Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗОРАН ЗАЕВ ОБВИНЕТ ЗА НАСИЛСТВО СПРЕМА ПРЕДСТАВНИЦИ ОД НАЈВИСОКИ ДРЖАВНИ ОРГАНИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Македонија
Денешниот епилог во судот може да им „пресуди“ на утрешните разговори со Хан!

Судската контрола на обвинението од „Пуч“ се случува само еден еден пред доаѓањето на комесарот Јоханес Хан, кој утре во Скопје ќе посредува во разговорите на партиските лидери за излез од политичката криза.

[Image: 0,,18276809_303,00.jpg]

Кривичниот суд во Скопје денеска на јавна седница ќе ги разгледа приговорите на обвинението што ги поднесоа адвокатите на Зоран Заев и другите обвинети во случајот „Пуч“, по што ќе одлучи дали предметот ќе продолжи со судење или ќе го врати во истрага. Ваквата јавна седница на која ќе бидат разгледани приговорите на адвокатите, е задолжителна фаза предвидена во Законот за кривична постапка. На седницата ќе присуствуваат обвинителот, обвинетите и нивните адвокати. Адвокатскиот тим на Заев на денешното рочиште детално ќе образложи зошто судот треба да го отфрли обвинението. „Ставот на одбраната е дека обвинението е една целосно неиздржана правно-политичка конструкција, на која не смее да и‘ се дозволи да дојде до судница“, вели адвокатот за Заев, Филип Медарски.

„Одбраната ќе побара тоа обвинение да биде одбиено од страна на Советот за оценка на обвинителниот акт, бидејќи во описот на делата за кои се товарат обвинетите недостигаат определени законски елементи. На пример, кај кривичното дело ’шпионажа’ во описот од обвинението недостига прецизирање на ’странската држава, организација или лицето кое им служи...’ за која наводно биле прибирани податоците. На рочиштето ќе биде побарано и издвојување на определени докази од списите на предметот, поради повреда на постапката при нивното прибирање. Така, на пример, ќе се бара издвојување на дел од материјалите кои се прибрани со посебните истражни мерки поради нивното јавно објавување, што претставува кривично дело на некое од службените лица, кои имале допир со нив. Генерално, ставот на одбраната е дека обвинението е една целосно неиздржана правно-политичка конструкција, на која не смее да и‘ се дозволи да дојде до судница“, вели Медарски.

На одбраната нема да и‘ недостигаат аргументи во оваа насока, со оглед дека снимки обезбедени со посебни истражни мерки, на чуден начин и‘ ’избегаа’ на обвинителската папка и во неколку наврати се најдоа на Јутјуб.


Тешки обвинувања


[Image: 0,,18306828_404,00.jpg]
Зоран Заев се товари за „насилство кон претставници на највисоките државни органи“


На 30 април годинава Обвинителството поднесе обвинителен акт против петмина осомничени. Првообвинет е поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, кој се товари за „неовластено прислушување и тонско снимање“, „шпионажа“ и „насилство кон претставници на највисоките државни органи“. Второобвинет е Ѓорѓи Лазаревски, поранешен вработен во УБК, осомничен за потикнување на дело „неовластено прислушување и тонско снимање“ и „шпионажа“. Звонко Костовски вработен во МВР, кој беше уапсен во акцијата „Пуч“ заедно со неговиот колега Лазаревски, уште во текот на истрагата склучи спогодба со јавниот обвинител, ја призна вината и е осуден три години затвор. Обвинета за делото „шпионажа“ е и сопругата на Зоран Верушевски, Соња, а четвртообвинет е лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој се товари за „насилство кон претставници на највисоките државни органи“. За тоа дело според Кривичниот законик минимална казна е 4 години затвор. За помагање во истото дело се товари и Бранко Палифров, вработен во Општина Струмица. Сите се во притвор, освен Заев, на кого овој месец му беше вратен одземениот пасош, за да може да присуствува на политичките разговори во Стразбур. Лидерот на СДСМ, пред пет дена и самиот повика Обвинителството да ги повлече обвиненијата против обвинетите во предметот „Пуч".

