Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЃОРЃИ СПАСОВ ВС Ј.ПЕТРОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Среќна Нова ‘49


[Image: 2F79D4145F8F89418B393F3AA5C67B30.jpg]
Ѓорѓи Спасов

Правото на некоја комисија без релевантни докази да утврдува вина и да прогласува „соработници на службите од претходниот режим“, односно да изрекува јавни обвинувања, е еднакво на правото на револуционерните судови

Во Македонија се врати времето на дружбата со Сталин. Опиени од слободата по освоената власт во 2006 година, новите луѓе на власт се трудат со сите сили да ја зацврстат својата власт преку систематското уништување на „домашните и надворешните непријатели“ на нивниот нов политички систем. Преку „преродбата“ тие создаваат нов човек, нова политика, нови стандарди и мерила за нивната револуционерна правда и не дозволуваат ништо да им застане на патот. Убедувајќи го народот дека нивната преродба (читај револуција) е перманентен процес, односно револуција која трае и која може да опстои само во секојдневната борба со непријателите на замислената „преродба“, односно револуција, тие своето оружје прво го насочуваат кон опасноста од „контрареволуција“.

Најсомнителни за можноста од таков преврат се „силите од стариот режим“, кој тие го победиле на изборите во 2006 година. Меѓу тие сили денешната власт препознава „воени профитери“, кои во соработката со претходниот „окупаторски режим“ се збогатиле. Препознава „кулаци“, богати селани кои не го давале житото и не ја помагале „преродбата“, односно силите на револуцијата, додека тие биле во опозиција. Сомнителната интелигенција, а не чесната, која не ја помагала нивната борба и стоела од страна е, исто така, ставена под постојано набљудување поради нејзината сомнителност и можно поврзување со надворешниот непријател . И, нормално, во редот на нејзините непријатели се соработниците на „окупаторот“, односно на претходниот режим за кои имаат „докази“ дека дејствувале од идеолошки позиции, поради што настрадале нивни приврзаници.

Во таа пресметка со остатоците од стариот режим, новата власт таквите ги изведува пред „народниот суд“ или пред лустрациската комисија, која ги прогласува за „кодоши“, а од народот се очекува да вика гласно: „Смрт на кодошите!“.

Кога надворешната опасност се зголемува по земјата, како што тоа се случи во Југославија по објавената Резолуција на Инфорбирото и како тоа што се случува во Македонија денес (поради „опасноста“ од Грција, Бугарија и од Албанците), тогаш новата власт не бара многу докази за да ја докаже вината на сомнителните и на можните соработници со „непријателските сили“. Тогаш е доволно само да ја критикуваш власта за да завршиш во затвор како Душко млекарот и неговото семејство, како Љубе Бошкоски, како новинарот Томислав Кежаровски или ако си дозволиш да кажеш дека ќе се бориш за смена на власта, тогаш од нејзин најблизок човек и поддржувач може да завршиш како Велија Рамковски и неговото семејство. Уште пострашно е ако како критичар на власта завршиш во некоја сообраќајна несреќа под неразјаснети околности како што му се случи на новинарот Никола Младенов.

Како и во времето на сталинизмот, новата власт цврсто им верува на „службените белешки“ изработени во мрачните одаи на тајната полиција. Во тие белешки, кои се комбинација од чуени и недочуени кафеански разговори, оговарања, лаги, клевети, се наведуваат како „релевантни извори на информации“ и некои лица за кои составувачот на белешките можеби и никогаш не чул, ниту ги видел.

Во некои нормални општества, кои се декларираат за демократски, белешките на озогласената тајна комунистичка полиција, во кои се споменуваат имињата на некои лица како извор на некакви информации, би биле предмет на мошне внимателна анализа и докажувања за да не се направат нови неправди. Демократски општества не би ја повториле грешката на тоталитарните системи за неодговорно составени досиеја од полициски службеници, поради кои некои луѓе невино страдале, да станат основа за страдање на исто толку невини луѓе чии имиња се споменуваат во тие досиеја без докази. Правото на некоја комисија без релевантни докази да утврдува вина и без судска процедура да прогласува „соработници на службите од претходниот режим“, односно да изрекува јавни обвинувања, клевети и да има право да го објави тоа во сите медиуми, е еднакво на правото на револуционерните судови и на судовите од времето на Сталиновите чистки, кои во монтирани процеси објавувале дека некој е непријател на партијата и на татковината, односно „кодош“, по што толпата извикувала „Смрт на кодошите!“.

