Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ГРЕШКАТА НА +ИНФО Е СЛУЧЈНА ?
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,135
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote: Објавени три тома од оставината на Драган Богдановски

[Image: %d0%b4%d0%b1%d0%be%d0%b3.jpg]

Објавеново 14:33 11 јануари 2015

Во издание на „Македоника литера“ од Скопје и на Државниот архив на Република Македонија, деновиве се објавени првите три тома од оставината на Драган Богдановски – еден од најистакнатите личности и најмаркантна фигура на македонската политичка емиграција и најпознатиот македонски дисидент. Својата активност како емигрант ја остварувал и преку новинарството и публицистиката. Во неговото политичко досие се зачувани и неколку ракописи за историјата на македонскиот народ и два историски романа. Ракописната оставина на Богдановски се објавува со заеднички наслов „Мојата борба за Македонија“ во пет тома и уште еден обемен том (шести по ред), кој содржи избор на документи од неговото политичко досие. Редактори на едицијата се д-р Марјан Иваноски и д-р Зоран Тодоровски.

Првиот том од ракописната оставина на Драган Богдановски, со заеднички наслов: МОЈАТА БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА, содржи еден пообемен текст за историјата на Македонија, којшто содржи 12 глави. Овој том се однесува на неговите погледи, ставови и констатации за одредени настани и личности од историјата на Македонија, стекнати, пред сè, од македонска историографија од 60-тите и 70-тите години на 20 век. Иако е посветен на проучување и пишување на историјата на Македонија, под влијание на тогашната литература, Богдановски идеолошки ги третира македонските историски процеси и личности, подвлекувајќи го врхо¬визмот во ВМРО и кај нејзиното раководство, но прави обемен и детален историски преглед. Историографските трудови што ги цитира се на маке-донските историчари Блаже Ристовски, Иван Катарџиев, Манол Пан¬девски, Славко Димевски и др.

+INFO



Неможам да верувам дека +ИНФО ке направи ваква грешка, ке употреби израз ДИСИДЕНТ за човек кој нема ни Д од дисиденство. ДИСИДЕНТ е оној кој крева глас против, не се слага со ТОТАЛИТАРНИТЕ НЕДЕМОКРАТСКИ режими, системи.

Quote:-Обично, дисидентството се третира како феномен единствено карактеристичен за недемократските, во прв ред, за тоталитарните режими.

Да го потсетам уредникот на +ИНФО Героски, комунизмот со Резолуциите на Советот на Европа 1096 и 1481 е прогласен за тоталитарен и недемокраски систем.

Драган Богдановски неможе да биде ДИСИДЕНТ бидејки на Драган Богдановски не му пречи тоталитарниот едноумен комунистички систем во тогашна Југославија!! Драган како и сите други признаени од системот дисиденти, Милчин, Милосавлевски, Марјановиќ, ОСУМИНАТА, ... сите тие биле само за подоследно спроведување на комунизмот.

Драган Богдановски првите "ДИСИДЕНtСКИ" истапи ги прави со контактите со Владо Дапчевиќ:

-Богдановски за првпат ќе биде оквалификуван како противник на Југославија по состанокот со Владо Дапчевиќ, еден од творците на Новата комунистичка партија на Југославија, формирана со поддршка од тогашниот СССР.

Драган Богдановски во период 1980-83 додека е во Идризово формира "Националана Комунистичка Партија на Македонија"

[Image: 1798609_737627386321689_1932041924470397...1481fddd18]
11-01-2015, 11:13 PM
Reply