„Нема никаква логика, мене како осомничен за насилство врз премиерот, да ми е вратен пасошот, да сум на слобода и да можам да шетам по светот, а Бранко Палифров, осомничен за помагање, да е во притвор“, изјави Заев, по презентацијата на една од „бомбите“.

[Image: 0,,18276600_404,00.jpg]

Незгоден момент

Колку што е насочено вниманието кон денешната т.н. „контрола на обвинението“ од „Пуч“, уште повеќе е фокусирано кон суптилноста на моментот во кој таа се случува: само еден еден пред доаѓањето на комесарот Јоханес Хан, кој утре во Скопје ќе посредува во разговорите на партиските лидери за излез од политичката криза. Аналитичарите немаат дилема дека денешниот епилог во судот може да и‘ „пресуди“ на утрешната рунда разговори, во смисла да ја мотивира или демотививира желбата за разговори кај опозицијата, особено што случаите „Пуч“ и „Прислушкување“ досега не добија ист третман. Опозицијата до Јавното обвинителство досега предаде 10.000 страници докази за масовната операција на нелегално прислушување, кои содржат повеќе од 100.000 разговори во транскрипти и повеќе од 18.000 смс-пораки. Во нив се и материјални докази за вработени кои го воделе системот на прислушување, телефонските броеви што биле таргети во системот на прислушување, псевдоними на сопственици и корисници на телефонските броеви, регистрација на локацијата на телефонските броеви и периодот на контрола. На 1.600 страници е доставена и т.н. репродукција на содржините на телефонските разговори кои биле наменети за краен корисник, а во нив била вршена анализа на разговори на опозиционери, новинари, невладини организации, интелектуалци, граѓани критички настроени кон власта. Но, досега ниту едно лице од власта не е повикано да даде исказ во Обвинителството по кривичните пријави што ги достави опозицијата. И официјален Вашингтон и Брисел досега неколкупати повикуваа сериозно да се истражат сознанијата што произлегуваат од аудио-снимките што ги презентираше опозицијата, но досега без ефект.

Поранешниот јавен обвинител, Стеван Павлевски, го коментира токму тој нееднаков пристап кон предметите.

„ Предметот 'Пуч' е ставен на експресно брзи шини, другиот не е ни ставен на шини. Тоа создава недоверба во правосудниот систем. Не сакам да навлегувам во проценки дали и колку незадоволството од тој факт може да влијае врз утрешните политички разговори, но таквиот однос веќе подолг период ја храни јавноста исклучиво со 'докази против опозицијата', а ги игнорира доказите против власта. Заклучокот од тоа е дека судството игра пресметана, калкулантска улога“, вели Павлевски.

Ако судиите, кои денеска ќе ја оценуваат содржината на обвинението и аргументите на одбраната, решат дека треба да има судење, тогаш предметот и формално ќе биде распореден кај судија кој треба да закаже судење.

DW
01-06-2015, 12:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

Quote:Каде се доказите дека осудениот Звонко Костовски ја кажува вистината во спогодбата?
01/06/2015

На денешната јавна расправа во Кривичен суд пред Советот за оценување на обвинението за пуч, за кое се теретат пет лица, вклучувајќи го лидерот на опозицијата, Зоран Заев и поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, одбраната во своето излагање ги поби сите точки на обвинението, а од таму и сите кривични дела за кои се теретат осомничените.

Адвокатот, Филип Медарски, рече дека нема доволно докази за обвиненијата кои се ставаат на товар, а особено се задржа на веќе осудениот Звонко Костовски, кој се спогоди со јавното обвинителство и кој доби казна затвор во траење од три години. Медарски побара оваа пресуда да биде изземена од предметот и да не се користи против другите осомничени затоа што, рече, не се познати мотивите за спогодувањето.

Медарски посочи дека недостасуваат докази кои би ги докажале противправните дејствија што ги извршувал Костовски.

