Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗОРАН ДИМИТРОВСКИ ЖОРО ВС КУРИР И ОСТАНАТИ ГРУЈОВИ МЕГАФОНИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Што не му се оствари на Жоро што е толку против Владата?

Среда, 21 Јануари 2015

Иронично но сепак вистинито, оние кои на мегафони говорат дека им е загрозена слободата на изразување и тврдат дека се мета на говор на омраза, вчера беа првите кои искажаа говор на омраза и неразумен гнев.


[Image: DSC_0415-650x320_thumb_medium500_246.jpg]

Ѕверови, калифат, исламска држава, сечат глави, го сотрат семето на слободата беше дел од вокабуларот на уредникот на Фокус Зоран Димитровски во говорот кој го одржа вчера пред Владата. Димитровски непречено го кажа своето мислење и немаше никаква консеквенција, наспроти тврдењата дека Македонија не е слободна држава, но што всушност се крие зад ваквиот говор на омраза?

Во фелата се говори дека Зоран Димитровски- Жоро во времето кога бил главен и одговорен уредник на Дневник, а кој своевремено беше остар критичар на работата на СДСМ и јавно застануваше во одбрана на дел од политиките на Владата за што постојат и негови написи, се обидел таквата подршка да ја материјализира за своја сопствена корист, па испорачал одредени барања, кои поради нивната непринципиелност и неразумност не биле исполнети, па така оние кои подобро го познаваат ќе речат дека зад вчерашниот настап на Жоро и неговото членување на одборот за ослободување на Кежаровски се крие всушност неговата лична фрустрација од неисполнетите планови и барања. Или пак она што Жоро не го најде кај власта очигледно како ветување па макар колку и тоа да не е принципиелно го најде во опозицијата и СДСМ.

Низа примери покажуваат што говореше Димитровски во времето кога беше уредник на Дневник. Тој вчера изјави “кастрат медиуми, затвораат слободумни луѓе”, но во колумна за весникот Дневник во време кога тој беше главен уредник на 14 мај 2011 насловена „Фејк борци за медиумска слобода“ за затворањето на А1 ќе напише “целта беше легитимна”.

Една недела претходно, исто во Дневник, Зоран Димитровски за партијата на власт ќе напише- "ВМРО-ДПМНЕ наметна сериозно политичко темпо од претходните изборни циклуси со детално разработена економска и политичка програма со рокови и носители, како и отчетни извештаи за постигнатото по завроувањето на мандатот“. Сегашниот уредник на „Фокус“ во колумна напишана на 2-ри септември 2011 година во која го разработува соодносот на медиумите и партиите пишува дека СДСМ е во водство во однос на ВМРО-ДПМНЕ.

-Но каде е навистина Македонија со слободата на медиумите? И зошто се крева толку многу џева? Е па вака. Ако сакате грубо опозицијата е во водство, напиша Жоро.

Димитровски на 17-ти јуни 2011-та година, исто така во Дневник напиша "СДСМ е претворен во организација која е наркозависнички навлечена на Бранко Црвенковски“.

-Б.Ц на СДСМ муе ЛЦД, кокаин. СДСМ кризира до кома кога го нема Црвенковски.. Наследник не е пронајден по негова желба, се разбира и покрај кадровскиот арч на Бучковски и двократно на Шекеринска.... кој да се обиде ќе заврши со нож во грбот и со пораз како 2006та ако се истопори како Рада 2008та ќе заврши трагикомично, пишува Димитровски. За разлика од тогаш, вчера Жоро пред Владата се појави рамо до рамо со Радмила Шекеринска и Зоран Заев да протестира.

На 22-ри јули истата година, Димитровски за првиот човек на СОРОС Македонија и главен финансиер на активностите на опозицијата и нивните медиуми Владимир Милчин напиша:

-Владимир Милчин, режисер и општественик, деклариран борец за отворено општество во Македонија делител на 5 милиони евра ката година од почетокот на 90 те за развој на слободоумни медиуми, за демократија, за права на малцинствата и маргинализираните групи... со пари на милијардерот Џорџ Сорос унгарски Евреин кој заработи на комар против фунтата уи други светски валути.