Правото на граѓаните да ја докажуваат својата невиност во дополнителна судска постапка не го намалува ефектот на изречената казна од страна на некоја партиска комисија што не е суд, не го намалува ефектот на клеветата и срамот на кој се изложени наклеветените.

Се поставува прашањето колкава ќе биде висината на казната за членовите на таквата комисија ако судот утврди дека некого неосновано прогласиле за „соработник на службите“, односно за кодош. Ќе се смета ли таквата клевета, која нанесува несомнено поголеми душевни болки од оние што му се прават на премиерот Груевски со објавувањето на аферата за Македонска банка, за обичен пропуст или грешка на комисијата или за дело за кое некој суд во Македонија ќе изрече сериозни казни за никој веќе да не си подигрува со ничиј углед и да не си дозволи во ниту еден случај да клевети?

Многумина сметаат дека кај нас таквите комисии, па и судството, под команда на новата власт станале фарса и алатка за политичко поткусурување со дефинираните противници на режимот од нивна страна. Но, за разлика од времето на сталинизмот, на граѓанинот денес му останува надежта во праведноста на Судот за човекови права во Стразбур. Исто како Македонците во Бугарија и Македонците во Грција, кои денес единствено се надеваат на правда и на заштита на своите права само од Судот за човекови права, така и голем број Македонци (особено со словенско, а не со античко потекло) од Македонија, по „револуцијата од 2006 година“, може да се надеваат само на правда од тој суд. И тие Македонци, како Македонците во Бугарија и во Грција, засега не се признаваат, па ќе треба да се помират со геноцидот врз нив или да се борат за своите права во Стразбур.

Но тешко би можело нешто друго да се очекува од режим што ровари по коските на мртвите (како писателот Славко Јаневски, на пример) и ги прогласува за кодоши по смртта кога веќе тие не се во можност да се жалат и на суд да ја докажуваат својата невиност, а Уставниот суд тоа го прогласува за нормално.

И тешко би можело нешто друго да се очекува од власт која деновиве му направи восочна фигура на Иван (Ванчо) Михаилов и ја постави во Музеј на истакнатите дејци од Ново Село во Штип. Приказната е дека бил истакнат штипјанец, а не само фашист! Според таа логика, цела Германија треба да биде со бисти на истакнатиот Германец, а не само фашист, Адолф Хитлер, а Русија и Грузија со споменици на истакнатиот Грузиец Сталин.

Ванчо Михајлов е човекот што целиот свој живот го има посветено на задушувањето и на физичкото ликвидирање на лицата што се обидувале да говорат за македонската национална посебност и за постоењето на одделна македонска нација. Тој , според неговите зборови, „му го позајмил“ Владо Черноземски на фашистот Анте Павелиќ за атентатот врз српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во Марсеј во 1934 година. Овој „истакнат деец“ од Штип, како што го нарекуваат водачите на преродбата во Македонија денес, кому тие со буџетски пари од целиот македонски народ му направија восочна фигура и го сместија во музеј, најголемиот дел од Втората светска војна го поминал во Хрватска под заштита на Анте Павелиќ во рамките на чија НДХ бил формиран и конц-логорот Јасеновац. Во време кога сите нации што учествуваа на страната на антифашистичката коалиција во Втората светска војна се обидуваат да нагласат дека еден од најважните чинители на нивниот национален идентитет е антифашизмот, македонската нација од сегашната власт се води во спротивна насока. Затоа, не ни останува ништо друго освен во овие услови да си посакаме среќна Нова 1949 година!

(Авторот е универзитетски професор)
28-12-2014, 12:42 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

[Image: Spasov37c1.jpg]


Quote:Metodija Stevanandzija

Jordane,ne e bash taka .Cela srejka shto seushte ima zivi svedoci i pishani dokumenti na toa vreme.Razmisli koj sega ja pishuva istorijata !
13 hrs · Like

Quote:Jordan Petrovski

Јас сум многу јасен:

-.... ама полемика се релевантни докази.
13 hrs · Like

Quote:Jordan Petrovski

За да моите зборови дека нудам полемика со релевантни докази не се само празни ветувања, ке му понудам на професорот Спасов доказ дека во редовите на борците за Македонската кауза непостоела поделба по основ на определбата како луѓе со бугарска провиненција, доказ кој е од академик, историчар од редовите на СДСМ.
Академик Катарџиев го изјавил следново:

ФОРУМ: Неодамна, во едно интервју, висока функционерка на ВМРО-ДПМНЕ, зборувајќи за тезата дека левицата во Македонија секогаш била ориентирана кон Белград, а десницата кон Софија, ми го посочи примерот на Димитар Влахов - левичар од ВМРО (Обединета), кој се декларирал како Бугарин.