– Во фактичката состојба на обвинението е опишано дека осудениот Звонко Костовски по барање на Зоран Верушевски во постоечкиот систем на следење на комуникации на МВР внесувал телефонски броеви на лица чиј точен број не е утврден. Овој факт на прислушување не е потврден од ниту еден од приложените докази. Овој осуден Звонко Костовски, немал фактичка можност да внесува во системот телефонски броеви и при тоа системот тоа веднаш да не го алармира и тоа да биде откриено – рече адвокатот.

Тој посочи дека обвинителството го одбило предлогот на одбраната за прибивање на вакви докази.

– Во тек на истрагата одбраната предложи да се прибави преглед на сите телефонски броеви кои осудениот Зоран Костовски ги внел во системот за следење на комуникации на МВР во период од 2010-2015 година, како и да прибави преглед на сите неовластено прибавени технички записи од системот во истиот период и кои согласно обвинението, осудениот Костовски понатаму ги предавал на Лазаревски. Ваквиот предлог на одбраната беше одбиен од страна на обвинителство со образложение дека се собрани доволно докази и податоци. При тоа овие прашања не можат да се сметаат за одговорени со прибавените докази – додаде Медарски.

Тој пред Советот за оценување на обвинителството ги постави следните прашања: Дали во системот на УБК останува траг од креирање на определена сметка за внес на одредени броеви? Дали Звонко Костовски креирал таква сметка? Дали системот алармирал доколку таква сметка биде неовластено формирана? Дали во системот останува траг од внесувањето на броеви?
Ова се релевантни прашања кои, тој рече, треба да бидат одговорени.

Медарски посочи дека обвинението не дава целосни информации во обвиненијата за прислушување, посочувајќи дека не е познато ниту колку лице биле прислушувани, ниту кои се тие лица.

– Таксативно се наведени неколку имиња без никакви докази дека токму тие лица биле неовластено прислушувани. Во кој точен период биле прислушувани? Кои се конкретните разговори? Обвинението за неовластено прислушување не може да егзистира и судот не може да постапува без во обвинението да се додадат овие податоци – рече тој.

Во самото обвинение за шпионажа недостасува прецизирање, рече Медарски, која е странската држава за која се вршела шпионажата.

– Не може да постои шпионажа без да се знае за која држава се вршело шпионирањето. Мора да биде конкретно прецизирано која држава требало да биде финален корисник на овие податоци. Ова претставува суштествен дел на обвинението. Без одговор на овие прашања обвинението не е подобно за судот да постапува по него. По аналогија тоа е како да се поднесе обвинение за убиство, а да не се прецизира кое е лицето кое е лишено од живот.

Податоците со кои се стекнал обвинетиот воопшто не се тајни за да се смета тоа за шпионажа, рече тој, туку се работи за јавно достапни документи до кои осомничениот може да дојде врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

За Медарски обвинението е неконзистентно, нелогично и контрадикторно. Обвинението, рече, е чиста фикција и нема доволно докази.

– Еден од елементите на кривичното дело шпионажа, за кое се терети Зоран Верушевски, е намерата тајни податоци или документи да бидат предадени на странска држава, организација или лице кое им служи. За постоење на вакви намери мора да има конкретни докази, воспоставена комуникација со тој субјект. Во случајов кон обвинението не е приложен доказ дека Зоран Верушевски осварил комуникација од овој тип.

Медарски посочи и дека Заев не може да биде обвинет за загрозување на уставниот поредок и безбедност затоа што нема доволно докази за тоа. Како што рече тој, барањето за промена на владиниот состав и предвремени избори не претставува закана упатена кон државни функционери, туку вообичаена политичка реторика.

– Дали може да постои закана доколку еден политичар му каже на друг дека за него ќе објави компромитирачки материјали? Дали доколку се набават докази за коруптивни дејствија на еден функционер, тогаш тоа набавување на докази навлегува во сферата на противправноста? Според обвинението одговорот на ова прашање е потврден – посочи.

