски. Тие без конкуренција треба да игласаат за реизбор на лидерот на партијата без да има конкуренција .

Аналитичарите сметаат дека главната порака од конгресот треба да биде дека стоа е единство, обединета десница и безрезервна поддршка на лидерот кој 12 години ја предводи партијата.

-ВМРО ДПМНЕ покажува дека е единствена и дека делегатите а со тоа и членството цврсто стојат зад лидерот Груевски и ќе продолжат да стои зад него и зад политиките што ги спроведува. По секој конгрес вообичаено е да се менува составот на Централниот и на Извршниот комитет, вообичаено е на две години да се менува, веројатно тоа ќе биде одлука лично на Груевски врз база на неговите досегашни согледувања и на замислата како ќе ја креира политиката понатаму, изјави за Телма ,универзитетскиот професор Оливер Андонов.

Исто е како во времето на комуњарите и на Тито, со еден кандидат демократија и избор на претседател на партија. Нема глумење и можност ниту да се размислува дека друг може да биде подобден да се кандидира до вождот, а камоли да се надгласува, велат политичките аналитичари

Во почетокот на македонскиот политички и партиски плурализам, алузијата на вакви избори со еден кандидат беше токму времето на Тито и комуњарите каде се глумеше демократски избор, против што десницата ја започна својата борба за демократија, а врз таа антикомуњарска платформа ВМРО ДПМНЕ ја изградија целата своја идеологија токму против ваквите практики на комуњарите во Македонија.

фото мкд.мк

http://www.lokalno.mk/

4)

Огинар- Идеалите на ВМРО се најзлобно узурпирани од Груевски


02-05-2015

Порака до делегатите на партијата ВМРО-ДПМНЕ и до членството на партијата во очи на претстојниот Партиски Конгрес на 2 и 3 Мај во Револуционерното Куманово. Ви пишувам од далечниот ЊУ Јорк пред се како Македонец, но исто така како прв задграничен претставник за Северно-Американскиот континент на партијата ВМРО-ДПМНЕ…

Кога во Божјата Недела, на 3 во месецот Косар ќе ве огрее Македонското Сонце присетете се дека државата во која живеете е дело на безбројни генерации на Македонки и Македонци од памтивек кои ги положија своите животи на олтарот за слободна и независна Македонија на Македонците. Не заборавајте дека тој сон го сонуваа Македонците многу генерации пред вас. Вие денес имате историска можност да го оправдате постоењето на светите идеали на ВМРО како дел од името на партијата ДПМНЕ. Тие идеали денес се најзлобно узурпирани токму од врвот на партијата на чело со Никола Груевски.

Споредете го него со великаните на историското ВМРО и ќе видите дека тој и неговите најблиски поддржувачи се само бледа сенка и карикатура на карактерот на ВМРОвските идеали! Во свое лично и во име на вистинските основачи на партијата, во името на правдината и вистината ви ја испраќам оваа порака со намера да ви предочам дека останува на вас да го оправдате постоењето на буквите ВМРО во партијата ДПМНЕ. Тоа ќе го сторите со тоа што ќе му изгласате Недоверба на Лажниот месија и лидер Никола Груевски и тесниот круг на неговите расипани подржувачи.

Вие имате морална обврска да барате оставка од Груевски за да може да опстане Државотворната партија ВМРО-ДПМНЕ чии што историски основачи и вистински подржувачи се избркани од партијата и заменети со кукавички јајца од истиот кокошарник од кој што е испилен и криминалецот Груевски, кој што веќе девет години удира шамари врз чесниот образ на ВМРО и Македонија! Да живее ВМРO! Долу со Груевски и неговите јавачи на Јаловата Кобила на Срамот! Ако го спасиме ВМРО од Груевски ќе ја спасиме и Македонија од Црвенковски! Сега или Никогаш!

Проф. Нестор Огинар

http://liertas.mk/огинар-идеалите-на-вмр...јзлобно-у/

5)

Советот на Европа бара сериозна истрага СОДРЖИНАТА на снимките

од НОВА објавено на: 30-04-2015

Советот на Европа, паневропската организација со седиште во Стразбург, заклучи дека во Македонија е потребна сериозна истрага на содржината на снимките и враќање на опозицијата во Собранието каде што треба да се формира истражна комисија за целата криза и нејзините причини. Истовремено Советот на Европа топло го поздравува движењето на студентите и младите граѓани како "прво мултиетничко движење" во земјата.

