Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
УБИЈЦИТЕ НА РИСТО И ВАСИЛ ШИШКОВИ СЕ НЕКАЗНЕТИ БЛАГОДАРЕЈКИ НА ГРУЕВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Читам колку многу крокодилски солзи пролеаа Грујовите мегафони за судбинете на Ристо и Васил Шишкови. Читам ама никаде не сретнав да споменат кој е вистинскиот виновник, никако да споменат зошто виновникот е неказнет.
Судбината на Ристо ја кроела УДБа, а со тоа и траумите на Васко се дело на УДБа. Главниот кројач на несреќата на семејството Шишкови е жив и здрав и мува не го лази а мува не го лази благодарејки на Грујо и неговиот закон со кој ги заштити злосторниците.
За да моите зборови бидат аргументирани ке прикачам неколку делчиња од досиеата на Ристо и на Дане Поповски.

Формално против Ристо Шишков ОПЕРТИВНИ и други мерки се превземат на 28.12.1974 година. Поводот за превземањeто ОПЕРАТИВНИ мерки ја отсликува целата нечовечност и бескрупулозност на УДБа, на луѓето од УДБа.
Прочитајте:

[Image: Photographa101.jpg]


Дали човечко битие кое има само ронка од човечност ке ја користи семејната неслога за да од сопругата бара да стане кодош, да каже против кого од функционерите Ристо говорел.



[Image: Photograph630a.jpg]

Еве го бисерот на нечовечноста. :


[Image: Photograph6533.jpg]


Но сето тоа е со цел.
Да му се накалеми на Ристо дека бил организатор на подметнувањето на бомбите. Иако Бабан и врвот на УДБа точно знаеле кој ги подметнувал бомбите и по чиј налог се подметнувани.


[Image: Photograph87da.jpg]


Службените белешки говорат друго, Ристо Шишков станува интерес за УДБа кога почнува да контактира со Дане Поповски:

[Image: Dane-Shish44b6.jpg]


За луѓе кои имаат совест и морал и оваа што прикачив ке е многу да за донесат суд каков монструм е тајната полиција. За Груевски и неговите изготвувачи на законот за лустрација, Бонева и Димовски како и за СДСМ и неговите борци за човекови права Милчин, Најчевска, Трајаноски ..., борци кои со сите сили се бореа и борат да нема казнување на вакви злостои да напишам и илјадници страници ке нема фајде, тие со својата битка, злосторите да останат неказнети се директни учесници во вакви злостори. Судбината на Шишкови е само една од илјадниците судбини.
Вистинската лустрација треба да се занимава, не со тоа кој што кажал туку да се занимава со местенките кои ги правела УДБа, "ПЛАСТИКА", "ПЛАСТИКА 2", "ПЛАСТИКА 4". Местенки во кои страдале невини луѓе, поетот јован Котески, местенки во кои за да соработниците на УДБа стекнат легитимитет и тие биле судени и лежеле затвор.

Бабан и врвот на УДБа точно знаеле кој ги подметнувал бомбите и по чиј налог се подметнувани.


[Image: Photographe6cc.jpg]

[Image: Photograph534b.jpg]

Документите се превземени од сајтот на Комисијата за Верификација на Факти



(This post was last modified: 23-12-2014, 02:32 PM by ЈорданПетровски.)
23-12-2014, 02:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Оваа едел од текст кој сум го напишал на 17.О5.2009 година, текст кој е упатен до институциите на Советот на Европа. Но и објавен во гласила во Македонија. Причина што го објавувам е да ги потсетам Грујољупците дека до ден денешен Јанкуловска не ги пронајде сторителите на заканите и на претепувањето на пред некој ден починатиот Васил. Власта на Груевски со непронаоѓањето на сторителите пратила јасна порака до жртвите, Јасна и Васил и до сите други кои се прогонувани од УДБа дека е на страната на злосторниците, дека ке ја штити УДБа, заштита која беше јасно искажана со законот за лустрација. Под таков психилошки притисик, дека е незаштитен, Васил живеел сиве овие години ....


Quote:[Image: siskov-15aef.jpg]

По с# изгледа дека Г-дин Фуере се заборава себеси, нешто што и не е толку тешко во место како Македонија, каде владеањето на законот им дава предност на силеџиските самобендисани тоталитаристички тирани кои се докрепуваат до позиции на моќ. Доста е трагично, а и донекаде ироночно, што човекот кој е на мисија да ги Европеизира Македонците, самиот се асимилира во старите комунистички пракси на Македонискиот систем.

Под Додаток 3 ви праќам уште неколку линкови по кои може да се види дека Г-дин Фуере нема аверзија кон давање на неговите мислења во медиумите. Да расчистам: немам ништо против неговите изјави дека сите човекови права мора да се почитуваат, дека мора целосно да се спроведе Универзалната Декларација на Човекови Права, дека полициската бруталност мора да се истреби, но сево ова е заоѓање околу големата слика – Декларацијата за Осудување на Комунизмот.

Би сакал да ви посочам уште два примери на лошото однесување на Г-динот Фуере: случите на Г-ѓата Јасна Котеска и Г-динот Васил Шишков.

Ова се двајца млади луѓе кои се деца на жртви на стариот Комунистички систем – жтрви, случаи многу слични на мојот. Нивните татковци, писателот Јован Котески и глумецот Ристо Шишков, двајцата сега починати, беа познати анти-комунисти кои беа “Предмети на Обработка” за старата тајна служба на бивша Југославија, позната како УДБА. Во изминативе години Г-ѓа Котеска и Г-дин Шишков ги добиле досиејата на своите татковци.

Г-ѓа Котеска даде интервју во неделен весник во кое објави и неколку извадоци од досието на татко & . Таа подоцна издаде и книга насловена “Комунистичка интима” основана на досието, во која детално ги расправа праксите и злосторствата на старите комунистички режими на Југославија и Источиот Блок. Кога Г-ѓа Котеска стана погласна и попопуларна, таа доби закана дека ќеја изгуби својата работа како Професор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Од Г-дин Фуере ни глас на ова прашање.