Кога Димитровски стана уредник на Дневник, Плусинфо на Бранко Героски ќе напише-“Жоро од жесток критичар на премиерот Никола Груевски, како заменик главен уредник на неделникот „Фокус“, дојде во „Дневник“ и за волја на вистината, радикално ги промени своите ставови“

Својата додворувачка политика спрема власта, Зоран Димитровски ја докажа и во интервјуто со премиерот Никола Груевски на Миленко Неделковски Шоу, каде од снименето може да се види како беспоговорно клима на она што го говори Груевски и му изјавува дека има предност 2 спрема 1, но и изјавува дека СДСМ ќе молат да се вратат.







[/video]



[/video]


[Image: Zoro-pred-vlada.jpg&h=auto&w=620&zc=1]
Quote:Мојот одговор до „куририте“


Од Зоран Димитровски, одговорен уредник на „Фокус“, до „новинaрите“ во kurir.mk


[Image: zoro-197x300.jpg]
Зоран Димитровски 21 јан 2015

zoroДраги курирчиња, ви благодарам што ми понудивте можност да ви посветам малку внимание и вам, иако знам дека не разговарам директно со вас, туку со вашиот пастир или можеби со некој негов слуга. Ве чекав вчера, ама очигледно ви требало време да ми стокмите „обвинителен акт“. Е добро де, кога така сакате.

Значи, вие велите дека не ми била загрозена слободата на изразување зашто на протестот за Кежаровски пред Владата сум рекол што сум сакал да кажам и не ми се случило ништо. Бре, мајката. Што треба да ми се случи? Да ме исчукате пред влез? Да ме ликвидирате со снајпер?

Па јас зборував за случајот Кежаровски, дека нему му е загрозена слободата на изразување и физичката слобода и материјалната благодат на неговото семејство, а не за себе, и не за конкретниот протест. А мене, пак, да ве потсетам, лани во февруари ми се случи директна нарачана политичка егзекуција од местото главен уредник на „Нова Македонија“ од страна на сопственикот Минчо Јорданов, затоа што пишував критички колумни против власта. Ако тоа не е директно загрозување на слободата на моето изразување, што е тогаш?

Велите уште дека јас сум ширел говор на омраза. Да, да ги употребив зборовите за кои ме обвинувате. Но каква врска имаат тие со говор на омраза. Квалификациите ѕверови, нелуѓе итн. им приличат на оние кои ликуваат на туѓа несреќа, сеират над оние што се пикнати зад решетки, беспоговорно верувајќи му на пастирот и на полицијата, без да видат за што станува збор. Што е, ако не политичка егзекуција, менувањето на уредувачката политика на телевизии и медиуми што ги купи власта!? Ама Вам ли тоа да ви го објаснувам? Вие се си знаете, ама така ви наредуваат.

Иако шпекулирате дека јас сум се завртел против Груевски зашто наводно не ми била остварена некоја желба – функција или привилегија, за ова сте сепак многу тенки, проѕирни и патетични. Па, кажете каква функција сум барал!? Вистината е дека не сум барал никаква функција од власта, прашајте го пастирот и неговите овчарчиња. Миленко, барем, е експлицитен – вели не сум станал директор на МТВ или директор на Агенцијата за медиуми и затоа сум се свртел против власта. Се разбира, Миленко лупета, зашто така му годи.

Никогаш ниту сум сакал, ниту пак сум побарал да станам директор на МТВ. А вистина е дека преку посредници бев прашан дали би сакал од кабинетот на претседателот на државата да ме кандидираат за член на Советот за радиодифузија, како што тогаш се нарекуваше Агенцијата за медиуми, но јас тоа го одбив.