Во Македонија неделава, на 28 и 29 април, престојуваа тројца пратеници од Комитетот за мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Стефан Шенах од Австрија, Роберт Валтер од Велика Британија и Андреас Грос од Швајцарија испратија соопштение од нивната мисија во Македонија во кое ја изнесуваат истата загриженост за политичката криза како Германија, САД или ЕУ

Посетата на овие тројца пратеници беше исцпрно покриена од страна на медиумите блиски до владата. За жал, нивната целосна порака не беше коректно пренесена.

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21995

6)

Храбриот кукавичлук на Груевски

Објавеново 24 април 2015|

За време на деветогодишната славна и оптимистичка епоха на режимот на Груевски, интензивно се надоградуваше сликовницата за Спасителот и Доброчинителот на македонската благосостојба. Во 2003 во Брисел и Вашингтон, лично генералниот секретар на НАТО Робертсон и Комесарот за проширување на ЕУ Крис Патен, како и бројните македонски интелектуалци од власта и опзозијата, со симпатии гледаа на современиот млад, динамичен, менаџер и политичар Груевски, кој по секоја цена требаше да стане прв човек на ВМРО-ДПМНЕ наместо излитаниот националист и албаномрзец Љубчо Георгиевски. Таквата промена ја посакуваа и тогашните лидери на СДСМ, Црвенковски и Бучковски. Кога еднаш во 2006 се појави неговата слика, кон нејзе се надоврза неговата акција како вид вербална сугестија. Постепено, контраверзните ликови од минатото и сегашноста воскреснаа со свеовидни метафори.

Епизодата со Хунзите ја сметавме за детска фантазија, апсењата на неколку деловни луѓе од СДСМ за битка против корупцијата а ситните екцеси со контролата на медиумите како логичен реванш кон претходниот режим. Меѓутоа јајцето на диносаурусот се испили во се поопасно антидемократски монструм. Меѓу народот особено по 2008 почна да се создава илузијата за идеалниот фоторобот на чесниот и непогрешлив подарок на Господ во личноста на Никола. Тој со лопата во раце, се наметнуваше како градител, со античките споменици како голем Македонец и антигрк, со отворените седници на Владата како демократ и народен човек, со помпезното присуството во духовните храмови како голем верник и слуга на Православието. Со право Г. Ле Бон пишува: “Не сме религиозни само кога обожаваме некое божество туку и кога сите способности на својот дух, целиот жар на фанатизмот го ставаме во служба на некоја кауза или личност кои станале ориентири и насочувачи на масите”.

Постепено македонската демократија згаснуваше како што се гасат рефлекторите по завршената театарска престава, но излезот од темнината беше без перспективи. Тој неуморно преку методот на адаптација го менуваше надворешниот изглед на состојбите, вистинското го заменуваше со веројатното, реалноста со фантазијата, рационалното со ирационалноста. Тој ја држеше толпата на дистанца , одвраќајки ја од реалност , за да и покаже некоја поубава и поиделана вистина која им одговараше на нивните надежи и фикс-идеји. Неговиот тален се состоеше во преобраќањето на настаните и колективните цели во слики кои оставаа силен впечаток и одушевување кај неговите идеопоклоници и страв и повлекување кај оние што размислуваа поинаку. Меѓутоа колективната хипноза траеше се до појавата на бомбите на Заев. Со проектот на опозицијата “За вистината на Македонија ”отпочна и декодирањето на неговиот вистински лик, полн со апсолутистичка вообразеност, егоизма и нарцисоизам. Човекот кој слично како верските поглавари зборуваше едноставно и со глобални одговори за бројните прашања кои го оптоваруваа духот на Македонците, под тежината на аргументите и вистината, постепено почна храбро да молчи за темата и да го корумпира јавното мислење во државата. Во својот молк, кога повеке не се бори за мандат туку за сопствената кожа, почна да и ветува планини и долини на истоштената и ограбена македонска нација.Слично на патологијата на коцкарот во казиното кој постојано зајмува за да го поврати изгубеното, така и Груевски настојува да се престави како ранетиот спасител кој жртвува се за себе пардон за Македонија. Крајно време е да му се укаже дека тој повеке нема легитимитет да дели социјални бенифиции за разните сегменти на популацијата, да ја задолжува државата и да се надева на нов мандат Таквата стратегија е суштината на неговиот храбар кукавичлук. Кованицата за храбриот кукавичлук на Груевски асоцира на сказната за египетскиот султан Саеф-един-Кутуз кој поседувал сличен политички код како и нашиот драг Никола.