Случајот на Г-дин Шишков би требало да е полесен за Г-дин Фуере да го забележи. Г-дин Васил Шишков, успешен актер како и татко му Ристо, го добил и го проучил досието од шестотини сраници на татка си. Има гласини дека по Скопските локали почнал да навестува дека ке почне да ги обзнанува шпиуните на Ристо. Според гласините, овие шпиуни сега се, или низ годините минати биле високи политички функционери како и големци во Македонската официјална Академија. На 12-ти Мај, 2009 год. околу девет часот наутро Г-динот Шишков бил нападнат од група маскрани мажи и истепан безмалку до смрт. Октако е пуштен од болница Г-дин Шишков тврди дека овој напад е политички мотивиран и оти со ова требало на му се истрати порака и да научи лекција да молчи. Веста за тепањето на Г-дин Шишков беше публицирана (Додаток 4), но Г-дин Фуере уште еднаш успева да скамени со неговата оглувувачка мочаливост.
24-12-2014, 12:35 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Се јавил Бабан да го дематира онаа што сум го напишал. Еве го интервјуто на Бабан дадено на Саше ТАНГА. Јас го превзедов од сајтот ДОКАЗ МК



Quote:СДБ: НАЈГОЛЕМА ЛАГА Е ДЕКА НИЕ СМЕ ВИНОВНИ ЗА СМРТА НА АКТЕРОТ РИСТО ШИШКОВ!


Еве ДОКАЗ дека Саше Политико е арен со службите:

Македонија

[Image: babanovski.png]

Мактел: Добро вечер господине Бабановски, може ли интервју за Мактел?

Иван Бабановски: Повелете. Што ве интересира?

Мактел: На веб сајтот котле.мк се објавени документи во кои стои вашето име како оперативец на македонската тајна служба. Дали сте тоа вие?

Иван Бабановски: Не на македонската туку на СДБ на СРМ во рамките на СДБ на СФРЈ. Знаете ли кој го уредува КОТЛЕ? Тоа е Јордан Јоцо Петровски викан Баба Цана кој беше соработник на СДБ од средношколски денови, а кога дојде ДПМНЕ на власт ја корумпираше врхушката на чело со Доста и Томе и Драган Далаверски и продолжи бизнис со КОС на ЈНА која му го финансирше бизнисот со модниот креатор Јоксимовиќ кој практично ја водеше неговата фирма СНЕЖАНА И СИНОВИ…

Мактел: Дали сте учествувале во обработката и следењето на актерот Ристо Шишков?

Иван Бабановски: Не. ПОО “Табакера” БЕШЕ ВО НАДЛЕЖНОСТ НА МОЈОТ СЕКТОР КОЈ ГО РАКОВОДЕВ, НО СО РИСТО ШИШКОВ ИМАВ ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОСИ ПРЕКУ БРАНКО ВАРОШЛИЈА. И ДВЕТЕ ПРЕКРШОЧНИ ПРИЈАВИ КОИ МУ БЕА ПОДНЕСЕНИ НЕ БЕА ПОДНЕСЕНИ ОД ОВР ВО СКОПЈЕ ТУКУ, МИСЛАМ ДЕКА БЕА ОД СТРУГА И СТРУМИЦА, НО ТОА НЕМОЖАМ СО СИГУРНОСТ ДА ГО ТВРДАМ СО ОГЛЕД НА ПОМИНАТИ ДЕЦЕНИИ…

Мактел: Дали се согласувате со тоа дека Ристо Шишков бил уништен од УДБА?

Иван Бабановски: Јас бев началник на Трети сектор на СДБ и сите настани кои беа во спротивност со тогашните позитивни законски прописи спаѓаа во моја надлежност, но на одредени вербални, бидејки Ристо и немаше поинакви престапи и најчесто под дејство на алкохол, му ги прогледувавме низ прсти имајки го во предвид неговиот огромен талент, наивноста за политиката и негово злоупотребување од поединци кои одржуваа одредени контакти со СДБ. Најголема штета имаше од групацијата која јас оперативно ја обработував лично како ПОО УНИОН и која ја реализиравме на 16 април 1972 година. Тогаш беа повикувани на информативен разговор неколку десетици лудје, но се одлучивме да ги предадеме на суд само тројца. Соработникот Патник НАЈЧЕСТО ГО ИНВОЛВИРАШЕ РИСТО ВО НИВНИТЕ АКТИВНОСТИ БИДЕЈКИ НАЈЧЕСТО ПИЕЈА ВО БИФЕТО НА МНТ /СТАРА ЗГРАДА/ ИЛИ ВО БУКЕТ.

Мактел: Деновиве почина синот на Ристо, Васил. Во јавноста се зборува дека Васил починал од мака затоа што неговото семејство било уништено од УДБА и дека смртта на татко му била последица на прогонот на УДБА. Дури се зборува дека на смртна постела Ристо порачал до свој пријател, актерот Шехтански, да не му се дозволува на Васил да се одмаздува кон оние кои го уништиле. Кој е вашиот коментар на ова?