Всушност, Миленко и Мирка токму по таа емисија со Груевски, која вие ја прикажувате, како некаков корпус деликти (што има лошо и непристојно во климањето со глава кога некој зборува – демек тоа е одобрување на се што кажал!?), на крајот го прашувам премиерот за дилемите околу предложениот закон за медиуми и за забелешките дека Агенцијата за медиуми ќе добие преголеми ингеренции со законот – регистрирање на весници, што може да ја загрози слободата на печатот, двајцата ми измислија дека со таквото прашање јас всушност сум сакал да му се наметнам на премиерот за директор на Агенцијата. Ама тоа е шашма на Мирка и Миленко, а не мое барање! Прашајте го пастирот, де!

За моите ставови и колумни во Дневник во времето на А1 телевизија и затворањето на Велија Рамковски, во право сте. Јас и денес мислам дека во бизнисите на Велија Рамковски имаше незаконски дејанија и криминал. За жал, тогаш бев во заблуда и полициската интервенција во А1 ја нареков несреќна, наместо со вистинското име – затворање на медиумот со примена на сила. Но, не можев да поверувам оти А1 телевизија, како и А2 подоцна навистина ќе бидат затворени како новинарски куќи, што значи дека тие биле таргет на власта, а не криминалот на Велија.

За Бранко Црвенковски и денес би го потпишал истиот текст од кој цитирате, зашто го имам истото мислење како и тогаш, дека го држеше во заложништво СДСМ и впрочем никогаш за него не сум имал добро мислење. Всушност, мислам дека неговото крило во СДСМ, со нападите против раководството, денес повеќе му помага на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски, отколку на Заев и Шекеринска.

Вие, натаму, драги курирчиња, само си бладате за Заев и Шекеринска дека наводно јас сум бил рамо до рамо со нив на протестот. Можат тие да доаѓаат на протести за слобода на Кежаровски, како што може да дојде и Груевски ако сака, ако ја поддржува неговата слобода, ама не ја поддржува, нели, но ако сакате да знаете – за мене СДСМ не е вистинскиот политички избор. Проблемот е што власта на ДПМНЕ изврши велепредавство на изворната историска идеја на ВМРО, и ја дотолчи слободата и демократијата, па сега раководството на СДСМ изгледа патриотско и демократско во споредба со режимот.

За Милчин и за Сорос, обратно од тоа што ме обвинувате, и денес пишувам, ама вие не читате – зашто ниту читате, ниту пишувате, туку други го прават тоа за вас – дека уште од почетокот, од 1990-тите беа партиски ориентирани кон СДСМ. Поради опозициската уредувачка политика на „Фокус“, Милчин не одобри пари за неделникот кога почнуваше со излегување во 1995 година. Весникот ја парчосуваше фондацијата, иако јас лично бев стипендист на СОРОС на ЦЕУ во Будимпешта.

Точно е, исто така, дека за Милчин, кога го лустрираа, во Дневник напишав текст дека бил комунист, а не дисидент, за каков што сакаше да се претстави, но не го нареков кодош. Не бев сигурен. Откако го прочитав неговото лустрациско досие, забележав дека нема основи за лустрација. Прашајте чесни луѓе – па и вмровци, ако сакате, ќе видите дека во неговото досие нема материјал за вашата нарачана партиска лустрација! Тоа подоцна и го напишав во „Нова Македонија“.

Значи, драги мои курирчиња, јас не бегам од моето минато. Факт е дека сум пишувал текстови со кои жестоко сум го напаѓал СДСМ. Факт е исто така дека извесно време бев во заблуда, и верував оти Груевски може да биде прагматичен премиер, особено ако наспроти себе си го има Бранко Црвенковски кој и ја украде иднината на Македонија за време на транзицијата.

За ова и се извинувам на целата македонска јавност!

Можете да чепкате по моето досие и да пронајдете многу текстови против Црвенковски, имам неколку и против Заев, во „Нова Македонија“, но не можете да најдете славопојки ниту за Љубчо Георгиевски, ниту за Никола Груевски, уште помалку за Заев и за Црвенковски. Можете да проверите во моите колумни – и во Дневник и насекаде – дали некогаш сум ја поддржувал антиквизацијата – и спомениците или сум ги нарекувал споменична грандоманија. Да, да дури кога бев главен на „Дневник“!