Освен тоа, додаде Медарски, иако во обвинението стои дека Заев барал од премиерот, Никола Груевски, формирање на техничка влада и предвремени парламентарни избори, реално премиерот тоа не може да го овозможи затоа што Собранието одлучува за формирање на нова влада и за распишување на предвремени избори.

-Јасно е дека овие политички барања упатени од Зоран Заев не се упатени кон Никола Груевски како претседател на Владата, туку кон Никола Груевски како лидер на најголемата владејачка партија. Тие барања не се однесуваат на нешто што тој треба да го стори како вршител на неговата должност – премиер. Врв на апсурдот е што на средбите на Советот за безбедност беше повикан да учествува и осомничениот Зора Заев, лице осомничено за едно од најтешките кривични дела против државата учествува на средба на највисоко тело задолжено за заштита на уставниот поредок и безбедноста.

Медарски побара од евентуалната постапка да се изземат доказите кои се прибавени со примена на посебни истражни мерки затоа што, рече, во овој случај е прекршена законската процедура. Законот предвидува Врховен суд да издаде наредба за следење на комуникациите на осомничениот, но во овој случај Врховниот суд не издал таква наредба. Ако при примената на посебните истражни мерки, рече тој, не е постапено согласно законот, во тој случај врз добиените податоци не може да се заснова судската постапка.

Тој исто така побара пресудата за Звонко Костовски да се издвои од описот на предметот и рече дека не смее да се користи во постапката против другите осомничени.

– Фактичката состојба не е изведена од докази, туку врз основа на спогодба. Советот кој ќе постапува во предметната постапка не смее да ја земе оваа фактичка состојба како утврдена, туку сите факти да ги утврдува од доказите. Не се познати мотивите за спогодување и затоа не смее пресудата да влијае на позициите на останатите осомничени. Ваквата пресуда не смее да биде ценета како доказ затоа што би попречила објективно ценење на изведените докази – дополни.

Тој побара Советот да донесе решение со кое ќе го одбие обвинителниот акт како неосновен. Советот треба да ја донесе својата одлука за околу петнаесет дена.

Маја Васева

A1on
02-06-2015, 01:32 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,387
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#23

Оф леле пак се бара пита- лајнарка пласирана од А1он да се третира како вистина. Тоа врви само кај хард-кор удбашите.
Се парафираат ли еднаш договорите по предлогот на Хан, Заев оди во затвор.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
03-06-2015, 04:36 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 452
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#24


ЕУ живи ги фати криминалците од ДПМНЕ со нивните МОНТИРАНИ Сталинистички бандистко комитски демек судења
И тоа во случајот со Заев и другите лажно обвинети во случајот Пуч монтиран од Груевски и мрднатиот клептоман Мијалков и од борделушаата Јанкуловска гнасата Зврлесвки и остала споулавена ДПМНЕ- овска гнасотија

1)

Експертите од ЕК зачудени од пресудата направена преку спогодба што се користи против Заев во „Пуч“

20-06-2015

Во делот од експертскиот извештај изготвен од ЕК, кој се однесува на судството, станува збор и за скандалот со прислушкувањето и случајот „Пуч“ кој спектакуларно го најави Груевски.


Како што забележува експертската група – претставува извор на загриженост фактот дека, досега, кривичните гонења кои произлегуваат од скандалот се чини дека се селективни и се поврзани исклучиво со чиновите на создавање, стекнување, емитување и објавување на прислушкуваните разговори, но не и со многуте потенцијални кривични или на друг начин незаконскидела откриени во содржината на самите прислушкувани разговори.

Групата била уверувана од страна на властите дека ова е затоа што првоспоменатите случаи биле најлесни за докажување и дека истраги во однос на суштинскиот престап евидентиран од содржината на снимките се во тек и ќе резултирале со кривични гонења.

Интересно е дека групата посебно го обработува случајот на осудениот Звонко Костовски, кој беше осуден врз основа НА СПОГОДБА , а сега оваа пресудата е дел од Обвинителниот акт против Заев.

Еве што пишува во извештајот:

„Во еден од овие случаи, Звонко Костовски беше осуден, на основа на спогодба за
признавање на вината, за кривичните дела шпионажа и нелегално прислушкување.