Иван Бабановски: ПРВ ПАТ ЌЕ СООПШТАМ, БИДЕЈКИ И ВАСИЛ ЗА ЖАЛ ПОВЕКЕ НЕ Е МЕЃУ ЖИВИТЕ, ЈАС ИМАМ СОЧИНЕТО ПОШИРОКА СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА ОД РАЗГОВОРОТ СО АЛИЦИЈА ШИШКОВА, СОПРУГАТА НА РИСТО КОГА ТАА ПОБЕГНА ОД НЕГО И СЕДУМ ДЕНА ЈАС ЈА ЗАСОЛНУВАВ КАЈ МОИ ПРИЈАТЕЛИ ОД СЛУЖБА, ПРЕД ДА ЗАМИНЕ КАЈ НЕЈЗИНИТЕ РОДНИНИ ВО ЧИКАГО. НО ЗА ТОА САМО ТОЛКУ И НИШТО ПОВЕЌЕ. НАЈГОЛЕМА НЕВИСТИНА Е И ЛАГА ДЕКА УДБА Е ВИНОВНА ЗА ПРЕРАНАТА СМРТ НА РИСТО ШИШКОВ. РИСТО БЕШЕ СОСЕМА СВЕСЕН ДЕКА Е ЖРТВА НА ЗАВИСТА ШТО НЕКОИ НЕГОВИ КОЛЕГИ ЈА ИЗРАЗУВАА КАКО ОДИОЗНОСТ КОН НЕГО ПОРАДИ НЕГОВИОТ НЕСПОРЕН И БЕЗГРАНИЧЕН ТАЛЕНТ. НО РЕКОВ ОГРОМНОТО ЧУВСТВО КОН МАКЕДОНШТИНАТА ШТО ВО ТОА ВРЕМЕ НАЈПОВЕЌЕ БЕШЕ ИЗРАЗЕНА МЕЃУ МЛАДИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА И ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ ЧЕСТО ЗНАЕШЕ ДА НАПРАВИ ИСТАП, НО ТВРДАМ СО СЕТА СВОЈА СОВЕСТ, ВО ДЕСЕТИЦИ СЛУЧАЕВИ БЕЗ НИКАКВИ ПОСЛЕДИЦИ. ТАНАС НИЧЕВ – ТОМАС МУ БЕШЕ ЛИЧЕН ПРИЈАТЕЛ И ВО СЕКОЈА ПРИЛИКА НАСТОЈУВАШЕ ДА МУ ПОМОГНЕ ИСТО КАКО И БРАНКО ВАРОШЛИЈА КОЈ БЕШЕ ВИСТИНСКИ БАРД ВО БИФЕТО НА МНТ…

Мактел: Точно ли е дека неговата кариера била практично стопирана, дека не му биле давани улоги и дека негвоите филмови се чувале во подрум? И како ја коментирате оваа службена белешка:

[Image: Photograph6533.jpg]


Иван Бабановски: НИЕ ОД СДБ ВО ТИЕ ПОЛИТИКИ И ИГРИ НЕ СМЕ УЧЕСТВУВАЛЕ И ТОА Е ВОН МОИТЕ СОЗНАНИЈА. ТИЕ ПРАШАЊА КЕ МОРА ДА ИМ ГИ УПАТИТЕ НА ОНИЕ КОИ ЈА ЗЛОУПОТРЕБУВАЛЕ СДБ ЗА СВОИ КАРИЕРИСТИЧКИ ИЛИ СЛИЧНИ ПОТРЕБИ ЈАС И МОИТЕ ОПЕРАТИВЦИ, БАРЕМ НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ, ВО ТИЕ СВИНШТИНИ НЕ СМЕ УЧЕСТВУВАЛЕ.

Мактел: Дали учествувал Владе Милчин во следењето и информирањето за Ристо Шишков?

Иван Бабановски: НЕ МИ Е ПОЗНАТО И НЕ МОЖАМ ДА КОМЕНТИРАМ.

Мактел: Кој е вашиот коментар за процесот на лустрација кој е во тек?

Иван Бабановски: СЕ ГОРДЕАМ СТО ДВА ПАТИ СУМ ЛУСТРИРАН. ТОА Е ДОКАЗ ДЕКА ОНИЕ ВО ЕУ СЕ ПОМАЛИ ИДИОТИ ОД НАШИТЕ ШТО СЕ КАНДИДИРААТ ЗА ЕВРОПСКИОТ ДОМ А НЕКАКВА СИ КОМИСИЈА НА ПОЛУПИСМЕН СВЕТ ОД УЛИЧНИ БУКАЧИ НЕ ЈА ПРИЗНАВА ПРЕСУДАТА НА СУДОТ НА РМ! ТОЛКУ ЗА ТОА. А КЕ ДОЈДЕ ДЕН КОГА КЕ ИМ СЕ СУДИ ЗА РАЗНЕБИТУВАЊЕТО И УНИШТУВАЊЕТО НА СЛУЖБИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО РМ. ПОРАДИ ПРИВАТНИ ОБВРСКИ ЌЕ МОРАМ ДА СЕ ИСКЛУЧАМ. ИМА ТЕ ЛИ УШТЕ НЕКОЕ ПРАШАЊЕ?

[Image: 1622861_1398228293768579_1564864736_n.jp...e=54FE3C9A]

Мактел: Уште едно. Дали спиете мирно и дали имате грижа на совест за судените и затвораните граѓани на Македонија?

Иван Бабановски: АПСОЛУТНО. СО МНОГУМИНА ОД ОНИЕ НА КОИ СУМ ИМ ПОДНЕЛ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА СТОРЕНОТО ДЕЛО ОСТАНАВ ПРИЈАТЕЛ И СО НИВНИТЕ БЛИСКИ. НИЕ НЕ УЖИВАВМЕ ДА АПСИМЕ И ПРАВИМЕ СПЕКТАКЛИ, ЦЕЛТА НЕ НИ БЕШЕ ДА ВЛЕВАМЕ СТРАВ ВО ДУШИТЕ И КОСКИТЕ НА НАШИТЕ ГРАЃАНИ ТУКУ ДА ГО ЗАШТИТУВАМЕ УСТАВНИОТ ПОРЕДОК НА ЗАКОНИТОСТА НА ТОЈ ПОРЕДОК ВО ДРЖАВАТА СФРЈ И СРМ ОДНОСНО ПРВИТЕ ГОДИНИ НА РМ.

Мактел: Многу ви благодарам за вашето интервју и се надевам ќе се видиме и во живо за интервју пред камера. Поздрав.