КАТАРЏИЕВ: Да, тоа е точно. И не само Димитар Влахов. Павел Шатев, Панко Брашнаров, Ризо Ризов и др. Меѓутоа, овде тезата е погрешно поставена. Не е работата во тоа дали левицата се определуваше за Србија, а десницата за Бугарија. Тука се мешаат поимите. Практично, ни левицата ни десницата не ја доведуваа во прашање својата бугарска провениенција. Тоа ќе го доведе дури и Димитар Влахов во 1948 година на седница на Политбирото, кога говореше за постоењето на македонска нација, да рече дека во 1931-32 година е направена грешка. Сите тие ветерани останаа само на нивото на политички, а не и на национален сепаратизам.
12 hrs · Like · 2

Quote:Gjorgji Spasov

Со големо задоволство би водел јавна полемика за улогата на Ванчо Михајлов.Моитее информации за него не се само од македонски и „комунистички „ извори. Имав ретка прилика во Бугарија да се запознаам си сите релевантни бугарски извори за неговата дејност. Објавени се и неговите интервуа од последните години во животот.Во едно од последните објавено на 14ти април во Софија 1990 година; Михајлов вели: „За да ги србизира македонските Бугари, комунистичкиот режим во Белград ги создаде „македонскиот јазик и народност„.
1 hr · Like · 2

Quote:Gjorgji Spasov

Во истото интервју објавено во книгата Ванчо Михајлов -избрани произведенија од военотиздателски комплекс 1993.година. Ванчо Михајлов вели:Кога Хрватска (по влезот на Германците) стана независна држава(НДХ на Анте Павелиќ чиј режим уби 83 илјади Срби, Хрвати и Муслимани во концлогорот Јесеновац меѓу кои и над 20 илјади жени и 20 илјади деца), бев гостин на моите стари пријатели.Таму останав до крајот на војната.Кон крајот на војната германците ми предложија да прогласам и да застанам на чело на една македонска држава.... Јордане. Хитлер му предложил на Ванчо Михајлов да застане на чело на Македонска држава,веројатано по заслуга. Тоа се негови зборови од интервју со него дадено на 14ти април 1990 година во Софија. Ако треба нему да му градиме споменик, тогаш тоа е друга приказна.
1 hr · Like · 2

Quote:Jordan Petrovski

Ви благодарам што ја прифативте понудата за дебата на оваа тема.
За да дебатава има смисол и сепак послужи да дојдеме до дел од вистината, бидејки, барем за себе, мислам дека не сум толкав авторитет па да можам да дам придонес да се осознае целата вистина. Затоа треба да тргнеме од некаобв почеток. Јас како почеток на дискусијата го зедов делот од Вашата колумна во кој првите двојба, поточно велите дека

-"Михајлов целиот свој живот го има посветено на задушувањето и на физичкото ликвидирање на лицата што се обидувале да говорат за македонската национална посебност и за постоењето на одделна македонска нација."

Јас понудив изјава на академик, историчар кој вели инаку. академик Катарџиев вели:

-Практично, ни левицата ни десницата не ја доведуваа во прашање својата бугарска провениенција.
-Тоа ќе го доведе дури и Димитар Влахов во 1948 година на седница на Политбирото, кога говореше за постоењето на македонска нација, да рече дека во 1931-32 година е направена грешка.
47 mins · Like
28-12-2014, 12:54 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Jordan Petrovski

Втората голема манипулација е Септемврискотот востание и наводното убиство на Македонци кои учествувале во него заради нивните Македонски определби. Востание нема ниту една обележје, проглас или било што дека е за правата на Македонците или пак за некаква автономија или отцепување на Пириснскиот дел на Македонија од Бугарија.