Претставува извор на загриженост тоа што, бидејќи случајот е затворен со спогодба за признавање на вината, за групата Е НОВОЗМОЖНО ДА ЗНАЕ до кој степен судијата СПРОВЕЛ ИСТРАГА во фактичката основа на спогодбата за признавање на вината, за да се увери дека спогодбата е соодветна и дека обвинетиот не добил, на пример, спогодба која вклучува блага пресуда како награда за учество во прикривање на вмешаноста на други. Пресудата посочува на доказите изведени пред судот, вклучително и снимките од испрашувањата на обвинетиот. Пресудата не посочува дека било кое прашање во врска со коректноста исправноста на спогодбата било покренато или разгледано од страна на судот. Пресудата не сугерира дека судот утврдил наод дека Костовски делувал сам; напротив се чини дека за него е утврдено дека делувал како дел од структурирана група со предумисла поттикнат од двајца други обвинети. Ние бевме информирани дека не постои ниту видео или аудио снимка, ниту комплетен транскрипт од сослушувањето, што изгледа изненадувачки за таков важен случај од висок профил. Групата не знае какви докази слушнал судот за да го поткрепи спогдбеното признание за шпионажа кога елементите на ова дело бараат
делото да се доведе во врска со „државна тајна“ и да е “добиено со цел дисеминирање на странска држава“. Ниту пак групата знае за содржината на било какви признанија кои може да се претпостави дека се направени од страна на обвинетиот за време на испрашувањето.

Се чини дека кога се корости спогодба за признавање на вината, таа е предмет на многу формален надзор на законитоста и праведноста и дека не постои никаков воспоставен тест во пракса за судски надзор за „доволно докази за вина“. Понатаму не постои тест за „разгледување на јавниот интерес“ кој бара властите да продолжат со кривична истрага во насока на натамошни можни престапи и покрај спогодбата за признавање навината“, пишува во извештајот на групата предводена од Прибе.

За користењето на спогодбата, има и точка во препораките за судството и
обвинителството:

„Треба да има практична и ефективна примена на забраната за употреба на притворот пред судење, мерки насочени кон слободата, имотот или други интрузивни мерки само со цел изнудување осомничениот да пристапи кон спогодба за признавање на вината. Ова треба да биде сторено со јасни објавени практични водичи за обвинители и судии.
Тестот на „доволно докази“ кој овозножува спогодба за признавање на вината треба да биде прецизиран во насока напрактична и ефективна контрола врз законитоста и фер на секоја спогодба од страна на судовите. Уште повеќе, јавниот интерес треба да дозволи продолжување на кривичната истрага и покрај спогодбаза признавање на вината“, пишува во извештајот.

Интересно е дека овој дел од Извештајот оди во прилог на иницијатива за подигнување на барање за заштита на законитост против Пресудата на Звонко Костовски, поднесена до државниот обвинител Зврлевски од страна на адвокатскиот тим на Заев.

Зврлевски повеќе од три месеци НЕ ЈА ПРОЦЕСУИРА Иницијативата на Зоран Заев и адвокатскиот тим за подигнување Барање за заштита на законитост против Пресудата на Звонко Костовски, со која врз законска основа, се оспорува Пресудата против Звонко Костовски.


Како што е познато, Пресудата е осуда на казна затвор од 3 години за Костовски, по неговото признание дека е виновен – дека наводно прислушувал по налог на Верушевски.

Овој документ, поднесен денеска до Марко Зврлевски, е укажување до Зврлевски дека три месеци не го процесуира Барањето на адвокатскиот тим.

Пресудата против Костовски е дел од Обвинителниот акт против Зоран Заев, и како што оценуваат од адвокатскиот тим на Заев, ако Зврлевски го процесуира Барањето, ќе падне пресудата против Звонко Костовски, а со тоа ќе падне и предметот против опозицискиот лидер.



http://libertas.mk/експертите-од-ек-зачу...-пресудат/



2)

По еу-извештајот, Груевски ги заборави „странските служби“, сега зборува за некакви „мрачни сили“

21-06-2015

Се чини дека експертскиот извештај на Европската комисија направен од тим на експерти предводен од пензионираниот директор во ЕК, Рајнхард Прибе, има ефект кај власта.