Иван Бабановски: ВИ ВОЗВРАЌАМ СО ПОЗДРАВИ И ПОВЕЛЕТЕ. ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ДВАТА ТОМА ОД ПОСЛЕДНАТА МОЈА КНИГА “НОВИНАРИ И РЕПОРТЕРИ КАКО ШПИОНИ” И ТАМУ ИМАТЕ МНОГУ НЕШТА ОД ОВА ЗА ШТО СЕ ИНТЕРЕСИРАВТЕ. УШТЕ ЕДНАШ ДОБРА НОЌ.

Мактел:: Добра ноќ.

Превземено од DOKAZ MK
25-12-2014, 12:04 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Иван Бабановски: Не. ПОО “Табакера” БЕШЕ ВО НАДЛЕЖНОСТ НА МОЈОТ СЕКТОР КОЈ ГО РАКОВОДЕВ, НО СО РИСТО ШИШКОВ ИМАВ ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОСИ ПРЕКУ БРАНКО ВАРОШЛИЈА.

ПОО "ТАБАКЕРА" е досие кое е отврено на 09.09.1975 година и е заведено под број 6407.

[Image: Photographd52b.jpg]

Бабан не работел на ПОО "ТАБАКЕРА" цело време директно, благодарејки на својата бескрупулозност во уништување на луѓе тој напредувал во кариерата . Tоталитарните едноумни системи такви луѓе секогаш ги наградувале со напредување во службата.
Тоа одење понагоре на Бабан му давало поголема моќ а со тоа и поголема можност да ја искаже својата изопаченост. Изопаченост која се должи на условите во кои растел.
Од скенов се гледа дека тој го инструира инспекторот кој го води досието "ТАБАКЕРА" како да се однесува кон Ристо;

[Image: Photograph317b.jpg]

Quote:Иван Бабановски ....И ДВЕТЕ ПРЕКРШОЧНИ ПРИЈАВИ КОИ МУ БЕА ПОДНЕСЕНИ НЕ БЕА ПОДНЕСЕНИ ОД ОВР ВО СКОПЈЕ ТУКУ, МИСЛАМ ДЕКА БЕА ОД СТРУГА И СТРУМИЦА,

Не е битно кај се поднесени, битно е КОЈ ДАЛ НАЛОГ да се гони Ристо, да се суди, да оди во затвор а со та да живее под стрес, да остене без работа и така да му се уништи животот.


[Image: Photograph070c.jpg]

За да се добие малку појасна слика за карактерните особини на Бабан еве едно сведочење:

[Image: Photographba0b.jpg]

Секоја лага во денешни услови кратко трае, па така и лагите на Бабана.
Ристо имал досие пред "ТАБАКЕРА", од тоа досие комисијата за лустрација не даде ниту една службена белешка. Но го даде доказот за постоење на тоа досие:

[Image: Photograph38cd.jpg]

Тоа досие е отворено на 07.03.1972 година

[Image: Photograph2878.jpg]

и е под број 6002.

[Image: Photographdccd.jpg]

Причината за отворање на досието лежи во бобашките напади:

[Image: Photograph486a.jpg]

Operativnite Akcii "PLASTIKA":

[Image: Photograph87da.jpg]

На УДБа, луѓето со болните умови кои обично ги вработувала УДБа, заради градење на свои кариери биле подготвени да правт местенки за да апсат и судат луѓе со име, луѓе кои недозволувале да ги контролира УДБа, системот. Луѓе кои се почитувале себеси. Во предходниот текст напишав а сега пак ке повторам , целта на Оперативните Акции "ПЛАСТИКА" била исклучиво да се наместат и осудат НЕВИНИ И НЕСКРШЛИВИ луѓе. Оперативни акции "ПЛАСТИКА" имало 4 или 5 и биле под посебни имиња: "УНИОН", "БАНКАРИ" зависно преку ког е правена местенката, поточно во која група на судеи за ВМРО , УДБа имала свој соработник, но Дане Поповски и Ристо Шишков, биле главна цел во нив.

[Image: Photographaeba.jpg]

[Image: Photograph62ad.jpg]

[Image: Photographc11a.jpg]

Во "БАНКАРИ", соработникот е "КОРЧАГИН" на кого УДБа за да му обезбеди идеално алиби му води и досието на "прогонуван" во кое "КОРЧАГИН" бил под псевдоним "СМИЛЕВАЦ".

Дека Ристо бил од голем интерес на УДБа и на испекторот Бабан говори и оваа службена белешка. Заради просторот не ги пренесувам цели:

[Image: Photographd1af.jpg]

[Image: Photograph7d98.jpg]


Како се викала акцијата во која е НАМЕСТЕН и осуден поетот Јован Котески незнам, акција која е дел од серијалот "ПЛАСТИКА", "серијал" кој започнал по се 1970 година, а по се завршил 1986 година, ке биде добро керката на поетот Јован, Јасана да прикачи делови од досието, да прикачи службени белешки и да помогне во разобличувањето на монструмот УДБа кој сеуште неприкосновено ја владее Македонија.
Се надевам дека слободоумните Македонци, слободоумните граѓани на Македонија, независно од идеолошките определби ке согледаат дека лустрацијата на Груевски е само добро смислен план на УДБа да се сокријат нејзините злодела и ке го кренат гласт против таквата лустрација.
Додека не се поведе судска постпка за местенките: "ПЛАСТИКА", "СИНА ПТИЦА", "БУГАРСКА АМБАСАДА", УДБа ке ја владее Македонија , УДБа ке е сопственик на душите на сите луѓе кои живеат во Македонија.