Сепак, не сум ангел. Сум избирал страна, што сметам дека е легитимно. Од денешен ракурс веројатно се работело за погрешен избор, но тогаш не сум можел да го знам тоа. А зошто би знаел сѐ?

Сепак, не сум го правел тоа за никакви големи привилегии, бенефиции, освен за плата и хонорари за новинарска работа. Не купив стан, не изградив куќа, не купив кола со свои пари, иако имам 50 години живот и речиси 30 години кариера, па видете колку сум профитирал.

А ако со своето образование – магистер сум на политички науки, предавач на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста – и професионална кариера – од 1985 година сум во професијата, не сум заслужил да бидам главен уредник на весник - бев на „Вечер“, „Фокус“, „Дневник“ и „Нова Македонија“, па тоа сум морал да го заработам партиски и политички, тогаш нема што да зборувам со вас. Вие не можете ниту чесно да се потпишете под текстот за мене, зашто немате ниту име, ниту презиме!

Инаку, за ваша информација, за да не трагате за џабе – загинувањето на Никола Младенов и невештото покривање на истрагата од страна на власта, како и апсењето на Кежаровски кој ја истражуваше таа трагедија, ја прелеаја чашата кај мене, поради што јас се уверив дека во прашање е тоталитарен режим кој не ги цени животот и физичката слобода, а да не зборуваме за слободата на говорот и на медиумите.

Гледам, и Героски дури ме прозива дека доцна сум се сетил, а потоа самиот заклучува дека никогаш не е доцна.

А јас би рекол дека и за вас, драги курирчиња, не е доцна. Се уште имате шанса да застанете на страната на вистината, правдата и слободата. Без оглед што пишувате нарачани текстови, какви што јас никогаш не сум пишувал!

Зоран Димитровски, одговорен уредник на „Фокус“



Зоран Димитровски после вчерашниот говор ако сака да сочува барем малку од достоинството треба да и стави крај на неговата новинарска кариера. Вчера го допре дното.
Покажа дека одработува за бандата комуњарска. Нема поголема човечка подлост кога несреќата на друг ја користиш за да заработиш некое евро кај газдата.

Зошто го велам оваа? Жоро мисли дерка сите пиеме мастило и ги паметиме само последните 10- секунди од животот, па затоа Жоро ни раскача дека ИСИС да ти бил виновен за се во Македонија

Па да го прашам Жоро:

1. Дали ИСИС ја затвори РЕПУБЛИКА ?
2. Дали ИСИС го претепа Никола Младенов
3. Дали ИСИС недозволуваше "ГЛАС" на ВМРО ДПМНЕ да се печати во печатницата на Нова Македонија.
22-01-2015, 12:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ДОЦНОБУДНИ ПЕТЛИЊА

January 22, 2015

1.

Жал ми е што не отидов на протестите за Кежаровски. Човекот навистина заслужи таква почит, и напор, ама – не можев. Односно, претпоставував кого се’ ќе видам (и чујам) таму и некако срце не ми даваше. Иако всушност тоа нема никаква врска и протестите – какви и да се – се отворени за сите. Па и за гнидите. Ама добро, можеби дадов некаков свој скромен прилог со текст на блогот.

Но, никако да престанам да мислам на нив. Додуша, и да сакам – не можам. Не даваат. Ене ги веќе на сите насловници на порталите, држат мегафони, врескаат ко ненормални. Држат лекции. Кому? На оние кои цели десетина години мака мачат да задржат уште ронка достоинство, на оние кои безмалу цела година ги мереа скопските улици и искинаа по две рала чевли во рамките на оној некогашен „Отпор“ и сите други отпори, на оние чии имиња не смеат да се појават на ниту еден државен список, во ниту една програма, во ниту еден проект. Па не би се наредил зад нив и со злато да ме плаќаат. И згора да ги слушам како се дерат. Доцнобудни малоумни петлиња од метар и жилет!

[Image: d0bfd0b5d182d0b5d0bb.gif?w=604]

2.

