Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБААТ СЛОБОДНИ ФИНАСИСКИ ЗОНИ?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Играта со слободните финансиски зони е опасна авантура

[Image: logo_1.jpg]

25 . 01 . 2015
Народно движење за Македонија бара од ВМРО-ДПМНЕ да го повлече уставниот амандман за меѓународни финансиски зони, бидејќи, играта во која странски инвеститори наводно ќе дојдат во овие зони, претставува опасна авантура.

Со други зборови, слободните финансиски зони значат, всушност, влез на украденото општествено богатство од околу 4 милијарди долари во македонската приватизација, како и на капитал од околу 5 милијарди германски марки според проценките на МВР, од големиот шверц за време на ембаргото на ОН спрема тогашната СР Југославија.

За НДМ, како и македонскиот народ нема дилема. Влегувањето на валканите пари на македонските олигарси е тешка провокација на власта спрема граѓаните.

За илустрација, да презентираме само еден случај кој јасно покажува дека токму во Македонија некој сака влез на украдениот приватизациски капитал.

По случаен избор да ја спомнеме приватизационата приказна на „Скопска пиварница„ во која, тогашниот директор, Свето Јаневски, со својата дружина ја направи „зделката„ за сите времиња откако за нула денари ги приграбија акциите, а дополнително во постприватизацискиот период заработија 130 милиони долари од продажбата на акциите на „Пиварница„ и преку ноќ се промовираа од комунисти во капиталисти.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ како народна партија со демохристијанска ориентација и силна верба во Бог, има обврска да го врати украденото на народот, а не преку слободни финансиски зони да им овозоможи на олигарсите влез и непречено луксузирање врз грбот на работниците кои со невиден ентузијазам ги градеа фабриките во социјализмот.

Притоа, нема оправдување фактот, што, како транзициските олигарси умираат, нивните деца како наследници на украдениот капитал ја менуваат страната и преку ноќ стануваат „вмровци„ бидејќи, во криминалната, неправедната и неморалната приватизација е извршена економска диверзија врз Македонија и економско злосторство врз сопствениот народ преку бесплатното приграбување на општествените фирми кои 50 години наназад ги создаваа сите работни луѓе во социјализмот.

NDM
25-01-2015, 11:11 PM
Reply