ps.многумина ке се запрашат зошто нема мој одговор на обинувањата кои Бабан ги искажува за мене лично. Нема, тоа е стара и веке излитена УДБАШКА пракса, цел на тие обвинувања е да ја сврти дискусијата на кон мене, јас да дематирам а тој да иазмислува нови лаги и така во недоглед. Во поранешните обинувања од Бабан бев соработник на УДБа, сега гледам сум бил соработник на КОС, сигурно ке стасам и до соработик на ЦИА, БНД, МОСАД ... а можеби и на ИСИС. За лажго како Бабан не е проблем да смисли лага.
pps ако Саше и после овој мој текст побара коментар од Бабан би му препорачал да го запраша Бабан кога го добил академското звање Професр, кога магистрирал, кога доктоирал, кога гопоминал патот од асистет до Професор на Факултет за Безбедност.
25-12-2014, 06:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

"По самоубистовото со интервјто кое Иван Бабановски го даде на Саше ТАНГА а кое беше обид за самоодбрана на Иван Бабановски на аргуметирана вистина изнесена во мојот текст "УБИЈЦИТЕ НА РИСТО И ВАСИЛ ШИШКОВИ СЕ НЕКАЗНЕТИ БЛАГОДАРЕЈКИ НА ГРУЕВСКИ", очекував дека централата ке прати нов платен "убиец" кој ке треба да го заврши онаа што неуспеа Бабан. Да сервира нова лага и манипулација и така да се обиде да ја убие вистината изнесена во мојот текст .... "



Quote: Кој ги убива денес Шишкови и зошто?

Бранко Героски

Објавеново 20:15 28 декември 2014| Прочитано 2205 | Печати

Основните факти за животот на нашиот познат актер Ристо Шишков се познати. Речиси и да нема несогласувања околу деталите за неговата животна драма, има само некои различни толкувања на настаните. Сепак, за да ја освежам меморијата и за да расчистам некои недоумици за кои се пишуваше деновиве по смртта на неговиот син Васил Шишков, прексиноќа му се јавив на еден мој пријател, кој важи за одличен познавач на животот и на делото на славниот актер.

Значи, во најопшти црти, вака стојат работите. Ристо Шишков е несомнено голем актер, боем, немирен дух и палав и хировит човек. Точно е дека под дејство на алкохол, веројатно и поттикнат од лошо друштво (во кое неизбежно секогаш има и удбашки провокатори), тој прави неколку јавни ексцеси и говори против системот. Вистина е дека одлежал три месеци во затвор за поттикнување меѓунационална омраза, за еден таков инцидент што се случил во Струга. Не е вистина дека бил зад решетки за навреда на Тито. Суден е за тоа дело во Битола, но е осуден условно на една и пол година. Повеќепати бил приведуван, но и толериран. Поради своите ексцеси ги губи и повторно ги стекнува позициите во театарскиот свет. Системот го казнува, но истовремено и го штеди. За сето ова има сведоштва и неспорни факти, кои веќе се документирани (наскоро ќе се објави ново издание на досега најобемната и најсериозна биографија на актерот).


Монструозниот обид по смртта на актерот Васил Шишков да се исконструира нова приказна за наводното „убиство“ на Шишков постариот од страна на „кодошите“, се поклопи со уште една, нова, дури и помонструозна приказна, за тоа дека Ристо, наводно, бил жртва на својата сопруга Алиција, која божем го кодошела кај тајната полиција. Во таа нова легенда, таа Полјакинка е прикажана безмалку како вештерка, која, откако ќе го накодоши својот славен сопруг, го напушта двегодишниот Васил и засекогаш бега во Америка, кај своите родители. Удбашкиот потпис на оваа фабула е лесно препознатлив. За жал, вистината е малку поинаква. Алиција Шишкова - која уште цели десет години по бегството во Америка ќе го задржи презимето на својот сопруг! - имала прилично добри причини да избега од него, откако неколкупати претходно го пријавувала за малтретирање.


Како и да е, фактите не ги поткрепуваат идиотските тези дека двајцата актери, Ристо и Васил Шишкови, биле „убиени“ од овој или од оној – од лошите чичковци што ги газеле во име на системот, од „кодошите“ што им завидувале на кариерите, од лошата сопруга и мајка која наводно соработувала со тајната полиција и ги напуштила. Да, имало и лоши чичковци, и завидливи луѓе и кодоши, и една жена што се обидувала да љуби и да преживее покрај славниот и хировит боем. Но, ништо од сето тоа не можело да придонесе за прераниот крај на неговиот живот без неговото учество во приказната, кое во медицинската документација за смртта е опишано со дијагнозата цироза. Во својата семејна драма, драма каква што имало и има во многу македонски семејства, главен актер и режисер што го определува трагичниот крај е - самиот Ристо Шишков. Без неговиот тежок карактер, без неговите хирови, без неговите човечки слабости кои се исто толку важни како и неговата големина како актер, не може да се раскаже приказната за овој контроверзен лик.
И тука доаѓаме до клучната дилема – зошто воопшто било неопходно да се отвора таа рана и да се прераскажува една завршена приказна? Што има од тоа мртвиот Васил? Што имаат од тоа оние што ги чуваат убавите спомени на двајцата починати актери? Кој е тој кретен што одлучил смртта на Шишков помладиот да ја искористи како тригер за една нова пропагандна акција, чија цел е да се обнови пресметката со луѓе кои неправедно беа ставени на столбот на срамот, во процесот на една криминална лустрација?


Не, ова последново не е реторско прашање, драги мои. Многу добро знаеме ние кој е тој кретен, а знаеме и кој е неговиот ментор. Целата оваа рашомонијада започна со една некрофилска тирада на тој шарлатан, кој денес ја има улогата на главен пропагандист на режимот. Тоа е едно пувало со патолошка омраза кон сите што го критикуваат неговиот заштитник, а особено кон оние што не може да ги подлаже во своето трапаво глумење патриот. Познати се неговите големи измами (за една од нив е и суден и осуден), се знаат неговите кодошлаци и неговите црнила. Тој, човекот што го растури своето семејство, се потруди јалово да морализира и да го брани семејството Шишкови, земајќи ги на своја страна. А тоа, за жал, е страната на криминалот, на измамите, на рекетот и корупцијата, на колаборационизмот со режимот.