Кон средината на 13 век по освојувањето на Ирак и Сирија, монголската армија стигнала пред вратите на Египет. Султан Саеф-един Кутуз, го свикал кабинетот околу подготвите за одбраната . Меѓутоа состојбата со армијата била очајна, а трезорите на државата биле празни заради развратниот живот на султанот..Тој го измачувал сопствениот народ, се расфрал со народните пари, градел непотребни луксузни дворци и споменици. Токму затоа не се усудувал да наметне нови даноци и да додаде масло врз огнот. Народот и така бил бесен и никој повеке не му верувал на развратниот деспот. Згора на тоа неговиот брат Абдулах, кој раководел со арачот, трговијата на државата и трезорот, тајно избегал со стекнатото богатство без да се загрижи за судбината на Египет. Тогаш, властољубивиот султан решил да му се обратил на шеикот Ибн Абдесалам за помоѓ. Умниот Ибн ја прогласил фатвата според која , во случај на војна принцот имал право да ги зголеми даноците и да побара уште погоме придонес од народот но под услов и тој и сите негови министри да ги вратат сите добра и богатства на располагање на државата. Народот се покорил кон фатвата и мирно ги прифатил новите давачки особено што и султанот ветил дека ке го врати целото богатство. Додека неговите функционери ги враќале стекнатите богатства, единствено тој измислувал други приказни. Во своите говори му се додворува на народот, ветувал бројни олеснувања и бенифиции и повторувал дека еден ден и тој ке го врати богатството но најнапред требало да се победи непријателот. Во почетокот како добар оратор го прикривал куквичлукот пред сопствениот народ, но подоца почнал се похрабро да лаже и манипулира. Постепено почнал да ја губи довербата и на најблиските соработници. На крајот шетал само во провинцијата и мудро ги избегнувал големите процесии и јавни настани плашејки се од реакцијата на народот. Кога непријателот бил победен, султанот сметал дека опасноста заминала и решил да не врати ниту цент од богатството. Сепак со таквиот чин ја загубил подршката и популарноста од народот, а Ибн Абдесалам, кога ја согледал состојбата донел нова фатва со која го осудил султанот да биде поротеран од државата со само еден златник во џебот.

Македонскиот случај кој многу наликува на овој древен пример е соочен со храбриот кукавичлук на својот Премиер Груевски. Соочен со евидентниоте докази од прислушувањето, во почетокот ја дефокусира вистината за снимките кои биле од странска непријателска сила, потоа дека биле креирани и неточни. Ги уапси луѓето кои ги обвини за велепредавство вклучувајки ја и кривичната пријава против лидерот на опозицијата З.Заев според принципот, “нападот е најдобра одбрана”. Напоредно неговите мегафони и домобрани заиграа на картата на надворешниот непријател и на домашните издајници. И покрај евидентните докази за огормни криминални афери, тој и неговата клика храбро го потхрануваат политичкиот кукавичлук. Од Брисел и Вашингтон му порачаа дека содрежината на разговорите е многу позначајна отколку неовластеното емитирање на снимките. Го нема повеке со лопата во раце, го нема на масовните духовни процесии. За Велигден се појави во селската црква во Дојран,пред грст партиски верници избегнувајки да се појави во соборниот храм во Скопје, стравувајки од масите врз кои толку се потпираше.Завршија и отворените денови на владата, терапевтските роуд-шоа, а и античките споменици почнаа да добиваат патина заради неквалитетената изработка. Го немало дури и на средбата со еврократите во Брисел каде не остварил ниту една билатерална средба? Но затоа и натаму не помислува на оставка или на оставката на дел од неговиот корумпиран тим.Разбирливо бидејки се работи за неговата лична судбина.Но сепак тоа е големиот и храбар кукавичлук на Груевски. Таквото однесување е разбирливо, бидејки ниту еден авторитарен политичар или диктатори не заминал своеволно. Неговиот случај го сватија сите негови некогашни пријатели од Брисел до Берлин и од Вашингтон до Будимпешта. Дури и оние од сестринските партии се сликаат од колегијални причини и го пуштаат неговиот брод да тоне споро но сигурно. Тие упорно ја избегнуваат девалвираната дестинација кон Скопје плашејки се да не ги поврзат со македонското издание на синдромот Санадер.

Нано Ружин

http://www.plusinfo.mk/mislenje/463/hrab...a-gruevski-
06-05-2015, 11:53 PM
Reply