Колку до вчера седеа распиштолени во фотелјите делејќи троа ум и повеќе пари, бистреа „политика“ низ оние петпарачки медиумски срања од типот на бурекџијана и компанија, пишуваа уводници, заводници и преводници пцуејќи по се’ што не мислеше како власта. И како нив, се разбира. Сега – сечат вени за Кежаровски!? Бараат слобода за Македонија? Од кого – од себе си?!

Откако ги избркаа од фотелјите зашто веројатно нешто усрале, или се усмрделе на местата, или направиле не-знам-што, не ме ни интересира, веднаш се прешалтуваа во борци за демократија. И тоа во првите редови. И морализираат, држат лекции. И на пастирот, и на Хорхета, и на сите по ред. Демек, „Видовме досега и лисици и зандани, видовме затворени весници и телевизии, медиумски газди во апс, новинари на улица, понижени и посрамени. Сакаат фамилиите да ни ги затворат, семето на слободата да ни го сотрат, вампирски крвта да ни ја испијат! Ѕверови се тие!“. Како одма се поистоветуваат, да се чудиш. Каде тоа сте виделе „лисици и зандани“, кои тоа ваши весници и телевизии биле затворени, кога тоа вие сте биле на улица … петлиња доцнобудни? Или откако ве шутнаа ко тринаести прасиња, се свестивте? И станавте предводници на борбата за слобода? До следниот ангажман? До следниот (п)откуп? Па привремено сте тука, демек да се најдете во работа. Да не кмишете дома, да ве тераат жените на пазар и да ги чувате децата. Затоа, подобро е привремено да изигрувате бунтовници, и тоа во првите редови. Како оној Шкариќ, кој бара дури и резервација! Или навистина сега намирисавте дека доаѓа крајот, дека кад-тад, многу бргу, ќе има прераспределба на картите, па пак да фатите некој џокер?

3.

А и овие опозиционериве какви се, да те бог сачува. Им препуштаат место само за да не се расправаат со нив. Или пак овие имаат силни лакти? Можеби, вешти се, навежбани. Како инаку би преживеале со тоа малку памет што го имаат? Малку памет – силни лакти!

Ама и не се малкумина. Се множат, придоаѓаат секој ден. Гледате дури и невозможни трансформации. Им фалат уште партизанкана и бурекџијана, и тие да земат мегафони и да се дерат ко нездрави. Против кого? Против секого, се’ дури некој плаќа за тоа. А впрочем, нели и седеа заедно, барабар со онаа будала Сарајлија и ни ебаваа мајката еднаш неделно на ТВ а секој ден низ весниците? На сите по список. Не правеа сите луди. А сега циртираат Библија, порачуваат дека „немаме намера да се пазариме“. Кој тоа, ние или – вие, доцнобудните супозиториски очерупани петлиња? И со кого, со вашите бивши газди? Ќе се пазарите и тоа како, само овие да ви дозволат. И ќе усерете се’ што другите, чесни луѓе, со мака го сработиле. Цел живот се возите на нечиј грб.

И како тоа кога таквите ги чистеа редакциите од непожелни новинари, токму новинари од типот на Кежаровски, кои не беа баш по ќеиф нивни и на власта, како тогаш во оваа „држава“ се’ беше ок? Зошто тогаш не земаа мегафони да урлаат и да протестораат туку ко млади мајмуни ги потпишуваа решенијата за отказ на колегите? Ама сега, кога и нив ги исчистија, е сега нешто не чини!?

И кога и овие би биле осамени. Ама не. Како кој добие клоца од актуелните газди, ене го на чело на сите протести. Сакате онаа универзитетска колумнистка, оној бивш капо на „Дневник“ што сега му држи лекции на Милета божем тој е нешто поарен, овој малиов што се дере ко да го дерат … и уште редица други. И ако, како што констатира Фрчковски, „ … оваа власт ги има најпростите, најпродадените и најмрачните „експерти“ извршители на ова убиство на слободата на Универзитетот од било која власт порано …“ , нели се медиумите веќе одамна убиени токму од ваквите „интермедиумски“ најпрости и најпродадени и најмрачни а сега кастрирани петлиња? Кои кукурикаат и ден и ноќ, за се’ и секого?