За Шишков постариот – чија карма, нели, ја определува судбината на двајцата - не може да се каже дека бил голем дисидент на своето време. Колку и да се труделе и службениците на тајната полиција, не успеале да создадат фабула за наводната „непријателска дејност“ на актерот. Ексцесите и боемштината сепак не се дисидентство. Ристо не бил некој голем и важен противник на режимот. Да бил, веројатно и тие што го земале во заштита, не ќе успееле да го спасуваат. Но, човекот не бил пувало. Не може да се каже ни дека бил корумпиран и субвенциониран од тогашната власт, ниту дека му се додворувал на режимот или дека бил лажен патриот. Мојот пријател вели вака: „Да е денеска жив, Ристо Шишков би бил на чело на студентските протести!“. Јас, пак, си мислам дека човекот би рипнал ко попарен и би извикал: „Луѓе, не давајте да ме брани она субвенционирано говедо, аман!“


Во секој случај, верувам дека Ристо Шишков бил многу различен од оние што денес некрофилски го присвојуваат, со намера да ја злоупотребат неговата лична, животна драма, за нивната евтина пропаганда. Ничиј живот и ничија смрт не смеат да бидат злоупотребувани на олку безобѕирен начин. А ова не е прв и веројатно нема да биде ниту последен пат подопашниците на овој режим да прават вакви грозни манипулации. Тие веќе се навикнаа да буричкаат во туѓите животи, да се занимаваат со семејствата на луѓето што ги мразат, да ги навредуваат и клеветат и нивните родители и нивните деца, живите, а особено мртвите.


Да ви кажам нешто. Јас лично нема да прифатам и нема да признаам никаква промена на режимот што нема меѓу првите свои цели да го постави казнувањето на овие нелуѓе, според сите возможни, познати и непознати закони – во божјите закони не се мешам (нека му ја мислат тие што веруваат), зборувам за пишаните, но и за непишаните закони, пред сѐ за моралниот закон во нас и за ѕвезденото небо над нас, што би рекол Кант. Јас инаку, вака го разбирам Кант. Значи, што вели тој, што треба да се прави со тие ѓубриња? Има прво да се скантаат и потоа да се фрлат во канта. За ѓубре, нормално. Или за гомна. Уште подобро.

(Објавено во „Слободен печат’)

29-12-2014, 03:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Одговор на текстот под наслов: Кој ги убива денес Шишкови и зошто? чиј автор е Бранко Героски


ПО ФИЗИЧКАТА ЛИКВИДАЦИЈА НА ШИШКОВ, ОБИД ЗА "УБИСТВО" НА ДЕЛОТО ЗА КАУЗАТА НА ШИШКОВ


Текстов ке го започнам со едно ВАЖНО објаснување упатено до Героски. Клетвите, Метлите и Кантите се орадија со кои маалските алапачи или се бранат или ја докажуваат вината на некого или пак изрекуваат казна на некого. Тоа друже Героски е и орадието на иделошката полиција која ти ја браниш по обичај. Во државите каде власте е демократска и институциите на системот функционираат вината и казната ја одредуваат институции на системот. Ние затоа инситираме на судска разврска, ако тоа не го дозволи оваа власт а гледаме дека не го дозволува како и оние пред неа, бидејки е избор, како и предходните на ист центар на моќта, ке продолжиме и понатака во нашата битка за промена на системот, промена на ситемот на едноумието.
Само со промена, промена преку избори, на едноумниот тоталитарен систем ке профункционираат и институциите на системот. Тогаш ке биде "ред се ред мале УДБИНИ сејмени"!! Ред се редат на обинителната клупа!! Па таму ке седнат: наредбодавачите, извршителите, соработниците, ПРОПАГАНДИСТИТЕ, тука ке бидат дечките од твојата професија и оние на "десницата" која е со знакот на Сталин и оние на левицата која е со знакот на Владе Милчин...

По самоубиството кое го изврши Иван Бабановски давајки интервју на Саше ТАНГА, со кое се обиде да се одбрани од аргуметираната и непобитна вистина дека и тој учествувал во "убиството на Шишков, изнесена во мојот текст "УБИЈЦИТЕ НА РИСТО И ВАСИЛ ШИШКОВИ СЕ НЕКАЗНЕТИ БЛАГОДАРЕЈКИ НА ГРУЕВСКИ" , очекував дека централата ке прати нов платен "убиец"!! "Убиец" кој ке треба да го заврши онаа што неуспеа Бабан. Да сервира нова лага и манипулација и така да се обиде да ја убие вистината изнесена во мојот текст. Но, не очекував дека ке се дрзнат да одат толку далеку и ке се обидат да го убијат и делото на Шишков, но не делото на Шишков остварeно на театарските штици, туку делото на Шишков за каузата, делото за Обединета и Самостојна Македонија, делото за Македонија на Македонците.

Како што обично прават оние кои новинарството го започнале во времето кога полициско новинарските бракови биле единствен услов некој да се занимава со новинарство, целиот текст е само една голема лага и манипулација, манипулација чија круна е девалвација на Ристо Шишков и прозивката на Миленко, чиј текст посветен на Шишкови со ниту еден пишан збор со кој полемизира Героски, нема никаква врска. Да потсетам, текстот на Миленко беше посветен на "кодошот" Милчин. Тој текст, поточно фотографија и скeнови на Миленко, ме испровоцира да го напишам мојот текст, за тоа дека ја говорам вистината, говори насловот на тој текст а и самиот мој текст.

Да се вратам на Героски. Героски таа игра во текстот ја прави од две причини:

1. Многу е полесно да се "полемизира" со Миленко, од проста причина што и дваицата имаат иста цел, ОПСТАНОК на ТОТАЛИТАРНИОТ КОМУЊАРСКИ СИСТЕМ.
2. Со неспоменување на вистинскиот автор со чии делови од текстот полемизира Героски, Героски се обезбедува да немора да го објави мојот одговор во гласилата каде е објавен и чиј уредник е тој.