Откако и премиерот Никола Груевски СТАВИ ПОТПИС со кој се обврзува дека ќе работи на имплементирање на препораките од извештајот, не се осмелува да ги НЕГИРА сознанијата кои произлегуваат од истиот.

Така, за вчерашниот говор за 25-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски мораше да најде замена за она што со месеци го повторуваше – таканаречените „странски служби“, кои наводно му помагале на Заев во врска со „бомбите“ и проектот „Вистината за Македонија“.

Во вчерашниот говор Груевски не споменуваше „странски служби“, туку го користеше терминот „мрачни сили“.

– Во неможност да биде победена во нормална политичка битка, со натпревар на идеи, со работа и резултати, со реформи и дела, во изминатите шест месеци противникот, соработувајќи со мрачни сили, се обиде на најбрутален, најкукавички и најнедемократкси обид да ја сруши ВМРО-ДПМНЕ, нанесувајки огромна штета на државата и нејзините граѓани – рече Груевски.

Најсмешно од се е што Груевски дури мораше и погрешно да го цитира Заев, за да не спомене „странски служби“.

– Иако претходно не планиравме предвремени избори, иако верувавме дека ова ќе биде прв мандат истеран до крај, сепак, ситуацијата во која СДСМ ја донесе државата, помогната, според кажувањето на Заев од други сили, гледајки дека СДСМ не планира да запре со урнисувањето на државата преку невраќањето во парламентот и создавањето лоша атмосфера, проценивме дека овој пат потребна е интервенција на народот, на организирани, фер и демократски избори – рече Груевски.

Доколку се навратиме на снимките од посебните истражни мерки кои излегоа во јавноста, Заев „му признава“ на Груевски дека снимките ги добил од „странска служба“ која не била од соседството, а не од „други сили“, како што рече Груевски вчера.

Заев подоцна рече дека така му кажал (дека се работи за „странска служба“) за да го сокрие вистинскиот извор на доказите.

Извешајот на Прибе на некој начин го потврдува објаснувањето на Заев со тоа што јасно укажува на тоа дека снимките се направени во УБК и не споменува никакви странски служби.

„Според надворешен набљудувач, УБК работи надвор од својот законски мандат во име на власта за да ги контролира носителите на високи функции во јавната администрација, обвинителството, судиите и политичките противници како последица на што се вмешува во независноста на судството и другите национални инситуции“, пишува во извештајот, кој и Груевски го поддржа со својот потпис. Во извештајот има и многу препораки за ограничување на моќта на УБК.

Очигледно, Груевски полека останува без сите „аргументи“ со кои ја убедуваше јавноста од февруари, па сега мора да кажува смешни термини како „мрачни сили“ кои НЕ ЗНАЧАТ НИШТО .


http://libertas.mk/по-еу-извештајот-груе...-заборави/

25-06-2015, 11:09 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25

Quote:Случај „Пуч“ по преземањето од Специјалното обвинителство продолжува без процесни измени
 
Ангеле Илиевски, адвокатот на 5-темина обвинети во случајот „Пуч“ вели дека предметот, кој сега е преземен од страна на Специјалното јавно обивинителство (СЈО), продолжува со постапката онаму каде што е застанат досега.  СЈО може да побара ослободување на двајцата притворени во секое време.
 