-"Септемвриското комунистичко востание 1923 година во Бугарија, коешто нашите историчари го нарекуваат антифашистичко. Таа влада на Бугарија не беше фашистичка, тоа беше влада на Демократскиот сговор. Каков фашизам? Пред отпочнувањето на Септемвриското востание во Бугарија, ЦК на БКП преку своите претставници и преговарачи, Димо Хаџи Димов и Арсени Јовков постигнаа договор со Тодор Александров, односно со ВМРО, таа да остане неутрална, а востанието да се крене во сите делови на Бугарија, само не во пиринскиот дел на Македонија, каде што дејствувала организацијата. Меѓутоа, при кревањето на востанието, Окружниот комитет на партијата во Горна Џумаја не се придржувал на договорот и испратил еден востанички одред во Горноџумајско и Разлошко, којшто одредите и милицијата на ВМРО го оневозможиле во дејствувањето, при што биле убиени и неколку раководители, меѓу кои братот на Лика Чопова. Дел од раководството на тие чети, каде што биле Александар Бијнов и Владимир Поп Томов биле заштитени од четите на ВМРО, односно од Алеко Паша кој раководел со Петричкиот округ и бил близок до санданистите."

Еве го прогласот за тоа востание:

[Image: 454px-Pozi0b03.jpg]

28 December 2014 at 09:35 · Like

Quote:Dimko Kokaroski

Srekna nova 2015god.
29 December 2014 at 05:55 · Like

Quote:Jordan Petrovski

Вашето молчење господине Сапасов дали треба да го разберам како одобрување на онаа што сум го напишал. Поточно да го разберам како ваше повлекување на дел од наводите од вашата колумна.
Да продолжам понатака. Да напишам неколку збора за атентатот во Марсеј за кои вие велите:

"Тој, според неговите зборови, „му го позајмил“ Владо Черноземски на фашистот Анте Павелиќ за атентатот врз српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во Марсеј во 1934 година."

Причината за атентатот треба да се бара во следното:

"Uobicajene ispitivacke metode bile su: drobljenje noznih prstiju cekicem, busenje zuba te mrcvarenje muskih i zenskih spolovila. Makedonke su cesto bivale bicevane, pretucene, silovane te izlozene drugim groznim mucenjima kao sto je lijevanje benzina pod pazuh i slabine i zatim potpaljivane. O tim mucenjima, o “smjestanju usijana zeljeza zenama na pravo mjesto”, jednom francuskom novinaru, pohvalio se 1932. godine tadasnji jugoslavenski ministar unutrasnjih poslova Zika Lazic."

Тортурата која ја спроведува српската власт е неистражена, поточно не се објавени скоро никакви податоци. Таа окупација и ден денеска се нарекува "ПЕРИОД ПОМЕЃУ ДВЕ ВОЈНИ". Во Македонија досега освен магистерскиот труд на Димитар Галев чиј ментор бил академик апостолски а кој е преточен во книгата " Белиот Терор" и монографијата за Пехчево чинам нема друго сериозно истражување за, убиствата, притисоците за иселување, бројот на жртвите во тој период. Ако тој период бил обработен како периодот на окупацијата од страна на Бугарија во перид 1941-44 година ке излегло на виделина геноцидното однесување на окупаторската власт и тоа би овозможило да се согледа какво било расположението на Макееонците кон српската власт. Зар можете да помислите дека Ванчо Михајлов за убиството на негите татко и брат нема да се освети.

Затоа ВМРО и македонскиот народ биле приморани да одговорат не некои начин на тортурата. Одговорот бил во атентати, рушење на пругата Скоје -Солун и други диверзии.
Атентатите кои ги сторило ВМРО во период 1927-1933 година, врз: генералот Михајло Ковачевиш, неуспешниот атентат вр началникот на државната безбедност на кралска Југославија Жика Лазиќ и тоа во неговта канцеларија во Белград, да не зборувам за атентати врз кметските намесници и други представници на српската власт.

Дали и зад оваа стои Хитлер:

-Во 1927 година, Владо Черноземски предлага на ЦК на ВМРО сам да се опаше со ремен од рачни бомби кои ќе експлодираат во главната заседувачка сала на друштвото на народите, како саможртва на овој потресен чин да го привлече вниманието за болното македонско прашање, откако петициите и молбите на македонското население не влијаеле со соодветна реакција од светската јавност.

За да напишаното од мене не биде само приказна еве што вели верификуван извор др. по историски науки Никола Жежов:

[Image: Photographdb0e.jpg]

30 December 2014 at 17:39 · Like
04-01-2015, 04:06 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Што ли е причината за вакво салто мортале на господинот Спасов??