И навистина ли така брзо се заборави (или забошоти?) нивната довчерашна улога? На пример, дека „Новиот уредник на Дневник, десничарот Димитровски, самиот обнароди, а и лично бев сведок кога телефонски разговораше со Груевски, дека премиерот му признал дека со Керим договарале главен уредник на Дневник. Дали тоа што Груевски му раскажа дека тогаш бил за него, ама Керим одлучил за Кокаланов, сега било причина Среќко да реагира со задоцнето палење, не е толку важно. Лично би сакала, како што Жоро тогаш призна дека, сепак, иако е кабинетски производ „Кокаланов умее да покаже дека не размислува со главата на Протуѓер“ и тој да умее да го покаже истото!“ (Јадранка Костова, Дали Срѓан Керим, за да излезе од шишето на преродбата, го флашираше Дневник, „Фокус“, 6 мај 2011). Можат ли навистина такви „производи“ да мислат со своја глава, и со каква мисла? И како тоа, да простите, овие десничари сега станаа предводници на левичарите? Или тоа нема везе, новинарите се „едно братство“? А и ние со нив? Та ако е така, зошто не си ги викнете и онаа партизанкана, и бурекџијана и сите останати и заедно да се наредите зад нив и да протестирате? За што и да е’.

4.

Иако, впрочем, немам ама баш никакви намери некому да држам лекции. Ниту пак мислам дека и ова може нешто да промени. Само не сум сигурен каде сето ова не’ води? И нема ли веќе утре повторно да си ja чукаме главата? Или треба да ги толерираме зашто тие некои се постојано поербап од другите? Во минута знаат да се преоблечат, да се прешалтуваат, да се сторат вевчански карневалџии. Маски не им ни требаат.

Фали уште некој да почне да не’ убедува колку се они уствари добри, дека се во душа демократи, дека се каат, дека се златни, дека и тие имаат семејства (а другите божем немаа), дека и тие мора да живеат (а другите баш и не мора), дека … ова и дека она. Можеби е и така, ама – на чело колоне? Извинете – НЕ! Сосе мегафони и срања – не, благодарам! И тие можат да продолжат да говорат во ваше име, ама не верувам дека говорат во името на мнозинството. Во мое секако не.

Можеби, во некое друго време, логиката на Геровски дека никогаш не е доцна, дека „се ќе беше поинаку ако овие луѓе протестираа вака орно пред четири или пет години и ако тогаш читаа вакви храбри, инспиративни говори“ полесно ќе ја прифатев. Денес не, зашто тркалото е веќе одамна завртено, знамињата развеани, а овие само се шлепаат. Онака – најбезобразно, најкурвински. Денес можеби ни заличуват на храбри, ама во основа се пак кукавици, денес можеби изгледаат орни, ама во суштина се бедни. Ако пред толку години не можеа (не сакаа?) да го препознаат злото, зарем денес можат? Денес можеби викаат на ист глас со другите, ама тоа е пискав глас на очајници кои само бараат скривалиште помеѓу народот. За нив одамна е доцна, Геровски. Заради такви како нив, како што вели Гелевски, „нацијата денес наликува на зомбифицирана глутница што се ака низ некаков апокалиптичен предел со споменици, несвесна и за себе и за спомениците (новата надраса дојдена од вселената?!) и за минатото и за иднината…“. Затоа, со повторно извинување до Кежаровски, попрво ќе го одберам „принципот на Солжењицин“ и ќе застанам на страна од таквите доцнобудни петлиња!

Превземено одТЕОДОСИЕВСКИ за уметонста


Жоро падна на екстерно кај Црвените Кмери на Милчин!!! Бадијала го обини ИСИС за злоделата кои врз медиумите во Македсонија ги сторија Фрччковски и Црвените Кмери, платениците на Владе Милчин!!
22-01-2015, 03:06 PM
Reply