Пишува: Тео Блажевски
 
Таканаречениот случај „Пуч“, кој цела година ја окупира јавноста во Македонија, а стана познат и во странство, од почетокот на декември годинава има нови елементи, кои, сепак, не значат дека ќе има промена во текот на постапката.
Целокупниот материјал за случајот кој го поседуваше Основното јавно обвинителство (ОЈО) за организиран криминал и кое го застапуваше процесот пред Кривичниот суд Скопје 1, минатата недела, на 4-ти декември, му беше предаден на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), со кое раководи Катица Јанева. На првата прес конференција, на која беше соопштено со кои предмети прво ќе се занимава Специјалното обвинителство, беше споменато дека меѓу нив е и случајот „Пуч“.
Дали овој трансфер на предметот од едно обвинителство во друго нешто ќе смени во постапката од кривично-процесен агол, беше една од дилемите во јавноста, при што имаше нејаснотии дали предметот и постапката во судот ќе започнат од почеток или не.
Ангеле Илиевски, еден од адвокатите на петте обвинети во случајот, меѓу кои е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тврди дека од тој аспект не се менува ништо, но дека сега може да помине повеќе време додека новото обвинителство се запознае со предметот.
Quote:„Случајот „Пуч“ по преземањето на предметот од страна на Специјалното обвинителство продолжува во постапката онаму каде е застанат досега во Основниот суд Скопје 1. Мислам дека на Специјалното обвинителство и на г-ѓа Катица Јанева ќе и треба малку повеќе време да продолжат со постапката, затоа што предметот е обемен и затоа што треба добро да го проучат, вели Илиевски во телефонски разговор за „Вистиномер“.
Тој додава дека сите опции се отворени.
Обвинителката може да ги преземе сите постапки што и стојат на располагање според ЗКП. Може да се откаже од обвинението кога ќе види дека нема поткрепени докази, може да продолжи да постапува по истото обвинение или може и да го прошири. Значи, потполно исто, со истите овластувања како и досегашното ОЈО за организиран криминал.
Одбраната бара и очекува конечно да биде укинат притворот за дел од обвинетите, оценувајќи дека притворот се претворил во „малтретирање“.
Quote:Во однос на притворот ние бараме тој да се укине, а истото овластување го има и СЈО предводено од Јанева. Притворот беше продолжен повторно пред десетина дена, на крајот од ноември. Одбраната смета дека веќе станува збор за малтретирање на обвинетите, со оглед на тоа што веќе 6 месеци нема активно дејство во постапката. Ние при последното решавање побаравме ослободување од притвор, а тоа барање е активно и сега. Специјалното јавно обвинителство може да побара во кое било време прекинување на притворот, вели Илиевски.
Случајот „Пуч“ стана актуелен на почетокот на годинава по соопштението од МВР за приведување на осомничени за тајно следње на комуникации, шпионажа и насилство врз органи на државата, по што следуваше драматична прес конференцијата на премиерот Никола Груевски, кој изјави дека бил цел на уцени и закани од лидерот на опозицијата да ја напушти власта, а дека во спротивно ќе биле објавени телефонски снимки од прислушкувани разговори обезбедени од странски служби. По апсењето на осомничените од страна на МВР на 31.01.2015, со исклучок на Заев, на 31.04.2015 беше покренато обвинение против пет лица – Зоран Заев, Зоран Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски Звонко Костовски,(Ѓорѓи и Звонко тогаш вработени во Петтата управа на МВР), Соња Верушевска, сопруга на Зоран, и Бранко Палифров, вработен во Општина Струмица.
Првообвинетиот Верушевски и двајцата вработени во МВР се товареа за незаконско прислушкување, тајно снимање и шпионажа, заедно со Соња Верушевска, додека Заев, како четврто обвинет и Палифров, за насилство во обид против највисоки претставници на државни органи.
Во текот на истрагата, еден од обвинетите, Звонко Костовски, вработен во МВР, склучи спогодба со Јавниот обвинител, ја призна вината и се договори за висината на затворската казна, три години затвор за неовластено прислушување. Тој се очекува да биде сведок во случајот.
Извори:
  1. „Телма“ (04.12.2015): http://telma.com.mk/vesti/predmetot-puch...initelstvo
  2. „Академик“ (25.02.2015) : http://www.akademik.mk/se-spogodi-eden-o...slushuvane
  3. „Академик“ (30.04.2015) http://www.akademik.mk/podnesen-obvinitelen-akt-za-puch
  4. „Телеграф“ (31.01.2015): http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/...-puc-video
  5. „Капитал“ (31.01.2015): http://kapital.mk/mvr-zaev-spremal-puch-...i-bombite/
 