Quote:Има излез од авторитарниот модел на владеење



10-03-2015

Пишува: Професор Ѓорѓи Спасов

На фашистите и на партизаните во Македонија, време е некој да им јави дека Втората светска војна е завршена.

За жал, некои од партизаните во движенето на отпорот, се уште во секој член на ВМРО ДПМНЕ гледаат само фашист кој треба да биде ликвидиран или изведен пред лицето на правдата за направените злосторства, а се чини дека официјална идеологија на денешната власт на ВМРО ДПМНЕ е дека: во секој член на СДСМ треба да се гледа како на „комуњар“ кој треба да биде сотрен.

Затоа се случува појавата на умерени гласови од едната или од другата страна да биде дочекувана на нож, како опасност од „помирувањето“ кое ќе ја спречи подготвуваната ликвидација, и одмазда.

Во такви услови, повикувањето на Меѓународнта заедница да биде воспоставен политички дијалог помеѓу власта и опозицијата во Македонија не допира до оние во чии ушии се слушаат само фанфарите на војната. Во такви услови објаснувањето на амбасадорот на ОБСЕ дека лидерите на политичките партии имаат должност да соработуваат за надминување на проблемите во земјата не допира до оние кои се желни само за одмазда.

Затоа разумно звучи Зоран Заев кој повторува дека ВМРО ДПМНЕ и е потребно на Македонија и дека објавувањето на содржината на прислушуваните разговори има за цел и секој член и гласач на ВМРО ДПМНЕ да дознае што правеле избраните функцинери во власта во нивно име, со кои методи се служеле, и самите да видат дали е тоа во согласност со идеологијата, и вредностите заради кои членуваат во таа партија или заради кои и дале подршка на изборите.

Зоран Заев потсетува дека постојат заеднички цели и вредности за сите партии во Македонија, не смее да има колективна одговорност туку секој поединечно треба да одговара за она што го направил или не го направил како што треба а бил должен тоа да го стори додека бил на власт.

Имаме заедничка должност- вели Заев, да не дозволиме тешките злоупотреби на власта, за кои дознаваме секој ден, да се повторат. За таа цел ни е потребен гласот на разумот од сите страни.

Кога Заев денес вели: Да не дозволиме ова никогаш да не се повтори! Тој вели всушност:Да не дозволиме никогаш повеќе Македонија да има власт без контрола. Власт без одговорност. Власт без чуство за потребите на другите. И токму тоа треба да биде суштината на новиот политички договор во Македонија. За остварувањето на таа цел е потребен политичкиот дијалог. Тоа треба да биде цврста определба на сите политички партии кои го прифаќаат Уставот на Македонија.

Европската Унија ги има согледано слабостите во македонскиот политички систем и во своите извештаи за напредокот упорно инсистира на :1. Унапредување на политичкиот дијалог во земјата меѓу власта и опозицијата. 2. Слобода на медиумите. 3. Владеење на правото, односно, на професионалност на јавната администрација и непристрасност на судството. И 4. На раздвојување на партијата од државата, со цел создавање услови за фер изборен натпревар во земјата.

Опозицијата, која нуди докази дека изборите што ги организира сегашната власт не обезбедуваат фер изборен натпревар, одбива да учествува во работата на парламентот, односно не го признава легитимитетот на избраните претставници на власта, и како услов за нормализирање на состојбата во Македонија бара: 1. Системски промени и гаранции за одвојување на партијата од државата . 2. Укинување на државниот монопол врз клучните медиуми и обезбедување слободен пристап до нив за граѓаните и опозицијата.3. Формирање техничка,или службена влада на неколку месеци пред изборите која ќе ја гарантира непристрасноста на сите државни органи во време на изборниот процес. И 4. Завршување на пописот на населението, кој е меѓународна обврска на земјата и прочистување на избирачкиот список.

Барањата на ЕУ и на опозиција всушност не се разликуваат многу. Тие се во основа една нова програма за развој на Македонија и реално претставуваат политичка алтернатива на сегашниот авторитарен модел на владеење кој ја оддалечува Македонија од ЕУ и од НАТО:Оттука секое тврдење дека СДСМ бара само промена на власта а не нуди политичка алтернатива е рамно на политичко слепило создадено исклучително од идеолошки побуди.
(This post was last modified: 10-03-2015, 06:52 PM by ЈорданПетровски.)
10-03-2015, 06:51 PM
Reply