Значи авторот и централата се свесни колку им се тенки аргументите напишани во текстот на Героски па им е јасно дека ако го објават мојот одговор ке поминат како Бабан, ке се самоубијат од заседа самите себеси, при тоа забораваат дека интернетот неможат да го цензурираат или пак не забораваат, битно е да им дадат гајрет на оние нивните, оние чии раце се до лакти обленаи со крв на Македонци.

Можеби за некого ке е чудно што Героски пак се обидува да ги протне објаснувањата, поточно лагите на Бабан кои јас во одговорот на интервјуто на Бабан со мојот текст: НА СЕКОЈА ЛАГА И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ ПА ТАКА И НА ЛАГИТЕ НА ЕДЕН ОД "УБИЈЦИТЕ" НА РИСТО ШИШКОВ ги дематирав со непобитни докази, ги дематирав со скенови од првото досие и причината за отворање на тоа досие, причината која свесно само малку ја подобјаснив. Користењето на демантирани лаги како докази од стана на Героски, говори за немоќта да се побие напишаното од мене, поточно да се побие вистината.

Героски "бранејки" го Шишков, се обидува да ги одбрани неговите убијци, да ја одбрани службата. Истото онаа што се обиде да го направи и Миленко подметнувајки го Милчина како главен виновник а што фактички, заштита на вистинските злосторници го спроведува во дело Груевски.
Па затоа за Шишков, Героски вели: "За Шишков постариот ..... не може да се каже дека бил голем дисидент на своето време." За да биде поуверлив ке го доде и следното: "Ексцесите и боемштината сепак не се дисидентство." И за крај, во вакви памфлети секогаш следи главното: "Ристо не бил некој голем и важен противник на режимот."

Ако Шишков не бил голем и важен, УДБа не би го следела од 1970 година, за од тогаш имам докази, што незначи дека не е следен од порано, не би отварала 1972 година, досие на боем и ексцешџија.

Вистинската приказна за Шишков ја знам изворно, ми ја раскажал Дане Поповски и ја знам одамна. Несакав да обајвувам ништо бидејки немав материјални докази и со тоа ке им дадев можност на убијците на Шишков и нивните заштитници да ме демантираат без проблем. Во текстов нема да пишувам многу, исклучиво ке пишувам за оние моменти за кои во моментов има непобитни докази. Така се надевам ке му објаснам на Героски зошто Ристо бил голем и важен, ке му го кажам онаа што централата можеби не му го кажала и подобро ке е за Героски да не му го кажала, барем така ке зачува самиот пред себе дел од свото достоинство, ке има сатисфавкција дека бил изманипулиран од централата која ете не му кажала се.

Шишков почнува да се дружи со Дане Поповски, поточно соистмисленици се, а тоа значи дека ги поврзала идеата, идеата, ИДЕАЛОТ на ВМРО, идеал заради кој е основана ВМРО СДРМА-ПРАВДА, идеал за кој Дане Поповски заедно со сопругата Стефка веке скоро седумдесет години води битка !! И Дане по умот на Героски и неговите од централата, како и Ристо не бил голем и важен, па УДБа го затворала го следела од рекреација:

[Image: Photographb523.jpg]

Таа дружба го пали алармот во УДБа.
Дане како еден од четворицата основачи на ВМРО ПРАВДА двапати бил осудуван. По двете затворски казни, покрај месеците и месеци поминати во самица, во карцели, каде што бил оставан без вода, храна .... па во нападите на жед и урината си ја пиел, не го скршиле, не го "ОПАМЕТИЛЕ" и "РЕВИДИРАЛЕ", тој е еден од малкумината нескршени, еден од малкумината што не станал сорботник.

[Image: Dane-Shisha703.jpg]

Дане е човек кои и покрај завршеното вишо школо далечните шеесети години, неможел никаде да се вработи. Дане е еден од млакумината на кого службата не успеала да му го разниша и растури бракот.

[Image: Dane-Shish8d8c.jpg]

Приклучувањето на Шишков на групата на Дане по оценката на УДБа ке ја направи групата уште поопасна, по тврдокорна, и онаа од што најмногу се плашела УДБа ке ја доближи до многу пошироки кругови во општеството. Шишков е човек кој е подготвен вистински да се бори за идеата, Шишков ке е првиот кој влегува во групата после скоро дваесет години!!

Семјните неслагања во емејството на Шишков достигаат кулминација после четиригодишно следење на Шишков. Причината за неслогите во бракот, најверојатно се предизвикани од УДБа. Предизвикување на неслоги во бракот е една од специјалностите на УДБа, некаде успеале, досието, "ТАБАКЕРА", досието "МИКРОН", некаде не успеале, досие "УНИОН", досие ЖЕГЛИГОВО", досие "ЦРНИ".

Во времето на крајот на шеесетите, целите седумдесети па се до судењето на поетот Јован Котески, половината на осумдесетите години на минатиот век, УДБа се обидувала преку Оперативните Акции "ПЛАСТИКА" да апси а потоа во затворот да се обиде да ги врбува луѓето за кои ценела дека се опасност за Југославија, луѓе кои биле за тоа Македонија да стане Обединета и самостојна Држава.
Оперативни акции "ПЛАСТИКА", акции за поставување на бомби а ги имало неколку и биле под посебни имиња: "УНИОН", "БАНКАРИ", .... зависно преку кого е правена местенката, поточно во која група на судени за ВМРО, УДБа имала свој соработник, но Дане Поповски и Ристо Шишков, и во тие групи пак биле главна цел во местенките. Зар небитен човек ке го мести УДБа за да го суди како терорист. Погледни Героски какви затворски казни биле предвидени во законт за тероризам.