(This post was last modified: 12-12-2015, 08:51 AM by ЈорданПетровски.)
12-12-2015, 08:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Quote:Специјалното обвинителство се прогласи надлежно за 34 предмети, меѓу кои и „Пуч“

 
[Image: katica.jpg]

14.12.2015
Од Специјалното обвинителство, со кое раководи Катица Јанева, информираат дека во рамки на законски предвидениот рок доставен е и предметот од Основното јавно обвинителство Куманово, а воедно донесени се одлуки за надлежност за сите предмети кои беа доставени до ова Јавно обвинителство од Основните јавни обвинителства и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
„Што се однесува до видот на одлуките Ве известуваме дека ова Јавно обвинителство воспостави стварна надлежност над 34 предмети, вклучително и на предметот познат во јавноста како Пуч.
Врз предметите на Основното јавно обвинителство Скопје РО.бр.2362/15 и РО.бр501/15 не е воспоставена стварна надлежност и предметите се вратени на постапување на надлежното основно јавно обвинителство.
Во оваа насока Ве известуваме дека дополнително е утврдено дека од доставените предмети уште два предмети се поврзани со изборни нерегуларности, така што бројот на предмети кои се однесуваат на изборни нерегуларности на кои ова Јавно обвинителство има воспоставено стварна надлежност изнесува 16“, информираат од Обвинителството.
(This post was last modified: 14-12-2015, 02:48 PM by ЈорданПетровски.)
14-12-2015, 02:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27

Quote:Нема ниту куќен притвор, Верушевски на слободa


[Image: timthumb-3.jpg&h=auto&w=620&zc=1]


Претседателот на Кривичниот совет, судијата Огнен Ставрев, откако ја донел одлуката за ослободување на Верушевски, веднаш бил распределен во Одделот за прекршоци.
Фокус 28 дек 2015, 18:48

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му го укина притворот на Зоран Верушевски, иако се очекуваше да му биде изречена алтернативна мерка – куќен притвор, пренесува Утрински весник.
Според извори на весникот, одлуката за ослободување на Верушевски била донесена уште минатиот петок, но поради погрешно запишан број на неговата патна исправа, притворот бил укинат во текот на денешниот ден.
Претседателот на Кривичниот совет, судијата Огнен Ставрев, откако ја донел одлуката за ослободување на Верушевски, веднаш бил распределен во Одделот за прекршоци.
28-12-2015, 09:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28

(28-12-2015, 09:51 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Нема ниту куќен притвор, Верушевски на слободa

Претседателот на Кривичниот совет, судијата Огнен Ставрев, откако ја донел одлуката за ослободување на Верушевски, веднаш бил распределен во Одделот за прекршоци.



Quote:Соопштенија за Јавност


[Image: spacer.gif]

28.12.2015   ДЕМАНТ

Демант за Утриснки весник и пораталот Либертас.мк
Како Основен суд Скопје 1 – Скопје сметаме дека е не коректно од посочените медиуми да објавуваат непотврдени информации поврзани со конкретна одлука на судот, без оглед како дошле до тие информации и дали истите се точни или не, а воедно воопшто не се обратиле до судот за да ги проверат инфомрациите кои ги објавуваат.
Исто времено заради екслузивитет и сензација  се впуштаат во дополнителни шпекулации објавувајќи и дека одреден судија кој одлучувал во конкретниот предмет бил прераспределен поради донесената одлука, дотолку повеќе што одлуката за прераспределба е направена со годишен распоред за работа на судиите во судот за 2016 година уште минатата недела, а одлуката по наведениот предмет сеуште не е донесена односно како што веќе објавивме во текот на вчерашниот ден, Кивичниот совет имаше доставено дополнително барање до Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за докомплетирање на документацијата пред донесување на конечната одлука.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Основен суд Скопје 1
28-12-2015, 11:46 PM
Reply