Збор два за невистините кои Героски ги напишал во текстот:

Јас никаде не напишав дека сопругата го кодошела Шишков, јас бев многу јасен и прецизен. Еве што напишав:

Quote:Дали човечко битие кое има само ронка од човечност ке ја користи семејната неслога за да од сопругата БАРА да стане кодош, да каже против кого од функционерите Ристо говорел.

А напишаното го покрепив со скен од планот за работа на УДБа за докажување на "незаконските" активностите на Шишков.

[Image: odgovornaG4a4e.jpg]


За информациите што ги бара УДБа од сопругата на Шишков, денеска комисијата би ја прогласила за кодош:

[Image: odgovornaG29aa.jpg]


Ја никаде во текстот не велам дека тоа сопругата го сторила, дека го кодошела Шишков. Невелам бидејки за тоа не најдов докази, значи немам докази

Има уште еден доказ кој објаснува што се УДБа чинела за да го уапси Шишков, УДБа ја ПРИСЛУШКУВА сопругата на Шишков:

[Image: Photographccbf.jpg]


Постојат само две причини зошто е прислушкувана:

1. Затоа што не ги исполнувала барањата на УДБа, не го кодошела Шишков.
2. УДБа сакала да провери дали тоа што им го кажува на инспекторите е точно.


Автор на текстот во име на ГРУПАЦИЈАТА ДИСИДЕНТИ ВЕТЕРАНИ

Јордaн Петровски
(This post was last modified: 29-12-2014, 09:34 PM by ЈорданПетровски.)
29-12-2014, 09:32 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

[Image: Gero-Ristoe6d2.jpg]


Quote:Branko Geroski

На Јордана ќе му одговорам кратко и јасно. Ристо Шишков е голем и значаен македонски актер. Апсолутно не сум уверен дека Шишков бил значаен за "каузата" на Јордана. Како што напишав во мојот текст, верувам дека во опкружувањето на актерот имало луѓе посветени на "каузата", како и удбаши што ги следеле (по обичај, тоа одело заедно, често не е лесно да се разлачи кој е кој и што е што). Но, ниту јас, ниту добрите познавачи на делото на Шишков не мислиме дека неговата "револуционерна дејност" е позначајна од неговото актерство. Ниту сме убедени дека таа е причината за неговата семејна трагедија.
Немам намера да полемизирам со Јордана, ниту да ја оценувам неговата приказна за Шишков. Во мојата колумна само сакав да укажам на тоа дека сите што сега некрофилски измислуваат приказни за "убиствата" на Шишкови не му прават услуга никому, најмалку на споменот на двајцата актери, татко и син.
Мотовите на тој некрофилски пир се дневно-политички. Тирадата на Јордан не комуницира со мојата колумна и затоа одбив да го објавам неговиот текст како одговор на она што јас го напишав.
Ако на Јордан Петровски му е потребно внимание, подобро ќе биде да си го побара од друг и на друго место.
2 hrs · Like

Quote:Jordan Petrovski

Героски јас пред да ја видaм твојата колумна, поточно пред да биде објавена а врз база на твојата ФБ најава имав веке јасна слика за што ке пишуваш во текстот.

Jordan Petrovski Ако Геро го брани Владе Мичин треба да имаме разбирање, ..... Но ако го брани Бабана и службата тогаш ке биде многу интересно ..
26 December at 17:10

Нема веке многу луѓе на кои можат да им се продаваат евтини приказни со кои ке се сокрива злосторот на УДБа. Ристо е следен од УДБа, повеке од ШЕСНАЕСЕТ години, поточно се до смрта. Зар "боем и ексцешџија" ке го следи УДБа толку многу години? Зар Дане Поповски, ке го следи УДБа скоро 70 години од кои скоро десет ке биде во Идризово, изложен на нивна тортура. Зар свесното одбегнување на историчарите од Македонија да разговараат во овие дваесетина години со основачите на ВМРО СДРМА ПРАВДА, оние кои не ги скршила УДБа не говори премногу, зар не говори дека целта е да не се осознае вистината.
Затоа не им верувај многу на твоите добри познавчи. УДБа никогаш не навлегла докрај во активностите борците за каузата и тоа таа неможе да си го прости.

Со години на нас ни се нудат "херои" кои службата ги скршила и ги направила свои соработници.
Што мислиш зар не јасно дека службата може да го сокрие податокот дека: Драган Богдановски, Костадин Диневски Динката, Коларов, Доцев биле нивни соработници или за било кој друг нивни соработник, може, но на неа и е целта, да го убие во старт градењето на патриотизам во карактерот на Македонецот.

Засега за луѓето од ВМРО ПРВДА неможат да се најдат повеке податоци. Тоа е од причина што ако ги изучуваме нив ке видиме дека има МАКЕДОНЦИ кои биле нескршливи, дека за идеалот поднесувале затворања, прогонувања, преживеале голготи и тоа ке биде пример за тоа какви треба да бидат критериумите за некој да биде прифатен за водач на патот кон целта: Демократија, Индивидуални Човекови Права, Вистината, Владеењето на Правото ....
12 mins · Like

Quote:Jordan Petrovski

Героски на мене како личност, не ми е потребно вниманието кое би го добил преку твоите средства за информирање. Ниту сум политичар ниту мислам да се бавам со политика. Оваа што го пишувам не го пишувам за да некој ми плати хонорар или пак на КОТЛЕ да обезбедам некоја реклама или спонзор. Го пишувам заради вистината. Ме чуди ти како демократ, независен новинар и борец за вистината повеке да веруваш на "добрите познавачи" ама да не понудиш ниту еден документ , ниту едно име на тие добри познавачи, па да извагаме дали навистина се тка добри како тишто сакаш да ни ги представиш. Твојот страв да го објавиш текстот кој нуди инакво видување и кој не е напишан врз база на приказна на "добри познавачи" туку е базиран на аргументи, само говори за тенкоста на аргуметите на твоите "добри познавачи"
5 mins · Like
30-12-2014, 03:32 AM
Reply